IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Филм
  Активни теми Активни теми RSS - Мерилин Монро
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мерилин Монро

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 6938
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Мерилин Монро
    Испратена: 25.Септември.2013 во 13:46

Мерлин Монро е една од најпознатите филмски икони и секс симболи кои светот некогаш ги видел. Со нејзината легендарна фигура како песочен часовник, симболот на убавина на нејзиното лице и заводливата русокоса фризура, Мерлин Монро успешно го одржуваше својот чист платинест холивудски гламур со мала доза на детска ранливост. Токму поради овие квалитети ја обожаваа милиони луѓе ширум светот.

И покрај тоа што животот на Мерлин беше релативно краток и трагичен, таа и до ден денес продолжува да биде инспирација. Погледнете дел од нејзините најпознати мисли…


Инспиративни цитати од Мерлин Монро

„Несовршеноста е убавина, лудоста е генијалност и подобро е да се биде тотално апсурден отколку тотално досаден.“

„Јас сум себична, нетрпелива и по малку несигурна. Правам грешки, губам контрола и одвреме-навреме тешко е да се справиш со мене. Но, ако не можеш да се справиш со мене кога сум во најлошо светло, тогаш сигурно не ме заслужуваш кога сум во најдобро.“

„Јас верувам дека сè се случува со причина. Луѓето се менуваат за да научите да ги пуштате да си заминат, работите тргнуваат наопаку за да ги цените кога ќе бидат како што треба, верувате во лаги сè додека не научите да си верувате само себеси и понекогаш добрите нешта се распаѓаат за уште подобри да можат да се состават.“

„Јас сум добра, но не сум ангел. Грешам, но не сум ѓавол. Јас сум само мало девојче во голем свет кое се обидува да најде некој што ќе го сака.“

Инспиративни цитати од Мерлин Монро

„Сите ние треба да почнеме да живееме пред да станеме престари. Стравот е глупав. Исто како и каењето.“

„Ако се придржував до сите правила, никогаш немаше никаде да стигнам.“

„Не ми пречи да живеам во светот на мажите, сè додека во него можам да бидам жена.“

„На жените кои настојуваат да бидат еднакви со мажите им недостасува амбиција.“

Инспиративни цитати од Мерлин Монро

„До сите оние девојки кои мислат дека се дебели само затоа што не носат број на облека XXS – вие сте прекрасни, општеството е она што е грдо.“

„Сакам да остарам без операции за затегнување на лицето. Сакам да имам храброст да бидам лојална на лицето кое сум го добила. Понекогаш мислам дека би било многу полесно да се избегне староста, да се умре млад, но тогаш никогаш не би го комплетирале својот живот, нели? Никогаш не би сте се запознале во целост.“

„Не знам кој ги измислил високите потпетици, но сите жени многу му должат.“

„Секогаш бидете насмеани, затоа што животот е нешто прекрасно и има толку многу работи за кои можете да се смеете.“

Темава ја отворам бидејќи ме интересира се поврзано со неа, значи интересни податоци, факти, цитати итн. Секако нејзината смрт и понатаму останува мистерија за жал.





Изменето од Schatzii7 - 25.Септември.2013 во 13:47
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Септември.2013 во 01:12
Мерилин Монро е совршен приме за тоа зошто денес уметностите се нарекуваат „индустрии“
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 6938
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2013 во 15:41
Факти за животот на Мерилин Монро кои не сте ги знаеле

1. За нејзиниот, за жал, многу краток животен век, Мерлин Монро сменила многу имиња. Крстена е како Норма Џин Бејкер, но во нејзиниот извод стоело името Норма Џин Мортенсон. Подоцна, кога се омажила за Џејмс Доерти, станала г-ѓа Норма Џин Доерти. Иако за јавноста станала позната како Мерлин Монро, уште во 1946 година, таа не го сменила нејзиното име и на хартија сѐ до 1956 година. Подоцна, кога му станала жена на Артур Милер, сакала да ја нарекуваат Мерлин Монро Милер, па така во тој период доста популарни станале нејзините иницијали М.М.М.Факти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаеле

2. Во декември, 1953 година се појавила на насловната страница на првиот број на Плејбој. Во магазинот имало и друга фотографија од Мерлин, на која таа била гола, за што ѝ биле исплатени 50 долари. Инаку после нејзината смрт, Хју Хефнер, креаторот на овој магазин, платил 85.654 американски долари за да резервира гробница веднаш до нејзината.Факти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаеле

3. Првиот чекор кон популарноста го направила кога се фотографирала за Дејвид Коновер во 1944 година, кој фотографирал убави девојки што позирале за поддршка на воените напори во тој период.  Во тоа време Мерлин работела во фабрика за муниција, но добро се вклопила во работата како фотомодел. За оваа нејзина прва работа како модел, била платена 5 долари.

4. Иако се смета дека во текот на својата актерска кариера снимила точно 30 филмови, сепак никогаш не го завршила нејзиниот последен филм „Something’s Got to Give“. Била отпуштена поради тоа што летото пред нејзината смрт не се појавувала на снимањата, а најголемата иронија е што режисерите всушност повторно ја ангажирале само неколку дена пред да ја пронајдат мртва во нејзиниот дом.Факти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаеле

5. Мерлин никогаш не го запознала нејзиниот вистински татко.

6. Депресијата очигледно била наследна во нејзиното семејство – вујкото и дедото на Мерлин исто така извршиле самоубиство.

7. Првпат се омажила на 16 години за веќе споменатиот Џејмс Доерти, со цел да го избегне постојаното селење од еден дом за сирачиња во друг. Се развеле по нецели 4 години брак. Таа никогаш не успеала да заврши средно училиште.Факти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаеле

8. Параноично се плашела за убавината на нејзината кожа, поради што го миела лицето и по 15 пати на ден.

9. Фустанот кој го носела за популарниот настап на роденденот на претседателот Кенеди бил толку тесен, што морал да се шие на неа. Мерлин не носела ништо под фустанот. Подоцна во 1999 година бил продаден на аукција за 1,26 милиони долари и станал најскапото продадено парче облека дотогаш.Факти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаеле

10. Кога Принцот Рение III од Монако барал жена, Монро била дел од потенцијалните избранички. На крајот Принцот ја избрал Грејс Кели.

11. Според Норман Мејлер, човекот кој ја пишувал биографијата за Мерлин, ѕвездата имала најмалку 12 абортуси до 29-тата година. Но не постојат медицински документи кои би го потврдиле тоа.

12. Во добро познатиот филм од 1959 година, „Some Like it Hot“, Мерлин дури 47 пати ја повторила сцената за да ја каже реченицата „It’s me, sugar“ правилно. Постојано ја грешела фразата со „Sugar, It’s me“ и „It’s Sugar, me“, па на крајот режисерот морал да ѝ ја запише на табла.Факти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаеле13. Ги кратела потпетиците од нејзините чевли за да го доведе до совршенство начинот на кој одела. Подоцна елегантното и провокативно движење на колковите станало нејзин заштитен знак.

14. Иако за многумина била само убаво лице, таа била и умствено богата. Поседувала преку 200 книги, ги читала Толстој и Витман, често го слушала Бетовен и одела на часови по литература.Факти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаеле

15. Мерлин имала мал ритуал при капење. Нејзиниот масер честопати ѝ подготвувал када со мраз, во која таа секогаш додавала неколку капки Шанел 5, нејзиниот омилен парфем.

16. Повеќето луѓе сметале дека Мерлин имала облини, но реално таа била прилично ситна и добро градена жена. Тежела 52 кг, а била висока 165 см. Нејзината тежина варирала, но нејзините пропорции најчесто биле 91-60-86 или 96-58-91 за гради-струк-бутини, што се речиси идеални пропорции за кои повеќето жени можат само да сонуваат.Факти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаеле

17. Френк Синатра ѝ подарил бела француска пудла која ја нарекле Маф. За многумина тоа е уште еден показател кој го поврзува Синатра со мафијата.

18. Монро ја има на американска поштенска марка од 1995 година.Факти за животот на Мерлин Монро кои не сте ги знаеле

19. Првиот пат кога давала автограм како Мерлин Монро, не знаела да си го спелува името.

20. Пробала 9 различни нијанси на руса коса. На крајот се решила за нејзината легендарна платинеста боја. Инаку, кога не работела, преферирала на себе да носи само бањарка, а понекогаш и бикини.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 42626
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2013 во 14:18
Многу Ви е благодарна за темава...Сега баш и пишав на фејсбук и воодушевена е
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87684
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 09:50

ФОТО: Тепачки за Мерлин

Деновиве во јавност излегоа слики во кои е прикажана Мерлин Монро за време на церемонијата Златен Глобус од 1952 година. Сликите се дело на фотографот од магазинот Time, Лумис Дин, кој таа вечер специјално се нашол во клубот Дел Мар, во Санта Моника, каде што се одржала церемонијата.

Од следните слики можеме да ја забележиме Мерлин како ужива во друштво на различни мажи, кои се тепаат само за да стигнат до неа и да ја освојат, па макар и за една вечер. Таа облечена во тесен долг црвен фустан, кој има совршен отвор на градите, целосно ужива во вечерта и покрај тоа што на некои слики се забележува нејзината чудна насмевка.

Фотографот успеал да ги слика овие ситни детали, па дури и оние кога мажите зјапале, а таа незаинтересирано гледала преку нивното рамо.

Исто така, забележана е и со актерот Ричард Басихарт, на кого му ја покажува наградата Хенриета, за најмлада личност. На таа слика се забележува тогашната 25-годишна девојка како има мошне близок однос со актерот, кој подоцна, случајно или не, стана нејзин сосед.

Исто така, во нејзиниот аутфит беше вклучена и голема чанта, која не ја носеше таа, туку еден маж цела вечер и ја придржуваше. Па, тоа може само Мерлин да го направи.

Освен наградата Хенриета, Мерлин има добиено повеќе награди, вклучувајќи го и Златниот глобус за филмот Some Like It Hot. По нејзината смрт, таа стана поим за совршена дама меѓу мажите, а модна икона кај жените.




Изменето од Valerija - 20.Декември.2013 во 09:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87684
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 09:54

Која е вистината за смртта на Мерлин Монро?!

Како и за многу од ѕвездите на нејзината ера, приказната за Мерилин Монро не само што не беше проголтана од страна на нејзините фанови, туку таа беше внимателно проследена и од страна на ФБИ.

Доказите за истрагата на Монро, верификувани под името "Foreign Counterintelligence", ги заинтригираа многумина кои се обидоа да дознаат нешто повеќе за филмска ѕвезда, вклучувајќи ги и оние кои ја истражуваа нејзината смрт.

По повод 50-годишнината од смртта на Монро, Associated Press, се обиде да ја искористи слободата на информациите со цел да обелодени покомплетна слика за нејзината мистериозна смрт, по што девет месеци подоцна се здоби само со цензурирани информации од ФБИ.



ФБИ соопшти дека веќе не ги поседува датотеките собрани за случајот Монро, додека Националната Архива, која е вообичаенa дестинација за таков материјал, не даде ништо поветувачки одговор.



Најновата верзија на датотеката, која ги содржи информациите за случајот Монро, сега е јавно достапна на веб-страницата на бирото “The Vault”, кое периодично поставува информации од ФБИ кои се однесуваат на познати личности, владини претставници, шпиони и криминалци.

Моќта на Монро и стравот што таа го предизвика со можноста да биде регрутирана од страна на Комунистичката партија во текот на мандатот на долгогодишениот директор на ФБИ, Едгар Хувер, доведе до следење и запис на нејзините активности, вклучувајќи го и нејзиниот брак со драмскиот писател Артур Милер.

Информациите се однесуваат пред се на нејзините патувања и здруженија во потрга по знаци на левичарските ставови, како и можните врски со комунизмот, поради кои вклучени се и неколку референции од Мерлиновата биографија во која Норман Мејлер се фокусира на прашањето во врска со тоа дали Монро беше убиена од страна на владата.

За смртта на Мноро беа изведени две големи истраги од страна на владата, од кои второта ги разгледа сите достапни извештаи, вклучувајќи ги и датотеките од ФБИ, кои според иницијаторите на истрагата биле “силно цензурирани”.

Овие информации го заинтригираа човекот кој ја изврши обдукцијата на Монро, д-р Томас Ногучи. Додека иницијаторите на втората истрага заклучија дека тој спроведе темелна аутопсијата, Ногучи призна дека:

никој не би сакал никогаш да ја дознае вистината за деталите околу смртта на Мерлин Монро.

-Врз основа на мојата вмешаност во случајот, почнувајќи со обдукцијата, јас би го нарекол самоубиство на Монро “многу веројатно”, пишува Ногучи.

-Но јас исто така верувам дека се додека целосните ФБИ датотеки не се објават јавно заедно со белешките и интервјуата кои се однесуваат на нејзиното самоубиство, контроверзијата ќе продолжи да се врти околу нејзината смрт, додава Ногучи.



Изменето од Valerija - 20.Декември.2013 во 09:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87684
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 09:56

Мерлин Монро деколте кралица

И по 50 години од нејзината смрт Мерлин Монро повторно се пласира на врвот од светските топ листи.

Русокосата убавица беше избрана за жена со најимпресивно деколте во истражувањето на компанијата Debenhams. Веднаш зад неа најдоа повеќе звучни како Скарлет Јохансон, Кристина Хендрикс и Софија Лорен. Според истражувањето спроведено врз 1000 испитаници Монро е жената чии гради ќе останат запаметени.

-Не е изненадување што Мерлин е изгласана за прва, очигледно носела градници кои и прилегале и никогаш не се претворила само во гради, знаела точно колку може да покаже, вели Шерон Веб од Debenhams.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87684
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 09:57

Фустан на Мерлин Монро продаден за рекордни 348.000 долари

Мал црн фустан со големо деколте, што во 1958 година го носела легендарната Мерлин Монро, изминатиот викенд е продадена на аукција за рекордни 348.000 долари.

Иако не се знае кој е дизајнер, ниту конфекцискиот број, дека фустанот и припаѓал на славната холивудска дива докажува дошиената етикета, што се става на фустани направени по мерка. 

Мерлин Монро во овој фустан се појавува и на фотографијата за корицата на книгата „Мерлин Монро: од почетокот до крајот“.

На аукцијата, освен фустанот, продадени се и едноделен костим за капење за 84.000 долари и градник за речиси 7.000 долари.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87684
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 09:58

Откриени тајните на Мерлин Монро

Тајните дневници на Мерлин Монро конечно ќе го видат светлото на денот. Книгата „Fragments“, која наскоро треба да се појави на пазарот е базирана брз белешките на Мерлин кои датираат од 1943-та година, кога како тинејџерка живеела во сиропиталишта, па се до нејзината ненадејна смрт во 1962-ра година. „Fragments“ копа длабоко во мистичноста на Монро и тоа преку нејзините зборови.

Според публицистот, Мерлин пишува за мажите во нејзиниот живот, почнувајќи од нејзиниот прв сопруг Артур Милер, па се до Џон и Боби Кенеди. Во своите интимни белешки, најпознатиот холивудски секс симбол пишува и за Семјуел Бекет и Џејмс Џојс.

Уредникот на книгата вели дека во делови од дневникот, Мерлин ги открива своите самоубиствени мисли.

Објавувањето на тајните дневници е авторизирано од вдовицата на починатиот актерски гуру Ли Страсберг, кој располага и раководи со наследството на холивудската дива.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87684
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 10:00

Иследник тврди: Мерлин Монро е убиена

Нов филм ќе ја расветлува мистериозната смрт на холивудската икона Мерлин Монро. Филмот ќе биде базиран врз извештаите на таен иследник.

Повторно е отворена истрагата за смртта на Мерил Монро, откако  една филмска компанија се избори да ги добие правата за доверливиот извештај на заменик иследникот од Лос Анџелес, Лајнел Грандсон.

Грандсон тврди дека бил принуден да ја фалсификува посмртницата на Монро и во неа да стои самоубиство, наместо убиство.

Иследникот исто така откри дека ги прочитал тајните дневници на Монро, во кои имало интимни детали за Џон Кенеди, Сем Џиенкана, Боби Кенеди, Френк Синатра и други. Тој вели дека дневниците ги добил за да може да најде некој од роднините на познатата актерка.

Грандинсон вели дека неколку дена ги поседувал  дневниците, кои потоа мистериозно исчезнале.

- Откако го принудиле да напише фалсификувана посмртница, Грандисон со години добивал закани поради тоа што го знаел, откри продуцентот Ентони Рулен.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87684
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 10:01

Мерлин Монро последната ноќ ја поминала со мафијаш

Мерлин Монро и понатаму е тема на бројни контроверзии, а нејзиниот живот е тема на бројни теории на заговор. Според најновите тврдења кои се појавија, актерката последната вечер од својот живот ја поминала со Френк Синатра и мафијашкиот бос Сем Џианкана.

Наводно Мерлин била во врска со него, а една вечер тој се обидувал да ја убеди актерката да не излезе во медиумите со деталите во врска со Џон Ф. Кенеди. По таа вечер, Монро со приватен лет утрото се вратила во својот дом во Лос Анџелес, каде вечерта била пронајдена мртва.

Мерлин Монро во друштво на Френк Синатра
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87684
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 10:03

Мерлин Монро пренесувала информации за браќата Кенеди на Френк Синатра

ФБИ ја откри содржината на тајните списи кои биле создавани во периодот од 1961 па се до 1985 година. На над две илјади страници, се наоѓаат детали за животот на многу јавни личности.

Американската јавност особено ја заинтригирал фактот дека Мерлин Монро ги пренесувала информациите за браќата Кенеди на пејачот Френк Синатра. Имено, како што се тврди, актерката била љубовница на претседателот Кенеди и на неговиот брат Роберт.

Исто така, таа била во љубивна врска и со Синатра, кој ја предводел групата славни актери „Rat pack“. Групата добивала задачи директно од мафијашите, кои од Синатра добивале информации за тоа кој се дружи со Кенедиеви и кои се слаби точки на американскиот претседател.

Кенеди и се замерил на мафијата бидејќи барал нивна помош за да дојде до позицијата претседател, а подоцна ги отфрлил. По извесно време, на групата и се замерил и неговиот брат Роберт, кој како државен адвокат покренал кампања против мафијата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87684
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2013 во 10:06

Која жена го има најдоброто тело на сите времиња?

Мерлин Монро е жената со најубаво тело на сите времиња. Според анкетата на Peugeot направена по повод промоцијата на нивниот нов автомобил, русокосата убавица доби 40,8 отсто од гласовите.

Меѓу првите пет се и Ракел Велч (72), Софија Лорен (78) и Џејн Менсфилд. Освен овие стари диви, на листата се најде и моделот Кели Брук (33) која веднаш зад Монро, се пласира на второто место.

Анкетата на Peugeot која е спроведена врз повеќе од 2000 мажи и жени низ Британија, покажува дека холивудскиот гламур никогаш не излегува од мода.

-И 50 години по нејзината смрт не постои жена која може да се спореди со Мерлин. Имала стил, држење и ги воодушевувала како мажите така и жените, истакнува дизајнерот на автомобилот Борис Реинмолер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 87684
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Јануари.2014 во 09:16

Сите тајни на контроверзната Мерлин Монро

Мерлин Монро е филмска икона која поради сензуалниот изглед, со децении наназад претставува синоним за секс симбол. Оваа холивудска секс божица, родена 1926-та година, која е препознатлива по нејзините заводливи облини, руси локни и драматични црвени усни, до ден денес има силно влијание во филмската и модната индустрија.

Нејзиниот прилично краток, но особено бурен живот, бил проследен со неверојатна слава, лоша репутација, 3 брака и безброј контроверзни афери со многу познати личности од тоа време. Во 1962-година, убавицата наводно извршила самоубиство со предозирање, но не се исклучени можностите да се работи за убиство или, пак, за случајно предозирање.

Но, што е она што само малкумина го знаат за Мерлин Монро?

Два спонтани абортуси

Монро била бремена два пати, но таа никогаш не успеала да стане мајка. И двете бремености завршиле несреќно, со спонтани абортуси. Во текот на нејзиниот живот таа имала многу непријатни ситуации, што ја направиле емоционално нестабилна, што пак на крајот веројатно водело кон самоубиство.



Проблеми со говорот

Мерлин Монро редовно посетувала логопет затоа што имала проблем со пелтечење, кој иако не бил сериозен, можел да се забележи.

Генијалец

Русокосата убавица била многу поинтелигентна отколку што јавноста мислела за неа. Некои извори велат дека нејзиниот коефициент на интелигенција надминувал 160, што практично ја прави генијалец.

Покрај тоа, постојат гласини дека била интимна и со Алберт Ајнштајн. Изгледа дека паметните жени привлекуваат и паметни мажи.

Зависник од читање книги



Мерлин поседувала огромна библиотека во нејзиниот дом. Имала повеќе од 400 книги од секаков жанр. Таа воопшто не била површна убавица. Имено, нејзиниот поранешен сопруг во едно интервју има изјавено дека таа можела да ја согледа основната идеја во една книга само од читање на првите 10 страници.

Тешко детство

Таа воопшто немала лесен живот. Поголемиот дел од раното детство Монро го поминала по домови за сирачиња затоа што нејзината мајка имала психички проблеми и не можела да се грижи за својата ќерка. Според експертите, ова веројатно е основната причина зошто Мерлин била емоционално нестабилна подоцна во животот.

Природна боја на косата

Убавата руса коса е заштитен знак на Монро. Меѓутоа, тоа не била нејзината природна боја на коса – таа била бринета која се почнала да се бојадисува штом го потпишала првиот договор со студио, затоа што тогаш се сметало дека русокосите се најатрактивни жени.

„Среќен роденден, господине Претседателе!“

Еден од највлијателните случки од нејзиниот живот е добро познатиот момент кога на претседателот Џон Кенеди му испеа роденденска песна. Фустанот кој го носела таа вечер е продаден за рекордна сума од 1.267.300 американски долари.



Нејзиното вистинско име

Роденото име на Мерлин било Норма Џин Мортенсон, но после крштевањето името и’ било променето во Норма Џин Бекер. Со тоа што Мерлин било моминското презиме на мајка и’, таа го искористила како уметничко, а Монро било додадено од нејзиниот агент бидејќи сметал дека ќе и’ одговара одлично.

- Никогаш не го засакав името Мерлин. Цело време се каев зошто тој ден не настојував за Џин Монро. Но, изгледа дека веќе е доцна, изјавила таа.

Носела очила

Многу малку е познат фактот дека Мерлин носела очила со диоптер. Во тоа време носењето очила се сметало за неатрактивно, бидејќи истите биле дебели и грди, заради што убавицата мислела дека со тоа ќе и’ се наруши имиџот на секс-симбол. Затоа многу ретко ги носела кога излегувала во јавност.

Десната страна е подобра од левата

Мерлин често им велела на фотографите да ја фотографираат едиснтвено од нејзината десна страна. Таа сметала дека десната страна од лицето и’ изгледа подобро од левата.

Екстремен хигиеничар

Монро често се чувствувала нечисто и испотено, заради што си го миела лицето по 15 пати во текот на денот.



Омилена книга

Една од нејзините омилени книги била „Биографијата на Абрахам Линколн“. Таа често била забележана како ја носи истата книга каде и да одела. Дефинитивно Мерлин имала пасија кон претседателите.

Прв ангажман

Првиот ангажман на Мерлин како модел не бил добро платен. Таа добила само 5 долари за улогата која што ја имала, но може да се каже дека тоа бил само скромен почеток на една гламурозна кариера.

Под истрага на ФБИ

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) водело истрага за Мерлин Монро, бидејќи постоело сомневање дека таа била симпатизер на комунизмот. Тие успеале да соберат 34 страни со докази кои го потврдувале нивниот сомнеж. Овие документи се отворени за јавноста, а можат да се најдат и на интернет.



Изменето од Valerija - 20.Јануари.2014 во 09:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.