IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Бадникова и Божиќна трпеза
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Бадникова и Божиќна трпеза

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2019 во 10:04
&amp;#208;&amp;#159;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;° &amp;#208;&amp;#145;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;° &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;°

Посна Бадникова пита

Состојки
тесто
360гр брашно
15гр свеж кавасец
50мл масло
190мл топла вода
1 рамно лажиче сол
1 лажиче шеќер
фил
2 страка сецкан праз
2 лути суви пиперки
масло, сол, бибер, буковец

Во топлата вода го ставаме квасецот, шеќерот и малку брашно.
Оставаме да се активира.
За тоа време на загреано масло го пржиме ситно сецканиот праз да омекне.
Го зачинуваме со сол, бибер, буковец.
Потоа во вангличката ги ставаме солта, маслото и додаваме од брашното.
Замесуваме нелепливо тесто.
Го покриваме и оставаме да стои 15 минути.
Потоа го делиме на 4 дела, односно две помали топчиња и две поголеми.
Од двете погоилеми правоаголни топчиња сучиме правоаголни кори и им ставаме од пржениот праз.
Ги виткаме како ролат и ги ставаме едно до друго во округла тава бр 26, на која сме и ставаиле и хартија за печење.
Сега од првото округло мало топче расукуваме мала коричка.
Таа ја ставаме во средината кај двата круга.
Во остатокот од испржениот праз ги додаваме 2 лути сецкани пиперки.
Овој фил го ставаме на коричката.
Со останатото парче тесто расукуваме коричка и , малку поголемка , ја нанесуваме врз филот и правиме наборчиња.
Попрскуваме одозгора со малку масло.
Ја ставаме во загреана релна на 190 с. и печиме околу 25 минути.
Испечена ја вадиме на кујнска решетка, да подизлади, па потоа заедно со гравчето, малите посни прилепски сармички,ципурата,лепчето со паричка.... ја послужуваме на Бадниковата вечера.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2019 во 10:05
&amp;#208;&amp;#145;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;° &amp;#208;±&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;°&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#189; &amp;#208;°&amp;#208;»&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;°

Бадникова баклава со таан алва

Состојки
500 гр кори за баклава
250 гр мелени бисквити
250 гр таан алва
250 гр мелени ореви
За попрскување
130 гр маргарин
180 мл масло за јадење
За шербет
900 гр шеќер
600мл вода
1-2 ванили
кора од еден лимон

Шербет
Шеќерот и водата се варат. Да врие шербетот околу 5 мин. На крај се додава кората од лимон. Се остава да се лади шербетот додека се испече баклавата. 

1. Мелените ореви, мелените бисквити и иситнетата таан алва се мешаат заедно во еден сад
2. Маслото за јадење и стопениот маргарин се мешаат
3. Корите се редат една врз друга по 4. Секоја од нив се попрскува со растопениот маргарин и зејтин. На 4-тата кора, на самата ивица на кората се става од филот со алва, бисквити и ореви и се витка ролатче.
- мене ми излегоа 6 ролатчиња (сите составени од по 4 листа-кори)
4. Откако ќе се наредат ролатчињата во тавата, се сечат на мали парчиња и врз нив се полева остатокот од мешавината на масло за јадење и маргарин
5. Се пече речиси 1 час (прво на 200 степениоколу 10минути, па потоа намалена на 180 степени уште околу 15 мин. а потоа намалена рерната на 140 степени се пече уште околу 30 мин.)
6. Изладената баклава се полева со изладениот шербет.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2019 во 10:07
&amp;#208;&amp;#145;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;° &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#133;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#153;&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#184;


Бадникова пита со кори од хељда

Состојки
500гр хељдини кори
фил
2 страка сецкан праз
1-1.3кгр сецкана зелка од расол
1лажиче ленено семе
сол и бибер, масло
смеса за премачкување
250мл кисела вода
40мл масло
3 лажици брашно
30гр пресен квасец
1/4лажиче сол
1/4лажиче шеќер
50гр сусам

Брза, вкусна, посна пита

Прво се спрема кашичката за премачкување на корите. Се остава на страна.
Сега на загреано масло се пропржува сецканата зелка од расол околу 45 минути.
Се додава и сецканиот праз па се пржат уште 10 минути.
Се додава леленото семе и сол и бибер по вкус.
Во правоаголна тава се става една кора, со четка се премачкува со смесата за премачкување и обилно се става од филот.
Постапката е иста до крај да се истроши целиот материјал.
сега питата се сече на коцки, се прелева со остаток од смесата за премачкување, се наросува со сусам и се печи околу 40 минути на 180 степени.

