IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Mодни декорации и козметички  средства
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Mодни декорации и козметички средства

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 13>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2014 во 21:38
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2014 во 08:42

Направи сам-торба за плажа


На секоја девојка и е потребна голема, практична торба за на плажа која ќе се вклопува добро со бикините, наметката и сандалите. Најчесто треба да е практична за да ги собере сите тракатанци за еден ден на плажа, но и во чекор со моменталните трендови.


napravi-sam-torba-za-na-plaza-01

Во продолжение неколку предлози како може сами да изработите торба по ваш вкус и мерка.

Голема платнена торба

За оваа торба е потребно платно во некоја неутрална боја во ваш вкус, а сидрата и ѕвездите може да ги нацртате или залепите од сосема поразличен материјал. За рачки доволно е да одберете некое дебело јаже, коноп или интересен материјал.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-1

Жолто бела торба

Ова е најобична торба, но ако додадете некој интересен материјал во јака боја и може да изгледа супер. Во овој случај, доволно е да додадете 3 или 4 ленти во жолта боја, да го залепите или зашиете и торбата за на плажа ќе добие сосема нов изглед. Внатрешниот џеб направете го по вашите потреби, по мерка на телефонот или голем џеб во улога на преграда.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-2

Торба со кожни рачки

Уште една верзија на претходната торба, но овој пат ставате кожни рачки наместо платнени. Внатрешните џебови направете ги по потреба и поигрувајте си со дезените и боите.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-3

Мал вез

Ако не сакате да ја лепите или менувате премногу, тогаш вашата постоечка чанта само одвежете ја со некој интересен вез кој можете да го зашиете со игла и конец.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-4

Торба без шиење

За овој проект ви е потребен весел материјал и дебел коноп од кој ќе ги изработите рачките. Доволно е материјалот да го залепите од трите страни, а од четвртата да го протнете конопот низ 4те дупки за рачки.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-5

Торба со линии

Најдете обична торба и на неа нацртајте линии во една или повеќе бои со различна големина и ќе добиете тренди модел наместо обичен.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-6

Пешкир торба

Додајте рачки на завршетоците од пешкирот, добро испланирајте како ќе се преклопува и закопчува (најдобро е со мали нитни на барем две места) и ќе добите модерна пешкир торба.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-7

Плетена торба

Обичната плетена торба која нема шарм и изгледа малку старо, обојте ја со некоја боја или додадете и некој материјал. Во истиот момент ќе добиете нова, свежа и модрена чанта.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-8

Изолир лента

Верувале или не, оваа чанта е направена од малку подебела кеса украсена со ленти за изолир. Ова докажува дека може да употребите голема креативност и ако го имате основниот материјал ќе добиете модерен и уникатен аксесоар за плажа.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-9

Транспарентна торба

Транспарента торба од мрежи за прозорци е нешто на кое сигурно не ви текнало. Со само малку сошиена мрежа за прозорци и неколку украси и можете да добиете многу добар ефект.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-10




Изменето од Valerija - 21.Март.2014 во 08:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2014 во 08:15

Направете сами: Мултипрактична наметка за секоја прилика

Направете сами: Мултипрактична наметка за секоја прилика

За само 20 минути и без шиење, направете го овој феноменален мулти – шал.

Еве како:

1

2

3

 

4

 

5

 

6



Изменето од Valerija - 29.Март.2014 во 08:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 08:51
Направете сами-уникатни шноли за коса

Ова е интересен предлог за тоа како да го поминете слободното време со вашето дете. Доколку имате ќерка, ќе ви биде забавно да направите интересни шноли за коса, а воедно и ќе бидете задоволни од крајниот резултат. Овие шнолички не се наменети само за малите девојчиња, тие одлично може да го дополнат романтичниот изглед на поголемите девојки.

Потребни ви се обични црни шноли, копчиња во различни бои, лепило. Останува се на вашата креативност.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 09:20

Ова е вистинското нешто: Направете регенератор за коса од маслиново масло

Доколку одлучивте да ја намалите употребата на разни вештачки препарати, ова ќе биде вистинска работа за вас..

Ставете мала количина маслиново масло на дланките, па протријте ги за да се намрсат рамномерно. Сега тоа протријте го на деловите од косата каде што е најпотребно, на пример на краевите. Остатокот распоредете го на другите места, но избегнувајте го коренот.  Оставете 10 минути за косата да впие, а потоа исчешлајте ја и обликувајте фризура. Со тоа што ќе го впие маслото, ќе и даде тежина на лесната коса.

За сува коса втријте 2 лажици маслиново масло од коренот кон врвовите. Натопете крпа во врела вода, исцедете ја и замотајте ја околу главата во турбан, па оставете да делува 30 минути. Потоа измијте ја со шампон и обликувајте си ја фризурата. Ова ќе ја регенерира длабински, ќе и даде мекост и сјај.



Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 09:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 09:23

Домашен лосион за проблематична кожа на лицето. Лечи акни и бубулици

Во својот состав содржи етерични масла, минерали и органски киселини.

