IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Печурки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Печурки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2018 во 16:10

ПОХУВАНИ СВЕЖИ ПЕЧУРКИ И ПЕЧЕН КОМПИР



Похувани печурки

Вкусно  предјадење, закуска или мезе, но и ручек за помалку гладните. И благодариме на нашата пријателка Искра Дичова која која ни го испрати овој рецепт.


Похувани свежи печурки и печен компир

    INGREDIENTS

    INSTRUCTIONS

    1. 1.Печурките се мијат и се сечкаат на пола. Дршката им се отстранува и така исечкани прво се валкате во брашно, па јајце и на крај во презла.
    2. 2.Се пржат во загреано масло се додека не поруменат.
    3. 3.Компирите ги сечкате како чипс, но не мора толку тенки. Ги редите во тава намачкана со путер и претходно загреана и ги наросувате со црвена буковка (блага или љута). Печете на 200 степени.
    4. 4.За декорација ставате лист марула, две топки кисела павлака помешана со мајонез и две кисели краставички. Пријатен апетит.
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2018 во 16:12

    Потпечени полнети шампињони


    Лесен ручек кој едвај ќе чекате да го направите повторно

    Потпечени полнети шампињони

    Потребни состојки за две порции:
    • 500 грама свежи шампињони
    • Малку путер
    • Малку масло
    • Вегета
    За филот:
    • 30 грама рендано сирење
    • 30 грама рендан мек кашкавал
    • 5-6 црни маслинки
    • Бибер
    • Оригано
    • Сув пармезан
    • Лук во прав

    Потпечени полнети шампињони

    Начин на подготовка:

    1. Измијте ги печурките и извадете им ги дршките. Во тавче сипете малку масло и тука наредете ги со отворот нагоре. Можете да ги натиснете да бидат погусто наредени, бидејќи и онака ќе се исушат и со тоа многу ќе намалат од големината.

    2. Ставете им малку вегета и по едно сосема мало парченце путер во секоја вдлабнатина. Дршките исчистете ги на краевите и ставете ги и нив во тавата, додавајќи им малку путер и од зачинот. Пикнете ги во загреана рерна на 220 степени Целзиусови.

    Потпечени полнети шампињони

    3. За подготовка на смесата земете еден мал длабок сад во кој ќе ги ставите ренданото (или дробено) сирење и кашкавалот. Промешајте, а потоа додадете ги ситно сечканите маслинки. Со виљушка мешајте и пасирајте за да добиете што поуедначена смеса. Додајте малку лук во прав, бибер, оригано и сув пармезан. Продолжете да пасирате уште малку.

    4. После 15 минути печење, извадете ги печурките од рерна. Може да бидат наполнети со мешавина од вода и стопен путер, па истурете ја течноста внимателно од нив и од тавата. Потоа во секој отвор додадете од филот за да го пополните сосема. Дршките доближете ги убаво една до друга и ставете од смесата и врз нив.

    5. Вратете ја тавата во рерната и печете уште 5-7 минути.

    6. Оставете ги печурките да се подизладат и сервирајте ги со зелена салата како додаток. Добар апетит.

    Потпечени полнети шампињони

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 18:14
    &amp;#208;&amp;#159;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#135;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184;


    Полнети печурки

    Состојки
    8 големи печурки
    1 голема главица кромид
    1 супена лажица маслиново масло
    200 гр павлака
    1 голема лажица мешавина од босилок, тимијан,оригано
    1 големи лажици сецкан магдонос
    2 чешниња лук
    200 гр кашкавал

    Еден начин на прекрасно наполнети печурки.
    Јас направив две -три дози, а овде ќе прикажам состав за една доза.
    Печурките се вдлабнуваат во делот кај рачката.
    Се редат на хартија за печење.
    Во сецко се ставаат магдоносот, лукот, маслиновото масло, мешаниот зачин и кромидот.
    Се сецкаат на поситно, па се зачинуваат.
    Се помешуваат со павлаката и се полнат печурките.
    Врз секоја печурка се става парче кашкавал и се печат 30 мин на тивко.
    Ова е одлична закуска и добро мезенце.
    Пикантниот вкус од лукчето дополнително го подобрува вкусот.
    Нам ни се омилени, а вие пробајте и кажете. На здравје
    
    Забелешка
    Јас наросив чили во прав затоа што го сакаме тој пикантен вкус.
    Останува на вас да одлучите.


    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 18:25
    &amp;#208;&amp;#168;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#154;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°


    Шампињони во павлака

    Состојки
    300 гр шампињони
    250 гр крем павлака
    пола лажиче копар
    1 супена лажица мешан зачин
    50мл маслиново масло

    Печурките ги цедиме од саламурата.
    Потребни се цели печурчиња.
    На маслиново масло ги запржуваме и ги зачинуваме.
    Откако ги запрживме околу 10 минути на тивко, ги тргаме од шпоретот и оставаме да изладат.
    Ја додаваме павлаката и промешуваме.
    Зачинуваме со кари и копар.
    Јас го служам како салата или како додаток на месо.
    На здравје!


    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 18:27
    &amp;#208;&amp;#146;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#179;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#154; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;·&amp;#208;µ&amp;#208;»&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189;&amp;#209;&amp;#135;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#186; (&amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#190;)


    Вргањ со зеленчук

    Состојки
    500 гр. свеж вргањ
    1 морков
    2 главички кромид
    1 лажица мешан сув зачин
    1 лажичка шарена сол
    зачини црн пипер, копар, чубрица, сол

    Одличен посен ручек за тие што постат, а може да биде и убав прилог за со некое подготвено месо. Подготовката е лесна и јасна.
    
    1. Свежиот вргањ се мие, се вари, се цеди и се сечка на парчиња.
    2. Кромидот се сечка ситно, исчистениот морков се сечка на лентички. Се динстаат заедно со малку масло и 1 филџан вода, се додава исечканиот вргањ, се пржи на тивко додека сето порумени.
    3. На крај се додава мешаниот сув зачин, шарената сол и останатите зачини, се пржи уште малку да се спои сето.
    
    Како гарнир може да се стават испечени зачинети компири, ориз или друг додаток по желба. Се дотура сол по потреба.
    
    


    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 18:29
    &amp;#208;&amp;#159;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#135;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#179;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#179;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;·&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°


    Печурки со горгонзола

    Состојки
    300 гр свежи печурки-шампињони
    за полнење
    100 гр горгонзола
    50 гр рендан млечен кашкавал-ајдамер
    1 голема лажица пармезан
    неколку свежи листови босилек
    по потреба путер исецен на мали коцки
    малку сол и бибер ( по вкус )

    Најпрво вклучете ја рерната на масимална температура (250-300 степени)
    1. На измиените печурки отсранете им ги рачките. Горните делови од печурките ставете ги во сад за печење.
    
    2. Рачките исечкајте ги на ситни коцки. На загреана тава со малку путер ставете ги коцките-печурки малку да се пропржат додека не им испари водата. Додадете ја и горгонзолата и лажица пармезан. Почекајте филот убаво да се соедини и тргнете ја тавата од оган. Додадете малку свеж босилек, бибер и ако сакате малку сол. Со лажица ставете од филот во секоја печурка. Од горе нанесете рендан кашкавал-ајдамер и парченца путер.
    
    3. Печете на максимална темература во загреана рерна 5-10 мин односно додека не заруменат печурките.


    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 18:31
    &amp;#208;&amp;#145;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;° &amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#129; &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;µ&amp;#208;»&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;»&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190; (&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;¶&amp;#208;µ &amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#190;)


    Буковка во сос од кисело млеко

    Состојки
    500гр буковка-печурки
    100гр путер
    1 лажица брашно
    200мл кисело млеко
    1 лажица сенф
    1 лажица зачин
    1 лажица сув босилок
    1/2 чешне лук

    Печурките се мијат под млаз вода и се оставаат да се исцедат. Откако ќе се исцедат убаво се бришат со салфетка и се ставаат во тава на оган во која претходно има загреано путер. Убаво се пржат од двете страни.
    Во маснотијата од печурките се додава брашното и се запржува. Се додава киселото млеко, ловоровиот лист, зачините и се остава да проврие 2-3 минути. По потреба може да се додаде малку водичка. Сосот се покира со капак и се остава 5 минути покриен да се спојат зачините. Може да се користи како прилог кон печење или пак како самостоен оброк. За тие што постат мкекото може да се замени со вода.
    
    


    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 18:43
    &amp;#208;&amp;#147;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;µ&amp;#208;·&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#135;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184;


    Гнезда со печурки

    Состојки
    450 гр пилешки гради
    1 мала главици кромид
    1 чешне лук
    1 јајце
    5 лажици лебни трошки
    300 гр свежи печурки шампињони
    100 гр кајмак
    100 гр кашкавал
    30 мл масло
    1/2 лажичка кари зачин
    1/2 лажичка К*ркума
    1 лажица мешан сув зачин
    бибер по вкус

    1. Месото го ставаме во сечко и го мелеме или на машина за мелење месо. Ги рендаме кромидот и лукот на ситната страна од рендето.
    2. Во месото го ставаме јајцето, лебните трошки и зачините. Ја мешаме смесата.
    3. На печурките им ги вадиме дршките.
    4. Од смесата формираме плескавици со тежина од околу 60 грама. На средината од секоја плескавица ставаме печурка и ја обложуваме со месото.
    5. На тавата ставаме хартија за печење која ја намаслуваме и на неа ги редиме гнездата.
    6. Во средината на секое гнездо ставаме лажичка кајмак и ги печеме во загреана рерна на 200 степени додека да поцрвенат.
    7. Пред крајот на печењето ставаме рендан кашкавал на секое гнездо. Ги враќаме во рерна да се стопи кашкавалот.
    
    Сервираме со пржени компири и салата по желба.


    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 18:48
    &amp;#208;&amp;#147;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#136; &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#135;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184;

    Гулаш со печурки

    Состојки
    600 гр. мешавина од печурки (шамшоњон, буковача, лисичарка, врган)
    10 гр. сув врган
    3 лажици зејтин
    50 гр. панцета
    1 главица кромид
    2 моркова
    зачинки гранче од мајоран, целер, магданос, бибер, сол, ловоров лист, тимијан,
    3 чешниња лук
    100 мл. кисела павлака
    1 лажичка нишесте
    1 лажичка вински оцет

    - Исчистените и добро измиени печурки насецкајте ги на поголеми парчиња, панцетата на поситни коцки, морковот на трклаца, ситно насецкајте го кромидот.
    - На загреан зејтин прво пропржете ја сланината и кромидот, потоа веднаш додадете го морковот, претходно попарени и исцедени сувите печурки - вргањот  и останатите исечени печурки. Добро ги испржете, зачинете ги со сув зеленчук и подливајте со вода према потребата. За цело време нека крчкаат на тивко.
    - Кога печурките веќе напола омекнале, додадете го ловоровиот лист, по една гранка од мајоранот и целерот, осолете и нека продолжи тивко да се вари. Треба да остане скоро речиси на сосема малку течност, Сега во овој момент додадете го биберот.
    - Растворете го нишестето во малку вода, додадете во киселата павлака - размешајте, додадете го ситно сецканиот лук или стиснат низ преса, магданосот и додадје оцетот. Вака спреманата смеса додадете ја кај печурките, пробркајте и нека сосема малку прокрчка колку да се спојат сите вкусови... тргнете настрана.
    Сервирајте со пире или пак додека се спрема гулашот вие посебно направете рестован компир кој исто така е одличен прилог со овој гулаш.
    Нека ви е слатко!!!






