IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Париз - градот на светлината и романтиката
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Париз - градот на светлината и романтиката

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2014 во 08:23

Вино, Париз, прекрасен поглед...

Постојат безброј барови со панорамски поглед на Париз и сите меѓусебно се доволно оддалечени за да ви овозможат сосем поинаков поглед на градот. Со чаша добро вино и поглед од некоја тераса може да ја вкусите сета убавина на Париз, вечниот град на љубовта.

vino-pariz-prekrasen-pogled-01

Колку што може да биде релаксирачко кафето на една од бројните тераси во Париз и да го набљудувате како светот минува покрај вас, уште толку повеќе ви се одзема здивот додека пиете чаша квалитетно вино со прекрасен поглед на француската престолнина...

La Vue бар е сместен на 34 кат од хотелот Concorde Lafayette кој се наоѓа во северниот дел на градот.

Со своите 15 метри долг шанк и дискретното осветлување, Ла Вуе совршно ја изразува убавината на Париз.

Коктелите во овој бар ги подготвува повеќекратно наградуван коктел мајстор Стефан Мартин.

vino-pariz-prekrasen-pogled-02


Hotel Terrass
има тераса сместена на седмиот кат. Сместен е сред Монмартер и има совршен панорамски поглед на градот.

До речиси совршена линија од лево и од десно се наредени Ајфеловата кула, Монтпарнас и Les Invalides. Барот е отворен од април до октомври.

vino-pariz-prekrasen-pogled-03


Georges
е сместен на последниот кат на центарот Помпид, односно музејот на современа уметност.

Центарот е дизајниран од страна на реномирани париски архитекти кои ја имале на ум совршената локација и можноста која може да ја понуди еден бар на кров.

Барот е уреден во стилот на самата градба, футуристички и модерно. Во него можете да јадете, да пиете кафе или чаша вино додека во самиот центар на градот го гледате зајдисонцето зад париските покриви.

vino-pariz-prekrasen-pogled-04



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 19:47
Совршено украсен хотел во романтичниот Париз

Празничната магија ги прави сите места поубави, меѓутоа кога и креативните луѓе ќе се потрудат околу украсувањето, крајниот резултат се објекти од кои што застанува здивот. Таков е случајот и со овој совршено украсен хотел во романтичниот Париз.
Имено, Џеф Литхам, уметничкиот директор во "Four Seasons" хотел во Париз, успеал на фантастичен начин да го трансформира лобито и дворот на овој престижен хотел во пресрет на празниците.


Дека станува збор за навистина совршено уреден хотел говори и податокот дека самата Опра Винфри го посетила овој хотел, се со цел да им се воодушевува на празничните инсталации, а сето тоа го споделила и со своите фанови на социјалниот сервис Инстаграм.


Во внатрешноста на лобито на овој луксузен хотел, место кое што го посетува светската елита, Џеф поставил огромен "Секси златен ирвас", креиран во соработка со Мајкл Аман од "Crystal Groupe".

















Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 08:24

Хотелот Castille Paris има неверојатна локација заради елитната околина во која се наоѓа. Хотелот нуди несекојдневно уживање со раскошниот и класичен стил во кој е уреден.

elegantno-uzivanje-vo-pariz-1

Првично, уште во 18тиот век оваа градба е позната како приватна резиденција. Како хотел го задржала стилот од пред стотици години, меѓутоа со малку повеќе луксуз.

Castille Paris нуди дури 86 луксузно опремени соби, како и 21 дуплекс соби и апартмани. Половина од нив се декорирани на современ, а половина на класичен венецијански стил.

Поголем дел од собите се со извонреден поглед. Мермерните бањи со луксузни детали се нешто во кое секој гостин може да ужива.

Ресторанот во овој хотел нуди неверојатни италијански вкусови и специјалитети на кои речиси никој не одолеал.

Погледнете како изгледа хотелот кој се чини дека е производ на сечија фантазија, помешана со луксузните задоволства.

elegantno-uzivanje-vo-pariz-2

elegantno-uzivanje-vo-pariz-3

elegantno-uzivanje-vo-pariz-4

elegantno-uzivanje-vo-pariz-5

elegantno-uzivanje-vo-pariz-6

elegantno-uzivanje-vo-pariz-7

elegantno-uzivanje-vo-pariz-8

elegantno-uzivanje-vo-pariz-9

elegantno-uzivanje-vo-pariz-10



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 19:20

na-magicna-prosetka-niz-pariz-01

Би сакале ли да можете да се вратите во времето, на пример во 50-тите или 60-тите години и да уживате во прошетка во Париз?