За лековитите својства на ловоровиот лист знаеле уште нашите предци кои го користеле за лечење на многу кожни болести

Ловоровиот лист против акни и бубулици е природен антисептик, кој овозможува чистење и дезинфекција на кожата.

Во својот состав содржи етерични масла, минерали и органски киселини, кои и овозможуваат одредено делување на бубулиците и на целиот организам во целост.

Помага во елиминација на бактерии, го намалува воспалението, предизвикано од акни и бубуљици.

-Ловоровиот лист го подобрува тонусот на кожата, има ефект на хидратација.

-Ги лечи раните на кожата и содржи имуностимулационо делување, благодарејќи на кое се нормализира работата на сите органи.

-го подобрува варењето, го смирува нервниот систем, лечи од заболување на зглобови и наслаги од сол.

Во домашни услови можете да направите лосион за проблематична кожа на лицето, кој е мошне ефикасен во борбата со акните и бубуљиците.

Ви предлагаме 2 рецепти,

 Ефикасен лосион за акни и бубулици

За подготовка на овој лосион ке ви бидат потребни 3-4 листа ловор (сув) и чаша вода (200мл)

-Ловоровиот лист полијте го со вода и ставете го на шпорет, да проврие.

-Намалете ја јачината на шпоретот и варете уште 5-7 минути.

-Изладете го и ставете го во однапред припремено шише.

Овој лосион може да се користи за секојдневно бришење на лицето, наутро и навечер.Се препорачува на лица со проблематична и масна кожа.

 Втор рецепт за лосион од ловоров лист

-Однапред издробените листови од ловор (сув) , се полеваат со ракија или медицински алкохол (52%) во сооднос 1:1.

-Оставете го да одстои на собна температура 5-6 дена.

Потоа лосионот е спремен за користење. Овој домашен лосион за бришење се користи секој втор ден, наутро и навечер.

Не само што помага за елиминација и воспалителниот процес, туку е мошне ефикасен и во борбата со пигментните флеки, и со самото тоа го израмнува тенот.




Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 09:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 09:39
Како да ги искористите старите парчиња облека?

Како да го испланирате вашето слободно време, а во исто време да им најдете намена на непотребните парчиња облека? Ви предлагаме неколку начини како да направите интересни детали за вашиот изглед.

1488252_778537735493420_645345526_n

1502575_787665457913981_1034216356_n

1525623_787629457917581_1191634833_n

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 11:22
Како да направиш сама-домашна пудра во прав

Пудра во прав можете едноставно и брзо да направите според овој рецепт. Природните состојки ќе ја нахранат вашата кожа, ќе и дадат здрав сјај и ќе ги скријат неправилностите многу подобро од обичната пудра што би ја купиле.

Се што ви е потребно за да направите домашна пудра во прав е пченично брашно или обично бело брашно, густин, какао во прав или чоколада во прав, цимет, ванила и француска зелена глина. Сите состојки се мешаат, а постапката е следна:

Во стаклен сад ставете 2 лажици брашно, бело или пченкарно, количината на останатите состојки зависи од тенот на вашата кожа, па затоа треба да додавате од останатите намирници се додека не ја добиете вашата идеална боја.

Ванилата е за посветли жени кои имаат таков тен. Доколку вашата кожа е жолтеникава, за вас ќе биде идеално да додадете ѓумбир во прав кој ќе ја неутрализира таа нијанса и ќе ја заштити вашата кожа.

Можете готовата пудра во прав да ја мешате со етерични масла, лосиони за тело, млеко за тело или хидратантен крем за лице. Маслиновото масло оди одлично во комбинација со пудрата, но само во мали количини, за да не биде пудрата многу мрсна.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 11:23
Како да направите домашен и природен ботокс?

Доколку сакате да имате затегната кожа по природен пат испробајте со јајца!

При тоа, тие ќе ги затворат проширените пори и ќе ги ублажат ситните брчки.

Имено, јајцата содржат албумин, супстанца богата со аминокиселини која го затегнува површинскиот слој на кожата.

Маска од белки

Направете чврст снег од две белки и една лажичка шеќер.

Добиената смеса нанесете ја на лице и оставате ја делува петнаесетина минути.

Маската отстранете ја со помош на газа, натопена во вода.

Совет плус: Освен во затегнување на кожата, јајцата можат да ви помогнат и кај оштетената коса.

Измешајте една лажица изматена жолчка со три лажици неутрален шампон.

Со добиената смеса измијте ја коста.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 13:39
Домашен шампон против првут и брзо растење на косата

Со цел косата да ви биде здрава морате да ја чувате и негувате од надворешноста па се до нејзината срцевина. Освен готовите шампони, од кои повеќето нема да ви одговараат, ви нудиме решение за кое ви се потребни неколку лесно достапни состојки и малку време.

Состојки:

Пола литар благ беби шампон или шампон од коприва

Едно шишенце АД капки

Едно шишенце концентрирани капки од коприва

Едно шишенце пантенол раствор

Во посебно шише додадете го шампонот, капките и растворот, добро измешајте и мијте ја косата на вообичаениот начин.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 13:55
ДОМАШНА КРЕМА ПРОТИВ БРЧКИ

Рецепт:
За подготовка на оваа крема потрено е:
1 свежа жолчка од јаце
2 лажици бадемово масло (може да се замени со маслиново)
½ лажица квалитетен домашен мед
2 мали лажички медицински вазелин

ЛОСИОН ЗА АКНИ
За приготвување на овој лосион потребни ви се 3-4 ловорови листови (суви) и 200 мл. вода.
Водата се става на оган да зоврие и се додаваат листовите од ловор. Се намалува на тивко огнот се промешува, се става поклопецот на тенџерето и се вари 5-7 мин. Течноста се лади и процедена се пресипува во шишенце. Овој лосион може да се користи наутро и навечер и се препорачува на лица со проблематична и масна кожа.

ЛОСИОН ЗА БУБУЛИЦИ СО АЛКОХОЛ
Издробете 3-4 суви листови ловоров лист и прелијте ги со медицински алкохол 200 мл. (помешан со вода соодност 1:1) или домашна ракија (52%). Се остава да одстои на собна температура 5-6 дена. После тоа лосионот е спремен за користење. Се процедува и се става во шишенце, се користи наутро и навечер за елиминирање на бубулици и воспалителни процеси.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 16:13

Домашен крем против брчки- фантастичен ефект за 7 дена!

За жал, појавата на брчки е неизбежна кај секоја жена..

И со нивното доаѓање почнуваме френетично да се бориме, со помош на разни кремови, методи и козметички третмани. Но, дури и најскапите креми не ни гарантираат целосно ослободување од овие козметички недостатоци , особено што кожата многу брзо се навикнува на купечките креми и не секогаш има соодветни резултати.

Ако имате време и желба да подготвите домашен крем против брчки , тогаш можете да ги искористите предностите на оваа одлична рецепта.

Оваа домашна крема е совршен лек за кожата: хидрира, го израмнува тенот, ги намалува брчките и стареењето на кожата. Нејзината предност – се природните состојки и безбедноста. Погодна за сите типови на кожа.

Резултати се видливи веќе за 7 дена. Оние кои се однесуваат со почит кон нивната кожа, овој крем ќе го засакаат . Рецептот е лесен и навистина неверојатен.

Домашен крем против брчки- Рецепт:

За да го подготвите овој крем ви биде потребно:

- 1 свежа жолчка од јајце

- 2 лажици бадемово масло ( може да го замени маслиново )

- Половина лажица квалитетен мед (било кој)

- 2 лажички медицински вазелин

Подготовка:

Вазелинот се растопува на водена пареа. Тоа ќе потрае неколку минути.

Го тргаме од шпоретот и ги додаваме другите состојки : медот , жолчката од јајце и маслото.

Сите состојки темелно се мешаат . Мешајте неколку минути додека не добиете хомогена смеса.

Ставете ја смесата во една кутија, може во кутија од стара крема, ќе биде доволна кутија од 50 мл.

Со лесна масажа се нанесува на чиста кожа. По 30 минути отстранете ја кремата со памукче натопено во минерална вода ( кисела) или влажно шамивче за лице.

Забелешка: Кремот се апсорбира во кожата повеќе од еден час , така што треба да се нанесува на лицето 2 часа пред спиење.

Чувајте ја кремата во фрижидер. Кога ќе се потроши , и ако сте задоволни , направете си нова доза. Овие состојки се природни, и не правете двојна доза одендаш , за да не се расипе.



Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 16:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 16:22

Две испитани рецепти за отстранување на брчки под очите


Брчките под очите можат да се појават од различни причини и во по млада возраст..

Тоа зависи од здравствената состојба, од шминката или просто од гримасите кои често ги правиме.

Кожата околу очите е многу тенка и чувствителна, така што брчките на неа многу брзо се појавуваат. Следните природни рецепти ќе ви помогнат во грижата за проблематичната зона околу очите.

Во топло млеко ставете срединката од лепчето, и направете мека каша. Нанесете ја околу очите и почекајте 15-20 минути. Потоа исплакнете со топла вода.

Измешајте 1 белка од јајце со една лажица мед и една лажица брашно, но претходно истопете го медот на пареа, за да го направите течен. Нанесте околу зоната на очите и почекајте 10 минути. Потоа убаво исплакнете со вода.




Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 16:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 21:53

Направете сами освежувач за тело



Освежувачот за тело е идеален за оние кои се излезени поголем дел од денот. Наместо за него да плаќате, можете и самите да си го подготвите. 

Подготовката е многу едноставна. За само неколку минути ќе имате прекрасен освежувач кој може да го понесете со себе каде и да одите.

180 мл дестилирана вода

25 капки етерично масло од лимон и портокал

Измешајте ги овие состојки во боца со распрскувач. Измешајте пред употреба. Не го користете во близина на очи.



Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 21:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.