Торти и колачи што не се печат
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26670
Датум на принтање: 22.Ноември.2024 во 04:04 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Торти и колачи што не се печат
Постирано од: Valerija
Наслов: Торти и колачи што не се печат
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 19:41
За оние мрзливитеЕве некои рецепти:
Бисквит торта
1кг јаболки 1/2кг бисквити коцка маргарин 250гр шеќер 2 ванилин шеќер 1 голема лажица какао 2 кесички шлаг (или слатка павлака, по избор)
Јаболките
се рендаат а бисквитите се мелат, се додава останатото и се заедно се
меси со рака и се обликува колачот. На крај само се додава матениот
шлаг.
Касато
250гр бисквити се поливаат со 250мл млеко 250гр путер се мати со 250гр шеќер во прав Се матат 3 јајца, 3 лажици шеќер и се додаваат во смесата со путерот. 250гр сецкани ореви 250гр суво грозје (се полива со малку рум) 250гр сецкано чоколадо 250гр желе бомбони
Се заедно се меша, на крај се обликува тортата и се додава по желба шлаг.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Коментари:
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 19:42
Кроасан торта
-200 гр шеќер -150 гр еурокрем -3 пакетчиња пудинг од ванила -1 л млеко -1 пакетче шлаг крем -250 гр маргарин -100 гр чоколадо -200 гр бисквити -3 пакетчиња мали кроасани
Подготовка Првин,се
прави пудингот од ванила.Откако ќе се олади,се меша со изматениот
маргарин.Се става да се стопи чоколадото.Филот(пудинг + маргарин) се
дели на 2 дела.Во едниот дел се става оладеното чоколадо и се
мати.Бисквитите се потопуваат во млеко и се редат.Врз нив се мачка
чоколадниот фил.Брз филот се редат кроасаните,а врз нив се мачка филот
од ванила.Врз него се мачка еурокремот.Се мати шлагот и се премачкува
цела торта.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 19:43
Плазма торта со вишни
Потребно: - 500 гр. слатка павлака - 300 гр. шлаг пена - 1 кисела павлака - 300 гр. плазма кекс - 300 гр. мелен плазма кекс - 500 гр. вишни - 1/2 литар млеко ______________________________________
Ја
матиме слатката павлака. Матиме 200 гр. шлаг со 200 мл. млеко и ја
додаваме киселата павлака. Сето тоа го соеднинуваме (слатката павлака со
шлагот и киселата павлака) и делиме на 2 дела, па во едниот ставаме 300
гр. мелен плазма кекс. Останатите 300 гр. немелен плазма кекс ги
потопуваме во млекото и право ги редиме, па ги редиме едната половина од
масата со мелена плазма, па вишните, па другата половина и одозгора
филуваме со останатите 100 гр. шлаг.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 19:44
Песок торта
Потребни состојки: 3 пудинга од ванила 1маргарин 10 лажици шеќер 250гр прав шеќер 750гр млеко 250гр мелени бисквити 50гр какао 1 чоколада за готвење 250гр мелени ореви
Во
млекото се додаваат 10те лажици шеќер и тоа се става да зоврие.Откако
ќе зоврие се додаваат трите пудинга од ванила.Смесата се става да се
олади.Во меѓувреме се мати маргаринот со прав шеќерот.Откако смесата со
пудинг ќе се олади се додава изматениот маргарин и се мати додека не се
соедини.Потоа смесата се дели на три еднакви дела. Во првиот дел се додаваат 250гр мелени бисквити.тоа се меша и се расплескува во плех бр.28. Во вториот дел се додава какаото и чоколадото,кое треба да е растопено.Таа смеса се става врз претходната. Во третиот дел се додаваат мелените ореви.Постапката е иста како претходната. Откако сето тоа ќе биде направено се става тортата во фрижидер да се зацврсти.Може да се украси по желба.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 19:45
Капучино колач
Потребно
150 грама Шеќер во прав 30 Пишкоти 650 милилитри Млеко 150 грама Маргарин 2 лажица/ци Крем 1 кесичка/ки Капучино 2 Ванила пудинг/а 100 милилитри Јогурт
Сварете го пудингот со млеко и оставете го да се олади.
Маргаринот пенесто изматете го со шеќер во прав и соединете со оладениот пудинг.
Додадете го овошниот јогурт, овошје (ако сакате), еурокрем и половина кесичка капучино.
Сето тоа добро изматете го, за филот убаво да се соедини.
Помешајте
100 мл. млеко со преостанатото капучино и промешајте, па во тоа
изматете ги пишкотите и редете ги на сад за пуслужување, па преку нив
фил и повторно пишкоти.
На крајот, одозгора ставете шлаг.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 19:46
Милка торта со плазма бисквити
Потребно е: 12 јајца 10 лажици шеќер 375 г маргарин (едно и пол пакување) 300 г мелена плазма (едно пакување е 300 г) 600 г обични плазма бисквити 2 бели и 2 темни (обични, млечни) Милка чоколади
Подготовка:
Од јајцата се одвојуваат жолчките и се матат заедно со шеќерот. Смесата
се става да вари на пареа да се згусне, притоа постојано се мати со
миксерот. Посебно се мати маргаринот и и' се додава на претходно
оладената готова смеса од жолчки (мора да биде оладена, инаку ќе се
растече многу). Потоа од белките се мати цврст снег и се додава мелената
плазма. Оваа смеса се меша заедно со кремот од жолчките, па се дели на
два дела. Во едниот дел се додаваат растопените бели чоколади, а во
другата темните. Правоаголно длабоко тавче се обложува со алуминиумска
фолија и се редат плазма бисквити натопени во млеко, не само на дното
туку и од страните. Потоа се ставаат филовите еден врз друг, прво
белиот, потоа кафеавиот. Повторно се редат плазма бисквити натопени во
топло млеко. Се остава во замрзнувач 24h, потоа се превртува на чинија и
се украсува со готов шлаг.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 19:46
Банана торта
4 пудинга од ванила 1 литар млеко 15 лажици шеќер Ова се вари, убаво да се згусне и се остава да олади. Откако
ќе се олади се додаваат два изматени маргарина со 250 гр шеќер во прав,
300гр кршени бисквити, 300гр кокос, 1 кг банани сечени на круигови.
Сето ова заедно се меша и се става во фрижидер малку да се стегне. Потоа
се обликува по желба и одозгора се филува со шлаг крем
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 19:47
Ролат
500гр бисквити 1 маргарин 3 јајца 3 лажици какао 7 лажици шекер 5-6 крем банани Ставете
го маргаринот да се растопи, додека сеуште е на оган додајте го шекерот
и какаото. Оставете да се олади малку па ставете ги јајцата, потоа додајте ги бисквитите (кои претходно сте ги скршиле на ситни парченца) и промешајте. На
тавчето ставете фолија и половината од смесата (во правоаголна форма) и
врз неа ставете ги крем бананите (може и банана), потоа и другата
половина. Со помош на фолијата обликувајте го ролатот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 19:49
Летна торта
2 пакетчиња плазма 4 кисели павлаки 1 кг банани(може и киви) 2 лажички шеќер 2 шлага пена
Се
сецкаат бананите на парченца се додаваат павлаките и се промешува потоа
се додаваат и 2 лажички шеќер.Плазмата еден ред се реди на плех се
филува со смесава од павлаки потоа се повторува постапката и на крај шлагот ..се остава во фрижидер да отстои неколку часа.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 19:50
Ровка Торта
1,5 литри млеко
5 пудинга од ванила
2 маргарина кристал
300 грама прав шеќер
2 пакетчиња ванили
300 грама плазма бисквити
малку сок од портокал ( или лимон)
300 грама кокос
300 грама мелени ореви
Начин на подготовка
Во
тенџере го ставаме млекото од млекото вадиме мала количина во друг
подлабок сад за да може да ги раствориме пудинзите. Потоа го ставаме
млекото на рингла и го вариме. Пудинзите убаво ги раствараме во млекото
мешајки ги со лажица маталка. Кога млекото ке почне да врие ќе ги
ставиме и пудинзите и мешаме се додека не добиеме густа смеса. Кога е
готов пудингот го тргаме на страна и го оставаме да се излади. Во друг
подлабок сад ги матиме двата маргарина со 300 грама правшекер. Кога е
пудингот изладен ги додаваме и изматените маргарини. убаво мешаме и ги
додаваме двете ванили. Смесата ја делиме на 3 дела во првиот дел ставаме
300 грама плазма бисквити (мелени) и малку сок од портокал. Во вториот
дел ставаме 300 грама кокос ( тоа ќе ни биде средниот дел). Во третиот
дел ставаме 300 грама ореви ( мелени). Кога ни е се спремно ги мачкаме
деловите ги редиме едно врз друго.Најодозгора ја мачкаме со шлаг.
Готовата торта ја оставаме малку да одстои а потоа ја служиме.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 19:51
Јупи фанта торта
300 грами плазма мелена 300 грами ореви мелени путер 250 грами 250 грами шеќер во прав или може мед 2 лажици ако немате 250 милилитри фанта 2 лажици какaо
Ова
се замесува и си правиш форма по твоја желба, како ролат например. Ќе
ја оставиш малку да отстои во фрижидер и после ќе ја филуваш. За да
прелиеш одозгора ти треба 2 шлаг пена изматени со една шоља млеко. Многу
е вкусна, посебно за обожавателките на фанта. Пријатен апетит.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 19:52
Чоколадна уживанција
Потребни состојки:500 гр бисквити (за обложување на садот) 10 јајца 100 гр шеќер во прав 250 гр црна чоколада за готвење 250 гр бела чоколада за готвење (јас ставив по 300гр и црна и бела чоколада, нели по 3 чоколада од секое) 500 мл млеко 1 маргарин 500 гр мелени бисквити 200 мл слатка павлака (за декорација - јас декорирав со шлаг, повкусно ми е така) 50 мл вода и 100 гр шеќер - за шербет. Постапка:Јајцата
се кршат и се делат белките од жолчките. Во садот со жолчките се додава
шеќерот во прав и се мати. Во тенџере на оган се става половина од
млекото (250мл), се додаваат изматените жолчки и се меша со лажица - да
се добие крем. Откако кремот ќе ја добие потребната густина, се трга од
оган. Притоа, внимавајте да не го преварите! Кремот
треба убаво да се излади, а потоа во него се додаваат мелените бисквити
и се мати со миксер за смесата убаво да се соедини. (Јас додадов и една
ќесичка ванилин шеќер) Во друг сад се мати маргаринот - убаво да се избие. Во маргаринот се додава кремот со бисквитите и повторно се мати со миксер. Во
две тенџериња на оган се растопуваат чоколадите, посебно белата,
посебно црната. Во трето тенџере се става водата и шеќерот за да се
направи шербетот. Белките кои претходно ги одделивме, се матат и во
многу тенок млаз, внимателно, се додава врелиот шербет и се мати. Во
овој сад со белките и шербетот се додава смесата од садот со маргаринот,
кремот и бисквитите. Се мати додека смесата не се соедини. Добиената
смеса се дели на половина, во едната половина се става растопената бела
чоколада, во другата, растопената црна чоколада и се мати. Калапот
(може да биде во различна форма, во рецептот беше во форма на срце, но
може да се направи во било која форма. Јас ја направив тортата во калап
во форма на квадар) се обложува со најлонска фолија за да може без
проблем да ја префрлите во сад за торта. Бисквитите се макаат во
преостанатото млеко и се редат во калапот - и долниот дел од калапот и
по страните. Во калапот се става прво темната смеса (препорачливо е
неколку минути да постои во фрижидер за да се стегни), а потоа и белата
смеса. Откако ќе ги ставите смесите, и горниот дел го редите со
бисквити. Тортата се става во замрзнувач за да се стегни убаво. Потоа може да ја декорирате по желба со слатка павлака или со шлаг.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 19:53
Лешник торта
6-јајца 350гр-шекер, 250гр-маргарин, 2-3лажици големи врело млеко, 350гр-лешници, 350гр-бисквити Јајцата
и шекерот се матат заедно,а маргаринот со млекото оделно.Кога добро се
изработи маргаринот се става заедно со јајцата.Лешниците се потпечуваат
во шпоретот 10мин на 100с,а потоа половината од лешниците се сечкат ,а
останите се мелат.Бисквитите се мелат а не смета да се стави и повеке од
350гр бисквити.Се заедно се меша и се дели на 2 дела.Во 1-дел се става
стопено 100гр чоколадо,може и 5лажици какао.Се оформува и прво се става
кафениот дел,потоа белиот,пак кафениот,белоит.Одозгора глазура,100гр
чоколадо,3-4лажици млеко 50гр маргарин.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 19:54
Торта „САН СНОВА“
Прв слој: -Пишкотите се натопуваат во Фанта и се редат на послужавник
Втор слој: -Се
меле плазма-кекс (може и обични бисквити) и се потопуваат со Фанта сок
за да се добие еднолична смеса. Посебно се мати еден маргарин со 250 г.
шеќер во прав, а потоа се соединува со мелената плазма.
Трет слој: -Чоколадни бананки се сечат по должина и се редат врз филот од мелената плазма.
Четврти слој: -Се
варат 4 пудинга од ванила во 1 кг. млеко. Посебно се мати еден маргарин
со 250 г. шеќер во прав и потоа се соединува со веќе оладениот
пудинг.Филот се дели на два дела и едниот дел се става врз чоколадните
бананки.
Петти слој: - се реди уште еден слој пишкоти натопени во млеко врз филот од пудинг
Шести слој: - се премачкува останатиот дел од пудингот
Седми слој: - свежи банани се сечат на кругови и се редат врз филот од пудинг
Осми слој: -Шлаг (се мати и се премачкува целата торта)
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 19:55
1 пакетче бисквити 1 литар млеко9 лажици шеќер3 пудинга од ванила Подготовка: Во
900 мл млеко се ставаат 9 лажици шеќер. Се остава да се свари. Настрана
3 пудинга од ванила се мешаат со малку млеко, колку да се добие смеса
без грутки. Откако ќе зоврие млекото се додава пудингот и се вари додека
да се згусни, но не премногу. Потоа во
четвртасто плехче се реди еден ред бисквити малку потопени во млеко, да
не бидат меки само натопени во млекото. Се мачкаат со пудингот, потоа се
реди нов ред на бисквити, само сега во спротивна насока и се' така до 3
реда. На крај, за декорација, можете да ја премачкате тортата со шлаг
пена или чоколаден прелив. Оставете ја 2-3 часа во фрижидер и уживајте.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 19:57
Торта со бисквити
За фил:
250 гр маргарин или путер 250 гр шеќер во прав 1 пакетче ванилин шеќер 3 реда чоколадо за готвење 4 јајца 5 лажици шеќер 5 лажици брашно 0,5 литар млеко
1 кутија бисквити Во
сад се мати маргариот со шекерот во прав. Маргаринот ( или путерот)
најдобро е да е на собна температура за да може да се измати подобро.
Откако ќе се добие хомогена смеса се додава ванилин шекер и искршени 3
реда чоколадо за готвење. Во тенџере се вари крем од 4 жолчки, 5
лажици шеќер, 5 лажици брашно и половина литар млеко. Се вари на тивко
со постојано мешање за да не се направат грутчиња. Кога ќе се згусне,
филот се трга на страна и се остава да се излади. Во изладен фил се
додава претходно изматениот маргарин или путер и се меша да се добие
еднаква маса. Во плех се редат бисквити претходно натопени во млако
млеко. И се реди Ред бисквити, ред фил, ред бисквити ред фил со тоа што
се завршува со фил одозгора. Тортата може да се посипа со ореви сецкани, или со шлаг направен од белките кои останале при правење на филот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 19:58
Торта од бисквити и пудинг
Подлога 300 гр мелени бисквити 100 гр чоколадо 220 мл млеко 2 лажици шеќер во прав Бел крем 2 кесички пудинг од ванила 100 гр бело чоколадо 3 лажици бел еурокрем 2 лажици маргарин 350 мл млеко 2 кесички ванилин шеќер 3 лажици шеќер Чоколаден крем 2 кесички пудинг од чоколада 100 гр чоколадо 3 лажици чоколаден еурокрем 2 лажици маргарин 350 мл млеко 4 лажици шеќер
Подготовка
1. Подготовка на подлогата. Млекото
и чоколадото се загреваат додека да се растопи чоколадото. Кога ќе биде
готово се остава да се подолади и се додава во мелените бисквити во кои
е додаден шеќерот во прав. Смесата се става во округли калап за торта
(со обрач) бр 24. Се остава во фрижидер да се стегне додека се
подготвуваат филовите. 2. Подготовка на кремовите. На исти принцип се подготвуваат двата крема. Во
тенџере на оган се става 300 мл млеко да зоврие. Во останатите 50 мл
млеко се промешуваат пудинзите со шеќерот и се додава во зовриеното
млеко. Се вари на тивко додека да згусне. Готовиот пудинг се трга на
страна и со мешање се додава кремот и чоколадото за да се растопат. Се
остава да се олади со повремено промешување да не фати коричка. Во
млакиот крем се додава омекнатиот маргарин и се мати за целиот крем
убаво да се соедини. Кога и двата крема ќе се оладат се додава првин
белиот крем над подлогата и најодозгора чоколадниот. Се остава убаво да
се олади пред сервирање.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 19:59
Нескафе торта
Состојки 500 гр бисквити (или готови кори за торта) 500 мл слатка павлака (хопла, халта или некоја друга) 3 јајца 11 лаж. шеќер 3 лаж. нескафе ( може ако сакате и капучино место нескафе) малку млеко за бисквитите
Многу
брза, лесна и вкусна торта. Ние дома ја обожаваме комплетно и е дел од
честите десерти, па дури и за родендени повеќе од 15 години наназад. Слатката
павлака се мати со пола од шеќерот. Во посебен сад кремасто се матат
јајцата со останатиот шеќер. На крај се додава нескафето и се мати
додека се растопи. Оваа смеса се додава на изматената слатка павлака и
се мати додека добро се измеша. Секоја бисквита на секунда ја
потопуваме во ладно млеко, во кое по желба може да се додаде и малку
арома на рум и правиме прв ред, па премачуваме од филот. Така се прават
3-4 реда, ред бисквити-ред фил. Готовата торта ја наросуваме со рендана
чоколада или чоколадни трошки и ја оставаме да преноќи во фрижидер. Се сечи на коцки и се ужива во вкусот ))) Оригиналнот
рецепт е со дупла доза од наведените и треба уште и 250 гр маргарин.
Но, искуството и години наназат правејќи ја и согласно јас и
конзументите, маргарин не користиме. Маргаринот минимално ја прави
потешка за конзумација, а служи за повеќе да се уцврсти филот. Но, и без
него филот ако добро се измати (јајцата да се пресни и пред употреба да
биле одстоени на собна температура, најмалку 2 часа), маргаринот и
воопшто не треба. Зошто не е напишан рецептот во оригинал? Затоа што, е
многу издашен и пола доза ќе ви е доволна, доколку не се решите да ја
правите за поголем број на луге. Ви посакувам слатко уживање!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 20:01
Кремаста торта
1 пакување пишкоти 4 лажици нескафе 4 лажици какао 500мл. слатка павлака 300гр. шеќер 6 јајца
Јајцата
се кршат и белките се одделуваат од жолчките. Жолчките се матат со
шеќерот. Белките се матат во друг сад. Белките се додаваат во садот со
жолчките и се мешаат со лажица. Слатката павлака се мати. Се додава кај
изматените јајца и се меша со лажица. Смесата се дели на 3 дела. Првиот
дел треба да биде празен. Во вториот дел се додава нескафето и се меша
со лажица. Во третиот дел се додава какаото и се меша со лажица.
Пишкотите се топат во млеко и се редат во послужавник. Одозгора се
ставаат филовите - првиот, вториот, па третиот фил. Најодозгора се редат
останатите пишкоти. Тортата се става во фрижидер да се излади.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 20:02
Торта Монте, која се состои од три слоја, а за нејзината подготовка не е потребно печење.
Состојки:
- Прв крем: 1 л. млеко, 100 гр. густин, 100 гр. шеќер, 1 ванилин шеќер и 125 гр. путер
- Втор крем: 500 мл. слатка павлака (хопла) и 200 гр. чоколадо
- бисквити
- малку рум
Подготовка:
1. На помало тавче за печење наредете ги бисквитите во еден слој и премачкајте ги со малку млеко помешано со рум.
2.
За првиот крем ставете го млекото на рингла да се топли и додадете
малку рум. Во друг сад измешајте го шеќерот и густинот со малку ладно
млеко за да добиете изедначена смеса. Кога млекото ќе зоврие, додадете
ја смесата со густинот и на послаб оган мешајте околу 2 минути. Во
врелата смеса додадете го путерот и прелијте ја врз бисквитите.
3.
За вториот крем, на послаб оган загрејте ја слатката павлака во која
сте го додале исечканото чоколадо, а кога истото ќе се стопи, прелијте
го врз првиот крем и оставете ја тортата да се олади.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 20:03
Крем торта
1л. млеко 8 лажици шеќер 4 пудинга од ванила 1 маргарин 250гр. шеќер во прав 200гр. мелени бисквити 200гр. мелени лешници
Се
варат млекото, шеќерот и пудинзите. Откако пудингот ќе се свари, се
лади во фрижидер. Се матат маргаринот и шеќерот во прав. Ова се додава
кај изладениот пудинг. Се меша со лажица. Пудингот се дели на 3 дела. Во
првиот дел се додаваат бисквитите. Се меша со лажица и се става во
округло тавче. Одозгора се става вториот дел (да биде празен). Во
третиот дел се додаваат лешниците и се меша со лажица. Овој дел се става
одозгора. Тортата се лади во фрижидер.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2014 во 08:36
Непечен колач
Состојки: - 3 жолчки
- 250 гр шеќер во прав
- 250 гр маргарин
- 100 гр мелени ореви
- 100 гр мелени кекси
- 2 дл сок од портокал
- 100 гр чоколадо за готвење
- 1 лажица екстракт од ванила
За премачкување: - 3 белки
- 3 лажици шеќер
- 3 лажици шеќер во прав
- 2 дл слатка павлака
За украсување: чоколадни ронки Приготвување: 1. Во подлабок сад се матат жолчките со шеќер во прав и со омекнатиот маргарин. 2. Мелените ореви и кексите се преливаат со сок од портокал и се промешува. 3. Се соединуваат двете смеси, се додава екстракт од ванила и добро се меша. 4. Добиената смеса поделете ја на два дела па во едниот додадете чоколадо изрендано на ситно ренде. 5. Подгответе соодветна тацна за колач и пренесете ја таму смесата со чоколадо и обликувајте ја долната кора. Оставете ја во фрижидер да се стегне. Потоа нанесете го вториот посветол дел од филот и израмнете го со долната кора. Повторно ставете ја во фрижидер да се стегне. 6. Посебно пригответе фил за премачкување на колачот. Изматете ги белките во цврст снег, а потоа постепено додавајте 3 лажици шеќер со постојано мешање. Одделно изматете слатка павлака со 3 лажици шеќер во прав. Соединете го шамот од белки и шлагот од слатка павлака па полека измешајте. Добиената смеса премачкајте ја врз колачот и поросете со чоколадни ронки. Оставете го колачот во фрижидер да се стегне, а потоа исечете го на парчиња.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Април.2014 во 16:17
ЕДНОСТАВНА, А УБАВА ТОРТА ШТО НЕ СЕ ПЕЧЕ: РЕСАНА ТОРТА- Еден килогам ресани ги сечете на пола и ги ставате во некој подлабок сад, - Им додавате една мала шолја (како за кафе) толчени или сецкани ореви, - На шпорет ставате еден маргарин (од оние Кристал), а откако ќе се стопи во него додавате 250ml млеко, - Убаво ја мешате смесата и откако ќе стане врела ги попарувате ресаните и оревите, - Од топлината чоколадото на ресаните ќе се стопи, желето и бисквитата ќе се одвои, а целата смеса од топеното чоколадо ќе добие боја, - Потоа убаво рамномерно промешајте ја смесата, а откако ќе се подолади ставете ја во калап и направете и некаква форма по ваша желба. - Сматете шлаг (две кесички се доволни) и премачкајте ја тортата, - Ставете ја да се олади во фрижидер Побрзо здравје, повкусно здравје!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Април.2014 во 16:17
МИЛКА ТОРТА СО ПЛАЗМА БИСКВИТИ (НЕ СЕ ПЕЧЕ)Состојки: 12 јајца 10 лажици шеќер 375 г маргарин (едно и пол пакување) 300 г мелена плазма (едно пакување е 300 г) 600 г обични плазма бисквити 2 бели и 2 темни (обични, млечни) Милка чоколади Подготовка: Од јајцата се одвојуваат жолчките и се матат заедно со шеќерот. Смесата се става да вари на пареа да се згусне, притоа постојано се мати со миксерот. Посебно се мати маргаринот и и’ се додава на претходно оладената готова смеса од жолчки (мора да биде оладена, инаку ќе се растече многу). Потоа од белките се мати цврст снег и се додава мелената плазма. Оваа смеса се меша заедно со кремот од жолчките, па се дели на два дела. Во едниот дел се додаваат растопените бели чоколади, а во другата темните. Правоаголно длабоко тавче се обложува со алуминиумска фолија и се редат плазма бисквити натопени во млеко, не само на дното туку и од страните. Потоа се ставаат филовите еден врз друг, прво белиот, потоа кафеавиот. Повторно се редат плазма бисквити натопени во топло млеко. Се остава во замрзнувач 24h, потоа се превртува на чинија и се украсува со готов шлаг.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Април.2014 во 16:58
НЕСКАФЕ ТОРТА (БЕЗ ПЕЧЕЊЕ) http://popara.mk/2014/recepti/neskafe-torta-bez-pechenje/" rel="nofollow - http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fneskafe-torta-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Состојки: 500 гр бисквити (или готови кори за торта) 500 мл слатка павлака (хопла, халта или некоја друга) 3 јајца 11 лаж. шеќер 3 лаж. нескафе ( може ако сакате и капучино место нескафе) малку млеко за бисквитите http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fneskafe-torta-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Многу брза, лесна и вкусна торта. Слатката павлака се мати со пола од шеќерот. Во посебен сад кремасто се матат јајцата со останатиот шеќер. На крај се додава нескафето и се мати додека се растопи. Оваа смеса се додава на изматената слатка павлака и се мати додека добро се измеша. Секоја бисквита на секунда ја потопуваме во ладно млеко, во кое по желба може да се додаде и малку арома на рум и правиме прв ред, па премачуваме од филот. Така се прават 3-4 реда, ред бисквити-ред фил. Готовата торта ја наросуваме со рендана чоколада или чоколадни трошки и ја оставаме да преноќи во фрижидер. Се сечи на коцки. Оригиналнот рецепт е со дупла доза од наведените и треба уште и 250 гр маргарин. Но, искуството и години наназат правејќи ја и согласно јас и конзументите, маргарин не користиме. Маргаринот минимално ја прави потешка за конзумација, а служи за повеќе да се уцврсти филот. Но, и без него филот ако добро се измати (јајцата да се пресни и пред употреба да биле одстоени на собна температура, најмалку 2 часа), маргаринот и воопшто не треба. Зошто не е напишан рецептот во оригинал? Затоа што, е многу и пола доза ќе ви е доволна, доколку не се решите да ја правите за поголем број на луѓе. Ви посакувам слатко уживање! http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fneskafe-torta-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fneskafe-torta-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow -
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Април.2014 во 19:08
ТОРТА “НАЈУБАВИОТ СОН“ (БЕЗ ПЕЧЕЊЕ)Прв слој: -Пишкотите се натопуваат во Фанта и се редат на послужавник Втор слој: -Се меле плазма-кекс (може и обични бисквити) и се потопуваат со Фанта сок за да се добие еднолична смеса. Посебно се мати еден маргарин со 250 г. шеќер во прав, а потоа се соединува со мелената плазма. Трет слој: -Чоколадни бананки се сечат по должина и се редат врз филот од мелената плазма. Четврти слој: -Се варат 4 пудинга од ванила во 1 кг. млеко. Посебно се мати еден маргарин со 250 г. шеќер во прав и потоа се соединува со веќе оладениот пудинг.Филот се дели на два дела и едниот дел се става врз чоколадните бананки. Петти слој: - се реди уште еден слој пишкоти натопени во млеко врз филот од пудинг Шести слој: - се премачкува останатиот дел од пудингот Седми слој: - свежи банани се сечат на кругови и се редат врз филот од пудинг Осми слој: -Шлаг (се мати и се премачкува целата торта)
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Април.2014 во 19:11
KAСАТО ТОРТА (БЕЗ ПЕЧЕЊЕ)Потребни состојки: - 1 маргарин кристал - 150 гр. шеќер во прав - 2 чоколади за готвење - 3 жолчки - 500 гр. бисквити - 200 мл. млеко - 200 гр. сецкани ореви - 200 гр. сецкани желе бомбони - 100 гр. суво грозје прелиено со 1 лажичка рум - 100 гр. кокос - 100 гр. сецкани крем банани Подготовка:Ставете го маргаринот да се растопи и додајте го шеќерот во прав и една чоколада. Кога ќе се излади ставете ги трите жолчки и промешајте. Бисквитите скршете ги на ситни парченца и попрскајте ги со ладното млеко. Додајте половина од оревите, крем бананите, кокос, желе бомбони, суво грозје и мешајте заедно со половина од смесата со растопениот маргарин и чоколада. Потоа додајте ја уште половината од намирниците и смесата. Ставете на кутија за торта и формирајте облик по желба. Оставете ја да се олади 1 час и потоа на пареа стопете 1 чоколада па посипете ја тортата и вратете ја повторно во фрижидер.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Април.2014 во 19:12
ЛЕДЕНИ ЧОКОЛАДНИ КОЦКИ БЕЗ БРАШНО, БЕЗ ПЕЧЕЊЕСостојки: 100 гр чоколадо за готвење 150 гр црно чоколадо (70% какао) 600 мл слатка павлака 20 гр шеќер во прав 4 лажици сок или ликер од портокал 1 кафена лажичка кора од портокал 100 гр ситно искршено чоколадо за готвење Подготовка: Слатката павлака се мати, во шлагот се додава шеќер во прав, сок и рендана кора од портокал, и чоколадото стопено на пареа. Добро изматете со миксер, па додадете го и искршеното чоколадо. Смесата се префрла во калап обложен со пластична фолија и се остава во замрзнувач 3 часа. Колачот превртете го на тацна, па потурете го со чоколаден прелив кој се подготвува од чоколада стопена на пареа со додаден путер. Колачот треба да отстои повторно во фрижидер пред послужување.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Април.2014 во 19:31
ЧОКОЛАДНА ТОРТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ250 гр путер 200 гр шеќер во прав 100 гр течна чоколада 3 јајца 100 мл млеко 100 гр ореви мелени 250 гр бисквити Чоколада за декорација Подготовка: Путерот се бие со шеќерот додека не побели. Се додаваат едно по едно јајцата, чоколадата, млекото, оревите и мелените или кршени бисквити. Сите состојки се мешаат добро и се префрлаат во намокрен калап за торта. Се притиска нежно и се остава да отстои 24 часа во фрижидер. Откако ќе се извади од калапот, тортата се поросува со мелени ореви и стопена чоколада.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 12.Април.2014 во 00:33
ЛЕДЕНА ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО БИСКВИТИ
Состојки: 3 пакетчиња шлаг крем од чоколадо 0,5 л чоколадно млеко 100 мл млеко 200 гр маргарин 150 гр чоколадо 100 гр шеќер во прав 2 жолчки 350 гр бисквити Подготовка: Изматете ги шлаг кремите со двете врсти млеко. Чоколадото стопете го, па оставете малку да подолади. За тоа време изматете го маргаринот со шеќерот и жолчките, па на крај додадете го стопеното чоколадо. Смесата истурете ја во изматениот шлаг крем и измиксирајте да се соедини. Додадете ги бисквитите искршени на парчиња. Убаво измешајте и излијте ја смесата во калап обложен со најлон фолија. Ставете ја во замрзнувач неколку часа или преку ноќ за да се стегне. Се декорира по желба со рендана чоколада, шлаг, павлака и сл. Тортата се чува во замрзнувач, лесно се сече откако ќе се извади и се служи студена.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 12.Април.2014 во 00:35
КРЕМАСТА БИСКВИТ ТОРТА СО СЛАТКА ПАВЛАКА
Состојки: За фил: 3 јајца 8 лажици шеќер 500 мл слатка павлака ½ пакетче нес кафе од 5 гр За потопување на бисквитите: 300 мл топло млеко ½ пакетче нес кафе 3 лажици шеќер 150 гр сецкани ореви 100 гр желе бонбони Подготовка: Јајцата се матат со шеќерот, слатката павлака и половината од пакетчето нес кафе, Бисквитите се редат во тавче четвртасто, претходно топејќи ги во млакото млеко со малку шеќер и нес кафе, Се реди ред бисквити, ред фил од слатка павлака, Помеѓу редовите се става сечкани ореви и желе-бонбони.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: pajser
Датум на внесување: 12.Април.2014 во 02:31
,,, ,,,evangjelino bre,, nemaš druga rabota ta na polnokj ,,postiraš tortiiii,,,, ,,,
------------- nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 12.Април.2014 во 02:34
A ti bivase li tuka da dojdes ?A ja po tebe da vidam so "domakjinka" si ..i sega ligi i mene mi techat ?
------------- Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
Постирано од: pajser
Датум на внесување: 12.Април.2014 во 02:42
,,kastro ostai sea toa zalutuvanjeto ,,, ,,,tiki ,,,toa beliot šlag mi e nešto somnitelen,,, ,,,
------------- nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
Постирано од: la fille
Датум на внесување: 12.Април.2014 во 02:44
А пред да му стане и на Кастро сомнително, да се префрлите во друг „посоодветен“ подфорум?
------------- Sarcasm is just part of my irresistible charm ;)
|
Постирано од: pajser
Датум на внесување: 12.Април.2014 во 02:48
,,, ,,,e aj da se selam od tuka dodeka e. vreme,,, ,,
------------- nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Април.2014 во 15:51
БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: БРЗИ ТРИЈАГОЛНИЦИСостојки: - 3 јајца
- 300 гр шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 200 гр маргарин
- 300-350 гр мелени бисквити
глазура: - 30 гр маргарин
- 100-150 гр чоколадо за готвење
- 1 лажица млеко
Подготовка: Добро се матат јајцата со двата вида на шеќер. Се ставаат во тенџере на многу слаб оган или во поголемо тенџере со вода и со постојано мешање се варат околу 5 минути. Маргаринот се дели на 10-ина коцки. Една по една се додаваат во топлата смеса од јајца. Додека едната коцка не се истопи во јајцата, не се додава друга. Смесата постојано треба да се меша. Се остава така да се вари 20-ина минути. Смесата, која треба да биде течна се трга од оган и во неа постепено се додаваат мелените бисквити. Која количина на бисквити е потребна зависи од видот на бисквитите. Смесата не треба да биде многу тврда. Се остава смесата малку да се излади и да се стегне за да може да се обликува. Ако сакате да правите коцки, тогаш уште додека е топла смесата се сипува во сад подмачкан со масло и се остава да се излади. Ако сакате да правите триаголници, смесата се обликува со раце. Така обликуваната смеса се витка во фолија за храна и се остава да се излади 1 час. Потоа се прелива со глазура која се прави од стопено чоколадо во кое се додаваат малку маргарин и една лажица млеко. Се остава 2-3 часа на ладно да се стегне и глазурата и потоа се сече на парчиња дебели околу 1 цм.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Април.2014 во 16:02
ПОСНИ КОЛАЧИЊА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fposni-kolachinja-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fposni-kolachinja-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fposni-kolachinja-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 300 г мелени лешници http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fposni-kolachinja-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 4 лажици овесни снегулки http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fposni-kolachinja-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 10 урми (претходно киснети во топла вода) http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fposni-kolachinja-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 4 лажици маслиново масло http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fposni-kolachinja-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 2 лажици какао http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fposni-kolachinja-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 4 лажици вода http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fposni-kolachinja-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fposni-kolachinja-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Сите состојки заедно се ставаат во блендер за да се изедначи смесата, па се става во калапи за мафини. http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fposni-kolachinja-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Во средината се длаби за да се направи простор за филот. http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fposni-kolachinja-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fposni-kolachinja-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 100 г мелени ореви http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fposni-kolachinja-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 15 урми (претходно киснети во топла вода) http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fposni-kolachinja-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 1 лажица мед http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fposni-kolachinja-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 2 лажици какао http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fposni-kolachinja-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 3 лажици маслиново масло http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fposni-kolachinja-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - 6 лажици вода http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fposni-kolachinja-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Сите состојки се ставаат во блендер, а со готовиот фил се полнат колачињата. http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fposni-kolachinja-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow - Колачињата да отстојат некое време во ладилник за да се стегнат. http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Frecepti%2Fposni-kolachinja-bez-pechenje%2F&layout=button_count&locale=mk_MK&sdk=joey&send=true&show_faces=false&width=250" rel="nofollow -
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Април.2014 во 17:44
НЕПЕЧЕНА ТОРТА: МОЗАИКСостојки: 2 л млеко 6 пудинзи од ванила 1 филџан шеќер 1 маргарин 300 гр мелени бисквити 300 гр стопено чоколадо 300 гр мелени ореви 3 пакетчиња ресани 100 гр рендано чоколадо Подготовка: Млекото се вари со пудинзите и шеќерот и се остава да се излади. Маргаринот се бие со миксер и лажица по лажица се додава во изладениот пудинг. Филот убаво се бие додека да стане пенест и се дели на 3 исти дела. Во првиот дел од филот се ставаат мелените бисквити, во вториот дел се става стопеното чоколадо (се топи на пареа со 2 до 3 лажици масло) и во третиот дел од филот се ставаат мелените ореви. Во правоаголна тава се става фолија и над неа се става првиот дел од филот, убаво се мазни и над него се става вториот дел од филот. Потоа се редат ресаните по целата површина на тортата и на нив се става третиот дел од филот. Одозгора се става ренданото чоколадо па тортата се става во фрижидер да се замрзне и се послужува другиот ден.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Април.2014 во 16:38
НЕПЕЧЕНА ТОРТА СО БИСКВИТИ, ЧОКОЛДО И РУМСостојки: 800 гр бисквити цели 2 филџани инстант кафе Фил: 220 гр сецкани чајни колачи 120 гр мелени бисквити 200 гр шеќер 8 лажици млеко 50 гр чоколадо рендано 100 гр маргарин 50 гр мелени ореви 1 лажица рум Фил 2: 500 гр слатка павлака 50 гр чоколадо рендано, како и рум по вкус Подготовка: Како и кај многу непечени бисквитни десерти и тука се топат бисквитите во инстант кафето и се образува кора со ширина и должина по ваша мерка. Што се однесува до филот пак, неговата подготовка започнува со тоа што се топи шеќерот во млекото, се додава и маргаринот така стопени се полеваат мелените бисквити и кршени на парчиња чоколадираните кекси, се става рендано чоколадото, оревите и рум. Се премачкува измешаната смеса над првиот ред од бисквит-кората, потоа се бие слатката павлака, се дели на половина едната половина останува чиста, а во другата се става чоколадото и рум малку, да ја засили аромата колачот, за да се разликува по бојата малку какао се става. Се оставаат двата дела слатка павлака во фрижидер додека ја образуваме втората кора од бисквити во нескафе, над нив се става делот со бела слатка павлака, повторно ред бисквитна кора и најгоре делот со малку обоена слатка павлака со чоколадо. Украсете ја по избор, се лади во ладилник и така се служи..
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Април.2014 во 19:54
БРЗА ПУДИНГ ТОРТАСостојки: - 1,2 л млеко
- 4 пакетчиња пудинг од ванила
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- 1 коцка маргарин
- 100 гр шеќер во прав
- 100 гр кокосово брашно
- 100 гр мелени бисквити
- 1 лажичка какао
Подготовка: Прашокот за пудниг се приготвува според упатството на пакетчето, само овој пат 4 пудинга се варат во 1,2л млеко во кое претходно сме ставиле 2 пакетчиња ванилин шеќер. Готовиот пудинг се остава да се излади, додека се лади треба да се покрие со фолија за да не фати коричка. Во меѓувреме коцката маргарин (што стоела на собна температура за да омекне) се мати со 100 гр шеќер во прав. Изматениот маргарин се меша со изладениот пудинг. Таа смеса се дели на 2 дела – во едната половина се додава кокосовото брашно , а во другата половина се мешаат мелените бисквити и една лажичка какао. Во калап по желба, (треба да биде мокар или намачкан со масло, за да не се залепи пудингот) наизменично се става слој од светлиот и слој од потемниот пудинг (фил). Се чува на ладно место 2 часа, за да се стегне убаво и да добие форма. Кога ке се извади од калапот може да се украси со шлаг или да се посипе со кокос или чоколадни трошки. Се сече како парче торта или на коцки, како колач.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Мај.2014 во 17:14
МОНТЕ ТОРТА: РЕЦЕПТ КОЈ НЕ СЕ ПЕЧЕ | | http://karmin.tocka.com.mk/56/95289/monte-torta-recept-koj-ne-se-pece#" rel="nofollow - http://karmin.tocka.com.mk/56/95289/monte-torta-recept-koj-ne-se-pece#" rel="nofollow - |
| Ви предлагаме да направите еден вкусен колач чии главни состојки се чоколадо и слатка павлака, но сепак не е тежок десерт. Станува збор за Монте торта која е одлично слатко задоволство за кој било дел од денот. Потребно:● Бисвкити ● 1 фил : 1 литар млеко, 100 г скробно брашно, 100 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 125 г путер ● 2 фил: 500 мл слатка павлака за шлаг, 200 г чоколада, малку рум Подготовка:● На дното на помало тавче за печење наредете ги бисквитите па премачкајте ги со малку млеко помешано со рум. ● За првиот фил ставете да се загрее млеко и додајте малку рум. Во друг сад измешајте шеќер и брашно со малку ладно млеко да добиете убава мека смеса. Кога млекото што го ставивте да се загрее почне да врие, додадете ја смесата со шеќер и брашно и мешајте на тивок оган околу две минути. Додајте го и путерот и убаво измешајте. Филот поставете го врз бисквитите во садот, па наредете пак бисквити. ●За вториот фил на тивок оган загрејте ја павлаката во која сте измешале насецкана чоколада, кога чоколадото ќе се стопи филот нанесете го преку првиот фил, оставете да се излади и десертот е готов. |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Мај.2014 во 07:40
ЛЕДЕНА ТОРТА СО БИСКВИТИ И ЧОКОЛАДОСостојки: - 7 Јајца
- 300 грама Бисквити
- 50 милилитри Млеко
- 250 грама Путер
- 30 милилитри Рум
- 100 грама Чоколадо
- 250 грама Шеќер
- 3 кесички Шлаг пена
Подготовка: Путерот и шеќерот во прав пенесто се матат, се додаваат една по една жолка при што непрекинато се мати. На ова се додава стопена и оладена чоколада и уште се меша да се добие еднолична маса. Одделно се мати цврст снег од белките и внимателно постепено се додава во масата со чоколадата. Се става во фрижидер. Се мати шлаг-пената во која се додава две кесички ванилин шеќер. Во четвртест сад се реди ред натопени бисквити во мешавина на млеко и рум, се премачкуваат со фил, а врз филот се премалкува слој шлаг-пена. Повторно се реди ред натопени во млеко и рум бисквити, фил и шлаг. Се реди така тортата додека да се заврши материјалот, но треба да се заврши со шлаг. Тортата се става во фрижидер добро да се олади и да се стегне.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Мај.2014 во 19:06
БЕЗ ПЕЧЕЊЕ, ГОТОВА ЗА 20 МИНУТИ: БЕЛА БАЈАДЕРАСостојки: - 180 грама Чоколадо
- 100 грама Путер
- 400 милилитри Млеко
- 60 грама Малини
- 250 грама Кекси
Подготовка: Во калап во кој ќе ја сипете смесата ставете најлонска фолија. Во огноотпорен сад ставете го слаткото кондензирано млеко, путерот и мелената бела чоколада. На умерен оган сето тоа стопете го и оставете го малку да се олади, па додадете го мелениот кекс и исецканите малини, па убаво промешајте за да добиете компактна смеса. Смесата сипете ја во калапот, прекријте со фолија и оставете на ладно место околу 4 саати или преку ноќ. Кога ќе се стегне, извадете од калапот, одмотајте ја фолијата, исечете и послужете.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Мај.2014 во 16:43
Сникерс десерт без печење готов за 20 минути
Богатиот вкус на совршената комбинација на чоколадо, карамела и кикирики сега можете да го направите и дома, со овој рецепт за Сникерс десерт, чиј вкус е еден од омилените меѓу слатките задоволства.
За истиот ќе ви бидат потребни само 20 минути! Состојки: Прв слој- 4 лажици агаве сируп (алтернатва - мед или друг засладувач)
- 4 лажици растопен путер
- 2 полни лажици путер од кикирики
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 2,5 шолји шеќер во прав
- 400 гр чоколадо
Втор слој - 2 шолји карамел
- 4 лажици пржени кикирики
- 350 гр темно чоколадо
Подготовка:
Во еден сад помешајте половина од сирупот, растопениот путер, путерот од кикирики и екстрактот од ванила и со миксер мешајте на најмалата брзина додека сите состојки не се поврзат.
Полека додадете го шеќерот и продолжете да мешате додека не добиете изедначена, густа и леплива маса. Доколку таа е премногу тврда, додадете уште малку растопен путер, а доколку е ретка, додадете уште малку шеќер.
Со раце втиснете ја смесата во калап или сад за печење и ставете ја во фрижидер додека не ја подготвите смесата за вториот слој.
Во тенџерче, на средно силен оган растопете го карамелот и остатокот од сирупот, додадете ги кикириките и измешајте сè убаво, па тргнете го тенџерчето од оган.
Извадете го калапот од фрижидерот, прелијте го чоколадниот слој врз првиот и вратете го во фрижидер.
Кога смесата ќе се стврдне, извадете ја од калапот и исечете ја во лентички со средна дебелина.
На умерен оган растопете го чоколадото и во него потопете ги лентите една по една.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Мај.2014 во 08:36
БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: КОЛУМБО КОЦКИ СО БИСКВИТИСостојки: 300 гр мелени чоколадни бисквити 250 гр шеќер 3 јајца 125 гр маргарин 100 гр сецкани ореви 100 гр сусам 100 гр чоколадо за готвење 1 лажица рум 1 лажица чоколадо во прав 2 ванили Прелив: 300 гр шеќер во прав 60 мл млеко Неколку капки лимон Подготовка: Ставете ги во тенџерче маргаринот, шеќерот, јајцата и чоколадото и на не многу силен оган варете ги неколку мин. мешајќи. Потоа тргнете го тенџерчето од шпоретот и ставете ги и другите состојки. Кога сето ќе се соедини, турете го во некое правоаголно плехче, 20*30 цм. Кога ќе се олади, направете го белиот фондан. Млекото зовријте го па турете го врз шеќерот, па капнете и некоја капка лимон. Нека постои така минута-две, па потоа измиксајте го со миксер и прелијте го колачот. Нека се олади добро, па исечете го со нож потопен во врела вода, на коцки 3*3 цм.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Мај.2014 во 22:28
ЧОКОЛАДЕН НЕПЕЧЕН РОЛАТСостојки: За белиот дел: 50 мл слатка павлака 50 мл кондензирано млеко 120 гр бело чоколадо 75 гр маргарин 30 гр шеќер во прав 1 жолчка 120 гр мелени бисквити 50 гр сецкани лешници За црниот дел: 200 гр млечно чоколадо 150 гр маргарин 100 гр шеќер во прав 1 јајце 200 гр мелени бисквити Подготовка: Кондензираното млеко и слатката павлака загрејте ги на тивок оган, па додадете го чоколадото да се растопи и оставете го да подолади. Во сад за матење пенасто изматете го маргаринот со шеќерот во прав, па потоа додадете ја жолчката и повторно убаво изматете. Додајте ја и стопената смеса со чоколадо, па откако добро ќе изматите, вмешајте ги рачно мелените бисквити и додадете ги лешниците. Нека не ве плаши тоа што ќе добиете потечна смеса. Ставете го во фрижидер 1 час, тоа убаво ќе си се здрви. Откако се стегнала белата смеса, извадете ја од фрижидер и врз мрсна хартија оформете ја во цилиндар со најмалку 30см должина, а ако сакате потенки парчиња, издолжете уште малку. На пареа или во микробранова растопете го црното чоколадо. Маргаринот и шеќерот пенасто измиксирајте ги. Додадете го јајцето и повторно миксирајте додека се фино не се спои, па додадете го растопеното и веќе подизладено чоколадо и уште еднаш убаво измиксирајте. Додадете ги на крај мелените бисквити и рачно измесете со рака или пак со потврда алатка за мешање. Ставете ја и оваа смеса во фрижидер на 1 час. Потоа врз мрсна хартија истенчете ја во правоаголник со должина колку што сте го формирале белиот ваљак. Ставете ја белата смеса на почетокот и завиткајте/обложете ја со црната. Оставете го ролатот неколку часа во фрижидер, убаво да се здрви. Доколку немате кондензирано млеко, ставете вкупно 90 мл слатка павлака. Доколку не сакате да користите свежи јајца, тогаш истретирајте ги предходно на пареа некои 10на мин, па измиксирајте ги со предвиденото количество шеќер и потоа откако ќе изладат измиксирајте ги со маргаринот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Мај.2014 во 21:16
КАКАО ШТАНГЛИПотребни состјки 250 гр. маргарин 200 гр. шеќер во прав 80 гр. какао 250 гр. плазма бисквити 1 јајце 2 лажици рум Подготовка: Со миксер се матат маргаринот и шеќерот. Додадете јајце, рум и какао и продолжете со матење додека смесата не се соедини. Исклучете го миксерот па во кремот ставете ги издробените бисквити, измешајте и истурете во два долгнавести калапи од фолија. Ставете ги во фрижидер и кога ќе се стегнат, пред послужување, извадете ги од калапите и исечете ги на штангли.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Мај.2014 во 21:17
БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: ДОМАШЕН СНИКЕРССостојки:
Прв слој - 4 лажици агаве сируп (алтернатва – мед или друг засладувач)
- 4 лажици растопен путер
- 2 полни лажици путер од кикирики
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 2,5 шолји шеќер во прав
- 400 гр чоколадо
Втор слој - 2 шолји карамел
- 4 лажици пржени кикирики
- 350 гр темно чоколадо
Подготовка:
Во еден сад помешајте половина од сирупот, растопениот путер, путерот од кикирики и екстрактот од ванила и со миксер мешајте на најмалата брзина додека сите состојки не се поврзат. Полека додадете го шеќерот и продолжете да мешате додека не добиете изедначена, густа и леплива маса. Доколку таа е премногу тврда, додадете уште малку растопен путер, а доколку е ретка, додадете уште малку шеќер. Со раце втиснете ја смесата во калап или сад за печење и ставете ја во фрижидер додека не ја подготвите смесата за вториот слој. Во тенџерче, на средно силен оган растопете го карамелот и остатокот од сирупот, додадете ги кикириките и измешајте сè убаво, па тргнете го тенџерчето од оган. Извадете го калапот од фрижидерот, прелијте го чоколадниот слој врз првиот и вратете го во фрижидер. Кога смесата ќе се стврдне, извадете ја од калапот и исечете ја во лентички со средна дебелина. На умерен оган растопете го чоколадото и во него потопете ги лентите една по една.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Јуни.2014 во 22:17
ЛЕТНА БАЈАДЕРА БЕЗ ПЕЧЕЊЕСостојки 1л. млеко 200гр. шеќер 250гр. маргарин 150гр. гриз 1/2 лажица какао во прав 1 кесичка ванилин шеќер сок од 1/2 лимета 300гр. бисквити Ставете го млекото заедно со шеќерот да се вари во едно тенџере. Откако убаво ќе се загрее, додадете го маргаринот и мешајте повремено додека се растопи и млекото да зоврие. Тргнете кратко на страна, додадете го гризот и вратете повторно да се вари на умерена температура. Мешајте цело време додека се свари гризот и додека да добиете густа каша. Смесата поделете ја на два еднакви дела. Во едниот дел ставете го какаото и убаво промешајте. Во другиот дел ставете го сокот од лиметата и ванилиниот шеќер и промешајте. Во правоаголна тава со димензии 30*20 ставете еден ред бисквити. Врз нив нанесете го топлиот какао фил. Повторно наредете еден ред бисквити, па нанесете го светлиот фил. Врз него ставете уште еден ред бисквити и тоа е се. Оставете на собна температура да се подизлади, па потоа ставете го во фрижидер убаво да се излади и стегне. Послужете се овошје по желба или со слатка павлака.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Јули.2014 во 13:45
БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: ТОРТА СО ПЛАЗМА И ЈАГОДИПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: *600гр мелена плазма *250гр маргарин *200гр шеќер во прав *2дл сок од портокал или лимон Фил 1: *јагоди по желба *250гр маргарин *2 чаши кисела павлака *200мл слатка павлака *12 лажици шеќер во прав *рендана кора од лимон Фил 2: *200мл слатка павлака НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Во сад ставете ја плазмата, маргаринот и шеќерот. Со раце направете смеса, па малку по малку додавајте сок од портокал и месете се додека не добиете изедначена, мазна смеса. Во плех или калап за торта формирајте кора. Маргаринот изматете го со шеќерот, па додадете кисела павлака, кора од еден лимон и изматена слатка павлака. На подготвената кора ставете половина бел фил, одозгора наредете јагоди, па повторно прекријте ги со бел фил. Изматете ја слатката павлака и нанесете ја врз кората. По желба изрендајте чоколадо или додадете сируп од чоколадо. Оставете ја во фрижидер да се стегне и излади неколку часа.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Јули.2014 во 16:16
БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: ЛЕЊА ПИТА СО ЈАБОЛКОРецептот се подготвува без печење! Состав: - 1 килограм јаболки
- 6 децилитри вода
- 150 грама шеќер
- 2 кесички пудинг од ванила
- 1 кесичка цимет
- 2 кутии бисквити „Petit Beurre“
- 250 милилитри слатка павлака
Подготовка Измијте ги, излупете ги и изрендајте јаболките. Без да се цедат ставете ги да се варат во водата во која претходно сте го додале шеќерот. Варете 5 до 10 минути. Разматете ги двете кесички пудинг со 12 лажици ладна вода. Кога јаболките ќе омекнат, додајте им го изматениот пудинг и малку цимет, па се заедно повторно варете и мешајте без престан се додека смесата не згусне и се соедини. Во сад за печење наредете ред бисквити па ред фил од јаболки. Па повторно ред бисквити и ред фил. На крај завршете со последен ред од бисквити. Оставете да се олади колачот и премачкајте го со шлаг од изматената слатка павлака и украсете со рендано чоколадо.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Јули.2014 во 14:09
БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: ЧОКОЛАДНИ ПРАЛИНИ СО КЕКСИСостојки: - 250 грама крем сирење (намаз)
- 500 грама кекси полнети со чоколади (Oreo, Moto…)
- 250 грама темно чоколадо
Подготовка: 1. Здробете ги кексите во трошки. Најлесен начин да го направите ова е да ги сомелете или пак да ги ставите во вреќичка и да ги поминете со валјак за тесто. Издвојте мал дел со кој ќе ги посипете на крај пралинето. 2. Здробените кекси ставете ги во сад и додадете го кремот од сирење и добро измешајте додека не добиете густа поврзана маса, а со рацете обликувајте бомбици со дијаметар околу 3 сантиметри. 3. Стопете го чоколадото на пареа и една по една бомбица ставете ја во него и потоа ставете ја во чинија. Додека чоколадото сè уште е топло, над бомбиците истурете го остатокот од здробените кекси и ставете ги во фрижидер да отстојат барем еден час. Совет: Доколку сакате бомбиците да ги посипете еднакво со чоколадо, тогаш ставете ги во сад и со две лажици внимателно вртете ги додека во целост не ги прелиете со чоколадото. Истото можете да го направите со тоа што бомбиците ќе ги забодете на виљушка и внимателно потоа ја ставите во чоколадото.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Јули.2014 во 23:01
Монте торта
| За совршен десерт не ви се потребни часови поминати во кујната, доволни ви се само неколку состојки и шолја кафе со која ќе биде послужено парчето торта.
Погледнете што се е потребно и како се прави овој рецепт за кој не е потребно да инвестирате премногу труд. Состојки:• бисквити• рум• малку млекоБел крем:• 1 литар млеко• 100 гр. пченкарно брашно• 100 гр. шеќер • 1 ванилин шеќер • 125 гр. путерКафеав крем:• 500 мл. слатка хопла• 200 гр. чоколда за готвењеПодготовка:Најпрво на дното на сад за печење ставете ги бисквитите, потоа премачкајте ги со малку млеко и рум.Почнете со подготовка на белиот крем. Загрејте го млекото и додадете малку рум во него. Во друг сад измешајте го шеќерот и брашното со малку млеко со цел да добиете мазна смеса, а кога млекото ќе почне да врие, згответе ја смесата и мешајте две минути. Додека смесата е топла додадете го путерот и прелијте ја смесата преку бисквитите.Додека белиот крем се лади, започнете со подготовка на чоколадниот крем. За овој крем на тивок оган ставете ја хоплата и додадете ја исечканата чоколада за готвење. Кремот ќе биде готов кога чоколадата ќе се стопи целосно. На крај прелијте го овој крем, над белиот, почекајте да се олади и готово!Уживајте! |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Јули.2014 во 19:34
БЕЛ ОСТРОВПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 40 парчиња плазма * 1 пудинг од ванила * 1 пудинг од чоколадо * 250гр путер * млеко колку што е потребно за пудингот + уште 1-2дцл за потопување на плазмата * шеќер колку што пишува на паковката од пудингот * 1 пакетче ванила * 2 поголеми или 3 помали банани * 2 пакетчиња шлаг НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Путерот извадете го од фрижидер да омекне. Сварете ги пудинзите според упатството од паковката. Осатавете ги да се изладат и од време на време промешувајте ги, да не се создаде кора на површината. Откако ќе се изладат, во секој додадете по 125гр омекнат путер. Треба добро да изматите две креми. Во 2дцл мелко ставете едно пакетче ванила да се стопи. Во тоа млеко топете ги плазмите, но да не бидат премногу меки, па редете ги 4×4 плазми. Нјапрово премачкајте ги со чоколадниот крем, па повторно плазма (3×4). Следен е кремот од ванила, бананите, кремот од ванила и плазма (2×4). Потоа кремот од чоколадо, бананите, кремот од чоколадо и плазма (1×4). Премачкајте ја целата торта со останатиот дел од кремот. Ставете го во фрижидер за да се стегне. По два часа изматете го шлагот и премачкајте ја тортата.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Август.2014 во 11:53
ЛЕДЕН ДЕСЕРТ СО БЕЛО ЧОКОЛАДОПотребни состојки: - 2 јајца - 2 кесички ванилин шеќер - 1 дл млеко - 1 дл слатка павлака - 150 гр бела чоколада Подготовка Изматете ги жолчките со ванилиниот шеќер и варете ги на пареа неколку минути. Оставете ги да се изладат. Загрејте го млекото, па во него ставете ја чоколадата да се растопи. Изматете ги белките, и во посебен сад изматете ја слатката павлака. Соединете ги сите смеси во една и ставете ги во калапи. Ставете ги во замрзнувач и послужете ги додека се ладни.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Август.2014 во 16:51
ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО ПАВЛАКА БЕЗ ПЕЧЕЊЕЗа денешниот лесен и летен рецепт со кој ќе го разубавите денот на блиските не Ви треба многу. Малку време, кутија кекси, хопла, јајца, млеко и чоколада за готвење – каде што сметаме дека не Ви треба постапка на приготвување бидејќи едноставоста на истата е достапна на фотографијата подолу. Отако ќе завршите со подготовката, оставете да се излади и сместете ја тортата во фрижидер. Послужете ја студена, во комбинација со студено кафе. http://365.com.mk/wp-content/uploads/2014/08/1.8.jpg" rel="nofollow">
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Август.2014 во 10:31
КРЕМАСТА БАЈАДЕРА ГОТОВА ЗА 10 МИНУТИПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 1 литар млеко * 150гр гриз * 250гр маргарин * 1-2 лажици какао * 200гр оцет * 1 пакетче ванила * кора од лимон и сок од половина лимон * бисквити НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Ставете го млекото да се вари заедно со шеќерот, додадете го маргаринот да се стопи па во тоа додадете го и гризот. Поделете ја смесата на два дела па во едниот додадете какао, а во другиотшеќерот од ванила и лимонот. Во плех наредете ги бисквитите па најпрво ставете од црната смеса. Врз црниот крем ставете бисквити. Врз бисквитите ставете од белата крема, па повторно бисквити и тоа е тоа. Ставете во фрижидер и почекајте да се излади.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Септември.2014 во 11:51
ЗА 10 МИНУТИ ДО ВКУСЕН ДЕСЕРТ: ОРЕО ТОРТАСостојки: орео кекси сладолед од ванила чоколадо за готвење путер Подготовка: Ова е непечена торта. Сè што треба да направите е да ги искршите орео-кексите на ситни парчиња или на половинки и да ги измешате со сладоледот од ванила. Оваа смеса ставете ја во калап, додека чоколадото и путерот ќе ги истопите на пареа. Со растопеното чоколадо целосно прекријте ја тортата. Можете одозгора да додадете уште кекси.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Септември.2014 во 13:35
НЕПЕЧЕНА ТОРТА СО КРЕМ БАНАНИ И РЕСАНИ ГОТОВА ЗА САМО 5 МИНУТИПотребно: 10 крем бананчиња 1/2 кг ресани 1/2 кг хопла Ресаните и крем бананчињата се сецкаат. Хоплата се мати и кога ќе се згусни, поголемиот дел се меша со бананчињата и ресаните. Се прави форма по желба и се премачкува со остатокот од хоплата.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 15.Септември.2014 во 22:32
Посни штангли со кикирики без печење
Потребно е: 500 г. посни бисквити 250 г. солени кикирики 1 маргарин (посен) Подготовка: Издробените бисквити и кикиритки прелејте ги со претходно растопен маргарин. Додадете онолку вода, колку што е потребно да се замеси тесто. Ставете во тепсија, а висината на тестото нека биде околу 2 см. Оставете го тестото да отстои во ладилник. Оладеното тесто го сечеме на парчиња.
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Септември.2014 во 10:55
ШТАНГЛИ СО КИКИРИКИ БЕЗ ПЕЧЕЊЕПотребно е: 500 г. посни бисквити 250 г. солени кикирики 1 маргарин Подготовка: Издробените бисквити и кикиритки прелејте ги со претходно растопен маргарин. Додадете онолку вода, колку што е потребно да се замеси тесто. Ставете во тепсија, а висината на тестото нека биде околу 2 см. Оставете го тестото да отстои во ладилник. Оладеното тесто го сечеме на парчиња.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Октомври.2014 во 18:24
БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: ДЕСЕРТ ОД БИСКВИТИ И ПУТЕР ОД КИКИРИТКИ, ГОТОВ ЗА 10 МИНУТИСостојки: ● 1 шолја растопен путер ● 2 шолји мелени бисквити ● 2 шолји шеќер ● 1 шолја и 4 лажици путер од кикиритки ● 150 грама чоколадо Подготовка: Во чинија промешајте го растопениот путер, мелените бисквити, шеќерот и една шолја путер од кикиритки и мешајте се’ додека состојките не се соединат. Во микробранова печка растопете го чоколадото и со остатокот од путерот од кикиритки прелијте ја претходно подготвената смеса. Пред да го пресечете колачот на парчиња, оставете го да се излади барем еден час во ладилник.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Октомври.2014 во 20:09
Неодолив десерт за само 6 минути!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 1 шолја растопен путер, * 2 шолји мелени бисквити, * 2 шолји шеќер, * 4 лажици путер од кикиритки, * 1 1/2 парчиња чоколадо. НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Во чинија помешајте го растопениот путер, мелените бисквити, шеќерот и 1 лажица путер од кикиритки додека состојките не се соединат. Во врела вода или микробранова стопете ја чоколадата со остатокот од путер со кикиритки и прелејте ја со тоа претходно подготвената смеса. Пред да го исечете колачот на штангливи, нека отстои еден час во ладилник.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Октомври.2014 во 23:00
Брзо и без печење! Кремаста торта од банани и бисквити
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 250гр шеќер во прав * 250гр маргарин * 250гр мелени бисквити * 4 кисели јаболка изрендани без кора * 5 банани * 4 пакетчиња шлаг НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Маргаринот изматете го со шеќерот во прав. Додадете ги мелените бисквити, изренданите јаболка и 3 изгмечени банани. Формирајте торта од половина смеса. Во средината ставете ги исецканите 2 банани па врз нив вториот дел од смесата. Одозгора украсете со изматен шлаг.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Октомври.2014 во 23:05
Пудинг торта која не се пече
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 1,5л млеко * 100гр чоколадо за готвење * 4 пудинга од чоколадо * 10 лажици шеќер * 300гр бисквити * 2 пакетчиња шлаг крем од чоколадо НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Во, 1,5л сварено млеко додадете го чоколадото и 4 пудинзи, со 10 лажици шеќер. Откако пудингот ќе биде готов, отстранете го од огнот и додадете ги скршените бисквити па разлеете ја смесата во плех. Отако добро ќе се излади ставете го изматениот шлаг. Врз шлагот ставете изрендано чоколадо.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Октомври.2014 во 10:39
Шехерезада торта (без печење)
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 2 пакувања кекси ( petit beurre полнети со чоколадо) * 4 пакетчиња пудинг од карамела * 1 маргарин * 10 лажици шеќер * 500гр шлаг крем * 2л млеко НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Сварете ги пудинзите од карамела во 1 литар млеко со 10 лажици шеќер. Почекајте додека се излади. Отакако ќе се изладат , изматете го маргаринот, и споете го со пудингот. Добро изматете со миксер да добиете убава кремасата смеса. Изматете го шлагот со 1 литар млеко, Потребно ви е 500гр шлаг крем. Подгответе го кексот. Наредете го во послужавник. Врз него намачкајте од филот со карамел, а врз филот ставете шлаг. Потоа повторно кекс, па фил и на крајот шлаг. Повторувајте го тоа се додека не го потрошите материјалот.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Октомври.2014 во 17:44
БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: СКРИЕНИ БАНАНИ СО ПЛАЗМА И ОРЕВИСостојки • 300 г мелени плазма кекси • 100 г маргарин • 100 г шеќер во прав • 2 банани • 1 крушка • 1 кесичка ванилин шеќер • 120 г мелени ореви • 4 банани • 1 кесичка шлаг пена (за шлагот) • 200 мл млеко (за шлагот) Подготовка 1. Изматете го маргариннот со шеќерот во прав, потоа додадете во таа смеса изрендана крушка и испасирани две банани. 2. Смесата полека измешајте ја со лажица. Потоа додадете ги мелените плазма кекси, ванилиниот шеќер и мелените ореви. 3. Убаво измешајте и на фолија расукајте смеса, наредете ги 4 банани по должина, завиткајте во ролат и оставете на ладно да се стегне. 4. Оладениот ролат декорирајте го со претходно изматениот шлаг крем со млеко.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Октомври.2014 во 22:30
Непечени колачиња од путер од кикиритки http://www.mkd.mk/wp-content/uploads/2012/10/nobake-7.jpg" rel="nofollow"> Приготвување:Измешајте ги сите состојки во сад. Тестото ќе биде многу трошливо, но продолжете да мешате. Со рацете формирајте топчиња со пречник од 1,5 см - ако тестото е премногу трошливо и се распаѓа, додајте малку повеќе путер од кикиритки или мед, додека тестото поубаво да се спои. Сплескајте ги топчињата и притиснете ги со виљушка за да се создадат засеци. На пареа стопете ја чоколадата и со неа попрскајте ги колачињата одозгора со виљушка. Колачињата чувајте ги во фрижидер најмалку 30 минути пред сервирањето. | Состојки:За околу 20 колачиња: 200 г мелени бисквити 150 г кремаст путер од кикиритки 120 г мед 1 лажичка екстракт од ванила 50 г шеќер 1/2 лажичка цимет 1 лажичка свеж рендан ѓумбир (или прстофат ѓумбир во прав) 150 г чоколада |
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Ноември.2014 во 17:02
КИВИ КОЦКИСостојки: 300 гр. бисквити, 0,5 l млеко (плус малку млеко за потопување) , 5 лажици брашно, 100 гр. шеќер, ванилин шеќер, 150 гр. маргарин, 4 киви, шлаг и пудинг од ванила. Подготовка: Изматете го брашното со малку млеко. Во остатокот од млекото додадете шеќер и ванилин шеќер, па ставете да зоврие. Сварете пудинг. Пенасто изматете маргарин, додадете лажица по лажица од оладениот пудинг со постојано мешање. Половината од бисквитите потопете ги во млеко и наредете ги на тацна. Преку бисквитите намачкајте половина од филот, а одозгора наредете две киви исечени на кругови. Премачкајте со другата половина од филот, па наредете бисквити натопени во млеко. На крајот изматете шлаг и со него премачкајте го целиот колач. Кога ќе омекне, исечете го на коцки, па на секоја коцка ставете ги на кругови исечени останатите киви.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Ноември.2014 во 11:41
http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/26924-podgotvete-brzi-plazma-bombici" rel="nofollow -
За десертот да биде совршен не ви се потребни многу пари, ниту многу време. Вештините исто така се сведени на минимум, па овој рецепт може да го испробаат и почетниците. Потребна ви е само голема желба и пријатели со кои ќе го споделите слаткото уживање. Состојки: - 350g еурокрем
- 350g мелена Плазма
- Млеко по потреба
- 10 парчиња чоколадни банани
- Топено чоколадо, кокос, мелени ореви или бисквити за декорација, по желба
Подготовка: Кремот растопете го на пареа и додадете ја мелената Плазма. Со раце соединете ја смесата и по потреба додадете малку млеко. Чоколадните банани поделете ги на 5-6 дела. Како што ќе ги обликувате бомбиците, во внатрешноста на секоја ставете по едно парче чоколадна банана. За крај, потопете ги бомбиците во чоколадо или извалкајте ги во кокос, мелени ореви, бадеми, бисквити... Послужете и уживајте!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Ноември.2014 во 08:44
http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/26982-brzo-i-lesno-cokoladna-torta-koja-ne-se-pece" rel="nofollow -
Ако го сакате вкусот на чоколадото, а немате многу време за печење и правење комплицирани филови, ова е единствениот рецепт кој ви треба. Состојки: - 1l млеко
- 10 лажици шеќер
- 3 пудинзи од ванила
- 300g млечно чоколадо
- 100g бело чоколадо
- 500ml слатка павлака
- Пакетче бисквити
Подготовка: Во 200ml млеко разматете ги пудинзите и шеќерот. Остатокот од млекото ставете го во тенџере и загрејте го додека не зоврие. Додадете го разредениот пудинг и сварете го. Добиениот пудинг поделете го на 2 дела. Во едниот додајте го темното, а во другиот белото чоколадо. Мешајте додека чоколадото не се растопи. Оставете ги да се оладат. Слатката павлака изматете ја со миксер, па по ¼ додадете во темното и светлото чоколадо. Во овален калап ставете фолија, па истурете ја светлата смеса и дел од темната смеса. Благо измешајте ги додека не добиете црно-бели шари. Нанесете ја преостанатата павлака, израмнете, па потоа остатокот од смесата со темно чоколадо. Бисквитите потопете ги во млеко, па наредете ги врз смесата. Тортата покријте ја со фолија и ставете ја во ладилник да се олади неколку часа. Земете чинија или плитка тава поголема од садот во кој ја правевте тортата и превртете ја. Сечете и декорирајте по желба. http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/26982-brzo-i-lesno-cokoladna-torta-koja-ne-se-pece" rel="nofollow">
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Ноември.2014 во 15:49
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Ноември.2014 во 21:18
http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/26982-brzo-i-lesno-cokoladna-torta-koja-ne-se-pece" rel="nofollow -
Состојки:
- 1l млеко
- 10 лажици шеќер
- 3 пудинзи од ванила
- 300g млечно чоколадо
- 100g бело чоколадо
- 500ml слатка павлака
- Пакетче бисквити
Подготовка:
Во 200ml млеко разматете ги пудинзите и шеќерот. Остатокот од млекото ставете го во тенџере и загрејте го додека не зоврие. Додадете го разредениот пудинг и сварете го.
Добиениот пудинг поделете го на 2 дела. Во едниот додајте го темното, а во другиот белото чоколадо. Мешајте додека чоколадото не се растопи. Оставете ги да се оладат.
Слатката павлака изматете ја со миксер, па по ¼ додадете во темното и светлото чоколадо.
Во овален калап ставете фолија, па истурете ја светлата смеса и дел од темната смеса. Благо измешајте ги додека не добиете црно-бели шари.
Нанесете ја преостанатата павлака, израмнете, па потоа додадете го остатокот од смесата со темно чоколадо.
Бисквитите потопете ги во млеко, па наредете ги врз смесата.
Тортата покријте ја со фолија и ставете ја во ладилник да се олади неколку часа.
Земете чинија или плитка тава поголема од садот во кој ја правевте тортата и превртете ја.
Сечете и декорирајте по желба.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Ноември.2014 во 08:27
Чоколаден ролат со банани бисквити
Вкусниот ролат збогатен со сочниот шмек на овошје е идеален за сите љубители на слатките, од најмлади до најстари.Се подготвува брзо, лесно и без печење. Потребни состојки: - 250g маргарин
- 300g мелени бисквити
- 150g шеќер во прав
- 4 јаболка
- 3 пасирани банани
- 4 цели банани
- 100g чоколадо за глазура
- 1 лажица масло
Подготовка: Изматете го маргаринот со шеќерот во прав, па додајте ги мелените бисквити. Добро промешајте и соединете ја смесата, а потоа додадете ги ренданите јаболка и пасираните банани. Соединете ја смесата, па раширете ја на фолија како тесто. Поделете ја на 2 еднакви дела, а во средината на секој дел ставете по две цели банани. Замотајте во форма на ролати и ставете ги во ладилник неколку часа, додека се стврднат. Пред послужувањето, ролатот премачкајте го со растопено чоколадо во кое ќе додадете 1 лажица масло. Декорирајте по желба.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Ноември.2014 во 18:37
ПЕСОК ТОРТА: ДЕСЕРТ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ, ГОТОВ ЗА 20 МИНУТИСостојки: 1 литар млеко 4 пакетчиња пудинг 330 гр шеќер 1 маргарин 200 гр бисквити 200 гр кокос 200 гр ореви Шлаг Подготовка: Ова е брз колач, готов е за 20 минути и не може да не успее! Количината на состојките секако зависи од големината на тортата што сакате да ја направите, но е важно да се сочува овој сооднос. Треба да ги сварите четирите пакетчиња пудинг, но не според упатството на производот, туку во еден литар млеко. Пудингот нека се олади и во него додадете го пенасто изматениот маргарин. Смесата поделете ја на три дела. Во едниот дел додадете кокос, во другиот ореви, а во третиот мелени бисквити. Треба да додадете толку состојки со цел пудингот да биде доволно цврст. Во соодветен сад ставете го прво кремот со бисквити, врз него кремот со кокос, а на крај тој со ореви. На крај изматете го шлагот и премачкајте ја тортата од сите страни.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Ноември.2014 во 16:04
http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/27280-gotov-za-5-minuti-cokoladen-kolac-bez-pecenje" rel="nofollow -
Ако ви се смачи од печењето и експериментирањето во кујна, а ви се јаде нешто слатко и чоколадно, ви предлагаме да го пробате ова 5-минутно задоволство. Потребни состојки: - Путер за подмачкување
- 230g темно чоколадо
- 230g слатка павлака
- ¼ лажичка сол
- Какао
Подготовка: Земете тесен калап за печење ролати, премачкајте го со путер, па покријте го со хартија за печење. Растопете го чоколадото на тивок оган. Во друг сад загрејте ја павлаката, но не смее да зоврие. Тргнете ја и додајте малку сол. Промешајте ги двете смеси додека не добиете соединета смеса. Густата смеса ставете ја во премачканиот калап, покријте со пластична фолија и добро оладете го колачот. Најдобро е да го оставите да отстои неколку часа во замрзнувач. Извадете го неколку минути пред послужување, превртете го и посипете го со какао. Изненадете ги најблиските и уживајте заедно! http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/27280-gotov-za-5-minuti-cokoladen-kolac-bez-pecenje" rel="nofollow">
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Ноември.2014 во 16:16
KAСАТО ТОРТА (БЕЗ ПЕЧЕЊЕ)Потребни состојки: – 1 маргарин кристал – 150 гр. шеќер во прав – 2 чоколади за готвење – 3 жолчки – 500 гр. бисквити – 200 мл. млеко – 200 гр. сецкани ореви – 200 гр. сецкани желе бомбони – 100 гр. суво грозје прелиено со 1 лажичка рум – 100 гр. кокос – 100 гр. сецкани крем банани Подготовка:Ставете го маргаринот да се растопи и додајте го шеќерот во прав и една чоколада. Кога ќе се излади ставете ги трите жолчки и промешајте. Бисквитите скршете ги на ситни парченца и попрскајте ги со ладното млеко. Додајте половина од оревите, крем бананите, кокос, желе бомбони, суво грозје и мешајте заедно со половина од смесата со растопениот маргарин и чоколада. Потоа додајте ја уште половината од намирниците и смесата. Ставете на кутија за торта и формирајте облик по желба. Оставете ја да се олади 1 час и потоа на пареа стопете 1 чоколада па посипете ја тортата и вратете ја повторно во фрижидер.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Ноември.2014 во 09:04
http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/27355-omileniot-vkus-od-detstvoto-recept-za-brzi-rum-stangli-bez-pecenje" rel="nofollow -
Рум штанглите дефинитивно се наједноставните, но највкусни колачиња кои ни го одбележаа детството. За среќа, сега може да ги подготвите во домашни услови, без комплицирани постапки и скапи состојки. Одвојте 20 минути за нивна подготовка, а потоа уживајте со денови. Состојки: - 300g компир
- 300g мелени бисквити
- 200g темно чоколадо
- 140g маргарин
- 200g шеќер во прав
- 1 лажица какао
- 2 лажици рум (може да додадете и повеќе, по желба)
- 1 лажица масло
Подготовка: 1 чекор: Сварете го компирот, исцедете го и испасирајте го додека не добиете пире. Додајте му 100g чоколадо и 100g маргарин. Мешајте додека не се растопат од топлината на компирот. Додадете ги мелените бисквити, шеќерот во прав, какаото и 2-те лажички рум. 2 чекор: Формирајте тенок колач кој ќе го сечете на парчиња со дебелина од 2 сантиметри или обликувајте ја смесата со калапи. Оставете ја во ладилник додека го подготвувате преливот. 3 чекор: На тивок оган растопете го преостанатото чоколадо и 40g маргарин. Додадете 1 лажица масло и добро соединете ја глазурата. Извадете ги рум штанглите и прелијте ги или натопете ги во чоколадото. Ставете ги на послужавник и вратете ги во фрижидер уште 1 час. Не заборавајте да споделите со нас дали го погодивте вкусот!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Ноември.2014 во 17:02
БИСКВИТ ТОРТА СО ОРЕВИ https://twitter.com/share" rel="nofollow - T Потребни намирници: 3 пакетчиња бисквити 200 мл млеко 100 гр ореви 750 мл млеко 200 гр шеќер 2 јајца 2 супени лажици брашно 1 пакетче ванилин шеќер Млекото (750мл) треба да зоврие. Се додава шеќерот и се меша додека се раствори. Брашното се меша со јајцата (2) и ванилиниот шеќер. Во тоа се додава и млекото со шеќерот и се меша постојано додека се добие крем. Бисквитите се кршат и со нив се покрива дното на садот за печење. Се поливаат со млекото (200мл) и со кремот се прави втор слој. Потоа повторно еден ред кршени бисквити, па слој од кремот се додека имате материјал. На крај се завршува со слој крем и мелени ореви.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Декември.2014 во 08:19
http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/27547-recept-za-koj-ne-vi-treba-nitu-pecenje-nitu-vestina-rum-bombici" rel="nofollow -
Мирисот на рум некако секогаш не потсетува на топлина во сред зима, но и на вкусни божиќни колачиња. А во комбинација со чоколадо и мелени лешници, создава слатка идила совршена за тмурните денови. Состојки: - 150g чоколадо
- 50g путер
- 150g мелени лешници, бадеми и ф’стаци (мешано)
- 2 лажици рум + 2 лажици кафеав шеќер
- 2 лажици рум
Подготовка: Чоколадото и путерот стопете ги на пареа. Додајте ги мелените јаткасти плодови и промешајте. Румот и шеќерот промешајте ги додека шеќерот не се растопи, а потоа додајте ја течноста во чоколадото и промешајте. Додајте уште 2 лажици рум, промешајте со дрвена лажица и со раце обликувајте топчиња. Добиените бомбици ставете ги да се оладат, а потоа извалкајте ги во цимет, какао или уште стопено чоколадо. Уживајте!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Декември.2014 во 18:43
МИЛКА ТОРТА СО ПЛАЗМА БИСКВИТИ (НЕ СЕ ПЕЧЕ)Состојки: 12 јајца 10 лажици шеќер 375 г маргарин (едно и пол пакување) 300 г мелена плазма (едно пакување е 300 г) 600 г обични плазма бисквити 2 бели и 2 темни (обични, млечни) Милка чоколади Подготовка: Од јајцата се одвојуваат жолчките и се матат заедно со шеќерот. Смесата се става да вари на пареа да се згусне, притоа постојано се мати со миксерот. Посебно се мати маргаринот и и’ се додава на претходно оладената готова смеса од жолчки (мора да биде оладена, инаку ќе се растече многу). Потоа од белките се мати цврст снег и се додава мелената плазма. Оваа смеса се меша заедно со кремот од жолчките, па се дели на два дела. Во едниот дел се додаваат растопените бели чоколади, а во другата темните. Правоаголно длабоко тавче се обложува со алуминиумска фолија и се редат плазма бисквити натопени во млеко, не само на дното туку и од страните. Потоа се ставаат филовите еден врз друг, прво белиот, потоа кафеавиот. Повторно се редат плазма бисквити натопени во топло млеко. Се остава во замрзнувач 24h, потоа се превртува на чинија и се украсува со готов шлаг.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Декември.2014 во 18:44
РЕСАНА ТОРТА ГОТОВА ЗА 10 МИНУТИИ доколку не сте уметник во кујната, ќе го обожавате овој рецепт! Ќе го сакате бидејќи е толку едноставен и брз, а вкусот на тортата е фантастичен! ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 5 кутии ресани * 150гр маргарин * 50гр млечно чоколадо * 150мл млеко * 5 лажици шеќер * 100гр чоколадо за готвење * 1 лажица масло * по желба додадете и малку вишни, малини или јагоди НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Истопете го маргаринот и мелчното чоколадо, додадете го мелкото и 5 лажици шеќер, па се заедно мешајте на тивок оган додека не се истопи. Ситно исецкајте ги ресаните. Полиете ги со претходно подготвената смеса. Доколку ставате овошје, ситно исецкајте го и додадете во смесата. Оставете ја да се излади па ставете ја во калап обложан со фолија. Оставете ја во фрижидер неколку часа. Извадете ја од калапот и полиете ја со филот од чоколадо за готвење. По желба декорирајте со шлаг или овошје.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Декември.2014 во 09:42
БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: ТОРТА ОД ЧОКОЛАДНИ КРЕМ БАНАНИ ГОТОВА ЗА 15 МИНУТИ
Состојки: Пакетче “petit beurre” бисквити 25 чоколадни крем банани 200 мл кисела павлака 200 мл слатка павлака 200 гр шеќер во прав Шлаг крем Подготовка: Во поголем сад со миксер изматете ги киселата и слатката павлака со шеќер во прав. Во смесата додадете бисквите искршени на поголеми парчиња, потоа и крем бананите искршени на помали парчиња па рачно измешајте. Смесата исипете ја во соодветен сад. Украсете ја тортата со шлаг крем. Ако е потребно може веднаш да се сервира, но би било најдобро пред сервирање да се олади во фрижидер.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Декември.2014 во 08:34
ЕДНОСТАВНО И БРЗО: НАПРАВЕТЕ ЈА ФАНТАСТИЧНАТА ЛЕДОЛИНА ТОРТАСостојки: 500 мл млеко 500 мл павлака за шлаг 12 лажици густин или 110 гр 1 ванилин шеќер 10 дкг чоколада за готвење 10 дкг бела чоколада 4 лажици шеќер Кутија пишкоти или помала кутија бисквити во варијанта за торта или колачи Подготовка: Измешајте го млекото и павлаката за шлаг и од таа количина одземете околу 2 дл за да го растворите густинот со шеќерот. Остатокот од течноста ставете ја на оган и кога ќе зоврие додадете го растворениот густин. Кремот релативно брзо се згуснува па затоа не е потребно долго време да се вари, околу 2-3 минути. Кремот поделете го на два дела. Во едниот дел додадете рендана чоколада и мешајте енергично додека се стопи, а во другиот дел додадете бела чоколада и добро измешајте. На дното од калапот за торти ставете пишкоти натопени во млеко или бисквити па веднаш премачкајте прво со темниот, а потоа и со белиот крем. Ставете ја тортата во фрижидер добро да се олади.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Декември.2014 во 08:35
БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: ТОРТА ОД ЧОКОЛАДНИ КРЕМ БАНАНИ ГОТОВА ЗА 15 мин
Пакетче “petit beurre” бисквити 25 чоколадни крем банани 200 мл кисела павлака 200 мл слатка павлака 200 гр шеќер во прав Шлаг крем Подготовка: Во поголем сад со миксер изматете ги киселата и слатката павлака со шеќер во прав. Во смесата додадете бисквите искршени на поголеми парчиња, потоа и крем бананите искршени на помали парчиња па рачно измешајте. Смесата исипете ја во соодветен сад. Украсете ја тортата со шлаг крем. Ако е потребно може веднаш да се сервира, но би било најдобро пред сервирање да се олади во фрижидер.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Декември.2014 во 19:26
ЧОКОЛАДНА КЕКС ТОРТА: ОДЛИЧЕН ДЕСЕРТ БЕЗ МНОГУ МАКА https://twitter.com/share" rel="nofollow - T Состојки: 500 гр петит бисквити 700 мл млеко 1 пакетче пудинг од чоколада 250 гр маргарин 150 гр шеќер во прав 100 гр црна чоколада Подготовка: Во топлото млеко со постојано мешање сварете го пудингот. Во пудингот додадете црна чоколада, мешајте додека не се стопи и оставете да се олади. Маргаринот и шеќерот во прав се матат со миксер и се додаваат во пудингот. Бисквитите се потопуваат во млеко и се подредуваат во калап. Се премачкуваат со чоколадниот фил, а постапката се повторува се додека не се употребат сите состојки. Со останатиот фил се декорира тортата, како и со рендана чоколада, па се остава да се олади во фрижидер. Ладната торта се сече и се сервира.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Декември.2014 во 08:16
http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/27950-ferero-roche-bombici-gotovi-za-30-minuti" rel="nofollow -
Се вели дека најдобрите колачи се подготвуваат брзо и лесно, а ги содржат омилените состојки. Такви се бомбиците Фереро Роше од Нутела и лешници. За нив потребни ви се само 5 состојки, а вкусот и задоволството се незаменливи. Потребни состојки: - 100g лешник наполитанки
- 150g лешници
- 200g Нутела
- 150g чоколадо за готвење
- 4,5 лажички масло.
Начин на подготовка: Искршете ги наполитанките, додајте ги исечканите лешници и Нутелата за да се соедини сè. Обликувајте ги бомбиците и ставете ги во фрижидер за да се изладат. Стопете го чоколадото за готвење на помала температура, па прелијте ги бомбиците. На крај може и дополнително да ги извалкате во издробени лешници.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Декември.2014 во 08:37
НАЈЛЕСНИОТ ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧСостојки:- 250 бисквити (може и чајни колачиња или друг вид колачи)
- 85 г несолен путер
- 400 г темно чоколадо со над 60% какао маса
- 180 мл хопла
Подготовка: Со мало парче путер намачкајте го долниот дел од правоаголното тавче. Покријте го со хартија за печење. Скршете ги бисквитите на мали парченца. Остатокот од путерот растопете го во мало тенџере. Кога ќе се стопи, ставете ја хоплата. Кога и хоплата ќе се загрее, ставете го чоколадото скршено на коцки. Мешајте со дрвена лажица за да се стопи чоколадото. Кога ќе добиете хомогена смеса, тргнете го од оган, ставете ги скршените колачи и измешајте за да се соедини сè. Смесата претурете ја во намрсениот и обложен со хартија калап и ставете го колачот да отстои во фрижидер 3 до 4 часа.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Јануари.2015 во 11:48
http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/28155-domasni-napolitanki-recept-koj-gi-nadminuva-kupeckite-keksi" rel="nofollow -
Култните наполитанки во детството на сите ни беа омилен десерт, па токму затоа нашите мајки и баби се труделе успешно да го импровизираат вкусот на чоколадо и кекс кој се топи во уста. Ако некогаш станете носталгични или едноставно ве фати криза за нешто слатко и крцкаво, ви предлагаме да го пробате овој рецепт за најубавите домашни наполитанки. Состојки: - 4 листа обланди
- 250g путер
- 200g шеќер
- 12 лажици вода
- 250g мелени ореви
- 250g мелени бисквити
- 100g чоколадо за готвење
Подготовка: Во тенџере ставете ги путерот, шеќерот и водата и мешајте додека состојките не се соединат. Потоа додадете ги оревите, бисквитите и чоколадото. Повторно мешајте додека не добиете крем. Поделете го кремот на 3 еднакви дела и оставете го да се олади. Потоа мачкајте на горниот дел од секоја обланда и редете ги додека не ги потрошите. Потоа замотајте ги во мрсна хартија и над нив ставете нешто тешко за да се притиснат. Оставете ги на студено место, а по желба може колачот да го прелиете со топено чоколадо. Совет плус: Ако сакате да го засилите вкусот на кремот, откако ќе го направите додајте малку сок од портокал или неколку капки рум.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Јануари.2015 во 16:09
http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/28287-bez-pecenje-milka-torta-gotova-za-samo-30-minuti" rel="nofollow -
Доколку не сте расположени за готвење за време на празничните денови, но сакате да го изненадите семејството или партнерот со нешто слатко, Милка тортата е одличен избор за вас бидејќи може да ја подготвите само за половина час. Потребни состојки: - 1 литар млеко
- 10 лажици шеќер
- 3 пудинзи од ванила
- 300 грама млечно Милка чоколадо
- 100 грама бело Милка чоколадо
- 500 мл слатка павлака
- Бисквити
Подготовка:
Пудингот и шеќерот промешајте ги со неколку лажици млеко, а потоа смесата додајте ја во загреано млеко. Сварете го пудингот, а потоа смесата поделете ја на 2 дела. Во едниот дел истопете го темното чоколадо, а во другиот белото. Измиксирајте ја слатката павлака и ¼ ставете во белиот, а ¼ во темниот крем. Земете плех или тава за печење, издробете ги бисквитите или наредете ги цели, па прелијте го белиот крем. Оставете малку за декорација. Одозгора ставете го темниот крем. Преостанатиот бел крем кој го оставивте за декорација нанесете го врз темниот во вид на мали точки кои може да ги прошарате со чепкалка. Оставете ја тортата да се олади во фрижидер или замрзнувач, па потоа послужете ја. Може да декорирате со рендано Милка чоколадо или нешто друго по желба. Уживајте!
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Јануари.2015 во 15:56
БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: КОЛУМБО КОЦКИ СО БИСКВИТИ300 гр мелени чоколадни бисквити 250 гр шеќер 3 јајца 125 гр маргарин 100 гр сецкани ореви 100 гр сусам 100 гр чоколадо за готвење 1 лажица рум 1 лажица чоколадо во прав 2 ванили Прелив: 300 гр шеќер во прав 60 мл млеко Неколку капки лимон Подготовка: Ставете ги во тенџерче маргаринот, шеќерот, јајцата и чоколадото и на не многу силен оган варете ги неколку мин. мешајќи. Потоа тргнете го тенџерчето од шпоретот и ставете ги и другите состојки. Кога сето ќе се соедини, турете го во некое правоаголно плехче, 20*30 цм. Кога ќе се олади, направете го белиот фондан. Млекото зовријте го па турете го врз шеќерот, па капнете и некоја капка лимон. Нека постои така минута-две, па потоа измиксајте го со миксер и прелијте го колачот. Нека се олади добро, па исечете го со нож потопен во врела вода, на коцки 3*3 цм.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Јануари.2015 во 15:03
http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/28510-bez-pecenje-kolac-vo-casa-gotov-za-10-minuti" rel="nofollow -
Овој рецепт ќе им се најде на сите домаќинки кои немаат баш многу време на располагање, а сакаат да се покажат во добро светло пред гостите. Плус, кога и да ви се пријаде нешто слатко можете за многу кратко време да ја задоволите желбата. Потребни состојки: - 300g мелени бисквити
- 50g мелени ореви
- 2-3 лажици Несквик
- 3 кеси шлаг
- ½ лажичка цимет
- Чоколадо за готвење, по желба
Подготовка:
Мелените ореви и бисквитите измешајте ги со циметот и Несквикот, па потоа соединете ја смесата со 2 кесички изматен шлаг. На крај додајте го растопеното чоколадо за готвење. Смесата ставете ја во шолји, па одозгора премачкајте со преостанатата кесичка шлаг. Прелијте со малку стопено чоколадо и украсете по желба. Доброто кај овој колач е што можете да ги менувате состојките. Важни се само бисквитите и шлагот, додека оревите, Несквикот и циметот може да ги замените со кокос, мелени бадеми, ф’стаци, бело чоколадо, екстракт од ванила...
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Јануари.2015 во 16:39
ТОРТА СО БИСКВИТИ И НУТЕЛА– 500 гр бисквити – половина литар млеко – 3 кесички шлаг – Нутела – 4 жолчки – 250 гр шеќер во прав – 250 гр путер – 4 лажици брашно – 2 кесички ванила – 100 гр чоколада за готвење – малку млеко за да ги потопите бисквитите Подготовка: Најпрво подгответе го чоколадниот фил. Изматете ги жолчките со две кесички ванила и четири лажици брашно. Во оваа смеса ставете неколку лажици млеко, од половина литар млеко. Остатокот од млекото ставете го да се вари, па кога ќе почне да врие ставете ја смесата со жолчките. Варете додека не добиете густ фил, на крајот ставете ја чоколадата и мешајте додека не се растопи. На страна пенесто изматете го путерот со шеќерпт во прав и ставете го во изладениот фил. Изматете го шлагот според упатството. Потопете ги бисквитите во млеко, па наредете ги на еден плех. Одозгора ставете еден слој нутела, па ставете од шлагот, па чоколадниот фил. Повторете ја постапката додека имате од состојките.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Јануари.2015 во 16:42
ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО ПАВЛАКА БЕЗ ПЕЧЕЊЕЗа денешниот лесен и летен рецепт со кој ќе го разубавите денот на блиските не Ви треба многу.Малку време, кутија кекси, хопла, јајца, млеко и чоколада за готвење – каде што сметаме дека не Ви треба постапка на приготвување бидејќи едноставоста на истата е достапна на фотографијата подолу. Отако ќе завршите со подготовката, оставете да се излади и сместете ја тортата во фрижидер. Послужете ја студена, во комбинација со студено кафе.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Јануари.2015 во 20:50
МИНИ ТОРТА „БОМБА“Состојки: • 1 парче ролат од брусница на „Винчини“ • 100 мл слатка павлака • 4-5 лажици инстант какао (Несквик) • малку слатко од боровница, јагоди, капини, малини.. (по желба) Подготовка: 1. Ролатот од брусница исечете го на парчиња со дебелина од 7-8 мм. 2. Мини зделата за салата (ние користевме сад со дијамер од 15 см и со длабочина од 8 см) обложете ја со проѕирна растеглива фолија. 3. Целата здела, почнувајќи од дното, обложете ја со парчињата ролат од брусница. 4. Слатката павлака (хоплата) иматете а и додадете неколку лажици несквик. Доколку саката да биде поцрно, додадете какао во прав, ноне заборавајте да додадете и шеќер во прав. 5. Зделата обложена со ролат наполнете ја со изматената слатка павлака и одозгора затворете ја со останатите парчиња ролат. 6. 6.Мини тортата оставете ја да се олади, превртете ја, тргнете ја проѕирна фолија и сервирајте ја. 7. По желба, ставате малку слатко од боровница, јагоди, капини, малини..
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Јануари.2015 во 21:01
ЧУДО КОЕ НЕ СЕ ПЕЧЕ, А ГОТОВО Е ЗА 20 МИНУТИ!Ако не сте од оние кои со многу ентузијазам и трпение влегуваат во кујна со цел да подготват торта, ова е рецепт за вас. За оваа торта не треба да се плашите дали ќе ви успее, бидејќи не треба да ја печете. СОСТОЈКИ: 1 литар млеко 4 пудинзи од ванила 300 грама шеќер 250 грама путер 200 грама мелени бисквити 200 грама кокос 200 грама мелени ореви шлаг за украс (по желба) ПОДГОТОВКА: Згответе четири пудинзи од ванила во 1 литар млеко. Пудингот оладете го и во него додајте путер кој пред тоа е измиксан со шеќер. Смесата поделете ја на три дела, така што во еден ќе додадете кокос, во друг мелени ореви, а во трет мелени бисквити. Додајте онолку состојки колку што ви се потребни пудингот да биде доволно црврст. Во калап за торта ставете ја прво смесата со бисквити, на неа смесата со кокос, а на крај со ореви. Тортата по желба украсете ја со шлаг. Ако не сте премногу нестрпливи, оставете ја тортата во фрижидер неколку минути.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Јануари.2015 во 21:03
НАПРАВЕТЕ ДОМАШНА ВЕРЗИЈА НА ЧОКОЛАДО ТОБЛЕРОНЕ!
300 грама чоколадо 300 грама лешник 3 јајца 300 грама путер 300 грама бисквити 300 грама шеќер ПОДГОТОВКА: 1. Карамелизирајте 200 грама шеќер. Во карамел измешајте 200 грама препечени лешници. Ставете ја смесата на мрсна чинија па оставете ја да се олади. Останатиот шеќер измиксајте го со јајцата, а путерот разматете го посебно и соединете го со јајцата, потоа додајте растопена чоколада и 100 грама мелени лешници. 2. Иситнетите лешници измешајте ги во смесата, па додајте мелени бисквити. Се` добро промешајте и ставете во троаголен калап.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Февруари.2015 во 09:44
ЧОКОЛАДНИ КОЦКИ СО ЛЕШНИЦИ ГОТОВИ ЗА 5 МИНУТИСосотојки: 4 филџани ситно мелен шеќер 1/2 филџан какао во прав 1/4 филџан млеко 1/2 филџан путер 2 лажички екстракт од ванила Грст пржени,исецкани лешници Подготовка: Подгответе сад со димензии 10 х 10 см и подмачкајте го со малку путер или масло и обложете го со хартија за печење. Измешајте ги шеќерот и какаото и смесата ставете ја во сад кој го собира во микробранова. Мешавината полејте ја со млеко, а на крај додадете го путерот на коцки. Ништо не мешајте, ставете да се грее околу 2 минути, додека путерот не се стопи. Извадете го садот од микробранова, додадете екстракт од ванила и со миксер добро измешајте на најјака брзина додека не добиете кремаста маса. Во смсата се додаваат лешниците и се заедно се меша. Смесата се префрла во претходно подготвениот и подмачкан сад и се остава во замрзнувач околу десетина минути. После тоа, превртете го садот на рамна површина и добиената чоколадна плоча се сече на коцки.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2015 во 09:14
http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/29481-probajte-ekspres-torta-bez-pecenje" rel="nofollow - Секој кој ќе ја проба ќе ужива во мешавината на бисквити, пудинг и овошје, а оној кој ќе ја подготви ќе изгледа како врвен готвач, а потрошил само 15 минути во кујна. По сè изгледа, вреди да ја направите и споделите уште денес. Потребни состојки: - 1 пакетче бисквити
- 2 пудинзи од ванила
- 1l млеко + 100ml за бисквитите
- 6-8 лажици шеќер
- 1 kg банани
- 1/3 лимон
Подготовка: Сварете ги пудинзите со млекото и 6-8 лажици шеќер. Кога пудингот ќе се свари, оставете го да се излади и да се згусне. Кексите потопувајте ги во млеко за да омекнат и наредете ги на чинија или тава. По првиот слој, прелијте пудинг, па наредете кругови банана. Важно е бананата претходно да ја исечете и круговите да ги потопите во сокот од лимонот. Запазете го редоследот бисквити - пудинг - банани додека не го потрошите материјалот. Завршете со ред бисквити, па по желба декорирајте со шлаг пена и рендано бело чоколадо. Послужете ја тортата студена, со некој вкусен пијалак.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|