IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Бадникова и Божиќна трпеза
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Бадникова и Божиќна трпеза

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јануари.2016 во 11:26



Изменето од Valerija - 09.Декември.2017 во 10:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2015 во 16:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2015 во 16:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2015 во 07:42

БАДНИКОВ КОЛАЧ


    

Бадниково колаче
 
Посен колач за бадниковата трпеза… Во него може да ја ставите и паричката… За бериќет, љубов, плодност, здравје, благосостојба и благоумие.


  1. 1.Квасецот се полива со 250 мл.вода, се додаваат 3л.шеќер, малку сол и 2 лажици брашно. Се остава квасецот да стаса..штом ќе почне да стасува се додава сувото грозје и се остава уште 10 минути.
  2. 2.Потоа се додава брашното , зејтинот, кокосот, 3 ќесички со ванилиниот шеќер, се замесува тесто и се остава да кисне 20-30 минути. Се прави топка од тестото,која се обликува како погача во садот во кој ќе се пече, и се премачкува со зејтин.
  3. испечено бадниково колаче3.Се пече во загреана рерна на 220. Откако ќе се испече, додека е топло се посипува со шеќер во прав измешан со 1 ќесичка ванилин шеќер.


Изменето од Valerija - 15.Декември.2017 во 20:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2014 во 17:11
Originally posted by емил емил напиша:

На Божиќната трапеза треба да има до 13 посни јадење . Тоа симболизира Тајната вечера на која биле 12-те апостоли плус Христос , Господот наш 

Ако ставиш помалку гозби не е грев , но треба да бидат нечетен број 7,9 ,11
1. Сарми со ориз 
2. Пиперки со ориз 
3. Тавче гравче
4.Леќа јанија 
5.Варено жито
6.Баница со тиква(тиквеник)
7.Ошаф ( компот опд модри сливи) 
8.Лук
9.Мед
10.Ореви
11.Пита , погача 
12.Динстана зелка 
13.Баница со касмети 

риба по време на Божиќните пости се дозволува само и единствено на Никулден кога се јаде предимно крап . Тоа повелува традицијата .Оти кога на рибарите им се е пробушила гемијата Свети Никола ја е затнал со крап . Не е грев да се јаде и друга риба .


Немам потреба да ставам јадења кои никој не ги јаде. Бадниковата вечера не треба да е расипништво, да се исфрла целата храна веќе следниот ден.
Да, единствено лукот го заборавив несакајќи. Тој е дел од трпезата.
Динстаната зелка е попозната како подварок, ете ја има на мојот список, баница со касмети искрено не знам со што е оваа баницаголема насмевка, леќата кај нас не е воопшто прифатена во исхраната и немам потреба да ја приготвувам, посните сарми се сарми со ориз многу нормално, вареното жито ќе заврши во канта, модри сливи немам и немам каде да купам, баница со тиква исто така не јаде никој, затоа тиквата е посебно печена а баницата ми е со спанаќ.
Па добро, не отстапувам премногу од списоков твој.


Јас ова со 12-те јадења знам дека се практикува низ источна Европа, но немам информации дека во земјава се практикува тој обичај.
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2014 во 17:02
На Божиќната трапеза треба да има до 13 посни јадење . Тоа симболизира Тајната вечера на која биле 12-те апостоли плус Христос , Господот наш 

Ако ставиш помалку гозби не е грев , но треба да бидат нечетен број 7,9 ,11
1. Сарми со ориз 
2. Пиперки со ориз 
3. Тавче гравче
4.Леќа јанија 
5.Варено жито
6.Баница со тиква(тиквеник)
7.Ошаф ( компот опд модри сливи) 
8.Лук
9.Мед
10.Ореви
11.Пита , погача 
12.Динстана зелка 
13.Баница со касмети 

риба по време на Божиќните пости се дозволува само и единствено на Никулден кога се јаде предимно крап . Тоа повелува традицијата .Оти кога на рибарите им се е пробушила гемијата Свети Никола ја е затнал со крап . Не е грев да се јаде и друга риба .



Изменето од емил - 05.Јануари.2014 во 17:03
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2014 во 16:46
Originally posted by емил емил напиша:

Originally posted by evangeline evangeline напиша:

Originally posted by емил емил напиша:

Има ограничување ама нема да ви го кажам за да не ме сватите дека ви се мешам во традициите .


Епа што бараш тогаш на темава ако не кажуваш ништо паметно?
 

Ме интересираше вашиот одговор на моето прашањне и сум среќен што го добив од златоуста мома како тебе љубов 



Глупости емилголема насмевка Подфорумов е исхрана и ако знаеш да кажеш можеш да кажеш. Не само да прашуваш нешто што демек знаеш и на крај да се правиш паметен со сила.

Во моето семејство никогаш не сме ставале храна со ограничување и јас лично на мојата трпеза никогаш нема да практикувам такво нешто.
Водејќи се од тоа што сите го почитуваат дека што е можно побогата трпеза, тоа подобро, како и секоја година така и оваа трпезата во рамките на финансиите ќе биде што е можно побогата.
Откако пребројав се, средив, изнакупив се што требаше, мојата трпеза ќе има - 

Посно гравче во тавче ( за жал земјената тава ми е кај колешка )
Посна сарма
Пастрмка
Подварок
Печена тиква
Штрудла со јаболка
Баклава со ореви 
Посен колач со јаболка
Салата со компири
Различно овошје (мандарини, банани, портокали, киви, јаболка, калинки и лимони)
Сушени кајсии, урми, смокви
Костени, печени и варени
Ореви
Мешавина јаткасти плодови
Лепче со паричка
Вртена пита со спанаќ


И слободно изброи и кажи ми уште колку треба да додадам или одземам.


Изменето од evangeline - 05.Јануари.2014 во 16:47
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2014 во 16:33
Originally posted by evangeline evangeline напиша:

Originally posted by емил емил напиша:

Има ограничување ама нема да ви го кажам за да не ме сватите дека ви се мешам во традициите .


Епа што бараш тогаш на темава ако не кажуваш ништо паметно?
 

Ме интересираше вашиот одговор на моето прашањне и сум среќен што го добив од златоуста мома како тебе љубов 




Изменето од емил - 05.Јануари.2014 во 16:35
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2014 во 16:25
Originally posted by емил емил напиша:

Има ограничување ама нема да ви го кажам за да не ме сватите дека ви се мешам во традициите .


Епа што бараш тогаш на темава ако не кажуваш ништо паметно?
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2014 во 13:27
Има ограничување ама нема да ви го кажам за да не ме сватите дека ви се мешам во традициите .
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2014 во 13:09
Ne sum sretnala nekade deka ima ogranichuvanje.
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2014 во 11:37
А колку броја гозби треба да има на масата ?
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2014 во 11:33


Каде и да си за Бадник дома да си


Православните христијани вечер го слават Бадник, а утре, Исусовото раѓање - Божиќ. Бадник ги собира граѓаните дома на традиционална посна вечера со зелник, риба, посно гравче, тиква и лутеница, а според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Според традицијата, граѓаните се трудат да стават се на маса, за во текот на целата година трпезата да биде богата. Домаќинката меси погача со паричка , која се крши, а кому ќе му се падне паричката, според традицијата, тој ќе има среќа целата година. 

Позната е изреката каде и да си за Бадник дома да си. Богатата посна трпеза останува цела вечер на масата, а утрешниот ден се прави традиционален Божиќен ручек во кругот на семејството. Во соборниот храм „Св Климент Охридски“ утре ќе се одржи Златоустова литургија.

Божиќ се празнува во спомен на раѓањето на Исус Христос, синот божји кој е роден во пештера во Витлеем, поради задолжителниот попис кој римјаните го одржувале во тој период во Јудеја. Веднаш по неговото раѓање три мудреци од Истокот, следејќи ги ѕвездите, го пронашле и му се поклониле, принесувајќи му дарови. Ангели Божји истовремено им ја соопштиле радосната вест и тие дошле да му се поклонат на Спасителот. Така Христос на овој свет бил пречекан како истовремени од најмудрите и наједноставните. Овој празник е матица на сите други црковни празници бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.



Изменето од Valerija - 09.Декември.2017 во 10:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2014 во 11:29

Како христијански се празнува Бадник


Предвесник на најголемиот христијански празник Божиќ е Бадник.

g_badnik-nova

По четириесетдневниот пост дочекувањето на христовото раѓање се заокружува со посна вечера
и молитва. Христијаните уште во раните урински часови започнуваат да се подговтваат за Бадник,
вечерата што му ја посветуваат на големиот Син божји кој ќе се роди на Божиќ.

Децата, најмалите кои ги симболизираат ангелите со песна и радост го означуваат доаѓањето на
свет на Спасителот.

„Вечниот бог слезе и во Дева се всели, Свет, Свет, Свет си и пресвет Господи. Царот на сите
Господ дојде Адам да го преобрази. Луѓе радувајте се , играјте, ангели веселете се“ е дел од
старата коледарска византиска песна која според христијанската религија ја пеат децата уште
рано наутро одејќи од куќа во куќа каде се даруваат од домаќините со подароци. Според Црквата
децата уште од најрана возраст треба да се научат на оваа христијанска песна се со цел да му
се доближиме на Бога и да придонесеме и за искоренување на разни пагански коледе- леде
примитивизми од нашето христијанско секојдневие.

На Бадник, навечер, се поставува вечерата со посна храна. На маста се ставаат бадникови
гранчиња, најздравото дрво кое ја симболизира среќата и здравјето на сите членови во
семејството. Домаќинката, во спомен на тоа дека преку жена, односно преку пречистата
дева Марија, во овој свет дојде вечната Светлина, ја пали празничната свеќа.

Домаќинот, или некој подготвен за тоа, во името на сите ги принесува молитвите „Оче
наш“ и „Симболот на Верата“.

Откако сите членови на семејството ќе се прекрстат се започнува со молитвата. Најголемо
значење на целата вечера имаат молитвите кои му се принесуваат на Бога и пријатната
атмосфера во кругот на потесното семејство.

Откако ќе се кажат молитвите, се седнува на семејната предбожиќна вечера. По
молитвењето семејната предбожиќна вечера продолжува во пријатна свечена атмосфера.

Вечерата треба да биде исклучително посна, дури и без масло. Се подготвуваат питулици,
сарма, грав, компир, зелник, овошје и се друго што е посно, а го има во домаќинството се
со цел трпезата што му ја принесуваме на Синот Божји да биде што побогата што треба
да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година

Пред крајот на вечерата, во зависност од семејната традиција, се прекршува празничниот
леб со паричка. Се прекршува на неколку делчиња, односно, еден дел за Господ, втор
за домот, а останатите делови за присатните на вечерата, но и за оние кои се дел од
семејството, а се отсутни од разни причини.

Месењето на лепче со паричка всушност е симбол поврзан со еден настан поврзан со
животот на Св.Василиј Велики па кршењето на лепче со паричка се правело и се прави
во чест на денот на Св.Василиј Велики( Василица). Во Скопје и во други градови низ
Македонија овој обичај се одомаќинил и станал традиција.

Според презвитер Ивица Тодоров лебчето со паричката е убава семејна социјална „игра“ која и
дава шмек на Бадниковата трпеза.

По прекршување на празничниот леб со паричка, членовите на семејството помеѓу себе
се даруваат со подароци, особено се даруваат помладите членови. Ова се прави во чест
и спомен на тоа што – за нас луѓето и за нашето спасение од отпаднатата состојба на
постоење – нашиот Небесен Отец ни го подари својот единороден Син, нашиот Спасител,
Господ и Единствен Учител Исус Христос.

Откако ќе заврши вечерата масата останува нераскрената. Оставањето на масата
нераскрената ја симболизира “вечната вечера”, односно, нашето вечно љубовно – блажено
заедништво со нашиот Бог. Ова вечно љубовно – блажено зедништво е и причината
зошто во овој свет како човек се роди совечното Слово и Син Божји.

Утредента, целото семејство се приклучува на своето поголемо духовно семејство -
Црквата. На празничната Божиќна Литургија семејството се причестува со Телото и Крвта
Христови, доколку за тоа се подготвувале преку исповед, пост.

Постојат и многу паганските обичаи според кој се празникува Бадник

Тие обичаи веќе станаа традиција и многу се разликуваат од вистинското одбележување
на овој голем христијански празник.

Ден пред Бадник граѓаните се собираат и ги палат коледарски огнови. Ракија, месо,
песна и ора се начинот на кој се дочекува големиот празник. Одлична причина за добра
дружба и забава. На тие собири се крши и лебче со паричка и на тој што ќе му се падне
паричката станува Кум за наредната година и се верува дека ќе биде многу среќен.
Ова е во спротивност со Православната религија бидејќи со овој начин на празнување
се прекршува постот кој треба да се заокружи со Бадниковата вечера и неспремно
го дечекуваме Божиќ. Доаѓањето на Спасителот треба да го дочекаме во смирение и
спокојствое, а секое разгорување на страстите не е во склоп со Православието.



Изменето од Valerija - 05.Јануари.2014 во 11:29
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2345>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.