IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Уредување на помали станбени површини
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Уредување на помали станбени површини

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 8>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 22:32

Ако сте на пат да го реновирате или уредувате вашиот дом, сигурни сме дека идеи ви се добредојдени. Денес одбравме уште еден стан од портфолиото на Биро Проект.

ureduvanje-na-dvosoben-stan-udoben-i-relaksiracki-ambient-13

Станува збор за двособен стан во Кисела Вода, уреден умерено елегантно, во комбинација со свежи и земјени бои.

Мебелот во кујната и дневната соба е изработен од иверка во бела и графитна боја со текстура како текстилна обработка, а столбовите во просторот се потенцирани со тула во црна боја. Главниот ѕид во дневната соба е разигран со апликација на силуета на музичар.

Ходникот е уреден со истиот избор на иверки, надополнет со полица од црвен фарбан медијапан која навлегува во делот на огледалото.

Во спалната соба применет е контраст на темна и светла боја.

Колоритноста на ѕидовите додава чувство на удобен и релаксирачки амбиент.

ureduvanje-na-dvosoben-stan-udoben-i-relaksiracki-ambient-1

ureduvanje-na-dvosoben-stan-udoben-i-relaksiracki-ambient-2

ureduvanje-na-dvosoben-stan-udoben-i-relaksiracki-ambient-3

ureduvanje-na-dvosoben-stan-udoben-i-relaksiracki-ambient-5

ureduvanje-na-dvosoben-stan-udoben-i-relaksiracki-ambient-6

ureduvanje-na-dvosoben-stan-udoben-i-relaksiracki-ambient-7

ureduvanje-na-dvosoben-stan-udoben-i-relaksiracki-ambient-8

ureduvanje-na-dvosoben-stan-udoben-i-relaksiracki-ambient-9-3

ureduvanje-na-dvosoben-stan-udoben-i-relaksiracki-ambient-11

ureduvanje-na-dvosoben-stan-udoben-i-relaksiracki-ambient-12

ureduvanje-na-dvosoben-stan-udoben-i-relaksiracki-ambient-14

ureduvanje-na-dvosoben-stan-udoben-i-relaksiracki-ambient-15

ureduvanje-na-dvosoben-stan-udoben-i-relaksiracki-ambient-17

ureduvanje-na-dvosoben-stan-udoben-i-relaksiracki-ambient-18



Изменето од Valerija - 27.Декември.2013 во 22:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 22:35

odlicni-idei-za-ureduvanje-na-mal-prostor-od-ikea-1

Икеа има неколку идеи како можете да ги дотерате малите простории низ домот и притоа да изгледаат барем малку поголеми од што се.

Доколку не располагате со многу голем простор во дневната соба, едноставната идеја со мебел кој може лесно да се преместува е најсоодветно решение. 

odlicni-idei-za-ureduvanje-na-mal-prostor-od-ikea-2

odlicni-idei-za-ureduvanje-na-mal-prostor-od-ikea-3


Малата спална соба е уште полесна за уредување. За да го избегнете проблемот со складирање, одберете дел во којшто ќе направите гардеробер со многу полици и прегради.

На овој начин остатокот од собата ќе остане слободен за креветот и уште неколку интересни детали.

odlicni-idei-za-ureduvanje-na-mal-prostor-od-ikea-4

odlicni-idei-za-ureduvanje-na-mal-prostor-od-ikea-5

odlicni-idei-za-ureduvanje-na-mal-prostor-od-ikea-6


Кога станува збор за детската соба, креветите на спрат се наједноставно решение да заштедите простор, а собата да изгледа модерно.

Одберете и многу рафтови или кутии каде што ќе ги складирате детските играчки, за да го избегнете нередот.

odlicni-idei-za-ureduvanje-na-mal-prostor-od-ikea-7

odlicni-idei-za-ureduvanje-na-mal-prostor-od-ikea-8

odlicni-idei-za-ureduvanje-na-mal-prostor-od-ikea-9


Кујната е еден од најтешките простори за уредување, посебно ако просторот е многу мал. Обидете се ѕидовите да ги искористите како простор каде што ќе ги складирате кујнските ситници, во интересни, високи шкафчиња и полици.

odlicni-idei-za-ureduvanje-na-mal-prostor-od-ikea-10

odlicni-idei-za-ureduvanje-na-mal-prostor-od-ikea-11

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 22:38

Мебел за мал стан: волшебен плакар

Денес, кога сè е во рецесија, дури и животниот простор е сведен на минимум. Дизајнерот Тил Конекер од Берн, Швајцарија, се досети како во мал стан да организирате удобен живот.
Од предната страна на „коцката“ се наоѓаат полици за плочи и за телевизор, како и плакар за облека и за обувки. До идејата за коцката „сè во едно“ дошол кога се вселил во мало поткровје. Како човек што сака убав ентериер, не можел да си дозволи малиот простор да го натрупа со мебел. Поради недостигот од простор, направил скица за парче мебел во кој ќе може да ја чува својата колекција плочи, телевизорот, облеката обувките… Но во ова парче мебел има место за уште многу работи. Освен оставата, тука е и креветот сместен на горната страна, до кој водат мали скалички фиксирани покрај влезот на оставата.

Целата конструкција е широка два метра, долга четири и висока два метра.

Ако и вие имате проблем со просторот, можете според големината на вашиот стан да си направите и ваша коцка.

Младиот дизајнер добил пофалби од своите колеги, кои неговиот проект го сметаат за револуција во изработката на мебел.

Дизајнерот Тил Конекер вели дека бил принуден да го осмисли проектот што го направи славен. „Livig cube“ е моментално меѓу најбараните парчиња мебел за мали станови.






Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 22:41

Мал простор уреден со многу вкус

Мал простор уреден со многу вкус


Одличен пример како да уредите 59 метри квадрати, а сѐ да си биде на свое место и да изгледа убаво.

За денеска одбравме мал стан во Тел Авив, кој зрачи со светлина поради белите ѕидови и светлите подови. Подолу може да видите и „пред и потоа“ фотографија од дневната соба, кујната и просторот за учење кои се трансофмирани од досаден во модерен ентериер.

59-square-meters-apartment-in-Tel-Aviv-2 59-square-meters-apartment-in-Tel-Aviv-3 59-square-meters-apartment-in-Tel-Aviv-4 59-square-meters-apartment-in-Tel-Aviv-5 59-square-meters-apartment-in-Tel-Aviv-6

potoa

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 22:51

ФОТО: Како малиот стан да изгледа поголем 

stan

Главна цел на секој архитект при уредување на мали станови е да создаде впечаток на поголем и функционален простор.

За таа цел најчесто се користат рефлектирачки површини со модерни делови на мебел.

stan-01

За да се добие впечаток дека дневната соба е поголема, отколку што е реално, би можел да се постави темен и сјаен таван. На овој начин изгледа дека собата е речиси двојно повиска.

Во станот би требало да доминира белата боја, но да биде прошарана со темни или црни  елементи од мебелот или преградни ѕидови.

kujna

Малата кујна може да се направи навидум поголема со поставување на едноставен и елегантен шанк и со стаклени кујнски елементи во кои би се рефлектирал околниот простор.



Изменето од Valerija - 27.Декември.2013 во 22:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 22:53
Прекрасно уредени 40 метри квадратни










Беспрекорниот малечок скандинавски стан со своето уредување едноставно остава без здив.
Чистите линии, едноставните парчиња мебел и фантастичните детали го прават овој простор навистина пријатен за живеење, а овој дизајн уште еднаш потврдува дека, при уредувањето на домот, многу често "колку помалку" е и "многу подобро".


Архитектонското студио "Alvhem Makleri & Interior" претставил уште еден беспрекорен скандинавски стан во шведскиот Готенберг, а ова нивно дело ги заслужува сите пофалби. Малечкиот стан од само 41 метар квадратен, во кој доминира белата боја, благодарение на интеграцијата на специфичните елементи претставува совршено едноставен простор за живот за оние кои што се во потрага по мирниот и релаксирачкиот начин на живот.


Како и останатите скандинавски домови, и во овој стан се застапени најразлични декорации, се со цел просторот да биде колку што е можно попријатен, а секако, истиот е уреден во согласност со желбите и потребите на сопственикот. И покрај изобилството на белата боја, која што е застапена на подот, ѕидовите и на мебелот, просторот не остава впечаток на студено и непријатно место за живеење, туку напротив, ретко кој не би посакал да живее во ваков убаво уреден стан.





















Изменето од Valerija - 28.Декември.2013 во 08:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 23:01

Мало, но сепак пространо


Декорирањето и уредувањето на малите станови или гарсоњери честопати знае да биде вистински кошмар,а резултатот да биде чувство на нелагодност или чувство на изгубен простор. Но, сепак со неколку мали интервенции можете малите простории да ги направите пространи. За да бидеме попрагматични,ќе наброиме неколку предлози во однос на вашата селекција.

 Бирање на мебел

При опремување на мали простории,барајте што помали модули, делови на мебел со што е можно повеќе отворени површини,на пример двосед со видливи ногарки, две табуретки и стаклена клуб масичка се подобар избор од некоја фотелја, двосед со скриени ногарки и пространа клуб маса.

1

Распоред на елементи

При распоредувањето на мебелот и неговите елементи, насочето го вашето внимание да имате непрекинато движење во просторијата. На пример започнете со двоседот, како најголем дел од вашиот мебел, кој ќе го поставите пред најголемиот ѕид во вашата просторија и кој ќе биде ориентиран кон внатрешноста на просторијата. Потоа обмислете и делче, катче за разговор. Од двете страни на двоседот поставете табуретки, фотелја или  столови, а потоа клуб масата поставете ја во централното место,од каде ќе биде достапна за сите позиции на седење.

 

Декорирање

Во малите простории посебно внимателни треба да бидете со декоративните елементи. Запомнете дека доколку сакате да го избегнете чувството на задушеност и нелагодност, важи правилото – помалку е повеќе. Огледалата како и сјајно рефлектирачките површни како што се стаклото и лексанот ќе допринесат да просторот изгледа поголем. Поголеми примероци користете исклучиво на елементи како перниците и слични помали декоративни елементи,а избегнувајте ги на софата, двоседите или  фотелјите.

2

Како да одберете боја

При одбирањето на бојата, барајте благи и монохроматски бои и нијанси. Бојата за ѕидовите прилагодете ја на поголемите делови од мебелот што ги имате во просторијата а плафонот оставете го со бела основна боја кој секогаш ќе одржува баланс.

 

Осветлување

Правилно распоредете ги светилките и креирајте изедначена светлост во целата просторија. На овој начин ќе ги избегнете сенките што се создаваат на мебелот кои визуелно непотребно  ја делат просторијата. Амбиенталните светла исто така ќе допринесат во создавање на атмосфера во просторијата. Генерално избегнувајте лустери,бидејќи они создаваат чувство на понизок плафон а со тоа и  визуелно смален простор.

Пропорција и бои

Најдобар начин да се опише пропорцијата е величината. Бојата влијае на пропорцијата во просторот. Прифатлив и општо познат е ставот дека белата боја и светлите бои визуелно просториите ги прави поголеми а темните и јаките бои ги прават работите поблиски една со друга,односно поголеми отколку што се.

3

За крај

Ентериерот на вашиот мал стан или гарсониера уредете го чисто и едноставно. Исфрлете се што не користите и што не употребувате бидејќи што помалку гужва – дотолку помалку стрес. Во малите станови помалку е повеќе.



Изменето од Valerija - 27.Декември.2013 во 23:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 01:10
Само 16 м2


Loft_Paris (1)
Овој мал стан во Париз претставува резултат на архитектите Mark Baillargeon и Julie Nabucet. Највпечатливa карактеристика при конципирањето на проектот е неговата скромна површина од само 16 м², која со неколку паметни проектантски и дизајнерски решенија е трансформирана од пространа бања во микро-стан.
Loft_Paris (2)Loft_Paris (7)Loft_Paris (6)
Како што би се очекувало од една неконвенционална конверзија на просторот, ова минимално париско засолниште е полно со креативни и инспиративни идеи. Денивелираната платформа помеѓу таканаречената зона за престој и кујната има многу поголема практична примена од вообичаено. Во овој случај, таа во себе го крие креветот или троседот, според намената и функцијата на просторот во контекст на околностите. Како уште еден специфичен  детаљ од ентериерот се појавува скалиштето, кое води до кујната и во себе крие елементи за складирање, и со тоа ја редуцира неопходноста од дополнителни елементи кои би ја редуцирале целокупната ограничена просторност.
Loft_Paris (3)Loft_Paris (4)Loft_Paris (8)Loft_Paris (9)Loft_Paris (10)Loft_Paris (5)
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 08:25
Мал стан во Сиднеј



Овој стан од само 38 m² се наоѓа во Сиднеј, и е исполнет со весела атмосфера, светлина и радост. Семејството што живее во него, млад пар со дете, имале потреба од простор кој ќе одговара на нивниот начин на живот и ќе им обезбеди доволно високо ниво на удобност, и покрај малата квадратура. Затоа станот е дизајниран како место за дружење на семејството и весело живеење.

Постојните ѕидови, освен носечкиот ѕид кај бањата, биле урнати. Новите преградни ѕидови го конфигурираат просторот обрнувајќи внимание на приватноста и просторот за складирање кој секогаш недостасува. Целиот простор се користи во својот полн потенцијал, земајќи ги во предвид потребите и желбите на семејството.






































Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 08:44
Прекрасен мадридски дом од 21 метар квадратен










Многупати веќе сме се увериле дека големината не е од пресудно значење при уредувањето на функционален и удобен дом, а доказ за тоа е и овој прекрасен мал стан во Мадрид.
Имено, во големите домови не е необично собите да се простираат и на неколку десетици метри квадратни, меѓутоа во продолжение можете да погледнете дека и еден стан од 21 метар квадратен може да биде уреден така што ќе нуди максимален комфор и функционалност.


Дека големината не е пресудна кога станува збор за уредување на функционален и удобен дом, доказ е и овој стан сместен во Мадрид, изграден минатата година.

Станува збор за дом наменет за една личност, а со минималистичкото уредување на овој неверојатен стан, се спречило добивањето на впечатокот дека просторот е пренатрупан.


Погледнете како сето тоа изгледа во продолжение, па можеби токму овој дом ќе биде и инспирација за уредување на вашето место за живеење.






Значи воппшто не се важни квадратите,ако умееш станот да го направиш функционален,макар биле во  прашање и 20 м2
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 08:47
Уредување на мала бања



Во становите неретко се случува просторот наменет за бањата да биде со мала површина. Сепак, и малата бања може да биде доволно функционална и пространа доколку се обрне внимание на неколку работи:




• Во мала бања поставете туш кабина, која ќе зафаќа помалку простор отколку класичната када, а притоа проѕирната стаклената врата ќе дава илузија на поголем простор. Поставена во аголот, туш кабината е добар избор за мали бањи.

• Кога станува збор за избор на машина за перење алишта, машините со горно полнење се погодни за мали бањи бидејќи се потесни, а и вратата не зафаќа дополнителен простор.

• За складирање на предметите во малите бањи најдобро решение се полиците од подот до таванот, каде што ќе може да ги одложите сите потребни работи. Притоа дел од полиците добро е да бидат затворени. Исто така, висечките орманчиња се одлично решение за складирање на предметите.

• Доколку се определите за скриено, односно вградено казанче во ѕидот, исто така ќе заштедите простор, а и визуелно ќе го ослободите амбиентот.

• Во малата бања избегнувајте темни бои. Плочките или ѕидот нека бидат во посветла боја - на пример, може да поставите бели плочки кои на средината ќе имаат бордура во живи бои.

• Погрижете се бањата да биде добро осветлена, бидејќи слабото осветлување создава чувство на теснотија.

• Поставете поголемо огледало во малата бањата кое визуелно ќе ја зголеми бањата.

• За крај, избегнувајте чување на непотребни ситници во бањата, со што ќе спречите просторот да стане уште помал.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2013 во 08:50

Одлично наместен стан од 40 квадрати / Фото


Четириесетина квадратни метри не е многу голем простор за еден стан.
стан 1
Според многу анализи тоа практично е границата помеѓу премалку и удобно.
стан 2
Постојат многу начини на кои можете да уредите мал простор, па да се чувствувате одлично во него.
стан 4
Уредувањето на овој мини-стан токму тоа и го покажува.
стан 5

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2014 во 20:44

Уредувањето на животниот простор е макотрпна и напорна работа, а уште повеќе ако тој простор е само 34 метри квадратни, тогаш знаете дека навистина ќе треба да се намачите за да го уредите просторот да биде убав, практичен и удобен. Овој стан е многу мал, но одлично среден, многу практичен и супер изгледа.

vi-se-veruva-deka-ovoj-stan-ima-samo-34-kvadrat-01

Високите прозори во станот дозволуваат многу светлина, а голем плус на овој стан е преслаткиот балкон на кој се наоѓаат две столчиња и маса. Иако овој стан нема спална соба, креветот кој се наоѓа во аголот на дневната соба, може да се одвои со завеса, која на овој простор му дава приватност.

Интересно е тоа што во овој стан се искористени и стари и нови парчиња мебел, кои одлично се искомбинирани за да го дадат целосниот впечаток.

Преубав детаљ и топлина на овој дом е она што зрачи посебна аура во него која прави да се чувствувате пријатно.

vi-se-veruva-deka-ovoj-stan-ima-samo-34-kvadrat-1

vi-se-veruva-deka-ovoj-stan-ima-samo-34-kvadrat-2

vi-se-veruva-deka-ovoj-stan-ima-samo-34-kvadrat-5

vi-se-veruva-deka-ovoj-stan-ima-samo-34-kvadrat-4

vi-se-veruva-deka-ovoj-stan-ima-samo-34-kvadrat-3

vi-se-veruva-deka-ovoj-stan-ima-samo-34-kvadrat-6

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Јануари.2014 во 16:22
                                                                                                                        Совети за уредување на мал стан
                                                                                                                                                             







Дизајнерите од студиото „Michelle Williams Interiors “ откриваат неколу тајни за уредување на мали станови.
Ова се професионалните совети кои ќе ви го разубават ентериерот и ќе ви го олеснат животот.

Пуштете светлина! Освен големи прозорци, пожелно е да имате и доволно високи лапми кои ќе ја насочуваат светлината кон горе. Не заборавајте на ќошевите. Ако тие се темни, животниот простор ќе ви изгледа помал.

Вашиот мебел нека биде мултифункционален. Тоа значи дека едно парче мебел треба да има повеќе намени. На пример, клуб масичката да има фиоки, гарнитурата да може да се спушта и сл.

Користете едноставни бои. Шаренилото само ќе го смали вашиот простор. Секогаш одберете ги основните неутрални бои на кои можете да додадете детали во поживи бои, за да го направите просторот поинтересен.


Поиграјте си со текстурите. Разиграјте го просторот со интересни мотиви. На пример, дијагонален дизајн на тепихот е добра идеја.

Огледалата прават чуда во мал простор. Поставете ги така што ќе рефлектираат нешто што е вредно да се гледа, а притоа вашиот животен простор ќе изгледа многу поголем.

Поставете завеси од плафонот до подот, така што ќе создадете илузија на висок плафон.

Проѕирните столчиња и ламби визуелно го зголемуваат просторот. Размислете за ламби со стаклени детали, столчиња од плексиглас и слично.


Изменето од Valerija - 12.Јануари.2014 во 16:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1234 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.