|
Ситонија - Грција |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 13.Јануари.2014 во 17:21 |
Ситонија е вториот крак на полуостровот Халкидики, кој за многумина претставува и негов најубав дел. Ваквите епитети таа особено ги заслужува, доколку кон неа се гледа како природна реткост, чии неповторливи убавини се расфрлани низ сета нејзина површина. Живописниот рељеф, мноштвото шуми, прекрасните панорами, нејзините заливи, песочни плажи, богатите плантажи и виногради, идиличните населени места, како и богатата флора и фауна се само дел од нејзините природни убавини. Местоположбата помеѓу двата залива: Торонеос и Сигитос, како и нејзините пристаништа, само дополнително ја истакнуваат можноста за остварување на динамичен и истражувачки престој за време на летниот одмор. Всушност независно дали сте сместени во нејзините познати летувалишта: Псакудија, Неос Мармарас, Торони или Сарти, таа најмалку ве остава да бидете посветени само на прекрасните плажи и синото море. Едноставно таа ве повикува постојано да ја истражувате. Името го добила по Ситонија, синот на богот на морето Посејдон. Брдата тука се видно поизразени и е позната по прозиводство на вино и мед. Идеално место е за љубителите на природа. Се одликува со чисти плажи опкружени. Возбудливите пејсажи на овој полуостров се вистинска атракција за сите туристи, посебно за оние кои се љубители на природа и ноќен живот. Бреговите на овој крак кријат шармантни туристички места во кои ќе го почувствувате традиционалното гостопримство, комфорно сместување и прекрасни хотели. Кој дел и да изберете од Ситониа, ќе здогледате златна песочна плажа во таинствени заливи, над кои се спушта боровата шума. Од друга страна, ви се нуди можност за посета на некои од историските локалитети. Оваа област, сепак неминовно има најдобри клубови за добар ноќен живот. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сарти
Сарти е една од најпосакуваната дестинација на Ситонија. Тоа е мало рибарско место, и се наоѓа помеѓу Вурвуру и Сикие, на околу 140 км од Солун и 130 км од солунскиот аеродром. Има околу 900 жители, но во текот на летото привлекива туристи од целиот свет. Додека се приближувате кон Сарти имате прекрасен поглед на местото. Се гледа огромна плажа со кристално чисто море и импресивна зелена природа, која го опкружува градот. Сарти изобилува со улички со сместувачки капацитети, традиционални таверни, супермаркети и мноштво на туристи. Покрај хотелите и вилите, во Сарти се наоѓа и камп населба. На шеталиштето покрај брегот може да уживате седејќи во некоја од многуте таверни, со прекрасен поглед на морето, на Света Гора, а кога небото е чисто, може да здогледате некој од прочуените манастири. Во Сарти вреди да се посети и манастирот Ksiropotamos, каде некои од пребегнатите фамилии се доселиле тука во 1922 година од Мала Азија и поминале две години во манастирот. Ако на Сарти сте на "Dekapentavgousto" ( 15 Август), имате можност да присуствувате на традиционалниот панаѓур кој се организира во чест на Девица Марија. Ноќниот живот не е за потценување. Овде има доста клубови и барови, а во близина се наоѓаат и познатите барови на плажа кои ви нудат забава и прекрасен поглед на Света Гора со зајдисонцето. Плажата во Сарти Поглед од видиковецот Кафичи + плажа Kalamitsi vo blizina na Sarti Изменето од evangeline - 13.Јануари.2014 во 17:30 |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
д4б3
Сениор Lord OFF the topic Регистриран: 31.Јули.2013 Статус: Офлајн Поени: 2580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
на Каламитси е добро за нуркане каj скалите - 10-15 метра има видимост
ама нема много риба за ловене ама има морски ежово со големи подли боли ако стапнеш и треба да се внимава кога се нуркаш каj скалите и од Каламитси се гледа Атон во облаците не е лошо Изменето од д4б3 - 13.Јануари.2014 во 17:42 |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Инаку бабичкава е нешто што не смеете да пропуштите во Сарти.
За да дојде човек на ред се чека и по 10-20 минути. Голема порција чини 6 евра и вреди за секој цент Секогаш е на истото место, до Димос грил и нема промашување. Во Сарти нема Лидл, има Арванитидис со прилично прифатливи цени и далеку поефтин од локалните маркети. Едно клипче за Ситонија со лош квалитет, ама има доста информации. Изменето од evangeline - 13.Јануари.2014 во 17:42 |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
д4б3
Сениор Lord OFF the topic Регистриран: 31.Јули.2013 Статус: Офлајн Поени: 2580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Lidl има во Никти
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мислиш на Атос? Јас ежиња сум начекала само околу камења/карпи. И поголемки бранови од стандардно. Има и по некоја медуза кога не ја очекуваш.
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
д4б3
Сениор Lord OFF the topic Регистриран: 31.Јули.2013 Статус: Офлајн Поени: 2580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
изглегува дека на Атос сум мислел
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Инаку за риби ако не се лажам местото се викаше Pyrgadikia меѓу вториот и третиот крак. Баш убаво рибарско селце. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Неос Мармарас
Неос Мармарас е една од најпопулараните туристички дестинацији на Ситонија. Се наоѓа на западната страна на Ситониа, помеѓу Никити и Торони. Од Солун е оддалечен 110 км, а од солунскиот аеродром 100 км. Неос Мармарас е основан 1922 година од страна на грчките бегалци од островот Мармарас, Пропонтида од Мала Азија. Од 1967 година местото го населиле гоелм број на доселеници од Партенон, кои во 1970 година потполно го напуштиле своето место и се доселиле во Неос Мармарас. Областа Неос Мармарас нуди широк спектар на услуги. Постојат многу супермаркети, сувенирници, ресторани, барови, клубови, рент а кар, такси компании, аптеки, банки, пошта и т.н. Постои и автобуска линија секој дневно, која се обраќа до Солун. Неос Мармарас е во хармонија со морето и планините. Областа се карактеризира со зелени пејсажи, додека останатиот дел на брегот ( долг 20 км), го прави борова шума кои се спуштаат до плажа. Туристите уживаат на плажите кои се наградени со Сино знаме ( Paradisos, Grigoriatioko, Koutsoupia, Azapiko ). Во околината се наоѓаат голем број на мали пристаништа и преубави плажи, како и мали острови ( Spalatronisia). До овие плажи може да дојдете само со изнајмен чамец или со автомобил, и да уживате во чистото море и златното сонце. За многумина е интересно да се посети островот Келуфос, кој е полн со диви кози и е познат по спектакуларното морско дно, кое подводните фотографи го нарекуваат "Рај". Од тука може да направите неколку излети, како што се: крстарење околу Света Гора, крстарење по заливот Торонеос, да посетите грчка вечер и т.н. Исто така и ноќниот живот не заостанува. Се нуди занимлив ноќен живот, со избор на многу добри локали. Културниот и фолклорниот центар ‘Proikonnisos’ организира мноштво на културни активности, од кои најважни се годишниот фестивал "Спомени од старата татковина". Чести се и изложбите на традиционални предмети, фотографии, книги, како и религиозни предмети и слики. На 27 Јули се организира годишна прослава под името Партенон. Инаку чамец можете да изнајмите за околу 100 евра од ден, дозволени се 6 лица на него, значи по 16-17 евра од човек за добра дневна тура. |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вурвуру
На источната страна на Ситониjа се наоѓа Вурвуру, помеѓу Сарти и Ормос Панагие. Од Солун е оддалечен 120 км. Вурвуру е познат по песочните плажи, малите острови, кристално чистото море, шумската вегетација. Плажите и морето се идеални за семејства со мали деца, бидејќи морето на некои места е плитко и десет метри од брегот. Овде се застапени водените спортови, а Вурвуру е привлечен и за нуркачи, бидејќи не многу далеку од брегот, на длабочина од 18 – 22 метри се наоѓаат корални гребени. На пат за Вурвуру до местото Сарти, има одлични кампови, а најпознат е „Armenistis“, познат по долгата песочна плажа. Овде има и неколку луксузни туристички објекти, многу викенд куќички и соби за издавање. Местото изобилува со ресторани, барови, таверни во кои може да уживате во вкусно приготвената храна. Ако сакате да ја истражувате прекрасната природа или да се опуштите на импресивните плажи, тогаш Вурвуру е вистинското место за вас. Лично мене плажите не ми се допаѓаат многу, освен оние Кариди и Фава. Кариди Фава Изменето од evangeline - 13.Јануари.2014 во 19:42 |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никити
Никити е мало гратче кое се наоѓа на западната страна од најтесниот дел од вториот полуостров на Халкидики, Ситонија. Туристичката понуда заедно со прекрасните плажи кои се наоѓаат во самото место, но и во непосредна близина, го прават Никити една од најпривлечните дестинации во летниот период. Никити има околу 3000 жители и се состои од два дела – стар и нов. Нив ги дели главниот пат на Халкидики – Ситониjа. Стариот дел на Никити, првобитниот град, се наоѓа на околу 2 км од морето, над главниот пат кон брдото, а новиот дел се наоѓа помеѓу главниот пат и морето. Уште при пристигнувањето во Никити ќе се соочите со голема дилема - да тргнете кон морето или кон планините? Каде и да се свртите, ќе здогледате неспоредлива убавина. Без разлика за што ќе се одлучите, нема да заминете од ова прекрасно место незадоволни. Ако при влезот во административниот центар на Ситонија свртите десно, патот ќе ве одведе до одличната плажа која се протега по целата должина на гратчето и по која се наредени огромен број кафулиња, таверни и ресторани со поглед на морето. Доколку пак свртите лево, ќе се искачите до старата населба, каде што постојат остатоци уште од праисториски времиња, а во целост се зачувани повеќе куќи чија градба датира уште од 1830 година. Секој период од денот е идеален за прошетка низ малата медитеранска населба, во која ќе можете да уживате во традиционалната архитектура, старата црква Агиос Никитас (изградена во 1867 година) и старото училиште. При прошетката, не ја пропуштајте можноста да седнете на ручек во една од традиционалните таверни кои ќе ве потсетат на поедноставните времиња кога луѓето имале повеќе контакт еден со друг. Исто така, напијте се кафе во најстарото кафуле во градот, во сопственост на Никос Казанис, каде што ќе ве послужат на стари, дрвени маси, под сенката од огромните винови лози. ***** Секој петок од рано наутро до 13 часот во Никити работи традиционалниот пазар, каде може да го купите прочуениот мед и други локални производи. ***** ***** Секоја година на 15.09 се празнува празникот Св. Никитас. ***** Изменето од evangeline - 13.Јануари.2014 во 20:40 |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Последниве 5-6 години уживаме во неговите прекрасни,бескрајни песочни плажи и тиркизното море!
Не би го менувала ова преубаво местенце за ништо друго Изменето од Valerija - 01.Март.2020 во 09:20 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кажете малку за цените на собите , по рестораните ...... Ноќниот живот како е ?
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ноќниот живот е сосема добар, само зависи што бараш. Нема ненормални забави, ама за луѓе постари од 25 години е сосема солидно. Имаш кафичи, таверни, клуб. Е сега ако сакаш нешто како она во Кавос, нема да најдеш. Цени зависи кој период и за колку лица. Имаш и по 90 евра од соба во сезона, имаш и по 40. Се зависи од тоа што сакаш и каде сакаш. По рестораните како и во сите места на Халкидики, може за 1 евро порција да е поскапо. Од 7+ евра евра по порција (месо) 6+ тестенини, јагнешкото 10+ најчесто. Гирото стандард, до 2.5 евра. И ретко се менуваат цените драстично, најчесто е оноа неосетното по пола или едно евро. Цените им варираат и од месецот во кој ќе одиш. Предсезона се поефтини, во сезона се често поскапи.
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |