IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за разни видови слатко, џем, мармалад
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за разни видови слатко, џем, мармалад

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84675
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Рецепти за разни видови слатко, џем, мармалад
    Испратена: 11.Јули.2011 во 23:14

Мармалад од кајсии

Од три колограми шеќер и еден литар вода сварете густ сируп. Исчистете и измијте три килограми посочни кајсии, сомелете ги, па додадете ги во сирупот и варете ги со постојано мешање се додека смесата не се згусне. Мармаладот сипајте го во топли тегли и стерилизирајте го во рерна на 80 степени се додека не се фати коричка на површината, а потоа затворете ги теглите со целофан.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84675
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јули.2011 во 18:14

Џем од малини

Два килограми малини ставете во цедалка, а потоа мијте ги така што цедалката ќе ја потопувате во вода која треба да ја менувате пет-шест пати. Потоа, малините исцедете ги, па во тенџере редете ред малини, ред шеќер (еден килограм малини - еден килограм шеќер). Сето тоа прелијте го со лимонов сок, па оставете го на ладно место, покриено со чиста крпа, да отстои два часа. Тенџерето потоа ставете го на тивок оган и полека загревајте го. Откако ќе почне да врие, продолжете со варењето на умерена температура уште еден час. Притоа, внимателно мешајте го џемот за да не загори. Варениот џем сипајте го во загреани тегли и затворете ги со целофан.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84675
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2011 во 05:31

Желе од рибизли и од малини

Потребно:

* 1 кг малини
* 1 кг рибизли
* 2 кг шеќер

Приготвување: малините и рибизлите добро се мијат, се цедат, се оставаат во сад, се гмечат, а потоа се пасираат. Потоа се додава шеќерот во сокот и се вари додека не се згусне. Уште додека е топло, желето се става во топли тегли, кои се затвораат со целофан.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84675
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јули.2011 во 05:32

Џем

Праските измијте ги, бланширајте ги, излупете ги и извадете им ги семките. Потоа, ставете ги во поширок сад и со нож исечете ги на поситни парчиња. Џемот прво варете го без шеќер половина час. Потоа додадете половина килограм шеќер на еден килограм исчистено овошје и варете го уште 15-20 минути. Во текот на варењето џемот треба постојано да се меша. Предноста на овој вид варење е во тоа што овошјето ја задржува убавата светла боја, што не е случај кога шеќерот се става веднаш на почетокот од варењето.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84675
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2011 во 04:46

Слатко од ружи

Потребно:

* 250 г венечни ливчиња од ружа
* 2 кг шеќер
* 1 лимон

Приготвување: исечете го долниот дел од венечните ливчиња (може да биде горчлив), потоа ливчињата ставете ги во цедалка и заедно со неа ставете ги во вриена вода на 2 минути. Добро исцедените ливчиња измешајте ги со лимоновиот сок. Сварете го шеќерот со 2,5 дл вода во мошне густ сируп, па во него измешајте ги ливчињата. Оставете ги да отстојат преку ноќ, а утредента вратете го тенџерето на рингла и варете со додека ливчињата не станат проѕирни. Готовото слатко ставете го во тегли и откако ќе се излади добро затворете ги

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84675
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2011 во 06:55

Слатко од дињи

Потребно:

* 1 кг исчистени дињи
* 1,5 - 2 кг шеќер
* 400 мл вода

Приготвување: изберете сосема зрела, тврда диња. излупете ја надворешната кора, исечете ја на половина, исчистете го средниот мек дел со семките, па месото исечете го на коцки. Коцките посипете ги со шеќер и оставете ги два часа да стои на ладно место. Преостанатиот шеќер сварете го со 400 мл вода и со врелиот сируп прелијте ги дињите. Следниот ден истурете го сирупот во тенџере, проварете го и повторно врел прелијте го преку дињите. Третиот ден заедно, сирупот и дињите, варете ги додека не станат проѕирни. Потоа слаткото наредете го во врели тегли и утредента затворете ги.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84675
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2011 во 13:46

Џем од сливи во рерна

Потребно:

