IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за разни видови слатко, џем, мармалад
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за разни видови слатко, џем, мармалад

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2014 во 17:10

Џем од кајсии - Брз рецепт кој го обожава секоја палачинка


Вкусниот џем од кајсии е одличен додаток на летни слатки, лесно се мачка на утринското парче леб, а може и да се послужи како прелив на омилениот сладолед.

dzem-od-kajsii-brz-recept-koj-go-obozava-sekoja-palacinka-01.jpg

Затоа, подгответе сочен џем во само 3 чекори и уживајте во вкусот на летото.

Состојки:

  • 1,5kg свежи кајсии
  • 1kg шеќер
  • 200ml сок од јаболка
  • 1 поголем лимон
  • Парче путер

Подготовка:

1 чекор: Измијте ги кајсиите и исчистете ги семките. Исечкајте ги на парчиња, ставете ги во голем лонец и додајте го сокот. Варете додека смесата не зоврие, а потоа намалете ја температурата и оставете ја смесата уште 10 минути додека кајсиите не омекнат.

2 чекор: Во смесата додајте шеќер и сок од 1 лимон, па промешајте. Оставете да се вари на умерена температура уште 20 минути.

3 чекор: Тргнете го лонецот од оганот, па во жешкиот џем додајте го парчето путер, добро промешајте и оставете ја смесата малку да се олади (10-15 минути.) Така подготвениот џем петурете го во топли тегли, поклопете ги и оставете ги на темно и студено место.



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2014 во 08:30

МАРМАЛАД OД ЛУБЕНИЦА

marmelad-od-lubenica

 

Потребни состојки:

  • 2кг лубеница
  • 2кг шеќер за желатинирање
  • сок и кора од 6 лимони

Начин на подготовка:

  1. Лубеницата исечете ја на половина, а потоа и на парчиња. Исчистете ги семките, отстранете ја кората, па “месото” од лубеницата исечете го на коцки.
  2. Лубеницата помешајте ја со шеќер за желирање, исецкаканата кора и сокот од лимон, па оставете да отстои 4 часа. Потоа се ставете во голем сад, варете и оставете 3 минути да зоврие.
  3. Џемот веднаш ставете го во подготвени тегли со механички затворач,добро затворете и свретете ги 5 минути наопаку.


Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Август.2014 во 12:41

ДОМАШЕН ЏЕМ ОД СЛИВИ СО ВАНИЛА И ЧОКОЛАДО

12

Состојки:
5 кг зрели сливи
1 кг шеќер
1 пакетче цимет
1 стапче ванила или 2 пакетчиња ванилин шеќер
50 гр чоколадо за готвење
Подготовка:
Во подлабок плех подредете ги сливите, врз нив додадете шеќер, ванила прав или ванилин шеќер и цимет и се добро промешајте со раце. Рерната загрејте ја на 220 степени и печете еден час, со повремено мешање. Кога џемот ќе добие убава густина, со додаваат парчињата чоколадо и се меша додека се стопат и соединат со смесата. Џемот се исипува во претходно згреани тегли.
Кога џемот се исипува во тегла, задолжително теглата свртете ја наопаку и оставете ја така да отстои во текот на ноќта да се олади.

 



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2014 во 17:12

Слатка зимница: Време е за џемови и слатко


Сезоната за подготовка на зимница штотуку не започнала. Освен ајвар и туршија, оваа година обидете се да подготвите џем или слатко кое ќе го обожава целото ваше семејство.

slatka-zimnica-vreme-e-za-dzemovi-i-slatko-01.jpg

Ова се неколку наши предлози и рецепти на искусните домаќинки.

Џем од суво овошје со ѓумбир

Состојки:

  • 200g урми
  • 250g суви сливи
  • 250g суви кајсии
  • 250g суви смокви
  • 125g шеќер
  • 2 лажици гумбир
  • 1,2 l вода

Подготовка:

Исчистете го овошјето од семките, па насечкајте го на ситни парчиња. Прелијте го со вода и оставете го да се вари 25 минути на средна температура, додека не омекне.

Во меѓувреме изрендајте свеж ѓумбир и додадете го во полусварениот џем. Додадете го и шеќерот, па варете уште 20-30 минути.

Префрлете го џемот во претходно подготвени тегли, затворете и превртете ја теглата обратно. Оставете да се олади.

slatka-zimnica-vreme-e-za-dzemovi-i-slatko-02.jpg


Слатко од сливи со бадеми

Состојки:

  • 1kg полузрели сливи
  • 1kg шеќер
  • 4-5 лажици ванила арома
  • Сок од 1 лимон
  • 100g излупени бадеми
  • Вар вода

Подготовка:

Излупете ги сливите и оставете ги да отстојат во вар водата 2 часа. Извадете ги, измијте ги и исчистете ги од семките, па ставете ги на сува крпа за добро да се исцедат. Наполнете ги со излупените бадеми.

Ставете го шеќерот во длабок сад, прелијте го со вода, па варете и тргајте ја пената од површината.

Кога ќе направите шербет, спуштете ги сливите. Варете додека не видите дека шербетот се згусне.

На 5 минути пред крај, додадете ја аромата од ванила и сокот од лимонот.

Тргнете го садот од оган, покријте го со чиста крпа и оставете го да се лади.

Потоа прелијте го слаткото во тегли.

slatka-zimnica-vreme-e-za-dzemovi-i-slatko-03.jpg


Намаз од дуњи и јаболка

Состојки:

  • 3kg исчистени дуњи
  • 1,5kg шеќер
  • 4 големи кисели јаболка
  • 4dl вода
  •  Сок од 2 лимони

Подготовка:

Дуњите добро измијте ги и исчистете ги, па исечкајте ги на коцки. Ставете ги во голем лонец во кој ќе го подготвувате намазот.

Јаболката исто така исчистете ги, но не ги лупете, па исечкајте ги на ситни коцки. Додадете ги во садот.

Додадете го и шеќерот, сокот од лимон и водата, па оставете ги да се варат на тивок оган.

Кога овошјето ќе омекне, за околу 20 минути, испасирајте ја смесата со миксер. Потоа вратете го овошјето на оган и продолжете го варењето уште 15-20 минути, со непрестанато мешање.

Жешкиот намаз претурете го во тегли, а потоа теглите ставете ги во рерна на 100 степени околу 10 минути, за слаткото да се запече.

slatka-zimnica-vreme-e-za-dzemovi-i-slatko-04.jpg


Слатко од смокви

Состојки:

  • 1,25kg смокви
  • 1,5kg шеќер
  • 1 лимон

Подготовка:

Смоквите добро измијте ги и со остар нож излупете ги. Добро проварете ги низ 6-8 води и варете ги додека водата не проврие.

Во последната вода ставете ја ренданата кора од лимон. Варените смокви внимателно исцедете ги и оставете ги да се исушат.

Во длабок сад ставете го шеќерот, прелијте го со вода и оставете го шербетот да се вари. По неколку минути, кога шеќерот ќе се стопи, додадете ги смоквите. Варете на силен оган, а на 5 минути пред крај додајте го сокот од лимонот. По желба додајте и ванила.

Свареното слатко прекријте го со влажна крпа и оставете го да се олади 10 минути. Тогаш тргнете ја крпата и повторно вратете го садот на оган додека не зоврие.

Кога слаткото ќе биде готово, оставете го 12 часа во садот, па потоа претурете во тегли.

slatka-zimnica-vreme-e-za-dzemovi-i-slatko-05.jpg



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2014 во 23:02
4
    Слатко од смокви

Потребни состојки:

  • 40 здрави и малку потврди смокви
  • 1 кг шеќер
  • 1,5 дл вода
  • 1 лимон

Подготовка:

Шеќерот и водата се ставаат во пошироко тенџере и се варат додека водата не почне да врие. Во тенџерето внимателно се редат смоквите и на тивко се варат околу 2 часа. Најдобро е смоквите да бидат во еден ред, затоа треба пошироко тенџере. Не се мешаат, само повремено се протресува тенџерето. Лимонот добро се мие и се сече на тенки тркалца. Во смоквите што се варат се додава лимонот и се вари уште 30-ина минути.
Топлото слатко се сипа во топли тегли.
Добро се затвараат и се чуваат на темно и ладно место.



Изменето од Valerija - 23.Септември.2014 во 23:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2014 во 20:56

РЕЦЕПТ ЗА НАЈВКУСНОТО СЛАТКО ОД ЗРЕЛИ СМОКВИ

7

Потребни состојки:

  • 40 здрави и малку потврди смокви
  • 1 кг шеќер
  • 1,5 дл вода
  • 1 лимон

Подготовка:

Шеќерот и водата се ставаат во пошироко тенџере и се варат додека водата не почне да врие. Во тенџерето внимателно се редат смоквите и на тивко се варат околу 2 часа. Најдобро е смоквите да бидат во еден ред, затоа треба пошироко тенџере. Не се мешаат, само повремено се протресува тенџерето. Лимонот добро се мие и се сече на тенки тркалца. Во смоквите што се варат се додава лимонот и се вари уште 30-ина минути.
Топлото слатко се сипа во топли тегли.
Добро се затвараат и се чуваат на темно и ладно место.



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2014 во 16:08

MAРМАЛАД ОД ГРОЗЈЕ

12

За да го подготвите овој рецепт потребни ви се следниве сотојки:

1 кг. грозје

200 г. шеќер

1 кесичка џемфикс

Подготовка:

Измијте го грозјето, отстранете ги бобинките од стеблата, па ставете ги во длабок сад да се готват. Повремено мешајте.

После 10-15 минути, грозјето омекнува.

Можете со дрвена лажица малку да ги изгмечите оние плодови што останале цели.

Тргнете го од оган, па низ крупна цедилка испасирајте ја смесата, да се одвојат смеките и крупните лушпи.

Вратете ја испасираната смеса на шпорет, додадете шеќер и џемфикс.

Гответе уште 3 минути и врелиот мармалад сипете го во чисти тегли, па свртете ги наопаку на пет минути, да се вакумираат.

Оставете ги да се оладат на собна температура.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2014 во 08:34

Слатка зимница: Желе од јаболка


Ароматичното желе од јаболка е совршен додаток за сите колачиња кои ќе ги печете оваа есен, а дури и да не стигнете нешто да замесите, одлично ќе ви дојде намачкано на крцкаво лепче.

slatka-zimnica-zele-od-jabolka-01.jpg

Подготовката е брза и едноставна, а сега е идеалното време кога треба да ја испробате.

Состојки:

  • 3kg кисели јаболка
  • 200g шеќер
  • 4 стапчиња цимер
  • 5 каранфилчиња
  • Сок од 1 лимон
  • 2kg шеќер за желирање или желатин

Подготовка:

Измијте ги јаболката, исечете ги на четвртини и добро исчистете ги.

Ставете ги во лонец со 1/8l вода и шеќерот, па варете отприлика 8-10 минути. Исцедете ја смесата низ газа.

Сокот од јаболка варете го со зачините, лимоновиот сок и шеќерот за желирање околу 2 минути.

Исцедете и претурете во тегли. Ако сакате, исечкајте неколку парченца од сварените јаболка, па потоа добро затворете ги теглите.

Чувајте на студено и темно место.

slatka-zimnica-zele-od-jabolka-02.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2014 во 09:24

Вкусен џем од сливи со чоколадо и рум кој мора да се проба оваа есен


Сезоната на зимницата веќе започна, па затоа време е домаќинките кои секоја година го спремаат традиционалниот ајвар и лутеница да се потсетат на слатката зимница која не смее да се изостави од нивната листа на залиха за оваа зима.

vkusen-dzem-od-slivi-so-cokolado-i-rum-koj-mora-da-se-proba-01.JPG

Џемот направен од сливи и чоколадо е далеку познат по својот сладок вкус и лесна подготовка, но доколку досега го немате подготвувано ова е начинот на кој треба да го сторите тоа:

Состојки:

  • 6 kg исчистени сливи
  • 5 чоколади по ваш избор
  • 2 kg шеќер
  • Шишенце рум арома

Подготовка:

Шеќерот се раствора во вода и потоа се додаваат сливите кои претходно треба да ги исчистите од семки и измелете. Оавете ги да се варат и повремено мешајте.

Џемот е готов кога ќе забележите дека сливите се веќе омекнати и распаднати на парчиња.

Во тенџерето додајте ги чоколадите искршени на парчиња и варете уште малку. Тргнете го слаткиот џем од оган и додадете го шишенцето рум.

Сипете го џемот во суви и загреани тегли.

Вашата слатка зимница е готова!

vkusen-dzem-od-slivi-so-cokolado-i-rum-koj-mora-da-se-proba-02.jpg

Иако оваа подготовка не одзема многу од вашето време и пари, цела зима ќе уживате во вкусот на овој џем со чоколадо и рум кој сигурно ќе му се допадне и на вашето семејство.

На здравје!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2015 во 21:46
Слатко од смокви

4


Потребни состојки:

  • 40 здрави и малку потврди смокви
  • 1 кг шеќер
  • 1,5 дл вода
  • 1 лимон

Подготовка:

Шеќерот и водата се ставаат во пошироко тенџере и се варат додека водата не почне да врие. Во тенџерето внимателно се редат смоквите и на тивко се варат околу 2 часа. Најдобро е смоквите да бидат во еден ред, затоа треба пошироко тенџере. Не се мешаат, само повремено се протресува тенџерето. Лимонот добро се мие и се сече на тенки тркалца. Во смоквите што се варат се додава лимонот и се вари уште 30-ина минути.
Топлото слатко се сипа во топли тегли.
Добро се затвараат и се чуваат на темно и ладно место.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 20:53

СЛАТКО ОД КОРА ОД ПОРТОКАЛ

Слатко од кора од портокал





  1. 1.Напомена: се добива поубав резултат ако портокалите се поситни и имаат мазна кора.
  2. 2.На грубиот дел од сунѓер за миење садови ставете сода бикарбона и истријте ги портокалите (со оваа постапка го отсранувате делот од кората кој горчи).
  3. 3.Одстранете круг од кората на местото каде била прицврсетна на дрвото.
  4. 4.Исечете ленти од кората широки максимум 1 см.
  5. 5.Лентите замотајте ги секоја посебно во мала спираличка, па со иглата нанижете ги на конецот.
  6. 6.Подготвениот шеќер прелијте го со студена вода па ставете го да зоврие. Во ова додајте го ланчето со корички и варете отприлика 20 минути од моментот кога заедно со коричките шербетот повторно зоврел (вриењето за кратко престанува кога сте ги додале корите во шербетот).
  7. 7.Додајте го сокот од лимон (служи за да спречи кристализација на слаткото), па оставете да врие уште десетина минути.
  8. 8.Внимателно одстранете го конецот од коричките и врелото слатко префрлете го во теглички, кои треба да ги затворите со метални капаци и да ги стерилизирате во рерна на 75 степени околу 30 минути.
  9. 9.Исклучете ја рерната, но тегличките нека останат во неа се додека не се оладат така затворени.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 21:00

СЛАТКО ОД ДУЊИ


Слатко од дуња


  1. 1.Во сад, на оган, ставете го шеќерот и 2-3 чаши вода. Oставете да зоврие.
  2. 2.Во меѓувреме дуњите убаво измијте ги и ако е потребно со четка отстранете ја мовта. Извадете им ги семките и тврдиот дел околу семките. На блендер се ситнат (наместо да се рендаат) и се ставаат во шербетот што врие.
  3. 3.Додадете 1 лимон или портокал исечен на тркалца и сето тоа варете го околу 25 – 30 минути или се додека слаткото не ја добие потребната густина.
  4. 4.Пред крај се додава 1 пакетче лимонтус. Слатко соберете го врело во тегли, затворете го и складирајте гo.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 21:01

СЛАТКО ОД СМОКВИ

Слатко од смокви


  1. 1.Смоквите (по можност поситни и потврди) измијте ги, исечете го врвчето и ставете ги во широко тенџере. Прелијте ги со вода, ставете 2 лажички сода бикарбона и оставете водата да зоврие. После 5 минути откако вода ќе врие, тргнете ги настрана исцедете ги и измијте ги со ладна вода.
  2. 2.Во истото големо тенџере, ставете шеќер и вода колку да го покрие шеќерот. Мешајте се додека не добиете густ сируп т.е се додека шеќерот не се растопи.
  3. 3.Во сирупот, ставете ги претходно сварените смокви и на тивок оган варете ги се додека не омекнат и станат скоро проѕирни. Во меѓувреме, доколку при варењето се појави густа пења, отстранете ја.
  4. 4.Лимонот измијте го, исечкајте го на крукчиња и ставете го во готовото слатко.
  5. 5.Свареното слатко од смокви, тргнете го настрана, покријте го со крпа и оставете го да се олади. Ладно, префрлете го во стерилизирани тегли.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2015 во 09:45

Џем од јагоди готов за 10 минути


Џемот од јагоди е еден од најубавите кои може да го направите за многу брзо време. Со него може да полните колачиња, да мачкате парчиња леб или да го декорирате сладоледот.

dzem-od-jagodi-gotov-za-10-minuti-01.jpg

За овој рецепт потребни ви се:

  • 700g свежи јагоди
  • 150g шеќер
  • 1 до 1 ½ супена лажица свежо цеден сок од лимон
  • 2-3 лажици екстракт од ванила

Постапка:

Измијте ги јагодите, отстранете им ги дршките и исечете ги на четвртини. Ставете ги во големо тенџере и додајте го шеќерот.

Покријте со капак и почекајте да зоврие. Промешајте неколку пати и почекајте да се направи бела пена која ќе ја отстраните со лажица.

Варете околу 10 минути, сметајќи го времето од моментот кога смесата зоврила.

2 минути пред да го тргнете џемот, додадете го сокот од лимон и измешајте. Додајте го и екстрактот од ванила, ако сте се одлучиле да го користите.

Добиениот џем ставете го во стаклени тегли или пластични садови со херметички затворени капачиња.

Не го чувајте подолго од 2 недели.

dzem-od-jagodi-gotov-za-10-minuti-02.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.