|
Најчудесните цветни градини и паркови во светот |
Внеси реплика | страница 123 4> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 25.Февруари.2014 во 21:44 |
Помеѓу заливот Џорџијан и реката Отава во централен Онтарио, Канада, се наоѓа прекрасниот парк Алонгквин, кој во овој есенски дел од годината насекаде е исполнет со најубавите варијанти на црвена и жолта, додека синото небо, зимзелените дрва и водата даваат неверојатен контраст. Паркот Алонгквин е најстариот и најголем парк во цело Онтарио, се простира на површина од 8.000 километри квадратни и претставува дом на многу животни: волци и црна мечки, глувци, лисици, верверици, над 250 видови птици итн. До паркот можете да дојдете на неколку начини. Едниот е со автомобил, а има и место, токму пред паркот, каде да си го оставите возилото додека уживате во природната убавина. Другиот начин е со кану кое ви овозможува да дојдете и до некои делови од паркот каде што не можете ниту пеш. Паркот е отворен и во зима, само со скии и снежни обувки, па можете да замислите колку убаво изгледа прекриен со снег... |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најголемата градина во светот: Цвеќиња за сечиј вкусИзменето од Valerija - 25.Март.2018 во 15:40 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Рајски јапонски градиниИзменето од Valerija - 25.Март.2018 во 15:38 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Прекрасните паркови на замокот МаркесакБертран Вернет Де Маркесак, кој бил советник на Луј XIV го изградил замокот. Сепак, познатите паркови биле изградени од страна на Џулиен Де Кервел во 1860 година. Патеката за пешачење низ парковите изнесува 5 километри, а за неповторливите пејсажи кои ги нуду ова место сведочат и фотографиите подолу. Изменето од Valerija - 25.Март.2018 во 15:41 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кикенхоф – најголемата цветна градина во светотКикенхоф или „Градината на Европа“ претставува огромен парк со цветни насади во околината на градчето Лисе во Холандија. Се работи за најголемата и најубавата цветна градина во светот. Според официјалната интернет страница на паркот Кикенхоф, секоја година, во најголемата цветна градина во светот се засадуваат по 7 милиони цвеќиња, на површина од импозантни 32 хектари. Градината се наоѓа југозападно од Амстердам, од каде може да се допатува со автобус за релативно кратко време. Паркот е отворен за посетители од средината на март до крајот на мај, а лалињата се најубави кон крајот на април и во текот на мај (во зависност од временските услови). Изменето од Valerija - 25.Март.2018 во 15:28 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Паркот во кој цвеќињата цветаат во сите 4 годишни времињаПаркот Хитачи во Хитачинака, Јапонија е дефинитивно најцветниот парк
што сте го виделе покрај море или океан. Оригиналното име е Hitachi
Seaside Park и е вистинско задоволство за вашите очи. Најдобро од сѐ е
тоа што неговите полиња секогаш се исполнети со цвеќиња – без разлика
дали е пролет, лето, есен или зима. На пролет мириса на лалиња и нарциси, а во лето на рози. Убавините на овој парк може да ги обиколите со велосипед, а влезот се наплаќа 4 долари. Изменето од Valerija - 25.Март.2018 во 15:24 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Виолетовите полиња во ФранцијаПокрај убавите плажи, Прованс е познато како мирно, но убаво село. Туристите најмногу ги хипнотизираат виолетовите полиња со лаванда. Погледнете зошто: Изменето од Valerija - 25.Март.2018 во 15:26 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Градина со над 45 милиони цвеќињаИзменето од Valerija - 25.Март.2018 во 15:34 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нереална и бајковита градина во МексикоАнглискиот ексцентричен уметник Едвард Џејмс го креираше овој нереален град, Лас Позас, во една дождовна шума во Мексико. Необичните скулптури, кои изгледаат како стари остатоци од некогашни градби, совршено се вклопуваат со околните природни богатства и креираат бајковита скулптурна градина. Изградено во периодот од 1960-1970-та година, ова несекојдневно катче и денес претставува една од најуникатнте и најбарани туристички атракции места во светот. Изменето од Valerija - 25.Март.2018 во 15:32 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ако некогаш се одлучите да ја посетите Колумбија и Националниот парк во градот Ла Макарени, погрижете се тоа да биде во периодот од септември до ноември. Зошто баш тогаш? Само тогаш во годината постои течното виножито, како што многумина го нарекуваат. Се работи за река која поголем дел од годината е сосема обична, како и сите други, а потоа во само неколку недели се претвора во вистинско чудо. Во периодот од септември до ноември во оваа река растат алги со силни бои кои создаваат неверојатно подводно шаренило. Колумбиските туристички агенции ви препорачуваат да дојдете со воздушно превозно средство, од каде што локалните туристички водичи ќе ве упатат со овој спектакл во боја. Ретко кој не би посакал да го доживее овој колаж од бои... |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од сите дизајнери кои постојат на светот, најкреативна е мајката природа. Понекогаш сета убавина околу нас ни го одзема здивот. Последно, не воодушеви овој тунел од лисја сместен во малото гратче Клевен во Украина. Длабоко во шумскиот предел, може да биде истражен само од авантуристи кои сакаат да шетаат низ дивината. Тунелот е навистина долг – 2,9 километри и иако низ него поминува воз, постојат делови од денот кога може да го разгледате. Го нарекуваат и тунел на заљубените затоа што е особено романтично за попладневна прошетка. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најубавиот парк на цвеќињатаЈапонците се вистински љубители на цвеќињата. Едно од најубавите места каде може да уживате во преубавите градини е паркот на цвеќињата – Ashikagа.
Овде е сместено и 100 годишно дрво фуџи, а неговите гранки прават своевиден чадор од виолетови фуџи цветови. Постои и долг тунел од жолти фуџи цвеќиња. Еве како изгледа овој фантастичен парк: Изменето од Valerija - 25.Февруари.2014 во 23:13 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зелениот дел на ЊујоркОна што често пати се поставува како прашање за светската метропола Њујорк, е тоа каде жителите на овој град пронаоѓаат мир. Њујорчаните често...
Овде тие ги завршуваат и своите деловни состаноци – место во кафулиња и ресторани. Како тоа од запад ние секогаш ги влечеме само најлошите навики (фаст фуд, алкохолизирање без усул и сл.) Секако дека имаме потенцијал. Богатството на овој град е тоа што за овие зелени површини навистина се вложува многу, бидејќи градската џунгла полека го скратува секое природно задоволство. Изменето од Valerija - 25.Февруари.2014 во 23:12 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Десетте најубави ботанички градини во светот Човечкиот вид ја култивира природата за
храна, засолниште, но и убавина веќе илјадници години. Ботаничките
градини ги претставуваат аспектите и на природата, но и на човековата
грижа за неа.
Еве кои се десетте најубави вакви мали рајски градини:
1.Батчарт градините, Викторија, Британска Колумбија, Канада Посетата на провинцијалниот главен град на Британска Колумбија во Канада не би била комплетна да дојдете во овие градини. Признаени се како Национално историско богатсво на Канада, и во нив има големи површини на древни дрвја, прекрасни пеперутки и 7.000 варијации на мирисни цвеќиња. 2.Ботаничките градини во Монтреал, Квебек, Канада Ботаничката градина во Монтреал, лоцирана на само неколку минути од центарот на градот, нуди прибежиште од хаотичниот урбан живот. Овде има 30 тематски градини и 10 зелени куќи за изложби во кои има повеќе од 22.000 различни видови растенија. Објектот нуди и изложби и слични настани во текот на целата година. 3.Ројал Ботаникал Кју градините во Лондон, Англија Една од најпознатите ботанички градини во светот е Кралската ботаничка градина Кју во Лондон, Англија, и е признаена за Светско богатство според УНЕСКО. Отворена е секој ден од годината, освен Бадник и Божиќ. 4.Градините на Версајската палата, Париз, Франција Иако биле нарачани во 1641 година од Луј XIV, за градините да бидат завршени биле потребни 4 децении. Преполни со дрва, цвеќе и скулптурирана почва, овие градини ја претставуваат вербата на кралот дека креацијата и одржувањето на почвата која го опкружува прекрасниот Версај е исто толку важна колку и самата палата. 5.На’Аина Каи градините во Кауаи, Хаваи Фразата „На’Аина Каи“ значи „земја крај морето“ на хавајски, и е одлично име за овие прекрасни диви и култивирани градини лоцирани близу до Тихиот Океан. Порано биле дел од приватен имот, но сега е атракција отворена за сите посетители. 6.Ботаничката градина во К*ритиба, Бразил Ботаничката градина во К*ритиба, Бразил, била создадена со цел да се следи француската традиција, и нејзината светски признаена стаклена градина ги привлекува истражувачите од целата планета. Освен растенија, овде ќе најдете и 4 уникатни статуи создадени од артистот Франс Крајцберг. 7.Националните ботанички градини Кристенбош, Кејп Таун, Јужна Африка Овие ботанички градини се формирани во 1913 година, и се многу познати по големиот вариетет на непознати растителни видови. Во градините има и камени скулптури, како и прекрасната национална флора која ја нема на другите континенти. 8.Нонг Нуч тропската ботаничка градина, Патаја, Тајланд Лоцирана на само 90 минути возење од Бангкок, оваа ботаничка градина е и луксузен комплекс за сместување. Може да се пофали со светски најголемата колекција на палмови дрва и најбогатиот вариетет на орхидеи во Тајланд. 9.Градината Коишикауа Коракуен, Токио, Јапонија Вгнездена во еден од светските мегаградови, Коишикауа Коракуен во Токио претставува остров на мир, перфектен за дневна прошетка и бегство од секојдневниот неред и рутината. Преполна е со расцветани црешови дрва, сезонска флора и скулптурирани почви, како и езерца. 10.Ботаничката градина во Бруклин, Њујорк Ова е всушност колекција од неколку различни градини. Има повеќе опсерватории, Бонсаи музејот, Тропскиот павилјон и Акватик куќата. Изменето од Valerija - 25.Март.2018 во 15:29 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница 123 4> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |