IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пилешки специјалитети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пилешки специјалитети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2014 во 21:25
                             
Без разлика кој дел од пилешкото ќе го подготвувате, дали градите, копаните или крилцата, ви предлагаме два нови рецепи кои ќе му дадат нов шмек на јадењето.
Батаци во сос

Потребно:
4 пилешки батаци, 150 г.моркови, 20 г.кромид, 100 г.грашок, 2 црвени пиперки, 1 лажица црвена пиперка во прав, 300 г.пелати, магдонос, масло, сол, бибер.


Подготовка:
Посолете ги батаците, па запржете ги на малку масло, а потоа тргнете ги на страна. На истото масло динстајте го исецканиот кромид, а кога ќе добие убава боја додајте го морковот, пелатите, магдоносот и свежата пиперка, сето тоа исечено на кругови. Зачинете со црвен пипер, па сипете малку вода и гответе на тивок оган дваесетина минути. На крај посипете со сецкан магдонос и послужете со ориз или компир.

Пилешки крилца во мед

Потребно:
3 лажици масло, лук, 1 лажица ѓумбир, 16 пилешки крилца, 3 лажици мед, ¼ шолја ворчестер сос, 3 лажици соја сос, 3 лажици сусам.


Подготовка:
Смелениот лук и ѓумбир продинстајте ги во тава со масло, а потоа додајте ги крилцата и динстајте уште три минути. Потоа додајте мед, ворчестер и соја сос, па пржете додека да се згусне и пилешките крилца додека бидат готови. На крај додајте го сусамот, измешајте и послужете.

Добар апетит!


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2014 во 21:39
                                                       Пилешко на кинески начин
Ако сте љубители на кинеската кујна и на пилешкото, ова јадење богато со зеленчук, овошје и зачини сигурно ќе ве воодушеви.
Потребно:
500 г.пилешко филе
3 пиперки: црвена, жолта и зелена
1 морков
1 тиквица
соја сос
ананас
сок од ананас
сос од домати
ѓумбир
мускатно оревче
сусамово масло
оризов оцет
црвен кромид
лук
сол, бибер
табаско
оризови резанци


Подготовка:
Пилешкото филе и пиперките исечете ги на лентички, а морковот и тиквиците нарендајте ги. 

Во вок тава на малку сусамово масло запржете го кромидот исецкан на месечинки и ситно исецканиот лук. Кога кромидот и лукот ќе се запржат, додајте го пилешкото, па одозгора залијте со соја сос. По неколку минути додајте ги пиперките, потоа и морковот и тиквицата и 3 лажици сос од домати, а по потреба и соја сос. 

Гответе околу 10 минути, а потоа додајте нарендан ѓумбир, ананасот кој претходно сте го исекле на коцки и 3 лажици сок од ананас. Посолете, зачинете со бибер, додајте лажица оцет од ориз, малку табаско и мускатно оревче. 

Во посебно тенџере сварете ги резанците од ориз, помешајте ги со пилешкото и зеленчукот и послужете топло.

Добар апетит!



Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 04:45
Најпрво пилешкиот стек го подваруваме малку. Потоа го сецкаме на мали парченца, а истото го правиме и со печурките
и киселите краставички. На загреано масло го пржиме стекот, па ги додаваме печурките и киселите краставички, и се така заедно пржиме уште некоја минута. Најпосле ги додаваме павлаката и кари зачинот, и на крај се така измешано добива специфична жолто-зелена боја и прекрасен вкус!


Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 15:56

Пилешко Cordon Bleu


Името звучи како да станува збор за специјалитет од некој фенси скап ресторан. Но, пилешкото Cordon Bleu е едноставно и може да си го направите дома. Ве интересира како?

Состојки: 4 парчиња пилешко филе, 3 лажици вегета, 200мл вода, лебни трошки, 2 лажици стопен путер, лук по желба, 1/2 лажица оригано, 100г шунка, 2 лажици мелен црвен пипер, 2 лажици рендан пармезан, кашкавал или сирење

Подготовка: Истолчете го месото на тенки парчиња. Одозгора зачинете го со вегета.

Течна смеса: Во сад ставете ја водата, 2 лажици вегета, путерот, лукот и ориганото. Загрејте додека водата не почне да врие и гответе неколку минути.

Смеса за поховање: Измешајте ги лебните трошки, црвениот мелен пипер и пармезанот.

На секое парче месо ставете парче шунка, преку него сирење или кашкавал, свиткајте и зацврстете со чепкалки. Подготвеното месо извалкајте го во течната смеса, па во смесата за поховање. Похованите шницли наредете ги во тепсија, одозгора налејте ги со остатокот од течната смеса и печете во рерна на 200 степени околу 40 минути.



Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2014 во 07:07

Замотан стек

1. Компирот излупен сварете го во млеко во кое ке
додадете малку сол.
2. Стековите истолчете ги за да се истенчат.
премачкајте ги со мaлку зејтин, посолете и
зачинете ги со вегета и мелен бибер.
3. Секој стек засебно ставете го на намрснета
алу-фолија и ставете врз него по еден сварен
компир и замотајте го компирот со стекот,
заврзете или затворете со чачкалица, а ако е
доволно голем може само да го преклопите.
Затворете ги во фолијата.
4. Наредете ги во
подлaбок сад, налејте вода до половина од
стековите
Кога водата веке испарила отворете ги
стековите за да се подпечат одозгора.
Напомена- можете да додадете врз компирот
морков (како што гледате на сликата), по
некое зрно гашок… останува вие да изберете
– пресекот е декоративен, а истовемено и
вкусно.
Секоја исечена половина од вака приготвениот стек мислам дека е доволно за еден сметајки дека ке има и друго прилог.
Да ви е слатко!




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Март.2014 во 04:52

Пиле на мексикански начин

1. Огноотпорно тавче се намастува и се редат парчиња од пиле предходно зачинети со вегета и црвен пипер. Се додаваат пиперките исечени на траки, доматите на коцкички и пченката.
2. Се реди компирот исецен на кришки, се посипува со малку зејтин, се посолува и побиберува.
3. Се прекрива со алу фолија и се пече околу 60 мин на 200 ст.С. Отприлика на пола време се вади фолијата, се промешува и се остава да се пече 15 мин. Пак се промешува и се остава да се запече.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2014 во 07:05

Кинато пиле

Го ставаме пилето да се вари. Кромидот и морковите ги рендаме и ги ставаме во тавче со загреано масло да се пржат. Кога ќе се испржат ги додаваме доматно пире и печурките. Кога пилето убаво ќе се свари го чистиме убаво од коските, го киниме на ситни парчиња, го додаваме во тавата на оган и го пржиме. Ја тргаме тавата од оган и ја претураме во тава за печење. Одгоре рендаме пола од кашкавалот и тураме 3 црпалки од водата што се вареше пилето. Павлаката ја разматуваме со малку вода и го прекриваме месото. Најгоре го рендаме преостанатиот кашкавал и го ставаме пилето да се печи. Сервираме со претходно варени компири.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2014 во 08:13

Пилешко во сос од крем сирење

илешкото речиси сите го обожаваат, а кога е дополнет со сос никој не може да му одолее. За денеска ви предлагаме да го подготвите со сос од крем сирење.

Состојки:

500г пилешки шницли
100г солени крекери
2 лажици пармезан
100 мл супа
200г крем сирење
3 чешниња лук
1 лажичка сецкан магдонос
сол
бибер

Подготовка:

Во кеса за замрзнување ставете ги крекерите и скршете ги на ситни парчиња. Измештајте со пармезанот. Пилешкото посолете го, наросете бибер, па извалкајте го во крекерите и пармезанот. Испржете ги во мешавина од зејтин и путер, извадете ги и држете ги на топло. Во истата маснотија додајте ја супата, крем сирењето, истолчениот лук и магдоносот, гответе неколку минути додека сосот згусне, а потоа со него прелијте го месото.

Совет:

Може да користите и готово крем сирење со разни зачини.



Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2014 во 08:18

Роловано бело месо


Секогаш со нетрпение очекувате да видите што има во ролатот од месо на трпезата? А, кога во чинијата ќе се растече сочниот фил сите сетила се будат уживаат. Пробајте го овој ролат од бело пилешко месо и нема да погрешите.

Состојки: поголемо парче пилешко месо, 100г ориз, 1 главица лук, 50г сланина, сол, бибер, мускатно оревче, сенф, брашно, зејтин

Подготовка: Исчистете го месото и истенчете го со чекан за месо така што ќе може да обликувате ролат. Посолете го месото, а одвнатре премачајте го со сенф, наросете бибер и мускатно оревче.

На загреан зејтин испржете ги ситно исечканите лук и сланината исчена на коцки. Додајте го оризот и пржете со постојано мешање. Кога течноста ќе се впие, налевајте по малку вода додека оризот не омекне.

Готовата смеса нанесете ја на едната половина на месото, поклопете и добро притиснете од двете страни за да не истече филот. Врзете го месото со кујнски конец, извалкајте го во брашно и пржете додека не зарумени. Намалете го оганот и пржете уште 15 минути.

Може да го послужите со пире од компир.

Добар апетит!



Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2014 во 05:23

Динстано пилешко месо

Пилешкиот стек ситно го сецкаме, го свалкуваме во крем супата и го пржиме. Откако ќе се испржи ги додаваме печурките, пржиме и го додаваме виното. Го оставаме стекот настана на шпоретот да се динста. Кога убаво ќе извари виното го претураме стекот во тавче за печење и одгоре го рендаме кашкавалот и печиме




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2014 во 04:41

Теријаки пилешки крилца

Се мешаат сите состојки за маринадата. Се додаваат крилцата од кои претходно се отстранети крајните делови. Се меша добро и се остава да отстои во фрижидер најмалку 1 час.
Се загрева рерната на 175 Ц.
Во плиток сад за печење се става хартија за печење. Се редат крилцата во еден ред со кожата надолу. Се покрива со фолија и се печи 30 мин.
За тоа време маринадата се проврива малку да се згусти, скоро како мед. .
Се вади фолијата, се превртуваат крилцата, се печат уште 30 - 45 мин два пати премачкувајки ги со згустената маринада на секои 15 мин.
На крај треба да бидат карамелизирани, лепливи, неодоливи....
Сервирајте ги жешки, со ладно пиво, нормално!




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2014 во 04:43

Запечен стек со патлиџан и зачински билки

1. Модриот патлиџан се сече на дебели 4 кришки,со салфета се подсушува, се посолува, побиберува, му се става од зачинската билка (јас користам оригано и грчка детелина)/
2.Црвениот патлиџан се сече на кругови и се реди врз модриот патлиџан.
3. Стекот се посолува со сол и вегета, се побиберува и се става врз црвениот патлицан.
4.Се премачкува со маслинов зејтин.
5. Се става во загреана рерна да се пече околу 15 минути, се вади од рерната и обилно се посипува со ренданиот кашкавал или се преклопува со тенко исечени парчиња кашкавал. Се врака назад во рерната да се пече додека да се испече добро стекот и не порумени.
Уживајте во ручекот додека е топло, а ладно ништо не му фали.
Совет- доколку стекот е голем, исечете го на парчиња колку што е големината и на кришката од модриот патлиџан. Кога пишувам за еден модар патлиџан се подразбира ако е поголем, ако е помал тогаш сигурно ке ви требаат повеке - сигурни два патлиџана. Бидејки го обозавам растопениот и подпечен кашкавал, јас ставам повеке внимавајки притоа на осолувањето, да не се пресоли стекот.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2014 во 19:02


ДИНСТАНИ КОПАНИ

Потребно:

н 4 копани
н сол
н бибер
н 2 моркова
н 1 страк праз
н 250 г шампињони
н 1 главица кромид
н 2 лажици масло
н 2 лажици путер
н 4 гранчиња мајчина душица
н 2 лажички брашно
н 500 мл инстант супа (од коцка)
н 125 мл слатка павлака

Приготвување: месото убаво зачинете го со сол и бибер. Морковите излупете ги и исечете ги на коцкички. Празот исечете го на тркалца, печурките на ливчиња, а кромидот на мали коцкички.

Месото пропржете го во загреаните мало и путер, па додадете го исечканиот зеленчук и сето тоа пржете го уште малку. Измијте ја мајчината душица, ливчињата ситно исечкајте ги и додадете ги во јадењето. Сето тоа посипете го со брашно, прелијте го со супата и динстајте го 40-тина минути. Извадете го месото, а во зеленчукот додадете ја павлаката, па сето тоа зачинете го со сол и бибер. Сервирајте го месото со зеленчукот во сос.



Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2014 во 04:44

Пилешко кари со хопла и доматен сос

Кромидот се пропжува во маслиново масло. Се додава лукот и зелените пиперки, предходно насечкани на мали коцки. Се додава стекот, исто така насечкан на коцки со средна големина. Се наросува карито и уште малку се продолжува со пржење. Се додава и половина лажичка црвена пипер. Во меѓувреме коцката за супа се раствора во половина филџан топла вода и се додава. Се прелива со неутралната хопла и убаво се промешува. Се додава и доматниот сос и на крај се зачинува. Се остава на тивок оган околу половина час, со повремено промешување.
На маслиново масло убаво се пропржува предходно измиениот и исцеден ориз. Се прелива со топла вода и се додава коцката за супа. Се покрива со капак и се остава на тивко да врие.




Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.