Испечати | Затвори го прозорот

Ситонија - Грција

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Патувања...
Опис на форумот: Многу ме нервираат типови кои се фалат дека сакаат патувања. Па добро бе, кој не сака?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26843
Датум на принтање: 29.Април.2024 во 11:06
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Ситонија - Грција
Постирано од: evangeline
Наслов: Ситонија - Грција
Датум на внесување: 13.Јануари.2014 во 17:21
Ситонија е вториот крак на полуостровот Халкидики, кој за многумина претставува и негов најубав дел. Ваквите епитети таа особено ги заслужува, доколку кон неа се гледа како природна реткост, чии неповторливи убавини се расфрлани низ сета нејзина површина. Живописниот рељеф, мноштвото шуми, прекрасните панорами, нејзините заливи, песочни плажи, богатите плантажи и виногради, идиличните населени места, како и богатата флора и фауна се само дел од нејзините природни убавини. Местоположбата помеѓу двата залива: Торонеос и Сигитос, како и нејзините пристаништа, само дополнително ја истакнуваат можноста за остварување на динамичен и истражувачки престој за време на летниот одмор. Всушност независно дали сте сместени во нејзините познати летувалишта: Псакудија, Неос Мармарас, Торони или Сарти, таа најмалку ве остава да бидете посветени само на прекрасните плажи и синото море. Едноставно таа ве повикува постојано да ја истражувате.

Името го добила по Ситонија, синот на богот на морето Посејдон. Брдата тука се видно поизразени и е позната по прозиводство на вино и мед. Идеално место е за љубителите на природа. Се одликува со чисти плажи опкружени. Возбудливите пејсажи на овој полуостров се вистинска атракција за сите туристи, посебно за оние кои се љубители на природа и ноќен живот. Бреговите на овој крак кријат шармантни туристички места во кои ќе го почувствувате традиционалното гостопримство, комфорно сместување и прекрасни хотели. Кој дел и да изберете од Ситониа, ќе здогледате златна песочна плажа во таинствени заливи, над кои се спушта боровата шума. Од друга страна, ви се нуди можност за посета на некои од историските локалитети. Оваа област, сепак неминовно има најдобри клубови за добар ноќен живот.











-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE



Коментари:
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 13.Јануари.2014 во 17:29
Сарти



Сарти е една од најпосакуваната дестинација на Ситонија. Тоа е мало рибарско место, и се наоѓа помеѓу Вурвуру и Сикие, на околу 140 км од Солун и 130 км од солунскиот аеродром. Има околу 900 жители, но во текот на летото привлекива туристи од целиот свет. Додека се приближувате кон Сарти имате прекрасен поглед на местото. Се гледа огромна плажа со кристално чисто море и импресивна зелена природа, која го опкружува градот. Сарти изобилува со улички со сместувачки капацитети, традиционални таверни, супермаркети и мноштво на туристи. Покрај хотелите и вилите, во Сарти се наоѓа и камп населба. На шеталиштето покрај брегот може да уживате седејќи во некоја од многуте таверни, со прекрасен поглед на морето, на Света Гора, а кога небото е чисто, може да здогледате некој од прочуените манастири. Во Сарти вреди да се посети и манастирот Ksiropotamos, каде некои од пребегнатите фамилии се доселиле тука во 1922 година од Мала Азија и поминале две години во манастирот. Ако на Сарти сте на "Dekapentavgousto" ( 15 Август), имате можност да присуствувате на традиционалниот панаѓур кој се организира во чест на Девица Марија. Ноќниот живот не е за потценување. Овде има доста клубови и барови, а во близина се наоѓаат и познатите барови на плажа кои ви нудат забава и прекрасен поглед на Света Гора со зајдисонцето.



Плажата во Сарти



Поглед од видиковецот



Кафичи + плажа


 Kalamitsi vo blizina na Sarti



-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: д4б3
Датум на внесување: 13.Јануари.2014 во 17:38
на Каламитси е добро за нуркане каj скалите - 10-15 метра има видимост

ама нема много риба за ловене

ама има морски ежово со големи подли
боли ако стапнеш и треба да се внимава кога се нуркаш каj скалите

и од Каламитси се гледа Атон во облаците

не е лошо


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 13.Јануари.2014 во 17:42
Инаку бабичкава е нешто што не смеете да пропуштите во Сарти.
За да дојде човек на ред се чека и по 10-20 минути. Голема порција чини 6 евра и вреди за секој центголема насмевка
Секогаш е на истото место, до Димос грил и нема промашување.




Во Сарти нема Лидл, има Арванитидис со прилично прифатливи цени и далеку поефтин од локалните маркети.


Едно клипче за Ситонија со лош квалитет, ама има доста информации.




-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: д4б3
Датум на внесување: 13.Јануари.2014 во 17:43
Lidl има во Никти


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 13.Јануари.2014 во 17:44
Originally posted by д4б3 д4б3 напиша:

на Каламитси е добро за нуркане каj скалите - 10-15 метра има видимост

ама нема много риба за ловене

ама има морски ежово со големи подли
боли ако стапнеш и треба да се внимава кога се нуркаш каj скалите

и од Каламитси се гледа Атон во облаците

не е лошо

Мислиш на Атос?

Јас ежиња сум начекала само околу камења/карпи.
И поголемки бранови од стандардно.

Има и по некоја медуза кога не ја очекуваш.голема насмевка


-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: д4б3
Датум на внесување: 13.Јануари.2014 во 17:46
изглегува дека  на Атос сум мислел хи, хи...


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 13.Јануари.2014 во 17:56
Originally posted by д4б3 д4б3 напиша:

изглегува дека  на Атос сум мислел хи, хи...

Инаку за риби ако не се лажам местото се викаше Pyrgadikia меѓу вториот и третиот крак. Баш убаво рибарско селце.



-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 13.Јануари.2014 во 18:10
Неос Мармарас 


Неос Мармарас е една од најпопулараните туристички дестинацији на Ситонија. Се наоѓа на западната страна на Ситониа, помеѓу Никити и Торони. Од Солун е оддалечен 110 км, а од солунскиот аеродром 100 км. Неос Мармарас е основан 1922 година од страна на грчките бегалци од островот Мармарас, Пропонтида од Мала Азија. Од 1967 година местото го населиле гоелм број на доселеници од Партенон, кои во 1970 година потполно го напуштиле своето место и се доселиле во Неос Мармарас.

Областа Неос Мармарас нуди широк спектар на услуги. Постојат многу супермаркети, сувенирници, ресторани, барови, клубови, рент а кар, такси компании, аптеки, банки, пошта и т.н. Постои и автобуска линија секој дневно, која се обраќа до Солун. Неос Мармарас е во хармонија со морето и планините. Областа се карактеризира со зелени пејсажи, додека останатиот дел на брегот ( долг 20 км), го прави борова шума кои се спуштаат до плажа. Туристите уживаат на плажите кои се наградени со Сино знаме ( Paradisos, Grigoriatioko, Koutsoupia, Azapiko ). Во околината се наоѓаат голем број на мали пристаништа и преубави плажи, како и мали острови ( Spalatronisia). До овие плажи може да дојдете само со изнајмен чамец или со автомобил, и да уживате во чистото море и златното сонце.

За многумина е интересно да се посети островот Келуфос, кој е полн со диви кози и е познат по спектакуларното морско дно, кое подводните фотографи го нарекуваат "Рај". Од тука може да направите неколку излети, како што се: крстарење околу Света Гора, крстарење по заливот Торонеос, да посетите грчка вечер и т.н. Исто така и ноќниот живот не заостанува. Се нуди занимлив ноќен живот, со избор на многу добри локали. Културниот и фолклорниот центар ‘Proikonnisos’ организира мноштво на културни активности, од кои најважни се годишниот фестивал "Спомени од старата татковина". Чести се и изложбите на традиционални предмети, фотографии, книги, како и религиозни предмети и слики. На 27 Јули се организира годишна прослава под името Партенон.


Инаку чамец можете да изнајмите за околу 100 евра од ден, дозволени се 6 лица на него, значи по 16-17 евра од човек за добра дневна тура.











