Уредување на помали станбени површини
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Дом и градина
Опис на форумот: Уредување, фенг шуи, ентериер
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26814
Датум на принтање: 27.Ноември.2024 во 06:16 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Уредување на помали станбени површини
Постирано од: Valerija
Наслов: Уредување на помали станбени површини
Датум на внесување: 16.Декември.2013 во 16:53
Дали помалите површини може да се уредат функционално?Еве некои идеи:
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/12403-odlicno-ureden-stan-od-39m2" rel="nofollow - Одлично уреден стан од 39m2
Овој шармантен стан сместен во Гетеборг е наменет за студенти и има
се што е потребно за удобен живот. Сместен е во зграда од доцните
1800-ти, а предноста е природната светлина која допира од високите
прозори.
Ова е вистински пример како практично да се искористат 39 квадратни
метри. Има практичен и функционален распоред. Во дневната соба, смстен е
и кревет за спиење. Тоалетот е малечок, но пристоен. Сите ѕидови се
бели.
Убаво изгледа, зар не?
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Коментари:
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Декември.2013 во 17:21
Еве нешто минијатурно од 45 м2,ама сон на секоја жена
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/13469-stan-kakov-sto-posakuva-sekoja-zena" rel="nofollow - Стан каков што посакува секоја жена
Минијатурниот стан од 45 метри квадратни, внатрешниот дизајнер
Маурисио Карам го претвори во станот од соништата на секоја девојка.
Овој стан е прекрасен пример за тоа како се оптимизира просторот кои
го имате на располагање, се со цел да се претвори во функционална и
ефикасна целина.
Станот се наоѓа во Саo Паоло, Бразил. Како просторија бил неупотреблив, сè до реновирањето.
Со отстранување на неколку ѕидови, просторот станал речиси
непрепознатлив. Дрвениот под бил уште еден новитет кој допринел до
модерниот и простран изглед на ова живеалиште.
Уреден е во минималистички модерен стил, претежно во виолетови и сиви
нијанси. Заедно со неколку модерни декоративни детали, овој стан се
смета за еден од најпосакуваните од страна на женската популација.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Декември.2013 во 17:27
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/18406-dali-ste-videle-podobro-uredeni-40-metri-kvadratni" rel="nofollow - Дали сте виделе подобро уредени 40 метри квадратни?
Овој стан во скандинавски стил кој се одликува со минимализам и
едноставни предмети важи за еден од најдобро уредените за оваа година.
Има површина од само 40 метри квадратни, но изгледа многу поголемо и
модерно.
Белите ѕидови и под му даваат ширина, додека деталите го прават да изгледа удобно и топло.
Мебелот е сосема едноставен и преовладуваат двете спротивности -
црната и белата, во комбинација со светло дрво, метал и шарени додатоци.
Погледнете го најубавиот стан за 2013 година кој зрачи со едноставност и шарм.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Декември.2013 во 22:14
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17239-7-nacini-maliot-stan-da-izgleda-prostrano" rel="nofollow - 7 начини малиот стан да изгледа пространо
Становите со мали квадратури и тесни соби мора да се уредуваат со
поголемо внимание ако сакате просторот да изгледа функционално. Затоа,
ви откриваме неколку тајни како малите станови и соби може визуелно да
ги зголемите.
Најважно е да направите план. Не дозволувајте да ве понесе
креативноста и несоодветно да го опремите просторот. Одлучете се за она
што ви е неопходно, подгответе го просторот па дури тогаш купувајте
мебел. За крај оставете ги деталите и сувенирите.
Едноставни бои
Премногу бои оставаат впечаток на несреденост. Користете основни,
неутрални бои, а за да ја разбиете монотонијата внесете силни нијанси во
мали дози. Кога ги боите ѕидовите, три страни обојте во неутрална боја,
а четвртиот малку затемнете го.
Облиците се важни
Ако сакате хармоничен изглед, бирајте различни текстури и облици.
Набавете тепих со дијагонални линии, пернички со точки и секакви детали
кои многу едноставно ќе го разиграат просторот.
Проѕирен мебел
Ламбите од кристал или стакло, како и безбојните столчиња се
неверојатно декоративни, но и корисни кога се борите со секој квадратен
метар. Тие визуелно ќе го зголемат просторот, а ќе ја зголемат
функционалноста.
Задолжителни огледала
Огледалата прават чуда во малите простории! Тие нека бидат извор на
дупла сончева светлина или пак усмерете ги кон нешто што е вредно да се
дуплира. Изберете рамка која стилски се вклопува со останатиот мебел и
нема да погрешите.
Светло во секој ќош
Високите ламби се одлични за пријатно и интимно осветлување на
просторот. Пригушеното светло кое доаѓа од малку повисоко позитивно
влијае на пространоста.
Троседот заменете го со двосед и фотелја
Наместо голем тросед одберете двосед и фотелја. Бирајте модели без
многу масивни држачи или потпирачи бидејќи визуелно оставаат негативен
впечаток во малиот простор.
Завесите закачете ги повисоко
Ако сте љубители на завесите, секогаш закачувајте ги неколку
сантиметри под плафонот. Тоа остава впечаток на повисок и поголем
простор, а воедно е и одлична декорација на празните ѕидови.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Декември.2013 во 22:20
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/16253-od-garsoniera-do-dvosoben-stan" rel="nofollow - Од гарсониера до двособен стан
Кога станува збор за создавање на комфорно место за живеење, денес е возможно речиси сè!
За пример земавме стан – гарсониера со површина од 32 м², која содржи
дневна соба, кујна и бања, а со реновирање треба да се добие уште една
соба - спална соба.
Изведбата е на тимот на https://www.facebook.com/biroproekt" rel="nofollow - Биро Проект
кој по извршениот увид, прифатените идејни скици и направениот проект
за реновирање, се насочи кон грубите градежно-занаетчиски работи.
По завршување на комплетните промени – рушење на постоечки скали,
фасаден ѕид, промена на плочки и паркет и електрична инсталација во
целиот стан, успешно се комплетираше замислата – да се добие
функционална спална соба.
Повеќе информации за уредување на вашиот ентериер може да најдете на http://www.biroproekt.mk" rel="nofollow - www.biroproekt.mk или на Фејсбук страната https://www.facebook.com/biroproekt" rel="nofollow - https://www.facebook.com/biroproekt
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Декември.2013 во 15:31
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/14345-40-idei-kako-da-uredite-mala-spalna-soba" rel="nofollow - 40 идеи како да уредите мала спална соба
Ако барате инспирација како да уредите мала спална соба, подгответе се да добиете многу идеи.
Дизајнирани за мали домови, паметно дотерани за да изгледаат и пространо и свежо.
Во прилог се 40 предлози на различно уредени ентериери на спални соби, веруваме дека некоја ќе ви фати окце.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Декември.2013 во 15:48
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/16788-mal-stan-pretvoren-vo-kreativen-raj" rel="nofollow - Мал стан претворен во креативен рај
Млада студентка по дизајн од Њујорк ја искористила својата
креативност и од својот изнајмен стан од 30 метри квадратни направила
навистина шармантна оаза со еклектичен стил.
Малиот стан во Менхетен е опремен навистина одлично, земајќи го во
предвид фактот дека се користени исклучиво стари парчиња мебел, купени
од пазар.
Дел од тајната на шармот кој овој стан го поседува е токму во тоа што
сопственичката е секогаш доследна на својот стил и замисла. Ги отфрла
триковите и советите за уредување на минијатурни станови и се држи до
својата идеја.
Според нејзиното признание, таа купува парчиња мебел и сувенири кои и
се допаѓаат, внимателно одбирајќи многу контрастни и креативни нешта.
Погледнете како изгледа овој прекрасен склоп на креативното и поволното.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Декември.2013 во 21:54
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/13870-komotno-ureden-stan-od-35m2" rel="nofollow - Комотно уреден стан од 35m2
Станот кој зафаќа само 35m2 сепак изгледа прилично големо, благодарение на внатрешната структура и дизајн.
Тајната на прекрасниот изглед е минималистичкиот ентериер, исклучувајќи ги бескорисните и непотребни детали.
Внатрешноста е поделена на 2 основни области. Дневната соба е одвоена
од трпезаријата исклучиво со малку повеќе простор. Единствено кујната е
одделена од останатиот дел од станот.
Боите на мебелот се внимателно одбрани, сиви и кафени нијанси, во
комбинација со шарени декорации и детали. Голем број на функционален
мебел, вклучувајќи ги полиците и фиоките се најдобрите пријатели на
малиот простор.
Стилот на целосниот ентериер се наоѓа во средината помеѓу традиционалното и модерното.
Големите прозорци и природната светлина се еден од најважните детали кога станува збор за зголемување на 35 m2.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Декември.2013 во 18:57
Еве уште некоја од палетата идеи за уредување на помали станови
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/14062-tradicija-i-moderen-dizajn-vo-66-m2" rel="nofollow - Традиција и модерен дизајн во 66m2
Оригиналниот изглед на овој стан не е ништо друго освен мешање на модерниот стил со традиционални додатоци.
Станот се протега на 66 m2 уредени во повеќе стилови, со употреба на различни материјали кои одлично се вклопуваат.
Белите ѕидови и вградени плакари се првиот модерен, а воедно и
безвременски детал кои ја дава главната свежина и светлина на овој стан.
Во комбинација со дрвениот под се создава контраст и топлина.
Комбинацијата на црно-белиот ентериер е секогаш прекраснa. Што се
однесува до декорот во овој дом, тој е сегментот каде што
традиционалните и класични парчиња доаѓаат до израз.
Балансот на бои, текстури и стилови е причината што овој стан изгледа елегантно и шармантно.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Декември.2013 во 18:47
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/14673-kako-da-uredite-malecko-stance-od-40-m2" rel="nofollow - Како да уредите малечко станче од 40м2?
Малите станови како овој се навистина специфични за уредување.
Меѓутоа, со избор на правилни бои, мебел и детали може да се постигне
ефект на неверојатна пространост.
Таков е и овој стан од 40 метри квадратни кој изгледа интересно и несекојдневно заради мешавината на бои и стилови.
Тапетите на едната страна од дневната соба совршено се совпаѓаат со темниот мебел и светлите декорации.
Кујната е навистина мала, меѓутоа контрастот на црниот ѕид и белите елементи имаат улога овој простор визуелно да го зголемат.
Во спалната соба се сместени исклучиво неопходните елементи, со мал
интересен додаток – полица која не зафаќа никаков простор, а изгледа
прилично оригинално.
Последен интересен момент во целото уредување е малечката шарена
тераса која е одлично место за неколку минутното утринско будење со јако
кафе.
Вака уредените 40 метри квадратни не изгледаат така малку, зар не?
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Декември.2013 во 22:20
Прекрасно уредени и шарени 40 метри квадратни
Станува збор за прилично мал стан, со оглед на
што истиот брои само 40 метри квадратни, но само еден поглед кон
фотографиите е доволен за да се заклучи дека иако е мал, станот
изобилува со многу стил.
При уредувањето на овој дом, ако се има во предвид фактот дека
станува збор за прилично мал апартман, сопствениците го ставиле фокусот
на постигнувањето на максимална функционалност, но истовремено се
потрудиле на својот дом да му дадат прекрасен карактер со комбинацијата
на силните бои.
При преуредувањето на домот, добивањето на колку што е можно поголеми
простории било постигнато со рушењето на поголемиот дел од преградните
ѕидови, па токму тоа и ја создава отвореноста во станот.
Кога е во прашање декорирањето, овој стан изобилува со динамични и
весели украси, но истовремено се придржува кон едноставноста.
Неутралната позадина служи како празно платно за сите шарени парчиња
мебел и сите украси кои што даваат посебен карактер на овој дом. По
реновирањето, станот бил поделен во две целини, па во првата се сместени
дневната соба, кујната и ходникот, додека вториот ги содржи спалната
соба и бањата.
Мебелот искористен при уредувањето на домот е избиран така што да може
целосно да се интегрира во просторот, па затоа, секој ќе се согласи дека
станува збор за стан во кој секое парче е дел од совршената слика за
еден дом во кој секој би посакал да живее.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Декември.2013 во 22:24
Совети за уредување на мал стан | |
Дизајнерите од студиото „Michelle Williams Interiors “ откриваат неколу тајни за уредување на мали станови.
Ова се професионалните совети кои ќе ви го разубават ентериерот и ќе ви го олеснат животот.
● Пуштете светлина! Освен големи
прозорци, пожелно е да имате и доволно високи лапми кои ќе ја насочуваат
светлината кон горе. Не заборавајте на ќошевите. Ако тие се темни,
животниот простор ќе ви изгледа помал.
● Вашиот мебел нека биде
мултифункционален. Тоа значи дека едно парче мебел треба да има повеќе
намени. На пример, клуб масичката да има фиоки, гарнитурата да може да
се спушта и сл.
● Користете едноставни бои.
Шаренилото само ќе го смали вашиот простор. Секогаш одберете ги
основните неутрални бои на кои можете да додадете детали во поживи бои,
за да го направите просторот поинтересен.
● Поиграјте си со текстурите.
Разиграјте го просторот со интересни мотиви. На пример, дијагонален
дизајн на тепихот е добра идеја.
● Огледалата прават чуда во мал
простор. Поставете ги така што ќе рефлектираат нешто што е вредно да се
гледа, а притоа вашиот животен простор ќе изгледа многу поголем.
● Поставете завеси од плафонот до подот, така што ќе создадете илузија на висок плафон.
● Проѕирните столчиња и ламби
визуелно го зголемуваат просторот. Размислете за ламби со стаклени
детали, столчиња од плексиглас и слично.
|
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Декември.2013 во 22:27
Прекрасно уредени 60 метри квадратни
Не е голем бројот на станови кои можат да се
пофалат со совршен спој на модерното и рустикалното, па токму затоа овој
прекрасен мал стан од 60 квадрати е толку посебен.
Во поголемиот број на случаи во кои што е избран модерниот стил на
уредување, се очекува тој да биде и доминантен кога станува збор за
ентериерот и опремувањето на просторот, меѓутоа и во овој случај
постојат исклучоци, а еден од тие е и шармантниот стан кој се простира
на површина од само 60 метри квадратни.
Влијанието на модерното е само "површински" слој во дизајнот, под кој
јасно доаѓа до израз љубовта кон рустикалното... Оваа идеја во својот
едноставен стил совршено е проткаена низ симпатичниот стан, чиј што
сопственик искористил најразлични детали во силни бои, кои што на
просторот му даваат дополнителна топлина и разиграност.
Токму малите детали, како што се шарените завеси во кујнските елементи,
разнобојните столови и вратите во боја, во станот внесуваат целосно
поинаков и весел изглед. Едноставно, овој стан претставува пример за тоа
како еден сосема обичен мал стан може да се претвори во нешто посебно и
поразлично, место кое што се добива со само малку фантазија, добри идеи
и разиграни детали.
|
|
|
|
| |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Декември.2013 во 22:29
Паметни идеи за мали станови (ФОТО)
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Декември.2013 во 22:32
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/14329-ureduvanje-na-dvosoben-stan-udoben-i-relaksiracki-ambient" rel="nofollow - Уредување на двособен стан – удобен и релаксирачки амбиент
Ако сте на пат да го реновирате или уредувате вашиот дом, сигурни сме
дека идеи ви се добредојдени. Денес одбравме уште еден стан од
портфолиото на Биро Проект.
Станува збор за двособен стан во Кисела Вода, уреден умерено елегантно, во комбинација со свежи и земјени бои.
Мебелот во кујната и дневната соба е изработен од иверка во бела и
графитна боја со текстура како текстилна обработка, а столбовите во
просторот се потенцирани со тула во црна боја. Главниот ѕид во дневната
соба е разигран со апликација на силуета на музичар.
Ходникот е уреден со истиот избор на иверки, надополнет со полица од
црвен фарбан медијапан која навлегува во делот на огледалото.
Во спалната соба применет е контраст на темна и светла боја.
Колоритноста на ѕидовите додава чувство на удобен и релаксирачки амбиент.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Декември.2013 во 22:35
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/14968-odlicni-idei-za-ureduvanje-na-mal-prostor-od-ikea" rel="nofollow - Одлични идеи за уредување на мал простор од Икеа
Икеа има неколку идеи како можете да ги дотерате малите простории низ
домот и притоа да изгледаат барем малку поголеми од што се.
Доколку не располагате со многу голем простор во дневната соба,
едноставната идеја со мебел кој може лесно да се преместува е
најсоодветно решение.
Малата спална соба е уште полесна за уредување. За да го
избегнете проблемот со складирање, одберете дел во којшто ќе направите
гардеробер со многу полици и прегради.
На овој начин остатокот од собата ќе остане слободен за креветот и уште неколку интересни детали.
Кога станува збор за детската соба, креветите на спрат се
наједноставно решение да заштедите простор, а собата да изгледа модерно.
Одберете и многу рафтови или кутии каде што ќе ги складирате детските играчки, за да го избегнете нередот.
Кујната е еден од најтешките простори за уредување, посебно ако
просторот е многу мал. Обидете се ѕидовите да ги искористите како
простор каде што ќе ги складирате кујнските ситници, во интересни,
високи шкафчиња и полици.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Декември.2013 во 22:38
Мебел за мал стан: волшебен плакарДенес, кога сè е во рецесија,
дури и животниот простор е сведен на минимум. Дизајнерот Тил Конекер од
Берн, Швајцарија, се досети како во мал стан да организирате удобен
живот.
Од
предната страна на „коцката“ се наоѓаат полици за плочи и за телевизор,
како и плакар за облека и за обувки. До идејата за коцката „сè во едно“
дошол кога се вселил во мало поткровје. Како човек што сака убав
ентериер, не можел да си дозволи малиот простор да го натрупа со мебел.
Поради недостигот од простор, направил скица за парче мебел во кој ќе
може да ја чува својата колекција плочи, телевизорот, облеката обувките…
Но во ова парче мебел има место за уште многу работи. Освен оставата,
тука е и креветот сместен на горната страна, до кој водат мали скалички
фиксирани покрај влезот на оставата.
Целата конструкција е широка два метра, долга четири и висока два метра.
Ако и вие имате проблем со просторот, можете според големината на вашиот стан да си направите и ваша коцка.
Младиот дизајнер добил пофалби од своите колеги, кои неговиот проект го сметаат за револуција во изработката на мебел.
Дизајнерот Тил Конекер вели дека бил
принуден да го осмисли проектот што го направи славен. „Livig cube“ е
моментално меѓу најбараните парчиња мебел за мали станови.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Декември.2013 во 22:41
Мал простор уреден со многу вкус
Одличен пример како да уредите 59 метри квадрати, а сѐ да си биде на свое место и да изгледа убаво.
За денеска одбравме мал стан во Тел Авив, кој зрачи со светлина
поради белите ѕидови и светлите подови. Подолу може да видите и „пред и
потоа“ фотографија од дневната соба, кујната и просторот за учење кои се
трансофмирани од досаден во модерен ентериер.
http://365.com.mk/66629/mal-prostor-ureden-so-mnogu-vkus/59-square-meters-apartment-in-tel-aviv-2" rel="nofollow"> http://365.com.mk/66629/mal-prostor-ureden-so-mnogu-vkus/59-square-meters-apartment-in-tel-aviv-3" rel="nofollow"> http://365.com.mk/66629/mal-prostor-ureden-so-mnogu-vkus/59-square-meters-apartment-in-tel-aviv-4" rel="nofollow"> http://365.com.mk/66629/mal-prostor-ureden-so-mnogu-vkus/59-square-meters-apartment-in-tel-aviv-5" rel="nofollow"> http://365.com.mk/66629/mal-prostor-ureden-so-mnogu-vkus/59-square-meters-apartment-in-tel-aviv-6" rel="nofollow">
http://365.com.mk/66629/mal-prostor-ureden-so-mnogu-vkus/potoa" rel="nofollow">
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Декември.2013 во 22:51
ФОТО: Како малиот стан да изгледа поголем
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Декември.2013 во 22:53
Прекрасно уредени 40 метри квадратни
|
|
Беспрекорниот малечок скандинавски стан со своето уредување едноставно остава без здив.
Чистите линии, едноставните парчиња мебел и фантастичните детали
го прават овој простор навистина пријатен за живеење, а овој дизајн уште
еднаш потврдува дека, при уредувањето на домот, многу често "колку
помалку" е и "многу подобро".
Архитектонското студио "Alvhem Makleri & Interior" претставил уште
еден беспрекорен скандинавски стан во шведскиот Готенберг, а ова нивно
дело ги заслужува сите пофалби. Малечкиот стан од само 41 метар
квадратен, во кој доминира белата боја, благодарение на интеграцијата на
специфичните елементи претставува совршено едноставен простор за живот
за оние кои што се во потрага по мирниот и релаксирачкиот начин на
живот.
Како и останатите скандинавски домови, и во овој стан се застапени
најразлични декорации, се со цел просторот да биде колку што е можно
попријатен, а секако, истиот е уреден во согласност со желбите и
потребите на сопственикот. И покрај изобилството на белата боја, која
што е застапена на подот, ѕидовите и на мебелот, просторот не остава
впечаток на студено и непријатно место за живеење, туку напротив, ретко
кој не би посакал да живее во ваков убаво уреден стан.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Декември.2013 во 23:01
Мало, но сепак пространо
Декорирањето и уредувањето на малите станови
или гарсоњери честопати знае да биде вистински кошмар,а резултатот да
биде чувство на нелагодност или чувство на изгубен простор. Но, сепак со
неколку мали интервенции можете малите простории да ги направите
пространи. За да бидеме попрагматични,ќе наброиме неколку предлози во
однос на вашата селекција.
Бирање на мебел
При опремување на мали простории,барајте што помали модули, делови на
мебел со што е можно повеќе отворени површини,на пример двосед со
видливи ногарки, две табуретки и стаклена клуб масичка се подобар избор
од некоја фотелја, двосед со скриени ногарки и пространа клуб маса.
Распоред на елементи
При распоредувањето на мебелот и неговите елементи, насочето го
вашето внимание да имате непрекинато движење во просторијата. На пример
започнете со двоседот, како најголем дел од вашиот мебел, кој ќе го
поставите пред најголемиот ѕид во вашата просторија и кој ќе биде
ориентиран кон внатрешноста на просторијата. Потоа обмислете и делче,
катче за разговор. Од двете страни на двоседот поставете табуретки,
фотелја или столови, а потоа клуб масата поставете ја во централното
место,од каде ќе биде достапна за сите позиции на седење.
Декорирање
Во малите простории посебно внимателни треба да бидете со
декоративните елементи. Запомнете дека доколку сакате да го избегнете
чувството на задушеност и нелагодност, важи правилото – помалку е
повеќе. Огледалата како и сјајно рефлектирачките површни како што се
стаклото и лексанот ќе допринесат да просторот изгледа поголем. Поголеми
примероци користете исклучиво на елементи како перниците и слични
помали декоративни елементи,а избегнувајте ги на софата, двоседите или
фотелјите.
Како да одберете боја
При одбирањето на бојата, барајте благи и монохроматски бои и
нијанси. Бојата за ѕидовите прилагодете ја на поголемите делови од
мебелот што ги имате во просторијата а плафонот оставете го со бела
основна боја кој секогаш ќе одржува баланс.
Осветлување
Правилно распоредете ги светилките и креирајте изедначена светлост во
целата просторија. На овој начин ќе ги избегнете сенките што се
создаваат на мебелот кои визуелно непотребно ја делат просторијата.
Амбиенталните светла исто така ќе допринесат во создавање на атмосфера
во просторијата. Генерално избегнувајте лустери,бидејќи они создаваат
чувство на понизок плафон а со тоа и визуелно смален простор.
Пропорција и бои
Најдобар начин да се опише пропорцијата е величината. Бојата влијае
на пропорцијата во просторот. Прифатлив и општо познат е ставот дека
белата боја и светлите бои визуелно просториите ги прави поголеми а
темните и јаките бои ги прават работите поблиски една со друга,односно
поголеми отколку што се.
За крај
Ентериерот на вашиот мал стан или гарсониера уредете го чисто и
едноставно. Исфрлете се што не користите и што не употребувате бидејќи
што помалку гужва – дотолку помалку стрес. Во малите станови помалку е
повеќе.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 01:10
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 08:25
Мал стан во Сиднеј
Овој стан од само 38 m² се наоѓа во Сиднеј, и е исполнет со весела
атмосфера, светлина и радост. Семејството што живее во него, млад пар со
дете, имале потреба од простор кој ќе одговара на нивниот начин на
живот и ќе им обезбеди доволно високо ниво на удобност, и покрај малата
квадратура. Затоа станот е дизајниран како место за дружење на
семејството и весело живеење.
Постојните ѕидови, освен носечкиот ѕид кај бањата, биле урнати. Новите
преградни ѕидови го конфигурираат просторот обрнувајќи внимание на
приватноста и просторот за складирање кој секогаш недостасува. Целиот
простор се користи во својот полн потенцијал, земајќи ги во предвид
потребите и желбите на семејството.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 08:44
Прекрасен мадридски дом од 21 метар квадратен
|
|
Многупати веќе сме се увериле дека големината
не е од пресудно значење при уредувањето на функционален и удобен дом, а
доказ за тоа е и овој прекрасен мал стан во Мадрид.
Имено, во големите домови не е необично собите да се простираат и
на неколку десетици метри квадратни, меѓутоа во продолжение можете да
погледнете дека и еден стан од 21 метар квадратен може да биде уреден
така што ќе нуди максимален комфор и функционалност.
Дека големината не е пресудна кога станува збор за уредување на
функционален и удобен дом, доказ е и овој стан сместен во Мадрид,
изграден минатата година.
Станува збор за дом наменет за една личност, а со минималистичкото
уредување на овој неверојатен стан, се спречило добивањето на впечатокот
дека просторот е пренатрупан.
Погледнете како сето тоа изгледа во продолжение, па можеби токму овој
дом ќе биде и инспирација за уредување на вашето место за живеење.
Значи воппшто не се важни квадратите,ако умееш станот да го направиш функционален,макар биле во прашање и 20 м2
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 08:47
Уредување на мала бања
Во становите неретко се случува просторот наменет за бањата да биде со
мала површина. Сепак, и малата бања може да биде доволно функционална и
пространа доколку се обрне внимание на неколку работи:
• Во мала бања поставете туш кабина, која ќе зафаќа помалку простор
отколку класичната када, а притоа проѕирната стаклената врата ќе дава
илузија на поголем простор. Поставена во аголот, туш кабината е добар
избор за мали бањи.
• Кога станува збор за избор на машина за перење алишта,
машините со горно полнење се погодни за мали бањи бидејќи се потесни, а и
вратата не зафаќа дополнителен простор.
• За складирање на предметите во малите бањи најдобро решение се
полиците од подот до таванот, каде што ќе може да ги одложите сите
потребни работи. Притоа дел од полиците добро е да бидат затворени. Исто
така, висечките орманчиња се одлично решение за складирање на
предметите.
• Доколку се определите за скриено, односно вградено казанче во
ѕидот, исто така ќе заштедите простор, а и визуелно ќе го ослободите
амбиентот.
• Во малата бања избегнувајте темни бои. Плочките или ѕидот нека
бидат во посветла боја - на пример, може да поставите бели плочки кои
на средината ќе имаат бордура во живи бои.
• Погрижете се бањата да биде добро осветлена, бидејќи слабото осветлување создава чувство на теснотија.
• Поставете поголемо огледало во малата бањата кое визуелно ќе ја зголеми бањата.
• За крај, избегнувајте чување на непотребни ситници во бањата, со што ќе спречите просторот да стане уште помал.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2013 во 08:50
Одлично наместен стан од 40 квадрати / Фото
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Јануари.2014 во 20:44
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/18909-vi-se-veruva-deka-ovoj-stan-ima-samo-34-metri-kvadratni" rel="nofollow - Ви се верува ли дека овој стан има само 34 метри квадратни?
Уредувањето на животниот простор е макотрпна и напорна работа, а уште
повеќе ако тој простор е само 34 метри квадратни, тогаш знаете дека
навистина ќе треба да се намачите за да го уредите просторот да биде
убав, практичен и удобен. Овој стан е многу мал, но одлично среден,
многу практичен и супер изгледа.
Високите прозори во станот дозволуваат многу светлина, а голем плус
на овој стан е преслаткиот балкон на кој се наоѓаат две столчиња и маса.
Иако овој стан нема спална соба, креветот кој се наоѓа во аголот на
дневната соба, може да се одвои со завеса, која на овој простор му дава
приватност.
Интересно е тоа што во овој стан се искористени и стари и нови
парчиња мебел, кои одлично се искомбинирани за да го дадат целосниот
впечаток.
Преубав детаљ и топлина на овој дом е она што зрачи посебна аура во него која прави да се чувствувате пријатно.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Јануари.2014 во 16:22
Совети за уредување на мал стан |
|
Дизајнерите од студиото „Michelle Williams Interiors “ откриваат неколу тајни за уредување на мали станови.
Ова се професионалните совети кои ќе ви го разубават ентериерот и ќе ви го олеснат животот.
● Пуштете светлина! Освен големи
прозорци, пожелно е да имате и доволно високи лапми кои ќе ја насочуваат
светлината кон горе. Не заборавајте на ќошевите. Ако тие се темни,
животниот простор ќе ви изгледа помал.
● Вашиот мебел нека биде
мултифункционален. Тоа значи дека едно парче мебел треба да има повеќе
намени. На пример, клуб масичката да има фиоки, гарнитурата да може да
се спушта и сл.
● Користете едноставни бои.
Шаренилото само ќе го смали вашиот простор. Секогаш одберете ги
основните неутрални бои на кои можете да додадете детали во поживи бои,
за да го направите просторот поинтересен.
● Поиграјте си со текстурите.
Разиграјте го просторот со интересни мотиви. На пример, дијагонален
дизајн на тепихот е добра идеја.
● Огледалата прават чуда во мал
простор. Поставете ги така што ќе рефлектираат нешто што е вредно да се
гледа, а притоа вашиот животен простор ќе изгледа многу поголем.
● Поставете завеси од плафонот до подот, така што ќе создадете илузија на висок плафон.
● Проѕирните столчиња и ламби
визуелно го зголемуваат просторот. Размислете за ламби со стаклени
детали, столчиња од плексиглас и слично.
|
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Февруари.2014 во 14:05
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/21296-prakticno-za-mali-stancinja-krevet-i-masa-vo-edno" rel="nofollow -
Со оглед на тоа што сè почесто се живее во мали станови или мали
простории каде нема доволно простор за да може да ги извршувате
секојдневните работи, да имате работна просторија, а истовремено и соба
за спиење - ова е идеално решение.
Флексибилен мебел кој може лесно да се трансформира зависно од намената.
Мира Шрудер е дизајнерка на експериментален мебел која креирала
уникатно парче мебел кое на прв поглед личи на голема работна маса, но
со помош на специјално вградениот механизам, може да се претвори во
кревет за спиење.
Чаршавите се специјално направени да бидат прицврстени од внатрешната страна за да не испаѓаат при ротацијата.
Совршено решение за мали и урбани простории за живеење или за канцеларии во кои самостојно работите.
Особено погодни за оние кои работат до доцна во ноќта и едвај чекаат
да си легнат. Лесно и удобно решение кое секој би го посакал.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Февруари.2014 во 16:25
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/21339-ovoj-stan-e-dokaz-deka-goleminata-ponekogas-ne-e-vazna-foto" rel="nofollow - Овој стан е доказ дека големината понекогаш не е важна Обидувајќи се да најдете совршена рамнотежа помеѓу модерниот стил, удобноста и врвната елеганција, реновирањето и уредувањето на станот може да биде огромен предизвик. Но, во овој стан од 45 квадрати мисијата е повеќе од успешна! Со оглед на минијатурниот простор, архитектот посебно внимавал на осветлувањето кое е клучно за визуелното зголемување на собите. Белите подови, плочки и ѕидови одлично се вклопуваат со шарените тапети, исто како и со земјените тонови кои преовладуваат во ентериерот. Спалната и дневната соба се одделени со тенка преграда која никогаш не сте замислувале дека може да изгледа привлечно и креативно.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Февруари.2014 во 16:27
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/17239-7-nacini-maliot-stan-da-izgleda-prostrano" rel="nofollow - 7 начини малиот стан да изгледа пространо Становите со мали квадратури и тесни соби мора да се уредуваат со поголемо внимание ако сакате просторот да изгледа функционално. Затоа, ви откриваме неколку тајни како малите станови и соби може визуелно да ги зголемите. Најважно е да направите план. Не дозволувајте да ве понесе креативноста и несоодветно да го опремите просторот. Одлучете се за она што ви е неопходно, подгответе го просторот па дури тогаш купувајте мебел. За крај оставете ги деталите и сувенирите. Едноставни бои Премногу бои оставаат впечаток на несреденост. Користете основни, неутрални бои, а за да ја разбиете монотонијата внесете силни нијанси во мали дози. Кога ги боите ѕидовите, три страни обојте во неутрална боја, а четвртиот малку затемнете го. Облиците се важни Ако сакате хармоничен изглед, бирајте различни текстури и облици. Набавете тепих со дијагонални линии, пернички со точки и секакви детали кои многу едноставно ќе го разиграат просторот. Проѕирен мебел Ламбите од кристал или стакло, како и безбојните столчиња се неверојатно декоративни, но и корисни кога се борите со секој квадратен метар. Тие визуелно ќе го зголемат просторот, а ќе ја зголемат функционалноста. Задолжителни огледала Огледалата прават чуда во малите простории! Тие нека бидат извор на дупла сончева светлина или пак усмерете ги кон нешто што е вредно да се дуплира. Изберете рамка која стилски се вклопува со останатиот мебел и нема да погрешите. Светло во секој ќош Високите ламби се одлични за пријатно и интимно осветлување на просторот. Пригушеното светло кое доаѓа од малку повисоко позитивно влијае на пространоста. Троседот заменете го со двосед и фотелја Наместо голем тросед одберете двосед и фотелја. Бирајте модели без многу масивни држачи или потпирачи бидејќи визуелно оставаат негативен впечаток во малиот простор. Завесите закачете ги повисоко Ако сте љубители на завесите, секогаш закачувајте ги неколку сантиметри под плафонот. Тоа остава впечаток на повисок и поголем простор, а воедно е и одлична декорација на празните ѕидови.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Февруари.2014 во 23:05
Стан во Париз од 20 квадратни метри
Appartement Spectral е име дадено од архитектите на ова студио, што
се наоѓа Париз, Франција, а зафаќа површина од 20 квадратни метри.Тоа
може да изгледа мал, но е сосема доволен простор за еден млад пар со
презафатен распоред. Кога од проектантската компанија BETILLON /
DORVAL-BORY се зафатиле со проектот, тие разбрале дека главниот
проблем не е недостатокот на простор, туку недостатокот на светлина.
Вака изгледало студиото пред да се реновира.
Во процесот на обнова на студиото архитектите користеле неколку
светлосни извори со различна боја. Малиот простор содржи кујна,
спална соба и бања. Од кујната има директен пристап до спалната преку
бело минималистички скалила. Под спалната соба се наоѓа бањата, а тие
лесно можат да се разликуваат преку различните нијанси на осветлување.
Специјални вертикални светилки се инсталирани меѓу кујната и спалната
соба / бања. Кога е потребно, овој простор може да блесне со жолти
светилки, кои создаваат контраст со остатокот од куќата.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Февруари.2014 во 23:12
Мал стан за голем човек од Наталија Акимов
Овој елегантен стан е дизајниран од руксата уметничка и дизајнерка
Наталија Акимов во симплистичен стил, со акцент на контрасти помеѓу
темнината и светлината. Мали допири на дискретни шари и декоративни додатоци кои служат да додат карактер. Погледнете како изгледа тоа.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Април.2014 во 14:58
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/22513-prakticni-promeni-za-mali-stancinja" rel="nofollow - Практични промени за мали станчиња
Живеете во мал стан и имате максимално искористен простор, па не ви се допаѓа натрупаноста? Овие промени кои можете сами да ги направите се одлично средување на просторот, но и заштеда на вашите пари. Плус простор за облека е секогаш добредојден Овие закачалки изгледаат како оние во филмските студија, па со сигурност ќе му дадат посебен шмек на вашиот стан. Однапред одберете си ја гардеробата за цела недела и имајте ја секогаш при дофат на рака. Повеќенамески мебел
Кога живеете во мал стан,гледајте мебелот што го користите да можете да го употребите за повеќе намени. Како на пример табуретките може да служат и како масичка за кафе или пак кутија за чување работи. Набавете инересни завеси
Со нив ќе ги поделите кујната од дневната или може да го сокриете креветот за спиење. Така вашиот простор визуелно ќе биде поголем. Големи перници за седење
Лесно може да ги направите сами и на тој начин може да поканите голем број на луѓе во вашата дневна соба. Користете рачно направени детали
Тие предмети ќе му дадат интересен поглед на вашиот мал стан. Интересно дизајнираните ламби, куферчиња кои може да послужат како масичка, закачалки кои може да послужат за накит и чанти се секогаш добредојдени во минијатурните станчиња. Не заборавајте! Ѕидовите во вашиот мал стан нека блеснат во живописни бои. Дарете му на станот разиграност и живост, но секогаш нека го отсликува вашиот карактер.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 09.Април.2014 во 20:36
Еве едно екстремно мало станче од 20м2, од дизајнерот Astrid Sangil
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Мај.2014 во 09:31
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/23135-golemi-trikovi-za-mali-stanovi" rel="nofollow - Големи трикови за мали станови
Малиот стан не е причина за да не посакаме нешто повисоко, посветло и поубаво. Просторот може да се зголеми на неколку начини, а трите основни го подразбираат следното: - да се тргнат сите прегради или бар оние кои не се неопходни - да се користи светол мебел - во ентериерот посебно да се истакне некое парче мебел кој ќе ми даде свежина и пространост на просторот Вака дизајнираниот стан дава чувство дека се наоѓа надвор од градот, а освен овие основни правила постојат и бројни дополнителни можности за да го ублажите или целосно да го неутрализирате ограничувањето на малиот стан. Искористете некој од практичните големи трикови за во мали станови: Комбинирајте го плакарот со софата Одличен начин за максимално да го искористите просторот за спиење и сместување на работите е да ги комбинирате орманот и софата, која воедно се пушта и се претвора во кревет за спиење. Најдобра опција е орманот да биде во бела боја или некоја друга светла боја бидејќи на тој начин го „отвора“ просторот, а истовремено ова парче мебел нема да се истакнува премногу, па просторот ќе делува посредено и поголем отколку што е. Препорачливо е белиот орман да се дополни со спротивниот ѕид во бела боја. Завеси и ситни детали
Завесите и тапетите се многу важен дел од секој стан, а посебно во малите станчиња. Во нив се препорачува користење на храбри завеси од цветниот материјал, бидејќи во станот даваат некој рустикален шарм, што ја прави атмосферата попријатна. Ако тој амбиент се дополни со некој впечатлив детаљ дополнително ќе се нагласат пастелните бои во станот и ќе остави целосен впечаток. Тапети во силни и „живи“ бои
Многу ефективен трик во малите простори е употребата на тапетите со силни и „живи“ бои, како на пример зелената боја со принт на дрво. Ако просторот се збогати и со две огледала од подот до таванот, ефектите дополнително ќе бидат забележливи. Оригинално решение на неискористениот простор
За да го заокружите целиот простор потребни се оригинални решенија, Едно од нив може да биде широка полица на ѕидот под телевизорот која ќе го направи просторот попрактичен и интересен, а воедно столчињата и другите детали може да ги позиционирате во непосредна близина. Со тоа истиот простор што е за одмор може брзо да го пренамените во простор за собирање и дружење. Мала трпезарија
Делот меѓу собата и малата кујна може да се претвори во трпезариски простор, а тоа да ви заштеди неколку драгоцени квадрати бидејќи максимално ќе ви биде искористен делот од станот кој најчесто нема никаква посебна намена и употреба. Разнобојни предмети во бањата
Малиот стан подразбира и мала бања, па еден од најефективните трикови во овој случај е употреба на разнобојни предмети кои ве одвраќаат од помислата дека просторот е мал и прават весела, разиграна атмосфера во просторот кој нема дневна светлина. Најдобро од сè е тоа што за ваквиот трик ви се потребни минимални финансиски средства, па користа е двојна.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Мај.2014 во 12:01
http://www.crnobelo.com/dom/ubavi-prostori/23481-inspirirajte-se-topol-stan-od-samo-45-metri-kvadratni" rel="nofollow - - Инспирирајте се: Топол стан од само 45 метри квадратни
Веќе добро познато ви е колку тешко се уредуваат малите станчиња и соби, па токму затоа ќе уживате во ова решение. Малечкото станче кое се наоѓа во Москва, Русија ќе ве остави без текст. Станчето кое денес ви го претставуваме е малечко парче богатство кое со денови ќе го посакувате. Освен што е одлично уреден и опремен, во него е искористен секој милиметар простор. Најдобрите работи навистина доаѓаат во мали пакувања. Студиото од само 45 метри квадратни е вешто преграден со дрво, завеси и плута така што се состои од дневна соба, спална соба, кујна, бања и тераса.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Јуни.2014 во 20:58
http://www.crnobelo.com/dom/ubavi-prostori/23813-glamurozen-minijaturen-stan-inspiriran-od-holivudskite-dami" rel="nofollow - Гламурозен, минијатурен стан инспириран од холивудските дами Малиот стан во австралискиот Мелбурн е оаза на гламурот и стариот холивудски сјај.
Интересниот концепт на станот кој се наоѓа во задниот дел на една запуштена црква е замислен како неодоливо луксузно скривалиште во кое акцентот е ставен на елегантниот мебел. Ѕидовите се исполнети со портрети на холивудските дами, кои се главната инспирација на целиот ентериер. Освен пастелните ѕидови и декорации, гардероберот е посебна просторија дизајнирана според желбите на секоја жена. Целокупната топла атмосфера ја надополнуваат и дизајнерските столчиња и откачените фотелји во духот на гламурозните 70-ти. Светлиот стан со прекрасна тераса е одлична мала скривница на секоја жена.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Јуни.2014 во 16:41
http://www.crnobelo.com/dom/23786-elegantno-i-dizajnerski-mal-stan-pretvoren-vo-malo-bogatstvo" rel="nofollow - Елегантно и дизајнерски: Мал стан претворен во мало богатство
Со голема доза на креативност, ова минијатурно станче од само 36 метри квадратни е претворено во мало богатство скриено во светло поткровје.
Целиот ентериер е одлично распореден и организиран на тој начин што сите соби се толку поврзани меѓу себе, а сепак интересно разделени. Малиот стан на врвот од зградата не само што нуди прекрасен простор, туку и е синоним на еден интересен дизајнерски спој и елеганција. Иако мал, сепак овој стан е доказ дека со малку креативност може да добиете одличен уреден простор во кој ќе се чувствувате удобно. Кујната, дневната и трпезаријата се на истиот кат, додека пак спалната е сместена на горниот кат од станот. Кујната зазема еден мал дел од ќошот од станот, a дневната е комбинација од софа и мала масичка, сместени покрај голем прозорец. Текстурите на ѕидовите се направени да се истакнуваат, но од друга страна пак одлично се вклопуваат со целиот дом. Целиот стан изгледа како мала просторија на таванот на прв поглед, но потоа сфаќате дека станува збор за удобно, релаксирано, современо и инспиративно место. Тоа што е навистина интересно е спалната соба која има прозорец на плафонот и додека лежите во вашиот кревет вие всушност го гледате небото и ѕвездите, а изутрина ве будат првите сончевите зраци.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Јуни.2014 во 07:31
Совршено искористени 30 метри квадратни простор
Повеќенаменското користење на просторот стана една од централните точки за време на уредување на домовите. Во овој стан од 30 метри квадратни, архитектот совршено одговорил на барањата. Распоредот на станот е прилагоден на потребите на сопствениците, функционира и како личен и како друштвен простор, давајќи доем дека има дупло повеќе површина.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Јули.2014 во 14:07
Стан од 34 квадрати со интересен распоред и интелигентно искористен простор
Иако големината е важен фактор кај становите, постојат многу начини да го избегнете недостатокот на простор. Изгледот на станот може да го реши проблемот, а тука се и бројни дизајнерски решенија кои го олеснуваат животот во мал простор. Овој стан е идеален пример за тоа. Има површина од само 34 метри квадратни. Се поставува прашањето, како да ги уредите сите потребни простории во толку мала квадратура? Погледнете како:
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Јули.2014 во 14:25
Функционален стан од само 21 метар квадратен
21 метар квадратен е обично големина на една убава соба, па тешко е да се замисли како изгледа комплетен стан од 21 квадрат. Доколку ја имате функционалноста и удобноста на своја страна, тогаш големината станува помалку важна. Дизајнерите за овој стан користеле светли бои. Сите ѕидови се бели, но и поркрај тоа, не делуваат ладно и непривлечно. Станот со своите 21 метар квадратен делува привлечно и не е пренатрупан како што можете да си замислите. Погледнете ја галеријата:
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Јули.2014 во 14:10
Неверојатно шармантен и елегантно осмислен стан од 40 метри квадратни
Иако со мали димензии, овој стан зрачи со шарм и би можел да биде совршено привремено решение за студенти или прв дом на млад брачен пар. Она што го пшарви посебен е многу добро осмислениот ентериер. Со оглед на квадратурата од 40 метри квадратни, овој еднособен стан би изгледал многу мал доколку не е вака добро испланиран. Од едната страна на собата сместена е удобна софа, масичка и кревет на спрат во структура на кутија. Под креветот има многу простор за скалдирање на гардероба. Кујната се наоѓа на спротивната страна на собата. Отворена е и со паметен дизајн, со ѕидни ормани и со вградени погодности. Бањата е голема скоро колку и кујната. Како што можете да видите на фотографиите, станот кој во теорија е многу мал, со паметена изведба може да биде многу шармантен и удобен.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Јули.2014 во 14:12
Сон на секој студент: Фантастично уредени 22 квадратиМногу пати до сега сме се увериле дека малиот простор може да овозможи многу, доколку го најдете правото решение. Погледнете го овој мал стан во Полска кој е прекрасно дизајниран и пред се практичен. За овој стан може да се каже дека е сон на секој студент. Палетата на бои е многу едноставна, што во главно вклучува нијанси на сива и бела. Мебелот е мултифункционален како што и се очекува во толку мал простор. Погледнете ја фотогалеријата!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Август.2014 во 17:18
Мал сончев стан од 31квадратни метри кој ќе ве воодушеви со своето уредување< name="fb_xdm__http" border="0" allowtransparency="true" scrolling="no" id="fb_xdm__http" aria-="true" title="Facebook Cross Domain Communication " ="-1" ="http://static.ak.facebook.com/connect/xd_arbiter/FX-Xf5fQjUk.js?version=41#channel=f1a858131&origin=http%3A%2F%2Fboza.mk" style="margin: 0px; padding: 0px; border-style: none; font-family: inherit; font-size: inherit; font-style: inherit; font-variant: inherit; font-weight: inherit; line-height: inherit; vertical-align: line;">< name="fb_xdm__https" border="0" allowtransparency="true" scrolling="no" id="fb_xdm__https" aria-="true" title="Facebook Cross Domain Communication " ="-1" ="https://s-static.ak.facebook.com/connect/xd_arbiter/FX-Xf5fQjUk.js?version=41#channel=f1a858131&origin=http%3A%2F%2Fboza.mk" style="margin: 0px; padding: 0px; border-style: none; font-family: inherit; font-size: inherit; font-style: inherit; font-variant: inherit; font-weight: inherit; line-height: inherit; vertical-align: line;"> http%3A%2F%2Fboza.mk%2F2014%2Fmal-sonchev-stan-od-31kvadratni-metri-koj-kje-ve-voodushevi-so-svoeto-ureduvanje%2F&locale=mk_MK&sdk=joey" rel="nofollow">
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Август.2014 во 13:45
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2014 во 15:12
http://www.crnobelo.com/dom/ureduvanje/25769-pravila-koi-mora-da-gi-pocituvate-ako-ziveete-vo-mal-stan" rel="nofollow -
Ако живеете во мал стан, сигурно барате начини визуелно да го зголемите просторот, но и да го направите функционален, а во тоа ќе ви помогнат овие неколку корисни совети. Малиот стан може да биде тежок за уредување, бидејќи треба да се внимава кој мебел да се избере, какви бои да се користат и како да се усогласат... Ако погрешите при декорирањето вашиот простор ќе стане уште потесен, па затоа почитувајте ги овие правила: Огледала како декоративен елемент Со помош на огледалата ќе ја осветлите целата просторија со дневна и наметната светлина. Поставете ги во дневната соба, а во однос на мебелот користете повеќенаменски. На тој начин, вашиот простор ќе биде повеќе функционален, но и ќе изгледа поголем. Една боја за ѕидовите
Станот нека биде во една боја, а препорака е таа боја да биде во благ тон, кој нема да ја направи просторијата уште помала. Изедначениот тон кој ќе го имате во целиот стан ќе придонесе тој да изгледа поголем. Пренатрупаност
Едно од правилата станот да изгледа поголем е да не биде пренатрупан ниту со мебел, а ниту со ситници. Избегнувајте теписи, а украсните фигури сведете ги на минимум. Создадете илузија на широк простор
Централниот дел од собата нека биде слободен, а доколку имате посебна спална соба слободно купете што поголем кревет. Тоа доминантно, но главно парче во спалната соба ќе го одвлече вниманието од фактот дека собата ви е мала, бидејќи големиот кревет ја направи да изгледа раскошна.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Октомври.2014 во 21:25
И малиот стан може да изгледа убаво
Во овој текст ви претставуваме еден стан на скандинависки дизајнер. Ова е стан со голема функционалност, а кој се протега на само 42 квадратни метри. Ова е доказ дека и малиот стан може да изгледа убаво, а при тоа да биде идеално искористен секој негов сантиметар. Внатрешноста на станот е уредена во земјени тонови, а ѕидовите се бели. Сепак малите станови не дозволуваат премногу боја на ѕидовите бидејќи тоа ќе ги направи само да изгледаат уште помали. Циглата е еден од деталите кои ја прават позитивна и топла атмосверата во домот. Освен за шанкот, тие се употребени и на еден ѕид во станот, што го прави оригинален на посебен начин.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Октомври.2014 во 18:39
Неколку идеи за средување на мал просторСо малку креативност, вашите тесни домови можат да бидат навистина функционални. Погледнете неколку едноставни идеи за како од вашите мали соби да направите паметен простор. Паметна лампа За спални соби, кои се премногу мали, потребно е да закачите лампа на ѕидот, над вашиот кревет. Така ќе заштедите повеќе простор, а на ноќната масичка можете да ставите цвеќе, кое ќе даде посебен изглед на собата. Магичен ходник Сѐ што треба да направите е да закачите неколку закачалки за вашите палта и да ставите неколку полици за чевли. Инстант шанк Веднаш до прозорецот ставете обична даска и претворете ја во прекрасен шанк каде ќе можете да појадувате. 2 во 1 Доколку имате мал простор, а не знаете што да правите со него, само наместете мало креветче покрај прозорецот и неколку предмети кои ќе ѝ дадат пријатен изглед на собата. Така, собата ќе можете да ја користите и како ваше катче за читање и како гостинска соба. Паметен работен простор Кој рече дека ако имате мал простор, не можете да имате своја работна соба? Искористете го вашиот стар шкаф, ставете биро и вашата работна соба е готова. Трпезариски дел Во некој агол од собата, сместете клупа, а до неа округла маса која ќе даде посебен изглед на собата. Со малку креативност, вашите тесни домови можат да бидат навистина функционални. Погледнете неколку едноставни идеи за како од вашите мали соби да направите паметен простор. Паметна лампа За спални соби, кои се премногу мали, потребно е да закачите лампа на ѕидот, над вашиот кревет. Така ќе заштедите повеќе простор, а на ноќната масичка можете да ставите цвеќе, кое ќе даде посебен изглед на собата. Магичен ходник Сѐ што треба да направите е да закачите неколку закачалки за вашите палта и да ставите неколку полици за чевли. Инстант шанк Веднаш до прозорецот ставете обична даска и претворете ја во прекрасен шанк каде ќе можете да појадувате. 2 во 1 Доколку имате мал простор, а не знаете што да правите со него, само наместете мало креветче покрај прозорецот и неколку предмети кои ќе ѝ дадат пријатен изглед на собата. Така, собата ќе можете да ја користите и како ваше катче за читање и како гостинска соба. Паметен работен простор Кој рече дека ако имате мал простор, не можете да имате своја работна соба? Искористете го вашиот стар шкаф, ставете биро и вашата работна соба е готова. Трпезариски дел Во некој агол од собата, сместете клупа, а до неа округла маса која ќе даде посебен изглед на собата.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Октомври.2014 во 08:13
http://www.crnobelo.com/dom/ubavi-prostori/26422-komfor-vo-34-kvadrati" rel="nofollow -
Минијатурниот стан од само 34 квадрати може да се претвори во пријатно место за живот, благодарение на неколку современи идеи и снаодливи одлуки. Водејќи се по овие правила, малечкиот стан во близина на Стокхолм е уреден во скандинавски стил, со употреба на дрвени материјали и нијанси, едноставни линии и ненаметливи детали. Целиот план бил осмислен така што спалната го има главниот збор во ентериерот, па затоа е сместена во централниот дел, одделена само со ѕид од стакло. Дневната, трпезаријата и кујната не се физички одделени, па токму затоа неутралните тонови се преплетуваат во една прекрасна целина. Белите ѕидови, беспрекорно белиот ламинат и големите прозори го осветлуваат и освежуваат просторот, заради што се создава илузија на двојно поголем простор. Ако за момент се посомневавте дека комфорот е изводлив во само 34 метри квадратни, овој стан ќе ве убеди во спротивното:
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Октомври.2014 во 15:56
Живописен амбиент умно постигнат во мал стан
Добредојдовте во веселиот мал стан претставен од Geometrium, лоциран во близина на Санкт Петербург, Русија. Станот е специјално направен за млад пар кој ја барал таа естетика и употребливоста на главните карактеристики на нивниот нов дом. Обоен со бели ѕидови кои визуелно го зголемуваат просторот, а светлото и шарено осветлување придонесува за живописниот амбиент. Отворениот простор го дефинира апартманот, а сепак, спиењето, јадењето и забавните области се добро индивидуализирани. Севкупниот дизајн им оддава почит на креативноста и функцијата.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Октомври.2014 во 15:57
Прекрасен дом од само 45 метри квадратни
Една од придобивките на живеењето во куќа, наспрема животот во стан, е тоа што лесно можете да придонесете за удобноста со ваш сопствен дизајн и можете да ја прилагодите според вашите сопствени потреби. Покрај тоа, куќите обично се поголеми и попространи од становите. Но не секогаш е така. Совршен пример за тоа е и оваа современа куќичка чија површина изнесува само 45 метри квадратни, што е релативно многу малку за куќа, па дури и за стан. Куќата е изградена во Кампо Гранде во Бразил. Прокетирана е од страна на архитектот Алекс Ногуира. Еден од условите за овој прокет бил едноставниот дизајн со чисти линии. Сопственикот не сакал куќата да биде конвенционална, но од друга страна сакал да биде многу практична. Условот бил внатрешниот и надворешниот дел да се спојуваат па така задниот дел на куќата е изграден од стакло во облик на помошни врати. На овој начин се формира затворен простор и двор. Дворот пак, исто така има интересен дизајн кој вклучува неколку скулптури изработени од материјалот кој останал од изградбата на куќата. Предниот дел на куќата не е толку отворен како што е нејзиниот заден дел, со цел да се постигне ефект на контраст. Предниот дел на куќата е затворен и нема прозорци за да се обезбеди приватност и заштита од сонцето. На фотографиите подоле ќе можете да ја погледнете неверојатно малата куќичка со големи идеи која ги исполнува сите услови.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Октомври.2014 во 22:18
Шармантен стан сместен на поткровје
Станот со необичен облик, сместен во поткровјето на зграда во Стокхолм, е идеално искористен, а веселите бои и додатоците создаваат пријатен простор за живеење на сопствениците. Шарениот стан се простира на површина од 91 квадрат, има три соби и кујна. Сопствениците искористиле многу агли за сместување на ситниците, па така, во станот може да се забележат и дупки во ѕидовите во трпезаријата, каде што се сместени најразлични нешта. Се со цел да се добие впечаток на поголем простор, скалите добиле правоаголна дупка од која се гледа трпезаријата, а поради тоа, и самите скали имаат многу светло. Кујната е со нежен жолт тон, а пространата дневна соба има плафон со црно-бели риги. Овој детаљ можеби на многумина не им се допаѓа, меѓутоа истиот дава необичен и посебен печат на овој семеен дом. Благодарение на жолтите клупи, терасата е уредена во согласност со внатрешноста, а од неа се овозможува прекрасен поглед на кон градот и неговите убавини.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Ноември.2014 во 08:44
http://www.crnobelo.com/dom/ureduvanje/26821-ednosoben-stan-dizajniran-za-mladi-parovi" rel="nofollow -
Заедничкото живеење никогаш не било лесно. Дали заради кариерата, штедењето или самото започнување на едно ново животно поглавје, младите парови често не знаат како да го одберат идеалниот дом. За почеток, тој не треба да биде скап и луксузен, туку удобен, смирувачки и хармоничен. Токму таков е овој стан од 40 метри квадратни, дизајниран специјално по потребите на младите парови. Дизајнот е фокусиран на поделбата на просторот на неколку корисни целини и зони, без подигнување на непотребни ѕидови. Така, спалната соба, дневната, трпезаријата и кујната се една прекрасна целина од шаренило од бои и дезени. Креветот и работната соба се одделени со само една скаличка која има улога на фиока, додека трпезаријата, дневната соба и кујната се потполно отворени. Станот дури поседува и малечка, светла тераса, идеална за појадок и кафе во пар. Сон на секој пар! - http://www.crnobelo.com/images/stories/galleries/ednosoben-stan-dizajniran-za-mladi-parovi/01.jpg" rel="nofollow -
http://www.crnobelo.com/images/stories/galleries/ednosoben-stan-dizajniran-za-mladi-parovi/01.jpg" rel="nofollow -
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Ноември.2014 во 08:26
http://www.crnobelo.com/dom/ubavi-prostori/27382-idei-za-minijaturni-stanovi-dnevna-i-spalna-soba-vo-ist-prostor-foto" rel="nofollow -
Ако живеете во миниајтурен еднособен стан, сигурно сте приморани дневната и спалната соба да ги уредите во иста просторија. Сепак, не очајувајте затоа што и за тоа постојат повеќе креативни решенија, трикови и предлози. Како најпривлечна и најповолна варијанта се истакнува одвојувањето на двете простории со завеси. Шипките за завеси лесно се монтираат и не заземаат многу простор. Интересен начин за одвојување на спалната и дневната кој не зазема голем простор се лизгачките врати или стаклениот ѕид. Тие не го намалуваат просторот визуелно, а создаваат илузија на две одвоени соби. Секогаш постои опција да ги раздвоите и со монтажна полица. Со нејзина помош ќе ги одвоите собите, а ќе добиете и дополнителен простор за сите ситници кои се наоѓаат во станот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Декември.2014 во 21:36
Урбана семејна приказна сместена во само 45 метри квадратни |
|
|
Уште еден доказ дека големото не значи и поубаво е и овој прекрасен урбан стан кој со своите 45 метри квадратни, едноставно, воодушевува. Имено, сопствениците на мал стан од само 45 метри квадратни посакале модерен дом во кој секој сантиметар е искористен максимално, барем кога станува збор за креативноста. Така, овој дом сместен во југозападниот дел на Тел Авив изобилува со модерни детали кои создаваат удобна атмосфера за живеење. Под “палката” на Јулија Староселски, еден од архитектите во студиото “Tlocrt”, станот претрпел целосна промена на изгледот, без притоа да се рушат поголемиот дел од ѕидовите. Користејќи генијални креативни решенија, архитектите успеале да ги исполнат желбите на сопствениците. Еден од главните детали во овој ентериер е замената на ѕидот помеѓу спалната и дневната соба, па сега ваква улога имаат подвижните врати кои што на целиот ентериер му даваат тренди изглед. Ѕидот од цигли, силните и весели бои покрај модерните детали се совршено вклопени во малиот дом, па во продолжение накратко ѕирнете во станот и уживајте во разгледувањето. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Декември.2014 во 22:06
Минијатурен дом со фантастични идеи
Стил, комфот и функционалност спакувани во 34 метри квадратни… Кога живеете во дом со минајтурни димензии, секоја идеја која заштедува дополнителен простор е од непроценливо значење. Станот кој денеска ќе ви го претставиме е со површина од скромни 34 метри квадратни, а може да се пофали со дневна соба, трепезарија, кујна, спална соба, бања, па дури и балкон, делувајќи многу поголемо од она што е. Тајната е во одличниот распоред и креативните решенија. Станот е максимално функционален и паметно искористен, а воопшто не е изгубено од естетиката и комфорот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 30.Јануари.2015 во 02:27
му симнувам капа на човеков
http://aktuelno24.mk/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D0%BB-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D0%B0-%D0%BA%D1%83%D0%BF%D0%B8-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD-%D0%BF%D0%B0-%D1%81%D0%B8-%D0%BA%D1%83" rel="nofollow - Си направил стан во гаража
------------- размисли пред да напишеш глупост
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Февруари.2015 во 07:11
http://www.crnobelo.com/dom/ureduvanje/29083-sovrsen-mal-stan-koj-moze-da-vi-bide-i-dom-i-kancelarija-foto" rel="nofollow -
Можеби ви звучи неверојатно, но стан од само 40 квадрати може да ви биде и топол дом и работна канцеларија, доколку можете да работите од дома. Клучното за ваков стан е да биде повеќе долгнавест, отколку широк со тоа што еден краен дел ќе го издигнете ниво погоре, барем колку за едно скалило. Така, во еден ист простор ќе добиете две соби кои нема да бидат преградени со огромни ѕидови и врати, туку ќе се разликуваат според нивото на подот. Горниот дел може да биде ваша работна просторија која можете максимално да ја искористите во аглите за поставување биро и ѕидовите за полни полици. За тоа ви е доволна и само едната половина од горниот дел, а во втората, до прозорецот може да ја поставите софата која ќе ви послужи за дневен одмор. Во долниот дел, пак, може да ја поставите спалната, па со една преграда да го искористите просторот за мала, но функционална кујна.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Февруари.2015 во 09:28
Мала квадратура, а многу просторОвој двособен стан изгледа многу простран од две причини: бела боја во ентериерот и голема висина на плафонот. Овој стан е пример како од 50 м2 да се извлече максимум. Станот е изведен во Гетеборг. Иако релативно мал, тој изгледа пространо затоа што не се користени големи парчиња мебел кои го блокираат и намалуваат просторот, а тие што се употребени се во бела боја. Ако имате мал стан откажете се од вашата омилена боја, барем што се однесува на ѕидовите, мебелот и големите површини. Користете исклучиво бела боја, а само на деталите како перничиња, вазни, чаршафи, користете ја бојата што најмногу ви се допаѓа. Така станот ќе изгледа многу поголем и простран. Еден од главните адути на овој стан е и неговата висина на плафонот која изнесува три метри. Во случајов висината на ваквиот салонски стан е намалена со решавање на галерија каде е сместена спалната соба. Иако скаличките не се за многумина прифатливо решение, во некои случаи мора да се пристапи кон компромисно решение.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Март.2015 во 20:57
Идеално уредени 29 м2Архитектот Anton Grishin успева во само 29 м2 да создаде комфорен простор во Лондон, користејќи светли и ведри бои со цел визуелно да го зголеми просторот. Дневниот престој зафаќа површина од 11,2 м2, кујната 8,4 м2 и тоалетот 5,6 м2. Останатиот простор го користи како влезен хол и за сместување на плакар. Искористен е секој агол од апартманот за да смести одреден дел од функциите, со што би се спречил нередот во рамките на скромниот план. Во дневниот престој доминираат жолтата и светлосината боја, а просторот дополнително е опремен со уметничка слика во исти нијанси. На спротивната страна е поставена метална библиотека. Трпезаријата дирекно е поврзана со кујнските елементи, со што се заштедува простор. Таа е во бела боја, а како нејзин контраст кујната е изработена од дрво во светли тонови. По целата основа се поставени плакари. Тие се во бела боја, исто како и ѕидовите, и поставени се високо над линијата на окото, со што визуелно се ослободува просторот. Плакарот поставен кај влезот во апартманот е исто така во бела боја и опремен е со лизгачки врати за поголема функционалност. Третманот на таванот овозможува меко и дифузно осветлување на просторот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Март.2015 во 21:14
Реновиран апартман од 35 метри квадратни во скандинавски стил |
|
|
Ненаметливи, топли и светли, скандинавските ентериери успеваат лесно да се вовлечат под кожа на љубителите на ентериери. Пример за тоа е и овој мал скандинавски апартман во кој преовладуваат светли тонови, топли материјали и бои и паметноискористен празен простор со цел помалиот простор да биде што поефективно искористен и да создаде чувство на поголем ентериер. Aпартманот е со површина од само 35 метри квадратни, но умесно уредениот простор и добриот распоред на мебел и простории прават да изгледа многу попросторно и повеќе од доволно за удобно живеење. Дел од ѕидот и елемент во дневната е пренаменет во кревет со простор под него, умесно скриен и камуфлиран како да е само уште една софа во дневната. Масата за телевизорот може да се користи и како работна маса, а кујната е поделена на делот со кујнските елементи за готвење и мала трпезарија за двајца. Белите тонови на ѕидовите и најголем број од елементите внесуваат и светлина и придонесуваат просторот да изгледа дополнително поуреден и попростран. На белиот ентериер му контрастираат големата кафена софа во ретростил и висечкиот бакарен лустер, кој, покрај тоа што дава шик нота во дневната соба, придонесува и за малку повеќе топлина во ентериерот со својата боја. Употребени се најминимални декоративни елементи, белата боја, лустерите во дневната и во ходникот, како и ѕидот со слики во дневната се клучните декоративни елементи што внесуваат посебен карактер, топлина и човечност во просторот. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Март.2015 во 09:43
Совршено уредени 30 квадрати на морскиот брег
30 квадратни метри се сè што ни е потребно за среќа. Домот од сонишата не секогаш треба да биде огромен замок… напротив тоа е простор во кој ќе можете да се чувствувате удобно. На пример, тоа може да биде мала куќа со површина од само 30 квадратни метри, која се наоѓа на брегот. Замислете како пиете кафе, гледајќи во синото пространство, окружени единствено од нотите на природата.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 16.Април.2015 во 20:03
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 16.Април.2015 во 20:03
Постирано од: Omar
Датум на внесување: 16.Април.2015 во 20:04
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Април.2015 во 22:30
Стан од 40 метри квадратни со многу стил
Иако понекогаш големите простори може да бидат подобри, со оглед на тоа што се повеќе живееме во градови кои се пренаселени, и од малите станови можеме да добиеме простор со стил, доколку е дизајниран од добар дизајнер. Добриот дизајнер би требало да може од еден мал простор да створи еден дом кој не е само функционален, туку на тој простор да му вдахне и стил. Ентериерот што ви го претставуваме е со површина од 40 метри квадратни, но сепак ги задоволува сите функционални и естетски барања кои ги поставува едно младо креативно семејство. Овој ентериер е поделен на два дела со половина ѕид кој се наоѓа во средината на овој простор. Од едната страна е поставена кујната и трпезаријата, додека пак од другата страна се наоѓа дневниот престој со работната површина, а просторот на спалната соба е поставен зад дневниот престој и е малку подигнат.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Мај.2015 во 15:23
Современо ентериерно решение за мал станДизајнерското студио Maayan Zusman Interior Design проектира модерен стан од 50 метри квадратни со локација во Тел Авив во Израел. Во програмата се вклучени две спални соби, бања, гостински тоалет и отворен голем балкон. Станот се наоѓа во стар објект во кој во претходно постоечкиот план не постоеле преградни ѕидови, туку само надворешните ѕидови со дебелина од еден метар, па поради тоа било потребно добра внатрешна организација на просториите. Користени се специјално дизајнирани ормани, во кои воедно се скриени сите електрични апарати и додадени се стаклени ѕидови. Главниот концепт на енетериерот на овој апартман е стаклената коцка којашто го сегментира просторот. Коцката е транспарентна и изработена од црно стакло и во неа се сместени бањата и тоалетот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Јуни.2015 во 13:58
Генијално решение за уредување на стан од 39 метри квадратни
Погледнете едно генијално решение за практично уредување на стан од 39 метри квадратни во Хонг Конг, Кина. Топлото осветлување и кремастите тонови ја нагласуваат целокупната едноставна и мирна атмосфера на овој мал стан.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 11.Јули.2015 во 00:19
http://lady.mk/taa-ne-go-promenila-svojot-dom-72-godini-poglednete-shto-ima-vnatre/" rel="nofollow - Таа не го променила својот дом 72 години !
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Јули.2015 во 12:34
Удобен мал стан од 13 метри квадратни |
Станот на полскиот дизајнер Симон Ханкцар претставува интересен пример колку малку простор е доволно за удобно домување. Во неговиот министан од само 13 метри квадратни умешно и практично се сместени и распоредени мебел, техника и простори што се неопходни за удобно уживање, а ентериерот воопшто не изгледа пренатрупано, туку дури и просторно. Во светлиот апартман има поставено спална, со кревет на кат, тоалет, мала кујна, работна маса што може да служи и како трпезариска, држач за велосипед и велосипед, машина за перење алишта, шкафови и удобна лулашка од едниот до другиот ѕид. Иако изгледа тешко за верување, добриот распоред го прави местото да изгледа просторно и уредно, сосема доволно за еден човек или пар. Сè изгледа удобно и функционално, стилот е минималистички со топлина што ја внесува дрвото, а во домот не недостига ништо од мебелот и техниката што е неопходна за домување. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Август.2015 во 22:50
Црно-бела приказна раскажана во 48 метри квадратниЛоциран во срцето на Шведска, овој мал, но шармантен стан неодамна доживеал целосна трансформација, а крајниот резултат е нов ентериер, многу поелегантен и покласичен од оној претходниот. Станува збор за мал стан кој што се карактеризира со црно-бел ентериер, класична и стилска комбинација која што се одржува во секоја од собите. Простирајќи се на површина од само 48 метри квадратни, апартманот поседува прекрасна бела кујна, дневна соба со малтерисани ѕидови, бања со стилски плочки, голем гардеробер и две тераси. Сите ѕидови во овој дом се бели и речиси се претопуваат во исто така светлиот под, а модерниот и едноставен изглед е надополнет во целост со дискретните осветлувачки елементи. Влезот е опремен со рустикална врата која води во овој светол дом. Ходникот исто така има бели ѕидови, но во оваа просторија тие се ставени во силен контраст со темните мат плочки на подот. Оттаму се пристигнува до гардероберот каде што има доволно простор за складирањето на облеката и сите други работи од домаќинството, а правилното и лесно организирање е овозможено преку големиот број на фиоки и полици. Дневната соба, трпезаријата и кујната создаваат еден поголем отворен простор кој исто така изобилува со многу белина и црни детали. Еден од ѕидовите во оваа просторија е варосан и сето тоа на целиот простор му дава по малку рустикално и инвентивно чувство. Кујната е пространа и изобилува со површини за работа, а елементите во истата се изработени во бела боја, но се надополнети во одличен контраст со сиви детали и црна работна површина. Спротивно од кујната се сместени двете тераси кои што се само “јаготка на шлагот” во овој симпатичен стан.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Септември.2015 во 09:24
Хармоничен стан од 42 метри квадратниПрекрасниот стан од 42 метри квадратни, кој се наоѓа во Сан Франциско, е доказ дека убавината лежи во совршено одбраните детали. Декориран е со интересни послужавници, сувенири, свеќници и свежо цвеќе во пастелни бои кои му даваат доза на шарм и хармонија. Мебелот не е претерано модерен, но со добро одбраните перници и прекривки делува топло и совршено удобно за зимските денови. Дневната и спална се споени во една соба, која креативно е одлично комбинирана и одвоена од останатиот простор. Добро разгледајте го овој минијатурен стан, можеби ќе пронајдете некоја идеја и инспирација која ќе го освежи вашиот мал простор.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Септември.2015 во 15:54
Прекрасен стан со само една соба
Кој вели дека еден дом мора да биде голем, за да биде удобен. Следниот стан лоциран во Гетеборг , Шведска, се протега на само 50 квадратни метри , но ако ги разгледате фотографиите подолу, ќе се заљубите во него на прв поглед и ќе започнете веднаш да сонувате за слична атмосфера и уметнички дом. Станот претставува една огромна соба во која има сè – дневна, кујна, спална, бања, мал ходник и тераса. Малата просторија е целосно реставрирана од дизајнерите на Alvhem кои успеваат да ги сочуваат автентичните елементи , додавајќи модерен комфор. Внатрешноста е решена целосно во бело – боја која е типична за сите земји на Скандинавија , а контрастот го чинат многу шарени акценти.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Октомври.2015 во 16:03
Има само 29 метри квадратни, а изгледа прекрасно
Студиото за дизајн на ентериери “3XA” го проектираше и го изведе ентериерот на минијатурен апартман во Вроцлав, Полска. Малиот дом со површина од 29 метри квадратни е неверојатно комфорен и се состои од сите неопходни простори изведени како креативни решенија за удобно живеењ во мал простор. Практичниот мал ентериер има поврзани кујна, трпезарија и дневна соба и спална соба на полукат изведен над ходникот во домот. Во овој дел на ходникот е компактно вметната и мала бања. Секој простор во домот гледан посебно е малечок, но симпатичен бидејќи неговиот распоред дозволува слобода.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Октомври.2015 во 15:26
Имате само 37 метри квадратни простор? Еве како да ги искориститеСовремениот ентериер на овој апартман кој што се наоѓа во Киев, Украина е дело на архитектонското студио The Goort. Целиот простор зафаќа површина од само 37 метри квадратни, а програмата е распоредена двовисински односно во долниот дел се наоѓа дневниот престој, а на горното ниво е просторот за спиење. Овој ентериер е решен минималистички со примена на дрвени елементи и акцентирање на ѕидот од тула.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Октомври.2015 во 14:47
http://www.crnobelo.com/dom/ubavi-prostori/35225-malecok-stan-od-24-metri-kvadratni-kako-sozdaden-za-mlad-par" rel="nofollow -
Речиси и да нема некој кој е во своите 20-ти, а да не сонува за гарсоњера која може да ја уреди по своја желба и мера. Овој мал стан од само 24m2 има сè што е потребно. Светол и модерен, идеално уреден за млад пар. Внатрешноста е изработена од природно дрво полно со црвени детали. Зоната за спиење е издвоена со креветот за сопствениците сепак да имаат малку приватност. Прекрасни се големите прозори кои изгледаат многу романтично. Плочките во кујната и бањата даваат дополнителна ведрина на просторот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Ноември.2015 во 19:58
Реновиран њујоршки стан од 46 м2 |
Со живеењето и со работењето во рамките на својот мал стан, сопственикот на апартманот "East Village Studio" секојдневно ги туркал границите на малата површина од 46 м2. Организацијата на апартманот била на многу лошо ниво и не дозволувала слободно и непречено домување и извршување на домашните и на работните обврски. Првиот проблем со кој се соочиле архитектите од „Jordan Parnass Digital Architecture“ бил ослободување на домот од сиот неред предизвикан од многуте предмети и дренбулии, што значело креирање простор што ќе биде резервиран за складирање. Втората проблематика била дефинирање и организирање на функционални зони за готвење, чистење, облекување и спиење и воедно за обезбедување визуелна чистина и слобода во ентериерот. Решението за подобра организација на просторот било да се искористи висината на просторот и да се издигне едно ниво што ќе функционира како спална соба, како и да се искористи секоја можност за складирање. По обновата, ентериерот на апартманот се одликува со впечатлив изглед нагласен од дрво, кој функционира како хармонична целина. Комбинирањето и спојувањето на кујната, бањата и на спалната соба на ниво е изведено како комплексно „дрвено јадро“. Целта била да се создаде топла атмосфера, пријатна и удобна, и оттука како идеален материјал употребен во голема мера во процесот на реновирање е одбрано дрвото. Со сместување на просторот за спиење на повисоко ниво се ослободил дополнителен простор за вградениот плакар и складишниот простор интегриран во скалите. Просторот надвор од дрвениот централен елемент е флексиблен. Сите површини се обработени во високосјајна бела завршница, која ја нагласува нивната адаптибилност. Ограничената палета бои помогнала овој мал дом да се претвори во прибежиште од њујоршкиот метеж. Крајниот резултат е ефикасен, флексибилен простор за живеење и за работење со реорганизиран распоред што може да одговори на професионалните и на приватните потреби на сопствениците. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Ноември.2015 во 20:15
Женствен стан од 40 метри квадратниМлада дизајнерка сопственичка на овој стан од 40 метри квадратни успеала да вметне ненаметлива женственост во својот мал животен простор. Станот е светол и доминира белата боја која оптички го отвора просторот, и разигран е со пастелни детали и мебел во светли нијанси. Иако мал, ги содржи сите елементи на еден стан – влезен ходник со плакари и скриена перална, купатило, дневна соба, трпезарија, кујна, и минијатурна, но сепак одвоена спална соба.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Ноември.2015 во 08:49
Модерен ентериер на апартман од 40 м2Едноставниот дизајн и употребата на неутрални бои во малиот простор од само 40 метри квадратни, претставува современо енетериерно решение од дизајнерското студио Curly Studio со локација во Москва. Наместо класичната поделба на просториите со ѕидови, дизајнерите во овој случај се одлучуваат за поделба на дневната од спалната просторија со стаклени површини. Во тесниот простор поставени се голем број скриени простории за складирање, како што е просторот под креветот за спиење и отворени полици. Спрецифичните ентериерни украси како што се сликите, креативниот мебел и ѕидот од тула во бела боја само го надополнуваат просторот и му даваат посебен шарм.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Ноември.2015 во 15:24
Мал, но многу функционален станПри внатрешното уредување на станови со мала квадратура, еден од најважните аспекти е правилниот избор на мебел и негова соодветна димензија во однос на просторот. Истовремено, изборот на бои зазема голем удел во визуелното доживување на самиот простор. Овој апартман во Киев од Yana Osipenko, од само 50 метри квадратни, е решен минималистички со користење на сиви тонови и додавање на елементи во зелено. Спалната просторија и работното биро се сместени заедно, покриени со подвижен панел кој се поставува во однос на тоа кој простор се користи, што придонесува за поголема функционалност на целиот ентериер.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Декември.2015 во 09:37
Куќа од 7 квадрати, а има се што ви е потребно
Оваа совршено уредена куќичка, од само 7 квадрати, е сопственост на архитектот и дизајнер Марко Пјераци. Кога ја купувал оваа мала куќа, не го дочекала баш убава глетка. Труло дрво, срушен малтер од ѕидовите се само некои од доказите дека оваа куќичка воопшто не била убаво одржувана и средувана. Познатиот дизајнер ја искористил висината на куќата, и во неверојатни 7 квадрати сместил трепезарија, кујна, бања и спална соба. Кога ќе ги погледнете овие фотографии, нема да поверувате дека оваа куќа има само 7 квадрати. Уживајте!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Јануари.2016 во 15:06
Симпатичен апартман од 35м2 во Италија |
Мал и компактен, но комфорен и пријатен за домување, овој апартман со површина од 35 метри квадратни, сместен во Леко, Италија, е пример за вешто искористен простор и тактички пристап во дизајнирањето. Малиот апартман е дело на архитектонското биро „Studio76“, кое на едноставен начин го трансформирало апартманот од лошо организиран и затворен, во попросторен апартман со подобар и поконфорен распоред за сопствениците. Тесниот стан е внимателно споен и поделен и има еден флуиден, едноставен тек на движење низ просторот. Избегнати се големи ѕидови кои го делат станот, па така од кујната лесно можете да ѕирнете во спалната соба, меѓутоа не се добива чувство на претерано мешање на просториите, а истовремено е задржана и приватноста и индивидуалниот карактер на секоја соба. Со новиот распоред и отворениот план, апартманот добива нов, покомфорен изглед и атмосфера за домување, која особено може да им одговара на младите двојки и студентите бидејќи ги содржи сите неопходни простори за пристојно домување во мал простор. Апартманот е уреден практично и економично, вметнати се апциклирани елементи, како дрвени палети и гајби, кои се пренаменети во удобни парчиња мебел и инвентивен декор, кои прилегаат на младешкиот, едноставен и експериментален дух. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Јануари.2016 во 21:36
Мал удобен дом од 28м2 во Русија |
Руската дизајнерка Јулија Баранова разви дизајн за стилски, функционален и истовремено комфорен дом. Светлиот апартман со површина од само 28 квадратни метри е уреден како микс од скандинавскиот стил и московскиот минималистички дизајн. Домот е со одличен распоред на просториите, што е еден од најважните фактори во дизајнирањето мали апартмани. Во него се сместени сите простори што се неопходни за удобно домување на мало семејство. Со цел да овозможи се поголема просторност, отворениот дом е уреден со минимален декор и практични елементи, како вградени шкафови и полици и мултифункционална композиција, којашто формира спална и работна соба. Во малиот стилски апартман преовладува светла атмосфера создадаена од спојот на бели ѕидни површини, мебел и ѕидни панели од светло дрво и декор со пастелни нијанси и геометриски мотиви. Баранова вметнала практични мултифункционални елементи за складирање, кои се вешта замена за гломазните и шкафови и комоди. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Март.2016 во 12:46
МИСЛИТЕ ДЕКА ЖИВОТОТ ВО ГАРСОНИЕРА МОРА ДА БИДЕ ТЕЖОК? ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВИЕ ФОТОГРАФИИ, ПА ПРЕСУДЕТЕ | Кога би можеле да бираме, веројатно секој од нас веднаш би се одлучил за поголем стан. На крајот на краиштата, има ли нешто поубаво од пространа дневна соба, огромна спална соба, како и детска соба кадешто децата би можеле да ја истражуваат својата креативност, без ограничувања? Секако дека поголемите станови се и попримамливи, но и оние помалите имаат свои предности. А за гарсониера со сигурност не би плаќале и огромни комуналии, зарем не? Всушност, ако просторот е добро организиран, а мебелот е избран и наместен со http://212.13.64.105/server/inline_popad/?advertise=699&word=%D0%B2%D0%BA%D1%83%D1%81&network=Y&pid=64" rel="nofollow - вкус , ваквите станчиња може да бидат навистина прекрасни. Една дизајнерка уредила гарсониера од 26 квадратни метри во Монтреал, така што е невозможно за некому да не му се допадне Фокусот во овој мини-стан е насочен кон ѕидовите, а подот е ослободен од премногу мебел, при што станот изгледа визуелно многу поголем. Покрај тоа, дизајнерката намерно се одлучила токму за белата боја, којашто во овој случај доминира, бидејќи таа помага за оптички да се зголеми квадратурата. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Април.2016 во 18:12
Мал апартман со светол ентериер во пастелни бои |
Со идејата да се создаде мал, компактен и флексибилен апартман, студиото за архитектура и дизајн на ентериери "Over, Under" го разви дизајнот за "Troy Boston Model Apartment". Малиот апартман со симпатичен ентериер има отворен план и со широки прозорци што обезбедуваат голем прилив на природна светлина. „Troy Boston Model Apartment“ е организиран многу едноставно и практично – дневната соба, трпезаријата и кујната се соединети во една зона што е одделена од спалната соба и бањата со лизгачка врата наместо со ѕид или преграда. Сите парчиња мебел што се вметнати во просторот се практични, флексибилни и мултифункционални за малиот простор да биде компактно опремен со сѐ што е потребно, а притоа да не изгледа пренатрупан или задушен во мебел и ѕидови. Палетата од суптилни сиви и сини тонови што ја надополнува белата основа на ентериерот му дава дополнителна светлина и воздушност. Неутралната нота е хармонично „нарушена“ од неколку парчиња мебел со силна портокалова нијанса, кои внесуваат живост и динамика во просторот. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Април.2016 во 20:32
Овој миниапартман од 17 метри квадратни е уреден според потребите и желбите на една млада, урбана личност. Лидија Ермолаева, дизајнерката која работела на реновирањето и адаптацијата на ентериерот, осмислила креативен начин како да смести сѐ што е неопходно за удобно домување во толку мала квадратура и воедно се потрудила, покрај функционален, апартманот да изгледа младешки и урбано. Недостатокот на простор е надоместен со употреба на мебел на склопување, мултифункционални елементи и умешно интегрирани единици за складирање низ целиот апартман. Поради отсуството на природна светлина, која апартманот ја добива само од неколкуте мали прозорци, употребени се светли бои и сјајни завршници кои ја рефлектираат светлината, комбинирани со текстури на природно дрво. Централниот дел од апартманот го сочинува функционалната целина составена од дневна и кујна, кои во неколку потези се трансформираат во трпазарија и спалната соба, по потреба. Затскриена зад еден од ѕидовите од дневната соба, малата работна просторија е декорирана со галерија од фотографии, удобна фотелја и ѕид со интересна типографија, кој се надоврзува на ѕидовите од влезниот ходник. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Септември.2016 во 10:25
http://www.crnobelo.com/dom/ubavi-prostori/43491-topli-ednosobni-stancinja-koi-se-poubavi-od-mnogu-luksuzni-palati" rel="nofollow -
Ако живеете во еднособно станче, престанете да се жалите и да посакувате раскошна палата. Гледајте на посветлата страна - се што ви треба ви е на дофат на рака, имате можност да си поигрувате со моќта на шанкот и полиците, а мултифункционалниот мебел како излезен од иднината е вашата слаба точка.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Октомври.2016 во 21:57
Практично студентско домување во простор од 27м2 |
„Campus Hong Kong“ е практично уреден апартман за студентско домување. Дело на архитектонското студио „LYCS Architecture“, апартманот се истакнува со значително флексибилен и практичен дизајн, кој е идеално решение за цимерски живот на повеќе студенти. Апартманот претставува револуционерно решение за проблемот со високата густина на население во Кина, како и за вечниот студентски проблем за земање апартмани под наем. Во град од големи размери и со висока популација како што е Хонгконг, трошоците за живеење за младата популација претставуваат голем товар. Проблемот е евидентен, пространите комфорни апартмани се со високи цени, додека евтините се многу мали и неудобни. Оттука студентите бараат алтернатива да живеат заедно и да ги делат трошоците. Со оваа идеја тргна архитектонскиот тим на „LYCS Architecture“ во обмислувањето на дизајнот на апартманот „Campus Hong Kong“. Ентериерот на апартманот е со површина од само 27 метри квадратни, а во него удобно и компактно се сместени дури четири кревети. Архитектите ги срушиле непотребните ѕидни прегради и го отвориле просторот со цел да се добие поголема слобода и пространост. Четирите кревети се изведени на кат и под нив се поставени работни маси за секој студент. Апартманот е опремен со сите неопходни елементи и простори за да се обезбеди удобен цимерски живот. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Март.2017 во 08:14
Симпатичен мал дом од 38м2 |
Еден од проблемите со живеењето во мали домови
и гарсоњери е чувството на едноличност на просторот. Се е во еден мал
простор, нема промена од соба во соба која често им е потребна на оние
кои живеат во мали еднособни простори. Архитектите од „Mode:lina“
успеале да овозможат „бегство“ од тоа чувство на постојана затвореност
во еден ист простор во гарсоњера од 38м2 во полскиот град Познан.
Сопственикот сакал просторот да биде уреден современо, едноставно и
истовремено да изгледа удобно и неформално за домување, но од друга да
изгледа и доволно формално и професионално за да биде и делумно работен
простор и место каде би можеле да го посетуваат неговите клиенти за
работа. Уште еден елемент на кој требало да се внимава е и желбата во
домот да има едно мало тајно катче за игра за шестгодишниот син на
сопственикот.
Земајќи ги сите овие барања и големината на просторот во предвид,
архитектите се обиделе внимателно да го искористат максимално секое
парче простор. Едниот агол на станот има голема коцка од ОСБ панели во
која се вклопени неколку соби: кујната, мала канцеларија со работна
маса, спална соба и мало скриено детско катче безбедно за игра. Спалната
соба односно креветот е поставен на врвот на конструкцијата и до него
сопственикот се искачува преку едноставни дрвени скали.
Позади бирото, штом се тргне мобилната библиотека има мал простор
предвиден за детска игра, кој лесно може да се скрие од очите на
клиентите повторно со библиотеката.
Просторот е уреден минималистички, со една софа во ретромодерен стил, биро и неколку декоративни постери на ѕидот.
Со цел да се искористи подобро просторот, велосипедот на сопственикот е
закачен на ѕидот, имајќи истовремено и практична и декоративна улога.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: bijonse1
Датум на внесување: 09.Март.2017 во 19:00
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Септември.2017 во 20:37
Креативни идеи за уредување на мини апартманиОд преуредени гаражи, до студија каде што креветот е вграден во ѕид, малите апартмани стануваат хит во светот. Кога на располагање имате мал простор мошне е важно, да да го искористите секој сантиметар од истиот и правилно да ги распределите работите.
Доколку немате доволно буџет за да го уредите малиот апартман, во продолжение погледнете неколку тактики кои се корисни за да го извлечете максимумот од малиот простор.
1. Спакувајте ги работите кои не се за секојдневна употреба Работите кои не ги користите секојдневно кренете ги во соодветни кутии за складирање и чувајте ги на места како што е просторот под креветот или плакарите. Над креветот можете да ставите сталажи, па така ќе добиете повеќе простор под креветот, каде можете да чувате дел од чевлите складирани во кутии.
2. Кој вели дека не можете да ја користите трпезаријата за појадок и како работна маса? Паметно е да инвестирате во новиот тип на масички кои се вградуваат во ѕидот и се расклопуваат според потребата. Со тоа ќе заштедите голем простор, а ќе добиете естетика во домот.
3. Користете светли бои при уредувањето
Боите играат голема улога во уредувањето на малите апартмани. Користете светли бои, бидејќи тие ќе допринесат просторот да изгледа поголемо.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Февруари.2018 во 09:01
http://www.crnobelo.com/dom/ubavi-prostori/56447-za-mlada-i-trendi-dama-fensi-stan-od-35-metri-kvadratni-foto" rel="nofollow - - За млада и тренди дама: Фенси стан од 35 метри квадратни (фото)
Добредојдовте во малото женско кралство, кадешто царуваат добриот вкус и стил, а спакувани се во простор со скромна површина. Младата клиентка сакала максимално функционален ентериер, а со оглед на тоа дека поседува само 35 метри квадратни, главната цел била да се намени секој сантиметар од домот, користејќи ги сите расположливи средства. Мноштво методи кои се применети при уредувањето на станот, веќе се добро познати и секогаш функционираат. Кога сите ѕидови и таванот се бојадисани во една нијанса, амбиентот е повоздушест, а се создава и ефект на повисок плафон. Во конкретниот случај, преку употреба на светлите тонови, не само за ѕидовите, туку и за мебелот, сите граници во просторот се визуелно стопени, така што станот не изгледа згужвано и задушено, наспроти малата површина. Потенцијалот на белата боја е искористен до максимум. Целиот дизајн, пак, стилизиран е со пастелни моменти на бела позадина. Големите парчиња мебел, како што се кујнските елементи и гарнитурата во дневниот престој, суптилно се слеваат со ѕидовите, па стануваат речиси невидливи. Посебно внимание е посветено и на решенијата за складирање, бидејќи станарката е тренди дама со многу гардероба. Не се изоставени ниту декоративните детали, а откако на нејзе ѝ била оставена можност за самоизразување на ѕидот позади софата, тој сега наликува на мини уметничка галерија. Урбано и фенси – ѕирнете низ катчињата на ова префинето станче, кое е вистинска инспирација за модерните девојки:
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Ноември.2019 во 21:33
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Ноември.2019 во 21:34
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Ноември.2019 во 21:35
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Ноември.2019 во 21:36
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Јули.2020 во 11:17
https://www.crnobelo.com/dom/ureduvanje/78022-stance-od-samo-23m2-vo-skandinavski-stil-sovrseno-uredeno-i-komforno" rel="nofollow - - Станче од само 23m² во скандинавски стил - совршено уредено и комфорно Може да се рече дека е мало станбено чудо од Шведска. Овој стан во Стокхолм има само 23m2 . Но, кога просторот е уреден функционално, живеењето и во олку мало станче е вистински комфорно . Спалната соба е на полукат, а под неа е сместен walk-in плакар. Уреден е со многу стил – комбинација од бела и сива боја. Сивата е одбрана за ѕидните површини, додека мебелот кој е со едноставни линии и модерен дизајн дава посебна елеганција на просторот. Скандинавски, едноставно, слатко, пријатно. Е. П. | Црнобело
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Ноември.2020 во 22:16
Овој стан од 30 квадратни метри е доказ дека и малите простори можат да бидат удобни и функционалниУредувањето на мал стан е предизик во кој сопствениците на недвижности често мора да ја усогласат премалата квадратура со преголемите желби и да ја извлечат на површина својата креативна страна. Иако таквата мисија на моменти може да изгледа невозможно, малите станови можат многу интересно да се уредат. Но, за секој центиметар да добие своја цел и да заблеска во полн сјај, потребни се трпение, снаодливост, креативност и, барем понекогаш, спремност на компромиси.
Ако наскоро ве чека уредување на мал стан, не е лошо да побарате инспирација кај оние кои веќе успешно ја извршиле оваа мисија. Помеѓу нив е и Финкинката која стои зад Инстаграм профилот @31_m2. Точно 31 квадратен метар има малиот стан во која таа живее со сопругот и детето, а кој е доказ дека со желба, волја и доза на креативност, секое катче од еден таков простор може да воодушеви со својот изглед. Финката го посветила Инстаграм профилот токму на нејзиниот дом и редовно се труди да пронајде некој нов агол од кој би ги фотографирала своите, во целост искористени квадрати. Фотографиите се доказ дека и во малите простори има место за цела низа декорации, детали и билки.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Декември.2020 во 22:10
https://www.kafepauza.mk/art-i-dizajn/sovrsheno-ureden-stan-od-22-metri-kvadratni/" rel="nofollow - - Совршено уреден стан од 22 метри квадратни
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|