Испечати | Затвори го прозорот

DIY-Mодни декорации и козметички средства

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Направи сам
Опис на форумот: Се што ви треба на едно место. Направете сами и поттикнете ја вашата креативност.
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26913
Датум на принтање: 24.Април.2024 во 18:00
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: DIY-Mодни декорации и козметички средства
Постирано од: Valerija
Наслов: DIY-Mодни декорации и козметички средства
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 22:56

Направи сам: 4 рецепти против акни

Никој не сака акни по своето лице, ниту пак ужива кога треба да ги покрива со пудра и со најразлични коректори со цел да ги сокрие пред некој важен состанок или интервју за работа. Доколку преку глава ви е да трошите илјадници денари на препарати кои едноставно не функционираат крајно време е да се обидете да приготвите домашен рецепт со кој ќе го решите проблемот.

Ноќен крем од коријандер

Земете неколку ливчиња коријандер и фино издробете ги. Пастата која што сте ја добиле ставете ја во цедалка и исцедете ја течноста. Во неа додадете малку куркума и измешајте добро. Оваа смеса нанесувајте ја на лицето секоја вечер.

Ефикасна паста од лук

Лукот содржи алицин кој претставува природен антибиотик. Затоа земете 2-3 чешниња лук и од нив направете паста така што добро ќе ги источите. Оваа паста нанесете ја на самите акни. Ако имате чувствителна кожа во пастата ставете и малку јогурт.

Алое вера рецепт

Земете свеж алое вера лист и излупете ја зелената обвивка. Извадете го гелот од внатре и два пати во текот на денот со него мачкајте ги проблематичните места. Гелот нека остане на нив околу 30-тина минути. Потоа измијте со вода.

Крем од мед и млеко

Помешајте една лажичка мед, со една лажичка сок од лимон, една лажичка масло од бадем и две лажички млеко. Природниот крем нанесете го на местото кое што е воспалено.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Коментари:
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 23:13

НАПРАВИ САМ : КОЖНА СУКЊА „MUST-HAVE “ ПАРЧЕ ЗА ОВАА ЕСЕН

Модните трендови навестија дека кожата ќе биде материјалот кој ќе ја одбележи престојната есен/зима 2013/14…Kожната сукња е „must-have“ парче во плакарите на верните следбеници на модата…Затоа, не чекајте и вие направете си ја !

 

Што е потребно?

-парче кожен материјал
-сукња
-парче картон или поцврста хартија
-патент
-шпенадли
-игла и конец
-ножици и линијар

http://magazine.danaucime.mk/wp-content/uploads/2013/09/images-31.jpg" rel="nofollow">images (3) http://magazine.danaucime.mk/wp-content/uploads/2013/09/images-22.jpg" rel="nofollow">images (2) http://magazine.danaucime.mk/wp-content/uploads/2013/09/images3.jpg" rel="nofollow">images

Подготовка

Чекор 1:Земете ваша сукња и парче картон, прицврстете со шпенадли, па исечете мостра за вашата нова сукња(оставете по 1cm од страните, тоа е потребно заради порабување).

Чекор 2:Мострата од картон ставете ја на кожниот материјал(од опачината, во дупла ширина), прицврстете со шпенадли и исечете.

Чекор 3 :Од остатокот од кожниот материјал исечете парче со ширина од 5cm, како би си направил појас за сукњата.

Чекор 4 :Појасот(од опачината) прицврстете го со шпенадли по краевите на добиената мостра од исечениот кожен материјал(од лицето), грубо сошијте, па шијте со машина.

Чекор 5 :Отворите на добиената мостра од исечениот кожен материјал прицврстете ги со шпенадли, до половина(по потреба) и ставете патент, грубо сошијте а подоцна и шијте на машина. Порабете ја сукњата на краевите.

Вашата нова кожна сукња е готова! Искомбинирана со тесна маичка или кошулка е одлична комбинација за дневни или вечерни излегувања.


http://www.hupso.com/share/" rel="nofollow">Share Button
http://magazine.danaucime.mk/napravi-sam-kozna-suknja-must-have-parce-za-ovaa-esen/" rel="nofollow - - - -

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 23:17

Направи сам: ориентален аксесоар за коса


mailto:?subject=FASHIONEL.mk%20%3A%20%D0%9D%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%20%D1%81%D0%B0%D0%BC%3A%20%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD%20%D0%B0%D0%BA%D1%81%D0%B5%D1%81%D0%BE%D0%B0%D1%80%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%B0&body=%D0%88%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%87%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BC%20%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%B0%20%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0%3A%20%D0%9D%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%20%D1%81%D0%B0%D0%BC%3A%20%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD%20%D0%B0%D0%BA%D1%81%D0%B5%D1%81%D0%BE%D0%B0%D1%80%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%B0.A%D0%9C%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D1%88%20%D0%B4%D0%B0%20%D0%B3%D0%BE%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%87%D0%B8%D1%82%D0%B0%D1%88%20%D0%BD%D0%B0%3A%20http%3A%2F%2Ffashionel.mk%2F87176%2Fnapravi-sam-orientalen%2F" rel="nofollow -

Овој тренд е прилично нов, а доколку ви се допаѓа, не морате да тргнете во портага низ продавниците за да најдете сличен, туку можете да го изработите сами. Изгледа интересно и ориентално, а се што ви е потребно е:

-Клешта за накит

-2 шноли-чешлиња

-Неколку видови на синџири во нијанса по ваш избор

-кружни спојувалки за синџирите

 

Постапката на изработка е многу едноставна, а финалниот аксесоар ќе го имате за само неколку минути. Се што треба да направите е да ги прикачите краевите на синџирчињата со двете шноли, а потоа да си направите фризура како од фотографијата погоре.

За вториот модел на овој аксесоар за коса, ќе би биде потребно:

- еластично венче

-клешти

-повеќе тенки синџирџиња

На секое прекршување од еластичното венче аплицирајте го едниот крај на синџирчето, а другиот оставете го да виси. Во зависност од вашиот вкус, направете го повеќе или помалку богато со синџирџиња.

 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 23:20

Направи сам: Ефектна алка од ластик за коса и синџир


mailto:?subject=FASHIONEL.mk%20%3A%20%D0%9D%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%20%D1%81%D0%B0%D0%BC%3A%20%D0%95%D1%84%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BD%D0%B0%20%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%B0%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BA%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%B0%20%D0%B8%20%D1%81%D0%B8%D0%BD%D1%9F%D0%B8%D1%80&body=%D0%88%D0%B0%20%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BF%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%87%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BC%20%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%B0%20%D1%81%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0%3A%20%D0%9D%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%20%D1%81%D0%B0%D0%BC%3A%20%D0%95%D1%84%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%BD%D0%B0%20%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D0%B0%20%D0%BE%D0%B4%20%D0%BB%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BA%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%B0%20%D0%B8%20%D1%81%D0%B8%D0%BD%D1%9F%D0%B8%D1%80.A%D0%9C%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D1%88%20%D0%B4%D0%B0%20%D0%B3%D0%BE%20%D0%BF%D1%80%D0%BE%D1%87%D0%B8%D1%82%D0%B0%D1%88%20%D0%BD%D0%B0%3A%20http%3A%2F%2Ffashionel.mk%2F73219%2Fnapravi-sam-efektna-alka-od-lastik%2F" rel="nofollow -

Понекогаш аксесоарите што можеме да ги изработиме сами се толку лесни за изведба, а со максимален ефект. Баш таков пример е оваа алка која освен на рака може да се носи и само како ластик за коса, со тоа што веќе добива двојна улога. Се што ви е потребно е:

-Ластици за коса во боја

-Синџир во златна или сребрена нијанса

-Клешта за накит

Изработката е многу едноставна. Краевите на синџирот отворете ги од двете страни и прикачете го ластикот, а на крај само прицврстете ги со клешта. Погледнете ги фотографиите и пробајте.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 10:55
http://forum.crnobelo.com/members/littlebutterfly.1925/" rel="nofollow -
[IMG][IMG]

[IMG][IMG]
[IMG]


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 10:56
[IMG][IMG][IMG][IMG][IMG][IMG][IMG][IMG][IMG][IMG]


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 10:59
[IMG][IMG][IMG][IMG]


[IMG][IMG][IMG][IMG][IMG][IMG][IMG][IMG]


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 11:03
http://www.google.mk/url?sa=i&source=images&cd=&docid=ic8DhTYtuIgF7M&tbnid=vy57hj3r_7sH-M:&ved=0CAgQjRwwAA&url=http%3A%2F%2Ffavim.com%2Fimage%2F758017%2Foriginal%2F&ei=l52PUrmcFeTK4ATN44CADw&psig=AFQjCNGxprm0lp2vBBUIglj7hLa8VA0TXQ&ust=1385230103393868" rel="nofollow">[IMG]

http://www.google.mk/url?sa=i&source=images&cd=&docid=WbKc46OHXCg7_M&tbnid=KtZVbrb9EJ3Y2M:&ved=0CAgQjRwwADgh&url=http%3A%2F%2Fmisselayneousthings.blogspot.com%2F2013%2F07%2Fthe-must-do-it-yourself-fashion-ideas.html&ei=sJ2PUrz6BITx4QSowYCwBA&psig=AFQjCNHGaLpoOxGdT-2II4tGbuKK5JxdGA&ust=1385230128138554" rel="nofollow">[IMG]
http://www.google.mk/url?sa=i&source=images&cd=&docid=VBfJMULdmGtGkM&tbnid=AoVpzdWz-onFeM:&ved=0CAgQjRwwADgh&url=http%3A%2F%2Fdevariohannah.com%2Ftag%2Fbow-ties%2F&ei=u52PUrf6HOiZ4gTDrIDwBA&psig=AFQjCNH5gIHLF-Q6Xn7XztyFQEXYCKG9oA&ust=1385230139547063" rel="nofollow">[IMG]
[IMG]


http://www.google.mk/url?sa=i&source=images&cd=&docid=VBfJMULdmGtGkM&tbnid=AoVpzdWz-onFeM:&ved=0CAgQjRwwADgh&url=http%3A%2F%2Fdevariohannah.com%2Ftag%2Fbow-ties%2F&ei=u52PUrf6HOiZ4gTDrIDwBA&psig=AFQjCNH5gIHLF-Q6Xn7XztyFQEXYCKG9oA&ust=1385230139547063" rel="nofollow -


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 11:25
Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 15:35
Слика.


Слика
Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 15:58
Слика


Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 16:12
Слика*Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 16:30

Слика

Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 16:39
Слика*Слика * Слика *Слика * Слика
Слика*Слика*Слика *Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 16:40
Слика
Слика
Слика
Слика
Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 21:33
Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 21:38
Слика*Слика*Слика * Слика*Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 21:46

Слика

Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 22:13
Слика*Слика*Слика*Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Февруари.2014 во 22:26
Слика

Потребно:
-црно венче за коса
-украсни цветови,циркони,мониста,бисери или нешто друго по желба
-лепак

Слика

Изработката е премногу едноставна.Внимателно ги селектирате украсите кои сакате да
ги залепите на венчето и со помош на чепкалка за заби ги распоредувате по ваша желба.
Откако ќе ги распоредите сите украси како што треба ќе почекате лепакот да се исуши и
вашето ново венче е готово.

Слика
Слика
Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Февруари.2014 во 08:19
Слика
Слика
Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Февруари.2014 во 08:27
деаСлика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Февруари.2014 во 09:12

Слика
Слика


Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Февруари.2014 во 09:19


СликаСликаСликаСликаСликаСлика
Слика
Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Февруари.2014 во 15:33
Слика
Слика
Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Февруари.2014 во 15:35


Слика
Слика
Слика
Слика
Слика
Слика
Слика
Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: ANA_MARIJA
Датум на внесување: 10.Февруари.2014 во 20:00
koga bi mozela i ja da pastiram slikiтага

-------------
Mи е гајле
И за универзумот и законите кои го движат,
Гајле ми е ако утре запре светов


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Февруари.2014 во 20:17
Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Февруари.2014 во 20:26
СликаСлика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Февруари.2014 во 21:33
Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Февруари.2014 во 22:10

Направи сам: Нокти со мачиња


За денешен дизајн на вашите нокти одбравме мачиња. Погледнете ја сликата подоле и обидете се. Лесно е и едноставно.

И никако не заборавајте да ни постирате слики од нив.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Февруари.2014 во 22:14

Направи сам: Ланче со бисери



Аксесоарите кои ги носиме не мора секогаш да се купени од продавница. Некогаш можете да експериментирате и да направите сами нешто ново и уникатно. За да го направите ова ланче потребно е:

  • Материјал по желба
  • Бисери
  • Рибарски конец
  • Игла

Измерете колку материјал ви треба, со тоа што треба да планирате дел и за позадината од која ќе врзете машничка. Вденете ја иглата и еден по еден нижете ги бисерите помеѓу кои ќе стои материјалот. Зашијте на крајот и имате ново ланче



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Февруари.2014 во 22:17

Направи сам: ракавици скроени по ваш терк

 

Чувството да имаш себе креација што сам си ја создал, е неповторливо. Така ќе бидете единствени и ќе уживате во многу комплименти за уникатното дело. Дури и да не сте вешти со ножиците и иглата, денес ќе ви објасниме како сами да ги трансформирате старите ракавици во нови или на обичните нови ракавици да им дадете сопствен печат.