-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 13.Јануари.2014 во 19:41
Вурвуру  

На источната страна на Ситониjа се наоѓа Вурвуру, помеѓу Сарти и Ормос Панагие. Од Солун е оддалечен 120 км. Вурвуру е познат по песочните плажи, малите острови, кристално чистото море, шумската вегетација. Плажите и морето се идеални за семејства со мали деца, бидејќи морето на некои места е плитко и десет метри од брегот. Овде се застапени водените спортови, а Вурвуру е привлечен и за нуркачи, бидејќи не многу далеку од брегот, на длабочина од 18 – 22 метри се наоѓаат корални гребени. На пат за Вурвуру до местото Сарти, има одлични кампови, а најпознат е „Armenistis“, познат по долгата песочна плажа. Овде има и неколку луксузни туристички објекти, многу викенд куќички и соби за издавање. Местото изобилува со ресторани, барови, таверни во кои може да уживате во вкусно приготвената храна. Ако сакате да ја истражувате прекрасната природа или да се опуштите на импресивните плажи, тогаш Вурвуру е вистинското место за вас.


Лично мене плажите не ми се допаѓаат многу, освен оние Кариди и Фава.






Кариди 








Фава   






-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 13.Јануари.2014 во 20:37
Никити


Никити е мало гратче кое се наоѓа на западната страна од најтесниот дел од вториот полуостров на Халкидики, Ситонија. Туристичката понуда заедно со прекрасните плажи кои се наоѓаат во самото место, но и во непосредна близина, го прават Никити една од најпривлечните дестинации во летниот период. Никити има околу 3000 жители и се состои од два дела – стар и нов. Нив ги дели главниот пат на Халкидики – Ситониjа. Стариот дел на Никити, првобитниот град, се наоѓа на околу 2 км од морето, над главниот пат кон брдото, а новиот дел се наоѓа помеѓу главниот пат и морето. Уште при пристигнувањето во Никити ќе се соочите со голема дилема - да тргнете кон морето или кон планините? Каде и да се свртите, ќе здогледате неспоредлива убавина. Без разлика за што ќе се одлучите, нема да заминете од ова прекрасно место незадоволни. Ако при влезот во административниот центар на Ситонија свртите десно, патот ќе ве одведе до одличната плажа која се протега по целата должина на гратчето и по која се наредени огромен број кафулиња, таверни и ресторани со поглед на морето. Доколку пак свртите лево, ќе се искачите до старата населба, каде што постојат остатоци уште од праисториски времиња, а во целост се зачувани повеќе куќи чија градба датира уште од 1830 година.

Секој период од денот е идеален за прошетка низ малата медитеранска населба, во која ќе можете да уживате во традиционалната архитектура, старата црква Агиос Никитас (изградена во 1867 година) и старото училиште. При прошетката, не ја пропуштајте можноста да седнете на ручек во една од традиционалните таверни кои ќе ве потсетат на поедноставните времиња кога луѓето имале повеќе контакт еден со друг. Исто така, напијте се кафе во најстарото кафуле во градот, во сопственост на Никос Казанис, каде што ќе ве послужат на стари, дрвени маси, под сенката од огромните винови лози.


***** Секој петок од рано наутро до 13 часот во Никити работи традиционалниот пазар, каде може да го купите прочуениот мед и други локални производи. *****

***** Секоја година на 15.09 се празнува празникот Св. Никитас. *****









-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Јануари.2014 во 08:17
Последниве 5-6 години уживаме во неговите прекрасни,бескрајни песочни плажи и тиркизното море!
Не би го менувала ова преубаво местенце за ништо другосреќа


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Јануари.2014 во 08:42
Кажете малку за цените на собите , по рестораните ...... Ноќниот живот како е ?

-------------


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 14.Јануари.2014 во 14:08
Originally posted by емил емил напиша:

Кажете малку за цените на собите , по рестораните ...... Ноќниот живот како е ?

Ноќниот живот е сосема добар, само зависи што бараш. Нема ненормални забави, ама за луѓе постари од 25 години е сосема солидно. Имаш кафичи, таверни, клуб.
Е сега ако сакаш нешто како она во Кавос, нема да најдеш.
Цени зависи кој период и за колку лица. Имаш и по 90 евра од соба во сезона, имаш и по 40. Се зависи од тоа што сакаш и каде сакаш.
По рестораните како и во сите места на Халкидики, може за 1 евро порција да е поскапо. Од 7+ евра евра по порција (месо) 6+ тестенини, јагнешкото 10+ најчесто. Гирото стандард, до 2.5 евра. И ретко се менуваат цените драстично, најчесто е оноа неосетното по пола или едно евро. Цените им варираат и од месецот во кој ќе одиш. Предсезона се поефтини, во сезона се често поскапи.


-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 15.Јануари.2014 во 23:31
Торони 

Торони е мало село кое се наоѓа на југозападниот дел на вториот крак од Халкидики, Ситонија, на 17 километри јужно од Неа Мармарас. Во селото живеат помалку од 300 луѓе, додека во пошироката област, Торонеос околу 4.000 жители. Токму затоа, Торони претставува идеална дестинација за летни одмори.

Легендата вели дека Торони била жената на Протеј, синот на Посејдон. Веројатно поради таа причина, жителите на Халкидики во 8. век ја основале населбата Торони токму на крајните делови од полуостровот, именувајќи ја според сопругата на „богот на морската непредвидливост“. Во тоа време, местото имало исклучителна стратешка важност во поморските битки, но денес претставува мирно место за уживање и релаксација. Денешните жители се ориентирани кон туризам, риболов и земјоделство.

Селото Торони е оддалечено 142 километри од Солун и 222 километри од границата со Македонија, но за нијанса подолгото патување е исплатливо поради прекрасното природно опкружување и нештата што ова место ќе ви ги понуди. Пред Торони се простира една од најубавите плажи на полуостровот Халкидики, со вкупна должина од 2,5 километри. Оваа плажа се одликува со златно-жолт ситен песок и кристално бистра вода. Зад селото се издигаат ридови со благи падини и бујна вегетација. Сето ова, овозможува пријатна атмосфера, чист воздух и пријатно ветре кое повремено ќе ве разлади. Во Торони покрај стандардните погодности на летните одмори во Грција, постојат повеќе организирани спортски активности во кои ќе можете да уживате, како на пример: скијање на вода, спортско рибарење, нуркање, планинарски тури итн.


Корисен линк:  http://sithoniagreece.com/sithonia/toroni/guide/toroni/" rel="nofollow - http://sithoniagreece.com/sithonia/toroni/guide/toroni/











Toroni, Halkidiki




-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 09:40
Уникатните убавини на Сарти (моја најомилена летна дестинација)


Прекрасното градче Сарти се наоѓа на источната страна на полуостровот Ситонија (вториот крак на Халкидики), со поглед на светиот полуостров Атос. Местото е опкружено со бујна вегетација и раскошен поглед на сите страни, што го прави идеално за одмор и релаксација.

Градчето Сарти е подигнато на местото каде што се наоѓал античкиот град со истото име, град кој бил исклучително важен во геополитичката стратегија на древната Грција. Местото било посетено и од персискиот крал Ксеркс за време на неговите епски походи. Денес, остатоците од античката населба можат да се најдат во опкружувањето на Сарти.

Околу Сарти се наоѓаат и дел од најраскошните плажи во цела Грција, меѓу кои најпознати се: Златната плажа Сарти, Транос, Аи Николас, Платаници, Аклада, како и уникатната плажа Кавуротрипес.

Сарти веќе со години е едно од најпопуларните туристички локации во Грција, главно поради необично складната комбинација на морето и планините, кои се соединуваат токму во ова магично место. Градчето изобилува со бројни кафулиња, ресторани и таверни, кои ќе ги задоволат и најпребирливите вкусови.

 Можете да се опуштите во некое од тивките кафулиња со убаво кафе или сладолед, но можете да уживате и во интензивниот ноќен живот, во одличните ноќни клубови.

Посетата на Сарти не смее да помине без посета на манастирот Ксиропотамос, кој се наоѓа непосредно до градчето, а од оваа локација секојдневно се организираат и бродски ексК*рзии кон планината Атос – искуство што едноставно не смее да се пропушти.










-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 02.Мај.2014 во 13:33
Вреди да се видиљубов

http://vimeo.com/53626692" rel="nofollow - http://vimeo.com/53626692


-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 25.Април.2015 во 16:25
Некои од поубавите плажи на Ситонија

Агиос Јоанис

Плажата Агиос Јоанис се наоѓа јужно од гратчето Никити и се одликува со мека, песочна површина и чиста вода. Мирното опкружување, должината од преку 700 метри и релативно плитката вода ја прават идеална за семејно уживање. Посетителите ја имаат прогласено за една од најдобрите на Халкидики.


Агиа Кириаки

Агиа Кириаки е запрепастувачки убава песочна плажа, долга речиси половина километар, со ситна песок, која се наоѓа на неколку километри јужно од Неа Мармарас. Се работи за една од помирните плажи.


Лагомандра

Лагомандра всушност е спој на две плажи на кои им е доделено „сино знаменце“, што значи дека се официјално прогласени за едни од најчистите и најубавите во Грција. Водата е тиркизно сина, а песокта е исклучително мека. Оваа плажа е организирана, со лежалки и чадори (на северниот дел), но има и помирен дел каде што можете да лежите на песокта. Лагомандра е една од позабавните плажи, со шанкови и организирани водени спортови. Не е идеална за деца, бидејќи водата станува длабока релативно брзо. Плажата се наоѓа на неколку километри северно од Неа Мармарас.


Каламици

Каламици се наоѓа на петнаесетина километри јужно од Сарти. Плажата е долга околу половина километар и се одликува со ситен и мек псеок. Водата на овој дел од полуостровот е исклучително мирна, што ја прави локацијата идеална за водени спортови, особено за нуркање.


Кавуротрипес

Оваа симпатична мала плажа е позната под повеќе имиња, меѓу кои и Портокалова плажа. Во овој дел од брегот многу често можете да наидете на мали заливчиња помеѓу карпите, кои неретко кријат прекрасни, рајски плажи. Плажата се наоѓа на десетина минути возење северно од Сарти, но внимавајте на знакот кој посочува кон неа, затоа што многу лесно можете да се изгубите.


Тристиника

Оваа плажа претставува продолжение на совршениот брег на Торони, со должина од преку 5 километри. Со оглед на тоа што Тристиника е малку поодалечена од околните населени места, таму нема организација и најчесто посетителите се решаваат за кампување со шатори.


Трани Амуда

Оваа плажа уште се нарекува и Ливрохио и претставува рај за луѓето што сакаат „диви“ плажи, без музика и најчесто без многу посетители. Се наоѓа во близина на Агиос Николаос, на десетина километри од Никити, но на спротивниот брег, со поглед кон Атос.



-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Март.2020 во 11:22

Бисерот на Ситонија: Погледнете ја најегзотичната плажа во Грција


И оваа година Грција е една од најбараните дестинации за летување. Сепак, за оние кои ги нервира тоа да слушаат познат јазик наоколу, постои една плажа на која ќе имаат чувство како да се во некоја далечна и егзотична земја.

Станува збор, како што сметаат многумина, за најегзотичната плажа во Грција, а тоа е Тиганија. Ова е дива плажа до која е малку потешко да се дојде, па луѓето ја нарекуваат и Лавиринт плажа. 

Постојат уште имиња, како Хаваи плажа поради егозотичноста, но и Град на духови. Како и да ја нарекувате, важно е да знаете за каква плажа станува збор.

Тиганија се наоѓа меѓу плажите Криарици и Климатариа, а позната е по мекиот и ситен песок со златна боја и чистото море, а сето тоа е надополнето со убави карпи.

Се состои од три дела, еден е прилагоден за кампери, а другите два имаат барови и чадори од листови од палма. Иако не е премногу позната, плажата е попосетена од минатите години, кога била вистински сокриен дијамант на Ситонија.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk