IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Бадникова и Божиќна трпеза
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Бадникова и Божиќна трпеза

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2020 во 19:30

Бадникова посна трпеза: Три превкусни рецепти за репете


Дегустирајте три совршени, посни специјалитети за бадниковата свечена трпеза.

trpeza-1

Палента во сос од печурки

Намирници – 160 грама праз или кромид, 650 грама домати, 400 грама свежи шампињони, 200 грама варен домат (или купено доматни пире), 15 грама сечкан магдонос, 15 грама сечкан лист од целер, 200 грама палента, 3-4 чешниња лук, 0,5 дл бело вино, 120 грама леќа, малку сол, босилек, зачини по вкус.

Подготовка – Палентата сварете ја според упатството на ќесичката. Претурете ја во тепсија и кога ќе се излади исечете ја на коцки. Сварете ја леќата. Празот или кромидот ситно исечкајте го и динстајте на масло додека омекне. Додадете ги шампињоните (исечкани на листови) и динстајте уште 10-на минути, а потоа додадете ги доматите на кои претходно сте им ја излупиле кората (засечете ги доматите и потопете ги во топла вода 1 минута за лесно да ги излупите). Додадете го ситно сечканиот лук, динстајте уште 30-на минути, па на крајот додадете го доматното пире и сварената леќа, и се заедно внимателно измешајте. Сосема на крајот додадете го белото вино и зачинете со босилек. Со добиениот сос прелијте ја палентата.

Ролат од компири

Намирници- 1 кг компири, 100 грама маргарин, 200 грама исчистена од коски риба (може било која риба, може и лосос или туна од конзерва), 200 грама спанаќ, 200 грама моркови, сол, црн пипер, 2 чешниња лук.

trpeza-2

Подготовка – Компирот сварете го во посолена вода, додајте го маргаринот и изматете. Три парчиња проѕирна фолија намачкајте со масло и развлечете три еднакви кори од пирето. На првата ставете фил од иситнетата риба и сварениот спанаќ зачинет по вкус, на втората кора ставете ја мешавината од риба и испасираните моркови зачинети по вкус, а на третата – мешавина од риба, спанаќ и моркови. Секоја кора свиткајте ја во ролат и до сервирање ставете ги во фрижидер добро да се стврднат. Сечете на кругови и наизменично редете од сите три вида ролати на голема чинија за сервирање.

Тиква полнета со грав и со скуша

Намирници – 1 слатка тиква од 5 кг, 800 грама крупен грав (тетовски), 800 грама кромид, 250 мл масло, алева пиперка, сол, црн пипер, мешавина од зачини по желба, 1 димена скуша.

trpeza-3

Гравот претходно измиен треба да се остави преку ноќ да набубри. Утредента водата процедете ја, па налијте нова вода. Варете 15 минути. Повторно исцедете ја водата и ставете нова, па продолжете со готвење. Кромидот исечкајте го, посолете го и пропржете го на масло. Кога ќе порумени додадете алева пиперка, црн пипер, сол и мешавина од зачини по вкус. Гравот исцедете го од водата, но не сосема. Кога ќе се додаде запршката треба да биде густ. Испржениот кромид додадете го на гравот и се убаво измешајте. По потреба зачинете уште малку. На тиквата исечете и го врвот да биде во вид на капак. Средината издлабете ја, исчистете ја и извадете ги семките. На дното од тиквата ставете ја димената скуша, а врз рибата ставете го подготвениот грав. Поклопете со капакот од тиква. Во тава за печење ставете 1 чаша вода и ставете ја полнетата тиква. Рерната загрејте ја на 150 степени и печете 3 часа.



Изменето од Valerija - 05.Јануари.2020 во 19:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2020 во 19:32

Божиќно прасечко во пиво


За уште повкусна божиќна трпеза подгответе го крцкавото прасечко како вистински гастрономски мајстор!

Намирници – Прасечко месо (2,3, 4 кг), плешка со ребра, бутче. Сол, 100 мл масло, 500 мл пиво, 30 грама маргарин.

 Подготовка – Парчето месо измијте го и исушете го со крпа. Засечете го на местата кои се подебели, посолете го, особено во резовите. Убаво посолете триејќи со раката. Во тепсија за печење налијте 200 мл вода заедно со маслото, па ставете две три даскички, за прасечкото да не биде баш во тој сок и да не се вари во него. Загрејте ја рерната на 220 степени, ставете го прасечкото да се пече, па намалете ја температурата на 200 степени. Повремено преливајте врз прасето со сокот од печењето. Водата кога ќе испари, додавајте за маслото да не почне да гори. После 1 час печење, намалете ја повторно рерната сега на 180 степени. Прелијте го прасето со пиво. Превртувајте го печењето и поливајте го убаво со пиво. Печете уште 1 час, па повторно отворете ја рерната и премачкајте ја кората на месото (за да биде крцкава) со маргарин. Печете уште еден час потоа, односно додека печењето не стане румено, а коските почнуваат да се гледаат однадвор.

Изладено се сече и послужува.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2021 во 16:20


Макало со компир, везен пипер и праз (посно)


Состојки
  1. 6-7 суви везени пиперки
  2. 3-4 страка праз
  3. 3-4 варени средно големи компири
  4. 50мл. масло
  5. 2лажици јаболков оцет
  6. сол по вкус
Компирите заедно со пиперките ги ставаме да се сварат.
Компирите ги лупиме, а на пиперките им ги отстрануваме дршките и ако имаат многу семки и тие ги тргаме.
Празот ситно го сечкаме. Ги толчиме пиперките, па го толчиме празот со сол.
Во недостаток на време ја скратувам процедурата со толчење и варените пиперки ги ставам во Нутри со малку масло.
Двете смеси ги соединуваме, па ги додаваме компирите. И нив ги толчиме и ги гмечиме за да се направи една компактна смеса. Додека го правиме ова постепено додаваме врелото масло.
На крајот додадете го и јаболовиот оцет - тоа е моја идеа доколку не саката малку прокисел вкус не мора да го додадете.
Оставете ја подготвената смеса да се соедини и да ги прими вкусовите, па уживајте во ова посно јадење.
На здравје!!!


Изменето од Valerija - 06.Јануари.2021 во 16:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2021 во 16:26
Брз кекс (посно, без печење)


Брз кекс (посно, без печење)


Состојки
  1. 250-300 гр. бисквити (посни)
  2. 200 гр. црно чоколадо (посно)
  3. 50 гр. маргарин
  4. 2 лажици интегрален сусам (Натура)
  5. 3 лажици сечкани ореви
  6. 1 пакување микс од овошје и јатки (Натура)
  7. 50 гр. сушена брусница (Натура)
  8. 100 мл. сок од портокал
  9. за декорација
  10. 50 гр. бело чоколадо (посно)
  11. 2 лажици масло
  12. по потреба чоколадни трошки


1. Во сад ги кршиме бисквитите, ги ставаме интегралниот сусам, брусницата, сечканите ореви, миксот од овошје и јатки (сите од Натура).
2. Го тураме сокот од портокал (јас користев купечки, а може и свежо исцеден).
3. Во тенџерче ги топиме маргаринот и чоколадото (се топи без да проврие),
и смесата ја истураме во претходното.
4. Со лажица мешаме убаво да се изедначат состојките, а после смесата ја ставаме во калап по желба. Јас користев пластична кутија 17х17 см која ја обложив со најлонска фолија.
5. Кексот се остава да излади во фрижидер, стегнат се става на чинија, се прелева со истопено бело чоколадо и масло. Се ставаат чоколадни трошки, коцки чоколадо, брусница и се друго по желба.
Брзо, лесно и посно, а богами и вкусно.




    Изменето од Valerija - 06.Јануари.2021 во 16:33
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
    Кон врв
     Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
      Сподели тема   

    Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

    Страницата е генерирана за 0,156 секунди.