Испечати | Затвори го прозорот

Специјалитети од јајца

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26675
Датум на принтање: 24.Април.2024 во 19:53
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Специјалитети од јајца
Постирано од: емил
Наслов: Специјалитети од јајца
Датум на внесување: 13.Септември.2010 во 23:11

Омлет ролат

Потребно:

* 100 г шунка
* 2 лажици масло
* 4 јајца
* 4 лажици брашно
* 50 мл слатка павлака
* 20 г путер
* сол

Приготвување: во широко тавче на загреаното масло кратко пропржете ја шунката исечена на тенки парчиња, па извадете ја и оставете ја на топло место. Изматете ги јајцата, па во нив додадете ги брашното, слатката павлака, стопениот путер и малку сол. Изматените јајца сипајте ги во загреано масло, па пржете ги од секоја страна по една минута. Потоа, врз површината на омлетот распоредете ја пржената шунка и свиткајте го во вид на ролат. Ролатот од јајца послужете го топол со свежа салата.




Коментари:
Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Октомври.2010 во 14:57

Омлет со печурки

Потребно:

* 2 јајца
* 5 лажици измешани маслиново и сончогледово масло
* 150 г печурки
* 1 чешне лук
* црн пипер
* лимонов сок
* магдонос
* 2 лажици млеко
* 1 лажичка зачинал

Приготвување: издинстајте ги печурките во загреано масло, па малку посолете ги. Откако ќе омекнат и ќе испари целата течност, додајте ги истолчениот лук и пиперот. Посебно изматете ги јајцата, додајте ги млекото, малку од лимоновиот сок, ситно сечканиот магдонос и зачиналот во нив, па прелијте го сето тоа врз печурките. Пржете го омлетот со додека јајцата не се испржат. Омлетот со печурки ставете го во чинија и послужете го со салата по желба.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 07.Декември.2010 во 14:27

Омлет ролат

Потребно:

* 100 г шунка
* 2 лажици масло
* 4 јајца
* 4 лажици брашно
* 50 мл слатка павлака
* 20 г путер
* сол

Приготвување: во широко тавче на загреаното масло кратко пропржете ја шунката исечена на тенки парчиња, па извадете ја и оставете ја на топло место. Изматете ги јајцата, па во нив додадете ги брашното, слатката павлака, стопениот путер и малку сол. Изматените јајца сипајте ги во загреано масло, па пржете ги од секоја страна по една минута. Потоа, врз површината на омлетот распоредете ја пржената шунка и свиткајте го во вид на ролат.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Мај.2011 во 04:42

Кајгана со грашок

Потребно:

* 200 г грашок
* 1 главица кромид
* 8 јајца
* 2 лажици ситно сечкан магдонос
* масло
* сол
* бибер

Приготвување: ситно исечкајте го исчистениот кромид, па динстајте го во масло, со една лажица вода, додека не стане стаклест. Додајте го грашокот и зачинете ја смесата со сол и со бибер. Динстајте го грашокот додека не омекне, додавајќи по малку топла вода, колку што е потребно за да не загори. Откако ќе биде готов, оставете го да се излади. Изматете ги јајцата, па ставете ги сечканиот магдонос, солта и биберот во нив и добро измешајте го сето тоа. Потоа додајте го грашокот, добро измешајте ги, па испржете ја смесата во врело масло. Веднаш послужете ја.



-------------


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 17:18
Кајгана,омлет,полнети јајца,јајца на окосреќа
Секаков рецепт на база на јајца е добредојден

Кајгана со ајвар



Потребни состојки

  • малку   Црн бибер
  • малку   Сол
  • 50 милилитри Масло
  • 80 грама Ајвар
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

Краток текст

http://www.hrana.com.mk/recepti/Ajvar.html" rel="nofollow - Ајварот е еден од највкусните специјалитети и најголемите тајни на балканската кујна, и веројатно води потекло од Македонија.

Најдобриот ајвар се произведува во домаќинствата, затоа што само преку внимателна рачна работа може да се постигне целосно отстранување на лушпата и семето од пиперката што го гарантира чистиот вкус на ајварот. Тој е редовен и постојан дел од зимницата затоа што најлесно се конзервира и најдолго може да опстои во зимскиот период од годината.

Подготовка

Во тавче со масло ставете ги 4-те лажици ајвар и кратко запржете.

Во чинија изматете ги двете јајца и во нив ставете ја солта и биберот и малку вода.

Потоа јајцата претурете ги во тавчето и кратко пржете и мешајте (не премногу за да не се исуши смесата).

Сервирајте во чинија и дискретно премачкајте со мајонез.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 17:19

Омлет со чадена сланина

.

Потребни состојки

  • 8   Јајца/це
  • 20 грама Путер
  • 200 грама Сланина
  • малку   Сол
  • 50 грама Фета сирење


  • Време за подготовка: 5 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

Краток текст

Омлет (фр.: omelette) е француско јадење кое се подготвува од јајца, разбиени со засолено млеко (може и со вода) и испржени во тиган.
Во омлетот можат да се додадат зеленчуци и различни млечни производи, месо и колбаси, од кои најпопуларни се: сирење, насецкана шунка (или друг колбас), печурки, лук, магдонос и др., што зависи од самиот готвач.
Во различните национални кујни постојат повеќе видови на омлет: шпанската тортилја, италијанската фритата, јапонската ому-рајсу и ому-соба, со ориз и морски плодови.
Омлетот станува популарно јадење во светот поради лесната и брза подготовка, како и поради својата хранлива вредност и различни вкусови.

Подготовка

 Во тефлонска тава, на путер се пропржуваат ленти сланина, се вадат и се оставаат на топло. 
Тавата се враќа на шпотер, во неа се додава уште малку путер и јајцата кои претходно биле изматени со малку сол и ситно сечено сирење. 
Омлетот се пржи од една страна, а потоа со помош на чинија се првртува за да се испржи и од другата страна. 
Преку омлетот се ставаат се уште топлите ленти сланина и се послужува. 


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 17:20

Омлет со компири


Потребни состојки

  • малку мала лажица Црн пипер
  • малку   Сол
  • 100 милилитри Масло
  • 200 грама Компир
  • 150 грама Кашкавал
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

Краток текст

Омлет со компири

Подготовка

Компирите зе лупат и крупно се рендаат.

Потоа се додаваат изматените јајца, ренданиот кашкавал, сол, црн пипер.

Масата се пржи со малку масло прво од едната а потоа од другата страна.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 17:22

Јајца бенедикт


Потребни состојки

  • малку мала лажица Црн пипер
  • малку   Сол
  • 50 грама Сланина
  • 125 грама Путер
  • 15 милилитри Оцет
  • 100 милилитри Масло
  • 1   Лимон/и
  • 4   Кришка/ки леб
  • 4   Јајца/це
  • 3   Жолчка/ки


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

Краток текст

Во "Talk of the Town" колумната во весникот The New Yorker во 1942 е истакнато дека пред неговата смрт Лемул Бенедикт - пензиниран брокер од Вол Стрит, шетал низ Волдорф хотелот во 1894 трудејки се да најде лек за својот утрински мамурлук седнал во бифето и нарачал (тост со путер, варени јајца, крцкава сланина и холандски колач. Тогашниот шеф на кујната Оскар Чиркли толку му се допаднал оброкот што веднаш го ставил на менито, само што место сланина во порцијата додал шунка и место холандскиот колач додал англиски мафин-крофна

Подготовка

Земичките ги сечеме на половина.

На двете половинки земички им ги отсекуваме заоблените делови за да добиеме рамни површини и ги редиме во тава за печење.

Во тавата ги редиме и лентите чадена сланина.

Тавата ја ставаме во рерна и печеме 15-ина минути на температура од 200 степени.

Во меѓувреме во посолената вода во тенџере на оган додаваме оцет.

Започнуваме со подготовка на холандкиот сос. Лимонот го цедиме и лимоновиот сок го ставаме во подлабок сад. Во садот ги додаваме трите жолчки, додаваме оцет, 125 гр. путер, посолуваме и мешаме со жица за матење додека состојките не се соединат.

Во намрсена црпалка кршиме едно јајце.

Црпалката со јајцето ја ставаме во тенџерето со зовриена вода на оган.

Потоа ја вадиме и со лажица го одлепуваме јајцето од црпалката.

Црпалката ја враќаме во вода. По околу 4 минути варење ја вадиме од водата.

Пошираното јајце го вадиме од црпалката и го ставаме на чинија. Истата постапка ја повторуваме со сите 4 јајца.

Тавата со запечените земички и ленти сланина ја вадиме од рерна.

Холандкиот сос го промешуваме со жицата за матење и го ставаме да се вари на пареа.

Откако сосот ќе ја добие потребната густина, садот го тргаме од оган.

На чинија за сервирање ги редиме четирите парчиња запечени земички.

Врз секое парче земичка нанесуваме по две ленти запечена сланина.

Потоа врз земичките ги ставаме пошираните јајца. Врз јајцата нанесуваме од холандскиот сос.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 17:23

Поширани јајца на бела палента



.

Потребни состојки

  • 1 лажица/ци Сол
  • 30 грама Сланина
  • 200 грама Пченкарно брашно
  • 300 грама Пченка
  • 50 грама Путер
  • 50 грама Пармезан
  • 800 милилитри Вода
  • 4   Јајца/це
  • малку мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

Краток текст

Поширани јајца на бела палента

Подготовка

Во сооедветно тенџере ставете ја водата да зоврие солта. Додајте ги пченката и палентата и варете 2 минути. Намалете ја температурата и со постојано мешање сè варете уште 20 минути. Додајте црн пипер, пармезан и сè убаво измешајте па тргнете го садот од ринглата.

Во друг сад ставете вода со малку оцет да зоврие па полека ставајте ги јајцата, да ги поширате. Најдобро е јајцата да се ставаат во кутлача. Додека јајцето се вари, со лажица дел од белката ставајте врз жолчката. На ист начин поширајте ги и останатите три јајца.

Сланината исечкајте ја на ситни коцки и испржете во тиган без месо.

На секоја чинија ставајте по една "топка" од палентата, па по желба малку сос од домати, поширано јајце и сè посипете со пржена сланина. Потоа послужете.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 17:27

Полнети јајца


Потребни состојки

  • малку мала лажица Црн пипер
  • 100 грама Крем - сирење
  • 2 лажица/ци Копар
  • 8   Јајца/це
  • 50 грама Шкампи


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 10 мин.

Краток текст

Полнети јајца

Подготовка

Ги вариме јајцата 10 минути во посолена вода.

Ги лупиме внимателно и ги сечеме на половинки.

Вадете ги жолчките мешаште со млеко, свинско месо и црни пипер.

Потоа полнете ги јајцата со смесата завршете со парченца од сечканите шкампи.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 17:29

Омлет на шпански начин


Потребни состојки

  • 150 грама Тиквичка
  • малку   Сол
  • 2   Пиперка/ки
  • малку   Оригано
  • 6 лажица/ци Масло
  • малку   Магдонос
  • 3 чешниња Лук
  • 1 мала лажица Ким во прав
  • 300 грама Домат
  • 1 ливче/чиња Дафинов лист
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

Краток текст

Јајцата се честа состојка во многу рецепти. Полни се со многу хранливи материи (витамини, протеини, масти) и даваат големи количества енергија. Големата нутритивна вредност на јајцето е логична со оглед на тоа што оплоденото јајце треба да овозможи се што му е потребно за развој на малото пиле. Јајцето содржи околу шест грама протеини и други важни хранливи состојки, но и 212 милиграми холестерол. Со оглед на тоа што се препорачува консумација на 300 милиграми холестерол дневно, високата содржина на оваа состојка би спречило многу луѓе да јадат јајца. Но, треба да се истакне дека по едно јајце дневно нема драстично да ја зголеми содржината на холестерол во крвта и да ги зголеми нивоата на маснотии. Тоа е навистина добра вест, ако се знае дека јајцето содржи многу други важни хранливи материи како холин (есенцијален за добар вид), селен (неопходен за силен имунитет), витамин А (го поттикнува растот на клетките), витамин Е (антиоксиданс) и лутеин (кој го подобрува видот).

Протеините во јајцето главно се содржат во белката, додека жолчката ги содржи витамините А, Д и Е, масти и холестерол.

Подготовка

Ситно се сецка лукот, тиквичката и пиперките, па се пропржуваат во масло.

На тоа се додаваат излупените и изгмечени домати, дафинов лист, ким, оригано и магдонос.

Се посолува и во покриен сад се динста околу половина час.

Од секое јајце се пржат одделно 4 омлети.

Секој се полни со приготвениот фил, се покриваат и се послужуваат.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 17:38

Омлет со печурки

Потребно:

* 2 јајца
* 5 лажици измешани маслиново и сончогледово масло
* 150 г печурки
* 1 чешне лук
* црн пипер
* лимонов сок
* магдонос
* 2 лажици млеко
* 1 лажичка зачинал

Приготвување: издинстајте ги печурките во загреано масло, па малку посолете ги. Откако ќе омекнат и ќе испари целата течност, додајте ги истолчениот лук и пиперот. Посебно изматете ги јајцата, додајте ги млекото, малку од лимоновиот сок, ситно сечканиот магдонос и зачиналот во нив, па прелијте го сето тоа врз печурките. Пржете го омлетот со додека јајцата не се испржат. Омлетот со печурки ставете го во чинија и послужете го со салата по желба.

(Emil)



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 17:55

Шкотско јајце


Потребни состојки

  • малку мала лажица Црн пипер
  • 500 грама Телешко
  • малку   Сол
  • 50 грама Презла
  • 100 милилитри Млеко
  • 250 милилитри Масло
  • 2 главица/и Кромид/а
  • 2   Кришка/ки леб
  • 5   Јајца/це
  • 1   Китка магдонос
  • 100 грама Брашно


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

Краток текст

Шкотско јајце

Подготовка

Кромидот ситно го сечкаме и го ставаме да се пржи во тава со загреано масло. Во еден сад млекото го истураме врз предходно ставената мека средина од парчињата леб.

Во садот со меленото месо ги додаваме ситно сечканиот магдонос, едно јајце и натопениот леб со млеко. Додаваме црн пипер и промешуваме.

Испржениот кромид го претураме во цедалка, го одцедуваме од маслото и го додаваме во садот со подготвената смеса. Месиме со рака, додека да дибиеме хомогена смеса. Потоа земаме од смесата и ја расплескуваме на дланка. Едно варено јајце го ставаме на средина од расплесканата смеса и го обвиткуваме од сите страни од смесата со меленото месо. Од меленото месо и варените јајца со рака формираме топка.

Вака подготвените топки ги ставаме во тава за печење. Ја попрскуваме тавата со масло и печеме 5 минути на температура од 250 степени.

Две јајца матиме со вилушка. Испечените шкотски јајца ги валкаме најпрво во брашно, потоа во изматени јајца и на крај во лебни трошки.

Вака подготвените Шкотски јајца ги ставаме да се пржат во тенџере со поголема количина загреано масло додека не добијат убава румена боја, потоа послужуваме.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 17:58

Омлет со ракчиња


Порребни состојки

  • 8   Јајца/це
  • 500 грама Блага павлака
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 1 лажица/ци Лимонов сок
  • малку   Мешан зачин
  • 1   Пиперка/ки Лута
  • 80 грама Путер
  • 200 грама Ракчиња
  • малку   Сол


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

Краток текст

Омлет со ракчиња

Подготовка

 Ракчињата ставете ги во фолија потоа спуштете ги во ладна вода.

Коцкичките од кромидот пропржете ги на путерот.

Прелејте ги со павлака, додадете ја мирудијата и малце гответе.

Додадете бело вино измешано со густин. Промешајте.

Преливот пикантно зачинете го.

Додадете ги јајцата, добро измешајте и оставете да отстои.

Преостанатата маснотија ставете ја во врела тава.

Додадете ги јајцата со преливот и направете омлет.

Омлетот префрлете го во чинија за послужување, а потоа исечете го по должина (не до крај).

Малку развлечете го резот и наполнете го со ракчиња и пикантен прелив.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Октомври.2013 во 16:35

http://moirecepti.mk/post/%D0%BE%D0%BC%D0%BB%D0%B5%D1%82-%D0%BE%D0%B4-%D0%B7%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D1%87%D1%83%D0%BA/" rel="nofollow - Омлет од зеленчук

Состојки

  • 4 јајца
  • 1 главица кромид
  • 150гр. свежи шампињони
  • 100гр, брокула
  • 100гр, тиквичка
  • 4 компира
  • 100мл. неутрална павлака
  • 50гр. кашкавал
  • по потреба масло, сол, црн бибер

Подготовка

Компирите исечете ги на тенки кругови и ставете ги во тава со масло да се пржат.
Тиквичките исечете ги на тенки стапчиња, печурките на листови, а кромидот на тенки кругови и додајте ги во тавата откако компирите ќе бидат скоро испржени.
Брокулата исечете ја на помали цветови и ставте ја во зовриена вода да се обари 5 минути.
Во подлабок сад изматете ги јајцата, а потоа додајте го ренданиот кашкавал и неутралната павлака.
Посолете, наросете црн бибер и додајте го испржениот зеленчук и обарената брокула.
Полека промешајте ја смесата и вратете ја во тавата.
Откако ќе се испржи од едната страна поклопете ја тавата со поголема чинија и превртете го омлетот за да се испржи и од другата страна.
Откако ќе биде испржен од двете страни превртете го уште еднаш.

Послужете го топол со младо козјо сирење.





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Октомври.2013 во 16:36

http://moirecepti.mk/post/%D0%BE%D0%BC%D0%BB%D0%B5%D1%82-%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%87%D0%B8%D0%BD%D0%BA%D0%B0/" rel="nofollow - Омлет палачинка

Состојки

  • за палачинката
  • 2 јајца
  • по вкус сол
  • по потреба масло
  • за полнење
  • малку/20-50гр/ сувомеснато-пршута,сланина, саламче, кулен, чајна или она што најмногу јадете
  • неколку парчиња/околу 30-50гр/ лесно растоплив кашкавал
  • по вкус било кој зачин/оригано,букова сол ,кечап или нешто друго/

Подготовка

Во длабок сад, може и шоља за ча, се матат јајцата со малку сол, се додава и неколку капки масло.
Сувомеснатото се сецка на мали коцки, а кашкавалот се сече на ливчиња.
Тавчето за палачинки се загрева, па му се тура неколку капки масло кои што се размачкуваат низ целата површина.
Кога убаво ќе се загрее се тура разматеното јајце и се пече како палачинка. Кога ќе се испече од едната страна /да фати коричка/ со долг и широк нож/може и лопатка/ и со припомош на уште една лопатка, се превртува на другата страна да се запече. Веднаш по превртувањето да се пече од другата страна, на половина од палачинката се редат неколку парчиња-ливчиња кашкавал, а од горе се става коцките сувомеснато, се зачинува по желба, па се покрива со уште неколку парчиња кашкавал.
Се преклопува на половина, да се прекрие полнењето со половина од омлет-палачинката.
 Се пече уште по малку од двете страни.
Готовата полнета омлет палачинка можете да ја приготвите за доручек со павлака или со зеленчук, а може да послужи и како ладно предјадење или мезе за со убаво и весело друштвенце...





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Октомври.2013 во 16:37

http://moirecepti.mk/post/%D0%BE%D0%BC%D0%BB%D0%B5%D1%82-%D1%81%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D0%B8%D1%80%D0%B8-%D1%88%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BE%D0%BC%D0%BB%D0%B5%D1%82/" rel="nofollow - Омлет со компири ( шпански омлет)

Состојки

  • 400-500гр. компири
  • 2 главици кромид
  • 5 јајца
  • малку луто пиперче во прав

Подготовка

Исечете ги компирите на тенки кругови(или на коцки) и ставете ги да се пржат.
При крај на пржењето додајете го исецканиот кромид и пропржете.
На крај додајте ги изматените јајца со лутото пиперче.
Откако ќе се испржи омлетот од едната страна превртете го за да се испржи и другата страна.
Превртете уште еднаш и послужете со свежа салата.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Октомври.2013 во 16:39

http://moirecepti.mk/post/%D1%81%D0%B5%D0%BB%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BE%D0%BC%D0%BB%D0%B5%D1%82/" rel="nofollow - Селски омлет

Селски омлет

Состојки

  • 4 јајца
  • 1 зелена пиперка
  • 1 поголема тиквичка
  • 1 компир
  • 1 кромид
  • 50 гр сирење

Подготовка

Пиперката и компирот ги сечкаме на коцки, а тиквичката и кромидот на тенки тркалца. Зеленчукот го динстаме во тава на умерен оган околу 15 минути. Посолуваме по вкус. Во чинија ги матиме јајцата со малку сол, рендано сирење и оригано. Ја ставаме смесата од јајца врз зеленчукот и го пржиме омлетот 10 минути.





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Октомври.2013 во 16:52

http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D1%98%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B0-3/" rel="nofollow - Полнети јајца

Полнети јајца

Состојки

  • 6 јајца
  • 1-3 лажици мајонез
  • 2 лажици кисела павлака
  • неколку капки Ворчестер сос
  • 50 гр. сирење
  • 50 гр. шунка на коцки

Подготовка

Јајцата ставете ги во сад поголем колку да ги собере. Налејте вода да ги покрие над 2-3 см,. Ставете 1/2 лажиче сол и ставете ги да се варата. Варете 10-15 мин. откако ќе зовријат. Откако се сварени прелејте ги со ладна вода за да остинат. Излупете ги (одлично се лупат заради солта при варењето.).
Пресечете ги на половина внимателно со остар нож. Може да ги пресечете само горниот дел. Внимателно извдете ги жолчките, ставајте ги во сад настрана. Жолчките изгмечете ги со вилушка, додајте го сирењето и заедно уште еднаш изгмечете. Додајте го мајонезот, ворчестер сосот (не мора,ако имате ставете.), малку оцет и сол по вкус. Додајте ја и киселата павлака. Мешајте со лажица да се спои.
Ако сакате да ви биде по ретка смесата ставете повеќе мајонез, јас не сакам повеќе да биде така погуста, сува, ама по желба.
Ставате ја смесата во шприц за шлаг. Полнете ги јајцината во средината. Може да ги декорирате по желба со мали парчиња маслинки, магданос, шунка....
Служете ги по желба. Може да ги оставите во фрижидер, па да ги служите.....

Дополнителни фотографии

  • http://moirecepti.mk/content/uploads/2013/04/1000-038-800x600.jpg" rel="nofollow">
  • http://moirecepti.mk/content/uploads/2013/04/1000-031-800x600.jpg" rel="nofollow">
  • http://moirecepti.mk/content/uploads/2013/04/1000-037-800x600.jpg" rel="nofollow">
  • http://moirecepti.mk/content/uploads/2013/04/1000-033-800x600.jpg" rel="nofollow">



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Октомври.2013 во 16:54

http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D1%98%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%9C/" rel="nofollow - Полнети јајца со спанаќ

Полнети јајца со спанаќ

Состојки

  • 6 варени јајца
  • 300 гр спанаќ
  • 4-5 лаж мајонез
  • 1 лаж сенф
  • 1 чешне лук
  • по потреба сол

Подготовка

 Јајцата ги пресекуваме на половина, можете по желба да ги исечете на цик, цак. Ја вадиме жолчката од јајцата ставаме во длабок саб и ја изгмечуваме со вилушка. Спанаќот го ставаме во вода што врие додека да омекне,  Потоа го цедиме од водата, сечкаме и го блендираме. Го додаваме кај жолчките , додаваме и сенф згмечен лук, сол и мајонез. Мешаме да се изедначи смесата. Ги земаме белките на дното ги засекуваме малку, да может стабилно да стојат во чинијата и ги редиме на чинијата. Земаме од филот и полниме готварски шприц и ја полниме белката. Доколку сакате можете и со лажица да си ги наполните.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Октомври.2013 во 16:55

http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D1%98%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B0/" rel="nofollow -
Полнети јајца

Состојки

  • 4 јајца
  • 1 конзерва туна
  • 2 лаж мајонез
  • 1лаж зачинска сол

Подготовка

Јајцата ги вариме и лупиме, потоа ги сечиме на половинки. Ги вадиме жолчките и ги пасираме. Туната ја цедиме од зејтинот и ја одаваме во жолчките. Се додава зачинската сол и 2 лаж.мајонез. Сето тоа заедно го мешаме. Ги полниме испразнетите половинки од јајцата со смесата, ги превртуваме и ги декорираме по желба.

Дополнителни фотографии

  • http://moirecepti.mk/content/uploads/2012/04/DSC01947.JPG-8352-600x800.jpg" rel="nofollow">
  • http://moirecepti.mk/content/uploads/2012/04/DSC01948.JPG-8970-800x600.jpg" rel="nofollow">
  • http://moirecepti.mk/content/uploads/2012/04/DSC01955.JPG-1015-600x800.jpg" rel="nofollow">
  • http://moirecepti.mk/content/uploads/2012/04/DSC01960.JPG-7897-600x800.jpg" rel="nofollow">
http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D1%98%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B0/" rel="nofollow - -



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Октомври.2013 во 16:56

http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%B8-%D0%BF%D0%BE%D1%85%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B8-%D1%98%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B0/" rel="nofollow - Полнети поховани јајца

Полнети поховани јајца

Состојки

  • 6 варени јајца
  • 1 лажица мајонез
  • 1 мала лажичка сенф
  • 2 помали кисели краставички
  • 50 гр фета сирење
  • за поховање
  • јајца по потреба (јас потрошив две)
  • брашно по потреба
  • презла по потреба

Подготовка

Еве уште една идеа како да се искористат останатите јајца од велигден.

Пресечете ги јајцата на половина, извадете ги жолчките внимателно. Ги пасираме жолчките и во нив ги додаваме мајонезот, сенфот, ги рендаме краставичките и со вилушка го гмечиме сирењето. Се убаво промешуваме и со оваа смеса се полнат убаво јајцата и се спојуваат, да се добие пак цело јајце.
Вака подготвените јајца ги поховаме. Прво ги валкаме во брашно, па во јајца (изматени со вилушка), па во презла, повторно во јајце и на крај во презла.
Се пржат во добро загреан зејтин додека да поруменат.
Спржените поховани јајца ги вадиме на чинија со салфетка за да се упие вишокот маснотија.
Јас вака денеска ги искористив останатите велигденски јајца, пробајте нема да зажалите.
Добар апетит





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Ноември.2013 во 21:25

Гордон Ремзи: Највкусната кајгана готова за 4 минути

Јајцето е намирница која можеме да ја приготвиме на илјада начини и да ја додадеме во разни јадења, а една од наједноставните, а според многумина и највкусните верзии е кајганата.

Но и кајганата може да биде и тоа како интересна и вкусна, особено ако ја зачините со 3 едноставни, но многу вкусни додатоци. Испробајте го најфиното мени во кое владее кајганата.

Состојки за кајганата на Гордон Ремзи:

  • 3 јајца
  • 2 големи печурки
  • 2 парчиња селски леб
  • неколку (6 до 8) шери домати
  • маслиново масло
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица кисела павлака
  • Сол и бибер

Подготовка:

1. Во тава загрејте го малку маслиново масло и ставете ги печурките.

2. Посипете малку сол врз печурките, покрај нив додадете ги чери доматите и оставете сето тоа заедно да се пржи на тивок оган.

3. Во друга, подлабока тава или лонец ставете малку маслиново масло и додадете ги трите јајца.

4. Во јајцата додадете путер и мешајте додека тавата не се загрее и јајцата започнат да се пржат. По кратко време тргнете ги јајцата од оган, измешајте ги и повторно вратете ги на ринглата. Повторете го ова неколку пати.

5. Јајцата тргнете ги од оган и во нив додадете ја павлаката, солта и биберот.

6. Лебот ставете го малку во тостер.

7. Послужете ги јајцата на голема чинија врз кришките тост, а покрај нив ставете ги печурките и доматите.

Совет:

Во јајцата можете да додадете малку димен лосос или пак ситни парчиња сланина



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: д4б3
Датум на внесување: 07.Ноември.2013 во 21:31


карамба

Емилио, дали го знаш овоj фамозен номер


Постирано од: д4б3
Датум на внесување: 07.Ноември.2013 во 21:35
karamba



Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 08.Ноември.2013 во 09:28

Како па не се скапа ниедна жолчказбунетост


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: д4б3
Датум на внесување: 08.Ноември.2013 во 09:30
карамба

физика бе


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Февруари.2014 во 22:03

http://www.mojatakujna.mk/recipe/archives/%d0%b7%d0%b0%d1%87%d0%b8%d0%bd%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d1%98%d0%b0%d1%98%d1%86%d0%b0" rel="nofollow -

ЗАЧИНЕТИ ЈАЈЦА


  • Време на подготовка :
    10 min
  • Време на готвење :
    10 min
  • Вкупно време :
    20 min

Порции

12 парчиња

Состојки

  • 6 јајца тврдо варени
  • 50 гр. мајонез
  • 1/2 лажичка буковец лут
  • 1/4 лажичка лук во прав
  • 1/4 лажичка кумин
  • прстофат сол и бибер
  • коријандер свеж

Упатство

Сварете ги јајцата во тенџере со вода и малку сол. Излупете ги и пресечете ги на половинки. Внимателно одстранете ја жолчката од јајцата, а белките поставете ги во чинија со отворите нагоре.
Во длабок сад додадете ги жолчките со мајонез, буковец, лук, кумин, сол и бибер. Добро измешајте ги додека да добиете изедначена смеса. Ако ви изгледа сува можете да додадете мајонез.
Со лажичка наполнете ги белките со смесата. Декорирајте ги со свеж коријандер.
Ставете ги јајцата во фрижидер додека да ги сервирате.
Пријатен апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 16:20
Видео рецепт: Омлет Боли Глава

Омлет Боли глава


Состојки
  1. 6 јајца
  2. Страк млад кромид или власец
  3. сол и бибер
  4. Маслиново масло и путер за подмачкување

Разликата меѓу Француски и Македонски омлет е мала, а со мала промена на подготовката ќе добиете различна текстура и различен вкус, и со сигурност ќе имате вкусен појадок. Погледнете го видеото, Фичо ќе ви покаже како!


Внимавајте со печењето на омлетот, може многу лесно да изгори – значи, концентрација во тавчето! Добар омлет е наука и се учи во школо, сериозно!

Подготовка

Омлет 1: Матите три јајца, додавате сол и бибер (во смесата). Подмачкајте ја тавата со маслиново масло, додајте лажица путер и ставете ја на среден оган. Ја истурате смесата во претходно загреаната тава и постојано правите иксови врз омлетот, се додека не се испржи. Потоа сервирате по желба.

Омлет 2: Матите три јајца, додавате сол и бибер (во смесата), додавате ситно сечкан млад кромид или власец, промешувате. Подмачкајте ја тавата со путер, додајте малку маслиново масло и ставете ја на среден оган. Ја истурате смесата во претходно загреаната тава и постојано мешате во сите правци, најизменично.

Сервирајте додека е уште врело, и уживајте!




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 22.Февруари.2014 во 13:13

http://moirecepti.mk/post/%D1%88%D0%BA%D0%BE%D1%82%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%98%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B0-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D0%BE%D1%81-%D0%BE%D0%B4-%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B2%D0%BA%D0%B8/" rel="nofollow - Шкотски јајца со сос од тревки

Шкотските јајца најчесто се служат како мезе (снек), а исто така погодни се за на излет бидејќи може да се служат и ладни. Јас овојпат ги спремив за ручек, во комбинација со варени компири и сос од тревки.

Меленото месо ставете го во еден подлабок сад. Кромидот изрендајте го и заедно со јајцето и презлата додадето го во месото. Посолете, побиберете и измешајте убаво. Оставете го во фрижидер околу 10-тина минути.
За тоа време измијте ги компирите и ставете ги да се варат. Останатите (6) јајца ставете ги исто така да се варат. Кога ќе бидат готови излупете ги и оставете да се оладат.
Месото поделете го на шест еднакви дела. Секој дел расплескајте го на раката, ставете го свареното јаце во средина и обвиткајте го со меленото месо. Со дланките формирајте топки. Секоја од нив најпрво извалкајте ја во брашно, па во јајце и на крај во презла. Пржете ги во врело масло и при пржењето со помош на лажица тркалајте ги за да се задржи формата. Ставајте ги на кујнска хартија за да се впие вишокот на маснотија.
За сосот, брашното испржете го на малку масло. Додадете го постепено млекото и мешајте со жица за матење. Откако ќе се згусни, ставете ја инстант супата и тревките. Убаво промешајте и додадете го лимоновиот сок (околу половина лажиче).
Сварените компири излупете ги и посолете ги.

Послужете топло со чаша ладно пиво.
Добар апетит!






-------------


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Февруари.2014 во 09:06

Предлог појадок: омлет Капрезе



Брзо, лесно и вкусно! Омлет инспириран од познатата Капрезе салата. За да го подготвите овој омлет ќе ви бидат потребни:

 

 Состојки

(за 2 порции)

1 топка свежa моцарела

2 средни домати

4 големи јајца

1/4 чаша млеко

Сол и црн бибер, по вкус

Малку свеж босилек

2 лажици масло

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата,  додадете го млекото, посолете по вкус. Исечкајте ги на парчиња моцарелата и доматите. Убаво загрејте го тавчето со маслото. Истурете ја мешавина од јајцата и одозгора додадете ги доматите и моцарелата. Пржете неколку минути, и потоа  за омлетот да биде зготвен од сите страни, ставете ја тавата во загреана рерна и потпечете 10-12 минути, додека не зарумени. Се служи веднаш со свеж босилек и парчиња пршута.


http://365.com.mk/index.php/tag/retsept" rel="nofollow -


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Февруари.2014 во 14:18

Медитерански омлет

http://365.com.mk/index.php/54435/mediteranski-omlet" rel="nofollow - -

Состојки:
1 лажичка маслиново масло
1/2 чаша ситно исечкани шери домати
1 лажица исечкано младо кромитче
оригано
2 лажици фета сирење
1 лажица ситно исечкани црни маслинки
2 големи јајца
сол по вкус

Начин на подготовка:
Запржете ги доматите, кромитчето ориганото, додека не омекнат доматите. Тргнете ги од оган и додадете го сирењето и маслинките. Во друга тава направете омлет и наполнете го со смесата.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Февруари.2014 во 15:11

http://moirecepti.mk/post/%D1%98%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%82%D0%BE%D1%81%D1%82-%D0%BB%D0%B5%D0%B1/" rel="nofollow - Јајца во тост леб

Со чаша извадете ја срединката од тост лебчињата. Во нелепливо тавче на средна температура загрејте малку маслиново масло. На загреаното масло пропржете ги кратко лепчињата од двете страни. Јајцата претходно скршете ги во мала чаша и така, ставете ги во вдлабнатината на лебот. Јајцето зачинете го со сол и бибер, по вкус. По неколку минути, кога белката малку ќе се стегне, превртете го лебчето (ако сакате убаво испржена жолчка, ако сакате ровка не го вртете лепчето). Сервирајте за појадок.






-------------


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Февруари.2014 во 21:33
                                                                                      Јајца со печурки и сирење
                                                                                                                                                  







За јајцата знаеме дека се најдобар појадок, па еве еден нов рецепт како да ги подготвите.
Потребно:
200 г.шампињони
1 лажица путер
сол
магдонос
1 шоља сирење фета
1 шоља млеко
1 лажица густин
3 јајца


Подготовка:
Печурките исчистете ги, исечете ги на листови и запржете ги на 1 лажица путер додека течноста да испари. Потоа посолете ги, додајте малку исецкан магдонос, па смесата истурете ја во подмачкан огноотпорен сад.

Половина шоља фета сирење издробете врз печурките.Во длабока чинија ставете ја чашата млеко во која сте го разматиле густинот, додајте малку сол и три изматени јајца со миксер. Сето заедно промешајте, па добиената смеса прелијте ја преку шампињоните и сирењето, и печете околу 5 минути на 200 степени, додека да порумени.

Добар апетит!


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Март.2014 во 08:10

ЈАЈЦА ВО СОС ОД ДОМАТИ

Потребно:

н 4 главици кромид
н 1 кг домати
н 300 г моркови
н 2 чешниња лук
н неколку ливчиња од жалфија
н малку рузмарин
н 4 лажици слатка павлака
н 1/2 китка магдонос
н масло
н 8 тврдо варени јајца
н сол
н бибер

Приготвување: ситно исечканиот кромид пржете го во врело масло со додека не стане стаклест, па во него додадете ги морковите исечени на коцкички. Откако ќе добијат боја, во нив додадете ги ситно исечените домати.

Смесата динстајте ја додека малку не се згусне. Излупете го лукот и ситно исечкајте го со зачинските билки, па додадете ги во сосот. Сето тоа варете го уште пет минути, па зачинете го со сол и бибер. На крај сипајте ја павлаката и подрејте ги во сосот излупените јајца.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2014 во 08:30

Лионски јајца


lionska-jaja

Состојки:

  • 4 јајца
  • 1 лажица павлака
  • 1 лажица мајонез
  • 1/2 лажиче сенф
  • 80 гр сув врат
  • 20 гр пармезан
  • 30 гр путер
  • 100 гр кашкавал
  • 2 лажици брашно

Приготвување:

1. Јајцата се варат па се лупат.
2. Изладените јајца се сечат попреку на половина и се вадат жолчките.
3. Сувиот врат се сечка ситно.
4. Се соединуваат жолчките, павлаката, мајонезот, пармезанот, сувиот врат и зачини по вкус.
5. Со приготвената смеса се полнат белките и се ставаат во фрижидер.
6. Во помало тенџерче се топи путерот, а потоа се додава брашното и кратко се пропржува. Со постојано мешање постепено се додава млекото, а кога ќе се згусне се додава и рендан кашкавал и зачини по вкус и се промешува.
7. Јајцата се вадат од фрижидер кога ќе се зацврсти филот и секое се прелива со полна лажица бешамел сос и се декорира со мелен пипер.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2014 во 08:31

Полнети јајца

СОСТОЈКИ:

  • 4 јајца
  • 1 паштета од зеленчук
  • 1 мала главица кромид
  • мешавина зачини по вкус
  • сол и црн пипер по вкус

За декорација:

  • павлака по потреба
  • магдонос по потреба

ПРИГОТВУВАЊЕ:

  1. Јајцата тврдо се варат. Кога ќе се изладат, се лупат и се сечат на половина. Жолчките се вадат и добро се гмечат.
  2. Во изгмечените жолчки се додаваат ситно сечканиот кромид и паштетата од зеленчук, се зачинува по вкус и се посолува. Сè добро се соединува да се добие хомогена смеса.
  3. Со добиената смеса се филуваат белките.
  4. Се декорира со павлака, сечкан магдонос и со ситно сечкана пиперка.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Март.2014 во 16:30

http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%BE%D1%88%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%BE-%D1%98%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B8%D0%BD-%D1%87%D0%B0-7/" rel="nofollow - Поширано јајце на македонски начин – Чалбур

Во подлабок сад се става парче сирење (или урда) со дебелина од 1см. Врз него се дотура вода колку да му се покрие површината, се покрива со капак и се остава на тивок оган да се зоврие околу 4 до 5 минути. Се кршат јајцата, секое посебно (пр.секое јајце во шољичка од кафе) и се додаваат полека врз веке омекнатото сирење. Се покрива повторно тенџерето и се вари се додека јајцата не се обвиткаат со бела покривка, т.е. не коагулираат, околу 3 минути. Ако сакате повеќе варена жолчка продолжете да го варите но, со исклучен оган!
Го загревате маслото и го запржувате црвениот пипер (според вкус може да се додаде и буковец или сува искршена лута пиперка, со внимавање да не се изгори (за да не стане горчлива). Во чинија за послужување со помош на лажица со дупки извадете го внимателно вареното јајце заедно со стопеното сирење и полејте го со запршката. Сол може да се посоли само ако сирењето или урдата не се доволно солени.
Сервирај те го со печено лепче намачкано со чешне лук. Како прилог од зеленчук послужете младо кромитче или младо лукче или некаква салата, туршија итн. во зависност од сезоната! Добар апетит и на здравје!
п.с. За жал, во намерата да покажеме дека сме современи и модерни ги заборавивме нашите стари, вкусни и за око убави македонски рецепти.






-------------


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Мај.2014 во 15:54
ЈАЈЦА СО ПЕЧУРКИ И СИРЕЊЕ
http://karmin.tocka.com.mk/56/117736/jajca-so-pecurki-i-sirenje#" rel="nofollow - http://karmin.tocka.com.mk/56/117736/jajca-so-pecurki-i-sirenje#" rel="nofollow -

За јајцата знаеме дека се најдобар појадок, па еве еден нов рецепт како да ги подготвите.

Потребно: 
● 200 г.шампињони
● 1 лажица путер
● сол
● магдонос
● 1 шоља сирење фета
● 1 шоља млеко
● 1 лажица густин
● 3 јајца


Подготовка: 
● Печурките исчистете ги, исечете ги на листови и запржете ги на 1 лажица путер додека течноста да испари. Потоа посолете ги, додајте малку исецкан магдонос, па смесата истурете ја во подмачкан огноотпорен сад.

● Половина шоља фета сирење издробете врз печурките.Во длабока чинија ставете ја чашата млеко во која сте го разматиле густинот, додајте малку сол и три изматени јајца со миксер. Сето заедно промешајте, па добиената смеса прелијте ја преку шампињоните и сирењето, и печете околу 5 минути на 200 степени, додека да порумени.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 06.Мај.2014 во 13:56

http://moirecepti.mk/post/%D0%B2%D0%B0%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B8-%D1%98%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BE%D1%81-%D0%BF%D0%BE%D0%B4-%D0%BA%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D0%BA/" rel="nofollow - Варени јајца во сос под капак

1. Исчистен и ситно насецкан кромидот ставете го да се пржи, кога е на половина испржен додајте го излупениот исто така ситно исецкан патлиџан. Се пржи додека не се згусти сосот. Зачинете.
2. Сварете ги јајцата, излупете и исечете на четири дела по должина.
3. Направете го бешамел сосот така што на загреаниот путер или маргарин запечете го брашното внимавајки притоа да не ви потемне - да остане светло брашното, додадете го млекото, оставете кратко да проврие. Тргнете настрана.

ПОСТАПКА
- Со зејтин премачкајте го садот или гувечињата доколку ги имате, па прво ставете го сосот од патлиџанот, врз него наредете ги јајцата па залејте ги со бешамел сосот. Одозгора посипете со рендан кашкавал или пушено сирење, ставете во предходно загреана рерна на кратко да се само продинста... а за тоа време и кашкавалот ке се стопи.
Забелешка:
Од оваа количина јас спремив две порции од гувечињата. Во сосот од патлиџан си додадов и малку лук во прав, бел и црн бибер. Кој сака можете во бешамел сосот да ставите и морско оревче. Пазете да не го пресолите јадењето доколку кашкавалот или сирењето се солени, па да не ви се пресоли јадењето. На очиглед можеби ова ви стои некако баш она ... во стилот - па какво ли е ова јадење... ама верувајте - предобро е. Тоа не е нов рецепт и бабите со варени јајца ни правеле вакво нешто, само што ние си приизимислеме и го модернизираме додавајки му бешамел сос и посолување со кашкавал. Порано беше кашичка со јајца - нели знаете.. се направи сос (кашичка) кога проврие се скрши јајце живо, па додека се забуле...се трга.... а правам јас и такво, мене ми се вкусни овие бабините рецепти.






-------------


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Јули.2014 во 19:52

БРЗО, ЛЕСНО И ВКУСНО: ОМЛЕТ КАПРЕЗЕ

12

http://popara.mk/2014/recepti/brzo-lesno-i-vkusno-omlet-kapreze/" rel="nofollow -

http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fbrzo-lesno-i-vkusno-omlet-kapreze%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Состојки

http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fbrzo-lesno-i-vkusno-omlet-kapreze%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - (за 2 порции)

http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fbrzo-lesno-i-vkusno-omlet-kapreze%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 1 топка свежa моцарела

http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fbrzo-lesno-i-vkusno-omlet-kapreze%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 2 средни домати

http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fbrzo-lesno-i-vkusno-omlet-kapreze%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 4 големи јајца

http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fbrzo-lesno-i-vkusno-omlet-kapreze%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 1/4 чаша млеко

http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fbrzo-lesno-i-vkusno-omlet-kapreze%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Сол и црн бибер, по вкус

http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fbrzo-lesno-i-vkusno-omlet-kapreze%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Малку свеж босилек

http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fbrzo-lesno-i-vkusno-omlet-kapreze%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 2 лажици масло

http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fbrzo-lesno-i-vkusno-omlet-kapreze%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Начин на подготовка:

http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fbrzo-lesno-i-vkusno-omlet-kapreze%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Изматете ги јајцата,  додадете го млекото, посолете по вкус. Исечкајте ги на парчиња моцарелата и доматите. Убаво загрејте го тавчето со маслото. Истурете ја мешавина од јајцата и одозгора додадете ги доматите и моцарелата. Пржете неколку минути, и потоа  за омлетот да биде зготвен од сите страни, ставете ја тавата во загреана рерна и потпечете 10-12 минути, додека не зарумени. Се служи веднаш со свеж босилек и парчиња пршута.

http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fbrzo-lesno-i-vkusno-omlet-kapreze%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow -

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Јануари.2016 во 08:19

ИДЕАЛЕН, ВКУСЕН И БРЗ ЗИМСКИ РУЧЕК: ШКОТСКИ ЈАЈЦА

Идеален, вкусен и брз зимски ручек: Шкотски јајца

Неколку варени јајца, мелено месо, зачини, малку трошки и масло за пржење – тоа е се` што ќе ви затреба за подготовка на шкотските јајца.

Можете да ги јадете топли или ладни, можете да ги понесете како ужина, или да ги сервирате во комбинација со некоја добра салата.

Шкотските јајца се вистинска ризница на протеини, па затоа им се препорачуваат на спортисти и деца.

Не заборавајте да после кратко пржење во врело масло, шкотските јајца накратко ги допечете во печка, на температура од 200 степени!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Февруари.2016 во 15:08

Поширано јајце

    Состојки

    • http://migusto.mk/ingredient/%d1%98%d0%b0%d1%98%d1%86%d0%b0/" rel="nofollow - јајца  (количина по потреба)
    • малку  http://migusto.mk/ingredient/%d0%bc%d0%b0%d0%b3%d0%b4%d0%be%d0%bd%d0%be%d1%81/" rel="nofollow - магдонос
    • малку  http://migusto.mk/ingredient/%d0%bf%d0%b8%d0%bf%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%b0-%d0%b8%d0%bb%d0%b8-%d0%bc%d0%be%d1%80%d0%ba%d0%be%d0%b2/" rel="nofollow - пиперка или морков  (рендани)

    Подготовка


    1. 1.Земате најлонско кесе во кој пакуваме намирници за длабоко замрзнување, оние шушкавите, не обичниот најлон, намрснете го со малку зејтин, поставете го на филџан така што да биде кесата отворена.

    2. 2.Ставете магданос, на ситната страна од рендето рендана пиперка, морков.. или се она што саката да има во содржината на вака пошираното јајце, вие сами креирајте, врз ова скршете го внимателно јајцето, посолете и врз јајцето исто така можете да ставите од се што предходно сте нарендале, но морате да внимавате да не ја разлиете жолчката.

    3. 3.Врзете ја кесата со конец или наједноставно преврзете ја кесата сама околу себе, ставете во тенџере во кое веке врие водата. Варете го јајцето толку колку што сакате да го консумирате... ровко, тврдо, меко... ако се одлучите да остане меко јајцето, тогаш повторно мора да внимавате при самото вадење од кесата да не ја разлите жолчката.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 16.Април.2016 во 22:08

    http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/39682-brzi-recepti-so-jajca-za-koi-kje-vi-trebaat-najmnogu-15-minuti" rel="nofollow -

    Јадењата со јајца обично сите ги поврзуваме со појадокот. Но сепак, тие може да бидат одличен избор и за ручек и за вечера.

    3-vkusni-obroci-so-jajca-za-koi-kje-vi-trebaat-najmnogu-15-minuti-01

    Нивните главни „силни“ страни се тоа што брзо се подготвуваат, имаат одличен вкус и се многу хранливи.

    За моментите кога ќе се појават ненајавени гости или кога немате желба да поминете часови и часови во кујната, испробајте некој од следните рецепти:

    Крцкав сендвич

    3-vkusni-obroci-so-jajca-za-koi-kje-vi-trebaat-najmnogu-15-minuti-02

    Потребни состојки:

    • 2 јајца
    • 4 парчиња леб
    • 50g путер
    • 4 големи парчиња сирење
    • 2 големи парчиња шунка
    • 2 листови од зелена салата
    • Сол, бибер, некои омилени зачини

    Подготовка:

    1. Намачкајте ги парчињата леб со малку путер и испржете ги од двете страни на тава. Тргнете две парчиња од тавата – тие ќе ви бидат потребни подоцна.

    2. Ставете по едно парче сирење на останатите 2 парчиња леб и покријте ја тавата. Печете додека не се стопи сирењето.

    3. Врз сирењето ставете парче шунка, па уште едно парче сирење и на крај покријте со кришките леб кои претходно ги тргнавте настрана.

    4. Покријте ја тавата и печете околу 30 секунди. Извадете го сендвичот од тавата и кога ќе се излади малку, додадете по еден лист зелена салата.

    Мафини од јајца

    3-vkusni-obroci-so-jajca-za-koi-kje-vi-trebaat-najmnogu-15-minuti-03

    Потребни состојки:

    • 12 -15 јајца
    • 200g рендан кашкавал
    • 50g кромид
    • 200g зеленчук по ваш избор; домати, пиперки, тиквички, брокула.
    • 200g шунка, колбаси или варено месо.
    • маслиново масло
    • сол и црн пипер
    • 1 лажица од вашите омилени зачини

    Подготовка:

    1. Загрејте ја рерната на 190°C. Премачкајте го со масло калапот за мафини.

    2. Исечете го ситно зеленчукот и пржете во тава сè додека не добие златно-кафеава боја.

    3. Исечете го месото на мали коцки.

    4. Ставете дел од месото на дното од калапот, а остатокот измешајте го со зеленчукот и додадете сирење и млад кромид. Дополнете го калапот со оваа смеса некаде околу 2/3.

    5. Јајцата изматете ги со вилушка и додадете им ги вашите омилени зачини како и сол и црн пипер.

    6. Внимателно ставете од матените јајца во секој отвор на калапот. Можете и нежно да ги промешате сите состојки со вилушка.

    7. Печете ги мафините околу 15 минути. Треба да се подигнат и да добијат кафеава боја.

    Печено јајце во авокадо

    3-vkusni-obroci-so-jajca-za-koi-kje-vi-trebaat-najmnogu-15-minuti-04

    Потребни состојки:

    • 4 големи јајца
    • 2 зрели авокада
    • маслиново масло
    • сол, бибер и некои од вашите омилени зачини

    Подготовка:

    1. Загрејте ја рерната на 200°C.

    2. Пресечете ги авокадата на пола и извадете ги семките. Со помош на лажица издлабете го авокадото за да направите простор за јајцето.

    3. Внимателно скршете ги јајцата и ставете ги во издлабените авокада. Додадете сол, црн пипер и некои од вашите омилени зачини.

    4. Ставете ги авокадата во рерна и печете 15 минути, или онолку колку што сакате јајцето да ви биде испечено.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 02.Јуни.2016 во 08:19

    Јајца полнети со кисели краставички

    ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

    * 1 кисела краставичка

    * 2 лажици мајонез

    * малку сол

    * 125гр крем сирење

    * 4 јајца

    * црвен пипер за попрскување

    НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

    –          Ги вриме и ги лупиме јајцата

    –          Ги сечеме внимателно на половина.

    –          Внимателно ги одстрануваме жолчките и ги гмечиме со вилушка.

    –          Кон жолчките ги додаваме и останатите состојки и добро промешуваме.

    –          Ги полниме половинките со подготвената смеса.

    –          Попрскуваме со малку црвен пипер.

     



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: pajser
    Датум на внесување: 02.Јуни.2016 во 21:59
    ,,,,,,,,загриженост,,,,,,,,,,,,

    -------------
    nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


    Постирано од: laki_bu
    Датум на внесување: 02.Јули.2016 во 23:33
    jajce na sto nacina голема насмевка

    -------------
    Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 28.Октомври.2016 во 15:53

    Вкусна кајгана со сланина

    СОСТОЈКИ:
    • 2 јајца
    • 50 грама сланина
    • 100 грама кашкавал
    • свеж магдонос
    • зачини по вкус

    НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

    1. Сланината ситно ја сецкаме на коцки. За овој рецепт употребивме Пекабеско сланина
    2. Кашкавалот ситно го сецкаме или го рендаме на покрупната страна од рендето
    3. Јајцата ги матиме во посебен сад, ги посолуваме и додаваме бибер по желба
    4. На загреано масло во тава ја пржиме ситно сецканата сланина
    5. Потоа го додаваме кашкавалот за да се стопи
    6. Во истиот сад ги додаваме и изматените јајца
    7. Кога омлетот е готов наросуваме оригано и свеж магдонос

    Одлично е во комбинација со парче леб и чаша јогурт. На здравје!



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 23.Декември.2016 во 08:53

    Јајца со сланина на необичен начин

    http://popara.mk/2016/recepti/jajca-so-slanina-na-neobichen-nachin/" rel="nofollow -

    http://popara.mk/2016/recepti/jajca-so-slanina-na-neobichen-nachin/" rel="nofollow - Класичен оброк од јајца и сланина подготвен на нешто поинаков, покреативен начин.

    http://popara.mk/2016/recepti/jajca-so-slanina-na-neobichen-nachin/" rel="nofollow - Состојки:

    • http://popara.mk/2016/recepti/jajca-so-slanina-na-neobichen-nachin/" rel="nofollow - 12 парчиња сланина
    • http://popara.mk/2016/recepti/jajca-so-slanina-na-neobichen-nachin/" rel="nofollow - 6 јајца
    • http://popara.mk/2016/recepti/jajca-so-slanina-na-neobichen-nachin/" rel="nofollow - бибер
    • http://popara.mk/2016/recepti/jajca-so-slanina-na-neobichen-nachin/" rel="nofollow - оригано
    • http://popara.mk/2016/recepti/jajca-so-slanina-na-neobichen-nachin/" rel="nofollow - маслиново масло

    http://popara.mk/2016/recepti/jajca-so-slanina-na-neobichen-nachin/" rel="nofollow - Начин на подготовка:

    http://popara.mk/2016/recepti/jajca-so-slanina-na-neobichen-nachin/" rel="nofollow - Загрејте ја рерната на 200 степени.

    http://popara.mk/2016/recepti/jajca-so-slanina-na-neobichen-nachin/" rel="nofollow - Со маслиново масло благо подмачкајте калапи за мафини (6 калапи)

    http://popara.mk/2016/recepti/jajca-so-slanina-na-neobichen-nachin/" rel="nofollow - Отстранете ја маснотијата од сланината и во секоја дупка за мафини ставајте по две парчиња.

    http://popara.mk/2016/recepti/jajca-so-slanina-na-neobichen-nachin/" rel="nofollow - Во секој калап внимателно скршете по едно јајце.

    http://popara.mk/2016/recepti/jajca-so-slanina-na-neobichen-nachin/" rel="nofollow - Печете во загреана рерна околу 15 минути.

    http://popara.mk/2016/recepti/jajca-so-slanina-na-neobichen-nachin/" rel="nofollow - Готовите јајца посипете ги со бибер, оригано и послужете со домат или друга свежа салата.

    http://popara.mk/2016/recepti/jajca-so-slanina-na-neobichen-nachin/" rel="nofollow - На здравје!

    http://popara.mk/2016/recepti/jajca-so-slanina-na-neobichen-nachin/" rel="nofollow -

    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 15.Мај.2018 во 17:51

    Полнети зачинети јајца

    Сите го сакаат и со нетрпение го очекуваат бојадисувањето на велигденските јајца и традиционалното кршење со нив. Но, кога забавата ќе одмине, остануваат полни садови со варени  http://www.femina.mk/%D1%80%D0%B5%D1%86%D0%B5%D0%BF%D1%82%D0%B8/%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8/%D1%81e-%D1%88%D1%82%D0%BE-%D0%BD%D0%B5-%D1%81%D1%82%D0%B5-%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%B5%D0%BB%D0%B5-%D0%B7%D0%B0-%D1%98%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B0%D1%82%D0%B0" rel="nofollow - јајца  кои не се многу привлечни и ги јадеме „насила“.

    За да го немате проблемот со десетиците останати велигденски јајца кои никој не сака да ги изеде, ви предлагаме лесен начин да ги направите варените јајца неодоливи и за вашето семејство и за вашите гости за време на празниците.

    Полнети зачинети јајца

    Полнетите зачинети јајца се многу популарни во светот затоа што се приготвуваат брзо и можат да се зачинуваат со најразлични додатоци, па се прилагодуваат на сечиј вкус. Постојат стотици вкусни варијации на ова јадење, а во продолжение ќе најдете две од нив.

    Полнети јајца со сланина и млад кромидПолнети јајца со сланина и млад кромидПолнети јајца со кисели краставичкиПолнети јајца со кисели краставички

    ПОЛНЕТИ ЈАЈЦА СО СЛАНИНА И МЛАД КРОМИД

    Состојки

    6варени јајца
    2 лажицимајонез
    1 лажичкасенф
    1ситно исечкано младо кромитче
    4 лентисланина
    1 лажичкајаболков оцет
    сол
    црн пипер

    Подготовка

    1. Излупете ги јајцата, пресечете ги на половина по должина и извадете им ги жолчите без да ја уништувате формата на белките.
    2. Потпржете ја сланината и исечкајте ја на мали парчиња. Дел од нив зачувајте настрана за декорација.
    3. Младиот кромид ситно исечкајте го. Белиот дел од кромидот употребете го за полнежот на јајцата, а зелениот нека ви послужи само за декорација.
    4. Жолчките од јајцата ставете ги во длабок сад и во нив додајте ги мајонезот, сенфот, оцетот, сланината и кромидот. Зачинете со црн пипер и сол. Со виљушка испасирајте ја смесата за сите состојки да се соединат.
    5. Со смесата наполнете го вдлабнатиот дел на белките. Тоа можете да го направите со лажичка, готварски шприц или пак со најлонска кесичка (ставете ја смесата во кесата и направете мал отвор на едниот крај низ којшто ќе ја истиснувате).
    6. Декорирајте со мали парченца зелен кромид и сланина.

    ПОЛНЕТИ ЈАЈЦА СО КИСЕЛИ КРАСТАВИЧКИ

    Состојки

    6варени јајца
    2 лажицимајонез
    1 лажичкасенф
    3кисели краставички со средна големина (ситно рендани)
    1 лажичкајаболков оцет
    сол
    црн пипер

    Подготовка

    Подготовката е иста како погоре, единствено се разликува декорацијата. За повпечатлив изглед, попрскајте ги јајцата со црвена пипер или чили во прав.

    Варијации

    Полнети јајца декорирани доматЗа декорација е искористено кружно парче од мал домат и зелено кромитче.Полнети јајца со декорација пајакЗа декорација можете да искористите црни маслинки со кои ќе оформите пајак за да ги израдувате децата.
    Полнети јајца со декорација пиле
    Јајцето со изглед на пиле ќе го направите ако пресечете само мал дел од белката на горниот дел. Наполнете го јајцето со смесата и направете очи од маслинки и клун од морков.
    Полнети јајца со цвеклоНаместо кисели краставички искористено е цвекло од тегла кое ѝ ја дава на смесата розовата боја.


    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 15.Мај.2018 во 17:53

    Поховани полнети јајца



    Состојки:

    2 јајца

    1 лаж. магдонос

    1 лаж. масло

    малку сол

    1 лаж. сечкана салама

    брашно

    јајце

    презла

    Подготовка:

    Јајцата сварете ги, излупете ги исечете ги на две и извадете им ја жолчката.Во друго тавче ставете ja жолчката, додадете ги состојки и измешајте.Полнете ги јајцата со смесата и така составете ги.

    Тогаш посипете ги со брашно, јајца и презла и повторете ја постапката трипати.Пржете ги на масло на средно силен оган.

    Стевете ги на хартија да ја впие маснотијата.



    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


    Постирано од: Valerija
    Датум на внесување: 31.Мај.2020 во 11:20

    Јајца без пржење и варење – Неверојатен рецепт готов за 3 минути


    Јајцата се традиционален оброк во секојдневното мени на речиси секој од нас. Затоа денес решивме да ви претставиме рецепт со кој ќе пробате нов уникатен начн на кој може да ги приготвите истите.

    https://www.nane.mk/wprm_print/recipe/62241" rel="nofollow - Јајца без пржење и варење
    Јајцата се традиционален оброк во секојдневното мени наречиси секој од нас. Затоа денес решивме да ви претставиме рецепт со кој ќе пробате нов уникатен начн на кој може да ги приготвите истите.
    Вкупно време20 мин
    Оброк: Појадок
    Кујна: Медитеранска
    Клучни зборови: јајца, омлет
    Порции: 1

    Состојки

    • 2 јајца
    • 2 супени лажици кисело млеко
    • По вкус сол
    • По вкус кашкавал
    • По вкус шунка
    • По вкус копар
    • По вкус домати

    Начин на подготовка

    • Исечете ги доматите и сирењето на мали коцки, а кашкавалот крупно изрендајте го. Исечете ги и зачините.
    • Потоа, изматете ги јајцата, воедно додавајќи сол и млеко.
    • Поставете ја добиената смеса во соодветна шолја и поставете ја истата на 1 минута во микробрановата печка, на моќност од 800 вати.
    • Потоа внимателно извадете ја шолјата од микробрановата печка, добро измешајте ја смесата од јајцата и вратете ја шолјата обратно да се пече уште 2 минути, на истата моќност.
    • Чудесниот омлет е готов, пријатен апетит!


    -------------
    Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



    Испечати | Затвори го прозорот

    Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
    Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk