IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Филозофија и психологиjа
  Активни теми Активни теми RSS - Кој е поголем  лидер  жената или мажот  ?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кој е поголем лидер жената или мажот ?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2014 во 23:13

Во денешнава трка со времето, покрај амбициозноста и желбата за успех, неизбежна е самодовербата. Се почнува внатре во нас, секој чекор нагоре или надолу, зависи главно од нас. Запознавајќи се себе си, познавајќи си ги вредностите, а и слабостите и работејќи на себе, може да создадеме нешто неверојатно. 

Велат лидер не се создава, лидер се раѓа… не слушајте, водете се по овие совети...

 Вистинското лидерство пред се е да бидеш лидер на себе и сопствениот живот, а потоа и на надворешниот свет.

Жените не мора да се однесуваат како мажите за да напредуваат во бизнисот. Треба да ги користиме нашите вродени карактеристики, како сочуството и добрите вештини за сослушување.

Креирајте визија за вашиот живот во наредните 10 години и знајте дека ја имате моќта да го остварите тоа.

Одвојте време во текот на денот за се слушнете себе си, да ја слушнете вашата интуиција.

Сакајте си го телото, фокусирајте се на добра и здрава исхрана, спортување и поминување време во природа.

Поголемиот број на жени се по природа организатори и лесни соработувачи. Може да го искористите ова да покренете некоја активност или движење кое вас ве интересира или засега, а исто така е и од општествена корист.

Соработката и групирањето на жените може да доведе до социјални промени, да им се помогне на оние со потешкотии во животот. Не знаете дали и кога вам ќе ви биде потребна помош.

Важно за лидерството е и менторството. Лидерството е за давање и примање ентузијазам, идеи и искуство.

Запознај се себе си, знај ги своите таленти и слабости. Надградувај се и не се плаши да побараш помош.


Кон врв
karaoglu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Март.2014
Статус: Офлајн
Поени: 244
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај karaoglu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2014 во 02:30
Жените не мора да се однесуваат како мажите за да напредуваат во бизнисот. Треба да ги користиме нашите вродени карактеристики, како сочуството и добрите вештини за сослушување.

Жените не мора да се однесуваат како мажите за да напредуваат во бизнисот (па нормално де.....се подразбира тоа).Треба да ги користиме нашите вродени карактеристики(реченицата треба да заврши).

Поголемиот број на жени се по природа организатори и лесни соработувачи. Може да го искористите ова да покренете некоја активност или движење кое вас ве интересира или засега, а исто така е и од општествена корист.

Поголемиот број на жени се по природа лесни за организирање и соработка. Можете да го искористите тоа за да им бидете лидер евентуално и макро.......хихихихихихи

Соработката и групирањето на жените може да доведе до социјални промени, да им се помогне на оние со потешкотии во животот. Не знаете дали и кога вам ќе ви биде потребна помош.

Соработката и групирањето на жените може да доведе до пазар или евентуално панаѓур со катастрофални последици за домашниот буџет.
Не знаете дали и кога ќе го санирате истиот.

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2020 во 23:56
Моќни цитати за жените кои ќе ве мотивираат и инспирираат
Кон врв
paralelogram Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Мај.2017
Статус: Офлајн
Поени: 787
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај paralelogram Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2020 во 23:59
Da beshe petelot glaven nemashe da se vika kokosharnik
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2020 во 00:23

Моќта на силните жени

 Знаат што сакаат, не губат време за игри


Мажите им се восхитуваат на овие жени и силата на нивниот карактер, нивната независност и страст. Меѓутоа, често се плашат од нив и не им се приближуваат. 

Зошто е тоа така? Зошто се толку моќни и застрашувачки овие жени?

Знаат што сакаат

Овие жени точно знаат што сакаат, но и точно знаат што е тоа што не го сакаат. Не се премислуваат и не размислуваат долго околу своите избори. Ако сакаат нешто, тие се трудат да го добијат тоа.

Имаат силна страст во себе

Овие жени во себе имаат силен оган. Тие се соочиле со многу неволји во животот, но нивниот интензитет е силен и може да поднесе многу битки во животот.

Немаат време за игри

Овие жени можат да ја сфатат играта уште од самиот почеток и ако го откријат тоа, воопшто не сакаат да играат игри како мали деца. Тие не се плашат да го кажат своето мислење и да си заминат ако нешто не им одговара.

Борци се

Поминале многу битки и порази. Тие знаат да се борат против светот и не се откажуваат туку така. Научени се самите да ги решаваат своите проблеми и не очекуваат некој друг да го направи тоа за нив.

Не чекаат

Овие жени не чекаат и не молат да бидат избрани. Тие се способни да си заминат и никогаш да не погледнат назад, ако сфатат дека не се ценети.

Ве инспирираат да бидете подобри

Секојдневно ќе се трудат да ви помогнат да бидете подобри, но не да ве тераат на тоа, туку да ве инспирираат. 


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.