Уште сува лута потпечена пиперка и може да се јаде, ха, ха


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2019 во 17:45

Традиции за Бадник: Што треба да има на трпезата?


Бадниковата вечер е еден од најрадосните празници во христијанството, кога се исчекува раѓањето на Исус Христос.

tradicii-za-badnik-sto-treba-da-ima-na-trpezata-01.jpg

Тогаш во домот се внесува бадниково гранче, кое симболизира здравје, радост и изобилие.

А, што би требало да биде послужено на трпезата? Какви се традициите кои се пренесуваат од колено на колено?

1. На Бадник, појадокот, ручекот и вечерата се строго посни.

2. Се меси погача без квасец.

tradicii-za-badnik-sto-treba-da-ima-na-trpezata-03.jpg

3. На масата задолжително има вино, мед и жито.

tradicii-za-badnik-sto-treba-da-ima-na-trpezata-04.jpg

4. За вечера се подготвува посен грав, пржена риба, посни сарми, а од салатите, тука е киселата зелка и туршија.

5. Исто така, за десерт може да се послужи свежо или суво овошје: крушки, јаболка, портокали, суви сливи, урми, смокви, суво грозје, како и јаткасти плодови.

tradicii-za-badnik-sto-treba-da-ima-na-trpezata-05.jpg

6. Според старите традиции, задолжително се вечера на под, на послана слама, а не на маса, како што сите практикуваме.

7. Домаќинот ја крши погачата, нудејќи им на сите по едно парче и наздравувајќи со црно вино.

8. На крајот, бадниковата вечера не се раскрева. Масата не се чисти, туку се остава наместена како што е до следниот ден, односно до Божиќ.

tradicii-za-badnik-sto-treba-da-ima-na-trpezata-06.jpg



Изменето од Valerija - 15.Декември.2019 во 16:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2019 во 09:28
Бадников куглоф (посно)


Бадников куглоф (посно)



Состојки
Се мери со чаша од 250 мл.
1 чаша вода (може и кисела)
1/2 чаша масло
3/4 чаша шеќер
2 лажици мед
2 + 1/2 чаша брашно
2 лажици какао
3/4 чаша мелени ореви
1 чаша мешано суво овошје
1 лајче сода бикарбона
по желба суво овојше
шеќер во прав за посипување

Овој куглоф е добра идеја за заблажување за Бадник кога трпезата е богата иако е посна.
1. Водата, маслото, шеќерот и медот се ставаат да зовријат. Се остава течноста да излади.
2. Во сад сувото овошје (исецкано или изблендирано) се меша со брашното, какаото, содата бикарбона и мелените ореви (добро е првин со лажица, а после со рака да се замеша за да се набрашни сувото овошје како не би паднало на дното).
3. Изладената течност добро се меша со сувите состојки добро да се соедини и се тура во куглоф кој претходно е добро намачкан со маргарин.
4. Се печи на 190 степени околу 1 час, сепак зависно од рерната контролирајте го тестото со дрвена чечкалица.
Толку!
Изладениот куглоф се посипува со шеќер во прав.
И овој рецепт е брз и лесен, ем посен. Може да се стави цимет или наместо какао брашно од рогач. Јас наместо обична вода ставив кисела вода и добро испадна.
Пријатно!




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2019 во 16:07
Бадников колач



Звучи неверојатно но, овој колач можете да го направите многу брзои потребни ви се само 3 состојки.

Состојки:

- 1 кг мешано овошје

- 3 чаши црн чај

-3 чаши саморастечко брашно

Подготовка:

Однапред згрејте ја ринглата на 150 степени. Измешајте го овошјето кое било потопено во црниот чај и брашното.Ако смесата е густа додадете го преостанатиот црн чај.

Смесата ставете ја во длабок сад и печете ја во рерна 2 и пол часа.

Ако го чувате херметички затворен со алуминиумска фолија колачот може да биде свеж со месеци.

 



Изменето од Valerija - 15.Декември.2019 во 16:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2019 во 16:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2020 во 19:30
Бадникова посна штрудла



Состојки
500гр брашно
200мл млака вода
1 кесичка (10гр) сув квасец
100мл зејтин
250гр мармалад по желба
2-3 јаболка
1 лажица мед
1 лажица цимет

Се замесува тесто од брашното, квасецот, водата и зејтинот и се остава да стаса.
Одкако ќе стаса се расукува кора која се премачкува со мармалад и над мармаладот се ренда јаболко. Се посипува со цимет и со лажица се цеди медот. Се завиткува во ролна и се остава да стаса да се спои ролатот. Се засекува, а и не мора и се пече околу 30 минути на 190 степени. Се сече одкако ќе се олади.
Едноставен рецепт, па може некому и да се најде.
Бадникова штрудла затоа што е посна, а тука е и моето коледарче-малата Маша.
Исто така рецептот го ставив да послужи и како идеја затоа што тестото е основа и за бадниковото лепче па така може да се искористи две во едно. Јас дури и ги печев заедно и лепчето и штрудличката.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2020 во 19:31
Бадниково гравче со фил од кромид

Состојки
500 гр грав
1 главица кромид
4-5 чешниња лук
100 мл масло за јадење
2 моркова
1 пиперка
малку црн бибер
1-2 лажичиња сол
1-2 лажици мешан зачин
1 лажица црвен пипер
по потреба вода
1-2 ловорови ливчиња
За филот од кромид
5-6 главици кромид
50 мл масло за јадење
1/3 лажиче сол
1 лажиче мешан зачин
малку сушено нане

1. Гравот отстојува преку ноќ во сад прелиен со вода (помалку за да биде тавче-гравче)
2. Следниот ден со целиот зеленчук се става да се вари и на крај се пасира зеленчукот и се зачинува и посолува
3. Се реди во тава земјена (јас го ставив во мали земјени тавички бидејќи сме четворица по дома па да има за секој по една Бадникова)
4. Кромидот за филот се сече на танки полумесечинки и се пржи да омекне во тава на малку масло за јадење
5. Откако ќе омекне кромидчето, се зачинува и се нанесува одозгора врз гравчето во тавичките
6. Се попрскува со малку мелено нане и се пече




Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2020 во 19:33
Посно Бадниково пинџурче


Состојки
5 компири
20-тина суви црвени пиперки
6-7 чешниња лук
100 мл масло за јадење
по потреба топла вода
1-2 лажичиња јадра сол
1/2 главичка кромид

1. Компирите се варат со лушпата
2. Пиперките во друг сад се варат
3. Се лупат сварените компири, а пиперките може и лупени , но и нелупени
4. Во Делимано сецкото се пасираат компирите, пиперките, лукот и кромидот со додавање по малку топла вода
5. Маслото за јадење се зоврива и со овасе попрскува, попарува изблендираната смеса
6. Веднаш се служи со домачно месено лепче и овчко сиренце


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2020 во 21:51

Главно јадење
Посна сарма од кисела зелка – рецепт на ikidiki
Состојки
15 листови листови сторена зелка
по потреба масло
100 гр. ориз
по потреба црвен пипер
малку црн пипер
по потреба ловоров лист
500 мл. расолница или вода
запршка
2-3 лажици масло
1 лажица црвен пипер
Подготовка: на дното на тавчето (или тенџерето) се реди еден ред листови кои ќе бидат како подлога, да не загорат сармите при варењето и обично се ставаат листови кои не би се искористиле за виткање самички.
*Во малата ростер тава која тука ја употребив, не ставив листови за подлога, бидејќи ќе немав доволно, а и знаев дека сармите нема да се залепат.
Во сад се прави филот така што од око се става ориз, црвен пипер, малку црн пипер и онолку масло колку да ги соедини состојките кога ќе се измеша, но да не е течно.
Се зема од подготвените ливчиња зелка, во секое се става малку од филот, се витка сармичка која се стега со раката и се реди во тавчето. Кога ќе се заврши еден ред сарми, доколку има уште лисја се реди и втор ред, така што помеѓу двата реда се става малку масло и црвен пипер, исто така ако завршил филот, по потреба се приправа.
Кога ќе се заврши со виткањето сармички, одозгора се полева со масло, малку црн пипер и пак се редат листови. Се тура расолница да ги покрие горните листови, врз кои се става некоја чинија или некој капак за да не се растурат сармите при варењето. Се вари на тивко најмалку 2 часа зависно дали имате 1 или 2 реда сарми, битно треба да се вари доволно и оизот во сармите да не
остане жив. Ова може да се случи и ако има повеќе фил во сармичката.
На крајот се става запршката кој се прави со кратко запржување на црвениот пипер и маслото и се остава да покрчка уште десетина минути.
Обично на куќните слави пред да се служи посна сарма, дополнително се прави ваква запршка во поголема количина и со неа се полева сармата тогаш кога ќе се стави во чинија за сервирање пред самиот момент на поставување на маса.Тогаш се шири прекрасна миризба.
* Ќе напоменам дека при целата подготовка не се става сол, бидејќи расолницата е самата солена, а доколку пак листовите зелка се малку посолени, тогаш пред варење не се става расолница, туку обична вода, за да не биде пресолено.
Сармата може да се вари на рингла или како мене овде во рерна, битно е да крчка на тивко. Повремено треба да се провери дали во неа има течност, бидејќи оризот ќе ја впие, ако треба се дотура малку вода, важно да не е суво и да не загори.
Тоа е тоа, изгледа многу, но не е комплицирано, потребно е само малку време кога се прави поголема количина, но крајниот резултат го оправдува сиот труд.

 



Изменето од Valerija - 04.Јануари.2020 во 21:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јануари.2020 во 21:52

Полнети суви пиперки – рецепт на katerinanaskova
Состојки
4 благи суви пиперки
4 лути везени суви пиперки
фил
25гр суви домати
1 страк сецкан праз
1/2 филџан за кафе ориз( околу 100 гр)
масло за пржење, сол, бибер, зачин
вода по потреба
Подготовка:прво на сувите пиперки им ги одстарнуваме дршките и заедно со сувите домати ги потопуваме во врела вода, да одстојат за да омекнат.Сега на малку загреано масло го ставме празот и го пржиме да омекне.Ги додаваме исцедените, исецкани суви домати, па измиениот ориз.
Пржиме кратко, некоја минута.
Зачинуваме со сол, бибер, зачин.
Сега со помош на мало лажиче ставаме од смесата во омекнатите суви пиперки.Ги редиме во сад за печење, ги прелеваме со зовриена вода и ги печиме околу 25-30 минути во загреана релна.
Ова може да биде и самостоен посен ручек или да биде прилог кон печено месо.
Секако состојките можат да се прилагодат и по сопствени потреби.

Црвеноперка на кромид – рецепт на katerinanaskova
Состојки
1 кгр исчистени глави кромид
5-6 парчиња исчистена црвеноперка
100мл масло
100-150 мл вода
бибер, сол, зачин, црвен пипер
Подготовка: најпрво главиците кромид се сецкаат во сецко на Делимано или на рака ситно.
Во тава се налива маслото, се става исецканиот кромид на оган, на тивко да се пржи.
Се пржи околу 1 час, со постојано мешање, се додека кромидот не добие убава браонкаста боја.
Се трга од оган, се зачинува по вкус и се додава црвениот пипер.
Убаво се меша да се изедначи и се става во тава во која ќе се печи.
Се налива само околу 100-150 мл вода и се редат исчистените и измиени, посолени риби.
Се става во рерна и се печи околу 30-40 минути се додека не си остане само на мрсното.
Водичка не смее да има.
Внимавајте на температурата на рерната ( околу 180 степени кај мене беше) за да не се пресуши рибата.


Изменето од Valerija - 04.Јануари.2020 во 21:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2020 во 19:07
Коледарски колачиња


Состојки
500гр. брашно
1/2 квасец
1 лажичка сол
1/2 филџан масло
во прстофат шеќер
по потреба топла вода

Во длабок сад ставете ги сите состојки и со топла вода замесете средно меко тесто.
Оставете го да стаса, а потоа од тестото формирајте најпрвин топчиња. Секое топче со раце развлечете го во должина како грисини, свиткајте го и во долниот дел вкрстете ги краевите.
Печете ги на 200 степени додека поруменат.

Многу едноставни спремани за денешниов ден .


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2020 во 19:21

Бадникова погача со паричка по старински рецепт


Оваа погача е многу вкусна, а е посна.

Од намирници потребни се – 30 грама квасец, 500 мл вода, 1 лажица шеќер, 1 лажица сол, 700 + 100 грама брашно, масло (зависи дали е постот на вода или не, 50 мл), сусам.

Подготовка

Во врела вода иситнете го квасецот, па додадете го шеќерот и измешајте. Додатете половина мерка од брашното и сол, па повторно измешајте. Додатете го останатото брашно од 700 грама и измешајте со лажица. Ако не постите само на вода, тогаш додадете две третини од 50 мл масло, измешајте. Оставете го тестото да одмори 30 минути. Кога ќе нарасне, посипете го тестото со 100 грама брашно и измесете го уште еднаш. Сега тестото не треба да се лепи, туку е мазно и меко.






Поделете го тестото на половина, па секоја половина уште на половина (деловите треба да се еднакви), па и тие на пола, се додека не добиете 20 еднакви делови. Од секое делче од тестото направете топче.

Ако постите со масло, премачкајте ја тавата за печење со масло, па ставете едно топче на средината, па 6 топчиња околу него, и останатите 13 околу нив. Немојте премногу да ги притикате едно до друго, зашто ќе нараснат. Ако пак постите со вода, ставете хартија за печење пред да ги редите топчињата. На крајот наросете од сусамот.

Оставете повторно така да отстои тестото уште 30 минути, дури потоа печете го во претходно загреана рерна, на 200 степени околу 25 минути.

Готовата погача премачкајте ја со масло или само со вода.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.