IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Торти и колачи што не се печат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Торти и колачи што не се печат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 16>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2016 во 08:11

СНЕЖНИ ТОПЧИЊА

15
Колачиња кои лесно се подготвуваат и не се печат.

Состојки:

  • 200 грама бадеми
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 100 грама врела вода
  • 1 лажица кокосово масло
  • 100 грама брашно од бадеми
  • 260 грама шеќер во прав
  • Прстофат сол

Подготовка:

Бадемите ставете ги во сад и потопете ги со топла вода и оставете ги 2 часа за да омекнат.

Потоа исцедете ги и ставете ги во миксер заедно со ванила екстрактот, кокосовото масло и солта.

Миксирајте додека мешавината не стане густа паста.

Пастата ставете ја во сад и додадете го бадемовото брашно и се убаво измесете.

Со помош на лажица вадете од смесата и формирајте топчиња, кои потоа убаво ќе ги извалкате во шеќер во прав.

Готовите топчиња ставете ги на хартија за печење и оставете ги да отстојат за да станат цврсти.

Кога ќе се стврднат послужете ги веднаш или складирајте ги во сад кој не пропушта воздух и држете ги во фрижидер.

Имајте добар апетит!



Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:39
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Февруари.2016 во 10:25

Лесен десерт: Чоколаден тарт без печење


Барате некој лесен и брз рецепт кој ќе ви ја задоволи желбата за нешто слатко и кремасто? Го пронајдовте!

lesen-desert-cokoladen-tart-bez-pecenje-01.jpg

Комбинацијата на чоколадо и овошје никогаш не е за одбивање, а како дополнително задоволство се Орео колачињата.

Без печење, за 20-тина минути имате готов тарт како од слаткарница.

Потребни состојки:

  • 12 Орео колачиња
  • ½ шолја стопен путер
  • 200g слатка хопла
  • 300g ситно сечкано чоколадо за готвење
  • Овошје по желба
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2016 во 19:35

ВКУСНА ЧОКОЛАДНА ТОРТА КОЈА НЕ СЕ ПЕЧЕ

Вкусна чоколадна торта која не се пече

Состојки:

280 грама чоколадо за готвење;

250 грама ореви;

50 грама суво грозје;

Околу 20 бисквити со средна големина;

150 грама путер.

Подготовка:

Најпрво, ситно исецкајте ги оревите, потоа здробете ги бисквитите и измешајте ги со оревите. На крај додадете и суво грозје и добро измешајте ја целата смеса.

Чоколадото за готвење стопете го на пареа. Кога ќе биде готово, додадете путер и почекајте се да се стопи и да се соедини. Чоколадото и путерот додадете го на сувите состојки и се добро промешајте.

Добиената смеса потоа ја преместувате во кружен калап обложен со фолија, порамнете се со лажица.

Колачот се остава во фрижидер да се олади и да се стегне. По два часа десертот е готов. Исечете го колачот на ситни парчиња и сервирајте.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2016 во 15:37
Чоколаден колач без печење





ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

275г. растителен путер

330г. шеќер во прав

60г. какао во прав

1 лажичка екстракт од ванила

20 бисквити

60мл. млеко

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во загреан ставете го растителниот путер да се растопи. Потоа, во една чинија измешајте го шеќерот во прав, какаото, млекото, екстрактот од ванила и путерот. Добро промешајте додека не добиете хомогена чоколадна смеса.

Во длабока тепсија обложете хартија за готвење. Дното премачкајте го со дебел слој од чоколадната смеса, и наредете ги бисквитите едни до други. Повторете го овој процес додека не дојдете до посакуваната висина на колачот.

Редете ги бисквитите точно едни над други за да ви биде полесно сечењето. Ставете го колачот во фрижидер да се излади, извадете го, исечете  и послужете го со шеќер во прав.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Март.2016 во 09:09

Орео колачиња без печење




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За 16 – 18 бомбици потребно ви е:

300g бело чоколадо

30 Орео колачиња

100g крем сирење

4 Орео колачиња за декорација

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Иситнете ги Орео колачињата во блендер додека не добиете кафеав прашок.

Префрлете го во пластичен сад  и додајте го крем сирењето. Мешањето може да биде малку потешко, но смесата не треба да биде многу течна  за да можете да ги обликувате бомбиците.

Откако ќе ги обликувате и наредите на тава или голема чинија, ставете ги 10тина минути во замрзнувач.

За тоа време растопете го белото чоколадо и оладете го.

Извадете ги топчињата и прелијте ги со чоколадото. Искршете ги покрупно 4-те Орео колачиња и просипете ги врз чоколадото.

Бомбиците се готови откако чоколадото ќе се стврдне.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2016 во 09:07

РУМ ШТАНГЛИ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ

4
Само 20 минути ќе ви бидат потребни за нивна подготовка:

Состојки:

300g компир
300g мелени бисквити
200g темно чоколадо
140g маргарин
200g шеќер во прав
1 лажица какао
2 лажици рум (може да додадете и повеќе, по желба)
1 лажица масло
Подготовка:

1 чекор: Сварете го компирот, исцедете го и испасирајте го додека не добиете пире. Додајте му 100g чоколадо и 100g маргарин. Мешајте додека не се растопат од топлината на компирот. Додадете ги мелените бисквити, шеќерот во прав, какаото и 2-те лажички рум.

2 чекор: Формирајте тенок колач кој ќе го сечете на парчиња со дебелина од 2 сантиметри или обликувајте ја смесата со калапи. Оставете ја во ладилник додека го подготвувате преливот.

3 чекор: На тивок оган растопете го преостанатото чоколадо и 40g маргарин. Додадете 1 лажица масло и добро соединете ја глазурата. Извадете ги рум штанглите и прелијте ги или натопете ги во чоколадото. Ставете ги на послужавник и вратете ги во фрижидер уште 1 час.



Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Март.2016 во 07:59

Без печење: Чоколадни бомбици од три состојки


Вкусните десерти речиси секогаш се едноставни за подготвување и што е најважно, не ви треба многу време за да ги направите.

bez-pecenje-cokoladni-bombici-od-tri-sostojki-1.jpg

Таков е случајот и со овие едноставни бомбици направени само од три состојки:

Потребни состојки:

  • 30g путер
  • 400g кондензирано млеко (ако немате, како да направите кондензирано млеко)
  • 40g какао во прав
  • Чоколадни трошки


Подготовка:

Измешајте ги путерот, кондензираното млеко и какаото во прав во сад за готвење и растопете ги на средна температура.

bez-pecenje-cokoladni-bombici-od-tri-sostojki-2.jpg

bez-pecenje-cokoladni-bombici-od-tri-sostojki-3.jpg

Откако ќе се стопат и соединат, ставете ги во чинија на која претходно сте намачкале путер и оставете ја смесата да се олади во фрижидер цели два часа.

bez-pecenje-cokoladni-bombici-od-tri-sostojki-4.jpg

По два часа, извадете ја смесата и од неа правете мали топчиња кои ќе ги мачкате во чоколадни трошки.

bez-pecenje-cokoladni-bombici-od-tri-sostojki-5.jpg

bez-pecenje-cokoladni-bombici-od-tri-sostojki-6.jpg

Вашиот вкус десерт е готов!

bez-pecenje-cokoladni-bombici-od-tri-sostojki-7.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Март.2016 во 09:54

ПЛАЗМА ТОРТА

30

Состојки:

300 гр мелени плазма бисквити

250 гр маргарин

260 гр шеќер во прав

100 гр чоколада

250 гр мелени ореви

1 чаша сок од портокал

3 кесички шлаг

Ореви за декорација

Подготовка:

Прва кора: 250 гр мелени ореви, 125 гр стопен маргарин, 130 гр шеќер во прав и малку сок од портокал – се мати и се става во фрижидер за да се стегне.

Втора кора: 300 гр мелени плазна бисквити, 125 гр стопен маргарин, 130 гр шеќер во прав, 100 гр стопена чоколада и малку сок од портокал – се мати и се остава во фрижидер за да се стегне.

На тацна се става првата кора и се обликува по желба. Над неа втората, и врз неа две шлаг ќеси подготвени според упатството на производот.

Декорација: изматете ја третата ќесичка шлаг според упатството и во тоа додадете 3 лажици стопен шеќер мешајќи постојано. Со овој фил украсете ја тортата и на крај декорирајте со сецкани ореви. Вкусно!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Март.2016 во 13:30

ПОСНИ КРЕМАСТИ ТОРТИ

9

Без разлика на тоа дали постите или не, ќе вреди секој залак кој ќе го вкусите.

Медена торта

Состојки

За кора:

250g мед
Чаша пиво
Лажичка сода бикарбона
½ шолја масло
Брашно по потреба
За фил:

250g шеќер
250g мелени ореви
2 реда посна чоколада
Подготовка:

Од сите состојки заматете не прегусто тесто и испечете 5 кори од него.

Изматете го шеќерот со растопената чоколада и додајте ги оревите.

Држете се до правилото еден ден ред тесто – еден ред фил и за помалку од половина час тортата ќе биде готова.

Одберете глазура по избор, додадете неколку половинкиореви и прелијте со мед.

podgotvete-2-posni-kremasti-torti-02
Торта од портокал

Состојки

За кора:

1 шолја масло
Шолја кисела вода
400g брашно
Прашок за печиво
100g шеќер
За фил:

4-5 портокали
0,5l вода
350g шеќер
2 пудинзи од ванила
4 лажици густин
Маргарин
Подготовка:

Од сите состојки потребни за тестото изматете меко тесто. Испечете 4 кори.

Излупете ги портокалите, сварете ги во половина литар вода, почекајте да се изладат и ситно сечкајте ги.

Во водата каде ги варевте портокалите сварете ги пудинзите до 350g шеќер и 4 лажици густин.

Кога филот ќе се излади, додајте неколку лажички растопен маргарин. Врз секоја кора прелејте подебел слој од филот и финиширајте со растопено посно чоколадо.

podgotvete-2-posni-kremasti-torti-03

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2016 во 16:23

ДЕСЕРТ ОД БИСКВИТИ И ПУТЕР ОД КИКИРИТКИ, ГОТОВ ЗА 10 МИНУТИ

11

Состојки:

● 1 шолја растопен путер
● 2 шолји мелени бисквити
● 2 шолји шеќер
● 1 шолја и 4 лажици путер од кикиритки
● 150 грама чоколадо

Подготовка:

Во чинија промешајте го растопениот путер, мелените бисквити, шеќерот и една шолја путер од кикиритки и мешајте се’ додека состојките не се соединат. Во микробранова печка растопете го чоколадото и со остатокот од путерот од кикиритки прелијте ја претходно подготвената смеса.

Пред да го пресечете колачот на парчиња, оставете го да се излади барем еден час во ладилник.



Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2016 во 20:58

ФЕРЕРО РОШЕР БОМБИЦИ

26

СОСТОЈКИ

  • 100 гр наполитанки (од лешник или чоколадни)
  • 100 гр лешници
  • 200 гр нутела
  • 150 гр чоколадо за готвење (може и млечно)
  • 4-5 супени лажици масло за готвење

ПОДГОТОВКА

  1. Распоредете ги лешниците во тава за печење, а потоа ставете ги да се печат околу 8-10 минути во загреана рерна на 180 степени.
  2. Извадете ги и оставете да се оладат, а потоа излупете ги и ситно исецкајте ги или издробете ги во блендер.
  3. Грубо искршете ги наполитанките (моето искуство вели дека најдобри и најсвежи се секогаш наполитанките на Европа) во подлабок сад, а потоа додадете ги издробените лешници и нутелата и измешајте добро.
  4. Од смесата вадете со една мала лажичка и со дланките обликувајте топчиња. Ако смесата ви е премногу мека, па обликувањето оди тешко, ставете го садот во фрижидер околу 30 минути да се олади, а потоа правете ги топчињата. На крајот ставете ги топчињата во фрижидер најмалку 1 час за убаво да се стврднат.
  5. На пареа растопете го чоколадото и додадете го маслото, а потоа секое топче потопете го во смесата и вратете го во фрижидер да се стврдне уште еднаш.
  6. Кога глазурата убаво ќе се олади, секе топче ставете го во украсна корп**ка.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2016 во 08:27

ЛЕДЕНА БАЈАДЕРА ГОТОВА ЗА 20 МИНУТИ

111
Состојки:
  • 3   лажици шеќер
  • 1 мала лажица шеќер во прав
  • 50 грама шеќер
  • 200 грама чоколадо
  • 200 грама путер
  • 100 грама ореви
  • 500 милилитри млеко
  • 2 лажици какао
  • 10 милилитри вода
  • 1   Ванила пудинг
  • 250 грама бисквити

Подготовка:

Кора: 100 грама чоколадо искршете и на пареа истопете го со постојано мешање и оставете го на топло.

Пенесто изматете 100 путер со 50 грама шеќер и додајте го истопеното чоколадо.

Во друг сад измешајте 250 грама мелени бисквити, какаото и мелените ореви па додајте ги во смесата со путер и чоколадо.

Додајте 50 грама сечкани ореви и  50 грама млеко за да добиете густа смеса.

Фил: Одвојте 100 милилитри млеко и во него растворете ги шеќерот и прашокот за пудинг. 300 млеко ставете го да зоврие и додајте ја смесата со пудингот.

Сварете густ крем. Омекнатиот 50 грама путер исечкајте го на ливчиња и додадете во малку изладениот пудинг и убаво измешајте.

Глазура: Искршете 100 грама чоколадото, додајте шеќер во прав, 30 грама путер исечен на ливчиња и една лажица вода. Истопете на пареа со постојано мешање.

Редење: Поголем, правоаголен, плиток сад обложете со проѕирна фолија.

Нанесете ја смесата за кора и убаво израмнете. Рамномерно распоредете го филот и нанесете ја топлата глазура.

Садот преку ноќ префрлете го во фрижидер а потоа исечете го на коцки и послужете.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2016 во 22:01

Орео бомбици за 20 минути, без печење



hitkujna-oreo4

Состојки: (за 18 бомбици)

  • 300г бело чоколадо
  • 30 Орео колачиња
  • 100г крем сирење
  • 4 Орео колачиња за декорација

Подготовка:

Иситнете ги Орео колачињата во блендер додека не добиете кафеав прашок.

Орео

Префрлете го во пластичен сад  и додајте го крем сирењето. Мешањето може да биде малку потешко, но смесата не треба да биде многу течна  за да можете да ги обликувате бомбиците.

Откако ќе ги обликувате и наредите на тава или голема чинија, ставете ги 10 тина минути во замрзнувач.

hitkujna-oreo3

За тоа време растопете го белото чоколадо и оладете го.

Извадете ги топчињата и прелијте ги со чоколадото. Искршете ги покрупно 4-те Орео колачиња и просипете ги врз чоколадото.

Бомбиците се готови откако чоколадото ќе се стврдне.

hitkujna-oreo

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2016 во 08:15

НЕОДОЛИВ ВКУС: ESPRESSO DOLCE

14

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

8 жолчки

8 супени лажици шеќер

1 литар слатка павлака

250 грама Маскрапоне (Маскарпоне може да се купи во добро снабдените продавници но може и лесно да се приготви. За тоа е потребно 1 литар шлаг кој се загрева на 90 °C, се додаваат 5 милилитри лимонова киселина или пропорционално лимонов сок и 10 минути полека се меша дури шлагот не се стврдне. Накрајот, таа маса треба да се завие во крпа и се остава да отстои.)

300 грама пишкоти или бисквитите

4 мали шолји еспресо кафе

50 милилитри ликер по желба ( се препорачува ликер бадеми )

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во подлабок сад со миксер изматете ги жолчките и шеќерот, а во друг сад павлаката и маскрапонето. Потоа двете смеси соединете ги мешајќи со лажица. Во правоаголен сад, со длабочина од 6 до 7 сантиметри, на дното ставете ги пишкотите или бисквитите натопени во претходно измешаните еспресо кафе и ликер.

Смесата од јајцата, шеќерот, слатката павлака и маскарпонето истурете ја преку пишкотите.

Одозгора насипете мелено кафе и колачот оставете го во фрижирдер околу 3 часа пред да го сервирате.

Уживајте!!!

espresso-dolce

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.