|
Бадникова и Божиќна трпеза |
Внеси реплика | страница 123 5> |
Автор | |||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 05.Јануари.2014 во 10:04 |
||
Сите знаеме дека ќе се прејадеме за претстојниве празници. Мислам дека нема човек во земјава (и пошироко) што ќе одолее на сите работи што треба да ги приготвиме деновиве.
Бадниковата трпеза е всушност посна трпеза која што го означува крајот на 40 дневните пости. На неа по некое непишано правило треба да има и солени и благи јадења и се смета дека колку побогата е трпезата, толку побогата ќе биде и годината. Во мојот дом, како и скоро секаде, на трпезата за бадник ќе има печена риба, гравче, посни сарми, тиква, урми, смокви, ореви, костени, лепче со паричка, компири на неколку начини, баница со зелка, баклава, штрудла со јаболка, различно овошје и не ми текнува што уште не. Вечерата започнува со кршење на лепчето, па продолжува со вечерата и на крај најбитниот момент, трпезата не се раскрева. Следниот ден кога веќе се мрси, на трпезата традиционално главното место и припаѓа на големата тава со јагнешко, кифли, салати и се останато. Кој не го мрзи нека сподели по некој рецепт од тоа што прави за празнициве. Еве јас ќе напишам како ја правам баклавата (моментално се пече) Баклава Едно пакување кори за баклава, 500-800 грама крупно мелени ореви (по желба колку сакате да биде богата баклавата) , 50-80 грама презла, газирана вода, масло за јадење На работната маса ставам една кора, ја попрскувам со вода, ставам уште една кора, ја попрскувам со масло (ама внимателно - малку масло, не да ја удавите во масло) и ја ставам третата кора. На третата кора попрскувам само малку вода (помалку од првата) и на еден дел од кората ставам ореви и презла во права линија (не расфрлани по цела кора) и ги виткам во ролат. Претходно при рака ми е тавата за печење премачкана со масло, па во неа ги редам сите кори. Ги сечам на парчиња и ги преливам со газирана вода, секое парче посебно. Ја печам на 200 степени додека не се испече. Литро вода и 500 грама шеќер се зовриваат на јак оган. Ова 500 грама шеќер може да варира во зависност дали сакате поблага или не толку блага баклава. Јас не ја сакам премногу блага и затоа ставам 500 грама. Додавам и малку лимонов сок и ванилин шеќер. |
|||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Едноставна штрудла со јаболка за мрзливи луѓе како мене
Едно пакување кори Неколку јаболка (зависи од големината и од тоа колку сакате да ви биде полна штрудлата) Една до две лажици шеќер Газирана вода Малку масло Цимет Пред се, јаболките се лупат и се рендаат. Се оставаат во еден сад, се додава малку шеќер во зависност од тоа колку ви се благи/кисели јаболката и почнувате да работите со брзина на светлината На работната маса ставате една кора и ја попрскувате со масло, па ја ставате втората кора и попрскувате со вода и третата исто така само со вода. На една страна од кората ставате од ренданите јаболка и наросувате цимет (ова кај мене оди во големи количини). Виткате во ролат и ги ставате во намрсен плех за печење. Ги сечете на парчиња, ги преливате со маслото и водата и правец на печење. Се печат на 200 степени. Откако ќе се испечат и изладат можете да им ставите шеќер во прав. |
|||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Водич за бадникова трпезаБадниковата вечера е посна ама богата, а на масата треба да се постават и благи и солени јадења. Според верувањата, богатата трпеза значи дека и годината ќе биде богата. Традиционално на бадниковата маса за вечера треба да има риба, грав, погача без квасец и суво овошје. Лукот има посебна симболика, во минатото на него се придавало дури и магиско значење за подобро здравје, па затоа е неизоставен дел од бадниковата трпеза. Според старите македонски верувања за богата и плодна година во куќата, на трпезата треба да има и ореви, јаболка, пченка и метални парички, а за годината да биде „слатка“ за декорација се ставаат и бонбони. Според традицијата пак, обично на крајот на вечерата за десерт се јаде печена тиква. |
|||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
|
|||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Како христијански се празнува БадникПредвесник на најголемиот христијански празник Божиќ е Бадник. По четириесетдневниот пост дочекувањето на христовото раѓање се заокружува со посна вечера Децата, најмалите кои ги симболизираат ангелите со песна и радост го означуваат доаѓањето на „Вечниот бог слезе и во Дева се всели, Свет, Свет, Свет си и пресвет Господи. Царот на сите На Бадник, навечер, се поставува вечерата со посна храна. На маста се ставаат бадникови Домаќинот, или некој подготвен за тоа, во името на сите ги принесува молитвите „Оче Откако сите членови на семејството ќе се прекрстат се започнува со молитвата. Најголемо Откако ќе се кажат молитвите, се седнува на семејната предбожиќна вечера. По Вечерата треба да биде исклучително посна, дури и без масло. Се подготвуваат питулици, Пред крајот на вечерата, во зависност од семејната традиција, се прекршува празничниот Месењето на лепче со паричка всушност е симбол поврзан со еден настан поврзан со Според презвитер Ивица Тодоров лебчето со паричката е убава семејна социјална „игра“ која и По прекршување на празничниот леб со паричка, членовите на семејството помеѓу себе Откако ќе заврши вечерата масата останува нераскрената. Оставањето на масата Утредента, целото семејство се приклучува на своето поголемо духовно семејство - Постојат и многу паганските обичаи според кој се празникува Бадник Тие обичаи веќе станаа традиција и многу се разликуваат од вистинското одбележување Ден пред Бадник граѓаните се собираат и ги палат коледарски огнови. Ракија, месо, Изменето од Valerija - 05.Јануари.2014 во 11:29 |
|||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Каде и да си за Бадник дома да сиПравославните христијани вечер го слават Бадник, а утре, Исусовото раѓање - Божиќ. Бадник ги собира граѓаните дома на традиционална посна вечера со зелник, риба, посно гравче, тиква и лутеница, а според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Според традицијата, граѓаните се трудат да стават се на маса, за во текот на целата година трпезата да биде богата. Домаќинката меси погача со паричка , која се крши, а кому ќе му се падне паричката, според традицијата, тој ќе има среќа целата година. Позната е изреката каде и да си за Бадник дома да си. Богатата посна трпеза останува цела вечер на масата, а утрешниот ден се прави традиционален Божиќен ручек во кругот на семејството. Во соборниот храм „Св Климент Охридски“ утре ќе се одржи Златоустова литургија. Божиќ се празнува во спомен на раѓањето на Исус Христос, синот божји кој е роден во пештера во Витлеем, поради задолжителниот попис кој римјаните го одржувале во тој период во Јудеја. Веднаш по неговото раѓање три мудреци од Истокот, следејќи ги ѕвездите, го пронашле и му се поклониле, принесувајќи му дарови. Ангели Божји истовремено им ја соопштиле радосната вест и тие дошле да му се поклонат на Спасителот. Така Христос на овој свет бил пречекан како истовремени од најмудрите и наједноставните. Овој празник е матица на сите други црковни празници бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. Изменето од Valerija - 09.Декември.2017 во 10:28 |
|||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А колку броја гозби треба да има на масата ?
|
|||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ne sum sretnala nekade deka ima ogranichuvanje.
|
|||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Има ограничување ама нема да ви го кажам за да не ме сватите дека ви се мешам во традициите .
|
|||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Епа што бараш тогаш на темава ако не кажуваш ништо паметно? |
|||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Ме интересираше вашиот одговор на моето прашањне и сум среќен што го добив од златоуста мома како тебе Изменето од емил - 05.Јануари.2014 во 16:35 |
|||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Глупости емил Подфорумов е исхрана и ако знаеш да кажеш можеш да кажеш. Не само да прашуваш нешто што демек знаеш и на крај да се правиш паметен со сила. Во моето семејство никогаш не сме ставале храна со ограничување и јас лично на мојата трпеза никогаш нема да практикувам такво нешто. Водејќи се од тоа што сите го почитуваат дека што е можно побогата трпеза, тоа подобро, како и секоја година така и оваа трпезата во рамките на финансиите ќе биде што е можно побогата. Откако пребројав се, средив, изнакупив се што требаше, мојата трпеза ќе има - Посно гравче во тавче ( за жал земјената тава ми е кај колешка ) Посна сарма Пастрмка Подварок Печена тиква Штрудла со јаболка Баклава со ореви Посен колач со јаболка Салата со компири Различно овошје (мандарини, банани, портокали, киви, јаболка, калинки и лимони) Сушени кајсии, урми, смокви Костени, печени и варени Ореви Мешавина јаткасти плодови Лепче со паричка Вртена пита со спанаќ И слободно изброи и кажи ми уште колку треба да додадам или одземам.
Изменето од evangeline - 05.Јануари.2014 во 16:47 |
|||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
На Божиќната трапеза треба да има до 13 посни јадење . Тоа симболизира Тајната вечера на која биле 12-те апостоли плус Христос , Господот наш
Ако ставиш помалку гозби не е грев , но треба да бидат нечетен број 7,9 ,11 1. Сарми со ориз 2. Пиперки со ориз 3. Тавче гравче 4.Леќа јанија 5.Варено жито 6.Баница со тиква(тиквеник) 7.Ошаф ( компот опд модри сливи) 8.Лук 9.Мед 10.Ореви 11.Пита , погача 12.Динстана зелка 13.Баница со касмети риба по време на Божиќните пости се дозволува само и единствено на Никулден кога се јаде предимно крап . Тоа повелува традицијата .Оти кога на рибарите им се е пробушила гемијата Свети Никола ја е затнал со крап . Не е грев да се јаде и друга риба . Изменето од емил - 05.Јануари.2014 во 17:03 |
|||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Немам потреба да ставам јадења кои никој не ги јаде. Бадниковата вечера не треба да е расипништво, да се исфрла целата храна веќе следниот ден. Да, единствено лукот го заборавив несакајќи. Тој е дел од трпезата. Динстаната зелка е попозната како подварок, ете ја има на мојот список, баница со касмети искрено не знам со што е оваа баница, леќата кај нас не е воопшто прифатена во исхраната и немам потреба да ја приготвувам, посните сарми се сарми со ориз многу нормално, вареното жито ќе заврши во канта, модри сливи немам и немам каде да купам, баница со тиква исто така не јаде никој, затоа тиквата е посебно печена а баницата ми е со спанаќ. Па добро, не отстапувам премногу од списоков твој. Јас ова со 12-те јадења знам дека се практикува низ источна Европа, но немам информации дека во земјава се практикува тој обичај.
|
|||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|||
Внеси реплика | страница 123 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |