IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Уредување на помали станбени површини
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Уредување на помали станбени површини

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 8>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2015 во 09:24

Хармоничен стан од 42 метри квадратни

Прекрасниот стан од 42 метри квадратни, кој се наоѓа во Сан Франциско, е доказ дека убавината лежи во совршено одбраните детали.

Декориран е со интересни послужавници, сувенири, свеќници и свежо цвеќе во пастелни бои кои му даваат доза на шарм и хармонија.

Мебелот не е претерано модерен, но со добро одбраните перници и прекривки делува топло и совршено удобно за зимските денови.

Дневната и спална се споени во една соба, која креативно е одлично комбинирана и одвоена од останатиот простор.

Добро разгледајте го овој минијатурен стан, можеби ќе пронајдете некоја идеја и инспирација која ќе го освежи вашиот мал простор.




Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 09:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2015 во 22:50

Црно-бела приказна раскажана во 48 метри квадратни

Лоциран во срцето на Шведска, овој мал, но шармантен стан неодамна доживеал целосна трансформација, а крајниот резултат е нов ентериер, многу поелегантен и покласичен од оној претходниот.

Станува збор за мал стан кој што се карактеризира со црно-бел ентериер, класична и стилска комбинација која што се одржува во секоја од собите. Простирајќи се на површина од само 48 метри квадратни, апартманот поседува прекрасна бела кујна, дневна соба со малтерисани ѕидови, бања со стилски плочки, голем гардеробер и две тераси.

Сите ѕидови во овој дом се бели и речиси се претопуваат во исто така светлиот под, а модерниот и едноставен изглед е надополнет во целост со дискретните осветлувачки елементи.

Влезот е опремен со рустикална врата која води во овој светол дом. Ходникот исто така има бели ѕидови, но во оваа просторија тие се ставени во силен контраст со темните мат плочки на подот.

Оттаму се пристигнува до гардероберот каде што има доволно простор за складирањето на облеката и сите други работи од домаќинството, а правилното и лесно организирање е овозможено преку големиот број на фиоки и полици.

Дневната соба, трпезаријата и кујната создаваат еден поголем отворен простор кој исто така изобилува со многу белина и црни детали. Еден од ѕидовите во оваа просторија е варосан и сето тоа на целиот простор му дава по малку рустикално и инвентивно чувство.

Кујната е пространа и изобилува со површини за работа, а елементите во истата се изработени во бела боја, но се надополнети во одличен контраст со сиви детали и црна работна површина. Спротивно од кујната се сместени двете тераси кои што се само “јаготка на шлагот” во овој симпатичен стан.

 



Изменето од Valerija - 15.Август.2015 во 22:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2015 во 12:34
Удобен мал стан од 13 метри квадратни

Станот на полскиот дизајнер Симон Ханкцар претставува интересен пример колку малку простор е доволно за удобно домување.

Во неговиот министан од само 13 метри квадратни умешно и практично се сместени и распоредени мебел, техника и простори што се неопходни за удобно уживање, а ентериерот воопшто не изгледа пренатрупано, туку дури и просторно.



Во светлиот апартман има поставено спална, со кревет на кат, тоалет, мала кујна, работна маса што може да служи и како трпезариска, држач за велосипед и велосипед, машина за перење алишта, шкафови и удобна лулашка од едниот до другиот ѕид. Иако изгледа тешко за верување, добриот распоред го прави местото да изгледа просторно и уредно, сосема доволно за еден човек или пар. Сè изгледа удобно и функционално, стилот е минималистички со топлина што ја внесува дрвото, а во домот не недостига ништо од мебелот и техниката што е неопходна за домување.






Изменето од Valerija - 11.Февруари.2018 во 09:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2015 во 00:19
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2015 во 13:58

Генијално решение за уредување на стан од 39 метри квадратни


Погледнете едно генијално решение за практично уредување на стан од 39 метри квадратни во Хонг Конг, Кина.

Топлото осветлување и кремастите тонови ја нагласуваат целокупната едноставна и мирна атмосфера на овој мал стан.

stan1

stan2

stan3

stan4

stan5

stan6

stan7

stan8

stan9

stan10

stan11

stan12

stan13

stan14

stan15

stan16

stan17

stan18

stan19

stan20

stan21

stan22

stan23

stan24

stan25

stan26

stan27

stan28

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2015 во 15:23

Современо ентериерно решение за мал стан

Дизајнерското студио Maayan Zusman Interior Design проектира модерен стан од 50 метри квадратни со локација во Тел Авив во Израел. Во програмата се вклучени две спални соби, бања, гостински тоалет и отворен голем балкон.

Станот се наоѓа во стар објект во кој во претходно постоечкиот план не постоеле преградни ѕидови, туку само надворешните ѕидови со дебелина од еден метар, па поради тоа било потребно добра внатрешна организација на просториите. Користени се специјално дизајнирани ормани, во кои воедно се скриени сите електрични апарати и додадени се стаклени ѕидови.

Главниот концепт на енетериерот на овој апартман е стаклената коцка којашто го сегментира просторот. Коцката е транспарентна и изработена од црно стакло и во неа се сместени бањата и тоалетот.

апартман-2

апартман-3

апартман-5

апартман-6

апартман-7

апартман-9

апартман-11

апартман-12

апартман-13

апартман-14

апартман-15

апартман-16

апартман-17

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2015 во 22:30

Стан од 40 метри квадратни со многу стил


Иако понекогаш големите простори може да бидат подобри, со оглед на тоа што се повеќе живееме во градови кои се пренаселени, и од малите станови можеме да добиеме простор со стил, доколку е дизајниран од добар дизајнер.

Добриот дизајнер би требало да може од еден мал простор да створи еден дом кој не е само функционален, туку на тој простор да му вдахне и стил.

Ентериерот што ви го претставуваме е со површина од 40 метри квадратни, но сепак ги задоволува сите функционални и естетски барања кои ги поставува едно младо креативно семејство.

Овој ентериер е поделен на два дела со половина ѕид кој се наоѓа во средината на овој простор.

Од едната страна е поставена кујната и трпезаријата, додека пак од другата страна се наоѓа дневниот престој со работната површина, а просторот на спалната соба е поставен зад дневниот престој и е малку подигнат.

2-enterier-na -mal-stan-so-stil

3-enterier-na -mal-stan-so-stil

4-enterier-na -mal-stan-so-stil

5-enterier-na -mal-stan-so-stil

6-enterier-na -mal-stan-so-stil

7-enterier-na -mal-stan-so-stil

8-enterier-na -mal-stan-so-stil

9-enterier-na -mal-stan-so-stil

10-enterier-na -mal-stan-so-stil

11-enterier-na -mal-stan-so-stil

12-enterier-na -mal-stan-so-stil




Изменето од Valerija - 27.Април.2015 во 22:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2015 во 20:04
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2015 во 20:03
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2015 во 20:03
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2015 во 09:43

Совршено уредени 30 квадрати на морскиот брег


30 квадратни метри се сè што ни е потребно за среќа.
Домот од сонишата не секогаш треба да биде огромен замок… напротив тоа е простор во кој ќе можете да се чувствувате удобно.

На пример, тоа може да биде мала куќа со површина од само 30 квадратни метри, која се наоѓа на брегот.

Замислете како пиете кафе, гледајќи во синото пространство, окружени единствено од нотите на природата.

13498210-R3L8T8D-650-0_f717e_91e87da2_orig

13498310-R3L8T8D-650-0_f7183_3551163b_orig

13498410-R3L8T8D-650-0_f7184_afc26dc0_orig

13498510-R3L8T8D-650-0_f7185_a13e7498_orig

13498610-R3L8T8D-650-0_f7187_d2c5c26b_orig

13498710-R3L8T8D-650-0_f7186_2922c16b_orig

13498810-R3L8T8D-650-0_f718c_a815dbad_orig


13499110-R3L8T8D-650-0_f7181_3ca0980d_orig

13499210-R3L8T8D-650-0_f7188_67c0bf3b_orig



Изменето од Valerija - 26.Март.2015 во 09:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2015 во 21:14
Реновиран апартман од 35 метри квадратни во скандинавски стил


Ненаметливи, топли и светли, скандинавските ентериери успеваат лесно да се вовлечат под кожа на љубителите на ентериери.

Пример за тоа е и овој мал скандинавски апартман во кој преовладуваат светли тонови, топли материјали и бои и паметноискористен празен простор со цел помалиот простор да биде што поефективно искористен и да создаде чувство на поголем ентериер.


Aпартманот е со површина од само 35 метри квадратни, но умесно уредениот простор и добриот распоред на мебел и простории прават да изгледа многу попросторно и повеќе од доволно за удобно живеење. Дел од ѕидот и елемент во дневната е пренаменет во кревет со простор под него, умесно скриен и камуфлиран како да е само уште една софа во дневната. Масата за телевизорот може да се користи и како работна маса, а кујната е поделена на делот со кујнските елементи за готвење и мала трпезарија за двајца. Белите тонови на ѕидовите и најголем број од елементите внесуваат и светлина и придонесуваат просторот да изгледа дополнително поуреден и попростран.


На белиот ентериер му контрастираат големата кафена софа во ретростил и висечкиот бакарен лустер, кој, покрај тоа што дава шик нота во дневната соба, придонесува и за малку повеќе топлина во ентериерот со својата боја. Употребени се најминимални декоративни елементи, белата боја, лустерите во дневната и во ходникот, како и ѕидот со слики во дневната се клучните декоративни елементи што внесуваат посебен карактер, топлина и човечност во просторот.










Изменето од Valerija - 17.Март.2015 во 21:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2015 во 20:57

Идеално уредени 29 м2

Архитектот Anton Grishin успева во само 29 м2 да создаде комфорен простор во Лондон, користејќи светли и ведри бои со цел визуелно да го зголеми просторот. Дневниот престој зафаќа површина од 11,2 м2, кујната 8,4 м2 и тоалетот 5,6 м2. Останатиот простор го користи како влезен хол и за сместување на плакар.

Искористен е секој агол од апартманот за да смести одреден дел од функциите, со што би се спречил нередот во рамките на скромниот план.

Во дневниот престој доминираат жолтата и светлосината боја, а просторот дополнително е опремен со уметничка слика во исти нијанси. На спротивната страна е поставена метална библиотека.

Трпезаријата дирекно е поврзана со кујнските елементи, со што се заштедува простор. Таа е во бела боја, а како нејзин контраст кујната е изработена од дрво во светли тонови.

По целата основа се поставени плакари. Тие се во бела боја, исто како и ѕидовите, и поставени се високо над линијата на окото, со што визуелно се ослободува просторот. Плакарот поставен кај влезот во апартманот е исто така во бела боја и опремен е со лизгачки врати за поголема функционалност.

Третманот на таванот овозможува меко и дифузно осветлување на просторот.

мал-стан-1

мал-стан-13

мал-стан-2

мал-стан-5

мал-стан-4

мал-стан-6

мал-стан-3

мал-стан-9

мал-стан-10

мал-стан-8

мал-стан-7

мал-стан-9

мал-стан-12

мал-стан-11

мал-стан-14

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2015 во 09:28

Мала квадратура, а многу простор

Овој двособен стан изгледа многу простран од две причини: бела боја во ентериерот и голема висина на плафонот.
Овој стан е пример како од 50 м2 да се извлече максимум. Станот е изведен во Гетеборг. Иако релативно мал, тој изгледа пространо затоа што не се користени големи парчиња мебел кои го блокираат и намалуваат просторот, а тие што се употребени се во бела боја.

Ако имате мал стан откажете се од вашата омилена боја, барем што се однесува на ѕидовите, мебелот и големите површини. Користете исклучиво бела боја, а само на деталите како перничиња, вазни, чаршафи, користете ја бојата што најмногу ви се допаѓа. Така станот ќе изгледа многу поголем и простран.

Еден од главните адути на овој стан е и неговата висина на плафонот која изнесува три метри. Во случајов висината на ваквиот салонски стан е намалена со решавање на галерија каде е сместена спалната соба. Иако скаличките не се за многумина прифатливо решение, во некои случаи мора да се пристапи кон компромисно решение.

50-kvadrata-galerija-03-630x419

50-kvadrata-galerija-10-630x419

50-kvadrata-galerija-05-630x419

50-kvadrata-galerija-15-630x419

50-kvadrata-galerija-14-630x419

50-kvadrata-galerija-13-630x419

50-kvadrata-galerija-12-630x419

50-kvadrata-galerija-11-630x419

50-kvadrata-galerija-10-630x419

50-kvadrata-galerija-09-630x419

50-kvadrata-galerija-08-630x419

50-kvadrata-galerija-07-630x419

50-kvadrata-galerija-06-630x419

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.