    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 18:49
    &amp;#208;&amp;#145;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#179;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#135;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184;


    Бургери од печурки

    Состојки
    400 гр. шампињони ( врган)
    1 поголема глава кромид
    2 белки
    малку црвен пипер
    малку соја сос
    малку маслиново масло
    малку сецкан магданос
    на вкус сув зеленчук, бибер, сол
    спрема потребата лебни трошки

    - Печурките заедно со кромидот ситно исецкајте ги во сецко да се добие фина компактна смеса. Додадете во нив маслиновото масло, зачините, белката. Додавајте лебни трошко онолку колку што е потребно да се направи смеса од која лесно ќе можете да ги формирате бургерите.
    - На намрснета хартија за печење ставете ги направените бургери и лесно потпечете ги во рерна кое печење трае околу 20 мин. на температура од 180 степени..
    Послужете со салата.
    Напомена
    - Во смесата од бургерите слободно ставете кашлавал или крем сирење.
    - немам поточни мерки бидејки ова го правам од око, а сметам дека нема да ги згрешите и вие ако мерите од око...
    - Денеска направив од вргањ, исто така добри и со шампињони, особено со ливадскиот - тој е голем и потребни ми се само 4 такви и завршено веќе за сите нас по дома да има.
    - Печурките се користат сирови, само добро исчистени и измиени.

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 18:54
    &amp;#208;&amp;#159;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#136;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#154;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#132;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;»


    Печени шампињони со фил

    Состојки
    500гр. свежи шампињони
    1 главица кромид
    200гр. сецкана шунка
    200гр. рендан кашкавал
    100гр. сецкано пилешко филе
    100мл. црвено вино
    100гр. кисела павлака со висока масленост
    сол,црн пипер,оригано по вкус
    малку сецкана чајна
    околу 500мл.вода

    Омилени кај нас дома и многу често спремани. Најубаво е ако најдите големи шампињони, ем брзо се спремаат ем поубаво некако ми изгледаат во тацна кога ќе се стават. Јас не најдов, па мораше да си полнам малечки.
    Најпрво измијте ги убаво и одделете ги рачките од секоја печурка. Рачките ситно исецкајте ги. Кромидот ситно исецкајте го и убаво испржете го и потоа додадете ги сецканите рачки. Ставете ги саламата, филето, зачинити и виното. Масло турете одприлика значи не е со мера и пржете уште кратко. Пред да ја тргните тавата од оган ставете го кашкавалот и павлаката и убаво измешајте. Секоја печурка наполнете ја со филот и наредете ги во ватростален сад, турете ја водата, маслото и ставете ја меѓу печурките сецканата чајна и печете на 200 степени се додека не испари сета течност од садот.
    
    


    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
    Valerija Кликни и види ги опциите
    Модератор
    Модератор
    Лик (аватар)

    Регистриран: 07.Ноември.2005
    Статус: Офлајн
    Поени: 91264
    Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2018 во 11:19
    &amp;#208;&amp;#156;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#130; &amp;#209;&amp;#156;&amp;#208;µ &amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#184;: &amp;#208;&amp;#155;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;»&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#129; &amp;#208;·&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;µ &amp;#209;&amp;#153;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;±&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;µ&amp;#208;»&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;° &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#135;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184;

    Мирисот ќе мами: Лудило од вкус за сите љубители на печурки


    Направете вкусно и брзо јадење со печурки кои мамат со мирисот.

    Ова е рецептот:

    СОСТОЈКИ:

    • 500 гр свежи печурки
    • 125 гр маргарин
    • 150 гр кашкавал
    • вегета
    • бибер и сол

    ПОДГОТОВКА:

    1. Печурките се мијат, се сечат и се ставаат во тава со масло да се динстаат со малку сол и бибер.
    2. За време на динстањето неколку пати ставајте по една шолја вода.
    3. Тргнете ги од оган кога ќе омекнат, ставете вегета, сол и бибер, па ставете ги на тањир и ставете рендан кашкавал.

     

    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 567
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,158 секунди.