IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Специјалитети од јајца
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Специјалитети од јајца

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:27

Полнети јајца


Потребни состојки

  • малку мала лажица Црн пипер
  • 100 грама Крем - сирење
  • 2 лажица/ци Копар
  • 8   Јајца/це
  • 50 грама Шкампи


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 10 мин.

Краток текст

Полнети јајца

Подготовка

Ги вариме јајцата 10 минути во посолена вода.

Ги лупиме внимателно и ги сечеме на половинки.

Вадете ги жолчките мешаште со млеко, свинско месо и црни пипер.

Потоа полнете ги јајцата со смесата завршете со парченца од сечканите шкампи.


Изменето од Valerija - 12.Мај.2016 во 20:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:23

Поширани јајца на бела палента



.

Потребни состојки

  • 1 лажица/ци Сол
  • 30 грама Сланина
  • 200 грама Пченкарно брашно
  • 300 грама Пченка
  • 50 грама Путер
  • 50 грама Пармезан
  • 800 милилитри Вода
  • 4   Јајца/це
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

Краток текст

Поширани јајца на бела палента

Подготовка

Во сооедветно тенџере ставете ја водата да зоврие солта. Додајте ги пченката и палентата и варете 2 минути. Намалете ја температурата и со постојано мешање сè варете уште 20 минути. Додајте црн пипер, пармезан и сè убаво измешајте па тргнете го садот од ринглата.

Во друг сад ставете вода со малку оцет да зоврие па полека ставајте ги јајцата, да ги поширате. Најдобро е јајцата да се ставаат во кутлача. Додека јајцето се вари, со лажица дел од белката ставајте врз жолчката. На ист начин поширајте ги и останатите три јајца.

Сланината исечкајте ја на ситни коцки и испржете во тиган без месо.

На секоја чинија ставајте по една "топка" од палентата, па по желба малку сос од домати, поширано јајце и сè посипете со пржена сланина. Потоа послужете.




Изменето од Valerija - 12.Мај.2016 во 20:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:22

Јајца бенедикт


Потребни состојки

  • малку мала лажица Црн пипер
  • малку   Сол
  • 50 грама Сланина
  • 125 грама Путер
  • 15 милилитри Оцет
  • 100 милилитри Масло
  • 1   Лимон/и
  • 4   Кришка/ки леб
  • 4   Јајца/це
  • 3   Жолчка/ки


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

Краток текст

Во "Talk of the Town" колумната во весникот The New Yorker во 1942 е истакнато дека пред неговата смрт Лемул Бенедикт - пензиниран брокер од Вол Стрит, шетал низ Волдорф хотелот во 1894 трудејки се да најде лек за својот утрински мамурлук седнал во бифето и нарачал (тост со путер, варени јајца, крцкава сланина и холандски колач. Тогашниот шеф на кујната Оскар Чиркли толку му се допаднал оброкот што веднаш го ставил на менито, само што место сланина во порцијата додал шунка и место холандскиот колач додал англиски мафин-крофна

Подготовка

Земичките ги сечеме на половина.

На двете половинки земички им ги отсекуваме заоблените делови за да добиеме рамни површини и ги редиме во тава за печење.

Во тавата ги редиме и лентите чадена сланина.

Тавата ја ставаме во рерна и печеме 15-ина минути на температура од 200 степени.

Во меѓувреме во посолената вода во тенџере на оган додаваме оцет.

Започнуваме со подготовка на холандкиот сос. Лимонот го цедиме и лимоновиот сок го ставаме во подлабок сад. Во садот ги додаваме трите жолчки, додаваме оцет, 125 гр. путер, посолуваме и мешаме со жица за матење додека состојките не се соединат.

Во намрсена црпалка кршиме едно јајце.

Црпалката со јајцето ја ставаме во тенџерето со зовриена вода на оган.

Потоа ја вадиме и со лажица го одлепуваме јајцето од црпалката.

Црпалката ја враќаме во вода. По околу 4 минути варење ја вадиме од водата.

Пошираното јајце го вадиме од црпалката и го ставаме на чинија. Истата постапка ја повторуваме со сите 4 јајца.

Тавата со запечените земички и ленти сланина ја вадиме од рерна.

Холандкиот сос го промешуваме со жицата за матење и го ставаме да се вари на пареа.

Откако сосот ќе ја добие потребната густина, садот го тргаме од оган.

На чинија за сервирање ги редиме четирите парчиња запечени земички.

Врз секое парче земичка нанесуваме по две ленти запечена сланина.

Потоа врз земичките ги ставаме пошираните јајца. Врз јајцата нанесуваме од холандскиот сос.


Изменето од Valerija - 12.Мај.2016 во 20:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:20

Омлет со компири


Потребни состојки

  • малку мала лажица Црн пипер
  • малку   Сол
  • 100 милилитри Масло
  • 200 грама Компир
  • 150 грама Кашкавал
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

Краток текст

Омлет со компири

Подготовка

Компирите зе лупат и крупно се рендаат.

Потоа се додаваат изматените јајца, ренданиот кашкавал, сол, црн пипер.

Масата се пржи со малку масло прво од едната а потоа од другата страна.


Изменето од Valerija - 12.Мај.2016 во 20:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:19

Омлет со чадена сланина

.

Потребни состојки

  • 8   Јајца/це
  • 20 грама Путер
  • 200 грама Сланина
  • малку   Сол
  • 50 грама Фета сирење


  • Време за подготовка: 5 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

Краток текст

Омлет (фр.: omelette) е француско јадење кое се подготвува од јајца, разбиени со засолено млеко (може и со вода) и испржени во тиган.
Во омлетот можат да се додадат зеленчуци и различни млечни производи, месо и колбаси, од кои најпопуларни се: сирење, насецкана шунка (или друг колбас), печурки, лук, магдонос и др., што зависи од самиот готвач.
Во различните национални кујни постојат повеќе видови на омлет: шпанската тортилја, италијанската фритата, јапонската ому-рајсу и ому-соба, со ориз и морски плодови.
Омлетот станува популарно јадење во светот поради лесната и брза подготовка, како и поради својата хранлива вредност и различни вкусови.

Подготовка

 Во тефлонска тава, на путер се пропржуваат ленти сланина, се вадат и се оставаат на топло. 
Тавата се враќа на шпотер, во неа се додава уште малку путер и јајцата кои претходно биле изматени со малку сол и ситно сечено сирење. 
Омлетот се пржи од една страна, а потоа со помош на чинија се првртува за да се испржи и од другата страна. 
Преку омлетот се ставаат се уште топлите ленти сланина и се послужува. 


Изменето од Valerija - 12.Мај.2016 во 20:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:18
Кајгана,омлет,полнети јајца,јајца на окосреќа
Секаков рецепт на база на јајца е добредојден

Кајгана со ајвар



Потребни состојки

  • малку   Црн бибер
  • малку   Сол
  • 50 милилитри Масло
  • 80 грама Ајвар
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

Краток текст

Ајварот е еден од највкусните специјалитети и најголемите тајни на балканската кујна, и веројатно води потекло од Македонија.

Најдобриот ајвар се произведува во домаќинствата, затоа што само преку внимателна рачна работа може да се постигне целосно отстранување на лушпата и семето од пиперката што го гарантира чистиот вкус на ајварот. Тој е редовен и постојан дел од зимницата затоа што најлесно се конзервира и најдолго може да опстои во зимскиот период од годината.

Подготовка

Во тавче со масло ставете ги 4-те лажици ајвар и кратко запржете.

Во чинија изматете ги двете јајца и во нив ставете ја солта и биберот и малку вода.

Потоа јајцата претурете ги во тавчето и кратко пржете и мешајте (не премногу за да не се исуши смесата).

Сервирајте во чинија и дискретно премачкајте со мајонез.


Изменето од Valerija - 12.Мај.2016 во 20:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2011 во 04:42

Кајгана со грашок

Потребно:

* 200 г грашок
* 1 главица кромид
* 8 јајца
* 2 лажици ситно сечкан магдонос
* масло
* сол
* бибер

Приготвување: ситно исечкајте го исчистениот кромид, па динстајте го во масло, со една лажица вода, додека не стане стаклест. Додајте го грашокот и зачинете ја смесата со сол и со бибер. Динстајте го грашокот додека не омекне, додавајќи по малку топла вода, колку што е потребно за да не загори. Откако ќе биде готов, оставете го да се излади. Изматете ги јајцата, па ставете ги сечканиот магдонос, солта и биберот во нив и добро измешајте го сето тоа. Потоа додајте го грашокот, добро измешајте ги, па испржете ја смесата во врело масло. Веднаш послужете ја.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2010 во 14:27

Омлет ролат

Потребно:

* 100 г шунка
* 2 лажици масло
* 4 јајца
* 4 лажици брашно
* 50 мл слатка павлака
* 20 г путер
* сол

Приготвување: во широко тавче на загреаното масло кратко пропржете ја шунката исечена на тенки парчиња, па извадете ја и оставете ја на топло место. Изматете ги јајцата, па во нив додадете ги брашното, слатката павлака, стопениот путер и малку сол. Изматените јајца сипајте ги во загреано масло, па пржете ги од секоја страна по една минута. Потоа, врз површината на омлетот распоредете ја пржената шунка и свиткајте го во вид на ролат.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2010 во 14:57

Омлет со печурки

Потребно:

* 2 јајца
* 5 лажици измешани маслиново и сончогледово масло
* 150 г печурки
* 1 чешне лук
* црн пипер
* лимонов сок
* магдонос
* 2 лажици млеко
* 1 лажичка зачинал

Приготвување: издинстајте ги печурките во загреано масло, па малку посолете ги. Откако ќе омекнат и ќе испари целата течност, додајте ги истолчениот лук и пиперот. Посебно изматете ги јајцата, додајте ги млекото, малку од лимоновиот сок, ситно сечканиот магдонос и зачиналот во нив, па прелијте го сето тоа врз печурките. Пржете го омлетот со додека јајцата не се испржат. Омлетот со печурки ставете го во чинија и послужете го со салата по желба.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2010 во 23:11

Омлет ролат

Потребно:

* 100 г шунка
* 2 лажици масло
* 4 јајца
* 4 лажици брашно
* 50 мл слатка павлака
* 20 г путер
* сол

Приготвување: во широко тавче на загреаното масло кратко пропржете ја шунката исечена на тенки парчиња, па извадете ја и оставете ја на топло место. Изматете ги јајцата, па во нив додадете ги брашното, слатката павлака, стопениот путер и малку сол. Изматените јајца сипајте ги во загреано масло, па пржете ги од секоја страна по една минута. Потоа, врз површината на омлетот распоредете ја пржената шунка и свиткајте го во вид на ролат. Ролатот од јајца послужете го топол со свежа салата.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.