* 5 кг модри сливи
* 1 кг шеќер
* неколку каранфилчиња

Приготвување: сливите измијте ги и извадете им ги семките. Во тенџере редете ред сливи, ред шеќер, ставете ги каранфилчињата, па пак сливи, шеќер, сè додека не ги потрошите продуктите. Ставете го тенџерето во претходно загреана рерна и печете го џемот. Сливите сами пуштаат сок, а се печат сè додека течноста сосема не испари. Се пече приближно 3 часа. Џемот се става врел во врели тегли и веднаш се затвораат со целофан.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84675
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2011 во 06:24

Џем од дренки

Потребно:

* 2 кг дренки
* 1 кг шеќер

Приготвување: зрелите дренки се мијат и се пасираат за да се отстранат семките. Се додава половина од шеќерот и се варат. Кога џемот ќе почне да се згуснува, се додава остатокот од шеќерот и се вари до крај. Врелиот џем се става во врели тегли, кои треба да се остават да стојат 24 часа, а дури потоа да се затворат со целофан

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84675
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2011 во 23:19

Џем од круши

Потребно:

* 1 кг круши
* 500 г шеќер
* сок од 1 лимон

Приготвување: излупете ги крушите, исчистете ги од семките, па варете ги во покриено тенџере со малку вода додека не омекнат. Потоа добро исцедете ги, испасирајте ги, додајте ги шеќерот и сокот од лимонот, па варете го џемот додека не се згусне.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 84675
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2011 во 16:01

Слатко од дуњи

Вест рецептот за денес е за едно од најубавите домашни слатка

Потребно:

1 кг убави зрели дуњи
700 г шеќер
1 чаша вода


Приготвување: дуњите измијте ги, излупете ги, исчистете ги, исечете ги на парчиња и ставете ги во ладна вода. Во тенџере ставете една чаша вода и шеќерот и варете ги додека шеќерот сосема не се стопи, потоа врз него ставете ги исцедените дуњи и превртувајте ги за да впијат што повеќе сок. Варете ги додека не станат меки, но не смеат да се распаѓаат. Извадете ги внимателно дуњите од сокот и редете ги во тегли, а сокот и натаму варете го, се додека не се згусне како мед. Потоа тенџерето извадете го од ринглата и изладете го, прелијте ги дуњите со сокот. Откако ќе се изладат, затворете ги теглите.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 15:55
слатко од смокви

На 1 кг здрели смокви оди по 600 гр шеќер е сега да речеме за 3 кг смокви ќе ни треба 1 и 200 гр шеќер го тураме во шерпа,потоа додаваме вода колку да го покрие шеќерот и еден прст да има над него.Оставаме да зоврие откако ке зоврие му ги додаваме смоквите цели секако само исчистени од рачката да речам дршка и оставаме да врие без мешање само со малку протресување на шерпата.Готов ќе биде кога ке извадиме од шербетот со лажичка и кога ке излади да капи по капка.пред ваѓање додаваме еден исечкан лимон на тркалцина и една ванила и оставаме да се лади до другата ден покриен со влажна крпа.


слатко од црешни

Иако црешните завршија јас ке ви го кажам овај рецепт мене слакото ми е најубаво од ова овошје.
Црешните ги оставам цели само семката ја вадам на малу специфичен начин со шнола од црните оние обични ја фтерувам во дупчето кај што стои рачката и вртам наоколу околу семката кога ќе и поминам еден круг ја ваѓам нагоре,семката застанува на заоблениот крај од шнолата.
на 1 кг црешни околу 500 кг шеќер постапката е иста како кај смоквите само не се редии лимонот.

Изменето од Valerija - 18.Септември.2014 во 10:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 22:08


Слатко од портокали

Состојки

  • 1 кг. портокали кори и парчиња од портокалите
  • 1 кг. шеќер
  • 2 лимони
  • 2 ванили
  • 500 мл. вода

Упатство

Ова слатко е и од кората на портокали, но и од помали и поголеми парчиња од портокали, а ставив и еден лимон… Количина сами си одредувате, ги мерите портокалите пред варење, кога ќе ги подготвите во парчиња, фигури и полжавчиња…

1.Најпрво ги правев полжавчињата и разни фигурички од корите, добро измиени, количина по желба … Полжавчињата се долгнавести парчиња кора, свиткани во кругче и сошиени со конец, па нанижани заедно во круг…
2.Ставете ги во ладна вода подготвените полжави и фигури, по некоја фигура и од лимон и после неколку минути вриење, сменете ја водата …
3.Направете го тоа многу пати, јас скоро десет пати ја сменив водата која зовриваше кратко, до 3 минути…
4. Додека тече таа постапка, ги подготвувате другите помали и поголеми парчиња, а најпрво изрендајте ја кората на портокалите многу внимателно, па сечете по желба разни парчиња, а подгответе и парчиња од лимонот…
5. Сега ставете го шеќерот и водата да зовријат за шербетот…
6. Ставете ги прво парчињата да повријат со малку сок од лимон…
8. По некое време, додадете ги полжавите и фигурите од кората, тие се веќе сварени…
9.Слаткото е готово кога ќе стане прозрачно и кога шербетот ќе биде по желба густ… Јас не го сакам многу густ, но тоа се вкусови…
10. Додадете ги ванилите на крај и оставете го покриено со влажна кујнска салфета да се олади…
Уживајте во едно од најубавите слатка !

2013-07-10_14-56-24

2013-07-10_15-17-59

2013-07-10_15-43-55

2013-07-10_15-45-18

2013-07-10_23-48-49

2013-07-11_00-14-53

2013-07-11_01-21-16




Изменето од Valerija - 18.Септември.2014 во 10:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 22:17

Слатко од лубеница



2013-06-30_20-37-59

Состојки

  • 1 кг. лубеница
  • 1 кг. шеќер
  • 250 мл. вода
  • 2 ванили
  • 1 лимон

Упатство

Најпрво исечете ја лубеницата на поголеми парчиња и отстранете ја надворешната кора, а се разбира и црвениот дел кој можеби сте го изеле веќе, но оставете еден тенок слој… Потоа исечете парчиња од кои ќе вадите по желба, помали парченца и во форма која сакате… Парчињата ќе се варат кратко низ 5 до 6 води… Ставете ги во ладна вода да повријат околу 5 минути. Потоа сменете ја водата, така направете 5 до 6 пати, да зоврие 5 минути, па исцедете и ставете ладна вода повторно… После последниот пат, веднаш подгответе го шеќерот за шербетот, на 1 кг. лубеница оди 1 кг. шеќер и малку вода. Измерете ја лубеницата кога ќе ги подготвите парчињата, зашто после варењето, количината ќе се намали… Кога ќе зоврие шербетот, додадете ги парчињата заедно да се варат… Треба да се варат на силен оган, без мешање… Кога ќе почнат да се појавуваат меурчиња, значи готово е… Јас не сакам густ шербет, ниту многу благ, ниту многу кисел… Полесно е за јадење кога е поводен… Додадете 2 ванили и кришки лимон, покријте го садот со влажна платнена салфета, а наредниот ден ставете го слаткото во теглички… Мене ми е уште покриено, овие ги извадив за проба, па направив неколку фотографии…
Слаткото е прекрасно, прозрачно, со преубав вкус… Добар апетит !















Изменето од Valerija - 06.Февруари.2014 во 22:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6751
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 22:25

Слатко од јагоди

Јагодите се мијат и се чистат од рачките. Во сад со 150мл. вода се раствара лимонтусот, земаме дел од јагодите и ги ставаме во течноста да постојат 10сек. и ги вадиме. Истото го повторуваме со сите јагоди. Добро исцедените јагоди ги полеваме со сок од еден лимон. Потоа во тенџере ставаме ред јагоди ред шеќер, се додека ги потрошиме. Го оставаме тенџерето да отстои преку ноќ. До сабајлето јагодите си пуштат сок и ги ставаме да се варат на јак оган. Ова слатко не се промешува, па затоа треба тенџерето да е доволно големо за да не може да претече. Откако ќе се свари (од 15 до 20 мин.) го тргаме слаткото од оган му ја тргаме пената, го покриваме со влажна крпа и го оставаме да стои 15мин. За тоа време јагодите пуштат вода и затоа после 15мин. го враќаме слаткото уште 5 мин. на јак оган. Го тргаме од оган му ја отстрануваме пената и го покриваме со влажна крпа и го оставаме да се излади, па потоа го собираме во тегли. Вака подготвеното слатко нема да се расипе.







Изменето од evangeline - 06.Февруари.2014 во 22:26
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,094 секунди.