IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Јадења низ светот што мора да се пробаат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Јадења низ светот што мора да се пробаат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104971
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2018 во 09:43

Крофни во Чикаго, САД

Локал: Doughnut Vault

hrana-i-patuvanje-deserti-koi-treba-da-gi-probate-na-10-razlichni-destinacii-07.jpg


Kасутера (Castella сунѓер торта) во Нагасаки, Јапонија

Локал: Shooken

hrana-i-patuvanje-deserti-koi-treba-da-gi-probate-na-10-razlichni-destinacii-08.jpg


Чизкејк во Њујорк, САД

Локал: Eileen's Special Cheesecake

hrana-i-patuvanje-deserti-koi-treba-da-gi-probate-na-10-razlichni-destinacii-09.jpg


Lebkuchen (Gingerbread колачиња) во Нирнберг, Германија

Локал: Hauptmarkt

hrana-i-patuvanje-deserti-koi-treba-da-gi-probate-na-10-razlichni-destinacii-10.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104971
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Ноември.2018 во 09:45

Крофни во Санкт Петербург, Русија

Локал: PyshechnayaIs

hrana-i-patuvanje-deserti-koi-treba-da-gi-probate-na-10-razlichni-destinacii-02.jpg


Каноли во Таормина (Сицилија), Италија

Локал: La Pignolata Guinness Cannoli

hrana-i-patuvanje-deserti-koi-treba-da-gi-probate-na-10-razlichni-destinacii-03.jpg


Линцер торта во Линц, Австрија

Локал: Cafe Jetschke

hrana-i-patuvanje-deserti-koi-treba-da-gi-probate-na-10-razlichni-destinacii-04.jpg


Трделник во Прага, Чешка

Локал: Good Food, Coffee and Bakery

hrana-i-patuvanje-deserti-koi-treba-da-gi-probate-na-10-razlichni-destinacii-05.jpg


Белгиска вафла во Брисел, Белгија

Локал: Waffle Factory

hrana-i-patuvanje-deserti-koi-treba-da-gi-probate-na-10-razlichni-destinacii-06.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104971
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2018 во 09:31

Шпанија: Turron, Polvorones

Polvorones – неверојатни меки и ронливи традиционални божиќни колачиња, посипани со шеќер во прав, чие име „Polvo“ на шпански значи токму – прав.

19-tradicionalni-bozikjni-kolacinja-od-evropskiot-kontinent (12).jpg

Turrón de Navidad – еден вид на алва, со изразен вкус на бадем и лешници, сладок десерт кој е достапен во тврда и мека форма.

19-tradicionalni-bozikjni-kolacinja-od-evropskiot-kontinent (13).jpg

Швајцарија: Basler Brunsli

Basler Brunsli – Швајцарски зачинети чоколадни колачиња.

19-tradicionalni-bozikjni-kolacinja-od-evropskiot-kontinent (14).jpg

Франција: Madelenes, Sables

Sables Bretons – класични француски колачиња, чиј уникатен вкус се постигнува со солен путер.

19-tradicionalni-bozikjni-kolacinja-od-evropskiot-kontinent (15).jpg

Madeleines – деликатни, меки, чајни колачиња со исклучително форма, низ кои провејува суптилен мирис на лимон и ванила.

19-tradicionalni-bozikjni-kolacinja-od-evropskiot-kontinent (16).jpg

Холандија: Stroopwafels

Stroopwafels – тенка крцкава вафла со карамел, која станува мека доколку ја ставите врз топло чајче, кафе или какао.

19-tradicionalni-bozikjni-kolacinja-od-evropskiot-kontinent (17).jpg

Белгија: Speculaas

Speculaas – тенко, зачинето колаче, особено популарно во Белгија и Холандија, кое се издвојува по шарата.

19-tradicionalni-bozikjni-kolacinja-od-evropskiot-kontinent (18).jpg

Норвешка: Pepperkaker

Old fashioned pepperkaker – овие норвешки колачиња со ѓумбир тенки како лист хартија се преполни со зачини и малку коњак кој им дава необичен и истовремено неодолив вкус.

19-tradicionalni-bozikjni-kolacinja-od-evropskiot-kontinent (19).jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104971
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2018 во 09:32

Lebkuchen – можеби најпопуларното божиќно колаче во Германија. Ова е ѓумбир-колаче кое најчесто се прави со мед и многу зачини, а понекогаш се додава и марципан.

Уште еден интересен податок – традицијата на изработка на слатките декоративни куќички со вкус на ѓумбир започнале токму во Германија.

19-tradicionalni-bozikjni-kolacinja-od-evropskiot-kontinent (1).jpg

Haselnussmakronen – меко и растегливо колаче со бадеми.

19-tradicionalni-bozikjni-kolacinja-od-evropskiot-kontinent (2).jpg

Zimtsterne – колаче во облик на ѕвезда со вкус на цимет, уште едно традиционално германско колаче со бел, шеќерен прелив.

19-tradicionalni-bozikjni-kolacinja-od-evropskiot-kontinent (3).jpg

Vanillekipferl – најпопуларното австриско божиќно колаче во облик на полумесечина, со примеси на ванила и путер.

19-tradicionalni-bozikjni-kolacinja-od-evropskiot-kontinent (4).jpg

Linzer kekse – уште едно австриско „сендвич“ колаче чие тесто има изразен вкус на јатки, односно бадеми во случајов, а двете половинки се залепени со џем од малини.

19-tradicionalni-bozikjni-kolacinja-od-evropskiot-kontinent (5).jpg

Ginger linzer cookies with butter caramel – уште една варијација на популарните „Linzer“ колачиња, овој пат во комбинација со ѓумбир, путер и карамел.

19-tradicionalni-bozikjni-kolacinja-od-evropskiot-kontinent (6).jpg

Италија: Biscotti, Amaretti, Panforte, Strufolli

Chocolate-dipped almond biscotti – традиционални тврди бисквити со чоколаден прелив и додатоци како бадеми.

19-tradicionalni-bozikjni-kolacinja-od-evropskiot-kontinent (7).jpg

Chocolate Panforte – традиционален италијански „лебен“ колач со јатки и суво овошје, слично на нашиот милиброд.

19-tradicionalni-bozikjni-kolacinja-od-evropskiot-kontinent (8).jpg

Chewy Amaretti Cookies – колачиња со бадем

19-tradicionalni-bozikjni-kolacinja-od-evropskiot-kontinent (9).jpg

Ricciarelli – уште едно бадемово колаче од Сиена.

19-tradicionalni-bozikjni-kolacinja-od-evropskiot-kontinent (10).jpg

Struffoli – традионален божиќен десерт од Неапол, малечки топчиња од тесто кои се пржат во врело масло и се посипуваат со рендана кора од портокал и лимон, прелиени со мед на крајот.

19-tradicionalni-bozikjni-kolacinja-od-evropskiot-kontinent (11).jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104971
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2019 во 22:57
&amp;#208;&amp;#161;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;»&amp;#208;° - &amp;#209;&amp;#136;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#180;&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;»&amp;#208;°&amp;#209;&amp;#135;

Семла - шведски колач

Состојки
40гр растопен путер
125мл млако млеко
1 пакетче сув квасец
1 јајце
1 лажица шекер
прстофат сол
1 лажичка кардамон
по потреба брашно
за премачкување
1 јајце
плус
по потреба марципан
неколку лажички млеко
200мл слатка павлака

Семла е класичен шведски колач кој што традиционално се јаде на/ дебел вторник/тоа е последниот вторник пред да почнат велигденските пости.
Оваа година тој вторник е на 5 март, традиционално се јаде, пие бидејки од наредниот ден почнуваат постите. Во денешно време ретко кој пости, но традицијата за овие вкусни и меки печива останала.

Се меси мазно тесто и се остава да одмори. Откако убаво ќе нарасне се дели на 8 дела и од секој дел се формира топче. Се редат во намрсено тавче. Се оставаат околу 30мин да нараснат убаво. Пред печење се премачкуваат со изматено јајце и се печат во загреана рерна на 200степени додека не добијат убава боја.
Испечените лепчиња се сечат се вдлабнуваат и издлабеното тесто се меша со паста од бадеми и неколку лажици млеко. Со оваа се полнат лепчињата се става слатката павлака па се поклопуваат. Се наросуваат со шеќер во прав.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104971
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Мај.2019 во 10:04

Зимски десерти: Виенска слатка кнедла со афион и џем од сливи

Овој сладок десерт е специјалитет на виенската кујна, а е еден од најомилените зимски рецепти во Баварија.

Vienska-slatka-knedla-so-afion-i-dzem-od-slivi-01.jpg

Традиционално, кнедлата се прелева со стопен путер и се посипува со мешавина од мелен афион и шеќер во прав, а секогаш се сервира топло.

Обидете се самите да го направите овој зимски сладок десерт, вашето непце ќе ви биде благодарно.

Што ви е потребно?

  • 500 gr брашно (250 gr тип 400 + 250 gr тип 500)
  • 15 gr сув квасец
  • 50 gr шеќер
  • 50 ml млеко
  • 100 gr путер
  • 2 јајца
  • Прстофат сол
  • 150 gr џем од сливи
  • 50 gr афион


1. Во мал подлабок сад помешајте го квасецот, лажичка шеќер, млако млеко и оставете го на топло да се подигне.

2. Просејте го брашното, додадете ги останатите состојки и додавајќи ја смесата со квасецот замесете тесто. Оставете го малку да „се одмори“.

3. Обликувајте го тестото како „колбас“ и исечете поголеми кнедли. Расукајте ја малку кнедлата, наполнете ја во средината со џем од сливи и добро затворете ја.

4. Затворениот дел поставете го надолу брз набрашнета површина и оставете тестото да кисне и да нарасне (околу третина од својата почетна големина).

5. Нараснатите кнедли ставете ги да се варат во врела посолена вода покриени со капак, околу 5-6 минути. Потоа свртете ги и варете уште 5 минути, а секој пат кога ги превртувате при варењето проверувајте со чачкалица дали се сварени. Кнедлите се готови кога чачкалицата ќе излезе сосема сува од кнедлата.

6. Поставете ја слатката кнедла на чинија, прелијте ја со стопениот путер и посипете со мешавина од шеќер во прав и мелен афион.

Vienska-slatka-knedla-so-afion-i-dzem-od-slivi-02.jpg



Изменето од Valerija - 06.Мај.2019 во 10:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104971
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2020 во 21:24

Пинса- италијански специјалитет кој би можел да ја надмине пицата

Дали ја знаете разликата помеѓу пинсата и пицата? Во 2020 година многумина ќе ја дознаат, велат експертите за гастрономија, предвидувајќи дека во новата година пинсата ќе стане попопуларна од пицата. 

Podobra od picata Italijanskata pinsa bi mozela da stane hit 01

Но, во што е разликата помеѓу овие два италијански специјалитети?

Покрај својата овална форма, пинсата се разликува од пицата во лесната текстура на тестото, кое има помалку јаглени хидрати и маснотии.

Тестото се прави од мешавина од пченица, соја и ориз, така што не е тешко за стомакот, а оние што го вкусиле велат дека тестото е меко како облак.

Ова се постигнува со употреба на ладна вода и ладно брашно, како и бавно надигнување на тестото, од 20 до 120 часа, но најчесто 48 часа.

Покрај тоа, тестото треба да се меси полека, за да не се загрее премногу. Добрите пинси одвнатре мора да бидат сочни, а од надвор крцкави.

Исто како и пицата, пинсите ги правеле сиромашните рурални работници. За подготовка на ова јадење користеле вода и мешани житарки: јачмен, овес, просо и ориз.

Podobra od picata Italijanskata pinsa bi mozela da stane hit 02

Откако го преточиле тестото во изедначена овална форма, додавале едноставни состојки како ароматични билки и сол. Тогаш пинсата била подготвена за печење во врел јаглен.

Дури и Вергилиј во Енеидата запишал дека селаните во римските села мелеле житарки за да направат овален колач во жежок јаглен.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104971
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2020 во 08:58

Специјалитети што треба да ги пробате додека шетате во земјите низ светот

Знаевте ли дека со возраста, се менува и нашето сетило за вкус?

 
specijaliteti-shto-treba-da-gi-probate-dodeka-shetate-vo-zemjite-niz-svetot-001.jpg

Имено, јапонските научници докажале дека токму поради промената во сетилото за вкус, се менува и нашата омилена храна. Па така, во детството сладоледот ни е омилен „оброк“, додека многу зеленчуци ни имаат горчлив вкус.реклама


Можеби оваа промена е добра, бидејќи подоцна во животот ќе нè натера да пробаме нови вкусови.

А кога сме кај нови вкусови, добро би било да ги пробате овие јадења од целиот свет, штом ќе ви се укаже можност за тоа:

Шкотски јајца

Овој специјалитет е еден вид ќофте од мелено месо и презла, со мало изненадување во средината – варено јајце.

Каде да го пробате: Според Англичаните, најдобрите шкотски јајца ќе ги најдете во стар паб.

jadenja-od-celiot-svet-shto-vredi-da-gi-probate-02.jpg

Pastel de nata

Овој десерт е „кошничка“ од лиснато тесто, исполнета со крем од лимон и цимет.

Каде да го пробате: Најдобро е да го пробате овој десерт во Португалија, во некоја пекара во Лисабон.

jadenja-od-celiot-svet-shto-vredi-da-gi-probate-03.jpg

Ceviche

Ова јадење е направено од сурова риба маринирана во сок од лимон или лимета. Јадењето е зачинето со многу чили, коријандер и кромид.

Каде да го пробате: Најдоброто ceviche ќе го најдете во Перу.

jadenja-od-celiot-svet-shto-vredi-da-gi-probate-04.jpg

Погачи со школки

Школките се пржат во тесто направено од брашно, млеко, „сок“ од школки и јајца.

Каде да го пробате: Најдобрите погачи со школки ќе ги најдете на улиците во гратчињата на Роуд Ајланд, САД.

jadenja-od-celiot-svet-shto-vredi-da-gi-probate-05.jpg

Јагула во зелен сос (Paling in ’T Groen)

Супата е направена од јагула и густ зелен сос. Сосот содржи разни зачини, како нане, оригано, босилек, магдонос, ѓумбир, а понекогаш и спанаќ.

Каде да го пробате: Јадењето потекнува од Белгија, па најдобро е да го пробате во некој белгиски рибен ресторан.

jadenja-od-celiot-svet-shto-vredi-da-gi-probate-06.jpg

Thüringer Rostbratwurst

Рецептот за овие колбаси потекнува од Германија од 15-тиот век. Направени се од мелено свинско, телешко или говедско месо. Колбасите се приготвуваат на скара, со свинска маст, а се служат со мало лепче и сенф.

Каде да го пробате: На пазарот во Ерфурт, Германија ќе ги најдете автентичните колбаси, кои потоа можете да ги приготвите сами.

jadenja-od-celiot-svet-shto-vredi-da-gi-probate-07.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104971
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2020 во 08:59

Poutine

Ова јадење е всушност помфрит со сос и парчиња кашкавал. Компирчињата се крцкави однадвор и меки однатре, а сосот е многу мрсен и солен. Кашкавалот, пак, му дава совршена текстура.

Каде да го пробате: Ова е традиционално канадско јадење кое потекнува од покраината Квебек, а најдобро е да го пробате во Монтреал.

jadenja-od-celiot-svet-shto-vredi-da-gi-probate-08.jpg

Bouillabaisse

Ова е еден вид супа од морска храна, која содржи неколку видови риба, школки, октопод, ракчиња и јастог. Супата има и зеленчуци, како компири, праз и домати, а е зачинета со шафран.

Каде да го пробате: Јадењето можете да го пробате во Марсеј, Франција.

jadenja-od-celiot-svet-shto-vredi-da-gi-probate-09.jpg

Phirni

Phirni е сладок пудинг што ќе го најдете на речиси секој индиски карневал. Направен е од ориз, брашно, млеко и сушено овошје. Шафранот и кардамонот му даваат посебна арома на десертот, а понекогаш се додаваат и манго, цреши, бадеми и ф’стаци.

Каде да го пробате: Можете да го најдете десертот во близина на хиндуистичктие храмови, за време на секоја голема прослава.

jadenja-od-celiot-svet-shto-vredi-da-gi-probate-10.jpg

Pho Bo

Главната состојка на ова јадење е супата од месо, во која се додаваат нудли од ориз и парчиња месо. Чорбата се служи со свежи зачини и голема порција лимонов сок.

Каде да го пробате: Јадењето ќе го најдете во многу ресторани во Виетнам, но најдобро е да го пробате кај уличен продавач.

jadenja-od-celiot-svet-shto-vredi-da-gi-probate-11.jpg

„Супа“ од вишни (Meggyleves)

Ова е еден вид слатка супа, или компот, направена од вишни, слатка павлака, бело вино и цимет.

Каде да го пробате: Овој десерт ќе го најдете во секој ресторан во Унгарија, но најчесто во топлата сезона.

jadenja-od-celiot-svet-shto-vredi-da-gi-probate-12.jpg

Pizza ebraica

Иако во името стои зборот пица, ebraica e всушност десерт. Наликува на гранола и е направен со слатко тесто, сушено грозје, кандирано овошје, бадеми, сушена кајсија и сушена брусница.

Каде да го пробате: Најдобрата верзија од овој десерт ќе ја најдете во Рим.

jadenja-od-celiot-svet-shto-vredi-da-gi-probate-13.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104971
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2020 во 11:25

Десерт на денот: Мексикански колачиња од пет состојки

Десерт на денот: Мексикански колачиња од пет состојки

За подготовка на овој вкусен рецепт, потребни ви се само пет состојки.

Состојки:

  • 250 гр. путер
  • 60 гр. шеќер во прав
  • Лажичка екстакт од ванила
  • 210 гр. брашно
  • 100 гр. сецкани ореви

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 130 степени, а тавчето обложете го со хартија за печење.
  • Со миксер изматете го шеќерот додека смесата се соедини.
  • Потоа додајте ванила, па постепено додавајте брашно и матете. Во смесата додајте ги сецканите ореви, па измешајте. Рацете набрашнете ги со брашно, па вадете по една лажица од смесата и со рацете обликувајте колачиња.
  • Набрашнете ги рацете пред обликување на секое колаче за да не ви се залепи смесата.
  • Наредете ги колачињата во тавче и печете околу 40 минути.
  • Кога ќе се изладат, наросете ги со шеќер во прав и послужете.


Изменето од Valerija - 01.Мај.2020 во 11:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104971
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2020 во 11:02

Како изгледаат популарните зимски специјалитети во различни земји ширум светот

Се вели дека Германија ја започнала традицијата да го слави Божиќ со елка. Најпопуларна храна биле чорбите од зеленчук и деликатесите од риба или месо. Додека некои земји сè уште следат слични традиции, други создадоа свои посебни начини за славење на овој празник.

На пример, некои земји Божиќ го поврзуваат со пурпурни оризови колачи, а други не можат да замислат без прокељ.

Денес ве водиме на гастрономско патување низ целиот свет за да ги откриете најпопуларните зимски специјалитети на 15 различни земји ширум светот:

1. Јапонија – Тошикоши соба

2. Данска – Рисаламанде

3. Гренланд – Матак

4. Шведска – Искушението на Јансон

5. Франција – Полжави

6. Холандија – Олиеболен

7. Полска – Голабки

8. Кина – Осмото оризово богатство

9. Мексико – Тамалес

10. Бенгал – Кари Чингри Малај

11. Ирска – Мелени пити

12. Јужна Кореја – Кимчи дамплингс

13. Јамајка – Печенка шунка со глазура

14. Јужна Италија – Празник на седумте риби

15. Етиопија – Доро Ват

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104971
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2021 во 10:59

Традиционален полски колач „Бабка“ – совршен за студени зимски утра со кафе или чај


Совршено меко колаче кое одлично оди со кафе или чај, а децата ќе го обожаваат како слатка ужина. Овој колач е особено популарен во Полска и Украина, а доаѓа во повеќе варијации – со цимет, јаболка, суво грозје, мармалад, чоколаден крем итн.

Tradicionalen-polski-kolac-Babka-01.jpg

Потребни состојки:

За тестото:

  • 350g брашно
  • 40g шеќер
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 20g квасец
  • 100g омекнат путер на собна температура
  • 2 јајца
  • 150ml млако млеко
  • Малку сол

За филот:

  • 4 лажици чоколаден крем со лешници по избор
  • по желба може да додадете сечкани лешници, ореви…

Начин на подготовка:

  • Растопете го квасецот да нарасне со малку шеќер и малку млако млеко.
  • Во подлабок сад ставете го брашното и помешајте го со малку сол, во средината направете мала дупка и ставете го останатиот дел од млекото, едно јајце, квасецот кој веќе треба да е стасан, шеќерот, стопениот путер и замесете меко тесто.
  • Тестото треба да биде многу меко и лепливо. Покријте го добро и оставете го да нарасне 2 часа. Развлечете го тестото во правоаголна форма и премачкајте го со чоколадниот крем.
  • Завиткајте го во ролат и ставете го во замрзнувач најмалку 20 минути малку да се стегне.
  • Извадете го и пресечете го ролатот на половина. Двете половини сплетете ги една со друга како плетенка и префрлете го колачот во плех обложен со хартија за печење. Оставете го уште 1 час да нарасне уште малку.
  • Премачкајте го колачот со разматено јајце и печете го загреана рерна на 180°С околу 35 минути. Доколку сакате уште поблаго колаче кое ќе „свети“ може да го премачкате со малку стоплен мармалад по желба.

Tradicionalen-polski-kolac-Babka (3).jpg

Tradicionalen-polski-kolac-Babka (2).jpg

Tradicionalen-polski-kolac-Babka (1).jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 104971
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2021 во 11:26

Француска пита: Најлесен рецепт за чоколадна фантазија што се топи во устата



Француската пита нема никаква врска со Франција, туку тоа е американски изум од 1950-тите кој настанал за време на еден натпревар.

Во оригиналниот рецепт, филот на питата се состои од пудинг од чоколадо, но постепено беше заменет со раскошен мус крем. Бидејќи ова е десерт што мора да се стави во фрижидер пред да се сервира, основата на питата се состои од бисквити со путер кои не ја губат структурата по ладењето.

Француска пита: Најлесен рецепт за чоколадна фантазија што се топи во устата

Потребни состојки:

За основата:

  • 200 гр бисквити
  • 85 гр путер

За филот:

  • 200 гр шеќер
  • 170 гр омекнат путер
  • 85 гр црно чоколадо
  • 3 домашни пастеризирани јајца
  • 2 лажици ликер од портокал

За украсување:

  • шлаг

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 170 степени Целзиусови.
  2. Мелете ги бисквитите и измешајте ги со путерот. Мешајте додека не добиете влажна смеса.
  3. Со прстите притиснете ја смесата во плех за печење.
  4. Ставете во рерна 10 до 12 минути или додека не се компресира основата.
  5. Извадете од рерната и оставете да се излади целосно.
  6. Додека основата се лади, направете го филот. Растопете го чоколадото во микробранова печка или на пареа.
  7. Во блендер изматете ги омекнатиот путер и шеќерот.
  8. Додадете го растопеното чоколадо и ликерот.
  9. Постепено додавајте ги јајцата едно по едно и мешајте додека не добиете мазна смеса. Нанесете го на оладената основа од бисквити и оставете во фрижидер за 3 до 4 часови.
  10. Украсете со шлаг и уживајте во вкусот.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 456
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.