Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Патувања...
Опис на форумот: Многу ме нервираат типови кои се фалат дека сакаат патувања. Па добро бе, кој не сака?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26717 Датум на принтање: 23.Ноември.2024 во 21:54 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Париз - градот на светлината и романтикатаПостирано од: Valerija
Наслов: Париз - градот на светлината и романтиката
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 20:02
Според мене,најубавиот град Што мислите Вие?
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/15494-sedum-pricini-zosto-go-sakame-pariz" rel="nofollow - Седум причини зошто го сакаме Париз
По мислењето на многумина, Париз е најубавиот и најромантичен град во
светот. Тоа е градот на љубовниците, уметниците, врвната мода,
највкусното вино...
Избравме само седум од многуте карактеристики на Париз кои сигурно ве асоцираат на него.
1. La Tour Eiffel
Неспоредливата Ајфелова кула. Гордо го зазема првото место кога
станува збор за најубавите светски градби. Конструирана е од страна на
Густав Ајфел, во далечната 1889 година, по повод Светската изложба.
Чекањето за искачувањето на врвот навистина вреди. Погледот кон
прекрасниот Париз може да го засладите со вкусно пенливо вино, кафе или
пак вкусните француски специјалитети.
2. Гламур
Уште од 17 век Париз се смета за центар на модата, стилот, културата,
книжевноста и уметноста воопшто. Денес, Париз асоцира на звучни модни
креатори кои ги осмислуваат актуелните трендови.
3. Le Louvre
Величествена градба и најпознат музеј во кој можете да бидете сведоци
на уметноста која датира пред многу години. Ако сте љубител на
уметноста, Лувр е правото место за вас. Конечно ќе ја погледнете Мона
Лиза во вистинска големина, сликата на Леонардо исто како и многу
споменици на древните цивилизации. Тука се наоѓа и накитот и огледалото
на Жозефина, која е првата љубов на Наполеон и негова прва законска
сопруга.
4. George Pompidou
Зграда на музеј која веднаш ќе ве привлече со својата конструкција.
Направена е по барање на тогашниот претседател Жорж Помпиду, кој имал
една единствена желба – Париз да го направи оригинален музеј посветен на
современата уметност.
5. Les fromages et les vins
Француските вина ги воодушевуваат сите љубители на овој пијалок ширум
светот. Доколку сте љубител и на вкусните сирења и кашкавали, тие сте
одличен спој. Сирењата по традиција се служат после главното јадење,
пред десертот, додека вината се нешто задолжително кога станува збор за
вкусен ручек или вечера.
6. Монмартр
Во подножјето на Монматр ќе здогледате интересен споменик кој е
посветен на љубовта. Станува збор за ѕидот наречен Le mur des je t’aime,
на кој на над 300 јазици пишува „Те сакам“.
7. La Defense
Бизнис област која изгледа како град на иднината. Тука ќе ги сретнете
зградите на најзначајните светски компании, изградени во модерен стил.
Во оваа област нема многу туристи или случајни минувачи, исклучиво овде
се движат групи на соработници облечени во скапи одела кои пијат вкусно
кафе додека прават пауза од работата.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Коментари: Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 20:04
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 20:05
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 20:08
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 20:08
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 20:10
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Декември.2013 во 19:20
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/16311-na-magicna-prosetka-niz-pariz" rel="nofollow - На магична прошетка низ Париз
Би сакале ли да можете да се вратите во времето, на пример во 50-тите или 60-тите години и да уживате во прошетка во Париз?
Баш како Одри Хепберн во Funny Face? Уживајте за момент:
1. За почеток тура со овие автобуси
2. Или можеби поромантична варијанта?
3. Гламурозна мода
4. Или истражување на секојдневната мода низ градот
5. Никако не го пропуштаме НотрДам...
6. ...и тесните улички зад катедралата
7. Танц покрај Сена во попладневните часови
8. И уживање во прошетката
9. Малку шопинг во La Samaritaine
10. На кафе и слатки во Café de la Paix
11. Најдобрите модни парчиња во Printemps
12. Романтика на Монтмартр
13. И добро вино...
14. И секако, посета на Ајфеловата кула...
Како да не се заљуби човек во овој град?!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Декември.2013 во 08:24
Хотелот Castille Paris има неверојатна локација заради елитната
околина во која се наоѓа. Хотелот нуди несекојдневно уживање со
раскошниот и класичен стил во кој е уреден.
Првично, уште во 18тиот век оваа градба е позната како приватна
резиденција. Како хотел го задржала стилот од пред стотици години,
меѓутоа со малку повеќе луксуз.
Castille Paris нуди дури 86 луксузно опремени соби, како и 21 дуплекс
соби и апартмани. Половина од нив се декорирани на современ, а половина
на класичен венецијански стил.
Поголем дел од собите се со извонреден поглед. Мермерните бањи со луксузни детали се нешто во кое секој гостин може да ужива.
Ресторанот во овој хотел нуди неверојатни италијански вкусови и специјалитети на кои речиси никој не одолеал.
Погледнете како изгледа хотелот кој се чини дека е производ на сечија фантазија, помешана со луксузните задоволства.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Декември.2013 во 19:47
Совршено украсен хотел во романтичниот Париз
Празничната магија ги прави сите места
поубави, меѓутоа кога и креативните луѓе ќе се потрудат околу
украсувањето, крајниот резултат се објекти од кои што застанува здивот.
Таков е случајот и со овој совршено украсен хотел во романтичниот Париз.
Имено, Џеф Литхам, уметничкиот директор во "Four Seasons" хотел во
Париз, успеал на фантастичен начин да го трансформира лобито и дворот
на овој престижен хотел во пресрет на празниците.
Дека станува збор за навистина совршено уреден хотел говори и податокот
дека самата Опра Винфри го посетила овој хотел, се со цел да им се
воодушевува на празничните инсталации, а сето тоа го споделила и со
своите фанови на социјалниот сервис Инстаграм.
Во внатрешноста на лобито на овој луксузен хотел, место кое што го
посетува светската елита, Џеф поставил огромен "Секси златен ирвас",
креиран во соработка со Мајкл Аман од "Crystal Groupe".
Постојат безброј барови со панорамски поглед на Париз и сите
меѓусебно се доволно оддалечени за да ви овозможат сосем поинаков поглед
на градот. Со чаша добро вино и поглед од некоја тераса може да ја
вкусите сета убавина на Париз, вечниот град на љубовта.
Колку што може да биде релаксирачко кафето на една од бројните тераси
во Париз и да го набљудувате како светот минува покрај вас, уште толку
повеќе ви се одзема здивот додека пиете чаша квалитетно вино со
прекрасен поглед на француската престолнина...
La Vue бар е сместен на 34 кат од хотелот Concorde Lafayette кој се наоѓа во северниот дел на градот.
Со своите 15 метри долг шанк и дискретното осветлување, Ла Вуе совршно ја изразува убавината на Париз.
Коктелите во овој бар ги подготвува повеќекратно наградуван коктел мајстор Стефан Мартин.
Hotel Terrass има тераса сместена на седмиот кат. Сместен е сред Монмартер и има совршен панорамски поглед на градот.
До речиси совршена линија од лево и од десно се наредени Ајфеловата
кула, Монтпарнас и Les Invalides. Барот е отворен од април до октомври.
Georges е сместен на последниот кат на центарот Помпид, односно музејот на современа уметност.
Центарот е дизајниран од страна на реномирани париски архитекти кои
ја имале на ум совршената локација и можноста која може да ја понуди
еден бар на кров.
Барот е уреден во стилот на самата градба, футуристички и модерно. Во
него можете да јадете, да пиете кафе или чаша вино додека во самиот
центар на градот го гледате зајдисонцето зад париските покриви.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 08:55
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Март.2014 во 09:41
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/21736-site-skrieni-tesni-ulicki-vo-pariz" rel="nofollow - - Сите скриени, тесни улички во Париз
Париз е полн со тајни тесни улички, расфрлани низ целиот град. Скриени во булевари или некој напуштен кварт, неочекувано може да не изненадат и да не натераат да заминеме по нивната калдрма во непознат правец.
Тие се одлично сведоштво на историјата и свежиот воздух надвор од урбаниот метеж.
Погледнете кои се најубавите пејзажи, улици и вили кои може да се откријат за време на прошетка низ Париз.
RUE DES THERMOPYLES, 14th
Една од најубавите тајни улички во Париз. Сместена до Raymond Losserand ќе ве одведе во свет исполнет со пријатна тишина.
CITÉ DURMAR, 11th
Позната како улица на пиењето, составена од повеќе мали улички. Опкружена со мали продавници обвиени во цвеќиња од сите страни. Ќе ве воодушеват прекрасно уредените дворови на жителите од овој кварт во Париз.
VILLA DIETZ-MONNIN, 16th
Овде ќе откриете на многу вили, тесни улички со мали куќи во буржоаски стил. Ако сте во потрага по авантура, посетете ја вилата Montmorency.
CITÉ PILLEUX, 18th
Место кое туристите немаат навика да го посетуваат, а нуди одлично уживање. Во минатото биле нарекувана - улица на работниците, затоа што постоеле работни простории на приземјето од секоја вила, кои денес за жал се затворени.
RUE CRÉMIEUX, 12th
Не е баш и некоја тајна уличка, но ќе ве освои со шарените фасади. Важи за една од најубавите и најнеобични улици во Париз кои вреди да ги запаметите.
PASSAGE DU CHANTIER, 12th
Ова е најстарата улица во градот на љубовта и романтиката. Во минатото била доминантна област, но денес тука може да најдете само продавници за мебел.
VILLA LÉANDRE, 18th
Во срцето на Монмартр, во близина на авенијата Јунот, е лоцирана рајската вила Леандре. Ако некогаш патот ве наведе натаму, задолжително поминете по оваа типично француска, тивка уличка.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 18:48
Градот на светлината годишно привлекува над 45 милиони туристи. Кои дојдени за шетање, кои за романтика, на крајот сите си заминуваат вљубени во Париз.
Не сте биле во Париз ако не сте се качиле на Ајфеловата кула (и дење и ноќе). Ако не сте крстареле и одмарале покрај сена.
Ако не сте ја посетиле Нотр Дам, Триумфалната капија, Лувр, операта Гарние, Версај... Ако не сте се напиле пиво на скалилата пред црквата „Светото срце“.
Ако не сте изоделе пешки барем 30тина километри уживајќи во душата на градот, ако не сте се напиле вино и сиренце во близина на Мулен Руж...
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 18:52
7 работи кои морате да ги видите и направите во Франција
Франција е позната по многу нешта, вклучувајќи ја храната, виното, модата, уметноста и архитектурата. И покрај тоа што градот Париз е број 1 на листата за посета кај голем број луѓе, сепак постојат толку многу други нешта кои вредат да се видат во Франција. Всушност бројот на тие нешта е толку голем што дури само една посета не би ви била доволна. Погледнете ги наредниве 7 работи кои морате да ги видите и направите доколку некогаш одите во Франција.
1. Париз
Точно, Париз е очигледен избор. И покрај тоа што е скап град и понекогаш нечист, сепак нема да се покаете доколку го посетите. Љубителите на уметноста дефинитивно не би сакале да го пропуштат Лувр, домот на познатата слика Мона Лиза. Исто така добра идеја е да го посетите музејот Орсеј каде што има уметнички дела од голем број талентирани сликари како Сезан, Моне, Мане, Гоген, Реноар и Ван Гог. Доколку преферирате модерна уметност, можете да го посетите центарот Помпиду.
Нешто што навистина не треба да го пропуштите е Богородичната црква (Нотр Дам). Архитектурата ќе ве остави без зборови, а доколку имате енергија, искачете се на врвот на кулата од каде што ќе имате прекрасен поглед кон Париз.
Наредна точка на вашата листа би требало да биде Версајскиот дворец. Тој се наоѓа на огромна површина, каде што покрај главната палата можете да ги посетите и големите градини, имотот на Марија Антоанета и големиот Тријанон – мала палата која ја користел Луи XIV. Версајскиот дворец е под заштита на УНЕСКО и е едно од најубавите места во Париз.
Меѓу другото, можете да поминете едно попладне пловејќи по реката Сена, да се качите на Ајфеловата кула или на кулата кај Монпарнас. Можете да ги посетите Елисејските полиња, Триумфалната капија и операта Гарние.
2. Пон ду Гар (Мостот над реката Гар)
Станува збор за римски аквадукт, кој се наоѓа на 25 километри од Авињон и е преку 2.000 години стар. И покрај тоа што оваа област е многу популарна кај велосипедистите и планинарите поради својата природна убавина, главната атракција е самиот аквадукт кој е во неверојатно добра форма за толку стара структура. Доколку погледнете подобро, ќе можете на камењата да ги видите натписите од оригиналните масони.
2. Карнак
Карнак е област која била создадена околу еден век пред Стоунхенџ. Таму можете да видите над 3.000 монолити кои се околу 4.000 години стари. Тие се значајни остатоци на една огромна мистерија, и покрај тоа што голем дел од луѓето веруваат дека се употребувале за религиозни и културни активности.
3. Катедрали
За сите оние кои сакаат уметност, архитектура и скулптури, катедралите во Франција се рајско место. Исто како во Италија и Шпанија, католиците граделе екстравагантни катедрали кои се монументи на визијата поврзана со вербата. Една од најпознатите катедрали е http://www.kafepauza.mk/art-i-dizajn/mont-saint-michel%E2%80%93grad-srede-more/" rel="nofollow - Мон Сен Мишел која се наоѓа во Нормандија. Станува збор за градба на остров која била посветена на Свети Михаил, а селото кое се развило околу нејзината основа, вклучувајќи ја и целата околина, се под заштита на УНЕСКО.
5. Замоци
Франција има многу повеќе замоци отколку што би можеле да замислите и дел од нив навистина вреди да се видат. Идејата да се живее во замок е често мечтаење на голем број луѓе и токму поради тоа замоците во Франција се отворени за туристите кои слободно можат да останат преку ноќ. За најдобро искуство, ви препорачуваме да прошетате низ долината Луара.
6. Винарски визби
Различни околини произведуваат различни видови грозје, а француските вина го добиваат своето име според тоа во кој регион биле создадени. И покрај тоа што големите винарски визби се и најпознати, сепак можете да најдете добри вина и во помалите и помалку познатите. Сигурни сме дека овие вина толку многу ќе ви се допаднат, што ќе си земете неколку со вас за дома.
7. Храна
Француската кујна е позната со причина. За појадок можете да пробате чоколадно млеко со свежо подготвени кроасани. Исто така одвојте време и за полуксузните ресторани и кафетерии. Нема да бидете разочарани.
Можете да си направите и мал пикник. Французите велат дека најдобрата храна се наоѓа во Лион, но и маркетите во Прованс не се лоши. Во комбинација со добро вино и Ајфеловата кула во позадина, ова ќе биде http://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/na-piknik-vo-pariz/" rel="nofollow - во вашиот живот.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 20:22
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 20:24
Многу убаво видео
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 20:27
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 20:28
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 20:28
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Март.2014 во 23:08
Најскапите хотели во Париз
Париз е многу убав град со прекрасна архитектура, историја и многубројни атракции. Секој посетител што сака да го искуси најдоброто што го нуди француската престолнина задолжително треба да престојува во некој од најлуксузните париски хотели. http://ubavinaizdravje.mk/%d0%b6%d0%b8%d0%b2%d0%be%d1%82%d0%b5%d0%bd-%d1%81%d1%82%d0%b8%d0%bb/%d0%bf%d0%b0%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b0/%d0%bd%d0%b0%d1%98%d1%81%d0%ba%d0%b0%d0%bf%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%85%d0%be%d1%82%d0%b5%d0%bb%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%bf%d0%b0%d1%80%d0%b8%d0%b7#respond" rel="nofollow - Н
Ви претставуваме неколку најимпресивни и најскапи хотели во Градот на светлината.
„Four Seasons George V“
Исклучително убав и скап, хотелот „Four Seasons George V“ претставува симбол на париската елеганција и префинетост. Од неговите балкони и прозорци има прекрасен поглед на Сена, Елисејските полиња, Триумфалната капија и на Ајфеловата кула. Се наоѓа на самиот крај на авенијата Елисејски полиња, на еден час со автомобил од аеродромот „Шарл де Гол“ и на 40 минути од аеродромот „Орли“.
„Hôtel Plaza Athénée“ е уште еден прекрасен париски хотел, претставува раскошен споменик во Париз и е еден од најубавите и најпознатите хотели во овој град. Од овој хотел, кој целиот блеска со елеганција, има прекрасен поглед кон Ајфеловата кула.
Можете да се опуштите во својата елегантна соба уживајќи во погледот, во дворот или пак да ги посетите блиските продавници. За совршен крај на денот посетете го хотелскиот ресторан и уживајте во специјалитетите на познатата француска кујна.
„Le Meurice“
„Le Meurice“, познат по својот луксуз уште од 1835 година, импресионира со исклучителната архитектура од 18-от век и со преубавата комбинација на старо и ново. Хотелот се наоѓа во центарот на првиот арондисман. Меѓу плоштадот „Конкорд“ и музејот „Лувр“.
Класичниот стил на овој хотел ја изразува богатата колекција антиквитети и уметнички дела. Благодарение на архитектот Филип Старк, денес овој хотел претставува многу убав спој на модерната и на традиционалната архитектура. Содржи вкупно 160 соби и синџир ексклузивни ресторани „Le Meurice“.
„Park Hyatt Paris-Vendôme“
Хотелот „Park Hyatt Paris-Vendôme“ може да се опише како исклучителен спој на раскош, елеганција и убавина. Љубезниот персонал ги исполнува вашите очекувања и тука се е внимателно осмислено за да ви даде извонредно искуство.
Хотелот има 168 соби, секоја уредена во класичен европки стил, со модерни линии и драматични детали. Уживајте во пријатната атмосфера, посетете ја околината или опуштете се во дворот на хотелот.
Хотел „Le Bristol“
Сместен е на неколку чекори од Елисејските полиња. Овој преубав хотел нуди врвна услуга и мешавина од француска елеганција и англиски шарм. Многу е романтичен и совршен е за двојки што сакаат да го поминат медениот месец во Париз.
Ентериерот на хотелот се одликува со палета од нежни бои, префинета дрвенарија и исклучителни материјали. Сите овие детали ја истакнуваат романтичната атмосфера и придонесуваат за пријатноста на амбиентот. Собите се опремени со мебел од 18-ти век, а некои имаат тераси со поглед кон Градот на светлината.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 30.Март.2014 во 01:30
7 Декември 1887
26 Декември 1888
Денес
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Март.2014 во 15:31
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Март.2014 во 15:32
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Март.2014 во 15:32
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Март.2014 во 15:37
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Март.2014 во 15:52
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Март.2014 во 15:53
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Април.2014 во 22:20
ШТО СЕ ТРЕБА ДА СЕ ВИДИ ВО ПАРИЗ
Кога помислувате на Париз, најверојатно вашата прва асоцијација е Ајфеловата кула, меѓутоа тоа не е единственото нешто што го одзема здивот во градот на светлината.
Погледнете кои знаменитости морате да ги посетите за да го осетите вистинскиот шмек на градот над градовите.
Лувр
Со оглед на величествените артефакти и големината на Лувр, факт е дека за да го разгледате целиот музеј ќе ви биде потребен цел ден. Но вие можете барем да ја видете прочуената Мона Лиза или да видете во живо како изгледа вистинска египетска мумија.
Мулан Руж
Најубавото го оставивме за крај. Доколку сакате да видите вистинска кабаре претстава, треба да знаете дека картата не е евтина, ќе ве чини 100 евра. Но ако сте веќе во Париз тоа не смеете да го пропуштите.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Април.2014 во 16:54
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Април.2014 во 19:16
Ајфеловата кула
Париз е еден од најромантичните градови во светот, а можеби најпрепознатливата знаменитост на Градот на светлината е Ајфеловата кула. Многумина посетата на ова препознатливо обележје ја гледаат како големо клише, но ништо не може да го замени погледот на Париз од опсерваторијата на третото ниво, ниту пак задолжителната фотографија со бакнеж на подножјето.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Мај.2014 во 08:01
http://www.crnobelo.com/dom/ureduvanje/23406-sitnicite-ve-izdavaat-11-znaci-deka-ste-rodeni-za-zivot-vo-pariz" rel="nofollow - - Ситниците ве издаваат: 11 знаци дека сте родени за живот во Париз
Дали вашиот дом дише во атмосферата на романтичниот Париз? Уживате во чаша вкусен шампањ засладена со крцкави макаронс?
Добро проучете го вашиот дом и откријте дали сте родени за романтичен живот во Париз.
1. Дома имате најмалку 5-6 празни шишиња парфем кои сте ги претвориле во мирисни декорации.
2. Опседнати сте со ситници кои доаѓаат во мали, портокалови кутии. Подоцна, истите точно знаете како да ги искористите за складирање и декорација.
3. Брокатот и сомотот се вашите омилени материјали во ентериерот.
4. Терасата или балконот задолжително има парче ковано железо со прекрасни текстури.
5. Сијалици, нема шанси! Барем додека не се дел од некое раскошно осветлување со старински линии или модерни кристали.
6. Знаете точно како се спојуваат модерните и ретро парчиња мебел.
7. Спалната соба е синоним за беспрекорно бела боја.
8. Дури и кога спалната соба е најуредна, преферирате еден пар високи потпетици фрлени на подот како декорација.
9. Имате луксузен часовник - будилник со циркони, кристали, во песочна нијанса, многу сличен на Cartier моделите.
10. На трпезата никогаш не ви недостасува сирење Фромаж и долги, француски лепчиња.
11. За крај, немате полица на која не постои мини Ајфелова кула.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Мај.2014 во 08:16
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/23532-5-tajni-restorani-vo-pariz-koi-vredat-da-bidat-razotkrieni" rel="nofollow - Тајни ресторани во Париз кои вредат да бидат разоткриени
Никогаш не би помислиле дека во овие места во Париз се кријат ресторани и тоа не било какви туку ресторани кои нудат одлична услуга и вкусна храна.
Парижаните веројатно обожаваат тајни и ги оставаат туристите сами да ги откријат рестораните, па доколку одите во градот на светлината отворете ги очите бидејќи можеби пред вас се наоѓа некој таен ресторан.
Не пропуштајте да ги посетите засега овие 5 ресторани чувани во строга тајност:
1. L’Etage de Pastavino
Најдобро чувана тајна е токму овој ресторан кој се наоѓа на улицата Св. Гермаин. Кога ќе поминете покрај објектот во кој се чува оваа тајна прво што ќе забележите е обична секојдневна италијанска продавница за сендвичи во која ништо не се случува. Но, во самиот заден дел од продавницата има две црни табли кои упатуваат токму кон ресторанот, а се едвај забележливи. Над нив се наоѓаат скали и во горниот кат постои прекрасен ресторан со вкусна храна и одлична џез музика.
2. La Maison des Frigos
На вечера со уметниците во напуштената фабрика за ориз. Овој објект се наоѓа токму во самата фабрика која е веќе 100 години напуштена и веројатно никогаш не би тргнале наваму ако не знаете дека тука постои одличен ресторан кој го посетуваат уметниците. Овој ресторан нуди прекрасен избор на храна со богато мени кое го подготвува јапонскиот сопственик Марико.
3. Le Foyer de la Madeleine
Повеќето парижани воопшто не ни знаат дека се крие ресторан во спомен обележјето на Наполеон. До овој ресторан се стигнува преку мала скриена врата од црквата зад маркетот за цвеќиња. Она што е специфично за ова место е тоа што ако сте член воопшто не плаќате, но за останатите целосен ручек вклучувајќи предјадење, главно јадење и десерт би ве чинел 10 евра.
4. Chez Louisette
Овој ресторан ќе ве врати назад во времето во далечната 1930та, а дури и луѓето кои седат добиваат карактер на старите парижани. Тоа е така поради атмосферата, музиката, но и изгледот на самиот локал. Ако сакате со еден збор да го опишете овој ресторан тогаш тој е сигурно драматичен. Ќе се чувствувате како да се наоѓате во стар париски филм. Инаку, овој таен ресторан се наоѓа низ уличките во најпознатото пазарче на Париз.
5. Café A
Овој ресторан е можеби најчуваната тајна од страна на парижаните и голема е веројатноста дека тие не сакаат да го делат со туристите. Ресторанот е скриен во галерија, односно музеј од 10тиот век посветен на архитектурата. Откако ќе го разгледате музејот, добро концентрирајте се и ќе пронајдете убаво среден двор со неколку маси за седење. Во текот на викендите се организира мини кино, но и мали концерти. Одлично за мирна ноќ со богата храна.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Септември.2014 во 08:23
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/25495-15-znaci-koi-otkrivaat-deka-trebalo-da-ziveete-vo-pariz" rel="nofollow - 15 знаци кои откриваат дека требало да живеете во Париз
Постирано од: zabegan
Датум на внесување: 05.Септември.2014 во 19:05
Париз е нај overrated град во светот... има илјадници градови со сосема истата културна тежина, дрматичност и убавина, ама овој да ти бил посебен демек... и тоа што е најсмешно е што просечен турист кога оди во Париз, се задржува на најкомерцијалните глупости кои се продаваат, наместо да ја осети вистинската култура на градот
------------- размисли пред да напишеш глупост
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Септември.2014 во 14:21
Париз живее за прекрасно уредените тераси на кои се сместени малите барови и ресторани.
Една од најубавите е сопственост на хотелот Raphael, сместен на авенијата Kléber.
Терасата се наоѓа на седмиот кат од хотелот и овозможува незаборавно опуштање со чаша префинет шампањ и поглед кон Ајфеловата кула и шармантните париски кровови.
Прво што ќе забележите е беспрекорното зеленило, украсните грмушки кои се испреплетуваат со рози, кои во лето шират арома која опива.
Централната позиција ја зазема малечкиот шанк поставен на голема шаховска плоча, а околу него се распоредени малечките удобни маси и столчиња кои даваат голема доза на топлина.
Додека времето е убаво, терасата е целосно отворена, а на неа се служат врвни специјалитети на француски начин.
Кој би одолеал?
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: lotus flower
Датум на внесување: 18.Декември.2014 во 05:20
se nadevam ke go vidam narednata godina
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 21.Мај.2015 во 03:06
Есенцијата на Париз преточена во храна
Доколку не сте дел од оние посетители кои можат со часови да чекаат пред железната убавица на Париз, тогаш веројатно сте дел од љубителите на добрата храна и вино.
Блогерите на http://www.tiffintales.com/" rel="nofollow - Tiffin tales ги истражиле париските слаткарници и пекари и препорачуваат неколку задолжителни вкусови кои вашите сетила мора да ги искусат.
Макарунс
Слатко во само еден залак. Тоа е класичниот изглед и замисла за десертите и токму затоа, макарунсите се првиот и основен концепт за слатка во Париз. http://www.pierreherme.com/" rel="nofollow - Pierreherme е епицентарот на најдобрите макарунси и од тука не можете да заминете се додека не ги пробате класиците. Прв е вкусот и мирисот на карамела. По него доаѓаат летните вкусови Ispahan (роза, малина и личи овошје) и сите видови на летни макарунси полнети со сладолед.
Топла чоколада
Не станува збор за блага Нестле инстант чоколада, туку изобилие на богат и силен вкус на вистинска чоколада. Секако, доколку овој вкус е премногу силен, секогаш можете да додадете малку свежо млеко и да ја ублажите аромата на париската топена чоколада. Местото кое се препорачува е http://www.angelina-paris.fr/fr/" rel="nofollow - Angelina .
Багети
Парижаните се страстен народ и не би чекале ништо друго освен, нивниот топло приготвен леб. Секако, не без причина. Парискиот леб е вистински деликатес и „клише“. Без оглед на тоа, дали станува збор за богат бизнисмен или сиромашен просјак, ќе ја забележите типичната слика на парижанец со багет во раката. Блогерите ја препорачуваат единствената „буланжерија“ на Монмартр http://www.gontrancherrierboulanger.com/" rel="nofollow - Gontran Cherrier .
Сирење
Несомнено дека токму овој тип на солен деликатес ќе се најде во оваа листа. Цела Франција е добро позната по своите многубројни и различни типови и вкусови на сирење, а центарот е токму во Париз. Тука ќе ги најдете вкусовите на цела Франција. Што се однесува до нивната дегустација, тоа останува на вас. Добро познати продавници на сирења се http://parisbymouth.com/fromagerie-quatrehomme/" rel="nofollow - Fromagerie Quatrehomme и http://parisbymouth.com/fromagerie-quatrehomme/" rel="nofollow - La Fermette .
Путер
Кога ќе го слушнете зборот путер, ви се враќа сликата на девојчето во дрвени кломпи и холандска етно носија од цртаните, нели? И можеби е така. Општо сите западноевропски земји (без оглед дали е тоа, Холандија, Германија..) приготвуваат свој путер, но кога ќе дојдете во Париз, ќе ја имате можноста и во еден обичен супер маркет да пробате 10 различни вкусови. Уживајте здраво и разумно во овој француски деликатес ( http://www.lebeurrebordier.com/" rel="nofollow - Bordier ).
Кроасани
Французите навистина сериозно го сфаќаат приготвувањето на кроасаните и поседуваат цел сет на правила и чекори за подготвување на добар кроасан. Кроасанот не е добар ако не можете да го вкусите педантно. Основниот концепт е навртена златно жолта полу месечина со мека полу еластична и внатрешност полна со путер. Додека купувате макарунси, не заборавајте да купите и еден кроасан од http://www.pierreherme.com/" rel="nofollow - Pierre Hermé .
Палачинки
Нема што многу да се зборува. Никој не може да одолее на свежо подготвената палачинка исполнета со нутела, банани и бисквит. Или пак, за оние кои претпочитаат солени вкусови: сланина, топено сирење и павлака.
Чоколада
http://jacquesgenin.fr/" rel="nofollow - Jacques Genin преточување на соништата на сите љубители на чоколада, во реалност. Блогерите велат: сите вкусови, оние кои сте ги замислиле и оние за кои не сте ни сонувале, ќе ги најдете на едно место - Париз.
Фалафел
Традиционално, фалафелот е арапски рецепт. Поимот потекнува од арапскиот збор falāfil, што буквално означува, пиперка. Станува збор за топка пржен зеленчук која да, можете да ја сретнете и на улиците на Париз. Место каде можете да го пробате овој арапски деликатес со париски „шмек“ е https://plus.google.com/115347975969490413823/about?gl=US&hl=en" rel="nofollow - L’As du Fallafel .
Маделини
Кога ќе го слушнам овој поим, секогаш се присетувам на готвачот на Hell’s kitchen, кој на 24 часа приготвува маделини со своите деца. Рецептот се чини лесен за приготвување, но вкусот не е ни одблизу како оној на париските улици. Место кое се препорачува за топло и секако, полни путер и јајца, слатки маделини, е http://parisbymouth.com/ble-sucre/" rel="nofollow - Blé Sucré .
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Ноември.2015 во 19:18
20 причини кои ќе ви откријат зошто Париз е центар на светот
Градот на светлината минува низ турбулентен период во последно време. Но, ни терористите, ниту пак стравот нема да може да ја убијат убавината и духот на Париз. Градот на Сена е вечен и неуништлив, а ние ви прикажуваме 20 причини зошто е тоа така:
Затоа што Сена е река покрај која се ужива во мир и тишина.
Бидејќи париските палачинки се најдобри од сите останати.
Не постои ништо поубаво од кроасан.
Погледот на Sacre-Coeur ќе ве остави без здив.
Бидејќи овој град ќе ве воведе во мистериозниот свет на Moulin Rouge.
Затоа што француското вино е едно од најсовршените на светот.
Бидејќи Louvre ја поседува најдобрата уметничка збирка во светот.
Париз е заслужен за модата во денешно време.
Денот во Луксембуршкиот парк никогаш не е залудно потрошен.
Бидејќи Champs Elysees е неверојатен во секој поглед.
А на крај на претходно споменатите знаменитости ве чека Триумфалната порта.
Ова е градот на Серж Генсбурж.
И на Едит Пиаф.
За свој дом, градот го сметаа Пикасо, Хемингвеј, Џозефин Бекер...
Нема град со толку многу различни видови на леб.
Бидејќи погледот кон Ајфеловата кула ќе ве натера повторно да се заљубите/
Затоа што овде вечерите ги поминувате со пријателите и фамилијата.
Затоа што Notre Dame е магичен исто како и во соништата.
Овде се бакнувате каде и да стигнете...
... едноставно, ова е градот на љубовта!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!