Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Тема: Специјалитети од јајца Испратена: 31.Мај.2020 во 11:20 |
Јајца без пржење и варење – Неверојатен рецепт готов за 3 минути
Јајцата се традиционален оброк во секојдневното мени на речиси секој од нас. Затоа денес решивме да ви претставиме рецепт со кој ќе пробате нов уникатен начн на кој може да ги приготвите истите. Јајца без пржење и варењеЈајцата се традиционален оброк во секојдневното мени наречиси секој од нас. Затоа денес решивме да ви претставиме рецепт со кој ќе пробате нов уникатен начн на кој може да ги приготвите истите. Оброк: Појадок Кујна: Медитеранска Клучни зборови: јајца, омлет Порции: 1 Состојки- 2 јајца
- 2 супени лажици кисело млеко
- По вкус сол
- По вкус кашкавал
- По вкус шунка
- По вкус копар
- По вкус домати
Начин на подготовкаИсечете ги доматите и сирењето на мали коцки, а кашкавалот крупно изрендајте го. Исечете ги и зачините. Потоа, изматете ги јајцата, воедно додавајќи сол и млеко. Поставете ја добиената смеса во соодветна шолја и поставете ја истата на 1 минута во микробрановата печка, на моќност од 800 вати. Потоа внимателно извадете ја шолјата од микробрановата печка, добро измешајте ја смесата од јајцата и вратете ја шолјата обратно да се пече уште 2 минути, на истата моќност. Чудесниот омлет е готов, пријатен апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Мај.2018 во 17:53 |
Состојки: 2 јајца 1 лаж. магдонос 1 лаж. масло малку сол 1 лаж. сечкана салама брашно јајце презла Подготовка: Јајцата сварете ги, излупете ги исечете ги на две и извадете им ја жолчката.Во друго тавче ставете ja жолчката, додадете ги состојки и измешајте.Полнете ги јајцата со смесата и така составете ги. Тогаш посипете ги со брашно, јајца и презла и повторете ја постапката трипати.Пржете ги на масло на средно силен оган. Стевете ги на хартија да ја впие маснотијата.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Мај.2018 во 17:51 |
Сите го сакаат и со нетрпение го очекуваат бојадисувањето на велигденските јајца и традиционалното кршење со нив. Но, кога забавата ќе одмине, остануваат полни садови со варени јајца кои не се многу привлечни и ги јадеме „насила“. За да го немате проблемот со десетиците останати велигденски јајца кои никој не сака да ги изеде, ви предлагаме лесен начин да ги направите варените јајца неодоливи и за вашето семејство и за вашите гости за време на празниците. Полнетите зачинети јајца се многу популарни во светот затоа што се приготвуваат брзо и можат да се зачинуваат со најразлични додатоци, па се прилагодуваат на сечиј вкус. Постојат стотици вкусни варијации на ова јадење, а во продолжение ќе најдете две од нив. Полнети јајца со сланина и млад кромидПолнети јајца со кисели краставички ПОЛНЕТИ ЈАЈЦА СО СЛАНИНА И МЛАД КРОМИДСостојки6 | варени јајца | 2 лажици | мајонез | 1 лажичка | сенф | 1 | ситно исечкано младо кромитче | 4 ленти | сланина | 1 лажичка | јаболков оцет | | сол | | црн пипер |
Подготовка- Излупете ги јајцата, пресечете ги на половина по должина и извадете им ги жолчите без да ја уништувате формата на белките.
- Потпржете ја сланината и исечкајте ја на мали парчиња. Дел од нив зачувајте настрана за декорација.
- Младиот кромид ситно исечкајте го. Белиот дел од кромидот употребете го за полнежот на јајцата, а зелениот нека ви послужи само за декорација.
- Жолчките од јајцата ставете ги во длабок сад и во нив додајте ги мајонезот, сенфот, оцетот, сланината и кромидот. Зачинете со црн пипер и сол. Со виљушка испасирајте ја смесата за сите состојки да се соединат.
- Со смесата наполнете го вдлабнатиот дел на белките. Тоа можете да го направите со лажичка, готварски шприц или пак со најлонска кесичка (ставете ја смесата во кесата и направете мал отвор на едниот крај низ којшто ќе ја истиснувате).
- Декорирајте со мали парченца зелен кромид и сланина.
ПОЛНЕТИ ЈАЈЦА СО КИСЕЛИ КРАСТАВИЧКИСостојки6 | варени јајца | 2 лажици | мајонез | 1 лажичка | сенф | 3 | кисели краставички со средна големина (ситно рендани) | 1 лажичка | јаболков оцет | | сол | | црн пипер |
ПодготовкаПодготовката е иста како погоре, единствено се разликува декорацијата. За повпечатлив изглед, попрскајте ги јајцата со црвена пипер или чили во прав. ВаријацииЗа декорација е искористено кружно парче од мал домат и зелено кромитче.За декорација можете да искористите црни маслинки со кои ќе оформите пајак за да ги израдувате децата. Јајцето со изглед на пиле ќе го направите ако пресечете само мал дел од белката на горниот дел. Наполнете го јајцето со смесата и направете очи од маслинки и клун од морков.Наместо кисели краставички искористено е цвекло од тегла кое ѝ ја дава на смесата розовата боја.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Декември.2016 во 08:53 |
Јајца со сланина на необичен начин
Изменето од Valerija - 15.Мај.2018 во 16:05
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Октомври.2016 во 15:53 |
Вкусна кајгана со сланина- 2 јајца
- 50 грама сланина
- 100 грама кашкавал
- свеж магдонос
- зачини по вкус
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:- Сланината ситно ја сецкаме на коцки. За овој рецепт употребивме Пекабеско сланина
- Кашкавалот ситно го сецкаме или го рендаме на покрупната страна од рендето
- Јајцата ги матиме во посебен сад, ги посолуваме и додаваме бибер по желба
- На загреано масло во тава ја пржиме ситно сецканата сланина
- Потоа го додаваме кашкавалот за да се стопи
- Во истиот сад ги додаваме и изматените јајца
- Кога омлетот е готов наросуваме оригано и свеж магдонос
Одлично е во комбинација со парче леб и чаша јогурт. На здравје!
Изменето од Valerija - 15.Мај.2018 во 16:05
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
laki_bu
Сениор
Лидер
Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Јули.2016 во 23:33 |
jajce na sto nacina
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
pajser
Сениор
kloshar
Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13899
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Јуни.2016 во 21:59 |
,,,,,,,, ,,,,,,,,,,,,
|
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Јуни.2016 во 08:19 |
Јајца полнети со кисели краставичкиПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 1 кисела краставичка * 2 лажици мајонез * малку сол * 125гр крем сирење * 4 јајца * црвен пипер за попрскување НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: – Ги вриме и ги лупиме јајцата – Ги сечеме внимателно на половина. – Внимателно ги одстрануваме жолчките и ги гмечиме со вилушка. – Кон жолчките ги додаваме и останатите состојки и добро промешуваме. – Ги полниме половинките со подготвената смеса. – Попрскуваме со малку црвен пипер.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Април.2016 во 22:08 |
Јадењата со јајца обично сите ги поврзуваме со појадокот. Но сепак, тие може да бидат одличен избор и за ручек и за вечера. Нивните главни „силни“ страни се тоа што брзо се подготвуваат, имаат одличен вкус и се многу хранливи. За моментите кога ќе се појават ненајавени гости или кога немате желба да поминете часови и часови во кујната, испробајте некој од следните рецепти: Крцкав сендвичПотребни состојки: - 2 јајца
- 4 парчиња леб
- 50g путер
- 4 големи парчиња сирење
- 2 големи парчиња шунка
- 2 листови од зелена салата
- Сол, бибер, некои омилени зачини
Подготовка: 1. Намачкајте ги парчињата леб со малку путер и испржете ги од двете страни на тава. Тргнете две парчиња од тавата – тие ќе ви бидат потребни подоцна. 2. Ставете по едно парче сирење на останатите 2 парчиња леб и покријте ја тавата. Печете додека не се стопи сирењето. 3. Врз сирењето ставете парче шунка, па уште едно парче сирење и на крај покријте со кришките леб кои претходно ги тргнавте настрана. 4. Покријте ја тавата и печете околу 30 секунди. Извадете го сендвичот од тавата и кога ќе се излади малку, додадете по еден лист зелена салата. Мафини од јајцаПотребни состојки: - 12 -15 јајца
- 200g рендан кашкавал
- 50g кромид
- 200g зеленчук по ваш избор; домати, пиперки, тиквички, брокула.
- 200g шунка, колбаси или варено месо.
- маслиново масло
- сол и црн пипер
- 1 лажица од вашите омилени зачини
Подготовка: 1. Загрејте ја рерната на 190°C. Премачкајте го со масло калапот за мафини. 2. Исечете го ситно зеленчукот и пржете во тава сè додека не добие златно-кафеава боја. 3. Исечете го месото на мали коцки. 4. Ставете дел од месото на дното од калапот, а остатокот измешајте го со зеленчукот и додадете сирење и млад кромид. Дополнете го калапот со оваа смеса некаде околу 2/3. 5. Јајцата изматете ги со вилушка и додадете им ги вашите омилени зачини како и сол и црн пипер. 6. Внимателно ставете од матените јајца во секој отвор на калапот. Можете и нежно да ги промешате сите состојки со вилушка. 7. Печете ги мафините околу 15 минути. Треба да се подигнат и да добијат кафеава боја. Печено јајце во авокадоПотребни состојки: - 4 големи јајца
- 2 зрели авокада
- маслиново масло
- сол, бибер и некои од вашите омилени зачини
Подготовка: 1. Загрејте ја рерната на 200°C. 2. Пресечете ги авокадата на пола и извадете ги семките. Со помош на лажица издлабете го авокадото за да направите простор за јајцето. 3. Внимателно скршете ги јајцата и ставете ги во издлабените авокада. Додадете сол, црн пипер и некои од вашите омилени зачини. 4. Ставете ги авокадата во рерна и печете 15 минути, или онолку колку што сакате јајцето да ви биде испечено.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Февруари.2016 во 15:08 |
Поширано јајце СостојкиПодготовка 1.Земате најлонско кесе во кој пакуваме намирници за длабоко замрзнување, оние шушкавите, не обичниот најлон, намрснете го со малку зејтин, поставете го на филџан така што да биде кесата отворена. 2.Ставете магданос, на ситната страна од рендето рендана пиперка, морков.. или се она што саката да има во содржината на вака пошираното јајце, вие сами креирајте, врз ова скршете го внимателно јајцето, посолете и врз јајцето исто така можете да ставите од се што предходно сте нарендале, но морате да внимавате да не ја разлиете жолчката. 3.Врзете ја кесата со конец или наједноставно преврзете ја кесата сама околу себе, ставете во тенџере во кое веке врие водата. Варете го јајцето толку колку што сакате да го консумирате... ровко, тврдо, меко... ако се одлучите да остане меко јајцето, тогаш повторно мора да внимавате при самото вадење од кесата да не ја разлите жолчката.
Изменето од Valerija - 31.Мај.2020 во 11:21
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Јануари.2016 во 08:19 |
ИДЕАЛЕН, ВКУСЕН И БРЗ ЗИМСКИ РУЧЕК: ШКОТСКИ ЈАЈЦА
Неколку варени јајца, мелено месо, зачини, малку трошки и масло за пржење – тоа е се` што ќе ви затреба за подготовка на шкотските јајца. Можете да ги јадете топли или ладни, можете да ги понесете како ужина, или да ги сервирате во комбинација со некоја добра салата. Шкотските јајца се вистинска ризница на протеини, па затоа им се препорачуваат на спортисти и деца. Не заборавајте да после кратко пржење во врело масло, шкотските јајца накратко ги допечете во печка, на температура од 200 степени!
Изменето од Valerija - 22.Јануари.2016 во 08:49
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Јули.2014 во 19:52 |
БРЗО, ЛЕСНО И ВКУСНО: ОМЛЕТ КАПРЕЗЕ
Изменето од Valerija - 22.Јануари.2016 во 08:50
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 06.Мај.2014 во 13:56 |
1. Исчистен и ситно насецкан кромидот ставете го да се пржи, кога е на половина испржен додајте го излупениот исто така ситно исецкан патлиџан. Се пржи додека не се згусти сосот. Зачинете. 2. Сварете ги јајцата, излупете и исечете на четири дела по должина. 3. Направете го бешамел сосот така што на загреаниот путер или маргарин запечете го брашното внимавајки притоа да не ви потемне - да остане светло брашното, додадете го млекото, оставете кратко да проврие. Тргнете настрана. ПОСТАПКА - Со зејтин премачкајте го садот или гувечињата доколку ги имате, па прво ставете го сосот од патлиџанот, врз него наредете ги јајцата па залејте ги со бешамел сосот. Одозгора посипете со рендан кашкавал или пушено сирење, ставете во предходно загреана рерна на кратко да се само продинста... а за тоа време и кашкавалот ке се стопи. Забелешка: Од оваа количина јас спремив две порции од гувечињата. Во сосот од патлиџан си додадов и малку лук во прав, бел и црн бибер. Кој сака можете во бешамел сосот да ставите и морско оревче. Пазете да не го пресолите јадењето доколку кашкавалот или сирењето се солени, па да не ви се пресоли јадењето. На очиглед можеби ова ви стои некако баш она ... во стилот - па какво ли е ова јадење... ама верувајте - предобро е. Тоа не е нов рецепт и бабите со варени јајца ни правеле вакво нешто, само што ние си приизимислеме и го модернизираме додавајки му бешамел сос и посолување со кашкавал. Порано беше кашичка со јајца - нели знаете.. се направи сос (кашичка) кога проврие се скрши јајце живо, па додека се забуле...се трга.... а правам јас и такво, мене ми се вкусни овие бабините рецепти.
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Мај.2014 во 15:54 |
ЈАЈЦА СО ПЕЧУРКИ И СИРЕЊЕ | | За јајцата знаеме дека се најдобар појадок, па еве еден нов рецепт како да ги подготвите. Потребно: ● 200 г.шампињони ● 1 лажица путер ● сол ● магдонос ● 1 шоља сирење фета ● 1 шоља млеко ● 1 лажица густин ● 3 јајца
Подготовка: ● Печурките исчистете ги, исечете ги на листови и запржете ги на 1 лажица путер додека течноста да испари. Потоа посолете ги, додајте малку исецкан магдонос, па смесата истурете ја во подмачкан огноотпорен сад.
● Половина шоља фета сирење издробете врз печурките.Во длабока чинија ставете ја чашата млеко во која сте го разматиле густинот, додајте малку сол и три изматени јајца со миксер. Сето заедно промешајте, па добиената смеса прелијте ја преку шампињоните и сирењето, и печете околу 5 минути на 200 степени, додека да порумени. |
Изменето од Valerija - 01.Мај.2014 во 16:57
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|