IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - Од темната уметност
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Од темната уметност

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
Автор
Порака
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Од темната уметност
    Испратена: 16.Март.2014 во 04:09
Готска жена

Готска жено,ти нема прозбори!
Откри заспани мисли,
тешки камења скрши,железна порта отвори,
замок од јад на проколната чеда пронајде.
Под наметка сокриени желби,
душа вековна сокриена,
темниот месец тајна открива
деца на ангел црн,искршени крилја.
Во празнина заробена тишина,
сенки на изгубени души по пат чекорат,
огледало на темнина во око скршено
изгубен е патот до светлина.
Вие што болка сенка ви е
кажете како мириса земјата,
во око на изгубен талкач роза црна,
ангел со искршени крилја во темнина заробен.
Напијте ме,нахранете ме ,
во раце книга на сенка дај те ми
во неа тајна на месецот запишан
во неа сите тајни на смртта јалова.

Даница Петровска
Од книгата “ Готска жена“

Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 04:10
Друго име

Луѓе!Слушнете!Јас имам втор кум.
Повторно сум крстена,
моето име е бездушна,
попрскана со отрови,крстена без крст.
Бев ѕвезда Даница,
моето прво крстено име,
без светлоста божја потемно е,поцрно е,
не светам,не треперам со сјај.
Изгубена во темнина
ја баран ѕвездата Даница,
го барам моето име,мојот крст,
плачам,молам ѕвезди да засветат, мојот пат го осветлат.

Даница Петровска
“ Готска жена“


Изменето од Дак - 16.Март.2014 во 04:10
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 04:12
Покана

Ве поканив на вечера,
не дојдовте,
проклета сум,
не сум носена во црква.
Сотона ми е кум.
Мојата душа е проколната.
Испеаните песни
не ги слушнавте,
не се за вашите уши,
душава ми е празна.
Сотона ми кажува стихови,
мојата душа е проклета
Јас сум поет!
Дајте ми друго име!

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 04:21
К У К Л Е Н   Т Е А Т А Р

Трпеливо чекам
ќе заврши првиот чин,
театар со дрвени кукли
конците ги влече некој друг.
Трпеливо чекам
ќе заврши вториот чин,
театар со многу кукли,
конците ги влечат сите.
Трпеливо чекам
ќе завршат сите чинови,
ќе ги скинам сите конци,
без конците е полесно.
Куклениот театар нема душа,
ќе ги запалам сите конци,кукли,
никој повеќе не може да управува,
никој повеќе нема да биде кукла.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 04:22

Ш Т И Т

Непробоен цврст штит
отровно стрели летаат,
црвени ноќи, плач небесен,
црни јавачи бој водат.
Распукна небо на безброј делови
светлосен бран расветли темни ноќи,
црни јавачи ослепеа,непробоен цврст штит
светлоста ја следи со нови победи на штит изрежани.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 04:23
Пат на тишината

О,зарем твои тајни раскажуваш
за ехо кое одекнува од пештерата,
дали го слушаш штом очи склопуваш
штом вдишуваш прана на животот.
Мојот пат ме ослепе
не можам да ја видам темнината,
мисли собрани во кутија заклучени со катанец,
во мене ја имам тишината и светлината.
О,моето тело не го чувствувам
лебдеам помеѓу просторот и времето
светлосен бран очи склопувам,
се дели душата,корупка фрлам.
Јас смртничка се венчавам со љубовта,
вселена моето ехо го ослушна
порака од скриени ѕвезди ми испраќа,
искушение,борба,злото исчезнува.
Плач од ехо ме разбуди,
искушение мојата душа го почувствува
светлосен бран љубов ми подари,
се вратив ,мојот пат заврши.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 04:24
Плен

Помеѓу ѕидови на болка чучат искривени слики
реалната слика се изгуби во заспаниот мозок,
можеби црниот демон повторно ме мами,
можеби вампир повторно ја посака мојата крв.
Волкот повторно ги менува своите влакна
неговата природа на изопаченост останува,
каде да се сокријам,каде мир да најдам,
повторно иста болка на касање по душата.
Џелатот повторно сака да касапи ,
малку му се моите исечени раце не се молам,
малку му се моите искршени нозе
повеќе не одам по патот разделен.
Змии отровни моето тело го лазат ,
клетници клетви истурат,
во добри вили се претворија
мислат еве не може да не препознае.
Маската на лицемерност се симнува,
се разголува вистината за сочувство,
зад сите маски и вистини лежи правата вистина
Џелатот повторно го чека својот плен...

Даница Петровска
“Готска жена„
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 04:25
Искривена слика

Во вистина лага на зборот
искривен ум преточен во илузии,
не се ниту фантазии на изопаченост,
не се ниту мечти во темната душа.
Да беше копиле лагата ќе умреше,
откопана вистина повторно ќе се закопа,
подобра е лагата на искршено огледало,
подобра е вистината на реалната болка.
Таму лежи вистината ,
никнуваат лаги од усти клети
што мир немаат од змискиот јазик,
што мир немаат од камено срце.
Таа што со живот те благослови
ја параш утробата како ѕвер,
тој што отфрлено јагне го прибра
поган јазик по него истураш.
Пастирот молчи ли во својата мизерност,
или се уште оди по змискиот пат,
и сeуште ли труе се што ќе допре,
и се уште лажни приказни кажува.
Ако вистината молскавично заблеска
многу ќе боли,многу солзи ќе истури,
подобро е да молчи,подобро е да се закопа,
нека останат лагите тие помалку болат...

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 04:26
Време

Минувам низ времето.
Чекорам по лавиринтот,
барам влез во тебе.
Мојот чекор е лесен,
не испуштам глас.
Го пробивам воздушниот простор.
Врескам во себе.
Ме прекршивте со вашата острина.
Се кревам,продолжувам низ времето,
вие не го познавате.
Залутав во лавиринт.
Тука сум, стасав.
Ме примија со нив,
талкам ,барам камења ,
ги фрлам по вас.
Пронајдов камен мал но, тежок.
Тоа беше мојата душа.
Стасав до мојата цел.
Лавиринтот се затвори.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:22

Зборови

Ги колнам зборовите,
невидливи стрели
удираат во срцето од стрелец,
ја погодува целта.
Зборови како тапани,
удираат во главата,
срцето ќе заигра со нивниот ритам.
Ќе се кренат солзи од очите
капка по капка
ќе се истопат низ образ.
Јас немам свој штит
да се одбранам како витез,
ниту остар меч
да прободувам во срцето.
Зборови тешки како планина
се напластиле во срцето,
невидливи стрели
прободуваат во срцето,
тапани кои удираат во главата.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:24
Стапици

Стапици...
Избезумени волци трчаат во нив.
Се слуша рик нивен,
шумата,долот рика со нив.
Урликање ,страотно урликање
Тркалезниот месец ги осветлуваше.
Шумата им даде прочка,
гранките како за блага молитва се склопија,
се молеа за нив.
Се стресоа столетните дрвја,
карпите се распукнаа штом
мракот вечен се крена
таму доле во шумата.
Стапици се претворија во гробници
урликаат и сега,
земјата гола,распукната раскажува за нив.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:26
Без наслов

Ги отворив усните,
збор не прозборувам,
затаен глас во грло,
надеж нема ,гласот занемен.
Сама во самотија,
ниту збор,ниту стих,
молк,гробна тишина,
очи затварам,гледам темнина.
Мисли стивнати,
во уши глува тишина,
градите ќе препукнат,
болка доаѓа,ме довикува.
Болката ме растргнува,
душата се распарува,
слушам се спрема дожд,
грмотевица од мојот сон ме буди.
Душата се тресе,во гради камбана бие,
секавици во очи блескаат,
крик од душа,врескам,
усни отворив,испуштив глас.
Нема ќе зборувам,
слепа ќе гледам,
повторно моите мисли ги слушате,
од мене нема спас,спокојство.
Разбудена од вашиот сон,
светлина во очи,темнината исчезна,
повторно сум жива,
водам нова борба,нови освојувања.

Даница Петровска
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:30
Огледало

Скршено огледало!Несреќа!
Моето тело распарчано,
раздвоен лик,многу очи,
искривена тажна насмевка.
Раздвоено тело!Страв!
Искасапени раце,нозе,
линии правилни,не правилни,
искривена слика на реалноста.
Ги составам сите делови,
една по една линија реалноста се враќа,
на колку делови да е распарчано
тоа сум јас,една единствена.

Даница Петровска.
“Готска жена“
Љубов и само љубов
Кон врв
Дак Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 477
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Дак Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2014 во 15:31
Džinni

Džinni повикан од неспокој,
гнасни усни,отровни зборови
црнило во срцето и очите
Смртници,имате ли душа?
Džinni е тука
повикан од темнина
демне над твојата душа.
Кутар човеку!Што те чека?
Џамии се молат,се тресе небото
Džinni!Црни јавачи дојдоа
млада девојка чесност ја губи
дете мајка и татко не препознава.
Сенка на злото налегнала,
месецот темен ,дожд не паѓа,
земја моли утеха бара
многу млади тела ќе покопа.
Крик во етер ќе исчезне
смртници крвава игра играат,
фатени за раце коло непознато играат,
Džinni го собра својот плод на смртта.

Даница Петровска
“Готска жена„
Љубов и само љубов
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.