Потребни состојки:

Еднобојни ракавици, ножици, игла, конец и декоративни елементи, украси, панделки, копчиња, бисери или монистра, во зависност од вашите потреби, замисли и желби.

 

 

Прво исечете ги прстите на ракавиците, а потоа,  горниот дел од исечените прстите свијте ги навнатре и зашијте го за да создадете раб, како ракавиците во иднина не би се разресиле, ако добро маневрирате со машина за шиење, изработката ќе виде пофина. Ако пак, немате добри шивачки вештини, тогаш можете да купите ракавици на кои прстите им се веќе исечени.

 

 

Следува последната фаза, онаа најкреативната, декорирањето на ракавиците. Во продолжение еве неколку начини и идеи како можете да  ги украсите вашите ракавици. Следете го вашиот стил, внимавајте декорацијата да ви биде во согласност со бојата на вашата гардероба, фантазирајте, отворете неколку интернет страни видете ги предлозите таму и одлучете која варијанта е најсоодветна за вас. Среќно!

 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Февруари.2014 во 18:55

http://www.kafepauza.mk/zivot/napravete-sami-torba-za-na-plazha-koja-ne-sobira-pesok/" rel="nofollow - Направете сами: торба за на плажа која не собира песок


Летото е период од годината, во кој сите мечтаеме да ни исчезнат обврските, за да можеме да отидеме на плажа и да уживаме додека сонцето нè разгалува и топли, а водата нè освежува. Единствена мана, е тоа што кога сонцето ќе зајде и ќе се упатиме кон сместувањето, целиот песок од торбата за на плажа, го пренесуваме внатре.

http://www.iguana.com.mk/ponuda/39/605-2013-02-22-10-50-49" rel="nofollow">реклама


Блогот „ http://pm-betweenthelines.blogspot.com/" rel="nofollow - Between the Lines “ нуди решение на тој проблем, со мрежестата торба за на плажа, која многу лесно можете да ја сошиете сами, ќе ви трае речиси засекогаш и драстично ќе го намали количеството песок кое ќе го донесете дома од плажата. Едноставно само протресете ја кога ќе си заминувате од плажа. Плус, поради циркулацијата на воздухот, ќе ви се сушат и мокрите пешкири во неа. Генијална е!Направете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песок

Потребни материјали:

  • Комарник, нов или користен со должина 66×100 сантиметри
  • Парче пластика, дрво или картон за фиксирање на дното, со големина од 13×51 сантиметри
  • Мушама, нова или користена, за обвивање на парчето пластика/дрво/картон и за шиење џепче за дреболии
  • Памучна трака со која ќе ги декорирате внатрешните рабови на торбата и џепчето
  • Патент со должина од 15 см за џебот
  • Кожни ленти за рачките (доколку не можете да најдете кожа, можете да употребите парче од мушамата или друг материјал кој вам ви одговара)
  • Силни нитни за прицврстување на рачките за торбата
  • Перфоратор
  • Ножици, конец
  • Машина за шиење

Направете сами: торба за на плажа која не собира песок

Составување на џепчето

1. Од мушамата исечете:
 

  • правоаголник, со големина 17х6 сантиметри
  • правоаголник, со големина 17х28 сантиметри

2. Најпрво на двата краеви од патентот зашијте мали парчиња памучен материјал за декорација. Направете сами: торба за на плажа која не собира песок Наместете го патентот свртен да се отвора од десно кон лево. Свртете го патентот со лицето кон лицето на малото парче од мушамата и зашијте го горниот дел. За долната страна од патентот зашијте го големото парче мушама, притоа повторно свртени лице со лице. Ставете по еден штеп на двете долги страни од патентот за да стои мушамата полегнато.

3. Потоа превиткајте го големото парче одоздола, за да се соединат рабовите на малото и големото парче. Со конец затворете ги двете странични рабови на 0,5 сантиметри од крајот на мушамата и врз нив сошијте украсна трака. Врвот на џепчето нема потреба да го шиете, бидејќи тој ќе биде зашиен за внатрешниот раб на чантата.Направете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песок

Составување на торбата

4. Главни рабови – На пократката страна од комарникот, подвиткајте 3 см од работ, а потоа превиткајте уште еднаш во дупло. За да не ви бега мрежата, придржете ја со спојувалки и притиснете го работ убаво, со некој потежок предмет. Сошијте го работ и повторете ја постапката кај другиот пократок раб, но не заборавајте убаво да го центрирате џепчето, пред да го зашиете за работ.Направете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песок5. Странични рабови – Превиткајте ја мрежата на половина, со тоа што порабоувањето да дојде од внатрешната страна. Сошијте ги страничните рабови, на 0,5 см од крајот. Потоа, зашијте им трака за да ги украсите.Направете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песок6. Формирање на дното – Превртете ја торбата наопаку и фатете ги двете долни ќошиња. Држете со палците одозгора, а со средните прсти подраширете и легнете ја на рамна површина. Треба да го гледате дното на торбата, а страничните штепови да ви бидат одоздола. Проштепувајте ги левото и десното ќоше така за да се формираат триаголници. Триаголниците може потоа да се отсечат, на 5 мм од штепот.

7. Изработка на стабилизаторот за дното – За да го изработите дното, исечете две еднакви парчиња од мушама, еден сантиметар пошироки во сите страни од парчето картон, тенката пластика или дрвото што го имате најдено. Сошијте три страни, оставајќи ја едната куса страна несошиена и потоа превртете ја мушамата од лице и вметнете го внатре дното кое сте го обезбедиле. Потсечете ги малку четирите агли од правоаголникот, за да може убаво да легне дното во торбата.Направете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песок8. Прикачување на стабилизаторот со дното – Вметнете ја пластиката на дното од торбата. Едниот краток зашиен раб од добиениот производ, сошијте го за торбата. Украсете го со трака. Отворената страна којашто ја оставивте, не ја сошивајте за торбата, за да можете да го извадите картонот/пластиката/дрвото од џебот, кога ќе ја перете торбата. Тоа значи дека дното ви е прицврстено само за едната куса страна од торбата.Направете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песок9. Прикачување на рачките – Одлучете каде треба да дојдат рачките. Направете соодветни дупчиња и на рачките и на самата чанта со перфоратор. Зацврстете ги рачките за чантата со помош на нитни.Направете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокЗабелешка: Бидејќи големината на нитните никогаш нема перфектно да одговара на дебелината на употребениот материјал, надоместете ја разликата со тоа што ќе додадете едно мало парче кожа или некој друг материјал на задната страна. Ова истото така и ќе му додаде дополнителна цврстина на веќе употребениот материјал.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Февруари.2014 во 15:09

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17363-napravi-sam-cvetna-narakvica" rel="nofollow - Направи сам - Цветна нараквица

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17363-napravi-sam-cvetna-narakvica" rel="nofollow - -
- http://www.pinterest.com/pin/create/button/?url=http%3A%2F%2Fwww.crnobelo.com%2Fzabava%2Finteresno%2F17363-napravi-sam-cvetna-narakvica&media=&guid=EL6fbujjPqfj-0&description=%D0%9D%D0%B0%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B8%20%D1%81%D0%B0%D0%BC%20-%20%D0%A6%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BA%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B0" rel="nofollow - -

Денес ќе ви покажеме како сами да направите уникатна цветна нараквица, која може да ja носат невести, деверуши, матурантки и сите оние девојки кои сакаат цвеќе.

napravi-sam-cvetna-narakvica-1

Она што ви е потребно за да ја направите оваа нараквица е цвеќе, гранчиња, жица, украсна лента, лепило и две парчиња картон исечени кружно со дијаметар од 2 см.

На парче картон нанесете лепило и залепете го гранчето и цветот. Оставете да се исуши. Украсната лента намотајте ја околу жицата и залепете ги краевите за жицата. Со другото парче картон прицврстете го и букетчето за да не падне под тежината.

Подолу ви нудиме пример на нараквица со ружа, а можете да употребите и било каков друг цвет.

napravi-sam-cvetna-narakvica-2

napravi-sam-cvetna-narakvica-3

napravi-sam-cvetna-narakvica-4



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Февруари.2014 во 17:18
Направете сами сандали според моделот на Џузепе Заноти


Доколку немате доволно финансии за да си дозволите модел чевли од Џузепе Заноти, сепак не треба да се разочарувате. Постои идеално решение за овој проблем!
Слика
Потребно е да набавите пар сандали како овие на сликата или пак доколку имате сличен модел, тогаш потребно е само да обезбедите играчка во форма на змија, спреј во боја, игла, конец, украсни камења и лепак.
Слика
Слика
Слика
Прво треба да ја обоите играчката во иста нијанса во која ви се сандалите и на неа може да ставите украсни каменчиња, доколку тоа е ваша желба. Ставете ги сандалите на нозете и пробајте од прилика каде би ја сместиле играчката, која сега веќе треба да добие сосема друг изглед. На местата кои ќе ги одредите на горниот и долниот дел, ставете лепак и чекајте да се исуши.
Слика
Слика
Слика
Ако мислите дека лепакот нема да издржи, тогаш земете конец и игла и на тој начин зацврстете ја играчката змија на сандалата, па повторно повторете со лепак. Доколку бојата на конецот е во сосема различна нијанса може и него да го обоите со спреј и нема да се примети никаква разлика
Слика
Слика
Слика

Откако ќе се исушат спрејот и лепакот, ќе имате нов пар сандали кои одлично ќе се вклопат во аутфитите за претстојната пролетна сезона.
Слика
Слика
Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Февруари.2014 во 18:08

Направете сами: едноставни домашни маски против акни


Лицата кои имаат проблематична кожа заради акните се во постојана потрага по производи кои можат да ги ублажат нивните симптоми или да ги прекријат непријатните црвени дамки.

Освен што постојат многу козметички препарати, на располагање ви се неколку намирници кои ве чекаат дома, во фрижидерот или на некоја од полиците во кујната.

Маска од овес

Овесните снегулки се користат за ублажување на црвенилото предизвикано од акни и за смирување на кожата. Се мешаат две супени лажици овес со неколку лажици вода додека не се добие кашеста смеса. Пробајте да ја додавате водата постебено за да не стане премногу ретка.

Лицето темелно исчистете го, нанесете ја овесната каша и оставете да делува 25 минути. Измијте го лицето со млака вода и избришете го полека со нежно тапкање на пешкирот.

Маска со домати


Благодарение на доматите (кој е вистински „рудник“ на антиоксиданси), ќе имате тен кој зрачи од топлина, а истовремено ќе се ослободите и од масните наслаги на површината на кожата. Излупете ја кората од доматите , изгмечете ги и додадете една супена лажица лимонов сок. Добро промешајте ја смесата и нанесете ја на лицето. Оставете да дејствува додека не се исуши.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Февруари.2014 во 18:12

Домашен пилинг од цитрон за кожа без брчки

Домашен пилинг од цитрон за кожа без брчкиЦитронот е надалеку познат по својата улога во губитокот на килограмите, но дали знаевте дека ова чудесно овошје помага кога е кожата во прашање. Кога се применува локално, лимоновата киселина ги отстранува мртвите клетки од кожата со цел да добие посветол изглед. Цитронот исто така содржи алфа хидроксилна киселина – состојка која ја зголемува цврстината на надворешниот слој на кожата, што значи дека ќе имате помалку брчки.

Потребни состојки:

1 чашка шеќер

1/4 шолја маслиново масло

2 лажици сок од цитрон

Подготовка:

Измешајте ги состојките, натопете ги прстите со вода и потоа нанесете ја смесата на лицето со масирање и тријте две минути. После тоа, исплакнете со топла вода.

Забелешка: Доколку имате чуствителна кожа или исекотини на вашето лице, не би требало да го испробате овој пилинг, бидејќи е можно да дојде до иритација.


http://365.com.mk/index.php/tag/tsitron" rel="nofollow -


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Февруари.2014 во 09:25

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17375-napravi-sam-unikatni-maski-za-mobilen-telefon" rel="nofollow -

Постојат неограничен број на маски кои ги чуваат нашите мобилни телефони во секој момент кога постои голема опасност од оштетување. Но, зошто маската да не биде ваша уникатна декорација и препознатлив белег?

napravi-sam-unikatni-maski-za-mobilen-01

Постојат голем број на идеи и начини едноставната маска да ја претворите во уметничко ремек - дело.

