IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за разни видови слатко, џем, мармалад
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за разни видови слатко, џем, мармалад

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 7>
Автор
Порака
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6755
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 22:27

Слатко од капинки

1. Капинките внимателно се мијат. Се редат во тенџере, ред капинки ред шеќер и лимонтус.
2. Вака се остава да стои цела ноќ.
3. Следниот ден слаткото се вари на јак оган 45 минути, со протресување на тенџерето.
4. После варењето се покрива со влазна крпа и се остава да се излади. Се собира во тегли.



Слатко од капинки

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6755
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 22:28

Слатко од смокви

За ова слатко најубаво е смоквите да се поситни. Со вилушка ја боцнуваме секоја смоква, потоа ги ставаме смоквите во мрежесто вреќинче, го ставаме вреќинчето во поголема шерпа со вода за да зовријат. Откако почнат да вријат ги тргаме од огнот и ја истураме таа вода, го полниме тенџерето пак со вода и го вракаме повторно на оган. Постапката ја повторуваме 9 пати (смоквите да превријат низ 9 води). Последната вода ја истураме и го закачуваме вреќинчето да се исцедат смоквите од вишокот вода. Почнуваме со подготовка на шербетот. Го ставаме шеќерот во тенџерето и го налеваме со вода и од него вариме густ шербет. Откако е готов смоквите си пропуштаме во шербетот претходно благо стискајки ги со раце за да им излезе водата што е навлезена внатре. ги вариме на не многу јак оган. Некаде при крајот во тенџерето ги додаваме и круговите лимони. Откако е готово слаткото го тргаме на страна, го покриваме со влажна крпа и стои додека се излади. Потоа ладно се собира во тегли, убаво се затвара.


Слатко од смокви

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6755
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 22:29

Слатко од праски

Изберете зрели но цврсти праски, сорта на која се дели коската.

Во поголемо тенџере ставете ги шеќерот и водата, па оставете да се вари на среден оган, повремено промешувајки додека целиот шеќер не се растопи и не добиете густ сируп.

Праските излупете ги и исечете ги на кришки, 6 или 8 зависно од големината.

Спуштајте ги парчината овошје во зовриениот сируп. Откако содржината во тенџерето повторно ќе зоврие, варете на среден оган 15 мин, повремено распенувајки. Покријте го тенџерето со водена крпа и оставете го до утредента.

Повторете ја истата постапка уште два пати... Значи, оставате да зоврие, варите 15 мин., па го оставате да стои до другиот ден.
При последното, трето варење додајте го сокот од лимон, проверете ја густината на сирупот и оставете го слаткото сосем да се олади, покриено со водена крпа, најдобро до другиот ден.

Соберете во тегли и чувајте со останатата зимница.

Заради напишаниот начин на варење парчината праски не се распагаат, а стоењето во сирупот преку ноќ дополнително “ги желира“.


Слатко од праски

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6755
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 22:29

Слатко од грозје

Најдобро грозје за ова слатко е од сортата Султанија, без семки. Изберете полузрели зрна. Измијте ги во 3-4 води.
Во едно поголемо и широко тенџере ставете го шеќерот и водата, промешајте и ставете да се вари. Варете го шербетот додека да зоврие и се стопи шеќерот. Потоа ставете го грозјето и варете на среден оган. Повремено отстранувајте ја пената која ќе се направи одозгора. Варете додека да се згусни шербетот или за проба ставете од шербетот во едно тањирче и почекајте да се олади. Кога ќе е убаво оладен поминете со лажицата низ шербетот. Ако се прави „пат“ тогаш е готово. Некаде 15-тина минути пред крајот се става сокот од лимонот и се остава да се довари.
Откако ќе се свари, се трга на страна и се покрива со мокра крпа. Оставете го да отстои преку ноќ и потоа собирајте го во тегли.


Слатко од грозје

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 22:35

Слатко од трендафили


2013-05-18_16-41-21
Порции

Состојки

  • 100 гр. трендафили ливчиња
  • 1 кг. шеќер
  • 1 кг. вода
  • 3 - 4 лимони

Упатство

Сега знам зошто го памтам слаткото на баба ми од трендафили како најубаво…
За ова слатко, потребни се мајски некалемени трендафили со колку е можно помалку третмани за опстанок…
Може и само розеви, а може и црвени… Јас направив помешано, повеќе розеви и еден црвен и сеуште не можам да поверувам колку е убав спектарот од бои кои се прелеваат од розе до црвено…

Постапка :

1. Најпрво отстранете им ги дршките и средината, измијте ги, еден дел исечете на поситни парчиња и сите ливчиња ставете ги во водата да варат до 20 минути при што бојата на трендафилите ќе се изгуби привремено…
2. Потоа додадете го шеќерот и сок од два до три лимони, по желба може лимонтус…
3.Веднаш ќе почне да се менува бојата штом го додадете шеќерот и лимонот, односно ќе го гледате преубавиот спектар од бои…Варете на тивко, одстранувајте ја пената…
4.Кога шербетот ќе почне да се влече како конец, додадете уште еден лимон и слаткото е готово…
5.Извадете ја пената ако ја има уште…
6.Веднаш сипајте го во врели тегли слаткото и затворете ги… Или пак ладно со ладно, нека одстои цела вечер покриено со платнена салфета, па наредниот ден ставете го во тегли…
Се сервира на старинскиот начин во специјален сад со лажичиња и со чаша ладна вода !

…Во времето на баба ми немало лимони како денес, повеќе служеле како лек , но насекаде имало трендафили кои мирисале најопојно, волшебно…
Уште еднаш ќе речам, сега знам зошто толку ни се силни сеќавањата за ова слатко, навистина е нешто посебно…
Мирисот на трендафилите засекогаш ќе биде дел од нас, како и самото детство… Слаткото го има најубавиот спектар на бои што сум видела досега, од розево преку килибар до црвено… Мирис и вкус кој треба да го сочуваме и младите да го понесат во иднината…

2013-05-18_13-18-19

2013-05-18_13-56-32

2013-05-18_14-08-30

2013-05-18_16-39-00

2013-05-18_17-23-56

2013-05-18_17-52-10

2013-05-18_17-57-31

2013-05-18_18-04-39














Изменето од Valerija - 06.Февруари.2014 во 22:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6755
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 22:36

Слатко од сливи

1. 50 - 55 сливи се лупат. Се ставаат во вода со малку винобран да отстојат. Додека ги излупите сите сливи излупениот дел сливи ќе стојат 1 до 2 часа во винобран, бидејки ако не ги ставите во винобран тие ќе поцрнат.
2. Потоа повеќе пати ќе ги измиете додека не излезе белото од винобранот. Ги вадите семките од сливите и по желба внатре можете да ставите бадеми, но претходно тие бадеми треба да ги излупите.
3. Се прави шербетот и 15 мин. пред да биде готов се ставаат лимонтусот и ванилата и се варат додека тие не се стопат, се вади пената од површината и со намокрена крпа со вода стои до другиот ден.
4. Потоа слаткото се собира во тегли.


Слатко од сливи

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6755
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 22:38

Слатко од модри сливи со лимони

Сливите добро се мијат.
Им се отстранува семката, се лупат и се ставаат во варова вода.
Така стојат околу 30 минути за да се зацврстат малку.
Потоа се плакнат сливите во 9 води, да се исчистат добро.
Во последната вода им се става лимонтуси за да не потемнат.
На страна во шерпа се става шеќерот и се полева со вода, колку да го покрие шеќерот.
Додаваме лимони исецкани на тркалца.
Се остава шербетот да зоврие, па се пуштаат сливите во шербетот.
Така вари се додека не се сварат добро сливите.
Ја менуваат бојата и стануваат како кристални.
Шербетот се задебелува и тогаш слаткото е готово.
Значи, изборот е ваш колку сливи ќе ставите.На крајот некој става цвеќе слаткарче, за убав мирис. Значи тоа го оставам на вас....
Постапката е таа.
На 1 кг. сливи се става 800 гр. шеќер.
Да дадам мало објаснување, на оние кои прв пат ќе го приготвуваат слаткото. Јас, откако ги извадив семките и ги излупив сливите, ги мерев колку испагаат чистени. По таа грамажа, ставив шеќер. Значи ако се 5 кг. лупени сливи, додаваме 4 кг шеќер.


Слатко од модри сливи со лимони

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 22:18

НЕ Е ТЕШКО, А Е ПРЕКРАСНО – РЕЦЕПТ ЗА СЛАТКО ОД ПОРТОКАЛИ


Во периодот кога има превкусни и евтини портокали навистина е жалосно да не се обидете да го направите овој рецепт. Пригответе домашно слатко од портокали на радост на целото ваше семејство.

slatko-od-portokalСОСТОЈКИ
1 кг портокали
1300 г шеќер
1 лимон (сок од половина лимон и парчиња од втората половина лимон)ПОДГОТОВКА

1.Портокалите се мијат и се ставаат во сад, се залеваат со вода и се варат околу 10 минути или се додека омекнат. Водата се исфрла, а портокалите се залеваат со ладна вода за да се оладат.
2.Во истиот сад се става шеќер и вода колку да се натопи шеќерот и се вари додека се добие густ сируп.
3.Портокалите се сечат на парчиња, се отстрануваат семките и се истураат во садот со сирупот. Се додава и половина лимон и парчињата од втората половина лимон.
4.Слаткото се вари со повремено мешање, на среден оган се додека парчињата портокал не станат прозрачни или корката омекне. Ако се појави густа темно жолта пена, таа се отстранува.
5.Слаткото се собира врело во суви и чисти тегли кои се затвораат со капак одма штом се наполнат и се чуваат на суво и ладно место.

Повеќе фотографии од начинот на подготовката погледнете овде migusto.mk - фотогалерија слатко од портокали 
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2014 во 17:40

СЛАТКО ОД ЈАГОДИ

7

Состојки:

1кг јагоди

1.300 шеќер

сок од еден лимон

Подготовка:

Јагодите добро измијте ги и извадете им ги листовите. Попрскајте ги со лимонов сок и ставете ги во длабоко тенџере со шеќер. Оставете така да остојат една ноќ. Утредента кратко варете ги без да ги поместувате, почекајте да се оладат, па повторно вратете ги на шпоретот да се варат. Оставете да преноќат уште една вечер и утредента повторно гответе, оладете и внимателно сипувајте во тегли.

Напомена: Можете да додадете и стапче ванила за уште поубава миризба.



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:27
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2014 во 17:26

МАРМАЛАД ОД МАЛИНИ

24

Состојки:

1 кг. малини

кесичка џемфикс

1.150 г. шеќер

Подготовка:

1. Стерлизирајте ги теглите пред подготовката на мармаладот
2. Измијте ги малините, исцедете ги и ставете ги во сад за готвење. Содржината од кесичката џемфикс, најпрво помешајте ја со 2 лажици шеќер, а потоа додадете ги малините.

3. Варете на тивок оган додека не зоврие и мешајте пез престан, а потоа додадете го остаокот од шеќерот. Варете уште три минути, продолжувајќи да мешате. Веднаш полнете ги теглите со мармалад, затворете ги цврсто, превртете ги наопаку и оставете така пет минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2014 во 19:00

СЛАТКО ОД КАЈСИИ

5

Слаткото од кајсии е едно од најубавите.

Бара малку повеќе време и трпение за лупењето на кајсиите, но навистина вреди за трудот.

Доколку одлучите да го направите, според количината на кајсиите одредете ја количината на шеќер и вода.

 За 1 кгр. кајсии – 800 гр. шеќер и 1 чаша вода

Подготовка:
Кајсиите се лупат, им се вадат коските па се ставаат во варова вода да отстојат 2 часа. Потоа една по една убаво се мијат и се ставаат да се исцедат.

Додека се цедат, од шеќерот и водата се вари шербет кој врие околу 15 минути, па исцедените кајсии се ставаат во шербетот и слаткото се вари на тивок оган додека шербетот не се згусни (околу 30 – 40 минути, можеби и малку подолго).

За да проверите дали шербетот е густ, извадете малку во тацна и оставете да се излади. Потоа проценете за густината. Додека слаткото се вари, повремено со лажица собирајте ја пената.

Откако ќе се свари, тенџерето се покрива со влажна крпа (убаво исцедена) и се остава да се излади. Слаткото се собира ладно во ладни тегли.

Ништо повкусно од домашно слатко или мармалад!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13327
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 00:26
Originally posted by evangeline evangeline напиша:

<h1 ="post-title" style="-sizing: border-; margin: 15px 0px 10px; font-family: msc, sans-serif; line-height: 1.1;"><font size="3" color="#000000">Слатко од сливи</h1><div ="row post-" style="-sizing: border-; margin-top: 20px; font-family: msc, sans-serif; font-size: 13px; line-height: 18.571428298950195px;"><p style="-sizing: border-; margin: 0px 0px 20px;">1. 50 - 55 сливи се лупат. Се ставаат во вода со малку винобран да отстојат. Додека ги излупите сите сливи излупениот дел сливи ќе стојат 1 до 2 часа во винобран, бидејки ако не ги ставите во винобран тие ќе поцрнат.<br style="-sizing: border-;">2. Потоа повеќе пати ќе ги измиете додека не излезе белото од винобранот. Ги вадите семките од сливите и по желба внатре можете да ставите бадеми, но претходно тие бадеми треба да ги излупите.<br style="-sizing: border-;">3. Се прави шербетот и 15 мин. пред да биде готов се ставаат лимонтусот и ванилата и се варат додека тие не се стопат, се вади пената од површината и со намокрена крпа со вода стои до другиот ден.<br style="-sizing: border-;">4. Потоа слаткото се собира во тегли.

<p style="-sizing: border-; margin: 0px 0px 20px;">

<p style="-sizing: border-; margin: 0px 0px 20px;">Слатко од сливи



Единственото слатко кое го јадам со бадеми




И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13327
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 00:37
СЛАТКО РУСКА САЛАТА
1kg моркови
1kg зелени парлиџани
1kg тиква (во замена за јаболко)
1kg дуња
Сите се сецкани во коцки, во длабок сад се става вода колку да ги покрие. Да стои 24ч со 4 лимонтузи. Потоа убаво да се исцедат и да се додадат во сад во кои се прави шербетот (шербет со 3kg шеќер).
Откако ќе поврие и ќе биде готов шербетот (да се пази, се да остане крцкаво, да не бидат преварени) се додава

200g oраси јадро сецкани
1 рендан лимон


ако сакате може и 100гр суво грозје,јас го имам правено специфично но убаво е
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 91264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 23:09
ЏЕМ ОД СЛИВИ СО ЧОКОЛАДО

Септември е месец на правење зимници, а ние ви предлагаме да го направите овој прекрасен џем.

Сливи, чоколадо, рум... Има ли подобра комбинација? Подгответе џем од сливи на малку поинаков, оригинален начин.

Потребно:

 2 кг шеќер
 6 кг исчистени сливи
 5 чоколади
 Едно шишенце екстракт од рум


Подготовка:

 Растворете го шеќерот во малку вода, а потоа додајте ги измиените, исчистени и смелени сливи. Варете со повремено мешање.

 Кога ќе биде готово, додајте го чоколадото и варете уште малку. Потоа тргнете го џемот од огнот и додајте го шишенцето рум. 

 Топлиот џем сипете го во суви и топли тегли. Затворете ги и обвиткајте ги со прекривка додека да се изладат.

За во зима ќе имате прекрасен десерт.



Изменето од Valerija - 17.Декември.2017 во 20:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.