IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Компир на 101 начин
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Компир на 101 начин

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 10>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Мај.2014 во 18:30

Печен компир со сирење и сланина

Состојки:

  • 1,5kg компири
  • 500g сирење
  • 300g сланина

Подготовка:

Сварете го компирот во солена вода. Откако ќе се свари излупете го и во сад за печење редете компир исечкан на кругови, рендано сирење и ситно сечкана сланина. Завршете со уште еден ред компири и одозгора зачинете.

По желба, додајте 2-3 лажици хопла или павлака за компирот да биде посочен.

Печете околу 20 минути на 200 степени.

sto-da-gotvite-ovaa-nedela-brzi-recepti-za-socen-rucek-03




Изменето од Valerija - 05.Мај.2014 во 18:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Мај.2014 во 21:26


ПЕЧЕНИ КОМПИРИ СО ПАВЛАКА И СИРЕЊЕ

12


Состојки
120 мл. хопла
120 гр. кашкавал
4 лажици кисела павлака
200 гр. пармезан
200 гр. путер
маслиново масло
сол и бибер
4 компири поголеми

Упатство

Добро измијте ги компирите под силен млаз на вода. Потоа со остар нож направете засеци во компирите со околу 1/2 см. дебелина, внимавајќи да не ги пресечете до крај.

Исечете го путерот на тенки парчиња. Сечењето ќе ви биде полесно ако предходно го оставите путерот во фрижидер за замрзнување неколку минути за да се излади и да се стврдне. Пармезанот исечете го на тенки парчиња.

Потоа внимателно редете ги наизменично парчињата пармезан и путер во засеците од компирите.

peceni_kompiri_1

Наредете ги компирите во тава за печење. Зачинете ги со сол и бибер по вкус и капнете врз секој по малку маслиново масло.

Печете ги компирите во загреана рерна на 200ºC 45 минути.

Извадете ги компирите од рерна. Прелијте врз секој од компирите хопла и додадете одозгора рендан кашкавал. Потоа вратете ги во рерна и печете ги дополнителни 15 минути. Послужете ги топли прелиени со малку кисела павлака.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13899
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2014 во 10:46
,,,изненадување,,,ne stava pleskavici i kremenadli na sto nachini,,,kompiri,,,плачење,,,,,
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2014 во 22:25

ПОЛНЕТИ КОМПИРИ СО ПЕЧУРКИ

15

Состојки:

Компир 4 поголеми

печурки 300г.

мајонез 200 г. (посен)

-вински оцет, шолја

- сок од лимон, 1 лимон

-  каранфилче по желба

- бибер во зрна, по желба

- сол, по желба.

Подготовка:

Во сад сипете три чаши вода, додадете го оцетот, каранфилот, неколку зрна бибер и сол и оставете да зоврие. Кога ќе почне да врие, додадете ги подготвените и исецкани печурки и оставете да се варат 3 минути, потоа извадете ги и исцедете. Компирот згответе го со се лушпа, но водете сметка да остане цврст. Кога ќе се олади, излупете го и направете дупка на средината. Измешајте мајонез со сок од лимон, додадете ги печурките, промешајте и со таа смеса наполнете ги компирите. Ставете во фрижидер до сервирањето.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2014 во 15:48

ПЕЧЕНИ КОМПИРИ СО КАШКАВАЛ И ШУНКА

12

Состојки
150 гр. кашкавал
150 гр. шунка
ѓумбир по желба
црн бибер мелен
10 компири не лупени
маслиново масло
доматно пире по желба
лук по желба
нане
копар
чубрица
оригано

Упатство

Се сечат компирите на половина и се редат на предходно намачкано тавче со маргарин, потоа се ренда кашкавал врз секоја половинка, па се ренда од шунката, се сечат тенки кришки од доматите и се ставаат по една кришка на секоја половинка компир, се додава по малку доматно пире и на крај се посипуваат компирите со сите горе наведени зачини. Се печат на температура од 180 степени околу 40 мин. Кога ќе се испечат се служат со кисело млеко или павлака зачинети со копар.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2014 во 22:18

КОМПИР САЛАТА СО ЈОГУРТ

18

Состојки:

лажичка сол

1 kg компир

130 g јогурт

130 g мајонез

2 лажички шеќер

3 главици кромид со средна големина

3 лажици сок од лимон

лажичка сецкан магдонос

Подготовка:

1. Сварете го компирот во лушпа, излупете го и исечете го на коцки.  Во голема чинија измешајте мајонез, јогурт, лимонов сок, шеќер и сол. Додадете ги компирот и кромидот исецкан на престени. Протресете ја чинијата, за да ги соедините состојките.

2. Поклопената чинија држете ја на ладно најмалку четири часа пред да послужите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2014 во 13:44

ЗАПЕЧЕН КОМПИР СО МАСЛИНКИ

8

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 1 кромид со средна големина
  • 2-3 чешниња лук
  • Маслинки ( количина по желба)
  • Сол, бибер, вегета
  • 200 гр рендано сирење
  • Маслиново масло ( или обично)

Подготовка:

Сварете го компирот и оставете го целосно да се олади. Можете да го сварите навечер и да го оставите преку ноќ да се олади.

Исечкајте го кромидот, посолете го и малку пропржете. Додадете ги сечканите маслинки и исечканиот лук.

Промешајте, динстајте кратко и тргнете ја тавата од оган.

Изрендајте ги целосно оладените компири и додадете го кромидот и маслинките.

Зачинете, додадете маслиново масло и промешајте.

На крај додадете ½ од ренданото сирење, па целата смеса распоредете ја во тава за печење која предхотно сте ја намрсиле.

Преку смесата пропрскајте го остатокот од ренданото сирење и печете на 180 степени додека не добие малку боја.

Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 23:13
ПЕКАРСКИ КОМПИР СО СУСАМ

Ова јадење може да се сервира како прилог, но доволно е вкусно и за да се послужи како главен оброк.

Ретко кој може да одолее на пекарски компир, но многумина се прашуваат која е тајната на неговата подготовка. Ние ви предлагаме да ја подготвите оваа варијанта со сусам.

Потребно:

 1 кг компир
 150 г сусам
 2 лажици буковец
 1 дл масло за јадење
 125 г маргарин


Подготовка:

 Компирот исчистете го, излупете го и исечете го на четвртинки, па секој дел извалкајте го најпрвин во буковецот а потоа во сусамот.

 Наредете го компирот во сад за печење, а одозгора ставете го маргаринот, изрендан или иситнет на мали парчиња.

 Ставете да се пече на загреана рерна и откако ќе се испечат компирите сервирајте ги со салата или сирење.

Добар апетит!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2014 во 23:54

КОМПИР СО СПАНАЌ И ТУНА

recept

Потребни состојки:

  • 4 компири
  • 200гр спанаќ
  • 100 гр павлака
  • 1 конзерва туна на парчиња
  • сол
  • мешавина од суви зачини

 

Начин на подготовка:

Компирот се мие, чисти и се пече во рерна на 220 степени околи 40-50 минути, односно се додека не омекне. Во меѓувреме се чисти спанаќот и се пржи малку, а потоа се додаваат останатите зачини и павлака. Печените компири се оставаат да изладат, а потоа се лупат. Откако ќе се излупат се сервираат со пржениот спанаќ и туната. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Декември.2014 во 15:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2014 во 08:36

“ОБЛЕЧЕНИ“ КОМПИРИ ВО РЕРНА

8

Потребни намирници:

450 гр компири полу сварени,

100 гр растопен путер,

2 јајца,

6 лажици брашно,

2 лажици масло,

40 гр рендан кашкавал,

1 китка магдонос,

Сол

Ги лупиме компирите.

Во сад ги матиме јајцата заедно со брашното и сол по вкус. Ги додаваме маслото и путерот.

Ги поставуваме компирите во форма за мафини и секој од нив го полеваме со смесата. Од горе поросуваме со кашкавал.

Печеме во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35-40 минути додека не добијат златна коричка.

После тоа ги вадиме од рерна, поросуваме со ситно сецкан магдонос и сервираме.




Изменето од Valerija - 09.Декември.2014 во 08:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2014 во 08:17

Брз ручек: Потпечено пире од компир


Ако сте во потрага по некоја идеја за едноставен и вкусен ручек, подгответе нешто што досега сигурно не ви текнало - потпечено пире од компири.

brz-rucek-potpeceno-pire-od-kompir-01.jpg

Лесно е за подготовка, а уште полесно за комбинирање со салати и месо.

Состојки:

  • 500g компир
  • 2 лажици путер
  • 2 жолчки
  • Сол
  • Вегета

Подготовка:

Исчистете го компирот и исечкајте го на коцки. Варете го во солена вода, исцедете и испасирајте.

Додадете ја солта, вегетата, жолчките и путерот и заедно промешајте.

На тава за печење поставете хартија. Со помош на украсни кеси за шлаг направете пуслици од пире.

brz-rucek-potpeceno-pire-od-kompir-02.jpg

Ставете ги да се печат на 220 степени околу 10-15 минути, додека не заруменат.

Комбинирајте по желба, прелијте со сос, павлака или нарендајте сирење и послужете.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2015 во 21:36
6

Печен компир со лимон и мајчина душица

Состојки

2 лажици мајчина душица ситно сецкана

50 мл. маслиново масло

1 кг. компири

1 лимон

Упатство

Излупете ги компирите и исецкајте ги на големи коцки. Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете ги компирите во тенџере со посолена вода, оставете да зовријат и гответе ги 10тина минути. Ставете масло во тава за печење и загрејте го маслото. Изцедете ги компирите и додадете ги во тавата. Печете ги 30тина минути, со едно до две промешувања. Извадете ја тавата, додадете го сокот од лимон и мајчината душица, промешајте и печете уште 15тина минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2015 во 15:13

Шницли од компири за брз и лесен ручек


Лесно се прават, без многу состојки, а доволно заситуваат. Во момент кога ви треба брз и лесен ручек за целото семејство, подгответе шницли без месо.

shnicli-od-kompiri-za-brz-i-lesen-rucek-01

Потребни состојки:

  • 1 kg компири
  • 1 ½ шолја брашно
  • 1 јајце
  • ¼ шолја млеко
  • Сол и бибер

Подготовка:

Излупете ги компирите и сварете ги во вода со малку сол. Испасирајте ги и додајте им го млекото и изматеното јајце. На таа смеса додајте ѝ малку брашно за да се зацврсти и обликувајте шницли.

Во тавче ставете повеќе масло и наредете ги. Пржете кратко, додека не заруменат. Готовите шницли од компири може да ги послужите со сос по ваш избор.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.