Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26716 Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 14:28 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Јадења низ светот што мора да се пробаатПостирано од: evangeline
Наслов: Јадења низ светот што мора да се пробаат
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 18:18
Кој сака да патува, сигурно сака и да ги испроба нивните специјалитети.
Кој знае нешто да сподели во темава, добредојден е. Кој не, нека си чита
Крцкави, свежи фалафел сендвичи преполни со зеленчук во Тел Авив, Израел.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Коментари: Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 18:23
Порција паела, ориз со шафран и морски плодови - Шпанија
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 18:25
Пица Наполитана, Неапол, Италија.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 18:27
Бразилска feijoada, чорба од говедско месо, свинско месо и црн грав.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 18:29
Чинија asam laksa, супа со многу зачини, риба и кнедли во Пенанг, Малезија
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 18:32
Крцкава емпанада полнета со месо, сирење или зеленчук во Чиле.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 18:34
Захер торта, Австрија
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 18:35
Masala dosa, тенка палачинка полнета со компир, кромид и зачини со чај за доручек во Индија
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 19.Октомври.2013 во 01:40
Changua е традиционален појадок во Колумбија. Тоа е супа од млеко, млад кромид и јајца.
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 19.Октомври.2013 во 01:47
Топла Pho супа со кнедли и говедско месо во Виетнам.
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Јануари.2014 во 08:23
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/20877-pat-okolu-svetot-niz-10-najvkusni-deserti" rel="nofollow -
Пат околу светот низ 10 највкусни десерти
За сите љубители на патувањата и непоправливите сладокусци,
подготвивме одличен спој заради кој ќе посакате да ги зграпчите куферите
и да се впуштите во авантура која ќе ве одведе до најдалечните краеви
во светот.
Токму затоа, следат 10 автентични десерти кои се гордост за земјата од која потекнуваат.
Apfelstrudel, Австрија
Оваа алпска земја посебно се гордее со едноставниот, но извонреден
десерт. Се работи за штрудла со јаболка која денес е популарна насекаде
во светот, но ретко кој ја вкусил во земјата од која води потекло.
Оригиналниот рецепт е стар повеќе од 400 години, но со времето
претрпел голем број на измени, така што само во Австрија можете да
пронајдете десетина различни, но подеднакво вкусни варијации на оваа
штрудла.
Melktert, Јужна Африка
Се работи за необичен и лесен тарт од млеко. Подготовката е брза и
лесна, а се состои само од тесто богато со млеко и фил од шлаг, зачинет
со цимет.
Доколку вашиот пат ве однесе до оваа афричка земја, не смеете да го пропуштите овој традиционален деликатес.
Dulce de leche, Аргентина
За овој сладок десерт се верува дека настанал токму во Аргентина, и
покрај тоа што денес е популарен во сите земји во Јужна Америка.
Всушност, се работи за бонбони направени од млеко, кои настануваат од
карамелизирано млеко.
Оваа карамела можеби не делува претерано егзотично, но тоа не влијае на незаборавниот вкус кој го нуди.
Kurtoscalacs, Унгарија
Овој интересен колач се прави во облик на ролат. Крцкав е и полн со
специфични, слатки зачини. Најчесто се користат циметот и ванилата, а
може да се посипе и со сечкани бадеми и ореви.
По мислење на многумина, ова е највкусното печиво во Унгарија.
Anmitsu, Јапонија
Ова слатко јапонско јадење е старо неколку децении, а се состои од
ситно исечкани коцки црвени алги, сладок азиски грав, пире од грашок,
желе и овошје исечено на кришки.
Пред консумација задолжително се прелива со црн сируп.
Pavlova, Нов Зеланд
Колку посебен е неговиот вкус сведочи самата битка за тоа од која
земја води потекло - Нов Зеланд или Австралија, се додека официјално не е
донесена одлуката дека Нов Зеланд е негов сопственик.
Оваа торта го добила името по славната балерина Ана Павлова, а
карактеристична е по својот нежен изглед, како и по лесниот вкус. Се
работи за комбинација од крем, кори за пуслици и шумско овошје.
Rabri, Индија
Ова е најпознатиот десерт во северниот дел од оваа земја. Се
подготвува така што се загрева млеко, во кое потоа се додаваат ореви,
зачини и шеќер. Многу често, овој млечен десерт се служи како замена за
цел оброк.
Pastel de nata, Португалија
Се верува дека овој десерт е настанат на почетокот на 18 век. Се
работи за минијатурни корпи изработени од кисело тесто полнети со крем
од јајца.
Најчесто се проросуваат со цимет и шеќер во прав, а една од најпопуларните современи варијанти е онаа со вкус на лимон.
Cheesecake, САД
Сигурно безброј пати сте го пробале овој колач од сирење. Денес
постојат милион варијации, но ниту една нема да го замени Американскиот
оригинален рецепт.
Тој се одликува со тенок слој кршени бисквити, дебел слој крем од сирење и прелиен е со густ сос од шумско овошје.
Tiramisu, Италија
Во превод, името на овој колач значи - Подигни ме! И навистина ова колаче ќе ве натера да се чувствувате како да летате.
Тирамису е еден од најпознатите кремасти колачи во светот, а се одликува со неодолива комбинација од сирење и кафе.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Јануари.2014 во 12:43
Како изгледа појадокот низ светот?
За појадокот велат дека е најважниот оброк во денот. Но, како изгледа појадокот низ повеќе земји на светот?
Од Австралија, Италија до Бразил, Гана и Боливија.
Погледнете.
1. Турција
2. Полска
3. Мексико
4. Австралија
5. Италија
6. Бразил
7. Тајланд
8. Гана
9. Мароко
10. Португалија
11. Боливија
12. Аргентина
13. Монголија
14. Пакистан
15. Египет
16. Англија
17. Куба
18. САД
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 09:50
Што јадат за појадок во различни земји?
Велат дека појадокот е најважниот оброк во денот. Како изгледа доручекот во земјите ширум светот?
Погледнете еден интересен материјал за тоа како изгледа типичен појадок во различни земји.
Австралија
Австралијците обично доручкуваат житарици или тост.
Бразил
Тука наутро ставаат на масата шунка, сирење и леб. Пијат кафе и млеко.
Колумбија
Традиционална појадок во Колумбија е чангуа – супа со млеко, јајца и кромид.
Куба
Во Куба доручкуваат кафе со млеко и потпечено лепче кое подоцна го топат во кафето.
Англија
Сите сме слушнале за типичниот англиски појадок – јајца, колбаси, сланина, грав и печурки.
Франција
Кросан, едно од обележјата на француската кујна. Секако, уште поубав во комбинација со кафе.
Германија
На трпезата во Германија, наутро се јаде ладно месо, колбаси, локални сирења и свеж леб.
Индија
Традиционален појадок во Индија е Идли уада – нешто како погача со леќа и ориз.
Италија
Италијанците го започнуваат денот со капучино и пишкоти.
Јапонија
Во Јапонија јадат супа, ориз и кисели краставички.
Португалија
Кроасани со мармалад или сирење со кафе.
Русија
Русите за доручек јадат банички со урда или сирење.
Турција
Турците доручкуваат леб, сирење, масло, маслинки, јајца, домати, краставици, мармалад, мед. Понекогаш ставаат и суџук.
САД
И тука има различни облици во различни држави, но најчесто се доручкуваат јајца, сланина, палачинки и житни закуски со млеко.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Февруари.2014 во 07:33
http://moirecepti.mk/post/%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B0%D1%81%D0%B0%D0%BD-%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B0/" rel="nofollow - Елбасан тава
Се сецка на коцки месото,компирите,морковот и кромидот.
Од меленото се прават мали ќофтенца, кои се прпелаат во брашно и се полупржат
Во земјена тава се тура малце од маслото и се реди еден ред со сите три видови на месо.Над сето тоа се става еден ред од мешаниот зеленчук(компирите,морковот,кромидот,печурките)
Поново над сето тоа се става од месото и над него повторно се реди зеленчукот.
Најгоре се посипува вегета,малку сол и водата маслото и виното
Се покрива со фолија и се става во фурна да се печи час и 30 минути
На крајот се вади фолијата и му се ренда кашкавал.
Добар апетит
-------------
Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Март.2014 во 07:51
Том Кха Кај
Слатко-кисела супа со кокосово млеко , габи , домати ,пилешко , џинџифил и лимонена трева
-------------
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Март.2014 во 13:28
http://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/18047-ulicna-hrana-sirum-svetot-koja-mora-da-ja-vkusite" rel="nofollow - Улична храна ширум светот која мора да ја вкусите
Во големите светски метрополи луѓето секогаш се во брзање, а недостатокот на време ги тера да подлегнат под влијанието на нездравата, улична храна која е доста популарна веќе неколку децении.
Сепак, доколку сте турист во некоја од овие земји, ова е уличната храна која мора да ја пробате барем еднаш додека престојувате.
Хот-Дог во Њујорк
И покрај тоа што Америка е позната по хамбургерите, пикантно лутиот Хот-Дог е нешто незаменливо. Во највкусните локали е околу 3,5 долари, па затоа не пропуштајте да се почастите со тазе пржена виршла, лут сенф и уште неколку додатоци.
Помфрит во Белгија
Може да ви дојде како изненадување што најдобриот помфрит не се наоѓа во Франција, но сепак вреди да верувате. Во Брисел ќе имате можност да го вкусите најнеодоливиот помфрит подготвен од посебен вид на компири со неколку сосови послужени во посебни садови. Ќе платите од 2 до 8 евра, во зависност од големината на порцијата и сосовите кои ги сакате, но секое евро ќе вреди.
Запиеканка во Варшава
Овој специјалитет е измислен во Полска. Секоја Запиеканка е долга околу 50 сантиметри и е парче печен леб со шунка, печурки, топено сирење и уште неколку зачини, кечап и мајонез. Всушност, Запиеканката содржи потполно иста комбинација како и пицата, но крцкавото лепче е нешто што го дава препознатливиот вкус. Во Варшава речиси на секој чекор се продава овој домашен специјалитет кој ќе ве чини околу 2 долари.
Квас во Москва
Кога ќе ожеднете од солената храна, упатете се во Москва и порачајте си една ледено ладна чаша Квас. Квасот е пијалак кој се подготвува од ферментиран темен леб и е подеднакво популарен како и Кока-Колата и Пепси. Можете да го купите за околу 1 долар и е совршен пијалак кој нема да го пронајдете во ниту еден маркет, туку само на штандот кој се подготвува.
Сладолед во Италија
Италијанците имаат највкусна храна во светот, а нешто што мора да го пробате е италијанскиот сладолед или како што тие го нарекуваат - џелато. Ќе имате можност да го одберете кој вкус и да го посакате, бидејќи навистина постојат безброј вкусови. Не е чудо ако ова слатко задоволство ве чини околу 10 евра, но нема да зажалите за секое дадено евро.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Април.2014 во 19:00
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/22396-vkusot-na-mediteranot-podgotvete-spanski-specijaliteti-po-originalen-recept" rel="nofollow - Вкусот на Медитеранот - Подгответе шпански специјалитети по оригинален http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/22396-vkusot-na-mediteranot-podgotvete-spanski-specijaliteti-po-originalen-recept" rel="nofollow - рецепт
Шпанската е една од најинтересните европски кујни која изобилува со маслинова масло, свеж лук, пиперки, домати, јајца, компир и разни зачини.
Пробајте некој од вкусните рецепти за појадок, ручек или вечера.
Омлет од компири
Потребно:
4 компири
8 јајца
Маслиново масло
Сол и бибер
Подготовка:
Излупете ги компирите, исечете ги на кругови, а потоа секој круг на четири дела. Пржете ги во врело масло додека не станат крцкави. Посолете, додајте ги во чинијата со изматени јајца со малку сол. Целата мешавина пропржете ја на маслиново масло. Ова е одлично и како топло и како ладно предјадење.
Кралски јајца
Потребно:
8 јајца
90 гр. путер
30 гр. брашно
0,5 л млеко
1 дл слатка павлака
150 гр ориз
20 гр рендан пармезан
1 лажичка зачин
Лимонов сок
Сол и бибер
Подготовка:
Јајцата нека бидат тврдо варени и излупени. Одделно подгответе бешамел сос со 50 гр путер и брашно, пржете многу кратко. Додадете ладно млеко и зачин, па варете го сето тоа и постојано мешајте околу 5 минути, додека сосот не се згусне. Додајте малку лимонов сок, бибер и слатка павлака. Во посебен сад на останатиот растопен путер кратко пропржете го оризот. Додадете му околу 3 децилитри вода, малку посолете и оставете го да се зготви. Потоа ставете го во огноотпорен сад, врз него наредете ги тврдо сварените јајца пресечени на пола и сето тоа прелијте го со бешамел сосот.
Паелја
Потребно:
750 гр ориз
12 парчиња пилешко месо
150 гр бел грав
300 гр грашок
2 домати
12 ракчиња со кора
2 чешниња лук
1 зелена пиперка
1,5 л пилешка супа
2 кесички шафран во прав
12 школки
4 лажички маслиново масло
Сол и бибер
Подготовка:
Пропржете го пилешкото месо на маслиново масло во голем и длабок сад. Додајте го грашокот и пржете неколку минути. Потоа додајте го лукот, пиперката исечкана на коцки и доматите. Измешајте добро и додајте ја пилешката супа. Оставете го сето тоа да се вари околу 15 минути. Додајте го оризот, сол и бибер и мешајте со дрвена лажица. Додајте ги шафранот, ракчињата, школките и гравот. Мешајте додека не се впие супата. Мора да се вари на слаб оган најмалку 15 минути. Пред сервирање оставете го да отстои неколку минути.
Гаспачо чорба
Потребно:
2 лажички масло
2 лажички брашно
4 лажички пире од домати
6 дл јогурт
2 главици кромид
3 јајца
3 поголеми домати
3 бабури
150 гр шунка
2 лути пиперчиња
2 парчиња леб
1 л вода
Подготовка:
Од маслото и брашното направете мала запршка. Оставете ја да се излади. Додајте ладна вода, полека мешајте и оставете ја да поврие. Додајте го доматното пире, посолете по вкус. Додајте го јогуртот, добро изладете ја во фрижидер. Во посебни чинии подгответе кромид, тврдо варено јајце, бабура, шунка, краставица, лутите пиперчиња и пржениот леб. Чорбата послужете ја ладна, а секој од гостите според вкусот ќе ја посипе во чиничето што ќе го одбере.
Крем Каталина
Потребно:
2 лажички густин
½ л млеко
1 стапче ванила
1 стапче цимет
4 жолчки
120 гр шеќер
½ лажица вода
Подготовка:
Густинот помешајте го со малку млеко, остатокот ставете го да се вари, па додајте ги стапчињата ванила и цимет. Жолчките и 60 гр шеќер изматете ги со жица. Од млекото извадете ја ванилата и циметот мешајќи полека додавајте го свареното млеко о изматените жолчки. Садот ставете го на пареа, додадете го разматениот густин и мешајте додека сето тоа не се згусне. Сипете го во мали чинии и оставете ги во фрижидер 3-4 часа. На остатокот од шеќерот додадете пола лажица вода, за да се стопи и да добиете убава карамел боја. Тенок слој од врелата карамела сипете ја преку површината на кремот во чиниите и оставете ги уште половина час да се изладат.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 22.Август.2014 во 16:47
Говедско филе во сос од брусница или џем и кнедли од леб
Овој чешки колач внатре се полни со афион, овошни џемови, ореви или слатко сирење.
Овој вкусен сендвич е со колбас, кечап и сенф.
Супа со компири, шумски печурки, павлака, копар, гарнирана со варени јајца.
Во Прага не можете да погрешите во изборот на торта, но оваа е една од најубавите торти со мед и ореви.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Септември.2014 во 22:16
Што вкусно би јаделе во Полска: Осчипек, кишка зјемњачана и пирог билгорајски
Последниве десетина години, особено по приемот на Полска во ЕУ во 2004 година, дојде до преродба на полската традиционална кујна.
Пред зачленувањето во ЕУ постоеше стравување дека може да дојде до исчезнување на полската кујна, но наместо тоа се случи обратен процес, пред се благодарејќи на заштитата на традиционалните регионални деликатеси со европското законодавство, што доведе до возобновување на традиционалните методи на приготвување на храната.
Полската кујна изобилува со извонредни јадења и традиционални деликатеси. Веројатно најпознат меѓу нив е чаденото овчо сирење oscypek, но и kiszka ziemniaczana – специјалитет од компири со сланина што наликува на колбас, piróg biłgorajski – погача од компири и гриз со бело солено сирење, żurawinówka – водка од брусница со 32 проценти алкохол, како и извонредниот џем од сливи од реонот на Лублин.
Неодминлив деликатес од полската кујна се различните видови житарки – kasza, а неизбежна е и медовината, која е еден од најстарите пијалаци во човековата историја. Со климатските промените се повеќе се развиваат услови за одгледување на квалитени сорти на грозје во Подкарпатјето, Јасло и Долна Шлезија, што создава можност за производство на полско вино со повисок квалитет.
Традиционалната полска кујна содржи различни комбинации како месо со сушено овошје, печурки со житарки, закиселени чорби со лути колбаси или домашен џем со кисели краставички.
Кога сте во Полска избегнувајте пицерии или ресторани од Далечниот Исток, бидејќи локалниот начин на живот најдобро ќе можете да го почувствувате преку храната приготвена на традиционален полски начин.
Related Posts
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Септември.2014 во 22:22
Што да јадете додека патувате по светот?
На патувањата секогаш чувствувате притисок што е можно подобро да ги искористите тие денови за стекнување на повеќе искуства.
Важен фактор за впечатокот, што ќе го добиете за земјата домаќин е храната.
Следуваат некои специјалитети, кои треба да ги пробате на дестинациите, кои ги посетувате.
Берлин
Доколку сте голем љубител на месото, можеби ќе помислите дека треба да навалите на германските шницли. Меѓутоа вистински специјалитет на оваа земја е швајнбратен, вид на прасечко печење со кнедли, кои се јадат со голема кригла пиво.
Еден од рестораните, кои служат одличен швајнбратен е Клерхенс Балхаус.
Истанбул
Комбинацијата од бои, глетки и звуци во Истанбул одлично се согласува со експлозијата на вкусови, кои ги носи турската храна.
Имајќи предвид дека Турција имала големо влијание врз кујната на Македонија, тешко е да се оцени кое јадење е најрепрезентативно.
Задолжително пробајте го турскиот локум, кој речиси и нема никаква сличност со оние што можете да го пробате во Македонија и може да се најде во многу различни егзотични вкусови. Сите варијатни на ќебапи, а ги има многу, извонредни се и заслужуваат да ги пробате. На крај испијте и филџан турско кафе.
Сиетл
Сиетл стана гастрономска Мека на САД. Препознатливи за овој град се мошне необичните крофни, а нејнеобични се секако оние со сланина и јаворов сируп.
Најдобрите можете да ги најдете во кафтеријата The Daily Dozen во улицата Пајк, но подобро би било да пораните, бидејќи брзо се трошат.
Дубаи
Дубаи станува се попримамлива гастрономска дестинација, благодарение на мноштвото различни кујни, кои можат да се пронајдат. Задолжително треба да ги пробате либанските, арапските и иранските специјалитети, а на врвот е Гузи, јадење од јагнешко и ориз, сервирано со хумус и зеленчук.
Амстердам
Свежите производи на Холандија, а особено во Амстердам, ви обезбедуваат добар оброк. Патката, тука е навистина спектакуларна и морате да ја пробате во комбинација со свежи салати.
Токио
Во Токио најпрво со брз воз заминете до Јокохама, каде се служи свеж сашимо појадок со штотуку уловени плодови од морето.
Токио стана се поамериканизиран, така што би требало да го прескокнете сушито, доколку сакате да ги пробате вистинските специјалитети. Подобар избор е рамен, а Ен ин Хачиоји го служи веројатно најдобриот.
Ханој
Најдобар оброк, кој можете да го добиете во Виетнам е Пхо (се изговара фу). Тоа е бистра супа со мирисни зачини и тестетина, која се служи со пикатни свински ќофтиња Бун Ча.
Иако фу можете да го најдете на секој ќош, особено добар е оној во Пхо 10, кој се наоѓа аголот на улицата Чан Кам.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 16.Ноември.2014 во 08:06
Пет специјалитети што треба да ги пробате во Рим!!!
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Мај.2015 во 16:16
Што да нарачате: Едно јадење за по една европска држава!
Колку држави досега сте посетиле но сепак не сте сакале да експериментирате со нивната домашна кујна? Во секој случај, ние ви донесуваме по едно јадење од европските земји кои дефинитивно вреди да ги пробате, па останува на вас дали ќе одлучите да јадете домашна храна или ќе им се препуштите на "магиите" на fast food рестораните кои се речиси исти на целата планета!
Австрија
Виенската шницла е популарна секаде, но таа е најпрепознатливо јадење токму во Австрија. Се послужува како главно јадење, а ако ја нарачате некаде во Виена, бидете уверени дека навистина ќе ве остави без зборови. Виенската шницла во Виена ќе ви биде послужена со пржени компирчиња.
Белгија
Moules-frites е назив за најпопуларното белгиско јадење, а верувале или не, тоа се состои од школки и заштитниот знак на белгиската кујна – помфритот. Ова звучи како навистина интересна комбинација, зарем не?
Бугарија
Ова предјадење е популарно и кај нас, но корените ги влече уште од Бугарија. Секако, се работи за популарната шопска салата. Домат, пиперка, краставица, кромид и сирење – се главните состојки на оваа салата.
Кипар
На островот кој е поделен помеѓу Грција и Турција, најпопуларна храна е halloumi со лубеница. Со оглед на фактот дека најверојатно се прашувате што е тоа, всушност halloumi е посебен вид на кипарско сирење. Се служи како меѓуоброк или предјадење, додека го чекате главниот оброк.
Чешка
Тука се добро познати и кнедлите, но најпозната е секако – свичкова. Се работи за говедско месо кое се маринира најмалку 24 часа, а секако се послужува како главно јадење. Ако го нарачате во Прага, тогаш дефинитивно не постои можност за грешка.
Данска
Frikadeller е името на најпознатото данско јадење. Се работи за месни, најчесто свински топчиња кои се сервираат со домати, зелка и ориз.
Естонија
Национално естонско јадење е росолје, а се работи за комбинација во која главни состојки се ротквица и компир. Се служи како прилог бидејќи се работи за еден вид на салата, а во неа уште може да се додадат и јајца или јаболки.
Финска
Финското најпознато јадење е тешко да се напише, а камоли да се изговори. Poronkäristys е всушност сецкани парчиња месо, најчесто говедско, кои се јадат со пире и кромид.
Франција
Мјсторите за готвење во франција особено се гордеат со специјалитетот pot-au-feu. Се служи како главно јадење а наједноставно кажано – се работи за говедско во комбинација со зеленчук.
Германија
Кај Германците се работи за говедско месо маринирано 3 до 4 дена. Со него во комбинација оди зеленчук и различни зачини, а оние кои го пробале се колнат дека им е едно од омилените јадења. Да не заборавиме и на името – Sauerbraten.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Август.2015 во 21:59
Клафути: Едноставноста на француската кујна во вкусен десерт
Што е фантастичното во десертот како Клафути? Сите состојки се подготвуваат во еден сад, брзо се пече и толку е разновиден што можете да го приготвите со било кое овошје (свежо или замрзнато).
Оригиналниот рецепт на Клафути бара да употребите цреши, но ако не можете да ги пронајдете во супер-маркетите или на пазар, слободно употребете во десертот што ќе посакате. Грозје, вишни, малини, сливи....
Едноставно брзо и екстемно вкусно.
Состојки:
1 лажица несолен путер
200 грама цреши (свежи или смрзнати)
2 големи јајца
60 мл. слатка павлака
60 мл. млеко
50 гр.шеќер
30 грама брашно
1 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
За почеток загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови.
Измијте го овошјето и ставете го во намрсено тавче.
Во сад изматете ги со мискер јајцата, путерот и шеќерот додека не се стопи шеќерот. Потоа додадете ги млекото, павлаката, екстрактот од ванила и брашното. Смесата која ќе ја добиете ќе биде потечна (поради малата количина на брашно), но тоа е соодветната која ја бара самиот рецепт.
Смесата истурете ја во намрсеното тавче и печете 30-35 минути на 180 степени Целзиусови. При крајот на печењето проверете со чепкалка дали е доволно печен Клатуфи десетот.
Откако ќе почекате да се излади, можете да го посипете со шеќер во прав или да го сервирате без ништо.
Добар апетит.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 18:46
ТРАДИЦИОНАЛНИ ИНДИСКИ ЛЕПЧИЊА
Многу вкусни, традиционални лепчиња …
Потребно е: 900 гр брашно 1 лажица шеќер 1 лажица сол 1 квасец 300 мл млеко 80 мл павлака 2 лажици маслиново масло 1 јајце, малку изматено
за премачкување: 100 гр путер 2 чешниња лук малку сецкан магдонос
Подготовка: – Во сад со средна големина, промешајте ги брашното, квасецот, солта и шеќерот и тргнете го садот настрана.
– Во друг сад помешајте ги млекото, павлаката, маслиновото масло и јајцето. Потоа во него префрлете го миксот со брашното и заедно измешајте ги убаво, додека не добиете тесто. Со миксер за тесто, промешајте го тестото барем уште три минути.
– Потоа извадете го тестото од садот и ставете го на набрашнета работна површина. Исчистете го садот убаво, намачкајте го со путер и вратете го тестото назад. Оставете го да стаса 30 минути.
– Загрејте ја рерната на 250 целзиусови степени.
– Откако тестото ќе стаса, поделете го на 12 еднакви парчиња и покријте ги со крпа или со целофанска фолија. Земете неколку, растегнете ги во еднаква должина и ширина и ставете ги во тавче намачкано со путер. Вака приготвените лепчиња во тавата, ставете ги да се печат барем 10-тина минути, додека не заруменат малку, но притоа проверувајте каква е состојбата бидејќи секоја рерна е различна.
– Откако индиските лепчиња, традиционално наречени „наан“ ќе се испечат, можете да ги намачкате со сос од лук, магдонос и путер. Стопете 100 грама путер на оган и во него додадете 2 истолчени чешниња лук. Додека е сосот топол, намачкајте си на индиското лепче и одозгора посолете малку сечкан магданос.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 18:55
НАТИАС – ШПАНСКИ МЛЕЧЕН КРЕМ
Состојки: 1л млеко 6 жолчки 5 лажици шеќер 1 лажица брашно ¼ кафена лажичка цимет 1 лажица рендана кора од лимон Загрејте го млекото, но тргнете го од оган пред да зоврие. Во тоа додадете половина пакетче цимет и кора од лимон. Оставете течноста да се олади. Изматете ги жолчките со шеќерот додека не добиете бела смеса. Потоа додадете го брашното разредено со малку вода. Процедете го млекото, зовријте го и исипете го бавно во тенок млаз во смесата со јајца. Измешајте ја добиената смеса, ставете го садот на слаб оган, но не треба да дозволите да зоврие. Префрлете го врелиот крем во садови за сервирање и оставете да се олади. Десертот се сервира студен поросен со цимет.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 21:49
WRAPS- МЕКСИКАНСКИ СПЕЦИЈАЛИТЕТ
Ова е уште еден од многуте мексикански специјалитети кои напросто ги обожаваме. Станува збор за wraps ролнички, мексикански сендвич направен од тортиљи филувани со свежа салата, сирење, пилешко месо…
Свежото пилешко бело месо исецкајте го на тенки ленти, и маринирајте го во маслиново масло, малку сол и на врвот од лажицата мелено чили. Оставете го во оваа смеса 10-на минути. Потоа пропржете го во тефлонска тава без да додадете масло за јадење , се додека не поруменат.
Еден врзоп ротквици исецкајте ги на коцки и ставете ги кај свежото сирење, посолете, ставете бибер и ставете го лукот ситно искецкан.
Измијте ја марулата, исецкајте ја, црвената пиперка исецкајте ја на долги, тенки ленти.
Тортиљата премачкајте ја со смесата од свежото сирење, потоа ставете го прженото месо, пиперката и на крајот салатата. Замотајте ги во ролни, пресечете и послужете.
Потребни состојки:
4 тортиљи
200 гр свежо сирење
1 чешне лук
1 врзоп ротквица
300 гр пилешко бело месо
малку чили
3-4 лажици маслиново масло
листови марула
1 црвена пиперка
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:01
ПЕСТО
Состојки:
1/4 чаша борови јатки (за замена може и некое друго јаткасто овошје, на пр.Ореви)
1 чешне лук
3 чаши свеж босилек
1/4 чаша рендан пармезан
1 лажица сок од лимон
1/4 чаша маслиново масло
Сол и бибер
Подготовка:
Тостирајте ги боровите јатки на суво во тавче се дур не добијат златно кафеава боја (мешајќи често), за време од 3 минути. Во блендер исецкајте ги јатките и лукот, додадете ги босилекот, пармезан и сокот од лимон и блендирајте се додека не добиете ситна каша. Пополека додавајте го маслиново масло и продолжете со блендирање се додека не добиете мазна и ситна каша, на крајот додадете сол и бибер по желба.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:02
ШВАЈЦАРСКИ ТАРТ СО ШУНКА И КАШКАВАЛ
Потребни состојки:
300 гр. брашно
100 гр. путер
150 мл. вода
20 гр. путер
150 гр. шунка
1 главица кромид
200 гр. домати
200 гр. кашкавал
1 јајце
250 мл. млеко
10 гр. брашно
Морско оревче
Копар
Сол и црн пипер
Припрема:
Исецкајте ги кашкавалот и шунката на ситни коцки. Ситно исецкајте го копарот.
Во посебен сад ставете го брашното (300 гр), водата и путерот (100 гр), додадете една лажичка сол и замесете го тестото. Оставете го да отстои 15 минути прекриено со фолија, а потоа расукајте кора во дебелина од околу 3 мм. Исечете ја кората на кругови кои одговараат на големината на вашите калапи за тарт, кои претходно сте ги намачкале со путер.
Излупете ги доматите и исецкајте ги на коцки. Загрејте го путерот (20 гр) во тавче на оган, па додајте го ситно исецканиот кромид и оставете го да се пропрж со повремено мешање. Потоа тргнете ја тавата од оган и исцедете го вишокот на маснотија.
Во посебен сад додајте ја шунката, кашкавалот, пржениот кромид, доматите и копарот. Наросете сол и црн пипер. Промешајте ја смесата и додадете ја врз тестото во калапите за тарт.
Во посебен сад измешајте ги јајцето, млекото и ренданото морско оревче. Со оваа смеса прелијте ги тартовите и ставете ги во рерна да се печат околу половина час на температура од 220 степени целзиусови.
Откако ќе се испечат, наредете ги во чинија за сервирање и послужете ги со павлака. Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:06
ФРАНЦУСКА МУСАКА
Потребни состојки:
2 главици кромид
1 морков
2 чешниња лук
200 гр. соја
1 лажица вегета
100 гр. доматно пире
2 кутии инстант пире
Сол и црн пипер
Припрема:
Сварете ги сојните трошки и исцедете ја водата. Во енџере ставете го ситно исецканиот кромид и ситно исецканиот морков, па додадете малку вода и 1 лажица зејтин и промешајте. Додадете ја сварената соја и оставете смесата да се динста 15тина минути. Потоа додајте го доматното пире и зачините, промешајте и динстајте уште 5-10 минути.
Направете го инстант пирето според упатството на кутијата. Во тава за печење ставете половина од готовото инстант пире, па врз пирето рамномерно распоредете го претходно подготвениот сос. Потоа додајте го останатото пире и вака приготвената мусака ставете ја во рерна да се пече на 200 степени околу 20 минути. Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:22
СПЕКУЛОС – БЕЛГИСКИ КОЛАЧИЊА СО ЦИМЕТ И БАДЕМИ
Потребни состојки:
250 гр. брашно
125 гр. кафеав шеќер
1 јајце
1 лажичка цимет
5 капки екстракт од цимет
1 прашок за пециво
100 гр. путер
50 гр. мелени бадеми
Малку сол
Припрема:
Во посебен сад ставете го брашното, шеќерот, мелените бадеми, прашокот за пециво и циметот. Растопете го путерот и додајте го екстрактот од цимет па матете со миксер. Потоа додајте го јајцето, изматете со миксер, додајте ја смесата со брашно и солта, па со рака измесете ги состојките за да добиете меко тесто.
Направете цилиндар од тестото со дебелина од околу пет сантиметри. Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го да отстои преку ноќ во фрижидер. Утредента извадете го од фрижидер, отстранете ја фолијата и исечете колачиња со дебелина од пет милиметри или еден сантиметар.
Во тавата за печење ставете хартија за печење и печете во загреана рерна на температура од 180 степени целзиусови околу 15 минути, па оставете ги колачињата да се изладат. Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:25
АМЕРИКАНСКА ПИТА СО ЧОКОЛАДО
Потребни состојки:
За тесто:
120 гр. маргарин
100 гр. брашно
½ лажичка сол
1 лажица ванилин шеќер
За фил:
½ литар хопла
200 гр. чоколадо за готвење
Припрема:
Изматете го маргаринот, па додадете го брашното, шеќерот сотла и водете. Месете го тестото со раце се додека не добиете тесто без грутки, па ставете го тестото во фолија и оставете го да отстои 20тина минути во фрижидер.
На набрашнета работна површина развлечете кора со дебелина од 5 мм и кората префрлете ја во тавата за печење која претходно сте ја намрсиле со маргарин. Со прстите притиснете го тестото за добро да се залепи на тавата. Вишокот тесто исечете го со нож. Печете го тестото во загреана рерна на температува од 180 степени околу 15 минути се додека не добие златна боја.
Загрејте ја хоплата во тенџере, а откако ќе зоврие намалете ја температурата и додадете го искршеното чоколадо. Мешајте се додека чоколадото не се стопи и не добиете глатка течност, па тргнете го тенџерето од оган и оставете го да се излади.
Прелијте го тестото со филот, па ставете ја питата во фрижидер да отстои минимин 2 часа за филот да се стегне. Откако ќе се излади, исечете ја тортата на парчиња. Ставете едно парче торта на чинијата за сервирање и украсете со чоколаден прелив. Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:26
ФРАНЦУСКИ ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ
Потребни состојки:
100 гр. путер
120 гр. црна чоколада
4 јајца
60 гр. брашно
100 гр. шеќер
3 дл. слатка павлака
Припрема:
На пареа растопете ја чоколадата и путерот, па изматете го шеќерот, брашното и јајцата (изматете ги посебно белките, па додајте ги на смеса, па потоа и жолчките со шеќерот).
Во смесата додадете ја истопенат чоколада и изматете со миксер.
Сад за печење со кружен облик намачкајте го со путер, па во него додадете ја смесата и печете на температура од 200 степени 30тина минути.
Кога колачот ќе се испече премачкајте го со растопена чоколада и оставете го да се излади, па украсете го или премачкајте го со матена слатка павлака, шлаг или сладолед. Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:29
ФРАНЦУСКИ ТОСТ СО ВАНИЛА РИКОТА, ЈАГОДИ И БОРОВИНКИ
Потребни состојки:
100 гр. јагоди
100 гр. боровинки
200 гр. шеќер
100 гр. свежа рикота
100 мл. крем сирење
100 гр. бадеми
100 гр. лешници
6 парчиња леб
2 јајца
1 лажица екстракт од ванила
20 гр. путер
Припрема:
Во блендер изматете ги боровинките и јагодите со половина од шеќерот. Во посебен сад измешајте ја риколата со крем сирењето, ванилата и остананиот шеќер, па ставете ја смесата во фрижидер да се стегне. Исецкајте ги бадемите и лешниците.
Во посебен сад изматете ги јајцата и 50 гр. шеќер во прав. Лебчињата ставете ги да отстојат во смесата со јајца, па испржете ги на растопен путер и ставете ги на салфетки да се исушат. Ставете едно парче тост, одозгора ставете од смесата со ванила и рикота, полејте го со блендираната смеса од овошје и одозгора украсете со сецкани бадеми, лешници и свежи јагоди и боровинки.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:32
ИТАЛИЈАНСКИ КЕКС СО ВИНО
Потребни состојки:
200 гр. брашно
150 гр. шеќер
50 гр. маслиново масло
100 гр. бело вино
70 гр. мелени лешници
Кора од 1 лимон
3 гр. сода бикарбона
Припрема:
Измијте го лимунот и изрендајте ја кората. Во посебен сад измешајте ја кората од лимон, брашното, сода бикарбоната и мелените лешници, па додадете го шеќерот, маслиновото масло и виното.
Замесете тесто кое ќе биде малку лепливо. Добро набрашнете ја работната површина. Земете малку од тестото, направете долгнавеста лента, па спојте ја за да добиете прстен. Правете прстени се додека не ја потрошите смесата.
Секој прстен извалкајте го во шеќер во прав и ставете го во тава обложена со хартија за печење. Печете 20тина минути на температура од 180 степени. Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:33
ПАРИСКИ ЕКЛЕРИ
Потребни состојки:
За тесто:
4 јајца
150 гр. брашно
10 гр. путер
1 лажица шеќер
2 лажици шеќер во прав
Малку сол
За фил:
1 јајце
1 жолчка
2 дл. млеко
100 гр. шеќер
100 гр. маргарин
30 гр. скробно брашно
80 гр. зашеќерени бадеми
Припрема:
Загрејте 2 дл. вода, па додадете го шеќерот и путерот и малку сол и постојано мешајте се додека не зоврие смесата. Тргнете го тенџерето од оган, додадете го брашното и силно мешајте, па вратете го тенџерето на оган и гответе со мешање се додека смесата не почне да се издвојува од тенџерето. Потоа тргнете го повторно од оган, додадете едно јајце и силно измешајте.
Смесата ставете ја во готварски шприц со отвор за еклери и направете форми на еклери во тава обложена со хартија за печење. Печете на температура од 200 степени во загреана рерна околу 15 минути, па малку отворете ја вратата на рерната и печете уште 15 минути. Оставете ги еклерите да се изладат.
За филот пенесто изматете го јајцето, жолчката и шеќерот. Со постојано матење додавајте го скробното брашно и постепено сипувајте го млекото.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:34
ВКУСНА ШПАНСКА ПИТА
Потребни состојки:
4 јајца
1 шоља сончогледово масло
50 гр. кисели краставици
200 гр. шунка
1 прашок за пециво
Сол и црн пипер
200 гр. едамер
200 гр. свежи шампињони
500 гр.брашно
Припрема:
Исчистете ги шампињоните и исечете ги на листови. Ситно изецкајте ги краставичките и шунката и изрендајте го кашкавалот.
Во посебен сад сипете го брашното , прашокот за пециво, јајцата и маслото и промешајте го тестото, па наросете сол и црн пипер.
Додадете ја шунката, киселите краставички, кашкавалот и шампињоните и промешајте. Смесата распоредете ја во тава за печење и печете на температура од 200 степени околу 30 минути. Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:39
МАЏАРСКИ РОЛАТ СО ЗЕЛЕНЧУК И ЈАЈЦА
Велигденските празници секојпат оставаат зад себе купче, искршени, сварени јајца, со кои не знаеме што понатаму. Ние најдовме прекрасно решение доколку сакате да ги изненадите вашите најблиски со вкусно предјадење. После кршењето на јајцата, направете вкусен Маџарски рецепт.
Потребни состојки:
200гр – смрзнат грашак
200гр-морков
200гр-компир
200гр-јаболки
1-лимон
6-лажици мајонез
7-лажици кисела павлака
250мл-супа од зеленчук
20гр-желатин
5-јајца
1 црвена пиперка
1-китка магдонос
Бибер и сол
Начин на подготовка:
Јацата варете ги 10 мин. Ставете ги во ладна вода и оставете да се оладат, потоа излупете ги. Коцкичките од морков, грачок, компир варете ги одвоено во солена вода додека не омекнат па извадете ги и оставете сосема да се оладат. Јаболката излупете ги исечете ги на коцки и додадете сок од лимун.
2, Зеленчукот и јаболките ставете ги во голем сад. Мајонезот помешајте го со киселата павлака, сол и бибер , и прелијте го врз зеленчукот и добро измешајте ги.
3. Зеленчуковата супа да се измеша со желатинот и да се олади на ниска температура и потоа да се помеша со смесата во сад. Да се остави да се олади, па да се развлече на фолија во правоаголна форма. Во средината да се наредат сварените јајца и да се замота. Да се остави во фрижидер да се стегне.
4. Да се сервира на овал и да се украси со црвена пиперка и лист од магдонос.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:48
БУРИТОС
Потребни состојки:
500г – јунешко месо.
1 – лажичка маслиново масло
1 кромид, ситно сецкан
1- стапче цимет
4 – каранфилчиња
1 – лист лорбер
2 – шољи јунешка супа
8 – тортиљи
Салса од домати за служење
Начин на подготовка:
Се чисти месото од маснотијата и се сече на коцки, со величина од околу 2 см. Се загрева маслото на тава од средна големина и се динста додека месото не биде златно-браон боја. Се додава стапче од цимет, каранфилче, лорберов лист и јунечка супа. Се загрева до вриење, потоа температурата се смалува и се динста поклопено уште 30 минути, или се чека да омекне месото и не испари течноста. Да се извади циметот, каранфилчето и ловоровиот лист. Месото се ситни со 2 вилушки. Се служи по желба, ладно или топло, завиткано во тортиља како палачинка, со салса сос од домат и салата.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:54
ТАЈЛАНДСКО ПИЛЕШКО КАРИ
Карито во прав, можете да го замените со толчената лута пиперка, а кокосовото млеко, со кравјо во кое се проварува кокосовото брашно.
Потребни состојки:
175 шампињони, само капиците
6 – млад кромид
4 пилешки стека, без коски и кожа(4×125гр)
1- лажица маслиново масло
4лаж. Кари во прав
150мл. вода
400мл.кокосово млеко
Сол, бибер
Начин на подготовка:
Исчистете ги печурките, избришете ги со хартиена салвета, а потоа исечете ги на четвртинки.
Отстранете го коренот и темните листови од кромидот.
Исечете дијагонално на парчиња од 5мм.
На даска за сечење, со остар нож исечете го на парчиња пилешкото во големина од еден залак.
Во тава загрејте 1лажица зејтин и 4лаж. кари во прав, па додадете го пилешкото и пржете со константно мешање 2мин.
Налејте вода, соја сос, млеко, добро мешајте и оставете да се провари на средна температура.
Замешајте ги печурките, кромидот, сол, бибер, по вкус, па полека варете 8мин. Додека не се свари пилешкото.
Пилешкото послужете го топло со ориз…
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:55
ПАНАКОТА
Panna cota, е италијански рецепт со потекло од Пиедмонт. Во превод значи, готвена крема. Овој кремаст десерт, по структура е сличен со густиот пудинг, а вистинскиот вкус му го дава вкусот на малина. Уживајте пoлека. Оставете да се топи во вашата уста.
Потребни состојки:
500мл слатка павлака
2мл екстракт од ванила
1 кесичка бел желатин
150гр шеќер во прав
100 мл вода
200гр малини (свежи или замрзнати)
Начин на подготовка:
Желатинот го потопуваме во малку ладна вода да набабри. Слатката павлака ја ставаме во тенџере и и додаваме арома од ванила. На благ оган, оставаме павлаката полека да зоврие, па вариме уште 15мин. Потоа го тргаме лонецот од оганот. Во павлаката го додаваме растопениот желатин и мешаме се додека не се растопи рамномерно. Прелеваме во 4 еднакви здели(измиени со вода), ги ладиме 3-4 часа за да се стврднат. На благ оган, во 100мл. вода , со постојано мешање растопуваме 100г. Шеќер во прав, се додека не добиеме сируп од шеќер. Кога ќе зоврие, вариме 1 мин. па додаваме малини кои ги грееме со постојано мешање. Готовите малини ги сервираме на тањир како подлога за панакотите
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 23:09
ИТАЛИЈАНСКО КАСАТО
Потребни состојки:
6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
Кесичка прашок за пециво
Кесичка ванилин шеќер
Лимонова кора
За ладен фил:
5 лажици слатка павлака
200гр шеќер во прав
500гр младо сирење
Кесичка ванилин шеќер
150гр суво грозје
50гр лимонова кора
50гр кора од портокал
150гр цреши
5лажици исецкани бадеми
5 лажици сецкани кикирики
5 лажици сецкани фстаци
100гр сецкано чоколадо
За сируп од малини:
500гр шеќер
0,5л вода
600гр малини
Начин на подготовка:
Изматете хомогено тесто за бисквит, рапоредете го во калап за торта, обложен со хартија за печење и добро подмачкан. Печете 40 минути во рерна загреана на 180 степени. За тоа време изматете го сирењето, слатката павлака, шеќер во прав и ванилин шеќер и оставете да одстои во фрижидер 24 часа. Следниот ден, во оваа смеса изматете ги останатите состојки (суво грозје, рендана лимонова кора, кора од портокал, , исчистени цреши, сецкани бадеми, фстаци, кикирики и чоколадо) и вратете во фрижидер. Во водата сипете шеќер, варете до вриење, намалете ја температурата, додадете ги орасите и исчистените малини и варете, со постојано мешање, додека не добиете густ овошен сируп. Преку оладениот бисквит рамномерно распоредете ја смесата од сирење и останатите состојки, прелијте со сируп од малини и оставете уште 3 часа да одстои во фрижидер.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 23:10
РУСКИ ЌОФТИЊА
Потребни состојки:
500гр измешано мелено месо
1 јајце
неколку лажици презла
3 млади кромидчиња
300гр шампињони
2 големи кисели краставици
250мл неутрална павлака
1 лажица брашно
1 лажица црвен пипер
1 лажица сенф
Сол, бибер, магдонос, масло
Начин на подготовка:
Помешајте ги месото, јајцата, малку сол, бибер и презла. Од оваа смеса направете мали ќофтиња, кои ќе ги испржите на масло од сите страни да порумени. Извадете ги од маслото и ставете ги на чинија. Во истата тава (додадете масло ако е потребно), испржете исецкан кромид и шампињони околу 5 минути. Пред крајот додадете и кисели краставици (сечени на ленти), брашно, црвен пипер, сенф и павлака. Оставете да зоврие, па измешајте со ќофтињата. Зачинете по вкус и префрлете во плех за печење. Печете на 200 степени околу 15 минути. Пред служење посипете со магдонос.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 23:12
ФАЈИТАС - МЕКСИЧКИ ТОРТИЉИ
Потребни состојки:
2-3 лажици масло
1 зелена пиперка
1 црвена пиперка
1 главица кромид
1 чешне лук
500гр пилешко
Малку оригано
2 лажици масло
Помали тортиљи
Начин на подготовка:
1. Во тава загрејте масло. Кромидот исечете го на ленти, малку посолете и додадете врело масло.
2. Пиперките исечете ги на ленти, па додадете кромид. Посипете малку сол, бибер и ситно сецкан лук, помешајте и динстајте околу 4-5 минути (зеленчук треба да остане малку поцврст).
3. Откако го издинставте зеленчукот, извадете го од тава, а пилешкото исечете го на ленти и пржете на истото масло, додавајќи сол и бибер.
4. Кога пилешкото ќе се пропржи, додадете и зеленчук. Истурете две лажици вода и посипете со оригано. Сетоа тоа лесно измешајте и варете околу 2 минути.
5. Тортиљите замотајте ги во фолија и ставете во рерна на 180С околу 10 минути. На едната половина од тортиљите ставете фил, а другата замотајте.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 23:24
НАЧОС
Потребни состојки:
– 2 кесички чипс
– 150 гр кашкавал чедар
– 150 гр кашкавал гауда
– 3-4 лути пиперки
– Црвен кромид
Подготовка:
Изрендајте го кашкавалот, исецкајте го кромидот и лутите пиперчиња. На тава за печење ставете хартија за печење, па ставете го чипсот. Одозгора рамномерно посипете со секаниот кромид и пиперки и одозгора ставете го кашкавалот.
Тавата ставете ја во рерна на 220 степени околу 4 до 5 минути.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Август.2015 во 13:14
ФРАНЦУСКИ МАКАРОНС СО ЛЕШНИЦИ
Состојки:
Смеса:
– 15гр. какао
– 100гр. мелени бадеми
– 50 гр. мелени лешници
-150гр. шеќер во прав
-50 гр. цврсто изматени белки
Фил:
-150гр. шеќер
-40гр. вода
-60гр. цврсто изматени белки
За филување:
-150 гр. крем од чоколадо и лешници
Подготовка:
Ситно смелете ги излупените бадеми и лешници, па убаво просејте ги, заедно со шеќерот во прав и какаото. Отстранете ги крупните трошки со просејување, да ви остане само ситен прав .
Додади ја оваа смеса на белките (неизматени) и измешајте ја со шпатула и ќе добиете прилично мазна смеса.
Додадете сируп од вода и шеќер додека не достигне температура од 118 ° C. Во меѓувреме, изматете ги до половина белките.
Со миксерот продолжете да мешате и да додавате во тенок прилив од готовиот сируп, внимавајќи притоа да го сипувате сирупот помеѓу маталките на миксерот и ѕидовите на садот во кој матите бидејќи ако сирупот ги погоди перките во движење би можел да предизвика сериозни изгореници. Продолжете да матите додека смесата да стане млака.
Измешајте ги внимателно двете смеси (мешавина од бадеми и лешници и сирупот) – се меша преклопувајќи со шпатула додека смесата не омекне и ја постигне густината на лава, тоа е кога ќе ја подигнете шпатулата, смесата паѓа од неа во густ млаз и многу брзо се претопува со остатокот смеса не оставајќи трага на врвот.
Наполнете ја вреќата за декорација со обичен, тркалезен отвор. Истискувајте купови на плех за печење обложен со хартија за печење или на силиконска облога . Не истискувајте премногу смеса бидејќи додатно ќе се прошири.
Оставете да се исуши 1/2 час до еден час (или дури и повеќе), а потоа се пече на 150 ° C за 10-15 минути.
Отстранување на готовите макаронс од подлогата задолжително само кога тие потполно ќе се оладат.
Поврзете ги две бисквити макаронс со малку крем.
Наполнетите макаронс ставете ги во херметички затворен сад во фрижидер.
Извадете ги на собна температура половина час пред сервирањето.
Покрај полнењето со нутела може да бидете креативни и да смилите друг сладок крем за полнење на овие преслатки француски колачиња.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Август.2015 во 15:17
БЕЛГИСКИ ВАФЛИ СО МАЛИНИ, БАНАНА И БОРОВИНКИ
Потребни состојки:
500 гр. брашно
3 лажици шеќер
2 лажици мед
100 гр. ореви
100 гр. малини
1 прашок за печиво
Малку сол
2 јајца
50 мл. масло за јадење
200 гр. малини
200 гр. боровинки
3 банани
Јаворов сируп
Припрема:
Во посебен сад ставете го брашното, прашокот за печиво и солта. Во друг сад изматете ги јајцата со млекото, маслото за јадење и медот, па додајте ја смесата со брашно и промешајте.
Во садот додадете ги сецканите ореви, малините и промешајте, па оставете ја смесата да отстои околу 10 минути. Во меѓувреме измијте ги малините и боровинките и исецкајте ги бананите на кругчиња.
Во тостер за правење вафли додајте една чаша од смесата за вафли и оставете да се испржи околу 4 минути, па извадете ја вафлата и повторно ставете од смесата. Постапката повторувајте ја се додека не ја потрошите смесата. Вафлите се готови кога ќе потемнат.
Ставете неколку вафли на чинија за сервирање. Врз нив истурете го овошјето и полијте ги со јаворов сируп. Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Август.2015 во 15:22
ИТАЛИЈАНСКИ КЕКС СО ВИНО
Потребни состојки:
200 гр. брашно
150 гр. шеќер
50 гр. маслиново масло
100 гр. бело вино
70 гр. мелени лешници
Кора од 1 лимон
3 гр. сода бикарбона
Припрема:
Измијте го лимунот и изрендајте ја кората. Во посебен сад измешајте ја кората од лимон, брашното, сода бикарбоната и мелените лешници, па додадете го шеќерот, маслиновото масло и виното.
Замесете тесто кое ќе биде малку лепливо. Добро набрашнете ја работната површина. Земете малку од тестото, направете долгнавеста лента, па спојте ја за да добиете прстен. Правете прстени се додека не ја потрошите смесата.
Секој прстен извалкајте го во шеќер во прав и ставете го во тава обложена со хартија за печење. Печете 20тина минути на температура од 180 степени. Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Октомври.2015 во 08:58
Кинески палачинки со млад кромид
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 250g глатко брашно
* 180ml млака вода
* прстофат сол
* 4-5 парчиња млад кромид
* 1 парче млад лук
* малку мслиново масло
* малку сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Најпрво замесете тесто со брашното, водата и солта. Месете го тестото се додека не стане свиленкасто, а да не се лепи за рацете. Додавајте брашно по потреба додека мешате, ако тестото ви е лепливо. Кога ќе добиете убава свиленкаста топка тесто, ставете го на чинија и покријте го со чиста куинска крпа и оставете го да одмара најмалку 30 минути.
Додека тестото одмара, измијте ги лукот и кромидот, убаво избришете ги ситно исечкајте ги така што ќе преовладуваат зелени делови.
Кога тестото ќе се одмори поделете го на 5 топчиња со приближно иста големина. Прво расмесете што потенко едно од топките, малку со прстите развлечете го тестото за да добиете тенка палачинка и на неа распрскајте малку маслиново масло, размачкајте го на целата површина, потоа додадете го ситно сечканиот кромид и лук и на крај убаво посолете. Свиткајте го тестото во ролна или палачинка, а потоа од така свитканото тесто направете облик на полжав. На крај „полжавот“ убаво расмесете го тестото додека не добиете круг со дијаметар од 20-25 центриметри. Истото повторете го со сите топчиња тесто.
Кога ќе ги подготвите сите палачинки, убаво загрејте ја тавата и премачкајте ја маслиново масло. На загреана тава испечете ги палачинките, прво печејќи ги 3-4 минута па потоа на другата страна уште 2 минути, без додавање масло. Палачинките мора да добијат убава златна боја и да бидат кршкави.
Кога ќе ги испечете сите палачинки исечкајте ги на четвртини и осмини и послужете ги топли со некој слатко кисел сос. Можете да ги послужите и со ајвар, крем сирење или некоја фина зеленчукова паштета.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Ноември.2015 во 21:07
Шакшука
Рецепт со потекло од Тунис. Прекрасен ориентален појадок, а може и ручек од јајца на око во пикантен сос од домати
Подготовка
Загрејте една лажица маслиново масло во тава. Додадете го кромиот, лукот, пиперките и лутото пиперче. Мешајте додека не се испржи. Додадете ги ренданите домати, пола од першунот и варете на среден оган додека смесата не се згусне. Додадете сол и бибер според вкус. Додадете ги јајцата. Ставете го капакот и гответе додека јајцата не се сварат, околу 10 минути. Украсете со гранчиња першун.
Време на подготовка од: 35 Време на подготовка до: 40 Kомплицираност: 2
Светот е спој од различни култури со различни традиции и јадења. Некои кујни се особено познати по нивните специјалитети, а некои ги кријат нивните убавини во локалните улични штандови.
Некои обични, но сепак изобилуваат со градација на вкусови, а некои пак се толку необични што ни на крај памет не би ги пробале.
Овие 8 национални јадења се токму такви – повеќе изгледаат како експерименти кои си играат со нашите усни папили отколку како вистинска храна:
1. Ширако – Јапонија
Земајќи ја предвид популарноста на кавијарот, не само во Јапонија, туку и во светот, не би требало да ви биде чудно да го пробате нејзиниот машки еквивалент. Станува збор за рибина млеч – репродуктивни жлезди полни со сперма од мажјаци како бакаларот.
Во Јапонија, ова интригантно јадење се нарекува „ширако“ – што означува „бели деца“. Приготвено добро, има кремаста текстура која наликува на пудинг.
2. Лутефиск, Норвешка
Ова традиционално норвешко јадење е направено од сува, солена бела риба и алкален раствор кој се користи во средствата за чистење рерни. Трикот во ова чудно јадење е рибата да се маринира во растворот точно определено време, така што маснотиите од рибата не се претворат во сапун.
Храната е готова кога личи на желе и мириса ужасно. Во 2008, биле продадени повеќе 3.000 тони Лутефиск од рафтовите на норвешките продавници.
3. Трунг Вит Лон, Виетнам
Силен афродизијак составен од оплодено јајце од гуска со едвај развиен ембрион внатре. Возраста на јајцето зависи од регионот – Северњаците сакаат кога се позрели – т.е. кога малечкото е доволно големо за да има клунче и канџи.
Трунг Вит Лон се вари заедно со лушпата и така се јаде. Бујонот, кој го опкружува ембрионот се истура надвор од јајцето пред да се излупи лушпата. А, внатре, коските на нероденото гувче се цврсти и меки.
4. Црн пудинг, Англија
Црниот пудинг, всушност не е пудинг, туку вид колбас направен од комбинација на крв и месо. Традиционалните Британци уживаат во нивните вампирски тенденции со неколку парчиња од овој специјалитет покрај додатоци од грав, домат, печурки и јајца.
Целата комбинација се нарекува „fry up“ – и додека сигурно ќе ви го крене холестеролот, сепак задоволува голем дел од нутрициските потреби на организмот.
5. Тако де Сесос, Мексико
Мексиканците се гордеат со нивното тако од кравји мозок. Иако сивата маса е богата со холестерол, таа не е конвенционално нездрава.
Според медицината, кравјото лудило има инкубационен период од 50 години, па затоа ваквото јадење не е баш најбезбедно. Јадете на сопствен ризик.
6. Санакџи, Кореја
Би пробале жив октопод? Санакџи е традиционално корејско јадење кое се состои од ситно исечен октопод додека пипалата сѐ уште мрдаат. Практично, додека го јадете, чувствувате како пипалата се движат во вашата уста, помеѓу забите и јазикот.
Уште една варијација на Санакџи е да земете бебе-откопод и директно да го ставите во уста. Без сечење и без убивање.
7. Тонг ци дан, Кина
Можеби едно од најчудните јадења кои светот ги нуди е кинескиот деликатес Тонг ци дан или „јајца од момче-девица“. Секоја пролет во градот Донгианг јајцата се варат во урина на млади момчиња на училишна возраст.
8. Сангуиначо, Италија
Овој десерт сигурно нема да се појави на менито веднаш до тирамисуто и другите вообичаени десерти. Сангиуиначо е всушност пудинг направен од крвта на свежо заколено прасе.
Колењето на животни за време на празниците претставува традиционален начин на славење на католичките зимски празници.
Ваквиот вкусен десерт е едно од оние нешта што мора да ги пробате пред да дознаете што има во нив.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Јануари.2016 во 08:22
МЕКСИКАНСКИ ТОРТИЉИ СО ПИЛЕШКО И ЗЕЛЕНЧУК
За сите оние кои го сакаат богатството на вкусовите и зачините, мексиканската кујна е идеална. Мексиканската храна и нејзиниот единствен вкус и мирис ќе Ви го доближат дел од Мексиканската култура.
Состојки:
1 пакување тортиљи,
100 грама пченка,
1 морков,
1 пиперка,
100 грама грашок,
500 грама пилешки гради,
сирење (едемер, гауда …),
сирење сечено во ливчиња,
сол,
црна пипер,
чили,
половина кромид,
лук,
2 кисели павлаки,
едно помало парче фета сирење.
Подготовка: Го сечкаме кромидот и го пржиме во тавата. Откако ќе пожолти ги додаваме пилешките гради, додаваме сол и црна пипер. Кога пилешкото месо малку ќе се испржи но не до крај додаваме мешаниот зеленчук и постојано мешаме. Кога смесата е готова додаваме сирење сечено во ливчиња и чили по желба. Смесата е готова. Тортиљите малку испрскајте ги со вода од двете страни и ставаме да се загреат во тавата.
Полнење: прво ставаме на тортиљата павлака па на неа смесата со зеленчук и пилешки гради. Наросуваме со изрендано сирење и ја виткаме тортиљата. Свитканата тортиља повторно ја мачкаме со павлака и наросуваме со изрендано сирење. Тортиљите ги ставаме во тепсија која пред тоа е намачкана со малку путер. Прво тавата ја ставаме во рерната да се загрее на 200 степени додека ги правиме тортиљите. Кога ќе завршиме со полнење на тортиљите, ги ставаме да се печат и ја намалуваме температурата на 180 степени. Ги вадиме од рерната кога сирењето ќе добие жолта боја. По Ваша желба можете да додадете чили. Добар апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Февруари.2016 во 08:05
Овој пат ве водиме во Шпанија, односно ќе ви покажеме како да подготвите еден интересен шпански рецепт благодарение на кој омлетот ќе добие сосема поинаква димензија.
Шпанската кујна е позната по тоа што често комбинира месо со разни зеленчуци добивајќи на тој начин не само здрав оброк туку и храна која е примамлива за окото.
Рецептот кој овој пат го споделуваме со вас е одлична идеја за појадок со која идејата за омлет засекогаш ќе ви се промени.
Потребни состојки:
3 лажици масло
1 поголем жолт кромид, исечкан
50-60g колбас, пресечен во форма на полумесечини
340g компир, исечкан на коцки
сол и црн пипер
3/4 чаша магдонос, грубо исечкан
10 јајца
1 чаша рендан чедар
мала марула
1/2 помал црвен кромид, тенко исечкан
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200°C. Загрејте 1 лажица масло во голема огноотпорна тава на средна топлина. Додадете го жолтиот кромид и пропржете го 5 минути.
Додадете го исечканиот колбас, компирите и по 1/2 лажичка сол и црн пипер и оставете да се готви во покриен сад, мешајќи повремено, додека компирите не омекнат, односно околу 10 минути.
Додадете го магдоносот. Истурете ги јајцата во тавата и измешајте да се состават состојките. Одозгора наросете чедар и пренесете го садот во рерна.
Печете го омлетот додека чедарот не се стопи и добие кафеава боја околу рабовите, околу 15 минути.
Ставете листови марула и црвен кромид на чинијата за сервирање и полејте ги со маслиново масло. Исечете го омлетот на парчиња и послужете го на чинијата.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Март.2016 во 08:18
http://www.kafepauza.mk/zivot/3-italijanski-deserti-koi-sekoj-mora-da-gi-proba/" rel="nofollow - Вкусни и едноставни италијански десерти кои едноставно мора да ги пробате
1. Десерт со овошен јогурт (за 4 до 6 лица)
Потребни состојки:
300 грама мешано овошје
200 грама свежо сирење
250 грама пандишпан за торта
250 милилитри грчки јогурт
100 грама малини и јагоди
2 кафени лажици шеќер во прав
1 кафена лажица гранулирани лисја од нане
Сок и кора од половина лимон
Начин на подготовка:
Исечете го мешаното овошје, ставете го во чинија и додајте го шеќерот, сокот од лимон и нането. Ставете ги во фрижидер сè додека овошјето не испушти сок. Со миксер изматете ги сирењето, кората од лимон, јагодите и малините и ставете ги во чинија. Додајте јогурт и шеќер, промешајте и ставете ја чинијата во фрижидер. Исечете го пандишпанот на коцки и ставете го во стаклена чинија. Нанесете еден слој од овошјето и јогуртот врз пандишпанот. Повторете го ова во неколку слоеви. Ставете го во фрижидер најмалку 30 минути пред да го служите.
2. Сендвичи со сладолед (за 4 лица)
Потребни состојки:
Готово тесто за колачи
60 грама брашно
60 грама путер
60 грама шеќер
Сладолед
2 белки од јајце
Прстофат сол
Начин на подготовка:
Пуштете ја рерната на 200 степени. Матете го путерот со шеќерот сè додека не се добие хомогена смеса. Изматете ги и белките со малку сол и потоа полека додавајте ги во смесата со путерот. На крај додајте го и брашното (за чоколадни колачи додајте и една лажица какао). Поставете хартија за печење и врз неа со лажица ставајте од тестото. Погрижете се парчињата тесто да не бидат многу блиску едни до други. Печете ги 8 минути. На рабовите ќе бидат кафеави, а во средината бели. Половина од колачите намачкајте ги со сладолед и покријте ги со друго колаче за да формирате сендвич.
3. Овошна торта со манго и ф’стаци (за 4 лица)
Потребни состојки:
2 зрели манга
50 грама кафеав шеќер
1 лажица путер од ф’стаци
Нане
За тестото:
250 грама брашно
125 милилитри вода
100 грама путер
Рендана кора од лимон
1 лажица шеќер
Сол
Начин на подготовка:
За да го подготвите тестото, пресечете го путерот на мали парчиња и измешајте го со брашното, кората од лимон, шеќерот и солта. Додајте 125 милилитри вода и со миксер мешајте додека смесата не стане хомогена. Потоа ставете ја во фрижидер на 1 час. Излупете го мангото, исечете го на дебели парчиња, а сокот соберете го во шолја. Во мала тава загрејте го шеќерот со 1 лажица од путерот и сокот од мангото. Гответе додека не се карамелизира. Префрлете го во тава за печење и од горе ставете ги парчињата манго. Потоа додајте го тестото и печете 25 минути во претходно загреана рерна на 150 степени. Извадете го од рерната и попрскајте го со ф’стаци и нане.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Април.2016 во 14:09
Ако бурекот или симит-погачата се обележје на балканските простори, тогаш овие шведски ролнички со цимет се дефинитивно препознатлив кулинарски симбол на скандинавската кујна.
Нивното оригинално име гласи Кanelbullar и одат одлично во комбинација со кафе.
Толку се популарни што имаат и свој посветен ден во шведскиот календар - 4-ти октомври.
Доколку точно го следите рецептот, тој ќе ве трансфомира од надежен во професионален пекар.
Изненадете ги домашните и пријателите со овие вкусни ролнички со цимет и уживајте во неодоливата арома на специјалниот додаток, зачинот кардамом.
Потребни состојки:
За тесто:
150g путер
500ml млеко
50g свеж квасец
1 кафена лажичка сол
85g бел шеќер
2 кафени лажички здробено семе од кардамом, по желба (може да го најдете во подобро снабдени продавници за зачини и здрава храна)
900g бело брашно
За фил:
100g путер на собна температура
85g бел шеќер
3-4 супени лажици мелен цимет
Декорација:
1 матено јајце
3-4 лажици украсен крупен шеќер или сечкани бадеми
Начин на подготовка:
Стопете го путерот во длабок сад и додадете го млекото. Загрејте на температура до 37 степени.
Здробете го квасецот во сад за матење, додадете го млекото и мешајте додека не се растопи квасецот.
Додадете ја солта, шеќерот, здробеното семе од кардамом и скоро целата количина на брашно. Зачувајте малку брашно за подоцна.
Измесете го тестото додека не се изедначи и веќе не се лепи по рабовите на садот за месење. Оставете го тестото да отстои околу 30 минути, покриено со чиста крпа.
Префрлете го тестото на површина посипана со брашно и пресечете го на половина. Направете две долги правоаголни плочки со дебелина од околу 1,5 сантиметри.
Намачкајте го путерот и испрскајте одозгора со шеќер и цимет.
Почнувајќи од подолгата страна, истегнете го тестото и свиткајте го во облик на две ролни. Исечете ја секоја од ролните на парчиња (треба да добиете околу 45-50 ролнички) и ставете ги, свртени со „лицето“ нагоре на хартија за печење. Покријте ги со крпа и оставете ги уште 30 минути за да се крене тестото.
Загрејте ја рерната на 225 степени. Намачкајте ги ролничките со белка од јајце и украсете ги со крупен шеќер и бадемови снегулки.
Печете ги ролничките од 8-10 минути.
Пријатен сладок апетит!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Мај.2016 во 08:41
Шпанскиот омлет е познат низ светот како една од највкусните идеи за појадок широко прифатена од многу нации.
Неговите варијации можете да ги сретнете во многу земји, но сепак оригиналниот рецепт е рецептот со кој ќе го добиете автентичниот вкус на Шпанија.
Потребни состојки:
3 јајца
2 лажици млеко
малку путер
домати
шунка
кашкавал
сол и црн бибер
Подготовка:
1. Изматете ги јајцата заедно со млекото и додадете малку сол и црн бибер.
2. Исчекајте ги ситно шунката и доматите и изрендајте го кашкавалот.
3. Истурете околу 2/3 од смесата во подмачкана тава на оган и додатете ги одозгора сечканата шунка, доматите и ренданиот кашкавал. Превртете кон средината мал дел од едната страна на омлетот а во празното место истурете ја преостанатата смеса.
4. Штом ќе добие златно кафеава боја, свиткајте го во ролна и спремен е за послужување.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Мај.2016 во 07:55
Dave’s Kitchen: Грчка тиропита
Лапни голти! Овој пат рецептот на неделата е лесна и вкусна тиропита.
Потребни состојки:
За тестото
700 гр. Екстра бело брашно Тип 400 Жито Лукс
1/4 квасец
Околу 350 гр. млака вода
3/4 коцка маргарин
За филот
300-400гр обарен исцеден и исечкан спанаќ
4-5 лажици дробено сирење или урда
Начин на подготовка:
Од овие состојки замесете убаво меко и глатко тесто. Тестото се дели на 2 дела и од секој дел се прават по 15 топчиња.
Секое топче се расукува во кора голема колку 1 чинија. Се ставаат корите во чинија и помеѓу секоја се премачкува со растопен маргарин.
Првата чинија се реди со првите 15 кори премачкани со маргарин и се става во ладилник да одмори околу 15 минути. За тоа време направете ја истата постапка со останатите 15 кори од вториот дел од тестото. Оставете ги овие две кори да се одморат во ладилник околу 15-тина минути.
Се расукува кора од сите 15 кори во големина колку тавчето (тавче број 34-36) и се остава дел од кората да виси надвор од тавчето. Се реди филот.
Потоа се расукува втората кора од 15-те кори и се става врз филот. Краевите се завратуваат внатре во тавчето и питата се пече околу 20-30 минути на 180-200 степени.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Август.2016 во 08:34
Бригадеиро: Десертот со кој Бразил се гордее
Бразил го претставивме со повеќе нешта. Со храната, културата, коктелите, а и со можеби најважниот дел за сладокусците, десертите.
Најпрепознатливиот десерт од оваа јужно американска земја е секако Бригадеиро. Кај нас познати како бомбици, овие Бригадеиро топки се десертот со кој Бразил се гордее.
Креирани во 1940-та година, Бригадеиро топките се полни со декаденција и чоколадно уживање со секој залак.
Се служат за било каква прослава, во било кој период од годината и само во Бразил постојат над 50 различни видови.
Состојки:
400 мл. кондензирано млеко
30 грама какао
20 грама несолен путер
1 лажица ванила екстракт
200 грама чоколадни (или било какви) мрвици
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Октомври.2016 во 18:11
10 највкусни италијански десерти
Веднаш штом се спомене Италија, луѓето помислуваат на две работи: мода и храна.
Италија е земјата од која потекнуваат многу вкусни специјалитети, кои со годините станале познати низ целиот свет.
Еден од особено важните сегменти за Италијанците кога е во прашање храната, е десертот.
Според нив ниту еден ручек не е целосен доколку не заврши со десерт.
Токму затоа ова се највкусните италијански десерти кои морате да ги пробате.
1. Zabaglione
Вистинско слатко задоволство направено од јајца, шеќер и „Марсала“ вино. На прв поглед изгледа како пијалак, но всушност е многу мек десерт кој се служи во чаша.
2. Torta Caprese
Традиционална торта од Капри, направена од чоколадо и лешници која одозгора се прекрива со шеќер во прав.
3. Cantucci di Prato e Vinsanto
Со потекло од Тоскана, овој десерт е во форма на бисквит со лешници кој секогаш се јаде заедно со алкохолен пијалак, најчесто некое слатко вино.
4. Semi-Freddo
Во буквален превод значи полуладно и е заедничко име за многу десерти кои се смрзнати и прекриени со сладолед или слатка павлака.
5. Cannoli
Можеби еден од најпознатите италијански рецепти низ целиот свет, кој не само што е вкусен, туку и има интересен изглед. Крцкавото тесто извиткано во ролни е исполнето со слатка рикота што го прави неодоливо вкусно.
6. Sicilian Cassata
Овој сицилијански рецепт покрај труд, бара и доста време за декорација. Во внатрешноста има пандишпан, меѓу кој се наоѓа фил од рикота, а надворешноста внимателно се прекрива со марципан.
7. Rum Baba
Мало цилиндрично парче торта потопено во рум, декорирано со слатка павлака е она што во суштина претставува овој десерт.
8. Panna Cotta
Еден од најпрепознатливите италијански рецепти кој во превод значи зготвен крем, односно зготвена слатка павлака декорирана на одличен начин со овошен сируп и парчиња овошје.
9. Tiramisu
Неверојатно вкусна торта со слоеви фил од кафе, маскарпоне и жолчка од јајце. Еден од вкусовите кој штом го пробате никогаш нема да го заборавите.
10. Gelato
Можеби една од најдобрите причини зошто треба да ја посетите Италија. Џелато не е обичен сладолед и Италијанците никогаш нема да ви простат ако кажете нешто такво. Тајната е во тоа што тој не се замрзнува, а тоа го прави покремаст и му дава многу поинтензивен вкус.
АКТУЕЛНО
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Октомври.2016 во 09:01
„Paella“ познатото шпанско јадење е измислено токму во Валенсија. Овде, традиционалните состојки се ориз, пилешко, зајачко, грав, полжави и артичоки. Секако, постојат и 100 други разни комбинации кои вклучуваат и морски плодови.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Октомври.2016 во 15:52
ЧЕШКИ КОЛАЧ КОЈ МОРАТЕ ДА ГО ПРОБАТЕ!
СОСТОЈКИ ЗА КОРА:
6 јајца
200 гр шеќер
4 лажици какао
5 лажици мелени ореви
2 лажици брашно
СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:
останатиот прелив за кората (млеко + шеќер)
150 гр мелени ореви
125 гр маргарин
изрендано чоколадо
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Разматете ги белките, па додајте шеќер мешајќи постепено. Потоа во смесата додајте жолчки и матете уште малку. Потоа во смесата додајте какао, ореви и брашно и матете додека сè не се соедини.
Кората печете ја на 200 степени околу 20 минути.
За преливот за кора згответе 150 шеќер во 200 мл млеко.
Кога кората ќе ја извадите од рерна, додека е врела прелијте ја со половина од овој прелив и оставете ја да се излади.
Во останатиот врел прелив додајте ги оревите па оставете да се излади. Додајте разматен маргарин и со филот намачкајте ја разладената кора.
Преку филот изрендајте црно чоколадо и послужете.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Декември.2016 во 09:56
Руски чајни бомбици- Десерт готов за 15 минути
Состојки:
1 шолја путер
1 лажичка ванилин екстракт
6 лажици шеќер во прав
2 шолји брашно
1 шолја мелени ореви
1/3 шолја шеќер во прав – за декорација
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Добро разматете ги путерот и екстрактот од ванила. Полека додавајте шеќер и брашно.
Потоа додајте ги оревите.
Од тестото направете топчиња. На плех ставете хартија за печење и наредете ги топчињата. Печете во рерна околу 10 минути.
Кога ќе се изладат, посипете ги со шеќер во прав.
Уживајте!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Јануари.2017 во 21:13
Храна што мора да ја пробате во овие европски земји
Од
храна никогаш доста. На светот постојат милиони различни вкусови кои
допрва треба да ги откриете, па навистина би било штета постојано да
јадете една иста храна. Во прилог ви претставуваме неколку јадења кои
едноставно мора да ги пробате ако се најдете во некоја од овие европски
земји.
1) Wiener Schnitzel (Виенска шницла) – Австрија
Ова австриско национално јадење е задолжително да го пробате доколку
се најдете во оваа земја – супер тенката пржена шницла од свинско или
пилешко месо ретко кого го остава рамнодушен.
Покрај превкусните вафли и помфрит, пробајте ја и оваа чорба од бифтек, во која во готвењето наместо вино е додадено пиво.
3) Халуми – Кипар
При посета на Кипар, пробајте го ова полутврдо сирење направено од микс од козјо и овчо млеко, кое не се топи кога се пржи.
4) Poronkäristys – Финска
Oва е месо од ирвас кое баш и нема да имате прилика да го пробате во
друга земја, за кое велат дека има подобар вкус од месото од елен. Се
јаде преку цела година и има иконски статус во регионот.
5) Steak tartare ( Тартар бифтек) – Франција
Тартар бифтек е порција од свежо месо (бифтек или коњско), кое
вообичаено се служи со компир, кромид, бибер или ворчестер сос, а
понекогаш и со свежа жолчка од јајце.
6) Kürtőskalács – Унгарија
Оригиналното име му е „киртешкалач“, а познат е и како оџак-колач или
унгарски свадбен колач – се прави така што тестото се премачкува со
истопен путер, се пече додека не се „позлати“, а потоа се валка во
шеќер, цимет или мелени ореви. Исто така може да се полни со било што,
од сладолед, до Nutella.
7) Црн пудинг – Ирска
Ирската храна ја нема репутацијата како нивните пива, но ирскиот црн
пудинг дефинитивно вреди да се проба. Ова е еден вид на крвав колбас
направен од маст од свиња или добиток, измешан со свинска крв и овес.
8) Paella (Паеља) - Шпанија
Паељата има потекло од Валенсија и е јадење коа мора да се проба – се
состои од ориз, зеленчук, морска храна или месо и голема доза на
шафран.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Март.2017 во 13:26
Компирите измијте ги, згответе до половина, па изрендајте ги. Посолете по желба, измешајте па ставете ги во тава во која на слаб оган сте растопиле малку путер.
Компирите распоредете ги по тавата во облик на палачинки и со дебелина од околу еден сантиметар.
Палачинките од компири пржете ги на слаб оган додека не поруменат од двете страни.
Послужете со павлака или било каков намаз.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Март.2017 во 13:28
ШВАЈЦАРСКА ПОГАЧА ОД КОМПИРИ!
Состојки:
компири
сол
путер
Начин на подготовка:
Компирите измијте ги, згответе до половина, па изрендајте ги. Посолете по желба, измешајте па ставете ги во тава во која на слаб оган сте растопиле малку путер.
Компирите распоредете ги по тавата во облик на палачинки и со дебелина од околу еден сантиметар.
Палачинките од компири пржете ги на слаб оган додека не поруменат од двете страни.
Послужете со павлака или било каков намаз.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Мај.2017 во 08:40
Италија и храна. Совршена симфонија. Земјата на пицата, пастата, маслиновото масло. Италија е синоним и за добро вино, џелато, тирамису, кафе.
Секоја посета во Италија подразбира добро парче пица, заокружено со вкусен џелато сладолед и силно еспресо испиено „од нога“.
Но, Италија нуди и многу повеќе на менито од ова. Ова се 10 помалку познати, но вкусни специјалитети кои вреди да ги пробате кога ќе се најдете на „полуостровот чизмичка“:
Bigoli
Мислите дека шпагетите се врвно паста уживање? Ќе се премислите откако ќе пробате биџоли, јадење автентично за Венето регионот, што ги опфаќа Венеција, Верона и езерото Гарда. За разлика од тенките мазни шпагети, биџолите се подебели, груби и цевчести.
Традиционално направени од хељдино брашно и јајца од патка, се служат со едноставен сос од црвено вино, зеленчук и печена дива патка, гарнирани со магдонос и рендан пармезан.
Ribollita
Ова јадење е означено како „јадење за сиромашни“, иновација на слугите кои ги собирале остатоците од јадењето на нивните господари како леб и зеленчук, и повторно ги вареле. Всушност, Ribollita во превод значи токму тоа – повторно сварено.
Лебот кој ја згуснува супата му дава на јадењето богат и мек вкус. И покрај неговите скромни зачетоци, Риболита се смета за едно од најважните и највкусните јадења во Тоскана.
Risi e bisi
Ориз и грашок не звучи баш како најсофистицираното италијанско јадење, но изненадувачки е превкусно. Како што укажува името јадењето содржи само грашок и ориз, зготвени со пилешки бујон и зачини кои се употребуваат за традиционално рижото.
Мешањето е сведено на минимум, за да текстурата на јадењето повеќе наликува на супа.
Tortellini en Brodo
Ова е типично омилено јадење за време на празниците во северна Италија. За разлика од регуларните тортелини кои се служат со богат крем сос, овие се варат во пилешки бујон. Наполнети со телешко месо и Parmigiano Reggiano сирење, се служат само со малку наросен рендан пармезан и тоа е тоа.
Canederli
Како и Риболитата и ова јадење е направено од остатоци од леб помешан со јајца и млеко. Се обликуваат топчиња, а често пати се додава пушена сирова шунка како додаток, кашкавал и зачини. Потоа се варат во говедски или пилешки бујон.
Може да се послужат „суви“ со малку стопен путер или заедно со бујонот. Ова е совршено јадење за зимскиот период.
Osso buco alla Milanese
Доколку сте љубител на месо, нека „Осо буко“ биде првиот избор кој ќе го вкусите, наместо пилешкото со пармезан што всушност не е ниту италијанска храна.
Парчиња телешко месо со коска (потколеница) готвени бавно со бело вино и зеленчук, послужени со остар прелив од магдонос, лук и рендана кора од лимон или позната уште како гремолата. Модерните верзии на ова јадење вклучуваат домати, но автентичното Осо Буко типично за Милано се готви без нив.
Cacciucco
Не сте љубител на риба и морска храна? Ова јадење ќе го промени тоа. Зачинетата морска „манџа“ е типична за Ливорно, а се прави од свежиот улов – школки, риби, лигњи и октопод.
Рибата се готви во богат доматен сос и бујон зачинет со лук и жалфија, а се служи со добро потпечено лепче со кое ќе си макнете од сосот.
Focaccia di recco
Ова е причината поради која толку многу луѓе го сакаат регионот Лигурија со главниот град Џенова. Тенок слој на печена фокача исполнето со кремаст слој од crescenza сирење. Изгледа слично на нашиот бурек, нели?
Bottarga
Ботарга не се класифицира толку многу како јадење, туку повеќе како состојка: маринирана и созреана, односно пушена икра од морска риба, карактеристичен деликатес за Сардинија и Сицилија.
Богатиот соленкаст вкус дозволува да се комбинира со лингвини паста, зелен зеленчук или врз потпечен леб со путер.
Torrone
Потеклото на Тороне десертот е под знак прашалник, некои велат дека потекнува од Ломбардија, а други инсистираат дека е креирано во Сицилија. Како и да е, важен е вкусот. А вкусот е сладок и божествен – кремав, леплив десерт направен од мед, белки од јајца, тостирани јаткасти плодови и кора од цитрус.
Модерната варијанта на Тороне е потопена во чоколада. Мјам!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Февруари.2018 во 08:15
http://www.crnobelo.com/hrana/soveti/56786-14-deserti-koi-ne-smeete-da-gi-propustite-dokolku-se-najdete-vo-francija" rel="nofollow - - 14 десерти кои не смеете да ги пропуштите доколку се најдете во Франција
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Мај.2018 во 08:46
Турски појадок – „ Kahvaltı“
Појадокот е најважниот дневен оброк. За да не се прескокне, според експертите за исхрана, ова најзначајно јадење во денот, во Турција постојат специјализирани ресторани за појадок. Посетувањето на ваквите ресторани заедно со целото семејство стана тренд, особено во поголемите турски гардови. Ако се подготвувате за бизнис средба во Турција немојте да се изненадите ако тоа, наместо „работен ручек“ биде „работен појадок“.
“Не знам што мислите за јадењето, но http://balkon3.com/balkon3-recept-za-pojadok-gibanica/" rel="nofollow - појадокот има некоја допирна точка со задоволството, среќата“, вели познатиот турски поет Џемал Суреја, во својата песна од само два реда. Тоа е неговиот омилен, неопходен оброк, кој ја заситува и исполнува неговата душа. Особено кога софрата е полна со луѓе. Тогаш задоволството е бескрајно.
А, ако мислите дека неколкуте залчиња, од геврекот или симитчето пред да се стигне на работа, училиште ќе завршат работа, се лажете. Тоа е само елиминирање на гладта, а не вистински појадок.
Турскиот збор http://sirkecirestaurants.com/what-is-kahvalti-breakfast-sirkeci-restaurants-istanbul-turkey/" rel="nofollow - “kahve-altı” , значи појадување пред утринското кафе. Во последните години појадок, особено за време на викендите во Турција стана посебен сектор. Рестораните со широкиот спектар на понуда и беспрекорна услуга ја започнаа трката да стигнат до се поголем број на муштерии. Посетувањето на ваквите ресторани заедно со целото семејство, покрај социјалната активност, стана и мода.
Најпознати ресторани за појадок се „ http://www.yelp.com/biz/van-kahvalt%C4%B1-evi-istanbul-2" rel="nofollow - Рестораните Ван “ (Ван е град на крајниот исток на Турција). Карактеристични се по тоа што сите производи се носат од самото место, природни и екстра вкусни, но имаат и голема искуство. Упатените за тие менија кратко велат „Да не јадеш, а да се најадеш“. Цената за едно лице изнесува околу 25 лири (10 евра). А еве што добивате за тие пари, односно што содржи традиционалниот турски појадок…
Тревно сирење За призводство на сирењето се користи овчо млеко и 20 вида на трева. Во регионот тие се познати како дива трева, некои од нив се познати под следните имиња: Свадбена цвет, сирик, хелиз, мендо и др. Овој тип на сирење преку растенијата која ги содржи во себе помага во варењето на храната и ја прочистува крвта од микро-организмите.
Муртуга Главните состојки се путер, брашно и јајца, потсетува на палачинки. Во принцип се јаде со мед и џем.
Кавут Се подготвува со печење на пченичното брашно со масло се додека не се добие кашеста маса. Многу е вкусен. Незаменлив производ на `Ванската` софра.
Мед и сусамово масло Неодолив вкус на `Ванските софри`. Составен од комбинацијата на светски познатиот мед karakovan (Црна кошница) – со сусамовото масло. За каракован погледнете на: http://turkhoneyworld.com/language_English/karakovanhoney.htm)Вански таратур
Главните состојки му се павлака или кајмак сирење, на него се додава магдонос и копар.
Мед `Karakovan` (црна кошница) и кајмак Медот каракован го произведуваат кавкаските пчели од 1200 видови на различни цветови и во длабочина од 30 см во дудинките (црници). Медот во таа длабочина стои 6 месеци без светлина. Најважната карактеристика е што е произведен од пчелите без никаква човечка интервенција.Секако на софрата има и: бело сирење, кашкавал, домати, краставици, салати, путер, јајца (пржени со сучук), менемен (јадење од јајца, домат, кромид и пиперки подготвени во тава, ореви и чај колку што ќе посакате.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Мај.2018 во 11:50
Рецептот за највкусниот шведски десерт- „Kladkakka“
Потребни состојки:
100гр. Путер
2 јајца (М)
50гр. Какао
100гр. Брашно
250 гр кокосов шеќер
1 Ванилин шеќер
Пола лажиче сол
Најпрво како и секогаш вклучете ја рерната на 170 степени и решетката поставете ја на долната шина. Со хартија за печење обложете тавче (26цм) а страните измачкајте ги со маслиново и ставете какао за да не се залепи колачот.
На пареа растопете го путерот а потоа додадете го какаото,шеќерот и на крај јајцата.
Промешајте убаво со рачна маталка и на крај додадете ги ванилата, солта и брашното (просеано). Мешајте да добиете густа хомогена смеса. Истурете ја смесата во тавата и печете 25мин.
Откако ќе се испече и излади обидете се да не ја изедете веднаш.
Овој колач може да се послужи со шлаг, сладолед или овошје. Изборот е ваш.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Јуни.2018 во 19:47
Панфорте-прекрасен италијански посен колач
Дегустирајте посен колач од италијанската традиционална кујна.
Потребни намирници – 150 грама шеќер, 80 грама брашно, 150 грама мед, 200 грама суви смокви, 100 грама печени лешници, 125 грама бланширани бадеми, 100 грама посна црна чоколада, рендана кора од портокал, шеќер во прав, по прстофат ѓумбир, мускатно оревче и цимет, посен маргарин.
Подготовка
Тавата за печење обложете ја со мрсна хартија и премачкајте ја со посен маргарин. Во сад ставете го брашното, додадете ги зачините, целите лешници и бадеми, иситнетото чоколадо, ренданата кора од портокал и сечканите смокви, па добро измешајте. На умерена температура истопете ги медот и шеќерот, гответе пет минути без мешање. Карамелот прелијте го преку припремената смеса, брзо промешајте, претурете ја смесата во тавата за печење и изравнете ја со лажица. Печете во рерна на 150 степени околу половина час. Колачот изладете го, попрскајте го со шеќер во прав, завиткајте го во пластична фолија и оставете го да отстои во фрижидер.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Август.2018 во 15:32
Секој град си има свои карактеристики кои го прават уникатен, меѓу кои е и локалната кујна.
За да се почувствува вистинскиот вкус на некој град, најдобро е да се пробува храна од уличните продавачи. Гурманите би рекле дека ваквата храна е подеднакво вкусна како и во рестораните со Мишелин ѕвезди.
Погледнете во кои градови низ светот има највкусна традиционална улична храна:
Бангкок, Тајланд
Брзи оброци врз основа на ориз, нудли и пијалаци од слатко соино млеко. Доколку се најдете во Бангкок, задолжително пробајте комбинација од нудли и ориз во вок-тава, со сусам, ракчиња, тофу, лук, сушена риба, пржени кикирики и многу свеж зеленчук.
Токио, Јапонија
Таму можете да најдете овошја и зеленчуци печени на скара, на специјален јаглен и секако, неизоставното суши, кое го има во многу варијанти.
Хонолулу, Хаваи
Кујната на Хаваите е мешавина од локална и традиционална храна со влијанија од САД, Азија и Латинска Америка. Можете да најдете салати со свежа риба, но и хамбургери. Едно од најомилените јадења е октопод на скара со прилог од кимчи (кинеска ферментирана лута зелка).
Њу Орлеанс, Луизијана
Омилена изрека на мештаните е дека тие служат подобра храна на бензинските станици од елитните ресторани. Можете да изберете меѓу ориз со грав и андалузиски колбас, француски тост со многу путер или сицилијански сендвич. Тие подготвуваат и парчиња пржено месо од крокодил, што според нив имаат вкус на пилешко.
Истанбул, Турција
Што повеќе може да се каже? Свежи печива, ѓевреци, донер-ќебап, турско ќофте, лахмаџун, сладолед од ф'стаци, ашуре, баклави и ќунефе. Изборот е навистина голем.
Мексико Сити, Мексико
Вкусни бурита, тако сендвичи, екстремно лут сос од зелени халапењо пиперчиња, салса и топено сирење. Нивната улична храна е вкусна, обилна, калорична и тешка за копирање, бидејќи секое ресторанче има свој специфичен начин на подготовка и најмалку по една тајна состојка.
Маракеш, Мароко
Пазарот во Маракеш е преполн со различни видови храна и пијалаци, од најобични десерти од палачинки, па сè до супи од полжави и овчи глави. Изборот е голем и колоритен и има по нешто за сечиј вкус.
Бомбај, Индија
Широк спектар на оброци со или без месо, кои вклучуваат најразлични печива, палачинки, јадења од арени компири, зачинети со кари, чили и многу други зачински растенија.
Мајами, САД
Во Мајами многу се подготвува и продава кубанска храна, па така нема да погрешите со сендвичот Кубано. Во него има шунка, пржено свинско, швајцарско сирење, кисели краставички и сенф. По избор на оној кој го јаде, овој сендвич може кратко да се потпече во тостер.
Рим, Италија
Во овој град неизоставна е италијанската рустична пица, но и многу други погачи и лебови направени од тесто со квасец.
Пекинг, Кина
На улиците низ Пекинг може да се најдат над 200 различни видови улична храна. Кинезите обожаваат ражниќи, па така можете да најдете и месо на стапчиња, но и скорпии и морски коњчиња. Не пропуштајте ги и супите со нудли и вкусните пролетни ролнички со зачинет зеленчук.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Ноември.2018 во 09:43
Локал: https://www.tripadvisor.com/Restaurant_Review-g274707-d8396089-Reviews-Good_Food_Coffee_and_Bakery-Prague_Bohemia.html" rel="nofollow - Good Food, Coffee and Bakery
Sables Bretons – класични француски колачиња, чиј уникатен вкус се постигнува со солен путер.
Madeleines – деликатни, меки, чајни колачиња со исклучително форма, низ кои провејува суптилен мирис на лимон и ванила.
Холандија: Stroopwafels
Stroopwafels – тенка крцкава вафла со карамел, која станува мека доколку ја ставите врз топло чајче, кафе или какао.
Белгија: Speculaas
Speculaas – тенко, зачинето колаче, особено популарно во Белгија и Холандија, кое се издвојува по шарата.
Норвешка: Pepperkaker
Old fashioned pepperkaker – овие норвешки колачиња со ѓумбир тенки како лист хартија се преполни со зачини и малку коњак кој им дава необичен и истовремено неодолив вкус.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Декември.2018 во 09:32
Lebkuchen – можеби најпопуларното божиќно колаче во Германија. Ова е ѓумбир-колаче кое најчесто се прави со мед и многу зачини, а понекогаш се додава и марципан.
Уште еден интересен податок – традицијата на изработка на слатките декоративни куќички со вкус на ѓумбир започнале токму во Германија.
Haselnussmakronen – меко и растегливо колаче со бадеми.
Zimtsterne – колаче во облик на ѕвезда со вкус на цимет, уште едно традиционално германско колаче со бел, шеќерен прелив.
Vanillekipferl – најпопуларното австриско божиќно колаче во облик на полумесечина, со примеси на ванила и путер.
Linzer kekse – уште едно австриско „сендвич“ колаче чие тесто има изразен вкус на јатки, односно бадеми во случајов, а двете половинки се залепени со џем од малини.
Ginger linzer cookies with butter caramel – уште една варијација на популарните „Linzer“ колачиња, овој пат во комбинација со ѓумбир, путер и карамел.
Италија: Biscotti, Amaretti, Panforte, Strufolli
Chocolate-dipped almond biscotti – традиционални тврди бисквити со чоколаден прелив и додатоци како бадеми.
Chocolate Panforte – традиционален италијански „лебен“ колач со јатки и суво овошје, слично на нашиот милиброд.
Chewy Amaretti Cookies – колачиња со бадем
Ricciarelli – уште едно бадемово колаче од Сиена.
Struffoli – традионален божиќен десерт од Неапол, малечки топчиња од тесто кои се пржат во врело масло и се посипуваат со рендана кора од портокал и лимон, прелиени со мед на крајот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Март.2019 во 22:57
Семла - шведски колач
Состојки
40гр растопен путер
125мл млако млеко
1 пакетче сув квасец
1 јајце
1 лажица шекер
прстофат сол
1 лажичка кардамон
по потреба брашно
за премачкување
1 јајце
плус
по потреба марципан
неколку лажички млеко
200мл слатка павлака
Семла е класичен шведски колач кој што традиционално се јаде на/ дебел вторник/тоа е последниот вторник пред да почнат велигденските пости.
Оваа година тој вторник е на 5 март, традиционално се јаде, пие бидејки од наредниот ден почнуваат постите. Во денешно време ретко кој пости, но традицијата за овие вкусни и меки печива останала.
Се меси мазно тесто и се остава да одмори. Откако убаво ќе нарасне се дели на 8 дела и од секој дел се формира топче. Се редат во намрсено тавче. Се оставаат околу 30мин да нараснат убаво. Пред печење се премачкуваат со изматено јајце и се печат во загреана рерна на 200степени додека не добијат убава боја.
Испечените лепчиња се сечат се вдлабнуваат и издлабеното тесто се меша со паста од бадеми и неколку лажици млеко. Со оваа се полнат лепчињата се става слатката павлака па се поклопуваат. Се наросуваат со шеќер во прав.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Мај.2019 во 10:04
https://www.crnobelo.com/hrana/recepti/64636-zimski-deserti-vienska-slatka-knedla-so-afion-i-dzem-od-slivi" rel="nofollow - - Зимски десерти: Виенска слатка кнедла со афион и џем од сливи
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Јануари.2020 во 21:24
https://www.crnobelo.com/hrana/soveti/73956-sto-e-pinsa-italijanski-specijalitet-koj-bi-mozel-da-ja-nadmine-picata" rel="nofollow - - Пинса- италијански специјалитет кој би можел да ја надмине пицата
Дали ја знаете разликата помеѓу пинсата и пицата? Во 2020 година многумина ќе ја дознаат, велат експертите за гастрономија, предвидувајќи дека во новата година пинсата ќе стане попопуларна од пицата.
Но, во што е разликата помеѓу овие два италијански специјалитети?
Покрај својата овална форма, пинсата се разликува од пицата во лесната текстура на тестото, кое има помалку јаглени хидрати и маснотии.
Тестото се прави од мешавина од пченица, соја и ориз, така што не е тешко за стомакот, а оние што го вкусиле велат дека тестото е меко како облак.
Ова се постигнува со употреба на ладна вода и ладно брашно, како и бавно надигнување на тестото, од 20 до 120 часа, но најчесто 48 часа.
Покрај тоа, тестото треба да се меси полека, за да не се загрее премногу. Добрите пинси одвнатре мора да бидат сочни, а од надвор крцкави.
Исто како и пицата, пинсите ги правеле сиромашните рурални работници. За подготовка на ова јадење користеле вода и мешани житарки: јачмен, овес, просо и ориз.
Откако го преточиле тестото во изедначена овална форма, додавале едноставни состојки како ароматични билки и сол. Тогаш пинсата била подготвена за печење во врел јаглен.
Дури и Вергилиј во Енеидата запишал дека селаните во римските села мелеле житарки за да направат овален колач во жежок јаглен.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Февруари.2020 во 08:58
https://www.crnobelo.com/zivot/patuvanje/74551-specijaliteti-shto-treba-da-gi-probate-dodeka-shetate-vo-zemjite-niz-svetot" rel="nofollow - - Специјалитети што треба да ги пробате додека шетате во земјите низ светот
Знаевте ли дека со возраста, се менува и нашето сетило за вкус?
Имено, јапонските научници докажале дека токму поради промената во сетилото за вкус, се менува и нашата омилена храна. Па така, во детството сладоледот ни е омилен „оброк“, додека многу зеленчуци ни имаат горчлив вкус.реклама
Можеби оваа промена е добра, бидејќи подоцна во животот ќе нè натера да пробаме нови вкусови.
А кога сме кај нови вкусови, добро би било да ги пробате овие јадења од целиот свет, штом ќе ви се укаже можност за тоа:
Шкотски јајца
Овој специјалитет е еден вид ќофте од мелено месо и презла, со мало изненадување во средината – варено јајце.
Каде да го пробате: Според Англичаните, најдобрите шкотски јајца ќе ги најдете во стар паб.
Pastel de nata
Овој десерт е „кошничка“ од лиснато тесто, исполнета со крем од лимон и цимет.
Каде да го пробате: Најдобро е да го пробате овој десерт во Португалија, во некоја пекара во Лисабон.
Ceviche
Ова јадење е направено од сурова риба маринирана во сок од лимон или лимета. Јадењето е зачинето со многу чили, коријандер и кромид.
Каде да го пробате: Најдоброто ceviche ќе го најдете во Перу.
Погачи со школки
Школките се пржат во тесто направено од брашно, млеко, „сок“ од школки и јајца.
Каде да го пробате: Најдобрите погачи со школки ќе ги најдете на улиците во гратчињата на Роуд Ајланд, САД.
Јагула во зелен сос (Paling in ’T Groen)
Супата е направена од јагула и густ зелен сос. Сосот содржи разни зачини, како нане, оригано, босилек, магдонос, ѓумбир, а понекогаш и спанаќ.
Каде да го пробате: Јадењето потекнува од Белгија, па најдобро е да го пробате во некој белгиски рибен ресторан.
Thüringer Rostbratwurst
Рецептот за овие колбаси потекнува од Германија од 15-тиот век. Направени се од мелено свинско, телешко или говедско месо. Колбасите се приготвуваат на скара, со свинска маст, а се служат со мало лепче и сенф.
Каде да го пробате: На пазарот во Ерфурт, Германија ќе ги најдете автентичните колбаси, кои потоа можете да ги приготвите сами.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Февруари.2020 во 08:59
Poutine
Ова јадење е всушност помфрит со сос и парчиња кашкавал. Компирчињата се крцкави однадвор и меки однатре, а сосот е многу мрсен и солен. Кашкавалот, пак, му дава совршена текстура.
Каде да го пробате: Ова е традиционално канадско јадење кое потекнува од покраината Квебек, а најдобро е да го пробате во Монтреал.
Bouillabaisse
Ова е еден вид супа од морска храна, која содржи неколку видови риба, школки, октопод, ракчиња и јастог. Супата има и зеленчуци, како компири, праз и домати, а е зачинета со шафран.
Каде да го пробате: Јадењето можете да го пробате во Марсеј, Франција.
Phirni
Phirni е сладок пудинг што ќе го најдете на речиси секој индиски карневал. Направен е од ориз, брашно, млеко и сушено овошје. Шафранот и кардамонот му даваат посебна арома на десертот, а понекогаш се додаваат и манго, цреши, бадеми и ф’стаци.
Каде да го пробате: Можете да го најдете десертот во близина на хиндуистичктие храмови, за време на секоја голема прослава.
Pho Bo
Главната состојка на ова јадење е супата од месо, во која се додаваат нудли од ориз и парчиња месо. Чорбата се служи со свежи зачини и голема порција лимонов сок.
Каде да го пробате: Јадењето ќе го најдете во многу ресторани во Виетнам, но најдобро е да го пробате кај уличен продавач.
„Супа“ од вишни (Meggyleves)
Ова е еден вид слатка супа, или компот, направена од вишни, слатка павлака, бело вино и цимет.
Каде да го пробате: Овој десерт ќе го најдете во секој ресторан во Унгарија, но најчесто во топлата сезона.
Pizza ebraica
Иако во името стои зборот пица, ebraica e всушност десерт. Наликува на гранола и е направен со слатко тесто, сушено грозје, кандирано овошје, бадеми, сушена кајсија и сушена брусница.
Каде да го пробате: Најдобрата верзија од овој десерт ќе ја најдете во Рим.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Мај.2020 во 11:25
Десерт на денот: Мексикански колачиња од пет состојки
За подготовка на овој вкусен рецепт, потребни ви се само пет состојки.
Состојки:
250 гр. путер
60 гр. шеќер во прав
Лажичка екстакт од ванила
210 гр. брашно
100 гр. сецкани ореви
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 130 степени, а тавчето обложете го со хартија за печење.
Со миксер изматете го шеќерот додека смесата се соедини.
Потоа додајте ванила, па постепено додавајте брашно и матете. Во смесата додајте ги сецканите ореви, па измешајте. Рацете набрашнете ги со брашно, па вадете по една лажица од смесата и со рацете обликувајте колачиња.
Набрашнете ги рацете пред обликување на секое колаче за да не ви се залепи смесата.
Наредете ги колачињата во тавче и печете околу 40 минути.
Кога ќе се изладат, наросете ги со шеќер во прав и послужете.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Декември.2020 во 11:02
Како изгледаат популарните зимски специјалитети во различни земји ширум светот
Се вели дека Германија ја започнала традицијата да го слави Божиќ со елка. Најпопуларна храна биле чорбите од зеленчук и деликатесите од риба или месо. Додека некои земји сè уште следат слични традиции, други создадоа свои посебни начини за славење на овој празник.
На пример, некои земји Божиќ го поврзуваат со пурпурни оризови колачи, а други не можат да замислат без прокељ.
Денес ве водиме на гастрономско патување низ целиот свет за да ги откриете најпопуларните зимски специјалитети на 15 различни земји ширум светот:
1. Јапонија – Тошикоши соба
2. Данска – Рисаламанде
3. Гренланд – Матак
4. Шведска – Искушението на Јансон
5. Франција – Полжави
6. Холандија – Олиеболен
7. Полска – Голабки
8. Кина – Осмото оризово богатство
9. Мексико – Тамалес
10. Бенгал – Кари Чингри Малај
11. Ирска – Мелени пити
12. Јужна Кореја – Кимчи дамплингс
13. Јамајка – Печенка шунка со глазура
14. Јужна Италија – Празник на седумте риби
15. Етиопија – Доро Ват
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Февруари.2021 во 10:59
https://www.crnobelo.com/hrana/recepti/82673-tradicionalen-polski-kolach-babka-sovrshen-za-studeni-zimski-utra-so-kafe-ili-chaj" rel="nofollow - - Традиционален полски колач „Бабка“ – совршен за студени зимски утра со кафе или чај
Совршено меко колаче кое одлично оди со кафе или чај, а децата ќе го обожаваат како слатка ужина. Овој колач е особено популарен во Полска и Украина, а доаѓа во повеќе варијации – со цимет, јаболка, суво грозје, мармалад, чоколаден крем итн.
Потребни состојки:
За тестото:
350g брашно
40g шеќер
1 ќесичка ванилин шеќер
20g квасец
100g омекнат путер на собна температура
2 јајца
150ml млако млеко
Малку сол
За филот:
4 лажици чоколаден крем со лешници по избор
по желба може да додадете сечкани лешници, ореви…
Начин на подготовка:
Растопете го квасецот да нарасне со малку шеќер и малку млако млеко.
Во подлабок сад ставете го брашното и помешајте го со малку сол, во средината направете мала дупка и ставете го останатиот дел од млекото, едно јајце, квасецот кој веќе треба да е стасан, шеќерот, стопениот путер и замесете меко тесто.
Тестото треба да биде многу меко и лепливо. Покријте го добро и оставете го да нарасне 2 часа. Развлечете го тестото во правоаголна форма и премачкајте го со чоколадниот крем.
Завиткајте го во ролат и ставете го во замрзнувач најмалку 20 минути малку да се стегне.
Извадете го и пресечете го ролатот на половина. Двете половини сплетете ги една со друга како плетенка и префрлете го колачот во плех обложен со хартија за печење. Оставете го уште 1 час да нарасне уште малку.
Премачкајте го колачот со разматено јајце и печете го загреана рерна на 180°С околу 35 минути. Доколку сакате уште поблаго колаче кое ќе „свети“ може да го премачкате со малку стоплен мармалад по желба.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Февруари.2021 во 11:26
https://www.kafepauza.mk/zivot/francuska-pita-najlesen-recept-za-chokoladna-fantazija-shto-se-topi-vo-ustata/" rel="nofollow - - Француска пита: Најлесен рецепт за чоколадна фантазија што се топи во устата
Француската пита нема никаква врска со Франција, туку тоа е американски изум од 1950-тите кој настанал за време на еден натпревар.
Во оригиналниот рецепт, филот на питата се состои од пудинг од чоколадо, но постепено беше заменет со раскошен мус крем. Бидејќи ова е десерт што мора да се стави во фрижидер пред да се сервира, основата на питата се состои од бисквити со путер кои не ја губат структурата по ладењето.
Потребни состојки:
За основата:
200 гр бисквити
85 гр путер
За филот:
200 гр шеќер
170 гр омекнат путер
85 гр црно чоколадо
3 домашни пастеризирани јајца
2 лажици ликер од портокал
За украсување:
шлаг
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 170 степени Целзиусови.
Мелете ги бисквитите и измешајте ги со путерот.Мешајте додека не добиете влажна смеса.
Со прстите притиснете ја смесата во плех за печење.
Ставете во рерна 10 до 12 минути или додека не се компресира основата.
Извадете од рерната и оставете да се излади целосно.
Додека основата се лади, направете го филот. Растопете го чоколадото во микробранова печка или на пареа.
Во блендер изматете ги омекнатиот путер и шеќерот.
Додадете го растопеното чоколадо и ликерот.
Постепено додавајте ги јајцата едно по едно и мешајте додека не добиете мазна смеса. Нанесете го на оладената основа од бисквити и оставете во фрижидер за 3 до 4 часови.
Украсете со шлаг и уживајте во вкусот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Март.2021 во 10:46
НАЈДОБРИОТ СЕНДВИЧ НА СВЕТОТ: Мора да го пробате овој специјалитет од Португалија!
„Најдобриот сендвич на светот“, како што го нарекуваат португалеците Франчесињи, потекнува од Порто.
Често доаѓа на маса со помфрит и пржено јајце одозгора. Постојат и варијации со печурки, пилешко и разни зеленчуци. Франчесиња не се јаде од нозе, но е сериозен оброк со кој ќе бидете сити долго време. Познатиот француски крок-монсиер сендвич, во кој уживале многу португалски мигранти, наводно служел како инспирација за подготовката.
Загрејте маст, маслиново масло, сецкан лук и ловоров лист. По две минути додадете го кромидот и пржете околу 8 минути.
Додадете конзервирани домати и супа од говедско месо. Кога ќе зоврие, оставете го да врие околу 10 минути. Додадете ги преостанатите состојки во сосот и варете уште 10 минути. Извадете го ловоровиот лист и изматете го со миксер во мазна смеса и оставете го сосот да врие 30 минути. Доколку е потребно, додадете малку брашно од скроб измешано со вода, а потоа додадете сол и бибер.
Во меѓувреме, испржете ги колбасите, и пржете го стекот во маснотијата што ја ослободуваат. На крај, лесно испржете ги парчињата шунка.
Нежно испечете парчиња леб.
Ставете една кришка леб на чинија, потоа парче сирење, шунка, стек, колбаси и последното парче леб.
Испржете го јајцето, ставете го на врвот на сендвичот и покријте го со парчиња сирење, така што жолчките сè уште се видливи. Со лажица ставете го топлиот сос врз сендвичот за да се стопи сирењето.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Март.2021 во 10:23
https://www.kafepauza.mk/zivot/kohuke-vkusen-desert-od-estonskata-kujna/" rel="nofollow - - Кохуке: Вкусен десерт од естонската кујна
Потребни состојки:
100 гр кварк (ќе добиете околу 10 парчиња кохуке) или несолена урда
100 гр чоколадо за готвење
шеќер, ванила
можете да додадете бобинки, чоколадо, кокос
Начин на подготовка:
Ставете го кваркот/урдата во еден сад и додадете шеќер (не многу, бидејќи чоколадото ќе биде доволно благо).
Направете мали топчиња.
Растопете чоколадо. Чоколадото мора да биде течно.
Натопете ги топчиња во чоколадото и покријте ги сите страни. Оставете да се исушат, а потоа уживајте!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Март.2021 во 10:29
https://www.kafepauza.mk/zivot/meka-i-mirizliva-meka-pita-so-sirenje-koja-fincite-ja-obozhavaat/" rel="nofollow - - Мека и миризлива: Мека пита со сирење која Финците ја обожаваат
Финска пита со сирење – рахакапииракка се подготвува од традиционалното рака сирење, кое го обожаваат северните жители. Тоа е лесно како кварк, сличен на грчкиот јогурт само со карактеристичен кисел вкус и малку зрнеста текстура како рикота. Сирење рикота можете да го користите за замена на мекото сирење.
Потребни состојки:
За питата:
100 гр путер
50 гр шеќер
1 јајце
200 гр брашно
1 лажичка прашок за пециво
1/2 лажиче мелен кардамон
За полнежот:
50 милилитри млеко
200 гр рикота
50 гр шеќер
1 јајце
1/2 лажиче екстракт од ванила
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200°С. Оставете го путерот на собна температура да омекне. Изматете го јајцето. Измешајте ги сите состојки за тестото во сад и мешајте додека не се изедначи. Ставете го во набрашнет плех за пита.
2. Измешајте ги млекото, сирењето, шеќерот, јајцето и ванилата и мешајте додека не се изедначи. Истурете ја оваа мешавина врз тестото.
3. Печете 30 минути или додека питата не стане цврста. Тестото не треба да биде течно. Извадете го од рерна и оставете да се излади. Послужете ладно.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Март.2021 во 10:38
https://www.kafepauza.mk/zivot/atom-popularno-meze-vo-turskata-kujna/" rel="nofollow - - „Атом“: Популарно мезе во турската кујна
Ова мезе е наречено „Атом“ затоа што се прави со најлутите пиперки од турската кујна. Како што можеби знаете, консумирањето лути пиперки има ефект на зајакнување на апетитот и поради оваа причина повеќето од рестораните нудат „Атом“ мезе во своето мени.
Потребни состојки:
500 милилитри јогурт/павлака
1 чешне лук, мелен или по вкус
1 лажица маслиново масло
1 лажица путер
5 суви и лути пиперки
Начин на подготовка:
Ставете го јогуртот во сад и додадете го мелениот лук. Потоа, измешајте ги добро.
Ставете путер и маслиново масло во тава и мешајте додека путерот не се стопи добро. Потоа додадете ги сувите пиперки и пржете околу 1-2 минути на средна топлина.
Распределете ја смесата со пиперките врз јогуртот рамномерно со лажица. Уживајте!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!