IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Бадникова и Божиќна трпеза
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Бадникова и Божиќна трпеза

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2019 во 17:45

Традиции за Бадник: Што треба да има на трпезата?


Бадниковата вечер е еден од најрадосните празници во христијанството, кога се исчекува раѓањето на Исус Христос.

tradicii-za-badnik-sto-treba-da-ima-na-trpezata-01.jpg

Тогаш во домот се внесува бадниково гранче, кое симболизира здравје, радост и изобилие.

А, што би требало да биде послужено на трпезата? Какви се традициите кои се пренесуваат од колено на колено?

1. На Бадник, појадокот, ручекот и вечерата се строго посни.

2. Се меси погача без квасец.

tradicii-za-badnik-sto-treba-da-ima-na-trpezata-03.jpg

3. На масата задолжително има вино, мед и жито.

tradicii-za-badnik-sto-treba-da-ima-na-trpezata-04.jpg

4. За вечера се подготвува посен грав, пржена риба, посни сарми, а од салатите, тука е киселата зелка и туршија.

5. Исто така, за десерт може да се послужи свежо или суво овошје: крушки, јаболка, портокали, суви сливи, урми, смокви, суво грозје, како и јаткасти плодови.

tradicii-za-badnik-sto-treba-da-ima-na-trpezata-05.jpg

6. Според старите традиции, задолжително се вечера на под, на послана слама, а не на маса, како што сите практикуваме.

7. Домаќинот ја крши погачата, нудејќи им на сите по едно парче и наздравувајќи со црно вино.

8. На крајот, бадниковата вечера не се раскрева. Масата не се чисти, туку се остава наместена како што е до следниот ден, односно до Божиќ.

tradicii-za-badnik-sto-treba-da-ima-na-trpezata-06.jpg



Изменето од Valerija - 15.Декември.2019 во 16:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2019 во 10:07
&amp;#208;&amp;#145;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;° &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#133;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#153;&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#184;


Бадникова пита со кори од хељда

Состојки
500гр хељдини кори
фил
2 страка сецкан праз
1-1.3кгр сецкана зелка од расол
1лажиче ленено семе
сол и бибер, масло
смеса за премачкување
250мл кисела вода
40мл масло
3 лажици брашно
30гр пресен квасец
1/4лажиче сол
1/4лажиче шеќер
50гр сусам

Брза, вкусна, посна пита

Прво се спрема кашичката за премачкување на корите. Се остава на страна.
Сега на загреано масло се пропржува сецканата зелка од расол околу 45 минути.
Се додава и сецканиот праз па се пржат уште 10 минути.
Се додава леленото семе и сол и бибер по вкус.
Во правоаголна тава се става една кора, со четка се премачкува со смесата за премачкување и обилно се става од филот.
Постапката е иста до крај да се истроши целиот материјал.
сега питата се сече на коцки, се прелева со остаток од смесата за премачкување, се наросува со сусам и се печи околу 40 минути на 180 степени.

Уште сува лута потпечена пиперка и може да се јаде, ха, ха


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2019 во 10:05
&amp;#208;&amp;#145;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;° &amp;#208;±&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;°&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#189; &amp;#208;°&amp;#208;»&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;°

Бадникова баклава со таан алва

Состојки
500 гр кори за баклава
250 гр мелени бисквити
250 гр таан алва
250 гр мелени ореви
За попрскување
130 гр маргарин
180 мл масло за јадење
За шербет
900 гр шеќер
600мл вода
1-2 ванили
кора од еден лимон

Шербет
Шеќерот и водата се варат. Да врие шербетот околу 5 мин. На крај се додава кората од лимон. Се остава да се лади шербетот додека се испече баклавата. 

1. Мелените ореви, мелените бисквити и иситнетата таан алва се мешаат заедно во еден сад
2. Маслото за јадење и стопениот маргарин се мешаат
3. Корите се редат една врз друга по 4. Секоја од нив се попрскува со растопениот маргарин и зејтин. На 4-тата кора, на самата ивица на кората се става од филот со алва, бисквити и ореви и се витка ролатче.
- мене ми излегоа 6 ролатчиња (сите составени од по 4 листа-кори)
4. Откако ќе се наредат ролатчињата во тавата, се сечат на мали парчиња и врз нив се полева остатокот од мешавината на масло за јадење и маргарин
5. Се пече речиси 1 час (прво на 200 степениоколу 10минути, па потоа намалена на 180 степени уште околу 15 мин. а потоа намалена рерната на 140 степени се пече уште околу 30 мин.)
6. Изладената баклава се полева со изладениот шербет.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2019 во 10:04
&amp;#208;&amp;#159;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;° &amp;#208;&amp;#145;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;° &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;°

Посна Бадникова пита

Состојки
тесто
360гр брашно
15гр свеж кавасец
50мл масло
190мл топла вода
1 рамно лажиче сол
1 лажиче шеќер
фил
2 страка сецкан праз
2 лути суви пиперки
масло, сол, бибер, буковец

Во топлата вода го ставаме квасецот, шеќерот и малку брашно.
Оставаме да се активира.
За тоа време на загреано масло го пржиме ситно сецканиот праз да омекне.
Го зачинуваме со сол, бибер, буковец.
Потоа во вангличката ги ставаме солта, маслото и додаваме од брашното.
Замесуваме нелепливо тесто.
Го покриваме и оставаме да стои 15 минути.
Потоа го делиме на 4 дела, односно две помали топчиња и две поголеми.
Од двете погоилеми правоаголни топчиња сучиме правоаголни кори и им ставаме од пржениот праз.
Ги виткаме како ролат и ги ставаме едно до друго во округла тава бр 26, на која сме и ставаиле и хартија за печење.
Сега од првото округло мало топче расукуваме мала коричка.
Таа ја ставаме во средината кај двата круга.
Во остатокот од испржениот праз ги додаваме 2 лути сецкани пиперки.
Овој фил го ставаме на коричката.
Со останатото парче тесто расукуваме коричка и , малку поголемка , ја нанесуваме врз филот и правиме наборчиња.
Попрскуваме одозгора со малку масло.
Ја ставаме во загреана релна на 190 с. и печиме околу 25 минути.
Испечена ја вадиме на кујнска решетка, да подизлади, па потоа заедно со гравчето, малите посни прилепски сармички,ципурата,лепчето со паричка.... ја послужуваме на Бадниковата вечера.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2019 во 10:03
&amp;#208;&amp;#145;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;° &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#136;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;»&amp;#208;°

Бадникова посна штрудла

Состојки
500гр брашно
200мл млака вода
1 кесичка (10гр) сув квасец
100мл зејтин
250гр мармалад по желба
2-3 јаболка
1 лажица мед
1 лажица цимет

Се замесува тесто од брашното, квасецот, водата и зејтинот и се остава да стаса.
Одкако ќе стаса се расукува кора која се премачкува со мармалад и над мармаладот се ренда јаболко. Се посипува со цимет и со лажица се цеди медот. Се завиткува во ролна и се остава да стаса да се спои ролатот. Се засекува, а и не мора и се пече околу 30 минути на 190 степени. Се сече одкако ќе се олади.
Едноставен рецепт, па може некому и да се најде.
Бадникова штрудла затоа што е посна, а тука е и моето коледарче-малата Маша.
Исто така рецептот го ставив да послужи и како идеја затоа што тестото е основа и за бадниковото лепче па така може да се искористи две во едно. Јас дури и ги печев заедно и лепчето и штрудличката.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2019 во 10:02



&amp;#208;&amp;#145;&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;° &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#179;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;° &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#128;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#209;&amp;#135;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;° (&amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#190;)

Бадникова погача со паричка

Состојки
700 гр брашно
400-450 мл млака вода
2 лажички инстант сув квасец
1 лажичка шеќер
50 мл масло
2 лажички сол
Смеса за премачкување
20 мл масло
1/4 лажичка сол
10 мл вода
Дополнително - 50 гр маргарин и сусам за посипување и паричка

Прекрасната Бадникова погача е украс на Бадниковата посна трпеза. Зависно од тоа за колку луѓе ја спремате оваа погача, толкава е и количината на брашно што треба да се стави. Конкретно оваа количина е за повеќе луѓе и е подготвена за колегијална прослава на Бадник. Јас по дома кога си правам за Божиќна трпеза, ја правам со по 300-350 гр брашно, што значи сите овие состојки на половина.

1. Од сите наведени состојки замесуваме тесто и го оставаме да отстои на топло и да ферментира. Тестото треба да надојде и да се дуплира смесата.
2. Кратко се премесува и се делат топчиња, за колку што треба. Секое топче се премесува 2 пати. Јас конкретно поделив на 21 топче.
*На сликата подолу има погача и со 15 топчиња, да видите како изгледа редењето.
Во едно од нив ја ставив паричката, замотана во алуминиумска фолија.
*Кога си правам за дома си ставам турски алтан-златник, кој нема потреба да се замотува во фолија, бидејќи е златен.
3. Топчињата се редат во круг. Јас ги редев во округла тава Делимано Стоне Леџенд. Во таа тава рамномерно ми се пече лебот, не се лепи и добива прекрасна крцкава кора.
4. Погачата се остава да кисне уште 20-30 мин, зависно колку ви е топла собата. Откако ќе одкисне, се премачкува со смесата од масло, вода и сол, со помош на четка. Се наросува со повеќе сусам и се редат одозгора мали коцки маргарин. Се става во ладна рерна и тогаш се вклучува на 200 степени. Во периодот на загревање на рерната, погачата дополнително ќе нарасне и ќе стане уште повоздушеста.
5. Се пече на 200 степени, околу 15 мин, а потоа уште 10тина мин на 180 степени. Се зависи од рерна до рерна!
6. Печената погача се вади од тава, се префрла во чиста крпа и се остава малце да се излади.

Се послужува за Бадникова вечер или како што беше во овој случај за колегијална прослава на Бадник.

Среќни Божиќни празници!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2018 во 14:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2018 во 10:16
Баклава тригони (посно)
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2018 во 10:12
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2018 во 21:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2018 во 21:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2018 во 21:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2017 во 10:23

Да ти е мерак да ги грицнеш: 5 рецепти за шарени новогодишни колачиња


Новогодишни колачиња во облик на чоколадни ирваси, шарени елки, црвени капчиња - кој не би ги посакал на својата трпеза?

da-ti-e-merak-da-gi-griznaes-5-recepti-za-sareni-novogodisni-kolacinja-01.jpg

Не се плашете ако ви изгледаат комплицирано, нивната подготовка е посебно лесна.

Тајната е во тоа што се прават од готови производи кои само треба да ги споите.

Зависно од тоа дали сакате да направите мафини во облик на ирвас или накитена елка, црвени капчиња, замрзнати залчиња или мечиња во санка, набавете ги соодветните состојки.

da-ti-e-merak-da-gi-griznaes-5-recepti-za-sareni-novogodisni-kolacinja-02.jpg

Мафини, переци, кекси и било какви округли бомбони

da-ti-e-merak-da-gi-griznaes-5-recepti-za-sareni-novogodisni-kolacinja-03.jpg

Маршмелоу бомбони, црвено-бели бастунчиња, шеќер и црвени округли бомбони

da-ti-e-merak-da-gi-griznaes-5-recepti-za-sareni-novogodisni-kolacinja-04.jpg

Сникерс или Марс чоколади, мечиња бисквити, црвено-бели бастунчиња и стопено чоколадо

da-ti-e-merak-da-gi-griznaes-5-recepti-za-sareni-novogodisni-kolacinja-05.jpg

Округли чоколадни бисквити со фил, шлаг и јагоди

da-ti-e-merak-da-gi-griznaes-5-recepti-za-sareni-novogodisni-kolacinja-06.jpg

Мафини, јагоди и шлаг обоен со зелена прехранбена боја



Изменето од Valerija - 15.Декември.2017 во 20:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2017 во 10:19


Божиќни украсни колачи

1. Путерот и шеќерот во прав се матат со миксер. Се додава и јајцето и се заедно се меша додека не се добие кремаста смеса. 2. Брашното, прашокот за печиво и солта се мешаат и постепено се додаваат во путерот постојано мешајќи со миксер. На крај се додава екстрактот од ванила и се меша уште кратко. 3. Добиената смеса се става во најлонска фолија и се остава да отстои 1 час во фрижидер. Потоа тестото се размесува и со сукало се развлекува кора од 0.5 см од којашто се вадат фигури со калап. 4. Така добиените колачи се печат на плех обложен со хартија за печење 10-тина минути на температура од 200 степени. 5. За подготовка на филот со миксер се матат белките и се додава шеќерот во прав и лимоновиот сок. Откако ќе се добие цврста пена се става прехранбената боја и се меша со лажица. 6. Оладените колачите се премачкуваат со филот, се ставаат кратко во замрзнувач а потоа се декорираат по желба. * Од оваа количина на состојки се добиваат 5 поголеми елки колачи. Сметам дека помалите калапи се посоодветни и попрактични, но јас имам само во оваа големина.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 5>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,219 секунди.