Користете многу материјали и бои на кои не можете да им најдете друга намена и започнете ја оваа креативна авантура.

Ова се најдобрите идеи кои може да ги направите за само неколку минути...

napravi-sam-unikatni-maski-za-mobilen-2

napravi-sam-unikatni-maski-za-mobilen-3

napravi-sam-unikatni-maski-za-mobilen-4

napravi-sam-unikatni-maski-za-mobilen-5

napravi-sam-unikatni-maski-za-mobilen-6

napravi-sam-unikatni-maski-za-mobilen-7

napravi-sam-unikatni-maski-za-mobilen-8



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Март.2014 во 15:45

Направи сам: Шеќерен пилинг за усни


http://teenradio.com.mk/live/archives/9080#respond" rel="nofollow -
Усните се доста чувствителен дел од лицето во екстремни временски услови како многу ниски или пак, многу високи температури. Заради тоа, тие треба одвреме-навреме да бидат негувани со посебни третмани и пилинзи за да се излупи застарената кожа и тие повторно да бидат меки и нежни.

Усните се доста чувствителен дел од лицето во екстремни временски услови како многу ниски или пак, многу високи температури. Заради тоа, тие треба одвреме-навреме да бидат негувани со посебни третмани и пилинзи за да се излупи застарената кожа и тие повторно да бидат меки и нежни.

Ние ќе ви покажеме едноставен начин како да направите ваш, органски пилинг за усни со помош на неколку состојки кои воопшто не се тешки за набавување.

Она што ќе ви треба е :

  • чисто кокосово масло
  • кафеав шеќер
  • мед
  • кафена лажичка
  • супена лажица
  • тегла
  • длабока чинија за мешање

1. Осигурајте се дека густината на кокосовото масло е доволно дебела за да се нанесе на кожа, но и доволно мека за да може да се земе со лажица. Доколку маслото е премногу мрсно, ставете го 10-20 минути во фрижидер, а доколку е поцврсто, сместете го во топла вода 5-10 минути додека да подомекне.

Искомбинирајте една полна супена лажица кокосово масло со една супена лажица мед во чинијата. Покрај тоа што мириса извонредно, кокосовото масло е многу корисна природна состојка за производи за тело и кожа. Тоа содржи масни киселини и антиоксиданси  кои ја навлажнуваат и негуваат кожата, а додека медот содржи состојки кои чистат и регенерираат.

2. Измешајте ги двете заедно додека не добиете една и единствена густа смеса без грутки. Ова ќе служи како основа за пилингот.

3. Додадете две полни кафени лажички кафеав шеќер во основата и мешајте. Шеќерот не само што има фантастичен вкус, туку е одличен природен пилинг бидејќи не е многу груб и ја остава кожата мека на допир.

4. Додајте уште една кафена лажичка од кокосовото масло во смесата за да се омекне и да се навлажни уште повеќе. Префлете го пилингот во тегличка или мало кутивче.5. Пилингот кој може и да се јаде ќе трае до две недели доколку седи во фрижидер. Пред употреба, пилингот нека отстои околу 10 минути на собна температура за малку да омекне. Нанесете ја смесата со мали, кружни движења и правете го тоа 1-2 минути и избришете се со мека крпа.Сега имате сопствен пилинг за усни кои можете да го направите во секое време. Едноставно, нели?



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Март.2014 во 10:36

Направете сами: Природна крема против брчки

За жал, појавата на брчки е неминовна кај секој човек, а ова особено ги погодува жените. Кога ќе се соочиме со нив, почнуваме да даваме силен отпор користејќи различни креми, методи и козметички третмани. Но, дури и најскапите креми не ни гарантираат забавување на овие козметички несовршености, особено затоа што кожата брзо се навикнува на кремите и не ги дава секогаш соодветните резултати.

Доколку имате време и желба сами да направите домашна крема против брчки, тогаш можете да го искористите овој одличен и едноставен рецепт со природни состојки, кој одговара на сите типови на кожа.



Оваа домашна крема е идеално средство за нега на кожата: хидратизира, го израмнува тенот, ги намалува видливите бори и го забавува процесот на стареење на кожата, а видливи резултати дава веќе после 7 дена користење.

За нејзината подготовка потребни ќе ви бидат:

  • 1 свежа жолчка од јајце;
  • 2 лажици бадемово масло (можете да го замените и со маслиново);
  • половина лажица квалитетен мед;
  • 2 мали лажички медицински вазелин

Подготовка:

Растопете го вазелинот на пареа – потребни ќе ви бидат неколку минути. Потоа тргнете го садот од оган и додадете ги останатите состојки: медот, жолчката и маслото.

Мешајте ги добро сите состојки неколку минути, додека не добиете хомогена смеса.

Претурете ја смесата во чиста кутија од истрошена крема од 50-тина милилитри.

Кремата се нанесува со лесни кружни движења на чиста кожа. После 30 минути остранете ги остатоците од кремата со памук наводенет со минерална вода.

Оваа крема може да ви послужи како одлично средство за подмачкување при масажа на лицето.



Напомена: Кремата се впива во кожата подолго од еден час, така што треба да ја нанесете на лицето 2 часа пред да си легнете.

Истата чувајте ја во фрижидер, а доколку ви се потроши направете нова со истата количина на состојки. Немојте да правите двојна мера одеднаш, бидејќи нејзините состојки се природни и може да се расипат.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Март.2014 во 14:13

Шест супер додатоци што можат да се направат од машка вратоврска



Вратоврската која не ја носи вашиот сакан може да биде вашиот „Направи сам“ проект кој ќе го обожавате.

Во продолжение погледнете шест врзи начини на кои што можете да ја претворите машката мода, во женско симпатично парче.

Алка

6 Ways to Repurpose Mens Ties 0 - https://www.facebook.com/different.solutions.page

Чанта

tie clutch - https://www.facebook.com/different.solutions.page

Крагња

6 Ways to Repurpose Mens Ties 4 - https://www.facebook.com/different.solutions.page

Брош

6 Ways to Repurpose Mens Ties 6 - https://www.facebook.com/different.solutions.page

Коктел фустан

 

6 Ways to Repurpose Mens Ties 8 - https://www.facebook.com/different.solutions.page



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 21:38


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Март.2014 во 08:42

Направи сам-торба за плажа


На секоја девојка и е потребна голема, практична торба за на плажа која ќе се вклопува добро со бикините, наметката и сандалите. Најчесто треба да е практична за да ги собере сите тракатанци за еден ден на плажа, но и во чекор со моменталните трендови.


napravi-sam-torba-za-na-plaza-01

Во продолжение неколку предлози како може сами да изработите торба по ваш вкус и мерка.

Голема платнена торба

За оваа торба е потребно платно во некоја неутрална боја во ваш вкус, а сидрата и ѕвездите може да ги нацртате или залепите од сосема поразличен материјал. За рачки доволно е да одберете некое дебело јаже, коноп или интересен материјал.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-1

Жолто бела торба

Ова е најобична торба, но ако додадете некој интересен материјал во јака боја и може да изгледа супер. Во овој случај, доволно е да додадете 3 или 4 ленти во жолта боја, да го залепите или зашиете и торбата за на плажа ќе добие сосема нов изглед. Внатрешниот џеб направете го по вашите потреби, по мерка на телефонот или голем џеб во улога на преграда.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-2

Торба со кожни рачки

Уште една верзија на претходната торба, но овој пат ставате кожни рачки наместо платнени. Внатрешните џебови направете ги по потреба и поигрувајте си со дезените и боите.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-3

Мал вез

Ако не сакате да ја лепите или менувате премногу, тогаш вашата постоечка чанта само одвежете ја со некој интересен вез кој можете да го зашиете со игла и конец.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-4

Торба без шиење

За овој проект ви е потребен весел материјал и дебел коноп од кој ќе ги изработите рачките. Доволно е материјалот да го залепите од трите страни, а од четвртата да го протнете конопот низ 4те дупки за рачки.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-5

Торба со линии

Најдете обична торба и на неа нацртајте линии во една или повеќе бои со различна големина и ќе добиете тренди модел наместо обичен.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-6

Пешкир торба

Додајте рачки на завршетоците од пешкирот, добро испланирајте како ќе се преклопува и закопчува (најдобро е со мали нитни на барем две места) и ќе добите модерна пешкир торба.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-7

Плетена торба

Обичната плетена торба која нема шарм и изгледа малку старо, обојте ја со некоја боја или додадете и некој материјал. Во истиот момент ќе добиете нова, свежа и модрена чанта.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-8

Изолир лента

Верувале или не, оваа чанта е направена од малку подебела кеса украсена со ленти за изолир. Ова докажува дека може да употребите голема креативност и ако го имате основниот материјал ќе добиете модерен и уникатен аксесоар за плажа.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-9

Транспарентна торба

Транспарента торба од мрежи за прозорци е нешто на кое сигурно не ви текнало. Со само малку сошиена мрежа за прозорци и неколку украси и можете да добиете многу добар ефект.

napravi-sam-torba-za-na-plaza-10

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17799-napravi-sam-torba-za-na-plaza" rel="nofollow - -


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Март.2014 во 08:15

Направете сами: Мултипрактична наметка за секоја прилика

Направете сами: Мултипрактична наметка за секоја прилика

За само 20 минути и без шиење, направете го овој феноменален мулти – шал.

Еве како:

http://365.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/130.png" rel="nofollow">1

http://365.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/217.png" rel="nofollow">2

http://365.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/316.png" rel="nofollow">3

 

http://365.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/414.png" rel="nofollow">4

 

http://365.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/516.png" rel="nofollow">5

 

http://365.com.mk/wp-content/uploads/2014/03/615.png" rel="nofollow">6



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Март.2014 во 08:51
Направете сами-уникатни шноли за коса

Ова е интересен предлог за тоа како да го поминете слободното време со вашето дете. Доколку имате ќерка, ќе ви биде забавно да направите интересни шноли за коса, а воедно и ќе бидете задоволни од крајниот резултат. Овие шнолички не се наменети само за малите девојчиња, тие одлично може да го дополнат романтичниот изглед на поголемите девојки.

Потребни ви се обични црни шноли, копчиња во различни бои, лепило. Останува се на вашата креативност.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Март.2014 во 09:20

http://falanga.com.au/ova-e-vistinskoto-neshto-napravete-regenerator-za-kosa-od-maslinovo-maslo" rel="nofollow - Ова е вистинското нешто: Направете регенератор за коса од маслиново масло

Доколку одлучивте да ја намалите употребата на разни вештачки препарати, ова ќе биде вистинска работа за вас..

Ставете мала количина маслиново масло на дланките, па протријте ги за да се намрсат рамномерно. Сега тоа протријте го на деловите од косата каде што е најпотребно, на пример на краевите. Остатокот распоредете го на другите места, но избегнувајте го коренот.  Оставете 10 минути за косата да впие, а потоа исчешлајте ја и обликувајте фризура. Со тоа што ќе го впие маслото, ќе и даде тежина на лесната коса.

За сува коса втријте 2 лажици маслиново масло од коренот кон врвовите. Натопете крпа во врела вода, исцедете ја и замотајте ја околу главата во турбан, па оставете да делува 30 минути. Потоа измијте ја со шампон и обликувајте си ја фризурата. Ова ќе ја регенерира длабински, ќе и даде мекост и сјај.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Март.2014 во 09:23

http://falanga.com.au/domashen-losion-za-problematichna-koza-na-liceto-lechi-akni-i-bubulici" rel="nofollow - Во својот состав содржи етерични масла, минерали и органски киселини.

За лековитите својства на ловоровиот лист знаеле уште нашите предци кои го користеле за лечење на многу кожни болести

Ловоровиот лист против акни и бубулици е природен антисептик, кој овозможува чистење и дезинфекција на кожата.

Во својот состав содржи етерични масла, минерали и органски киселини, кои и овозможуваат одредено делување на бубулиците и на целиот организам во целост.

Помага во елиминација на бактерии, го намалува воспалението, предизвикано од акни и бубуљици.

-Ловоровиот лист го подобрува тонусот на кожата, има ефект на хидратација.

-Ги лечи раните на кожата и содржи имуностимулационо делување, благодарејќи на кое се нормализира работата на сите органи.

-го подобрува варењето, го смирува нервниот систем, лечи од заболување на зглобови и наслаги од сол.

Во домашни услови можете да направите лосион за проблематична кожа на лицето, кој е мошне ефикасен во борбата со акните и бубуљиците.

Ви предлагаме 2 рецепти,

 Ефикасен лосион за акни и бубулици

За подготовка на овој лосион ке ви бидат потребни 3-4 листа ловор (сув) и чаша вода (200мл)

-Ловоровиот лист полијте го со вода и ставете го на шпорет, да проврие.

-Намалете ја јачината на шпоретот и варете уште 5-7 минути.

-Изладете го и ставете го во однапред припремено шише.

Овој лосион може да се користи за секојдневно бришење на лицето, наутро и навечер.Се препорачува на лица со проблематична и масна кожа.

 Втор рецепт за лосион од ловоров лист

-Однапред издробените листови од ловор (сув) , се полеваат со ракија или медицински алкохол (52%) во сооднос 1:1.

-Оставете го да одстои на собна температура 5-6 дена.

Потоа лосионот е спремен за користење. Овој домашен лосион за бришење се користи секој втор ден, наутро и навечер.

Не само што помага за елиминација и воспалителниот процес, туку е мошне ефикасен и во борбата со пигментните флеки, и со самото тоа го израмнува тенот.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Март.2014 во 09:39
Како да ги искористите старите парчиња облека?

Како да го испланирате вашето слободно време, а во исто време да им најдете намена на непотребните парчиња облека? Ви предлагаме неколку начини како да направите интересни детали за вашиот изглед.

1488252_778537735493420_645345526_n

1502575_787665457913981_1034216356_n

1525623_787629457917581_1191634833_n

 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Март.2014 во 11:22
Како да направиш сама-домашна пудра во прав

Пудра во прав можете едноставно и брзо да направите според овој рецепт. Природните состојки ќе ја нахранат вашата кожа, ќе и дадат здрав сјај и ќе ги скријат неправилностите многу подобро од обичната пудра што би ја купиле.

Се што ви е потребно за да направите домашна пудра во прав е пченично брашно или обично бело брашно, густин, какао во прав или чоколада во прав, цимет, ванила и француска зелена глина. Сите состојки се мешаат, а постапката е следна:

Во стаклен сад ставете 2 лажици брашно, бело или пченкарно, количината на останатите состојки зависи од тенот на вашата кожа, па затоа треба да додавате од останатите намирници се додека не ја добиете вашата идеална боја.

Ванилата е за посветли жени кои имаат таков тен. Доколку вашата кожа е жолтеникава, за вас ќе биде идеално да додадете ѓумбир во прав кој ќе ја неутрализира таа нијанса и ќе ја заштити вашата кожа.

Можете готовата пудра во прав да ја мешате со етерични масла, лосиони за тело, млеко за тело или хидратантен крем за лице. Маслиновото масло оди одлично во комбинација со пудрата, но само во мали количини, за да не биде пудрата многу мрсна.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Март.2014 во 11:23
Како да направите домашен и природен ботокс?

Доколку сакате да имате затегната кожа по природен пат испробајте со јајца!

При тоа, тие ќе ги затворат проширените пори и ќе ги ублажат ситните брчки.

Имено, јајцата содржат албумин, супстанца богата со аминокиселини која го затегнува површинскиот слој на кожата.

Маска од белки

Направете чврст снег од две белки и една лажичка шеќер.

Добиената смеса нанесете ја на лице и оставате ја делува петнаесетина минути.

Маската отстранете ја со помош на газа, натопена во вода.

Совет плус: Освен во затегнување на кожата, јајцата можат да ви помогнат и кај оштетената коса.

Измешајте една лажица изматена жолчка со три лажици неутрален шампон.

Со добиената смеса измијте ја коста.

 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Март.2014 во 13:39
Домашен шампон против првут и брзо растење на косата

Со цел косата да ви биде здрава морате да ја чувате и негувате од надворешноста па се до нејзината срцевина. Освен готовите шампони, од кои повеќето нема да ви одговараат, ви нудиме решение за кое ви се потребни неколку лесно достапни состојки и малку време.

Состојки:

Пола литар благ беби шампон или шампон од коприва

Едно шишенце АД капки

Едно шишенце концентрирани капки од коприва

Едно шишенце пантенол раствор

Во посебно шише додадете го шампонот, капките и растворот, добро измешајте и мијте ја косата на вообичаениот начин.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Март.2014 во 13:55
ДОМАШНА КРЕМА ПРОТИВ БРЧКИ

Рецепт:
За подготовка на оваа крема потрено е:
1 свежа жолчка од јаце
2 лажици бадемово масло (може да се замени со маслиново)
½ лажица квалитетен домашен мед
2 мали лажички медицински вазелин

ЛОСИОН ЗА АКНИ
За приготвување на овој лосион потребни ви се 3-4 ловорови листови (суви) и 200 мл. вода.
Водата се става на оган да зоврие и се додаваат листовите од ловор. Се намалува на тивко огнот се промешува, се става поклопецот на тенџерето и се вари 5-7 мин. Течноста се лади и процедена се пресипува во шишенце. Овој лосион може да се користи наутро и навечер и се препорачува на лица со проблематична и масна кожа.

ЛОСИОН ЗА БУБУЛИЦИ СО АЛКОХОЛ
Издробете 3-4 суви листови ловоров лист и прелијте ги со медицински алкохол 200 мл. (помешан со вода соодност 1:1) или домашна ракија (52%). Се остава да одстои на собна температура 5-6 дена. После тоа лосионот е спремен за користење. Се процедува и се става во шишенце, се користи наутро и навечер за елиминирање на бубулици и воспалителни процеси.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Март.2014 во 16:13

http://falanga.com.au/domashen-krem-protiv-brchki--fantastichen-efekt-za-7-dena" rel="nofollow - За жал, појавата на брчки е неизбежна кај секоја жена..

И со нивното доаѓање почнуваме френетично да се бориме, со помош на разни кремови, методи и козметички третмани. Но, дури и најскапите креми не ни гарантираат целосно ослободување од овие козметички недостатоци , особено што кожата многу брзо се навикнува на купечките креми и не секогаш има соодветни резултати.

Ако имате време и желба да подготвите домашен крем против брчки , тогаш можете да ги искористите предностите на оваа одлична рецепта.

Оваа домашна крема е совршен лек за кожата: хидрира, го израмнува тенот, ги намалува брчките и стареењето на кожата. Нејзината предност – се природните состојки и безбедноста. Погодна за сите типови на кожа.

Резултати се видливи веќе за 7 дена. Оние кои се однесуваат со почит кон нивната кожа, овој крем ќе го засакаат . Рецептот е лесен и навистина неверојатен.

Домашен крем против брчки- Рецепт:

За да го подготвите овој крем ви биде потребно:

- 1 свежа жолчка од јајце

- 2 лажици бадемово масло ( може да го замени маслиново )

- Половина лажица квалитетен мед (било кој)

- 2 лажички медицински вазелин

Подготовка:

Вазелинот се растопува на водена пареа. Тоа ќе потрае неколку минути.

Го тргаме од шпоретот и ги додаваме другите состојки : медот , жолчката од јајце и маслото.

Сите состојки темелно се мешаат . Мешајте неколку минути додека не добиете хомогена смеса.

Ставете ја смесата во една кутија, може во кутија од стара крема, ќе биде доволна кутија од 50 мл.

Со лесна масажа се нанесува на чиста кожа. По 30 минути отстранете ја кремата со памукче натопено во минерална вода ( кисела) или влажно шамивче за лице.

Забелешка: Кремот се апсорбира во кожата повеќе од еден час , така што треба да се нанесува на лицето 2 часа пред спиење.

Чувајте ја кремата во фрижидер. Кога ќе се потроши , и ако сте задоволни , направете си нова доза. Овие состојки се природни, и не правете двојна доза одендаш , за да не се расипе.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Март.2014 во 16:22

http://falanga.com.au/dve-ispitani-recepti-za-otstranuvanje-na-brchki-pod-ochite" rel="nofollow -

Брчките под очите можат да се појават од различни причини и во по млада возраст..

Тоа зависи од здравствената состојба, од шминката или просто од гримасите кои често ги правиме.

Кожата околу очите е многу тенка и чувствителна, така што брчките на неа многу брзо се појавуваат. Следните природни рецепти ќе ви помогнат во грижата за проблематичната зона околу очите.

Во топло млеко ставете срединката од лепчето, и направете мека каша. Нанесете ја околу очите и почекајте 15-20 минути. Потоа исплакнете со топла вода.

Измешајте 1 белка од јајце со една лажица мед и една лажица брашно, но претходно истопете го медот на пареа, за да го направите течен. Нанесте околу зоната на очите и почекајте 10 минути. Потоа убаво исплакнете со вода.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Март.2014 во 21:53

http://falanga.com.au/napravete-sami-osvezuvach-za-telo" rel="nofollow -


Освежувачот за тело е идеален за оние кои се излезени поголем дел од денот. Наместо за него да плаќате, можете и самите да си го подготвите. 

Подготовката е многу едноставна. За само неколку минути ќе имате прекрасен освежувач кој може да го понесете со себе каде и да одите.

180 мл дестилирана вода

25 капки етерично масло од лимон и портокал

Измешајте ги овие состојки во боца со распрскувач. Измешајте пред употреба. Не го користете во близина на очи.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Април.2014 во 22:20

http://falanga.com.au/domashen-losion-od-koj-kosata-povekje-nema-da-opagja" rel="nofollow -

Пред да посегнете по хемиските средства, помогнете си со некои природни средства.

Не ретко се случува да се соочуваме со овој проблем, опаѓање на косата. Пред да посегнете по хемиските средства кои се наменети токму за опаѓање на косата можеби и може да си помогнете со некои природни средства. Обидете се со лосионот кој може и самите да го подготвите дома.

Потребни состојки за домашниот лосион се:

15 лажици сува коприва ситно исецкана

5 лажици цвет од камилица

300 мл вински оцет

Начин на подготовка:

Во 1,2 литри вода која врие ставете ја копривата. Потоа поклопете, тргнете го садот од оган и оставете нека стои два часа. По два часа ставете го садот повторно на оган и кога ќе се стопли ставете ја камилицата. Тргнете од оган и оставете нека отстои уште два шаса. Потоа процедете и додадете го винскиот оцет.

Секоја втора вечер мачкајте се со овој лосион. Или правете го тоа кога знаете дека ќе бидете дома.

За да ефектот биде поголем потребно е и да се масирате со лук, но поради силниот мирис многу често го избегнуваме. Затоа практикувајте го лосионот, но бидете редовни за да постигнете резултати.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Април.2014 во 13:33

http://www.crnobelo.com/zivot/zdravje/22383-najdobri-domasni-lekovi-za-podueni-podocnici" rel="nofollow - Најдобри домашни лекови за подуени подочници


Надуените подочници се еден од најчестите утрински проблеми на жените. Косата може да се исчешла, акните може да се покријат со коректор, но подуени кесички под  очите не можат да се скријат ниту со најдобрата пудра.

najdobri-domasni-lekovi-za-podueni-podocnici-01

Затоа, погледнете како да ги спречите подочниците, но и како да ги излечите со помош на домашни состојки.

Ладни краставици

Краставиците одамна се користат како лек за подуени подочници. Сигурно сте виделе дека жените тоа го прават. Краставиците содржат многу антиоксиданси и флавоноиди кои помагаат за црвенилото, отоци и иритација.

Едноставно, исечкајте ја краставицата на тенки кругови, кои ќе ги ставите на очите. Оставете ги да отстојат 30 минути и веднаш ќе се чувствувате посвежо и подмладено.

Свеж компир

Наместо краставица може да користите и свеж изладен компир. Тој подолго останува ладен и содржи соединенија кои може да ви помогнат во отстранувањето на вишокот течности од подочниците.

Компирот можете исто како и краставицата да го исечете на кришки или ставете го во блендер и добиената смеса ставете ја на тенка газа, па направете облоги за уморни очи.

najdobri-domasni-lekovi-za-podueni-podocnici-1

Млеко

Често се користи за оваа намена, а најдобро делува полномасното млеко. Едноставно натопете парче вата во ладно млеко, исцедете го вишокот и ставете ја на очи. Оставете ја да отстои десетина минути и ќе видите дека отоците спаднале.

Зелен или црн чај

Кесичките со чај се уште еден популарен домашен лек против подуените подочници. Црниот и зелениот чај содржат кофеин кој ги смирува крвните садови во кожата околу очите.

Исто така, кесичките со чај ја поттикнуваат циркулацијата. За да го направите овој третман , ставете две кесички чај во топла вода и оставете ги да отстојат неколку минути. После тоа извадете ги кесичките и оставете ги да се изладат.

Ладните кесички ставете ги на очите и оставете ги да делуваат околу 15 минути. Правете го ова двапати неделно и ќе видите како кожата околу очите ќе почне да ви се затегнува.

najdobri-domasni-lekovi-za-podueni-podocnici-2

Камилица

Камилицата не содржи кофеин, но затоа е позната по своите антибактериски и антиинфламаторни својства. Се користи за лечење на многу болки, но и за подочниците е одлична, бидејќи го намалува црвенилото и ги одмора очите.

Белка од јајце

Одвојте ја белката од жолчката и изматете ја добро додека не стане цврста и пенеста. Најдобро е тоа да го направите со миксер. Таквата смеса нанесете ја со прсти на подочниците и оставете ја да делува околу 15 минути. Додека белката се суши, ќе почувствувате како кожата ви се затегнува.

najdobri-domasni-lekovi-za-podueni-podocnici-3



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Април.2014 во 13:36

http://falanga.com.au/napravete-maska-od-luk-i-podmladete-se-za-20-minuti" rel="nofollow - Маската од лук и помага на кожата да остане млада подолго време.

Маската од лук и помага на кожата да остане млада подолго време и да добие свеж изглед. 

Миризбата не е многу пријатна, и да се направи таква процедура не е лесно, но затоа пак, оваа маска е неверојатно ефектна. 

Земете една мала главица лук и изрендајете ја. Додадете една супена лажица бела глина и една мала лажичка мед. 

Нанесете ја маската на лицето и чувајте ја 10 минути. На крајот измијте го лицето со ладна вода.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Април.2014 во 13:53

http://falanga.com.au/odlichna-maska-za-chistenje-na-porite" rel="nofollow -

Маската можете сами да ја подготвите.

Речиси не постои жена која немала проблем со „запушени" пори. Тоа е неизбежен и природен процес. Темните точки на вашето лице се составени од себиум и мртви клетки од вашата кожа. Можеби не изгледаат најдобро, но за среќа постои начин на кој тие можат да се исчистат - со едноставна маска за лице која можете да ја направите дома. 

Потребно:

1 лажица желатин

2 лажици вода

Подготовка: 

Желатинот и водата измешајте ги во мала стаклена здела и ставете ги во микробранова печка на 7 секунди. По 7 секунди смесата би требало да биде глатка и доволно густа да се лепи на вашата кожа. Маската нанесете ја на претходно исчистена кожа.  Почекајте да се исуши (околу 20 минути) и потоа исплакнете.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Април.2014 во 19:05

http://www.crnobelo.com/zivot/moda-i-ubavina/17858-domasen-spa-tretman-so-kivi" rel="nofollow - Домашен спа третман со киви


Кивито е интересна и корисна овошка за оние кои сакаат да ги ублажат брчките на лицето и да ја зачуваат еластичноста на кожата. Ова егзотично овошје е богато со витамин Ц, поточно едно киви ви е повеќе од доволно за да ги покриете дневните потреби на овој витамин.

domasen-spa-tretman-so-kivi-01

Високото количество на витамин Ц ја регенерира кожата, па затоа маската од киви е препорачлива за сите оние кои имаат над 25 години, добата кога количината на колаген и еластин во кожата опаѓа.

Постојат неколку варијации на маските од киви.

Ефикасна е маската од свежи кругови киви поставени на целото лице. Доволно е да дејствуваат околу 10тина минути за да забележите огромна промена. По оваа маска од свежо киви, задолжително исплакнете го лицето со млака вода и нанесете хранлива крема.

Можете да направите и мешавина од пасирано киви и половина банана. Одлична храна за кожата, која е доволно да делува 15-20 минути пред да ја исплакнете.

domasen-spa-tretman-so-kivi-1

Кивито и медот се исто така добитна комбинација за оние кои сакаат да ја сочуваат меката и еластична кожа. Леплива и вкусна маска која за само 10тина минути ќе го постигне посакуваниот ефект.

Егзотичната маска од киви, маслиново масло и путер од кокос, освен тоа што мириса одлично, на кожата и дава доволно хранливи материи за претстојната седмица. Што значи, доволен е еден ваков третман неделно, од само 15 минути за да ја зачувате младоста.

domasen-spa-tretman-so-kivi-2



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Април.2014 во 19:18

http://falanga.com.au/domashen-piling-za-telo-od-kafeav-shekjer" rel="nofollow - Препорачан е од страна на луксузниот спа-центар во хотелот Dove Mountain, Аризона..

Едноставен да се направи по дома и суперевтин, овој пилинг за тело е многу понежен за вашата кожа од оние коишто се базирани на сол. Тој ќе ви ја подобри циркулацијата и ќе ви ги отстрани мртвите клетки од вашата кожа. Препорачан е од страна на луксузниот спа-центар во хотелот Dove Mountain, Аризона. 

Потребни состојки:

- 200 грама кафеав шеќер

- 150 грама бадемово масло

- 1 супена лажица витамин Е

- 1 супена лажица ванилин екстракт

Начин на употреба: 

Искомбинирајте ги сите течни состојки и потоа додадете го шеќерот. Можете да додадете и неколку капки етерично масло од рузмарин, кој е еден вид природен конзерванс кој ќе го одржува рокот на употреба на вашиот природен пилинг. Употребувајте го пилингот во када, пред да се туширате, триејќи го на вашата кожа, во кружни движења. Потоа измијте го шеќерот со тушот, но не го измивајте маслото со сапун, за кожата да ви остане свиленкасто мазна и да има совршена влажност.

Откако ќе го направите рецептот, можете да го складирате во стаклен сад со капаче, а истиот ќе можете да го користите во времетраење од околу 1 месец.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Април.2014 во 21:57

http://falanga.com.au/kako-sami-da-si-napravite-techna-pudra" rel="nofollow - Секоја жена трага по идеалната пудра..

Секоја жена трага по идеалната пудра. Секогаш прв услов за совршен изглед на кожата на лицето е нејзиното негување, а потоа следи шминката. Совршената пудра е основен и најважен елемент на шминкањето, па затоа е многу важно да се комбинираат и бараат оние што најмногу одговараат на кожата. Ви ја прикажуваме постапката како од природни состојки и минерална пудра во прав да направите течна пудра.

Потребни состојки:

- минерална пудра во прав (нијанса и вид кој најмногу ѝ одговара на вашата кожа)

- масло за лице (бадемово, кокосово, маслиново…)

- некоја капка етерично масло

Начин на подготовка: 

Во еден сад ставете ја пудрата во прав и маслото, во сооднос 2:1. Мешајте додека не се растопат сите грутчиња. Додавајте пудра и масло додека не добиете густина која ќе ви одговара. Откако ќе ја добиете потребната густина, капнете некоја капа етерично масло.

Се нанесува како и секоја друга течна пудра, а можете да ја зацврстувате со нанесување на малку минерална пудра во прав, особено кога времето е повлажно или ако имате масна кожа.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Април.2014 во 14:54

http://www.crnobelo.com/zivot/moda-i-ubavina/22545-napravete-sami-prakticna-nametka-za-sekoja-prigoda" rel="nofollow - Направете сами: Практична наметка за секоја пригода


Отсекогаш посакувавте да имате едно универзално парче облека кое ќе можете да го носите за секоја пригода, со маички, здолништа, над фустани?

napravete-sami-prakticna-nametka-za-sekoja-prigoda-01

Сега оваа желба може да ви се оствари за само 20 минути. Сè што треба да купите е парче материјал со боја по желба кое брзо и лесно ќе го претворите во наметка.

napravete-sami-prakticna-nametka-za-sekoja-prigoda-02

Материјалот треба да е растеглив, да паѓа и да е со димензии 150cm x 102cm.

napravete-sami-prakticna-nametka-za-sekoja-prigoda-03

Поставете го материјалот по должина, одбележете го делот кој ќе го исечете за рацете, на 30cm од краевите.

napravete-sami-prakticna-nametka-za-sekoja-prigoda-04

Добро затегнете, па пресечете линија од 10 до 15 сантиметри.

napravete-sami-prakticna-nametka-za-sekoja-prigoda-05

Раширете го материјалот и вашата наметка е готова.

napravete-sami-prakticna-nametka-za-sekoja-prigoda-06

Еве како можете да ја носите:

napravete-sami-prakticna-nametka-za-sekoja-prigoda-07



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Април.2014 во 21:31

Алки за рака

Наместо да давате многу пари за различни алки, кои сепак нема да бидат со дезенот што го сакате, зошто не направите сами на овој едноставен начин? 
Исечете пластично шише, обвиткајте го со  http://marketkonekt.com/makedonija/pakuvanje-i-pechatenje/samoleplivi-traki-selotejp-filmovi-hartii/dakt/qf6.htm" rel="nofollow - дакт трака , изберете материјал по ваша желба и залепете го со  http://marketkonekt.com/makedonija/alati/lepila/super-lepak-lepilo-za-plastika-drvo-guma-metal-parfix-3412/NC9.htm" rel="nofollow - супер лепак , a за прецизно нанесување, искористете го http://marketkonekt.com/makedonija/alati/gradezhni/termoplastichen-pishtol-za-lemenje/d51.htm" rel="nofollow - пиштолот за лепење .


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Април.2014 во 20:50

ЕЛИКСИР НА МЛАДОСТА

7

Направете ги овие две рецепти и верувајте нема да зажалите! Ќе бидете здрави и заштитени од сите болести, а освен тоа младоста подолго ќе ви трае! Организмот старее пред време поради лошите животни навики, но овие лекови ќе го исчистат вашето тело од отровите и вашата кожа ќе блесне.

1.ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг мед

10 лимони-исцеден сок

10 главици лук-истолчени

ПОДГОТОВКА:

Свежо исцедениот сок од 10 лимони се меша со кашата добиена од истолчениот лук, па се’ заедно се меша со медот и се остава една недела да стои во затворена тегла.

Се пие по 4 лажички еднаш дневно, но не треба да се голта веднаш туку полека да се земаат една по друга четирите лажички. Да не се пропушти ниту еден ден. Оваа количина треба да биде доволна за два месеца.

2.ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 г лук-толчен

24 лимони-исцеден сок

ПОДГОТОВКА:

Лукот се толчи, се цеди сокот од 24 лимони, се’ заедно се меша и се става во стаклена тегла, се покрива со газа и се остава 24 часа. Пред употребата треба да се промеша. Се зема еднаш дневно-пред спиење: една лажичка се меша со половина чаша вода и се пие.

По 1-14 дена заморот исчезнува и се враќа здравиот сон. Ова средство против отежнато дишење, исто така, е средство за помладување на крвта, посебно кај исцрпените и ослабени лица, претставува еликсир на младоста.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Април.2014 во 20:51

ДОМАШНИ ЛЕКОВИ ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА

13

1.    Кокосово млеко. Во Тајланд и на Филипините употребата на кокосовото млеко е традиционален народен лек против опаѓање на косата. Околу половина чаша кокосово млеко се нанесува на скалпот и се остава да делува околу 30 минути. Главата ја покривате со крпа за да се отворат порите. На крај ќе ја исплакнете косата со некој благ шампон.

2.    Есенцијално масло од рузмарин. Маслото од рузмарин се користи во ајурведската медицина против опаѓање на косата. Три лажички од ова масло го мешате со 6 лажички маслиново масло или масло од авокадо. Смесата се нанесува на скалпот и се остава 20-25 минути да отстои со покриена глава. Се плакне со благ шампон.

3.    Црн пипер и сок од лимон. И двете состојки се дел од традиционалната народна медицина кои се користат за растење на косата. Две лажици црн пипер се мешаат со ¼ чаша лимонов сок во процесор додека да се создаде фина паста. Се нанесува на скалпот и се остава да делува 45 минути со покриена глава. Се мие со ладна вода и благ шампон.

4.    Мед.

-измешате пола филџан маслиново масло, една лажица природен мед и една лажица мелен цимет во процесор и направете паста. Нанесете со масажа на скалпот и оставете 15-20 минути со покриена глава. Исплакнете и повторете 3-4 пати неделно.

-Измешајте една лажица мед со една чашка ракија и сок од една главица кромид. Нанесете ја смесата на скалпот, секоја вечер, оставете да делува преку ноќта а исплакнете изутрина.

-1/4 чаша сок од кромид со природен мед, измешајте и масирајте го скалпот секоја ноќ.

-масирајте го скалпот и косата со мед и жолчка од јајце. Оставете 30 минути а потоа исплакнете. Овој лек помага и за сува коса.

5.  Сок од пиреј. Сокот од пиреј или сокот од Алое Вера имаат    најпознато ефективно лековито дејство против опаѓање на косата.  По масажата на скалпот, се мие косата со млака вода. Ова може да се прави два пати неделно.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Април.2014 во 20:52

ДОМАШЕН ЛОСИОН ПРОТИВ БРЧКИ

17

Брчките се појавуваат кај сите луѓе порано или подоцна во животот. Тие зависат не само од возраста, туку и од типот на кожата. Еве еден рецепт кој може да ви помогне да го решите овој проблем. Според кажувањата на тие што го користеле , ефектот од рецептот  може да се види после 12-13 дена од неговото користење.

Рецепт:

5 грама рузмарин, 1оо мл суво црвено вино, 100 мл водка. Алкохолот се става во темно шише кое се чува на ладно. Се додава рузмаринот и шишето секојдневно се протресува. По шест недели течноста се цеди и се става во помало шише.
Лицето со памукче и од течноста се мачка двапати на ден.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Април.2014 во 20:53

ЧИСТО ЛИЦЕ БЕЗ АКНИ СО ДОМАШЕН ЛЕК ОД “ЧУВАР КУЌА“

01

Чувар куќа е лековито растение, добро познато на нашите баби и користено против многу болести. Денес ќе ви покажеме како да го исчистите лицето од акни и лузни од акни со помош на домашен лек подготвен од ова скапоцено растение. Лекот се подготвува многу лесно и докажано е многу ефикасен. Пробајте и уверете се – нема ништо подобро од лекување со моќта на природата!

Начин на подготовка на лекот:

20 грама свежа билка и 30 грама сув лист од Чувар куќа да се прелие со литар вода да преноќи. Следниот ден да се стави на оган да зоврие и да се остави да врие 15 минути.

Треба да отстои поклопено да се лади околу 20 минути па да се процеди.

Со оваа течност лицето треба да се чисти пет пати дневно, а постапката да се повтори неколку пати, се додека лицето не се исчишти од акни. Лосионот се чува во стаклен сад во фрижидер.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Мај.2014 во 08:24


http://www.crnobelo.com/zivot/moda-i-ubavina/23594-interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami" rel="nofollow - - Интересни летни маички кои можете да ги направите сами

Употребете ја вашата имагинација и од старите маичка направете си комплетно нова, уникатна и модерна маичка која ќе обожавате да ја носите.

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-1

Со малку труд и креација вашата стара облека ќе добие нов изглед, а вие со сигурност ќе се издвоите од толпата и ќе го изразите вашиот стил и вкус за модата.

Додадете боја на белите маички, додадете тантела низ која ќе се проѕира дел од вашето тело, интересни или впечатливи нитни.

Сето тоа можете да го направите за кратко време, а денес издвоивме неколку интересни маички кои со сигурност ќе ве инспирираат:

1. Тантелата е секогаш одличен избор. На вашите секојдневни маички додадете тантела, а тоа можете да го направите додавајќи ја на средината или пак по краевите.

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-001


2. Маичка со гол грб во облик на срце
. Оваа маичка е огромен хит и ова е нешто што морате да го имате. Истата се прави многу едноставно. Обложете ја маичката во форма на срце со украсена лента и зацврстете ја со лепило. Внатрешноста од срцето исечете ја со ножици.

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-4

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-5


3. Златести копчиња. 
Златести, сребрени, шарени и секаков вид на копчиња или нитни ќе изгледаат одлично на маичките. На вашата стара кошула или палто променете ги копчињата и ќе добиете целосно ново парче гардероба.

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-6


4. Модерна џинс маичка.
 Бидејќи џинсот е повторно во мода, пробајте да ја модернизирате вашата обична џинс кошула со тоа што ќе го отстраните целиот горен дел. Така ќе добиете кошула со голи рамена која изгледа секси и заводливо.

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-7


5. Маичка со циркони.
 Набавете впечатливи циркони или искористете некои делови од стар накит. Зашијте ги цирконите за кошулата онаму каде сакате и повторно добивате нова, модерна маичка или кошула.

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-8


6. Омбре маичка. 
Се прави многу лесно и потребни ви се два спреја во било која боја. Со потемниот спреј за ткаенина испрскајте го долниот дел од маичката, а веднаш над него измешајте и додадете од другата посветла нијанса на спреј.

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-9



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Јуни.2014 во 11:01

НАПРАВЕТЕ САМИ ЕФИКАСНА МАСКА ПРОТИВ БРЧКИ: СОСТОЈКИТЕ ВЕЌЕ ГИ ИМАТЕ ВО СВОЈАТА КУЈНА

9

Не трошете пари за скапа козметика, бидејќи сосема доволна ви е маската од банани, јогурт, мед и сок од лимон.
Ви откриваме како да изгледате доста помладо за само 20 минути.
Измешајте една лажица пасирана банана со една лажица јогурт, половина лажица мед и неколку капки сок од лимон. Лицето измијте го и врз него ставете топла крпа за да се отворат порите и да се подготви кожата за подобра апсорбција на хранливите материи.
Нанесете ја маската и оставете да делува 20 минути, а потоа само исплакнете со млака вода. На крај нанесете хидратантен крем.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Јуни.2014 во 08:56

http://www.crnobelo.com/zivot/ubavina/24099-kako-sami-da-napravite-zdravo-maslo-za-soncanje" rel="nofollow - - Како сами да направите здраво масло за сончање?


Летото пристигна, а со него и желбата за малку потемен тен. А, затоа што средствата во продавниците имаат голем процент на хемикалии, научете како сами да направите масло за заштита од сонцето.

kako-sami-da-napravite-zdravo-maslo-za-soncanje-01.jpg

Имате две можности - класично масло и масло со разладувачки ефект.

За класичното масло потребно ви е:

  • ½ шолја бадемово или маслиново масло
  • ¼ шолја кокосово масло
  • ¼ шолја восок од пчела
  • 2 лажици цинк оксид (се продава во сите аптеки)
  • 2 лажици шеа путер
  • Екстракт од ванила или етерично масло по избор, за мирис

Подготовка:

На тивок оган загрејте ги маслата и стопете го восокот. Додајте го путерот, а кога смесата ќе се олади додајте го цинк оксидот. Избегнувајте директно да вдишете дел од правот. Убаво измешајте и користете пред да се изложите на сонце.

Рок на траење: 6 месеци

kako-sami-da-napravite-zdravo-maslo-za-soncanje-02.jpg

За маслото со алое вера потребно ви е:

  • ½ шолја алое вера гел
  • 20 капки масло од морков
  • 5 лажици масло од пченични никулци
  • 5 капки масло од лаванда

Подготовка:

Помешајте ги сите состојки. Пред употреба примешајте и напрскајте на кожата.

Рок на траење: 6 месеци

Важно: Кога ги купувате маслата, обрнете внимание на тоа да се нерафинирани и ладно цедени. Во спротивно, имаат понизок заштитен фактор.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Јуни.2014 во 20:16

НАПРАВЕТЕ ДОМАШЕН КРЕМ ЗА СОНЧАЊЕ СО ЗАШТИТЕН ФАКТОР ОД УВ ЗРАЦИ

11

Наместо да купувате разни комерцијални и често токсични продукти, можеме да направиме крем со фактор, кој ја штити кожата од УВ зраците.
Путер за убав тен
100 мл кокосово масло, екстра вирџин – има фактор за заштита од УВ зраците, мисира фантастично и се топи на сонце.
30 гр путер од какао – со негова помош ќе добиете чоколадна боја.
20 мл масло од сусам – за заштита од слободните радикали.
Шишенце од 150 мл.
Во тенџере со топла вода (околу 60 степени) ставете стаклен сад, во кој ќе ги стопите путерот од какао и кокос. Кога ќе станат течни додадете го и маслото од сусам. Измешајте добро и префрлете ја смесата во чисто и суво шише.

 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Јуни.2014 во 20:17

МАСАЖА СО МЕД ПРОТИВ ЦЕЛУЛИТ

17
http://popara.mk/2014/zhivot/ubavina/masazha-so-med-protiv-celulit/" rel="nofollow -

http://popara.mk/2014/zhivot/ubavina/masazha-so-med-protiv-celulit/" rel="nofollow - За да направите масажа со мед во домашни услови потребно е да ги намачкате проблематичните зони со тенок слој мед. Откако ќе го намачкате телото, поставете ги дланките врз покриената со мед кожа (важно е рацете да се суви) и одлепувајте. Првите неколку пати кога ќе одлепувате, ќе биде лесно, но секој наред пат отпорот ќе биде потежок.
И покрај слабата болка, која се чувствува за време на масажата, процедурата е исклучително ефикасна.
Вакумот што се создава при одлепување на рацете од кожата го разбива целулитот, а истовремено така се подобрува и циркулацијата.
Процедурата трае се додека медот кој останува по рацете не добие бела боја, што од прилика не е повеќе од 10 минути.
Масажата се прави секој втор ден, во текот на еден месец.

http://popara.mk/2014/zhivot/ubavina/masazha-so-med-protiv-celulit/" rel="nofollow">http://woman.hotnews.bg/static/uploads/content/26/ESPN-BODY-ISSUE-Miesha-Tate-says-women-in-this-sport-are-pretty(1).png

http://popara.mk/2014/zhivot/ubavina/masazha-so-med-protiv-celulit/" rel="nofollow -

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Јуни.2014 во 21:27

Домашен шампон за прекрасна коса без првут

Една од најголемите причини кој предизвикува сува кожа е секако ладното време. Во текот на ладните денови чувствуваме чешање на главата, а тоа е прв знак дека имате сув скалп. Да биде уште по проблематично, често доаѓа до перутење. За да не трошите пари на скапи шампони против првут (кои ветуваат се и сешто), направете сами шампон кои ефикасно ќе ви помогне да се решите од првутот и секако сувиот скалп.

Состојките кои ви се потребни се само два аспирина и благ шампон. Издробете ги аспирините во ситен прашак и додајте шампон (доволно колку за едно шампонирање). Почекајте 5 минути, промешајте и нашампонирајте ја главата. Измијте се со млака вода и нанесете регенератор како и обично.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Јуни.2014 во 21:28
Пилинг за тело од домашната кујна



За вашата кожа повторно да “продише”, да биде мека и нежна, треба да и ја вратите енергијата, најдобро да ја третирате со пилинг од сол.

Ако сте се замориле и чувствувате потреба за “препораѓање” и опуштање,вистинско време е да си дозволите еден спа третман во удобноста на вашиот дом. За вашата кожа повторно да “продише”, да биде мека и нежна, би требало да и ја вратите енергијата, најдобро да ја третирате со пилинг од сол. Пилингот од сол совршено ќе ја исчисти вашата кожа и ќе ги отстрани мртвите ќелии кожа, а што е најдобро од се можете да го припремите сами, и тоа без премногу пари.

Состојки: ½ шолја бадемово или некое масло за масажа. 1 шолја морска сол, 5-10 капки квалитетно етерично масло по избор. Немојте да користите обична јодирана сол, бидејки е премногу остра за кожата. Ако имате осетлива кожа, можете да користите и шеќер.

Подготовка: Ставете сол (или шеќер) во мала чинија, додајте масло и не=но мешајте со лажица. Смесата мора да биде хомогена, ное не премногу мрсна, затоа внимавајте колку масло додавате. Добро промешајте, бидејки не би требало да се плива во масло. Потоа, капнете неколку капки етерично масло, ако сакате пилингот да биде со интезивен мирис, тогаш додадете и многу повеќе капки. Сето тоа промешајте го добро и готово. Едноставно, но ефектно! Угодете си на својата кожа и своето тело.

Пилингот нанесувајте го еднаш во неделата, добро истријте, нека одстои неколку минути и потоа влезете под топол туш.

 


11


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Јуни.2014 во 08:38

Домашен крем за раце


Ние сме секогаш на страна на природната козметика зошто веруваме дека нема ништо подобро за кожата од домашните препарати кои се без хемикалии. Денес ќе ви покажеме како се прави крем за раце во домашни услови.

Потребни намирници:

-        4 лажици бадемово масло,

-        3 лажици пчелин восок,

-        4 лажици кокосово масло или путер,

-        6 лажици глицерин,

-        6 капки масло од лаванда,

Изрендајте го пчелиниот восок и измешајте го со бадемовото и кокосовото масло. После тоа загрејте ја смесата на пареа до добивање на течна смеса. Мешајте добро и капка по капка додадете го и глицеринот. Тргнете го садот од оган и мешајте додека не ја добие потребната густина за крем. Додадете го маслото од лаванда, измешајте и префрлете ја смесата во стаклена тегличка. Кремот се чува на ладно.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Јуни.2014 во 08:54
БРЗО И ЛЕСНО: НАПРАВЕТЕ САМИ СВОЈ ПРИРОДЕН АНТИПЕРСПИРАНТ

Ако сакате да се ослободите од хемиските производи и козметиката која е преполна со вештачки состојки, најдобро е да ги преземете нештата во свои раце.

Денес ви пренесуваме еден рецепт за природен дезодоранс кој ќе ве воодушеви. Тој ќе ви докаже дека за да мирисате убаво и за да го контролирате потењето во текот на жешките летни денови, не мора да купувате вештачки дезодоранси и стикови. Постои одлична замена за нив, а во прашање е супер рецепт од природни состојки кои подеднакво ја чуваат вашата хигиена и ве штитат од непријатни мириси.

Еве што се' ви е потребно за да направите сопствен природен дезодоранс:

 Половина шолја кокосово масло
 Четвртина шолја сода бикарбона
 Четвртина шолја скробно брашно (густин)
 Од 5 до 10 капки етерично масло по избор


Подготовка:
Промешајте ја содата бикарбона со густинот, а ако имате осетлива кожа ставете помалку сода, а повеќе густин. Додадете го кокосовото масло додека смесата да стане мазна. Внимавајте само да не ви останат грутки и смесата да не биде сува. По потреба додадете уште малку кокосово масло, се' додека не ја добиете посакуваната смеса. На крајот ставете неколку капки етерично масло, колку да го добиете вашиот омилен мирис.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Јули.2014 во 18:09
ДЕПИЛАЦИЈА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ: НАПРАВЕТЕ САМИ ВОСОК ЗА САМО НЕКОЛКУ МИНУТИ

Овој вид на отстранување на несаканите влакна се нарекува уште и египетска депилација, а погодна е и за луѓе кои имаат проблеми со кожата бидејќи не предизвикува иритации.

Состојки:

 2 шолји шеќер
 ¼ шолја вода
 ¼ шолја лимонов сок
 1 мала лажичка мед


Подготовка:

Во помало тенџере или лонче ставете го шеќерот и растопете го на оган со средна јачина, но не потполно. Додека смесата е се' уште густа во неа сипете го лимоновиот сок и водата. Сите состојки заедно варете ги на тивок оган околу 5 до 10 минути додека смесата да добие златна боја.


Откако сте ја подготвиле смесата, оставете ја да се олади во потполност. Потоа од смесата извлекувајте топчиња со големина на орев кои ќе ги обликувате самите во своите дланки. Подоцна тоа топче ќе го развлечете се додека не добие потполно светла боја. Така обликуваната шеќерна паста може да ја премачкате на вашата кожа и тоа исклучиво во насока на растот на вашите влакна, а потоа со брзи потези извлечете во спротивна насока.


Пастата не би требало во потполност да се стврдне, па садот во кој сте ја ставиле може да го ставите во чинија со млака вода. Ако течноста се стопи премногу тогаш може да ја префрлите во фрижидер.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Јули.2014 во 22:53
Mirizliv piling od rozi i kokosovo maslo 03.03

    Направете сами: Миризлив пилинг од рози и кокосово масло

Овој необичен пилинг убаво ќе изгледа во вашата бања и ќе помоге вашата кожа да изгледа мазна и мека и да мириса неодоливо. Исто така, овој пилинг е прекрасен подарок за вашата мајка или пријателка.

http://runway.mk/media/Mirizliv-piling-od-rozi-i-kokosovo-maslo-03.03_2.jpg" rel="nofollow">Mirizliv piling od rozi i kokosovo maslo 03.03_2

 Што ви е потребно:

  • Бадемово масло
  • Кафеав шеќер
  • Неколку миризливи рози
  • Кокосово масло

Постапка:

Во празна стаклена тегла ставете го кокосовото масло до 1/3 од теглата. Потоа во маслото дададете ги розите и кафеавиот шеќер. Се прелијте со бадемово масло, затворете и оставете да се стопи.

Употреба:

При примената користете лажица, со која лесно ќе ги употребите сите состојки. Оваа мирисна комбинација, нанесте ја на целото тело и по триењето, исплакнете ја.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Јули.2014 во 11:21

ДОМАШЕН КРЕМ ОД РЕН КОЈ ГИ ТОПИ МАСНИТЕ НАСЛАГИ ОД СТОМАКОТ

8
Благодарение на овој рецепт, многу жени намалувале по 1 см од обемот на струкот на ден. Овој мелем ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот и ја подобрува функцијата на мозокот, памтењето, слухот и видот.

Потребни состојки:

125 г. свеж рен 3 непрскани лимони (сосе кора) 3 лажици мед Начин на подготовка:

Во блендер иситнете 125 грама рен. Земете ги лимоните, расечете ги, извадете им ги семките и заедно со кората ставете ги во блендерот и миксирајте заедно со кашата од рен. Потоа додајте уште 3 лажици мед и сето тоа добро измешајте го. Чувајте го мелемот во затворена тегличка во фрижидер. Земајте по една мала лажичка од мелемот, два пати на ден со оброк. Користете го мелемот 3 недели и гледајте како ви се намалува обемот на струкот.

Својства на ренот:

Ренот изобилува со витамин Ц, Б1, Б6, Б2, калиум, железо, калциум, магнезиум, фосфор… Тој освен како вкусен додаток во исхраната, се користи и како лековито средство.

Посебно е добро кога се конзумира со мрсна храна бидејќи ѝ помага полесно да се свари. Ренот го чисти организмот, го забрзува метаболизмот, го отстранува уморот, па затоа најмногу им се препорачува на дијабетичари. Тој исто така го стимулира создавањето и развојот на корисни бактерии во цревата.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Јули.2014 во 11:27

Освежете ја вашата гардероба со чипка

Мошне едноставна декорација за облека но многу ефектна. Денес ќе ви покажеме како да ја освежите гардеробата со аплицирање на чипка. Најдобро тоа да биде околу вратот или пак на долниот крај од блузата или маицата.

Процесот е мошне едноставен, погледнете како изгледа:



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Јули.2014 во 19:59

Нaправете сами средство за отстранување на шминка!

Ви недостасува млако или било какво друго средство за отстранување на шминката, сакате да бидете сигурни кои состојки ги содржи или едноставно сакате да заштедите пари…

Ние имаме решение за вас: направете сами “make-up remover”!

Потребно ви е:

-малку вода,

-лажица и половина детски шампон (кој не ги надразнува очите)

-мала лажица кокосово или маслиново масло

Во сад измешајте ја водата, бајби шампонот и избраното масло, добиената смеса префрлете ја во соодветно шише и користете ја за отстранување на шминката.

Пред секоја употреба, растресете го шишето, за состојките повторно да се измешаат. Малку од смесата ставете на памук и со неа отстранете ја шминката.

А доколку користите водоотпорна маскара, пред употреба на ова средство, отстранете ја за почеток со помош на неколку капки маслиново масло.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Јули.2014 во 20:00

Направете спреј за коса од морска сол

Сигурни сме дека вам со природно кадрава коса ви недостасува морето само поради летната фризура која сте ја имале бидејќи постојаното сте биле изложени на морската сол. Еве начин да добиете дефинирани локни и пред да одите на одмор. 

Подготовка: Ставете 200мл вода да зоврие, па прелиете ја врз лажица сол, измешајте добро да се истопи. Ставете во боца со пумпа. И вашиот спреј е готов!

Употреба: Нанесете го спрејот на мокра коса. Со прстите добро втриете насекаде. Нанесете и на коренот. Оставете косата природно да се исуши.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Јули.2014 во 08:27

http://www.crnobelo.com/zivot/ubavina/24513-brz-i-ednostaven-napravete-sami-glamurozen-piling-od-ruzi-i-vanila" rel="nofollow - Брз и едноставен: Направете сами гламурозен пилинг од ружи и ванила


Латиците од ружата може да ви помогнат за да направите неверојатни производи за нега. Ништо не може да го замени, ниту надмине мирисот на ружите, особено кога се во прашање производите за нега на телото.

brz-i-ednostaven-napravete-sami-glamurozen-piling-od-ruzi-i-vanila-01

Уште кога ќе помислите на комбинација од ружи и ванила, знаете дека се случува некоја магија која опива.

Но, тоа не чини цело богатство и не мора да одите во козметички салон, туку сè можете да си направите сами во домашната кујна.

Потребни состојки:

  • ½ чашка шеќер
  • 3 супени лажици бадемово или кокосово масло
  • 1 стапче ванила
  • 10 капки есенцијално масло од ружи
  • 1 лажичка масло со витамин Е
  • Латици од две мали ружи со вашата омилена боја

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и кратко миксајте. На крајот додадете ги латиците и мешајте неколку секунди, додека латиците сè уште се гледаат. Тоа може да го направите и рачно.

Оставете го кратко да отстои, додека вие се туширате, а потоа слободно премачкајте се и уживајте во мирисот и свиленкастата кожа.

http://www.crnobelo.com/zivot/ubavina/24513-brz-i-ednostaven-napravete-sami-glamurozen-piling-od-ruzi-i-vanila" rel="nofollow">


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Јули.2014 во 22:33
devojka-i-cvece-1399740336-35552

Направете сами-маска од мед и краставица ги брише борите!

Ви носиме рецепт за едноставна маска која е делотворна во акумулација на знаците на стареење.

Линиите и борите можете лесно да ги отстраните на потполно природен начин.

Потребно ви е : Една краставица и една лажица мед.

Неолупената краставица исцедете ја. Изгмечете ја во блендер и процедете го сокот. Добиниот сок  помешајте го со една лажица мед. Смесата нанесете ја на исчистено лице и оставете ја 15тина минути. Исперете ја со млака вода, а по тоа на лицето нанесете хидрантна крема.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Јули.2014 во 22:39
За целосно заздравување на косата Направете домашна маска од кокосово
    Домашна маска од кокосово масло

Најважно е да ја користите точната количина на состојки, а доколку не сакате кокосово масло, тогаш постои алтернативно решение.

Време е да им кажете збогум на испуканите краеви!

Ова домашна маска за коса длабински ќе ја нахрани и ќе спречи понатамошно оштетување, кршење на влакната.

Најголема предност е тоа што маската се прави само од две лесно достапни состојки. Се што ви е потребно е мед и кокосово масло, а доколку ја почитувате точната количина, ќе добиете одличен лек за вашите испукани влакна.

Осве што претставува еликсир за косата, ова маска има преубав мирис, кој ќе се задржи и после миењето.

Доколку не го сакате мирисот на кокосово масло, пробајте некоја од следните алтернативи според типот на косата.

За кадрава коса одлично е бадемовото масло, за густа и јака коса маслиново масло, а за многу оштетена коса масло од авокадо.

Многу е важно кога ја миете косата тоа да не го правите со врела вода.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Октомври.2014 во 22:14

http://www.crnobelo.com/zivot/ubavina/25968-magijata-na-ruzmarinot-napravete-regenerator-za-mrsna-i-tenka-kosa" rel="nofollow -

Рузмаринот содржи состојки кои се лек за организмот. Во кујната го користиме како зачин, а во козметиката се користи како состојка за шампони и масла за тело.

magijata-na-ruzmarinot-napravete-regenerator-za-mrsna-i-tenka-kosa-1-

Тенката коса станува мрсна за брзо време, се лепи за кожата и тоа не изгледа воопшто убаво, туку неуредно, а за сето тоа да се спречи косата мора да се зајакне.

Рузмаринот ја прави косата сјајна, ја храни и ја зајакнува, а освен тоа тој одлично се бори против првутот и паѓањето на косата.

Ако и вие имате проблем со тенка коса, како и коса која брзо се мрси, тогаш пробајте ги овие 2 рецепти кои ќе ви дадат совршени резултати:

1. Регенератор за тенка и мрсна коса

Состојки:  

  • 1 кафена лажичка рузмарин
  • 1 супена лажица камилица
  • 1 супена лажица коприва
  • 100 ml вода
  • 1 супена лажица јаболков оцет

Подготовка:

Помешајте ги билките и прелијте ги со врела вода, а потоа додајте го јаболковиот оцет и оставете ја смесата да постои 10 минути и исцедете ја. Откога ќе ја измиете косата, со процедената течност масирајте ја косата и немојте да ја плакнете. Наместо камилица и коприва, можете да употребите мајчина душица во еднаква количина.

magijata-na-ruzmarinot-napravete-regenerator-za-mrsna-i-tenka-kosa-2

2. Лековито масло за мрсна и тенка коса

Состојки:

  • 40 ml рицинусово масло
  • 20 ml маслиново масло
  • 10 g рузмарин
  • 10 g листови од коприва

Начин на подготовка:

Сите наведени масла помешајте ги, а билките ставете ги во посебен сад со заоблено дно и полијте ги со маслата. Промешајте ја смесата и оставете ја да постои 2 дена затворена, а потоа исцедете ја. Нанесете на скалпот и кожата на главата, а потоа замотајте со фолија или најлонска кеса и оставете ја смесата да делува 2 часа. На крај, темелно измијте со шампон, а вашата коса ќе стане сјајна и здрава. 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Октомври.2014 во 21:36

Како самите да си направите дезодоранс?


Сите ние знаеме дека состојките кои ги има во дезодорансите и другите препарати за таа намена содржат голема количина на штетни состојки кои на крајот може и да доведат до комплицирање на нашето здравје. Но, високите температури едноставно ни наложуваат да ги користиме.

Обидете се самите да си направите дезодоранс кој нема да ви наштети.

Потрбно ви е:

–       250 мл водка

–       50 гр суви цветови од лаванда

–       50 гр свежи листови од цветот на роза

–       10 капки етерично масло од лаванда

–       10 капки етерично масло од роза

Водката сипете ја преку цветовите, а потоа ставете ги етеричните масла. Оставете нека отстои 3 недели, а потоа исцедете ја течноста и ставете ја во стаклено шише со распрскувач.

Наместо лаванда може да користите и тенки парчиња од кора од лимон или портокал, во тој случај заменете го и маслото од лаванда со масло од агрум.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Октомври.2014 во 21:42

Направете сами одлична маска за длабинско чистење на порите


Речиси не постои жена која не се сретнала со проблемот запушени пори.

Тоа е неизбежен и природен процес. Темните дамки на вашето лице се само остаток од себум и мртвите клетки на кожата. Можеби не изгледаат најубаво, но за среќа, запушените пори може да се исчистат со една едноставна маска која можете да ја направите дома.

Потребни ви се:

– 1 лажица желатин

– 2 лажици вода

Постапка:

Желатинот и водата измешајте ги помала стаклена чинија и ставете ги во микробранова печка на 7 секунди. По седум секунди смесата треба да стане мазна и доволно густа да се лепи за вашата кожа. Маската нанесете ја на претходно исчитена кожа. Почекајте да се исуши ( околу 20 минути), а потоа маската едноставно “одлепете” ја од лицето.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Октомври.2014 во 21:43

Мелем за здрави нокти


За да си подготвите заздравувачки мелем за ноктите, неопходно е да користите природен пчелин восок, како и маслиново масло, кое ќе придаде природен блесок на плочката на ноктите. Жолчката од јајце, која се додава кон оваа смеса, служи за збогатување со витамините А и Е.

За да може мелемот најефективно да ги заздрави вашите нокти, намачкајте ја кожата на прстите околу нив и останете така цела ноќ.

Пожелно е да ставите памучни ракавици, кои ќе ја заштитат вашата постелина и ќе допринесат за омекнување на кожата.

Мехлем за здрави нокти



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Октомври.2014 во 21:23
Направете сами лак за коса


Да, точно е. Можете сами, дома да подготвите лак за коса кој ќе биде направен од потполно пириодни состојки, кои со сигурност ги имате дома.

Потребен ви е еден лимон, и две шолји вода. Исцедете го сокот од лимонот и ставете го во водата. Ставете го да врие, се додека не изврие половина од течноста. Оставете ја течноста да се излади, па ставете ја во шише со распрскувач. Ако лакот ви е премногу леплив, ставете уште малку вода и 0,03 дл алкохол.

Вака подготвениот лак може да го користите две недели, доколку го чувате во фрижидер.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Октомври.2014 во 17:55

НАПРАВИ САМА: ТРЕНДИ АЛКА СО ЛАСТИЧИЊА ЗА КОСА

5

Скоро секоја постојано носи барем едно ластиче за коса во себе, ако не и повеќе. Еве еден мал направи сам проект со кој ластичињата би се вклопиле во вашиот секојдневен стајлинг.

Потребно ви е:

– ластичиња за коса

– синџирчиња

– клешти

Измерете отприлика колку долго синџирче ќе ви треба за една белезица. Алките на двата краеви од синџирчето отворете ги со помош на клешти и прицврстете ги на ластичето.

belezica2

Ластичето свиткајте го така да на едната страна да биде само синџирчето, а на другата ластичето за коса. Вашата нова белезица е готова.

belezica1

Направете неколку вакви алки во различни бои, бидејќи најдобро стојат кога се повеќе во комбинација.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Октомври.2014 во 08:49

http://www.crnobelo.com/zivot/moda-i-ubavina/26588-napravi-sam-toplo-ponco-za-2-minuti" rel="nofollow -

Пончото оваа сезона е главен тренд кој задолжително треба да го набавите, или ако сте доволно креативни, сами да го изработите.

napravi-sam-toplo-ponco-za-2-minuti-01.jpg

Потребен ви е еден поширок шал, остри ножички, игла и конец.

napravi-sam-toplo-ponco-za-2-minuti-02.jpg

Започнете така што ќебето ќе го преклопите на половина, ако сакате пончото да е подеднакво и од предната и од задната страна. Или, можете предниот дел да го направите малку пократок од задниот, изборот е ваш.

napravi-sam-toplo-ponco-za-2-minuti-03.jpg

napravi-sam-toplo-ponco-za-2-minuti-04.jpg

Обележте ја средишната точка на преклопувањето и исцртајте линија колкав што сакате да биде отворот на вратот и рамениците.

napravi-sam-toplo-ponco-za-2-minuti-05.jpg

Исечете ја обележаната линија. Со игла и конец (или машина за шиење, ако имате) порабете го засечениот дел.

Тоа е тоа! Вашето пончо е готово. Облечете дебел џемпер, тесни фармерки и високи чизми и подготвени сте за ново модно појавување!

napravi-sam-toplo-ponco-za-2-minuti-06.jpg

http://www.crnobelo.com/zivot/moda-i-ubavina/19016-precekajte-ja-esenta-so-moderno-ponco" rel="nofollow - Овде  откријте неколку http://www.crnobelo.com/zivot/moda-i-ubavina/14120-esenski-trend-ponco-nametki" rel="nofollow -  тренди идеи  како да го носите вашето ново пончо.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Ноември.2014 во 09:18

НАПРАВЕТЕ МАТ ЛАК ЗА НОКТИ ВО ВАШАТА ОМИЛЕНА НИЈАНСА

7

Матираните лакови за нокти се одличен хит избор за овој период од годината. Го отстрануваат сјајниот ефект од ноктите, давајќи им мат ефект, кој делува мистично, заводливо и секси. Навистина може да се најдат и евтини лакови за нокти со мат ефект, но зошто да купувате нови, кога веќе можете да ги употребите оние кои ги имате или дури, да создадете сосема нови нијанси со помош на две работи кои веќе сигурно ги имате дома – пченкарен скроб и секни за очи.

1-napravete-sami-mat-lak-za-nokti-vo-vashata-omilena-nijansa-kafepauza.mk

1. Претворете го кој било лак во мат

Потребно ви е:
  • Тацна за мешање
  • Чепкалка за заби
  • Саканиот лак за нокти
  • Пченкарен скроб
Постапка:
  1. На тацната ставете малку од лакот за нокти.
  2. Настрана ставете малку пченкарен скроб и со чепкалката додавајте малку по малку. Не претерувајте со количината. Убаво измешајте ги двата елементи.
  3. Со апликаторот веднаш нанесете на ноктот во дебел слој и оставете да се исуши.
  4. По лакирањето, апликаторот добро исчистете го со ацетон.

2-napravete-sami-mat-lak-za-nokti-vo-vashata-omilena-nijansa-kafepauza.mk

2. Претворете го проѕирниот лак во мат

Потребно ви е:
  • Тацна за мешање
  • Чепкалка за заби
  • Проѕирен лак
  • Мат сенка за очи
Постапка:
  1. Сенката за очи во прав истресете ја на тацната, а ако е во цврста состојба, иситнете малку од површината.
  2. Со апликаторот ставете малку од проѕирниот лак и со помош чепкалката добро измешајте го се сенката за очи додека не се соединат сосема.
  3. Нанесете го лакот со апликаторот и оставете да се исуши.
  4. По лакирањето, не заборавајте апликаторот добро да го очистите со помош на ацетон.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Ноември.2014 во 16:06

http://www.crnobelo.com/zivot/moda-i-ubavina/27314-kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper" rel="nofollow -

Зимата полека пристигнува, а сигурно до сега го исчистивте гардероберот од џемперите кои веројатно никогаш веќе нема да ги облечете. Наместо да ги фрлите, зошто да не ги искористите?

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-01.jpg

Плетените џемпери одлично може да ви послужат како материјал за неколку нови капчиња кои ќе ги износите во студените денови кои следуваат.

Потребни ви се ножички, метро, лепак или игла и конец и стариот топол џемпер.

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-1.JPG


1 чекор: 
Измерете колкава висина сакате да има капата и пресметајте дополнителен 1 сантиметар за порабување, па исечете ја долната страна на џемперот. Ако сакате модел кој ќе се набира, исечете 10-15 сантиметри повеќе.

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-2.JPG

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-3.JPG



2 чекор:
 Исечете го работ од едната страна за да добиете долго парче материјал.

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-4.JPG



3 чекор:
 Измерете го обемот на вашата глава преку челото, па според тие мерки исечете го материјалот.

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-5.JPG

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-6.JPG



4 чекор:
 Превиткајте ја ткаенината 


5 чекор:
 Исечете го горниот дел за да добиете полукружен облик, па раширете ја плетката.

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-7.JPG

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-8.JPG



6 чекор:
 Превиткајте ја ткаенината на половина, а рабовите залепете ги или зашијте ги со игла и конец.

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-9.JPG

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-10.JPG



7 чекор:
 Отворете ја капата и спојте ги соседните рабови додека не го затворите отворот.

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-11.JPG

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-12.JPG



8 чекор:
 Превртете ја капата и пробајте ја!

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-13.JPG

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-14.jpg



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Ноември.2014 во 22:41

Маска од аспирин за подкожни влакна


Подкожните влакна можат да направат сериозен проблем, особено доколку почнат да се воспалуваат, а вие не ги третирате на правилен начин. Маската од аспирин е еден од најдобрите начини да се справиме со проблемот, бидејќи содржи активни состојки како салицилова киселина, која ги уништува мртвите клетки и му овозможува на влакното да падне само.

Неопходни состојки:

3-4 апчиња Аспирин

масло од јојоба

мед

Подготовка:

Земете една супена лажица мед и половина супена лажица масло од јојоба и загрејте ги малку за да се растопат. Издобете ги апчињата и измешајте ги заедно со медот и маслото. Доколку добиете густа смеса, додадете уште малку масло од јојоба. Маската нанесете ја на подкожното влакно и оставете да дејствува 15 минути. Потоа имијте го местото со ладна вода. Можете да го користите еднаш или два пати во неделата, во зависност од тоа колку е надразнето местото.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Ноември.2014 во 22:43

Направете сами: Старата кошула со нов сјај



Минатата сезона, тексас кошулите доживеаја враќање на модната сцена, а фактот што трендот датира пред три децении и сé уште е присутен, го прави ова парче облека безвременско. Верувам дека секој од Вас поседува тексас кошула, ако не нова сигурно заборавена vintage кошула во стариот плакар, “од времето на Вашите родители”. Со денешниот Направи сам туторијал ќе Ви покажеме како да ја надградите својата обична тексас кошула и да и дадете гламурозен сјај, во само неколку едноставни чекори.

Потребни материјали:

Тексас кошула

Украсни копчиња, циркони, полубисерчиња со разни големини, во компатибилни бои.

Лепак за текстил

Дрвено стапче и чечкалица

Мали клешти

Најпрво, исечете ги задните испакнати делови на копчињата, за да бидат рамни и подоцна полесно да ги залепите.

Ставете мала количина од лепакот на дрвеното стапче и со помош на чечкалицата нанесете малку лепак на задната страна на копчето.

Залепете го копчето на кошулата и оставете го така 2-3 минути за да се фиксира.

Повторете ја постапката за останатите и не заборавајте пред лепење на секое следно копче/цирконче да направите двеминутна пауза за да не го изместите претходно залепеното.

По нанесување на сите детали, оставете ја кошулата 24 часа природно да се исуши. Следниот ден ќе имате нова, надградена тексас кошула и се што Ви преостанува е да ја облечете и прошетате низ градот.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Ноември.2014 во 22:44

Од стар пешкир – до мек тепих за во бања… Извонредно !!!


Зошто да ги фрлате старите пешкири ??? Со малку креативност и игра на бои, можете да бидете вешт дизајнер на интересен и мек тепих за во бања… Истовремено корисен, но и со необичен изглед… За кој никој нема да претпостави дека е направен токму од Вашата рака…

Сé што Ви е потребно е:

стари пешкири

ножици

пластична мрежа со посакуваните димензии на тепихот

Постапката е следна: Пешкирите се сечат на траки долги околу 12 – 14 сантиметри, а широки 2 – 4 сантиметри. Кога ќе исечете доволно, почнете да ги врзувате во јазли за пластичната мрежа, внимавајќи при тоа да ги врзувате на растојание кое Ви се чини најпогодно за тепихот да  има густина…

И тоа е сé !!! Можете да си играте со бои или сепак за почеток да се одлучите за еднобоен мек тепих, кој ќе биде интересен нов елемент во Вашето интимно катче…



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Ноември.2014 во 22:45

Како да направите мини чантичка со прстен?


Апсолутниот моден хит кој владее веќе неколку сезони околу мини-чантичките. Денес ќе ви покажеме  како на наједноставен и најевтин начин може да дојдете до уникатна мини-чантичка…

Потребно ви е:

– тврда футрола за очила

– супер лепак

– прстен за два прста

Постапката брои еден чекор доколку одлучите футролата да ја искористите во својата оригинална боја и текструра (доколку не, ќе Ви треба спреј/материјал, како и дополнителни 24 часа за сушење) – така што, чекорот се однесува на лепењето на прстенот за футролата. Внимавајте да го залепите прстенот од практичната страна и оставете да се суши еден ден. И тоа е тоа! Нова чантичка за малку време и малку пари!

.1.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk