Испечати | Затвори го прозорот

DIY-Препарати против болки и подобро здравје

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Направи сам
Опис на форумот: Се што ви треба на едно место. Направете сами и поттикнете ја вашата креативност.
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26959
Датум на принтање: 24.Април.2024 во 20:26
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: DIY-Препарати против болки и подобро здравје
Постирано од: Valerija
Наслов: DIY-Препарати против болки и подобро здравје
Датум на внесување: 24.Февруари.2014 во 17:28

Направете сами „тигрова маст“, крема против сите болки


Сигурно барем еднаш во животот на своја кожа сте го почувствувале ефектот на „тигровата маст“. Од денеска, со наша помош мое да ја направите сами.

„Тигровата маст“ е крема против болки што се состои од едноставна мешавина на масла. Многу е ефикасна во отстранување на болките како и за подобрување на циркулацијата. Нејзини главни состојки се етеричните масла од камфор и еукалиптус, а на кожата даваат чувство на пецкање. Наменета е за болки во било кој дел од телото, како мускулите така и зглобовите, а помага и кај распираторните проблеми и главоболки.

Состојки:

10 капки етерично масло од еукалиптус
10 капки етерично масло од камфор или пеперминт
5 капки етерично масло од каранфилче
60мл http://365.com.mk/97772/proverete-dali-vi-prodavaat-originalno-maslinovo-maslo" rel="nofollow - екстра-девствено маслиново масло
15г восок

Подготовка:

Измешајте ги восокот и маслиновото масло и ставете ги да се загреат на пареа, на ниска температура. Мешајте со метална лажица додека восокот целосно не се стопи. Не користете дрвена лажица затоа што дрвото го впива маслото.

Кога восокот целосно ќе се стопи, тргнете ја мешавината од шпорет и измешајте ги во неа сите масла.

Сипете ја кремата во мали стаклени теглички и оставете ја да се олади пред да ги затворите.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Коментари:
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Февруари.2014 во 17:35

Направете сами: Природни лекови во борба против хемороидите


Хемородите се чест проблем кај мажите и жените. Прочитајте како сами да се справите со овој проблем на едноставен и евтин начин.

Воспаленијата во подрачјето на анусот воопшто не се пријатни, а со нив доаѓа и чешање, болка и крварење. Тоа никако не смеете да го игнорирате.

Против чешање

Измешајте: 5 капки масло од здравец, 4 капки масло од лаванда, 3 капки масло од бергамот и 40 капки кокосово масло. Ставете 2 до 3 капки на дезинфекциски влажни марамчиња и со него лесно чистете го аналното подрачје. Мачкајте се еднаш дневно или по потреба.

Болка и чешање

Измешајте во еднаква количина етерични масла од смиљ, лаванда и темјан и нанесете една до две капки смеса на влажно марамче, па со него исчистете го аналното подрачје. По празнење на цревата исчистете се со една до две капки масло од темјан, што ќе го нанесете на вата.

Воспаление и крварење

Кога проблемот со хемороидите ќе стане посериозен повторно посетете лекар, а може да ја направите и оваа смеса против хемороиди.

Измешајте по 10 капки масло од смиљ, лаванда, темјан и чемпрес и по 5 капки масло од сандаловина и здравец и 2 лажици кокосово масло.

Нанесете 4 до 6 капки на влажно марамче или на вата и нанесувајте три пати дневно на аналното подрачје.

Внатрешна нега

Етеричните масла делуваат и внатрешно. Измешајте масло од здравец и лаванда во еднаква количина и ставете ги во шприц. Една до две капки спојте со 1 лажица кокосово или маслиново масло и смесата внесувајте ја 3 пати дневно.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Март.2014 во 08:45

Природна домашна маст која успешно ги лекува хемороидите

Хемороидите се една од најраспространетите заболувања. Според некои статистички податоци од хемороиди боледува 12% од популацијата. Подеднакво се јавуваат и кај мажи и кај жени. Со рецептите на природната медицина можете да постигнете одлични резултати во лечењето хемороиди ( шуљеви ). Ви нудиме рецепта на ефикасна домашна маст за лекување на хемороиди, која се подготвува многу брзо, и има помогнато на многу луѓе да се ослободат од оваа непријатна болест.

Рецепт за домашна маст за лекување на хемороиди

За подготовка на оваа маст ќе ви биде потребно:

1 супена лажица мед

10 гр иситнет прополис

50 мл било какво масло од билки ( може малсиново )

50 гр квалитетен пчелин восок

Подготовка :

- 1 лажица мед измешајте со 10 гр иситнет прополис. Смесата изгмечете ја со дрвена лажица во стаклен или емајлирн сад, до состојба на хомогена смеса.

Пред употреба, прополисот држете го неколку часа во фрижидер, да се стврдне. На тој начин е полесен за иситнување.

-во друг емајлиран сад ставете 50 мл масло од билки додадете 50 гр пчелин восок. Ставете го садот на тивок оган се до зовривање. Кога смесата ќе зоврие, трегнете ја од огнот и оставете да се олади.

- Во разладеното ( 60-70 степени ) масло додадете ја смесата од медот и прополисот и сето тоа добро измешајте го. Вашата домашна крема за хемороиди е готова! Кремата чувајте ја во стаклена тегла во фрижидер.

Парче од газа натопено со кремот ставајте го во анусот секоја вечер. Оставете го да делува цела ноќ. Наутро извадете го. Или пак можете да направите мали чепчиња од кремата. Пред употреба ставете ги во замрзнувач на дваесетина минути, да се стегнат. Пред да си легнете ставете од чепчињата во анусот. Процедурата се повторува секоја вечер, до потполно оздравување. Пред секоја постапка добро измијте се. Пред да започнете со самостојно лекување на хемороидите, болеста треба да ви е дијагностицирна од страна на гастроентеролог. По потврдата на дијагнозата на хемороиди ( важно е малигното заболување на дебелото црево да го исклучите ), Можете да ја третирате болеста со оваа крема или со други природни лекови за лекување на хемороиди.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Март.2014 во 11:44
Направете сами-ефикасен Јапонски лек против болки во грбот

Оние кои често страдаат од вкочанетост и болки во вратот и грбот добро знаат колку тоа може да биде напорно и мачно. Ние ви претставуваме рецепт кој ќе ги поправи вашите зглобови и ќе ве одржи во добра кондиција, а истовремено ќе ви помогне да се ослободите од болките во грбот.

Едноставно е и ефтино!

Купете 150 гр желатин, оној кој обично се користи за правење колачи. Оваа доза ќе ви биде доволна за месец дена.

Навечер ставете две рамни лажици во ¼ чаша ладна вода, измешајте добро за да нема грутки и оставете да отстои до следното утро.

Во текот на ноќта желатинот ќе набабри и ќе се претвори во желе, а таа смеса изедете ја на празен желудник. Нема да биде проблем ако ја измешате со цеден сок или јогурт или пак да додадете малку мед.

Оние кои го пробале овој рецепт велат дека само после една седмица конзумација болките едноставно исчезнале. Користете го месец дена, а потоа направете пауза од 6 месеци и после тоа повторете ја целата постапка.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Март.2014 во 11:48
Направи сам-сируп против кашлица

Потребни состојки за подготовка на сирупот:

* сок од 3 свежо исцедени лимони

* 0,5 чаша маслиново масло Extra virgin

* 1 чаша мед

Подготовка:

  • Ставете го сокот од лимон и маслиновото масло во тенџере и ставете го на среден оган додека почне да испарува.
  • Додадете го медот и добро промешајте.
  • Отстранете го од огнот и оставете да се излади.
  • Ставете го во тегла.

Сирупот може да го чувате во фрижидер 3 месеци или надвор од фрижидер 1 месец.

Земајте по 1 лажица 4-5 пати дневно.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Март.2014 во 13:46

Направете сами: Природен сируп од глуварче за зајакнување на 

имунитетот

За сируп од глуварче потребно ви е: 200гр цветови од глуварче, 1 литар вода, 1кг шеќер и 1 лимон.

Подгответе го сирупот на следниот начин:

Цветовите исчистете ги во вода, ставете ги на оган и оставете водата да зоврие. Отстранете ја водата од огнот и оставете ја 30 минути да се излади.

Откако водата со цветовите ке се излади, исцедете ја, додадете го шеќерот и сокот од лимон, па вратете на оган и варете се додека не се постигне густина на сируп.

Користењето на овој сируп помага во подигнување на имунолошкот систем.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Март.2014 во 16:24

http://falanga.com.au/podgotvete-sami-efikasna-domashna-mast-protiv-detska-kashlica" rel="nofollow -
Доколку вашето дете го мачи кашлање практично цела зима - не се двоумете и пробајте да ја направите оваа волшебна маст!.

Се подготвува многу лесно, се состои само од две состојки, но е мошна делотворна. Пред се, е безбедна за вашето дете, убаво мириса, а за нејзина подготовка се потребни само десетина минути.

За подготовка на оваа масt ќе ви биде потребно:

*50гр прополис

*50мл сончогледово масло

*емајлиран сад за водена пареа

Прополисот можете да го набавите кај проверени пчелари или во специјални продавници и аптеки. Може да биде во разни облици, мек, во парчиња, различни бои – од светла до темно кафена. На топлина тој омекнува и изгледа како пластелин, а пак на ладно станува тврд.

Подготовка:

-          Во емајлиран сад ставете го маслото и во него ставете прополис

-          Садот ставете го во друг сад и топете го полека на водена пареа, на тивок оган, се додека прополисот не стане мек. Тоа се случува прилично брзо.

-          Процедете и ставете во соодветна тегла.

-          Изладете ја

Како резултат добиваме лековита домашна маст со убав мирис.

Маста втривајте ја на градите, грбот и нозете, 2 пати во текот на денот.

Кај силно кашлање може да му давате на детето по ¼ лажичка од маста дневно, да проголта или растопете ја во топло млеко и дајте му ја да ја испие.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Март.2014 во 16:29

http://falanga.com.au/napravete-sami-domashen-lek-protiv-grchevi-vo-muskulite" rel="nofollow -

Хидрацијата е неопходна за пренос на електролити.

Доколку ви се случи за време на вежбањето или брзото одење да добиете грчеви во мускулите, значи дека на вашето тело не сте му обезбедиле доволно хидрација.

Хидрацијата е неопходна за пренос на електролити, како натриум и магнезиум до клетките во телото. Во тоа може да ви помогне сокот од 4 состојки кои веројатно ги имате во фрижидерот.

Ова е рецептот за пијалокот кој ќе им помогне на вашите мускули да се опуштат:

*2 моркова

*2 стебленца целер

*1/2 свежа краставица

*1 брокула

Измиксајте ги овие 4 состојки во блендер и уживајте во пијалокот.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Март.2014 во 16:30

http://falanga.com.au/domashni-recepti-od-kamilica-nane-i-brshlen-protiv-akni-i-ispukani-kapilari" rel="nofollow - ОБи било добро кога би знаеле дека:.

Природната козметика можеби не е моќна како хемиската, но сепак е доволно моќна да го зачува здравјето на кожата па дури и да спречи одредени несакани појави на кожата. Би било добро кога би знаеле дека:

Камилицата лечи себореја

Потребно е :

50 гр цветови од камилица

100 мл млеко

15 гр мед

и трици по потреба

Припрема:

Цветовите од камилица прелијте ги со врело млеко. Оставете ги два часа да се изладат. Процедете и додајте го медот и триците додека не добиете смеса која ќе може да ја нанесете на лицето.

Бршлен против капилари

Потребно е:

20 гр бршлем

20 мл вода

15 гр мед

5 мл бадемово масло

пудра за бебиња

Припрема:

Листовите од бршлен сварете ги во вода. Изладете и процедете. Во чајот додадете ги медот и бадемовото масло, а потоа и пудрата за да добиете густа смеса.

Нането ги чисти акните

Потребно е:

15 гр нане

250 мл вода

Направете чај со наведените состојки. Чајот користете го како лосион кој ќе ги смири акните и ќе го забрза процесот на нивно сушење.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: BIBI_G_3
Датум на внесување: 01.Април.2014 во 18:52
Освен за убава и здрава кожа, кромидот наоѓа примена и во негата на коса. Доколку имате проблем со опаѓање на косата тогаш би требало да го подготвите овој лосион. Две главици кромид, ситно исецкајте ги исцедете го сокот и помешајте го со пола литро ракија. Чувајте ја течноста 15 дена на умерена температура. Процедете и секогаш пред миење убаво истријте го коренот на косата. За да ефектот биде поголем оставете нека делува барем половина час.

-------------
НЕПОПРАВЛИВ ОПТИМИСТ


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Април.2014 во 22:18

http://falanga.com.au/lut-krem-protiv-bolkite-vo-muskulite-ramenicite-i-vratot" rel="nofollow - Лут крем против болките во мускулите, рамениците и вратот


За да го направите овој крем, ќе ви треба лута пиперка, чили.

Честопати се случува да имате проблеми со мускулите, кои редовно ве болат поради многу пешачење, вежбање или некое воспаление. Во тој период, сте чести посетители на болниците или аптеките каде го барате потребниот лек за да ви ги смири болките. Меѓутоа, многу често се случува природните лекови да бидат најефикасни.

РЕЦЕПТ

За да го направите овој крем, ќе ви треба лута пиперка, чили, (само семките) и какао путер. Извадете ги семките од пиперката. Во стаклена тегла додадете го какаото, путерот и ставете ги семките, па добро измешајте. Со мешавината мачкајте ги нозете и рацете ако имате воспаление на мускулите, болки во вратот, рамениците или грбот. Ќе почувствувате топлина, а болката ќе исчезне. Рацете измијте ги после употребата на кремот и не допирајте ги очите, носот и устата или други чувствителни делови од телото, бидејќи ќе почувствувате болна жештина. Во оваа мешавина можете да додадете и етерични масла од пеперминт и еукалиптус.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Април.2014 во 19:14

http://falanga.com.au/napravete-sami-sirup-za-otstranuvanje-na-masnotiite-od-krvta" rel="nofollow - Нормалното ниво на холестеролот се движи помеѓу 4,60 и 6,20 mmol/L.

Покачените маснотии во крвта или холестеролот, се проблеми со кои се борат многу од луѓето во современиот свет. Тоа е поврзано со начинот на живот и со генетските предиспозиции.

Нормалното ниво на холестеролот се движи помеѓу 4,60 и 6,20 mmol/L. Овој сируп се покажа како многу ефикасен за намалување на високиот холестерол.

Како да направите сируп за отстранување на маснотиите во крвта?

Состојки:

* 1кг лимони

* 5-6 врски магдонос

* 3 литри вода

* 1 пакетче сода бикарбона

Најпрво измијте ги лимоните со ладна вода, потоа потопете ги во топла вода и ставете ја сода бикарбоната.

Оставете да отстои така еден час.

Магдоносот заедно со дршките исечете го на ситни парчиња.

Лимоните заедно со кората исецкајте ги, со големина од прилика како што ги сецкате состојките за руска салата.

Магдоносот и лимоните ставете ги во тенџере и полиете ги со 3 литри вода.

Варете на тивок оган, од 2-3 часа.

Откако ќе се свари, исцедете. Треба да добиете 1,5литри сируп.

Се пие секое утро, на празен стомак, мерката е една полна чаша за ракија.

Оваа мерка е доволна за 15 дена, ако се пие секое утро.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Април.2014 во 22:03


http://falanga.com.au/domashni-recepti-za-zdravje-i-ubavina-na-d-r-oz" rel="nofollow -

Прочитајте како да ја намалите мигрената, да ја измазните кожата или да ја спречите подуеноста на стомакот, со домашните рецепти на д-р Оз..

Кој вели дека ви е потребен медикамент за секој проблем кој го имате? Понекогаш, домашниот лек кој ќе си го подготвите сами, може да направи да се чувствувате подобро за многу кусо време. Прочитајте како да ја намалите мигрената, да ја измазните кожата или да ја спречите подуеноста на стомакот, со овие домашни рецепти на д-р Оз.

Мигрена

Доколку сте склони на главоболки, пробајте да ги излекувате со етерично масло од пеперминт, кое е природно, евтино и лесно решение. Протријте неколку капки на вашите слепоочници и оставете пеперминтот да делува 15-30 минути. Антивоспалителното дејство на ова етерично масло, ќе ги смири вашите нерви.

Подуеност

Чајот од глуварче е одличен диуретик кој ќе ви помогне да се ослободите од вишокот вода која ја задржал вашиот организам. Тој исто така ѝ помага на жолчката да ги разгради мрсните јадења, кои исто така подуваат. Доколку го имате овој проблем со стомакот, почнете да пиете по една шолја чај од глуварче дневно.

Болки во грбот

Пробајте да си ја олесните болката во грбот со ледена мента масажа. Масажата, етеричното масло од пеперминт и мразот се докажани противници на болката. Наполнете една хартиена чаша со вода и капнете неколку капки етерично масло од пеперминт и потоа ставете ја во замрзнувач. Откако ќе се смрзне мешавината, отстранете ја хартиената чаша и замолете некој да ви го измасира грбот со вака подготвениот мраз.

Воспаление на грлото

За да ја намалите болката во вашето грло или да ја смирите лошата кашлица, можете да си направите ефикасен сируп со состојките од вашата кујна. Помешајте ¼ лажичка црвен пипер, 1 лажичка јаболков оцет, 2 супени лажици вода и една лажичка мед.

„Смрзнување“ на мозокот

Во моментот кога ќе почувствувате дека ви „смрзнува“ мозокот од консумирање нешто ладно, поставете го јазикот на „таванот“ од усната шуплина. Топлината од вашиот јазик ќе ви ги смири нервите и ќе ја отстрани болката побрзо.

Проблеми со спиењето

Наместо да пиете апчиња за спиење кои имаат разни нус појави, консумирајте цреши, кои содржат убава доза на природен мелатонин, кој го помага квалитетното спиење. Пред спиење напијте се една чаша сок од кисели цреши и легнете да спиете мирно.

Нерамна кожа

Сакате вашата кожа да сјае? Не барајте подалеку од вашиот фрижидер. Помешан со масло од соја, мајонезот може да ја врати еластичноста на вашата кожа. Па, намачкајте се и омекнете ја вашата кожа.

Болки во мускулите

Синото сирење делува како ладна терапија, која го намалува воспалението и болката во мускулите. Можеби нема да ви се допаѓа, но обидете се да нанесете едно парче на кожата кај што ви се воспалени мускулите. Ќе се изненадите од резултатите.

Оштетена коса

Маслиновото масло ја омекнува вашата коса и ја прави сјајна. Незаситените масни киселини ја заштитуваат вашата коса, правејќи ја помека и лесна за чешлање. Нанесете маслиново масло на косата и покријте ја со капа за бањање. Оставете да делува 10 минути, а потоа измијте ја косата.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Април.2014 во 21:09

ДОМАШНО МАСЛО ОД ЈОРГОВАН ПРОТИВ РЕУМА

6

На нашиот портал сме ви претставиле веќе неколку домашни лекови за ублажување на реуматските болки, а денес нашата колекција народни лекови ја збогатуваме со масло од јоргован, кое освен што многу помага при реума, мириса одлично и ја храни и омекнува кожата.

Долгите зимски денови на многу од вас им создаваат тегоби со реумата затоа што коските реагираат на долготрајниот студ и влага. Се чувствуваат болку во зглобовите но и по целото тело.

Делотворна помош при ревматски тегоби нуди маслото од јоргован.

Ако сакате да го подготвите, следете го рецептот:

 Земете една рака цветови од јоргован и еден литар маслиново масло.

Сувите цветови од јоргованот ставете ги во стаклена тегла и добро затворете ја.

Откако ќе отстои на сончево место 15 дена, со повремено протресување, процедете го маслото низ газа и префрлете го во темно шише. Ова масло треба да се чува на темно место.

Болните места мачкајте ги со масло трипати дневно, а покрај тоа треба да испиете чај од ѓумбир и секако билки од кои ќе бидете повесели и поподвижни.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Април.2014 во 20:01

НАПРАВЕТЕ МАСТ ПРОТИВ ПСОРИЈАЗА

10

Псоријазата е често среќавана болест која предизвикува разни непријатности на луѓето кои ја имаат, па затоа решивме да споделиме со вас еден ефикасен лек за кој веќе имаме добри препораки од луѓе кои го користеле и кои се задоволни од резултатите.

Во литарско шише со широко грло се полни со цвет од кантарион. Се додава и ситно исечкан цвет од невен и една рака ајдучка трева.

Во шишето потоа се додава маслиново, пченично или сончогледово масло. Шишето добро се затвора и се остава на сончево место каде што треба да стои три недели.

Кога маслото ќе стане црвено, се прецедува низ газа.

Потоа се додава уште 10 грама масло од смрека и 5 грама масло од лаванда. Се’ добро се меша.

Со добиеното масло се мачкаат заболените места 1 до 2 пати на ден.

Маслото може да се употребува и кај други кожни болести: екцеми, лишаи, сува кожа, красти, изгореници. Раните треба да се мијат со чај од камилица или коњско опавче.

Секој втор ден се чисти кожата со вода во која претходно е варена дабова кора, 3 до 4 лажици коњско опавче и 3 лажици трева од срценица. Оваа мешавина се вари во 1 литар вода 10 минути. Со изладената течност се чисти кожата, се суши и се премачкува со подготвеното масло.

Ако имате псоријаза на коренот, постапката е иста.

Бидејќи кај псоријазата е многу важна исхраната, се препорачува да не се јадат компири, бел грав, овесни снегулки, шеќер, теста, свинска маст, банани, круши, алкохол, кафе и да се остават цигарите.

За капење е препорачлива бања од сено. Се зема 1 килограм сено, се става во платнена кеса и во поголем сад се вари 20 минути. Се’ заедно потоа се става во кадата, се додава чиста млака вода, така што да биде покриено целото тело. За да не се излади премногу брзо водата, преку кадата се префрлува некоја пластична прекривка.

Во кадата можете да останете 20 минути, а потоа благо да се истуширате со млака вода и да се избришете со тапкање.

Ако ве чеша кожата, намачкајте се со маслото.

Бањата се подготвува двапати неделно. Се повторува додека да исчезне болеста.

Кај псоријазата е корисно и капење во водата каде што е варена овесна слама. Бањата се прави на истиот начин како и претходната. Можете наизменично да ја употребувате прво едната, а потоа втората.

Ако се потребни облози, се употребува корен од гавез, листови од жалфија и листови од лепилка. Ако на кожата има стари рани кои тешко заздравуваат, за миење се користи чај од цветови од невен, троскот, здравец, камилица и коњско опавче.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Април.2014 во 20:01

ДОМАШЕН ЛЕК ОД КОМПИР ПРОТИВ КИСЕЛИНИ, ИЗГОРЕНИЦИ, ОТОК, ГЛАВОБОЛКА И ТЕМПЕРАТУРА

5

Често пати лекот за многу болести ви е пред очи, а вие наместо тоа посегнувате по скапи но и штетни синтетски производи. Таков е и случајот со овие неколку ефикасни домашни лекови кои се подготвуваат од компир.

Компирот потекнува од Америка. Кај нас е доста распространет и се одгледува во домашни бавчи и на ниви. Подземниот дел се користи за исхрана и како лек.

Содржи: скроб, пектин, јаболкова, лимунова, јантарна, винска и млечна киселина, шеќер и декстрин, глутамин, аргинин, ацетикол, витамини А, Б, Ф особено Ц. Содржи и 1% минерална сол посебно калиум, како и целулоза, маснотии и разни ензими.

Против вишок киселини во желудникот

1 лажица сок од сиров компир се разматува во малку млака вода и се пие наутро пред јадење. Свежиот сок од компир дава подобар тен на лицето и подмладува.

За изгореници

Се прави ладна каша од рендан сиров компир, која исто така помага и како облога против реума, оток и воспалени зглобови.

Против чешање и бромки

Кожата се мачка со вода во која се варел компир.

Против оток

Се ренда еден сиров компир и во иста количина се додаваат изгмечени листови само од едно кое било од следниве растенија: спанаќ, чичак, зелка или магдонос, потоа се додава 1 кафена лажица бело брашно. Смесата се изедначува, се нанесува на газа или чиста крпа и се става на болното место, се покрива со сува чиста памучна крпа. Се менува два до три пати на ден.

Против главоболка и температура

Исечен сиров компир на тркалца се става на чело и на слепоочниците.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: sanja-a
Датум на внесување: 13.Април.2014 во 20:04
Ова последново за температура делува...
проверено

-------------
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Мај.2014 во 22:13

ЈАЈЦА, МАСЛО И ВОСОК: ЧУДОТВОРЕН МЕЛЕМ ПРОТИВ МНОГУ БОЛЕСТИ!

9

Кремот едноставно се подготвува, а корисен е за лечење на низа болести.
Состојки:
1 јајце (варено бидејќи ви е потребна само жолчката)
400 мл растително масло (маслиново, или некое друго)
600 гр пчелин восок
Во сад на оган ставете го масото и во него на слаб оган стопете го парчето восок. Кога ќе почне да врие додадете ја згмечената жолчка. Кога ќе почне да се прави пена тргнете го садот веднаш од оган. Кога смесата ќе се смири вратете го садот повторно на оган и мешајте постојано, се додека смесата не добие темнокафена боја. Откако ќе се олади процедете низ газа. Се чува во стаклен сад кој добро се затвара. Во фрижидер може да се чува до 10 месеци.
За воспаление на синуси – стопете дел од кремот и капнете по една капка во носот, а смесата ефикасно ќе ги пробие синусите и ќе го апсорбира гнојот.
При бронхитис или чир – конзумирајте по половина лажичка од мелемот три пати дневно пред оброк.
За изгореници, забоболка или рана нанесете на болното место.
Со мелемот ќе ги зајакнете и ноктите и ќе ги излечите хемороидите.
Восокот кој го користите мора да биде природен.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Мај.2014 во 15:39

Направете сами: Лековито масло од кантарион

Кантарионот е добро познат лек за разни болести. Расте во пасишта, ливади, и карпести гребени, а цвета од мај до август, во зависност од климата…

Кантарионовото масло се подготвува од свежа билка. Размерот е 100 г цветови на литар масло.

Се подготвува со ладно цедено квалитетно масло од кое најчесто се препорачува маслиновото.

Оставете ги цветовите да отстојат преку ноќ, а потоа следете ја следнава постапка:

1. Ставете ги во проѕирно стаклено шише и прелијте ги со маслото.

2. Прекријте го шишето со газа и врзете ја со гумичка.

3. Оставете да отстои 40 дена на сонце, повремено проверувајќи дали сите цветови се со маслото.

4. По четириесеттиот ден, добро исцедете го маслото со цвеќето низ газата и притиснете ги цветовите за да пуштат од маслото што го впиле.

5. Соберете го во темни шишенца и затворете ги убаво.

6. Не оставајте го маслото да стои во фрижидер.

Квалитетното кантарионово масло има темна црвена боја, понекогаш со виолетови нијанси.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2014 во 22:20

ЕДНОСТАВЕН И ЕФИКАСЕН: “ЛУТ“ КРЕМ ПРОТИВ БОЛКИ ВО МУСКУЛИТЕ, РАМЕНИЦИТЕ И ГРБОТ

23

Ве боли вратот, грбот или рамениците од седење? Имате болка во мускулите? Направете ја наједноставната но мошне ефикасна крема против вакви болки. Тајната се крие во лутите пиперчиња.

Ова е наједноставна верзија но постојат начини да ја дополните.

Лутото пиперче содржи капсацин, кој го дава лутиот вкус, а истата состојка се наоѓа и во кремите за болки во мускулите, кои ги купуваме во маркетите и апотеките.

За да го направите овој крем ќе ви треба лута пиперка, чили,  (само семките) и какао путер.

Извадете ги семките од пиперката. Во стаклена тегла додадете го какао путерот и ставете ги семките па добро измешајте.

Со мешавината мачкајте ги нозете и рацете ако имате воспаление на мускулите, болки во вратот, рамениците или грбот. Ќе почувствувате топлина, а болката ќе исчезне.

Рацете измијте ги после употребата на кремот и не допирајте ги очите, носот и устата или други чувствителни делови од телото, бидејќи ќе почувствувате болна жештина.

Во оваа мешавина можете да додадете и етерични масла од пеперминт и еукалиптус.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Октомври.2014 во 16:02

Направете домашна маст против изгореници

Потребни состојки:

3 полни лажици свинска маст

1 белка

1 мала чашка домашна ракија, по можност комова

Подготовка:

Свинската маст се пере неколку пати со студена вода. Потоа се додаваат белката и ракијата, па пенасто се мати со миксер додека да се добие компактна маса, како шлаг за торта.

Оваа маст можете да ја користите за лекување на изгоретини од сонце, од врело масло, рерна, врела вода…

Се мачка 3-4 пати во текот на денот. Ги смирува болките и не дозволува да останат лузни.

Рок на употреба: 1 година, доколку се чува затворено во тегла, во фрижидер.





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Октомври.2014 во 16:03

Ослободете се од дамките и пегите со овој природен рецепт од 2 состојки


Хиперпигментација е пореметување на бојата од кожата со карактеристични темни подрачја, поради зголемени количества од меланин, темниот пигмент на кожата.

Изложеноста на сончева светлина, бременоста, одредени болести, старост или траума можат да доведат до пореметување на меланинот и да се создадат неестетски темни дамки својствени за ова бенигно пореметување.

Точните причинители можеме да ги поделиме во две групи:

-внатрешни и

-надворешни.

Надворешните причинители можат да бидат оние кои доаѓаат од околината, како што се изложеност на сончеви зраци или поради хемиски соединенија (бетаксолол, миноциклин, естроген, прогестерон и сл.)

Внатрешните причинители се однесуваат на генетските предиспозиции- лицата со потемна кожа имаат поголема склоност кон развивање на ова пореметување.

Пегите, старачките дамки и сончевите дамки се предизвикани од штетните ултравиолетови сончеви зраци кои го оштетуваат меланинот и резултираат со привремена или трајна дисклорација. Често ваквите дамки можете да ги забележите на лицето и рацете, меѓутоа можат да се појават на било кој дел од кожата кој бил изложен на сонце.

Лузните од траума или операција можат исто така да предизвикаат промена на бојата на кожата, па дури и кога проблемот ќе биде отстранет, дамките остануваат.

Мелазма е хиперпигментација на кожата која се јавува за време на бременоста, иако понекогаш може да ги зафати и мажите. Ова пореметување обично и поминува само од себе после бременоста без да предизвикува поголеми проблеми.

ПРИРОДЕН ЛЕК ПРОТИВ ХИПЕРПИГМЕНТАЦИЈА-РЕЦЕПТ

1.Земете 1 лажичка К*ркума во прав

2.Додадете 1 лажичка сок од лимон

3.Промешајте добро

4.Нанесете на зафатените подрачја

5.Оставете 15 минути да се исуши

6.Исперете со млака вода

Не се изложувајте на сонце најмалку 8-10 часа!

Повторувајте по еднаш секој ден, или доколку сте во можност (зимски период) и двапати дневно.

Искуствата велат дека овој едноставен лек навистина е ефикасен: лимонот има избелувачки својства, и го поттикнува лупењето на кожата, а К*ркумата, покрај избелувачкиот ефект, има противвоспалително својство и ја прави кожата посјајна.

Лицата со поосетлива кожа, можат да го растворат лимонот со малку вода или млеко.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Август.2016 во 08:33

Направете домашна маст против изгореници


Потребни состојки:

3 полни лажици свинска маст

1 белка

1 мала чашка домашна ракија, по можност комова

Подготовка:

Свинската маст се пере неколку пати со студена вода. Потоа се додаваат белката и ракијата, па пенасто се мати со миксер додека да се добие компактна маса, како шлаг за торта.

Оваа маст можете да ја користите за лекување на изгоретини од сонце, од врело масло, рерна, врела вода…

Се мачка 3-4 пати во текот на денот. Ги смирува болките и не дозволува да останат лузни.

Рок на употреба: 1 година, доколку се чува затворено во тегла, во фрижидер.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk