IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Препарати против болки и подобро здравје
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Препарати против болки и подобро здравје

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: DIY-Препарати против болки и подобро здравје
    Испратена: 24.Февруари.2014 во 17:28

Направете сами „тигрова маст“, крема против сите болки


Сигурно барем еднаш во животот на своја кожа сте го почувствувале ефектот на „тигровата маст“. Од денеска, со наша помош мое да ја направите сами.

„Тигровата маст“ е крема против болки што се состои од едноставна мешавина на масла. Многу е ефикасна во отстранување на болките како и за подобрување на циркулацијата. Нејзини главни состојки се етеричните масла од камфор и еукалиптус, а на кожата даваат чувство на пецкање. Наменета е за болки во било кој дел од телото, како мускулите така и зглобовите, а помага и кај распираторните проблеми и главоболки.

Состојки:

10 капки етерично масло од еукалиптус
10 капки етерично масло од камфор или пеперминт
5 капки етерично масло од каранфилче
60мл екстра-девствено маслиново масло
15г восок

Подготовка:

Измешајте ги восокот и маслиновото масло и ставете ги да се загреат на пареа, на ниска температура. Мешајте со метална лажица додека восокот целосно не се стопи. Не користете дрвена лажица затоа што дрвото го впива маслото.

Кога восокот целосно ќе се стопи, тргнете ја мешавината од шпорет и измешајте ги во неа сите масла.

Сипете ја кремата во мали стаклени теглички и оставете ја да се олади пред да ги затворите.



Изменето од Valerija - 30.Март.2018 во 10:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 17:35

Направете сами: Природни лекови во борба против хемороидите


Хемородите се чест проблем кај мажите и жените. Прочитајте како сами да се справите со овој проблем на едноставен и евтин начин.

Воспаленијата во подрачјето на анусот воопшто не се пријатни, а со нив доаѓа и чешање, болка и крварење. Тоа никако не смеете да го игнорирате.

Против чешање

Измешајте: 5 капки масло од здравец, 4 капки масло од лаванда, 3 капки масло од бергамот и 40 капки кокосово масло. Ставете 2 до 3 капки на дезинфекциски влажни марамчиња и со него лесно чистете го аналното подрачје. Мачкајте се еднаш дневно или по потреба.

Болка и чешање

Измешајте во еднаква количина етерични масла од смиљ, лаванда и темјан и нанесете една до две капки смеса на влажно марамче, па со него исчистете го аналното подрачје. По празнење на цревата исчистете се со една до две капки масло од темјан, што ќе го нанесете на вата.

Воспаление и крварење

Кога проблемот со хемороидите ќе стане посериозен повторно посетете лекар, а може да ја направите и оваа смеса против хемороиди.

Измешајте по 10 капки масло од смиљ, лаванда, темјан и чемпрес и по 5 капки масло од сандаловина и здравец и 2 лажици кокосово масло.

Нанесете 4 до 6 капки на влажно марамче или на вата и нанесувајте три пати дневно на аналното подрачје.

Внатрешна нега

Етеричните масла делуваат и внатрешно. Измешајте масло од здравец и лаванда во еднаква количина и ставете ги во шприц. Една до две капки спојте со 1 лажица кокосово или маслиново масло и смесата внесувајте ја 3 пати дневно.



Изменето од Valerija - 30.Март.2018 во 10:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 08:45

Природна домашна маст која успешно ги лекува хемороидите

Хемороидите се една од најраспространетите заболувања. Според некои статистички податоци од хемороиди боледува 12% од популацијата. Подеднакво се јавуваат и кај мажи и кај жени. Со рецептите на природната медицина можете да постигнете одлични резултати во лечењето хемороиди ( шуљеви ). Ви нудиме рецепта на ефикасна домашна маст за лекување на хемороиди, која се подготвува многу брзо, и има помогнато на многу луѓе да се ослободат од оваа непријатна болест.

Рецепт за домашна маст за лекување на хемороиди

За подготовка на оваа маст ќе ви биде потребно:

1 супена лажица мед

10 гр иситнет прополис

50 мл било какво масло од билки ( може малсиново )

50 гр квалитетен пчелин восок

Подготовка :

- 1 лажица мед измешајте со 10 гр иситнет прополис. Смесата изгмечете ја со дрвена лажица во стаклен или емајлирн сад, до состојба на хомогена смеса.

Пред употреба, прополисот држете го неколку часа во фрижидер, да се стврдне. На тој начин е полесен за иситнување.

-во друг емајлиран сад ставете 50 мл масло од билки додадете 50 гр пчелин восок. Ставете го садот на тивок оган се до зовривање. Кога смесата ќе зоврие, трегнете ја од огнот и оставете да се олади.

- Во разладеното ( 60-70 степени ) масло додадете ја смесата од медот и прополисот и сето тоа добро измешајте го. Вашата домашна крема за хемороиди е готова! Кремата чувајте ја во стаклена тегла во фрижидер.

Парче од газа натопено со кремот ставајте го во анусот секоја вечер. Оставете го да делува цела ноќ. Наутро извадете го. Или пак можете да направите мали чепчиња од кремата. Пред употреба ставете ги во замрзнувач на дваесетина минути, да се стегнат. Пред да си легнете ставете од чепчињата во анусот. Процедурата се повторува секоја вечер, до потполно оздравување. Пред секоја постапка добро измијте се. Пред да започнете со самостојно лекување на хемороидите, болеста треба да ви е дијагностицирна од страна на гастроентеролог. По потврдата на дијагнозата на хемороиди ( важно е малигното заболување на дебелото црево да го исклучите ), Можете да ја третирате болеста со оваа крема или со други природни лекови за лекување на хемороиди.




Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 08:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 11:44
Направете сами-ефикасен Јапонски лек против болки во грбот

Оние кои често страдаат од вкочанетост и болки во вратот и грбот добро знаат колку тоа може да биде напорно и мачно. Ние ви претставуваме рецепт кој ќе ги поправи вашите зглобови и ќе ве одржи во добра кондиција, а истовремено ќе ви помогне да се ослободите од болките во грбот.

Едноставно е и ефтино!

Купете 150 гр желатин, оној кој обично се користи за правење колачи. Оваа доза ќе ви биде доволна за месец дена.

Навечер ставете две рамни лажици во ¼ чаша ладна вода, измешајте добро за да нема грутки и оставете да отстои до следното утро.

Во текот на ноќта желатинот ќе набабри и ќе се претвори во желе, а таа смеса изедете ја на празен желудник. Нема да биде проблем ако ја измешате со цеден сок или јогурт или пак да додадете малку мед.

Оние кои го пробале овој рецепт велат дека само после една седмица конзумација болките едноставно исчезнале. Користете го месец дена, а потоа направете пауза од 6 месеци и после тоа повторете ја целата постапка.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 11:48
Направи сам-сируп против кашлица

Потребни состојки за подготовка на сирупот:

* сок од 3 свежо исцедени лимони

* 0,5 чаша маслиново масло Extra virgin

* 1 чаша мед

Подготовка:

  • Ставете го сокот од лимон и маслиновото масло во тенџере и ставете го на среден оган додека почне да испарува.
  • Додадете го медот и добро промешајте.
  • Отстранете го од огнот и оставете да се излади.
  • Ставете го во тегла.

Сирупот може да го чувате во фрижидер 3 месеци или надвор од фрижидер 1 месец.

Земајте по 1 лажица 4-5 пати дневно.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 13:46

Направете сами: Природен сируп од глуварче за зајакнување на 

имунитетот

За сируп од глуварче потребно ви е: 200гр цветови од глуварче, 1 литар вода, 1кг шеќер и 1 лимон.

Подгответе го сирупот на следниот начин:

Цветовите исчистете ги во вода, ставете ги на оган и оставете водата да зоврие. Отстранете ја водата од огнот и оставете ја 30 минути да се излади.

Откако водата со цветовите ке се излади, исцедете ја, додадете го шеќерот и сокот од лимон, па вратете на оган и варете се додека не се постигне густина на сируп.

Користењето на овој сируп помага во подигнување на имунолошкот систем.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 16:24

Подгответе сами: Ефикасна домашна маст против детска кашлица


Доколку вашето дете го мачи кашлање практично цела зима - не се двоумете и пробајте да ја направите оваа волшебна маст!.

Се подготвува многу лесно, се состои само од две состојки, но е мошна делотворна. Пред се, е безбедна за вашето дете, убаво мириса, а за нејзина подготовка се потребни само десетина минути.

За подготовка на оваа масt ќе ви биде потребно:

*50гр прополис

*50мл сончогледово масло

*емајлиран сад за водена пареа

Прополисот можете да го набавите кај проверени пчелари или во специјални продавници и аптеки. Може да биде во разни облици, мек, во парчиња, различни бои – од светла до темно кафена. На топлина тој омекнува и изгледа како пластелин, а пак на ладно станува тврд.

Подготовка:

-          Во емајлиран сад ставете го маслото и во него ставете прополис

-          Садот ставете го во друг сад и топете го полека на водена пареа, на тивок оган, се додека прополисот не стане мек. Тоа се случува прилично брзо.

-          Процедете и ставете во соодветна тегла.

-          Изладете ја

Како резултат добиваме лековита домашна маст со убав мирис.

Маста втривајте ја на градите, грбот и нозете, 2 пати во текот на денот.

Кај силно кашлање може да му давате на детето по ¼ лажичка од маста дневно, да проголта или растопете ја во топло млеко и дајте му ја да ја испие.



Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 16:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 16:29

Направете сами: Домашен лек против грчеви во мускулите


Хидрацијата е неопходна за пренос на електролити.

Доколку ви се случи за време на вежбањето или брзото одење да добиете грчеви во мускулите, значи дека на вашето тело не сте му обезбедиле доволно хидрација.

Хидрацијата е неопходна за пренос на електролити, како натриум и магнезиум до клетките во телото. Во тоа може да ви помогне сокот од 4 состојки кои веројатно ги имате во фрижидерот.

Ова е рецептот за пијалокот кој ќе им помогне на вашите мускули да се опуштат:

*2 моркова

*2 стебленца целер

*1/2 свежа краставица

*1 брокула

Измиксајте ги овие 4 состојки во блендер и уживајте во пијалокот.



Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 16:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 16:30

Домашни рецепти од камилица, нане и бршлен против акни и испукани капилари

ОБи било добро кога би знаеле дека:.

Природната козметика можеби не е моќна како хемиската, но сепак е доволно моќна да го зачува здравјето на кожата па дури и да спречи одредени несакани појави на кожата. Би било добро кога би знаеле дека:

Камилицата лечи себореја

Потребно е :

50 гр цветови од камилица

100 мл млеко

15 гр мед

и трици по потреба

Припрема:

Цветовите од камилица прелијте ги со врело млеко. Оставете ги два часа да се изладат. Процедете и додајте го медот и триците додека не добиете смеса која ќе може да ја нанесете на лицето.

Бршлен против капилари

Потребно е:

20 гр бршлем

20 мл вода

15 гр мед

5 мл бадемово масло

пудра за бебиња

Припрема:

Листовите од бршлен сварете ги во вода. Изладете и процедете. Во чајот додадете ги медот и бадемовото масло, а потоа и пудрата за да добиете густа смеса.

Нането ги чисти акните

Потребно е:

15 гр нане

250 мл вода

Направете чај со наведените состојки. Чајот користете го како лосион кој ќе ги смири акните и ќе го забрза процесот на нивно сушење.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
BIBI_G_3 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
СТАРОСЕДЕЛЕЦ

Регистриран: 21.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2372
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BIBI_G_3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2014 во 18:52
Освен за убава и здрава кожа, кромидот наоѓа примена и во негата на коса. Доколку имате проблем со опаѓање на косата тогаш би требало да го подготвите овој лосион. Две главици кромид, ситно исецкајте ги исцедете го сокот и помешајте го со пола литро ракија. Чувајте ја течноста 15 дена на умерена температура. Процедете и секогаш пред миење убаво истријте го коренот на косата. За да ефектот биде поголем оставете нека делува барем половина час.
НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2014 во 22:18

Лут крем против болките во мускулите, рамениците и вратот


За да го направите овој крем, ќе ви треба лута пиперка, чили.

Честопати се случува да имате проблеми со мускулите, кои редовно ве болат поради многу пешачење, вежбање или некое воспаление. Во тој период, сте чести посетители на болниците или аптеките каде го барате потребниот лек за да ви ги смири болките. Меѓутоа, многу често се случува природните лекови да бидат најефикасни.

РЕЦЕПТ

За да го направите овој крем, ќе ви треба лута пиперка, чили, (само семките) и какао путер. Извадете ги семките од пиперката. Во стаклена тегла додадете го какаото, путерот и ставете ги семките, па добро измешајте. Со мешавината мачкајте ги нозете и рацете ако имате воспаление на мускулите, болки во вратот, рамениците или грбот. Ќе почувствувате топлина, а болката ќе исчезне. Рацете измијте ги после употребата на кремот и не допирајте ги очите, носот и устата или други чувствителни делови од телото, бидејќи ќе почувствувате болна жештина. Во оваа мешавина можете да додадете и етерични масла од пеперминт и еукалиптус.



Изменето од Valerija - 01.Април.2014 во 22:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 19:14

Направете сами сируп за отстранување на маснотиите од крвта?

Нормалното ниво на холестеролот се движи помеѓу 4,60 и 6,20 mmol/L.

Покачените маснотии во крвта или холестеролот, се проблеми со кои се борат многу од луѓето во современиот свет. Тоа е поврзано со начинот на живот и со генетските предиспозиции.

Нормалното ниво на холестеролот се движи помеѓу 4,60 и 6,20 mmol/L. Овој сируп се покажа како многу ефикасен за намалување на високиот холестерол.

Како да направите сируп за отстранување на маснотиите во крвта?

Состојки:

* 1кг лимони

* 5-6 врски магдонос

* 3 литри вода

* 1 пакетче сода бикарбона

Најпрво измијте ги лимоните со ладна вода, потоа потопете ги во топла вода и ставете ја сода бикарбоната.

Оставете да отстои така еден час.

Магдоносот заедно со дршките исечете го на ситни парчиња.

Лимоните заедно со кората исецкајте ги, со големина од прилика како што ги сецкате состојките за руска салата.

Магдоносот и лимоните ставете ги во тенџере и полиете ги со 3 литри вода.

Варете на тивок оган, од 2-3 часа.

Откако ќе се свари, исцедете. Треба да добиете 1,5литри сируп.

Се пие секое утро, на празен стомак, мерката е една полна чаша за ракија.

Оваа мерка е доволна за 15 дена, ако се пие секое утро.



Изменето од Valerija - 03.Април.2014 во 19:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 22:03


Домашни рецепти за здравје и убавина на д-р Оз


Прочитајте како да ја намалите мигрената, да ја измазните кожата или да ја спречите подуеноста на стомакот, со домашните рецепти на д-р Оз..

Кој вели дека ви е потребен медикамент за секој проблем кој го имате? Понекогаш, домашниот лек кој ќе си го подготвите сами, може да направи да се чувствувате подобро за многу кусо време. Прочитајте како да ја намалите мигрената, да ја измазните кожата или да ја спречите подуеноста на стомакот, со овие домашни рецепти на д-р Оз.

Мигрена

Доколку сте склони на главоболки, пробајте да ги излекувате со етерично масло од пеперминт, кое е природно, евтино и лесно решение. Протријте неколку капки на вашите слепоочници и оставете пеперминтот да делува 15-30 минути. Антивоспалителното дејство на ова етерично масло, ќе ги смири вашите нерви.

Подуеност

Чајот од глуварче е одличен диуретик кој ќе ви помогне да се ослободите од вишокот вода која ја задржал вашиот организам. Тој исто така ѝ помага на жолчката да ги разгради мрсните јадења, кои исто така подуваат. Доколку го имате овој проблем со стомакот, почнете да пиете по една шолја чај од глуварче дневно.

Болки во грбот

Пробајте да си ја олесните болката во грбот со ледена мента масажа. Масажата, етеричното масло од пеперминт и мразот се докажани противници на болката. Наполнете една хартиена чаша со вода и капнете неколку капки етерично масло од пеперминт и потоа ставете ја во замрзнувач. Откако ќе се смрзне мешавината, отстранете ја хартиената чаша и замолете некој да ви го измасира грбот со вака подготвениот мраз.

Воспаление на грлото

За да ја намалите болката во вашето грло или да ја смирите лошата кашлица, можете да си направите ефикасен сируп со состојките од вашата кујна. Помешајте ¼ лажичка црвен пипер, 1 лажичка јаболков оцет, 2 супени лажици вода и една лажичка мед.

„Смрзнување“ на мозокот

Во моментот кога ќе почувствувате дека ви „смрзнува“ мозокот од консумирање нешто ладно, поставете го јазикот на „таванот“ од усната шуплина. Топлината од вашиот јазик ќе ви ги смири нервите и ќе ја отстрани болката побрзо.

Проблеми со спиењето

Наместо да пиете апчиња за спиење кои имаат разни нус појави, консумирајте цреши, кои содржат убава доза на природен мелатонин, кој го помага квалитетното спиење. Пред спиење напијте се една чаша сок од кисели цреши и легнете да спиете мирно.

Нерамна кожа

Сакате вашата кожа да сјае? Не барајте подалеку од вашиот фрижидер. Помешан со масло од соја, мајонезот може да ја врати еластичноста на вашата кожа. Па, намачкајте се и омекнете ја вашата кожа.

Болки во мускулите

Синото сирење делува како ладна терапија, која го намалува воспалението и болката во мускулите. Можеби нема да ви се допаѓа, но обидете се да нанесете едно парче на кожата кај што ви се воспалени мускулите. Ќе се изненадите од резултатите.

Оштетена коса

Маслиновото масло ја омекнува вашата коса и ја прави сјајна. Незаситените масни киселини ја заштитуваат вашата коса, правејќи ја помека и лесна за чешлање. Нанесете маслиново масло на косата и покријте ја со капа за бањање. Оставете да делува 10 минути, а потоа измијте ја косата.



Изменето од Valerija - 03.Април.2014 во 22:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Април.2014 во 21:09

ДОМАШНО МАСЛО ОД ЈОРГОВАН ПРОТИВ РЕУМА

6

На нашиот портал сме ви претставиле веќе неколку домашни лекови за ублажување на реуматските болки, а денес нашата колекција народни лекови ја збогатуваме со масло од јоргован, кое освен што многу помага при реума, мириса одлично и ја храни и омекнува кожата.

Долгите зимски денови на многу од вас им создаваат тегоби со реумата затоа што коските реагираат на долготрајниот студ и влага. Се чувствуваат болку во зглобовите но и по целото тело.

Делотворна помош при ревматски тегоби нуди маслото од јоргован.

Ако сакате да го подготвите, следете го рецептот:

 Земете една рака цветови од јоргован и еден литар маслиново масло.

Сувите цветови од јоргованот ставете ги во стаклена тегла и добро затворете ја.

Откако ќе отстои на сончево место 15 дена, со повремено протресување, процедете го маслото низ газа и префрлете го во темно шише. Ова масло треба да се чува на темно место.

Болните места мачкајте ги со масло трипати дневно, а покрај тоа треба да испиете чај од ѓумбир и секако билки од кои ќе бидете повесели и поподвижни.



Изменето од Valerija - 12.Април.2014 во 08:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.