Баш како Одри Хепберн во Funny Face? Уживајте за момент:

1. За почеток тура со овие автобуси

na-magicna-prosetka-niz-pariz-1


2. Или можеби поромантична варијанта?

na-magicna-prosetka-niz-pariz-2


3. Гламурозна мода


4. Или истражување на секојдневната мода низ градот


5. Никако не го пропуштаме НотрДам...

na-magicna-prosetka-niz-pariz-3


6. ...и тесните улички зад катедралата

na-magicna-prosetka-niz-pariz-4


7. Танц покрај Сена во попладневните часови

na-magicna-prosetka-niz-pariz-5


8. И уживање во прошетката


9. Малку шопинг во La Samaritaine

na-magicna-prosetka-niz-pariz-6


10. На кафе и слатки во Café de la Paix

na-magicna-prosetka-niz-pariz-7


11. Најдобрите модни парчиња во Printemps

na-magicna-prosetka-niz-pariz-8


12. Романтика на Монтмартр

na-magicna-prosetka-niz-pariz-9


13. И добро вино...

na-magicna-prosetka-niz-pariz-10


14. И секако, посета на Ајфеловата кула...

na-magicna-prosetka-niz-pariz-11


Како да не се заљуби човек во овој град?!

na-magicna-prosetka-niz-pariz-12



Изменето од Valerija - 18.Декември.2013 во 19:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2013 во 20:10
Image result for photos of ПАРИЗ


Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2013 во 20:08
http://www.travelsmartblog.com/wp-content/uploads/2012/07/paris-france-arc.jpg
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2013 во 20:08
Related image


Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2013 во 20:05
Image result for photos of ПАРИЗ


Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2013 во 20:04
8-najskapi-gradovi-na-svetot-3
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2013 во 20:02
Според мене,најубавиот градсреќа
Што мислите Вие?

По мислењето на многумина, Париз е најубавиот и најромантичен град во светот. Тоа е градот на љубовниците, уметниците, врвната мода, највкусното вино...

Избравме само седум од многуте карактеристики на Париз кои сигурно ве асоцираат на него.

1. La Tour Eiffel

sedum-pricini-zosto-go-sakame-pariz-1

Неспоредливата Ајфелова кула. Гордо го зазема првото место кога станува збор за најубавите светски градби. Конструирана е од страна на Густав Ајфел, во далечната 1889 година, по повод Светската изложба. Чекањето за искачувањето на врвот навистина вреди. Погледот кон прекрасниот Париз може да го засладите со вкусно пенливо вино, кафе или пак вкусните француски специјалитети.


2. Гламур

sedum-pricini-zosto-go-sakame-pariz-2

Уште од 17 век Париз се смета за центар на модата, стилот, културата, книжевноста и уметноста воопшто. Денес, Париз асоцира на звучни модни креатори кои ги осмислуваат актуелните трендови.


3. Le Louvre

sedum-pricini-zosto-go-sakame-pariz-3

Величествена градба и најпознат музеј во кој можете да бидете сведоци на уметноста која датира пред многу години. Ако сте љубител на уметноста, Лувр е правото место за вас. Конечно ќе ја погледнете Мона Лиза во вистинска големина, сликата на Леонардо исто како и многу споменици на древните цивилизации. Тука се наоѓа и накитот и огледалото на Жозефина, која е првата љубов на Наполеон и негова прва законска сопруга.


4. George Pompidou

sedum-pricini-zosto-go-sakame-pariz-4

Зграда на музеј која веднаш ќе ве привлече со својата конструкција. Направена е по барање на тогашниот претседател Жорж Помпиду, кој имал една единствена желба – Париз да го направи оригинален музеј посветен на современата уметност.


5. Les fromages et les vins

sedum-pricini-zosto-go-sakame-pariz-5sedum-pricini-zosto-go-sakame-pariz-6

Француските вина ги воодушевуваат сите љубители на овој пијалок ширум светот. Доколку сте љубител и на вкусните сирења и кашкавали, тие сте одличен спој. Сирењата по традиција се служат после главното јадење, пред десертот, додека вината се нешто задолжително кога станува збор за вкусен ручек или вечера.


6. Монмартр

Во подножјето на Монматр ќе здогледате интересен споменик кој е посветен на љубовта. Станува збор за ѕидот наречен Le mur des je t’aime, на кој на над 300 јазици пишува „Те сакам“.


7. La Defense

sedum-pricini-zosto-go-sakame-pariz-7

Бизнис област која изгледа како град на иднината. Тука ќе ги сретнете зградите на најзначајните светски компании, изградени во модерен стил. Во оваа област нема многу туристи или случајни минувачи, исклучиво овде се движат групи на соработници облечени во скапи одела кои пијат вкусно кафе додека прават пауза од работата.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,312 секунди.