IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Бадникова и Божиќна трпеза
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Бадникова и Божиќна трпеза

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2014 во 11:27
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/5/50/Christmas_Eve_(Badnik)_Dinner_Table_Macedonian.jpg
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2014 во 11:24

Водич за бадникова трпеза

Бадниковата вечера е посна ама богата, а на масата треба да се постават и благи и солени јадења. Според верувањата, богатата трпеза значи дека и годината ќе биде богата.

Традиционално на бадниковата маса за вечера треба да има риба, грав, погача без квасец и суво овошје.

Лукот има посебна симболика, во минатото на него се придавало дури и магиско значење за подобро здравје, па затоа е неизоставен дел од бадниковата трпеза.

Според старите македонски верувања за богата и плодна година во куќата, на трпезата треба да има и ореви, јаболка, пченка и метални парички, а за годината да биде „слатка“ за декорација се ставаат и бонбони.

Според традицијата пак, обично на крајот на вечерата за десерт се јаде печена тиква.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2014 во 10:12
Едноставна штрудла со јаболка за мрзливи луѓе како мене

Едно пакување кори
Неколку јаболка (зависи од големината и од тоа колку сакате да ви биде полна штрудлата)
Една до две лажици шеќер
Газирана вода
Малку масло
Цимет


Пред се, јаболките се лупат и се рендаат. Се оставаат во еден сад, се додава малку шеќер во зависност од тоа колку ви се благи/кисели јаболката и почнувате да работите со брзина на светлинатаголема насмевка
На работната маса ставате една кора и ја попрскувате со масло, па ја ставате втората кора и попрскувате со вода и третата исто така само со вода. На една страна од кората ставате од ренданите јаболка и наросувате цимет (ова кај мене оди во големи количини). Виткате во ролат и ги ставате во намрсен плех за печење.
Ги сечете на парчиња, ги преливате со маслото и водата и правец на печење. Се печат на 200 степени.

Откако ќе се испечат и изладат можете да им ставите шеќер во прав.

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2014 во 10:04
Сите знаеме дека ќе се прејадеме за претстојниве празници. Мислам дека нема човек во земјава (и пошироко) што ќе одолее на сите работи што треба да ги приготвиме деновиве.


Бадниковата трпеза е всушност посна трпеза која што го означува крајот на 40 дневните пости. На неа по некое непишано правило треба да има и солени и благи јадења и се смета дека колку побогата е трпезата, толку побогата ќе биде и годината.
Во мојот дом, како и скоро секаде, на трпезата за бадник ќе има печена риба, гравче, посни сарми, тиква, урми, смокви, ореви, костени, лепче со паричка, компири на неколку начини, баница со зелка, баклава, штрудла со јаболка, различно овошје и не ми текнува што уште не.
Вечерата започнува со кршење на лепчето, па продолжува со вечерата и на крај најбитниот момент, трпезата не се раскрева. 
Следниот ден кога веќе се мрси, на трпезата традиционално главното место и припаѓа на големата тава со јагнешко, кифли, салати и се останато.

Кој не го мрзи нека сподели по некој рецепт од тоа што прави за празнициве. 
Еве јас ќе напишам како ја правам баклавата  (моментално се пече)



Баклава
Едно пакување кори за баклава, 500-800 грама крупно мелени ореви (по желба колку сакате да биде богата баклавата) , 50-80 грама презла, газирана вода, масло за јадење


На работната маса ставам една кора, ја попрскувам со вода, ставам уште една кора, ја попрскувам со масло (ама внимателно - малку масло, не да ја удавите во масло) и ја ставам третата кора. На третата кора попрскувам само малку вода (помалку од првата) и на еден дел од кората ставам ореви и презла во права линија (не расфрлани по цела кора) и ги виткам во ролат. Претходно при рака ми е тавата за печење премачкана со масло, па во неа ги редам сите кори. Ги сечам на парчиња и ги преливам со газирана вода, секое парче посебно. Ја печам на 200 степени додека не се испече.

Литро вода и 500 грама шеќер се зовриваат на јак оган. Ова 500 грама шеќер може да варира во зависност дали сакате поблага или не толку блага баклава. Јас не ја сакам премногу блага и затоа ставам 500 грама.
Додавам и малку лимонов сок и ванилин шеќер.



Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 345
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.