IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Mодни декорации и козметички  средства
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Mодни декорации и козметички средства

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 13>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2016 во 08:39

Направи си сама: Чоколаден сјај за усни

Звучи доста комплицирано да направиш сама сјај за усни, нели? Но не е. Всушност можеби би било ако го наполните со куп хемикалии, додатоци и конзерванси како купените производи.

Помислете само – сјајот го нанесувате на усните што значи дека има големи шанси да проголтате дел од тие хемикалии.

Што ќе кажете наместо тоа да се грижите за усните со сјај што ќе мириса фантастично, ќе има преубав вкус, а најважно ќе биде сосема природен и безбеден за користење.

Потребни намирници:

–          1 чаена лажичка кокосово масло,

–          1 чаена лажичка бадемово масло,

–          3-4 капки течен витамин Е,

–          1-2 капки екстракт од нане,

–          3-4 парчиња црна чоколада,

Поставете ги сите компоненти во мал стаклен сад отпорен на висока температура. Поставете мало тенџере во кое ќе налеете вода во височина до 3 см и ќе го ставите на слаб оган се додека водата зоврие. После тоа поставете го садот со намирници внатре и мешајте постојано додека сите компоненти се стопат и изедначат, но внимавајте, смесата не смее да зоврие. Домашниот сјај има рок на траење до два месеци.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2016 во 13:08

Направете сами: Природен спреј за замрсена коса


Овој спреј е идеално решение за сите мајќи чии девојчиеа не сакаат да се чешлаат бидејќи ги боли, а сето тоа заради замрсената коса. Еве како да направите спреј за замрсена коса.

Потребни состојки:

*Едно големо шише со распрскувач

*1,5 чаши дестилирана вода

*3 лажици корен од слез

*2 лажици регенератор за коса по избор

*10 капки етерични масла по избор

Коренот од слез полиете го со водата и ставете го да зоврие во помал сад, намалете ја температурата и оставете да се крчка 20-30 минути.

Потоа оставете ја течноста да се излади па исцедете низ густа газа. Додека течноста е сеуште топла ставете ја во шише со распрскувач, додадете го регенераторот и етеричните масла па добро измешајте.

Спрејот за коса нанесувајте го после секое миење.

Вака подготвениот спреј можете да го користите два месеци.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2016 во 15:46

Направи си сама: капа и ракавици од стар џемпер

Сигурни сме дека во својот гардеробер имате барем неколку стари џемпери кои веќе подолго време сте заборавиле да ги носите. Наместо да стојат така можете да ги трансформирате во убави зимски аксесоари.

Ќе почнеме со капата – имате потреба од џемпер, ножици и машина за шиење или пак подрабувањето можете да го направите и на рака.

Следете ги фотографиите…

Нашиот втор предлог се топли зимски ракавици од џемпер. Процесот на работа е едноставен и сличен на тој од капата.

Веќе сте спремни за зимата! Ако сакате можете да ги декорирате со монистра или украсни камчиња кои сезонава се во тренд.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2015 во 18:38

Направете уникатна чантичка од футрола за очила

Имате некаква свечена прилика, а немате соодветна чантичка? Не очајувајте бидејќи не мора да потрошите цело богатство за да купите нова…

Потребно е да имате малку фантазија и да сте љубител на „направи сам“ проекти. Денес ви претставуваме фантастичен „направи“ сам проект за моден додаток кој ќе ја направи вашата модна комбинација шик.

Потребни материјали:

  • футрола за очила
  • супер лепак
  • четка
  • спреј во саканата боја
  • брош или украсна шнола

Постапка:

Испрскајте ја футролата со спреј во саканата боја. Почекајте да се исуши.

Откако ќе се исуши бојата земете ја шнолата или брошот и залепете ја во центарот на футролата.

Вашата чантичка е спремна за носење!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2015 во 18:37

Направете уникатни шноли за коса

Ова е интересен предлог за тоа како да го поминете слободното време со вашето дете. Доколку имате ќерка, ќе ви биде забавно да направите интересни шноли за коса, а воедно и ќе бидете задоволни од крајниот резултат. Овие шнолички не се наменети само за малите девојчиња, тие одлично може да го дополнат романтичниот изглед на поголемите девојки.

Потребни ви се обични црни шноли, копчиња во различни бои, лепило. Останува се на вашата креативност.




Изменето од Valerija - 17.Март.2020 во 22:08
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2015 во 13:56

Направи си сама: Атрактивна алка од кожа

Налетавме на една неверојатно добра идеја односно како да си направиме алка – панделка од парче кожа. И едноставно не можеме да не ја споделиме со вас. Изгледа мошне ефектно и фенси и на рака ќе стои одлично како во комбинација со фармерки и топ, така и со вечерно секси фустанче.

Еве што ви е потребно:

–          Парче кожа со димензии околу 22*10 см,

–          Ножици,

–          Лепак за кожа,

–          Игла и конец,

–          Тик так копче,

Ако ги имате материјалите останува само да ги следите инструкциите од фотографиите во галеријата!

Направи си сама: Гривна-панделка

Направи си сама: Гривна-панделка

Направи си сама: Гривна-панделка

Направи си сама: Гривна-панделка

Направи си сама: Гривна-панделка

Направи си сама: Гривна-панделка

Направи си сама: Гривна-панделка

Направи си сама: Гривна-панделка

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2015 во 12:17

ДОМАШЕН КРЕМ ПРОТИВ ЛУЗНИ

6

Доколку по телото имате лузни кои ви пречат, еве еден природен крем кој можете да го направите сами. Не ви ветуваме дека целосно ќе исчезнат, но барем ќе се намалат.

Потребно ви е

¼ лажичка Витамин Е масло

½ лажичка Розова вода

1 голема лажица природна глина

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки додека не добиете паста. Нанесете врз лузните и останете така 30-60 минути. Измијте се со млака вода. Повторувајте го ова секој ден, додека белегот не избледи.D

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Септември.2015 во 09:08

Необична кутија за сите ситници низ дома која ќе ја обожавате!


Проектите за рециклирање секогаш се забавни и се еколошки начин како да ја намалите количината на плстичната амбалажа која што секојдневно ја фрлате од својот дом.

neobichna-kutija-za-site_sitnici_niz_doma_-koja-kje-ja-obozhavate-001.jpg

Еве една идеа како од пластично шише да направите симпатична кутија за ситници.

За да ја направите оваа кутија потребни ќе ви бидат две пластични шишиња и еден обичен патент.

Еве што треба да направите:

Земете две чисти пластични шишиња. Отсечете го дното на секое шише. Со помош на лепило, залепете ја едната половина од патентот за работ од едното шише, а потоа залепете ја и втората половина од патентот за работ од другото шише.

Neobichna-kutija-za-dranbulii-kje-ja-obozhavate-01.jpg

На оваа кутија ќе се израдуваат малите дечиња, но од голема корист ќе ви биде и вам, бидејќи во неа ќе можете да чувате разни ситници кои со години не знаете как ода ги организирате.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Септември.2015 во 08:50

Направете сами: Уникатно ланче од врвци за чевли

Доколку имате ланче кое веќе ви е здосадено, за вас ја имаме совршената преобразба на истото!

Од старото ланче со алки во комбинација со интересни врвци можете да направите интересен и шик моден додаток. изберете бои по ваша желба и вкус и создадете уникатно ланче кој во еден потег може да се врати во првичната состојба.

За овој уникатен моден додаток ви е потребно:

Долго ланче со алки
2 врвки за чевли (боја по желба)
запалка
ножици

Начин на изработка:

Долгиот синџир ставете го на половина. Потоа земете ја врвката и од едниот ред на алки почнете да ја провлекувате низ останатите алки се додека не дојдете до крајот.

Идеално би било да оставите барем 15 центиметри врвка надвор од ланчето, за полесно заврзување. Врвовите на врвката исечете ги во “V” и кратко запалете ги, како би останале уредни и се одбегне нивното ресење.

Низ другата половина протегнете ја другата врвка и повторете ја постапката. Внимавајте врвките да се со иста должина.



Изменето од Valerija - 04.Септември.2015 во 08:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2015 во 21:48

Тренди марама од стара маица

Сигурни сме дека во вашиот орман постои некоја маица која никогаш повеќе нема да ја облечете., а истата таа има некој интересен дезен и некако не ви дава срце да ја исфрлите. А сега замислете си дека таа иста маица може на еден многу едноставен начин да стане прекрасна марама која ќе ја износите оваа сезона.

Потребни се само една маичка и ножици.

1

Исечете ја маичката под ракавите, потоа сечете лентички со должина и ширина по желба и на крај малку растегнете ги.

2

3

Изгледот на марамата зависи од бојата на маичката и од тоа какви реси ќе направите, па може да добиете кратка, долга, шарена, раскошна…

4

5

7

Истата марама може да биде долга кога се носи пуштена, и кратка ако уште еднаш се префрли околу вратот.

И сега погледнете што ќе добиете … добивате марама налик онаа на прекрасната Хајди Клум.

9

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2015 во 14:17

Уникатно: Направете сами торба за на плажа од пластични шишиња 


F0VHUIKICO0CIRF.LARGE


FU7FMS2ICO0CJ1W.LARGE

FTY8CYHICO0CJ1X.LARGE

F9IVH5CICO0CJ1B.LARGE

Еве ги сите клучни делови во фотографија.

FUTPPI5ICO0CIS9.LARGE



Изменето од Valerija - 26.Август.2015 во 14:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2015 во 14:11

Направете сами: Природен спреј за дефинирање на локните

Еве како до природни морски локни.

Состојки:

*1 шолја топла вода (не вриена) – Ако сакате да ја осветлите косата, како база наместо вода можете да користите чај од камилица, а ако сакате да ја потемните користете црн чај.

*2 лажички ситна морска сол

*1 лажица алое вера гел

*1/2 регенератор (ако имате мрсна коса не ставајте регенератот за дополнително да не ја замрсите) Погледнете го рецептот за природен спреј кој ги негува и ги дефинира локните.

*По избор: Неколку капки етерично масло за убав мирис и ако сакате да ја осветлите косата додајте 1 лажица сок од лимон

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во шише со прскалка и матете една до две минути, се додека солта не се стопи. Ако сте користеле чај како база или сте додале сок од лимон, спрејот чувајте го во фрижидер, а ако не сте, спрејот слободно можете да го држите на собна температура. Може да се користи 3 – 4 месеци.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Август.2015 во 09:34

Направи сама: Сандали со реси


Постои посебна магија во разубавувањето и подновувањето на старите парчиња облека и обувки и речиси и да не постои девојка која не ужива во малите креативни мигови.

napravi-sama-shik-sandali-so-resi-01.jpg

Токму затоа, ова е одлична идеја со која можете да ги обновите старите сандали и од нив да направите уникатни сандали со реси.

Ресите се детаљ кој го одбележа ова лето и кој ги краси чантите, сандалите, обетките, а и многу други делови од гардеробата.

Ако немавте можност да си купите такви сандали, зошто да не ги направите сами?

Еве како може тоа да го направите:

Потребни работи:

  • Сандали
  • Антилоп ткаенина
  • Ножици
  • Лепило за ткаенина

Подготовка:

1. Исечете го материјалот на реси.

napravi-sama-shik-sandali-so-resi-1.jpg

2. Намотајте го материјалот на тој начин што ќе можете да направите мал отвор на крајотод материјал кој дополнително ќе го залепите на ресите.

tasselshoes7-640x480.jpg

napravi-sama-shik-sandali-so-resi-3.jpg

3. Истите додадете ги на ременчето од сандалите.

napravi-sama-shik-sandali-so-resi-4.jpg

napravi-sama-shik-sandali-so-resi-6.jpg

napravi-sama-shik-sandali-so-resi-5.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2015 во 08:41

Фустан од марама кој сите ќе посакаат да го имаат


Кога сте на одмор сакате да уживате и да се одморите, но и да ви биде пријатно и удобно шетајќи се по долгите плажи или пристаништа. Па така често одбирате едноставни парчиња за да ги облечете. 

Овој пат, ви нудиме од марама да направете фустан. Сè што ви е потребно е една поголема марама и белегзија. Обвиткајте се со марамата на тој начин што краевите ќе дојдат нанапред, отприлика над градите, како што е прикажано на фотографијата.


Потоа, провлечете ги краевите преку белегзијата и поставете ја точно над градите.



Земете го едниот крај од марамата и обвиткајте го преку белегзијата, а истото направете го и со другиот крај.



Подигнете ги и двата краја на марамата, како на фотографијата.



Потоа само заврзете ги на вратот.



Веќе сте подготвени за следната прошетка. Фустанот не само што ќе ве освои вас, туку и останатите ќе посакаат да го направат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.