Испечати | Затвори го прозорот

Пилешки специјалитети

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26657
Датум на принтање: 24.Април.2024 во 21:19
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Пилешки специјалитети
Постирано од: Valerija
Наслов: Пилешки специјалитети
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 12:49
Полнета кокошка

· 1 кокошка
· 200 г мелено месо
· 200 г свинско месо
· 200 г кашкавал со Знак за квалитет
· 200 г шунка со Знак за квалитет
· 200 г морков
· 1 јајце
· 2 парчиња сув леб
· 2 суви пиперки
· 1 чаша зејтин
· 1 чаша бело вино

Начин на приготвување:

Најпрвин се вадат коските од кокошката. Потоа се сечкаат свинското месо, кашкавалот, шунката, морковите претходно малку обарени, и пиперките. Се додаваат лебот, претходно потопен во млеко, меленото месо и 1 јајце. Сето тоа се меша и со подготвената смеса се полни кокошката. Откако ќе се наполни, се шие и се става во подлабоко тенџере, се посипува со 1 чаша зејтин, 1 чаша бело вино и со малку сечкан лук. Се пече околу 3 часа на 150оС.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Коментари:
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 16.Февруари.2010 во 12:58
Пиле во сос од домати
 
1 пиле
500гр. домати или 4 лажици доматена салца
1 лажица маст
2 лажици брашно
1 бабура
1 главица кромид
магданос
керевис
сол
шеќер

Измијте го пилето, исечете го на парчиња и сварете го. Доматите исечете ги на парчиња, ставете ги во тенџере со многу малку вода. Во доматите ставете го кромидот, црниот пипер, ситно исецкан магданос и керевис. Откако ќе се свари, пропасирајте го. На маст запржете го брашното и налејте го со пропасираниот домат и додајте ја супата во која се варело пилето на многу тивок оган. На половина час пред јадење во сосот од домати ставете го пилето.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 13.Март.2010 во 07:33
Крокети од пилешко месо
______________________________________________________
 

300 грама печено или варено пилешко месо
100 гр мартадела
2 жолчки
3 лажици мајонез
2 лажици кисела павлака
2-3 лажици трошки од леб
2-3 лажици сусам
сол
бибер
масло за пржење

_________________________________________________________
 
 Печеното или вареното пилешко месо се сече ситно или се меле на машина за мелење месо.
Мартаделата се сецка на ситни парчиња. Се мешаат заедно и се додаваат жолчките, мајонезот, киселата павлака, сол по вкус, бибер. Од оваа смеса се прават мали топчиња големина на орев. Секое топче се валка во белка, трошки од леб и сусам.
Се пржат во врело масло да поруменат


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 06.Април.2010 во 21:04

Крцкави пилешки крилца

Крцкави%20пилешки%20крилца
 

Потребни состојки:

  • 100 милилитри Сос од соја
  • 800 грама Пилешки крилца
  • 1   Нишесте
  • 200 милилитри Масло
  • 2 лажица/ци Дафинка
  • 50 милилитри Brandy


  •  

Подготвување:

За маринадата измешајте ги соја сос, коњакот и зачинската сол и полијте ги измиените и исчистени пилешки крилца.

Оставете ги да се маринираат барем 2 часа.

Крилцата извадете ги од маринадата, валкајте ги во нишесте и пржете во масло.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Април.2010 во 17:14

Пиле со Тарана

1 пиле во тежина oд 1 кгр.
1 мала главица кромид
250 гр. путер или масло
1,1/4 л. вода
1 зелена пиперка
црвен пипер
сол

Пилето исечете го на парчиња, ставете го во сад, налејте го со вода, посолете го и варете го, само внимавајте да не се превари. Вареното месо тргнете го од оган. Во тенџере ставете 200 гр.путер или масло (во зависност со што ќе го готвите) и пропржете го сецканиот кромид, додајте сецкана пиперка и тараната, и се заедно малку пропржете, а потоа налејте со водата во која се варело пилето. Сега тараната сипајте ја во тава од огноотпорно стакло, а преку неа наредете го месото. Во 50 гр.загреано масло или путер ставете малку црвен пипер и прелејте го месото. Печете го во рерна додека тарната не ја упие целата супа.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 30.Април.2010 во 03:11
ТАВА СО ПИЛЕШКО

Потребно: 1,5 кг. пилешко месо (три грба и два пилешки копана), две тегли со сечкани печурки, една главица кромид, 1/2 кг. рендан кашкавал ајдамер, две павлаки, масло, брашно, млеко, сол, вегета и магдонос

Најпрвин се вари пилешкото месо, се чисти од коските и се сече на поголеми парчиња. Главицата кромид ситно се сечка и се пропржува во загреано масло заедно со печурките. Во земјена тава најпрвин се реди пилешкото месо, потоа печурките, малку вегета и магдонос. Врз сето тоа се ренда кашкавал и се премачкува со павлака. Уште еднаш се повторува редењето. Потоа на масло се пропржуваат две лажици брашно и се додава 2,5 дц. млеко. Оваа смеса се истура преку целата тава. Последниот слој се реди со преостанатото месо. Се пече околу 40 минути на 200 степени. Откако ќе се извади тавата од рерна, треба да подистине и се премачкува со остатокот од павлаката.

Се служи со гарнир од компири и со сезонска салата.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Мај.2010 во 04:02

АРГЕНТИНСКО ПИЛЕШКО СО ПЧЕНКА

 

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 1 пиле, исечкано на парчиња
• бибер
• 1 голема лажица маслиново масло
• 2 домати
• 1 ловоров лист
• ¼ мала лажица мајоран
• 1 пакување смрзната пченка
• 2 чешниња лук, издробени

ПОДГОТОВКА
Остранете ја кожата од пилето, посолете го и додадете мелен црн бибер по вкус. Во голема тефлонска тава загрејте масло и пржете го пилешкото месо околу 15 до 20 минути. Притоа, вртете го месото за да се испржи рамномерно од двете страни.

Кога ќе биде готово, извадете го месото од тава и ставете го во друг сад кој ќе стои на топло.

Во маслото во кое го пржевте месото, издинстајте го лукот, потоа додадете ги доматите (сечкани), ловоровиот лист и мајоранот. По 10-тина минути, додадете ги и претходно сварената пченка и пилешкото месо. Измешајте го месото со сосот и сервирајте.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 24.Јуни.2010 во 17:22

Пилешка бајадера

Пилешка%20бајадера
 

Потребни состојки:

  • малку   Црн пипер
  • малку   Сол
  • 100 грама Сланина
  • 50 грама Сенф
  • 200 грама Пушено свинско
  • 3 чешниња Лук
  • 500 грама Пилешко
  • 200 грама Кашкавал

 
Подготвување:
 
 Исечете и исчукајте ги пилешките шницли - најдобро преку ќесе за замрзнување за да не се искинат.

Насолете ги, па наросете им црн пипер.

Во долг и тесен калап ставете тенки кришки сланина, парчињата малку да се преклопуваат.

На сланината ставете еден ред пилешки шницли, намачкајте со сенф и нафрлете пасиран лук.

Над тоа нанесете рендан кашкавал, тенки парчиња пушен свински врат и повторно тенок слој сенф.

Повторете ја постапката, од пилешкото месо па натаму, уште еднаш.

Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 30 минути.

По желба бајадерата можете да ја превртите на голема тава, па да ја запечете и сланината.

Испечената пилешка бајадера пред служење оставете малку да се излади за да не се рони при сечењето.


-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 16.Август.2010 во 05:33

Мексикански рецепти: Батаци во чили сос

батаци%20во%20чили%20сос

Рецептот потекнува од мексиканската кујна и е многу лесен и брз за припремање. Артиклите може да се набават во сите наши поголеми маркети (Веро, Тинекс, Рамстор). Батаците препорачувам да бидат свежи, но нема да има големи промени во вкусот ако се и замрзнати.

Потребни Состојки:

  • 1 кромид
  • 3 чешниња лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • Црвена лута пиперка
  • 2 лажици мајчина душица
  • 750мл. Пасиран домат
  • Сол
  • Лажица мед
  • 4 лажици зрна пченка
  • 4 печени батаци со карабатак

Подготовка:

1. Исецкајте ги кромидот и лукот и пропржете ги. Исчистете ја пиперката од семки, исецкајте ја и додадете ја во тава заедно со мајчината душица. Издинстајте се заедно.

2. Додате го пасираниот домат, посолете и побиберете. Проварете ги. Оставете да се крчка 10 минути со капак. Доколку е многу густо додадете малку вода.

3. Во сосот ставете ги батаците и пченката. Крчкајте се заедно 5 минути. Послужете со ориз или багет лепче и зелена салата.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 05.Септември.2010 во 06:35

Пилешко со суви сливи

Пилешко%20со%20суви%20сливи
 

Потребни состојки:

  • малку   Црн пипер
  • малку   Цимет
  • малку   Сол
  • 1000 грама Пилешки батаци
  • 2 лажица/ци Мед
  • 100 милилитри Масло
  • 1   Кромид
  • 100 грама Црни суви сливи 

Подготвување:

Кромидот се сече во резанки и се пржи без мешање, да добие боја. Се вади со лопатка за да останат цели резанки и во истата маснотија се пропржуваат посолените батаци од двете страни, да добие златно жолта боја. Се вадат батаците и се редат во чинија над резанките кромид. Во истата маснотија се додава медот, црниот пипер и малку цимет.

Се вари на тивко да се згусне, и со овој прелив се прелива пилешкото месо. Во меѓувреме, црните сливи малку стојат во вода да набабрат, се цедат и се редат околу месото, во сосот, за да примат од мирисите. Потоа се послужува.


-------------


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Октомври.2010 во 18:49
Пилешка тава

состојки:

· 1 кокошка
· 1 главица кромид
· 500 г печурки
· 200-300 г кашкавал со Знак за квалитет
· 1 павлака со Знак за квалитет
· 3 јајца
· ориз
· Зачинал
· сол
· црн пипер
· црвен пипер

Начин на приготвување:

Кокошката се вари, се вадат коските и потоа месото се сечка. Во тавче се става сечкан кромид да се потпржи, потоа 1 чинија сечкани печурки. Кога ова ќе се испржи, во печурките се ставаат ориз, Зачинал, сол, црн пипер, црвен пипер, се запржува и се полева со водата од кокошката. Потоа се става во тава да се потпече 5-10 мин. Кога ќе се извади, се додава исечканото пилешко месо и повторно се става да се потпече 10 мин. Се вади и се додаваат 200-300 г рендан кашкавал и повторно се потпекува 10 мин. На крај се матат 1 павлака и 3 јајца и се посипува одозгора и пак се потпекува 10-15 мин.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Октомври.2010 во 18:57
Пилешки коцки

Потребни состојки:

· 1 средно голема кокошка
· 200 г кашкавал со Знак за квалитет
· 200 г сечкана шунка со Знак за квалитет
· 2 павлаки со Знак за квалитет
· 4-5 јајца

Начин на приготвување:

Кокошката се вари и се сечка на ситни парчиња. Исто така, и кашкавалот и шунката се сечкаат на ситни коцкички. Во подмачкано тавче бр. 28 се реди исечканото пилешко месо, потоа се редат исечканите шунка и кашкавал и се ставаат во рерна да се потпечат. Кога сето тоа ќе се потпече, се прелева со изматените јајца и павлака. Кога смесата ќе се олади, се сече на мали коцки и се боцка со чепкалки




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Октомври.2010 во 19:03
Пиле во сос од домати

1 пиле
500гр. домати или 4 лажици доматена салца
1 лажица маст
2 лажици брашно
1 бабура
1 главица кромид
магданос
керевис
сол
шеќер

Измијте го пилето, исечете го на парчиња и сварете го. Доматите исечете ги на парчиња, ставете ги во тенџере со многу малку вода. Во доматите ставете го кромидот, црниот пипер, ситно исецкан магданос и керевис. Откако ќе се свари, пропасирајте го. На маст запржете го брашното и налејте го со пропасираниот домат и додајте ја супата во која се варело пилето на многу тивок оган. На половина час пред јадење во сосот од домати ставете го пилето.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Октомври.2010 во 12:27

Пиле во солена постела

Потребно:

* 1 пиле (1,5 - 2 кг)
* 1 кг сол
* гранче рузмарин

Приготвување: пилето измијте го и добро избришете го со хартиена салфета. Во утробата ставете го измиеното и исушено гранче рузмарин. Солта распоредете ја во тавче, а врз постелата од сол ставете го пилето. Така подготвеното пиле печете го во загреана рерна на 200 степени околу два часа без да го покриете тавчето.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 11.Ноември.2010 во 05:03

Пилешко со праз

Потребно:

* 600 г пилешко месо
* 1 лажичка мелен црвен пипер
* 40 г путер
* 700 г праз
* 150 мл бело вино
* 100 г кисела павлака
* 1 лажица зачинал

Приготвување: исечете го пилешкото месо на парчиња. Добро измијте го празот и исечете го на тркалца. Испржете ги месото и празот во загреаниот путер. Додајте го мелениот црвен пипер во нив и веднаш прелијте го сето тоа со 100 мл топла вода. Измешајте ја смесата, додајте го зачиналот и продолжете со динстањето на тивок оган постепено сипувајќи го виното, се додека месото не омекне. На крај измешајте ја киселата павлака во јадењето.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 06.Декември.2010 во 13:22

Пилешки раженчиња

Потребно:

* 600 г пилешко бело месо
* 100 г чадена сланина
* 100 г кромид
* 100 г пиперки
* 100 г шампињони
* 2 лажици зачинал
* масло за премачкување

Приготвување: исечете ги пилешкото месо и сланината на коцки, кромидот и пиперката на поголеми парчиња, а шампињоните преполовете ги. Сето тоа посипете го со зачинал и оставете го да отстои 30 минути. На стапчиња наизменично боцкајте ги сите состојки, премачкајте ги со маслото и испечете ги на скара или во тефлон тава.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Јануари.2011 во 12:17

Пилешки филети во пивско тесто

Потребно:

* 200 г остро брашно тип 500
* 2 јајца
* 300 мл пиво
* 1 лажичка зачинал
* 600 г пилешки филети
* 1 лажица ситно сечкани зачински билки

Приготвување: во подлабок сад измешајте ги изматените јајца, брашното, зачиналот и пивото. Оставете ја смесата да отстои десетина минути. Исечете ги пилешките филети на пошироки стапчиња и посипете ги со ситно сечканите зачински билки. Потопете ги подготвените стапчиња пилешко месо во смесата за панирање и испржете ги во загреано масло. Испржени, ставете ги врз кујнска хартија (салфети) за да впие вишокот маснотија, а потоа послужете ги со сезонска салата. Со овие пржени пилешки филети во пивско тесто одлично оди сос од јогурт и мајонез



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 09.Февруари.2011 во 05:50

Пилешко со јаболка

 

 

СОСТОЈКИ (за 4 порции)
• 4 парчиња пилешкo месо (околу 150 гр едно парче), исчистено од кожа
• 1 голема лажица брашно
• 1 голема лажица сончогледово масло
• 1 кромид, исчистен и ситно исчекан
• 1 чешне лук, ситно исечкано
• 1 голема лажица мајчина душица, ситно исечкана
• 150 мл сок од јаболка
• сол и бибер
• 3 лажици бренди

за карамелизирани јаболка
• 15 гр путер
• 2 големи црвени јаболка, исечкани на тркалца и без семки
• 1 мала лажица шеќер во прав

ПОДГОТОВКА
Попрскајте го пилешкото месо со брашно. Загрејте го маслото во тава и потоа пропржете го месото околу 2-3 минути (додека не добие златно-кафена боја). Откако ќе се испржи, оставете го садот на страна.

Загрејте уште малку масло во тава и додадете ги кромидот и лукот. Пржете на умерен оган околу 10 минути со повремено мешање. Потоа, додадете ги мајчината душица и сокот од јаболка. Повторно ставете го месото, зачинете со сол и бибер и оставете да се крчка. Затворете го садот и гответе 15-20 минути на умерен оган.

Извадете го месото и покријте го. Сосот продолжете да го варите додека не згусне. Во меѓувреме, подгответе ги карамелизираните јаболка. Во помала тава растопете го путерот, додадете ги парчињата јаболка и попрскајте со шеќер. Пржете додека јаболката не се карамелизираат.

Во мала тава загрејте го брендито, додека не стане топло. Внимателно запалете го брендито со кибрит и кога пламенот ќе се намали, налејте го брендито во сосот со мајчина дужица и сок од јаболка.

Сосот прелијте го преку пилешкото месо и сервирајте со јаболка и мајчина душица.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Април.2011 во 20:01

Пилешко со печурки

 

СОСТОЈКИ (за две порции)
• 2 пилешки батаци со карабатак
• 2 главици кромид
• малку лук
• 200 гр шампињони
• еден домат
• сол и бибер
• кора од лимон
• зачини

ПОДГОТОВКА
Одвојте ја коската од пилешките батаци. Месото премачкајте го со маслиново масло, посолете, додадете бибер и зачини и малку кора од лимон.

Најдобро е да го печете на скара или на грил тава. Печете сѐ додека не добие златно-кафена боја. Испеченото пилешко месо наредете го во чинија за послужување.

На загреано масло, пропржете го кромидот, додадете ги исечканите шампињони, лукот и исечканиот домат. Потоа, зачинете со сол, бибер и мирисни тревки. Пржете сѐ додека не омекнат шампињоните и зеленчукот.

На крајот, прелијте ги печурките врз парчињата пилешки батак.



-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Април.2011 во 08:16

Пилешки крилца со кокос

СОСТОЈКИ

• 3 големи лажици растително или маслиново масло
• 2 големи лажици соја сос
• 2 големи лажици шеќер
• 1 мала лажица кари во прав
• 1.2 мала лажица сол
• ¼ мала лажица бибер
• ½ мала лажица кора од лимон
• 1 шолја млеко од кокос
• 1.5 кг пилешки крилца
• 1 шолја кокос во прав

ПОДГОТОВКА

Во голем сад измешајте ги заедно маслото, соја сосот, шеќерот, кари, сол, бибер и кора од лимон. Потоа додадете го и млекото од кокос. Смесата поделете ја на два еднакви дела и ставете ја во фрижидер.

Отсечете ги врвовите на крилцата, исечете ги на половина и ставете ги во сад. Потоа премачкајте ги со маринадата. Затворете го садот и оставете го во фрижидер најмалку еден час (најдобро цела ноќ).

Најдобро е крилцата да ги потпечете на скара (8-10 минути од секоја страна). Прелијте го месото со маринада при секое вртење. Маринадата од вториот сад загрејте ја на умерен оган.

Пилешките крилца наредете ги на чинија и полијте ги со затоплената маринада. Попрскајте ги парчињата месо со кокос во прав. Се служат веднаш.

Совет: Ако ова јадење го подготвувате како главно јадење тогаш овие состојки се доволни за 6 порции. Доколку е само предјадење, тогаш имате 2 порции.



-------------


Постирано од: Calipso
Датум на внесување: 07.Мај.2011 во 19:36
     ПИЛЕШКО ФИЛЕ СО ПЕЧУРКИ

Време на приготвување: 45 минути

Потребни состојки
* 600 г пилешко филе
* 30 г путер
* 4 лажици масло
* 150 г кромид
* 100 г моркови
* 300 г маринирани печурки
* 10 г сушени печурки
* 1 лажица вегета
* 80 г целер стебленца
* 1 лажица густин
* 50 мл шери

Начин на подготовка
Пилешко филе исечете го на помали парчиња.
На мешавина од путер и масло, пржете го стек на двете страни, околу 10 минути.

Се додава крупно исечен кромид, моркови исечени во прстени, печурки, исечени на четвртини и сушен печурки кои претходно се маринирале во ладна вода 10 минути.

Вегета попрскајте ја врз стековите со зеленчук и продолжете со пржењето во тавата за 15 минути.

На крајот додадете го целерот исечен на стебленца, и густинот измешан во малку вода и шери.


-------------
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Јуни.2011 во 08:05
Полнето пиле


1 пиле
1 главица кромид
црн пипер
сол
магданос
1 филџан ориз

Испечете го пилето и посолете го. Утробата ситно исецкајте ја и ставете ја во тенџере каде што претходно е запржен кромидот. Пропржете ја добро, а потоа додајте го оризот, црниот пипер, магданосот и посолете го по вкус. Пропржете уште малку и наполнете го пилето. Ставете го во рерна да се пече на 150 степени околу час и половина.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 08.Јуни.2011 во 05:44

Пилешки шницли со кари

Потребно:

* 250 г бело месо, исечено на тенки парчиња
* 1 лажица кари
* 3 лажици масло
* сол
* бибер
* 2 лажици сок од лимон
* 1 лажичка лут сенф
* 2 лажици оцет
* 1/2 китка магдонос

Приготвување: посипете ги пилешките шницли со кари-зачинот, пржете ги во врело масло од секоја страна по три минути, па зачинете ги со сол, бибер и со лимонов сок. Извадете ги од тавчето и оставете ги да се подизладат. Измешајте го сенфот со остатокот од маслото, па додајте ги оцетот, солта, биберот и ситно исечканиот магдонос. Пред да ги послужите шницлите, прелијте ги со сосот



-------------


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 22:08

Запечени пилешки батаци


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 20 грама Сусам
  • 30 грама Сенф
  • 1500 грама Пилешки батаци
  • 2 лажица/ци Маслиново масло
  • малку   Магдонос
  • 2 чешниња Лук
  • 150 грама Кечап
  • малку   Дафинка
  • малку   Босилок
  • 2   Главица лук


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Кокошката, одамна е распространета во целиот свет. Се претпоставува дека денешната домашна кокошка потекнува од кокошката Gallus Bankive, која пак потекнува од Малезија, Индија и Кина, но денес тој вид на кокошки живеат во природа.

Прво се распространиле во Азија, Африка и Европа, а денес е распространета во целиот свет.

Покрај употребата на месото, кокошката несе јајца, кои исто така се потребни во кујната, а има и меко и вкусно месо. Поради овие одлични особини е употребувана скоро во секоја кујна.

ПОДГОТОВКА:

Во блендер ставете го младиот лук, стариот лук, кечапот, сенфот, першунот, босилокот, маслиновото масло и малку мешан зачин, па сè добро измешајте.

Потоа една тепсија малку подмачкајте ја со масло.

Батаците засечете ги на неколку места, па ставете ги во тепсија, прелијте ги со половина од направениот сос, па посипете ги со половина сусам, па ставете ги да се печат 20 минути на 200 степени.

Извадете ги од тепсијата, свртете ги, прелијте ги со остатокот од сосот и посипете ги со сусам, па вратете ги во рерна да се печат уште 20 минути на 200 степени.
 

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 22:10

Полнети пилешки гради на Италијански начин


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 2000 грама Пилешки гради
  • 100 милилитри Масло
  • 200 грама Маслинки
  • малку   Мајчина душица
  • 300 грама Домат
  • 200 грама Сирење
  • малку   Босилок


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Полнети пилешки гради на Италијански начин

ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 220 степени.

Ги мешаме сирењето со лукот, маслинките и зачините.

Со тенок нож насекуваме "џеб" во секое филе. Зачинуваме со сол и црн пипер.

Со смесата од сирење ги полниме џебчињата и ги притискаме малку на краевите, за да се затворат.

Потоа ги ставаме во намастена тава и одозгора ги редиме парчињата домати.

Попрскуваме со маслиново масло и малку мајчина душичка.

Печеме околу 20 мин.

Послужуваме со зелена салата.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 22:11

Полнето пиле на италијански начин


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 120 грама Шунка
  • 120 грама Шампињони
  • 200 грама Тиквичка
  • малку   Сол
  • 50 грама Путер
  • 1200 грама Пилешко
  • малку   Морско оревче
  • 100 милилитри Масло
  • 50 грама Маргарин
  • 50 милилитри Доматно пире
  • малку   Бел бибер
  • 3   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Полнето пиле е рецепт што речиси е застапен во секоја национална кујна, рецепт без кој неможе да се замисли кулинарството.

ПОДГОТОВКА:

Шунката ја сецкаме на долгнавести парчиња, а шампињоните на тенки листови и ги пржиме во тава со растопен путер.

Посолуваме и додаваме мелен бел бибер и рендано морско оревче.

Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките.

Жолчките ги матиме со миксер и во садот ги додаваме преостанатиот маргарин, мелен бел бибер и рендано морско оревче.

Посолуваме и ги додаваме испржените шампињони и шунка. Ја мешаме целата смеса.

Малку мелен бел бибер втриваме во пилето и го посолуваме од сите страни.

Белките ги матиме со миксер и ги додаваме во садот со жолчките.

Промешуваме, па со смесата го полниме пилето. Го зацрвстуваме пилето со готварски конец и го ставаме во намрсена тава за печење.

Печеме во рерна 1 час на температура од 200 степени.

Потоа го оставаме пилето малку да се олади, па послужуваме.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 22:12

Пиле во вино


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Шампињони
  • 100 грама Чадена шунка
  • малку мала лажица Црн пипер
  • 50 милилитри Црвено вино
  • малку   Сол
  • 100 грама Путер
  • 1500 грама Пилешко
  • 1000 милилитри Масло
  • малку   Магдонос
  • малку   Мајчина душица
  • 3 чешниња Лук
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 15 грама Брашно


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пиле во вино

ПОДГОТОВКА:

Парчињата месо ги посолуваме, ги наросуваме со мелен црн пипер и ги пржиме во тава со растопен путер и загреано масло.

Кромидот и лукот ситно ги сецкаме. Шунката ја сецкаме на коцки. Испржените парчиња месо ги вадиме од тавата и во истата тава ги пржиме кромидот, лукот и шунката.

Ги додаваме шампињоните и изронетата мајчина душичка.

Промешуваме, посолуваме, па наросуваме со мелен црн пипер. Потоа динстаме па го додавме брашното и промешуваме. Потоа го додаваме виното и испржените парчиња пилешко месо. Динстаме 15-тина минути. Пrед крајот на динстањето во тавата го додаваме исецканиот магдонос.

Потоа парчињата месо ги редиме на чинија и ги преливаме со сосот од вино во кој се подготвуваа.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 22:13

Пол­не­то бе­ло ме­со


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 400 грама Пилешко
  • 50 грама Моркови
  • 1 чешниња Лук
  • 150 грама Кашкавал
  • 50 грама Жалфија
  • 1   Густин
  • 1 мала лажица Бибер
  • 250 грама Чадена шунка


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пол­не­то бе­ло ме­со

ПОДГОТОВКА:

  

Пи­ле­шко­то бе­ло ме­со се се­че хо­ри­зон­тал­но за да се на­пра­ви џеб, но тре­ба да се вни­ма­ва да не се исе­че ме­со­то до крај. 
Спа­на­ќот тре­ба да се сва­ри, а по­тоа  се ста­ва­ат не­кол­ку лив­чи­ња во бе­ло­то ме­со. По­тоа се ре­ди чедената шунка, ка­шка­ва­лот и мор­ко­вот, кој прет­ход­но е исе­чен на тр­кал­ца. 
Ме­со­то се за­тво­ра со чеп­кал­ка. Во дла­бо­ка та­ва се пр­жи лу­кот со ли­сто­ви­те жал­фи­ја, кол­ку да омек­нат, по­тоа се ва­дат од та­ва­та и се ста­ва ме­со­то. 
Се пр­жи по пет ми­ну­ти од две­те стра­ни. 
Ко­га ме­со­то е пр­же­но, во та­ва­та се до­да­ва ви­но­то, гу­сти­нот  и се оста­ва да се ва­рат око­лу 10 ми­ну­ти на ти­вок оган.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 22:14

Пилешки батаци со лимон


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1   Рузмарин
  • 50 грама Путер
  • 500 грама Пилешки батаци
  • 50 грама Мед
  • 2 чешниња Лук
  • 3   Лимон/и


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пилешки батаци со лимон

ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Дното на огноотпорна тава намачкајте го со половина путер.

Наредете ги посолените батаци.

Ставете го рузмаринот, грубо исецканиот лук и прелијте со сокот од два лимона.

Третиот лимон исечете го на осмини и ставете го во тавата.

Посипете ги батаците со мед.

Потоа прелијте ги со остатокот путер.

Ставете во рерна и печете околу еден час.

Послужете.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 22:15

Пилешко со моцарела и песто од рукола


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 600 грама Пилешко
  • 300 грама Песто
  • 150 грама Моцарела


  • Време за подготовка: 90 мин.
  • Време за готвење: 45 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Слаткиот оцетот дава посебен вкус како маринада за овој пилешки рецепт.

ПОДГОТОВКА:

 
Ставете го пилешкото и една чаша оцет во голема пластична кеса. Запечатете ја кесата цврсто и сместете ја во фрижидер да се маринираат еден час. (Не маринирајте во текот на ноќта)

Ставете ја другата чаша оцет во мало тенџере на шпоретот и зовријте го. Продолжете да крчкате околу 15 минути додека оцетот се намали и загусти како сируп. Тргнете го од шпоретот да олади додека ги приготвувате пилешките гради. Откак ќе го измаринирате пилешкото загрејте ја скарата или тава на шпоретот. Печете ги на скара на секоја страна по околу осум минути. Отстранете го пилешкото место во чинија. Ставете по едно парче од моцарелата на секое пилешко. Оставете ги да отсојат покриени со фолија  3, 4 минути додека сирењето да се стопи. Над секое парче пилешко место ставете по една лажичка пестото од тукола и прелијте го со „сирупестиот“ оцет.

  
*Песто со рукола се прави со: Рукола, 2 лукчиња, сол, црнпипер, пармезан и ореви или кикирики не солени и маслиново масло. Се на куп зе блендира додека не се добие зелената смеса.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 22:16

Пилешки бургери

.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 30 грама Презла
  • 500 грама Пилешко
  • 100 милилитри Масло
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 1 лажица/ци Дафинка
  • 1   Јајца/це


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пилешки бургери

ПОДГОТОВКА:

Пилешкото бело месо се меле на машина за месо, се додава зачинот, сецкан кромид, јајце и презла.

Убаво се меша за смесата да се изедначи и се остава да отстои 1 час.

Потоа од смесата се формираат ќофтиња и се пржат од двете страни по 5 минути.

Се служат веднаш топли.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 22:18

Пилешка шницла во бешамел-сос


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Путер
  • 200 грама Пилешко
  • 50 грама Ориз
  • малку   Морско оревче
  • 150 милилитри Млеко
  • 100 милилитри Масло
  • малку   Магдонос
  • малку   Дафинка
  • 30 грама Брашно


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 70 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пилешка шницла во бешамел-сос

ПОДГОТОВКА:

Пилешката шницла ја исукуваме.
Ја зачинуваме со зачин (вегета) и ја ставаме да се пржи во тава со загреано масло. Ја пржиме од двете страни. Кога шницлата ќе се испржи, ја вадиме од тавата и ја чуваме на топло.

Путерот го додаваме во тавата. Го додаваме и брашното малку пропржуваме. Го додаваме млекото и постојано мешаме за да не загори брашното. Зачинуваме со зачин и со морско оревче.
Во сосот ја додаваме и пилешката шницла.
Оставаме се заедно да прокрчка.
Кога ќе прокрчка јадењето ја вадиме шницлата од тавата и ја сервираме во чинија. Гарнираме со ориз и со мешано вариво (по желба).

На крајот наросуваме исечкан магдонос.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 22:18

Пилешко на ловечки начин


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Шампињони
  • малку мала лажица Црн пипер
  • 1 лажица/ци Сол
  • 60 грама Путер
  • 120 грама Пиперки
  • 1000 грама Пилешко
  • 2 лажица/ци Маслиново масло
  • 2 чешниња Лук
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 1   Коцка за супа
  • 250 грама Домат
  • малку   Босилок


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пилешко месо е едно од најконзумираните меса во сите светски кујни, готвено на речиси илјадници начини.

ПОДГОТОВКА:

Во голема тава, се запржува пилешкото месо со маслиново масло и путер додека не се добие златно кафена боја.

Додадете го кромидот, пиперката, лукот, босилекот, солта и биберот по вкус.

Континуирано мешајте.

Гответе додека кромидот не омекне, но не предолго за да не потемне (околу 5 минути).

Додадете цели свежи домати и промешајте добро.

Поклопете го огнотпорниот сад и оставете го да се динста 20 минути на умерена температура и повремено мешајте.

Додадете го сосот од домати и коцката пилешка супа и оставете го 10 минути за смесата да се соедини.

Поставете ги пилешките парчиња во чинија и одозгора полејте ја со смесата од огноотпорниот сад.

Декорирајте со ситно исецкани печурки.
 


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 22:19

Ароматично пиле со рузмарин и лимон


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Рузмарин
  • 1500 грама Пилешко
  • 1   Лимон/и
  • малку   Сол


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Ароматично пиле со рузмарин и лимон

ПОДГОТОВКА:

Пилето се сече на стомакот и се посолува.

Внатре исцедете го сокот од лимон. Се попрскува со рузмарин.

Се врти со стомакот надоле се попрскува со масло и се витка во алуминиумска фолија.

Се пече на умерена температура околу 1 час.

На крајот од печењето се одмотува од фолијата и се пече до зацрвенување.

Се послужува со печени компири.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Септември.2013 во 08:15

Варено пилешко во сос од соја и мед


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 мала лажица Ѓумбир во прав
  • 2 лажица/ци Лимонов сок
  • 1 чешниња Лук
  • 2 лажица/ци Мед
  • 500 милилитри Пилешка супа
  • 400 грама Пилешки гради
  • 75 милилитри Сос од соја
  • 200 милилитри Топла Вода
  • малку   Чили во прав


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Варено пилешко во сос од соја и мед

ПОДГОТОВКА:

 Во средно голема тава додадете ги сите состојки освен пилешкото. Почекајте се да почне да врие, па намалете ја температурата. Оставете го да врие 10тина минути. Исклучете го оганот и оставете го пилешкото да поприми од течноста уште 10 минути. 
Извадете го пилешкото и исечете го на еднакви парчиња.  
Сервирајте го со обарен бел ориз.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Септември.2013 во 08:16

Пилешко во сланина


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1   Црвен пипер
  • малку   Сол
  • 100 грама Сланина
  • 400 грама Пилешки батаци
  • 100 милилитри Масло


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пилешко во сланина

ПОДГОТОВКА:

Исчистените копани се посолуваат и се тријат со црвен пипер.

Потоа секој се витка со парчињата сланина кои се зацврстуваат со чепкалка и се пржат во врело масло.

Веднаш послужете.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Септември.2013 во 08:18

Пиле со Тарана


1 пиле во тежина oд 1 кгр.
1 мала главица кромид
250 гр. путер или масло
1,1/4 л. вода
1 зелена пиперка
црвен пипер
сол

Пилето исечете го на парчиња, ставете го во сад, налејте го со вода, посолете го и варете го, само внимавајте да не се превари. Вареното месо тргнете го од оган. Во тенџере ставете 200 гр.путер или масло (во зависност со што ќе го готвите) и пропржете го сецканиот кромид, додајте сецкана пиперка и тараната, и се заедно малку пропржете, а потоа налејте со водата во која се варело пилето. Сега тараната сипајте ја во тава од огноотпорно стакло, а преку неа наредете го месото. Во 50 гр.загреано масло или путер ставете малку црвен пипер и прелејте го месото. Печете го во рерна додека тарната не ја упие целата супа.

(Emil)


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 08:36

Слатко-кисело пилешко

http://www.femina.mk/рецепти/популарни-јадења/слатко-кисело-пилешко" rel="nofollow">

Слатко-кисело пилешко
http://www.femina.mk/images/articles/588/large/slatko-kiselo-pilesko-1.jpg" rel="nofollow">Слатко-кисело пилешко http://www.femina.mk/images/articles/588/large/slatko-kiselo-pilesko-2.jpg" rel="nofollow">Слатко-кисело пилешко http://www.femina.mk/images/articles/588/large/slatko-kiselo-pilesko-3.jpg" rel="nofollow">Слатко-кисело пилешко

Кинеската кујна е многу интересна, затоа што често спојува различни ароми и зачини. Ако сте љубител на кинеската храна, сигурно сте пробале пилешко месо во слатко-кисел сос. Невообичаената егзотична комбинација не е прифатлива за секого, но многумина уживаат во миксот на вкусови.

Ако и вие го обожавате ова јадење или едноставно сакате да пробате нешто ново, еве како да го приготвите.

Состојки

Пилешко:

1kgпилешки гради (без кожа и коски)
1шолја брашно
½шолја млеко
2јајца

зачини: црн пипер, ѓумбир, лук во прав (по вкус)

Зеленчуци и ананас:

1зелена пиперка
1црвена пиперка
1глава кромид
2моркова
500gананас (од конзерва)

Слатко-кисел сос:

½ шолјасок од ананас (од конзервата)
¼ шолјашеќер
¼ шолјацрвен вински оцет
3 с.л.сок од лимон
2 с.л.пченкарно брашно

Подготовка на пилешкото

Исечкајте го пилешкото месо на коцки (не премногу ситни).

Во длабок сад ставете ги јајцата и млекото. Матете додека не се добие хомогена смеса. Во друг плиток сад промешајте ги брашното и зачините.

Во тавче ставете околу 1cm масло. Загрејте го. Земете дел од парчињата пилешко и потопете ги во садот со јајцата и млекото. Потоа извадете ги и валкајте ги во садот со брашното. Ставете ги во загреаното масло и пржете додека не добијат златна боја. Превртувајте ги парчињата за да бидат испржени подеднакво од сите страни. Откако ќе се испржат, ставете ги во сад со хартија за да се исцеди маслото. Повторете ја постапката неколку пати, додека не го приготвите целото месо. Оставете го настрана.

Подготовка на сосот

Во мал длабок сад, промешајте го пченкарното брашно со малку вода, додека не добиете течна хомогена смеса.

Во тенџере ставете го сокот од ананас и додајте 1 шолја вода. Загрејте го на тивок оган. Полека додавајте од шеќерот, постојано мешајќи. Откако ќе се раствори шеќерот, полека додајте го винскиот оцет, па сокот од лимон, без да престанувате со мешање.

Додајте ја смесата од пченкарно брашно и вода. Продолжете постојано да мешате. Сосот ќе зоврие, па ќе почне да се згуснува. Тргнете го од огнот откако ќе ја постигнете посакуваната густина (треба да изгледа како сируп). Оставете го настрана.

Подготовка на зеленчуците и спојување на деловите

Измијте ги пиперките, извадете ги семките и исечкајте ги на квадратни парчиња од 1-2cm. Излупете го кромидот и исечкајте го на мали парчиња од 1-2cm. Исчистете ги морковите и исечкајте ги дијагонално на тенки парчиња.

Ставете малку масло во големо тавче (ако имате вок, искористете го). Загрејте го на средна температура. Додајте ги сите зеленчуци (без ананасот) во тавчето и гответе додека кромидот не добие златна боја, притоа често промешувајќи.

Додајте го претходно приготвениот сос и продолжете да мешате додека не се соедини сосот со зеленчуците.

Ако парчињата ананас се во форма на круг, исечкајте ги на коцки. Додајте ги во тавчето заедно со приготвените парчиња пилешко. Мешајте на тивок оган, додека не се затоплат.

Можете да го сервирате јадењето со ориз со кари. Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 17:18

Печени копанчиња во сос од лук


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 3 лажица/ци Сол
  • малку   Рузмарин
  • 4 лажица/ци Презла
  • 2 килограм/и Пилешки копани
  • 100 грама Пармезан
  • малку   Оригано
  • 3 лажица/ци Маслиново масло
  • малку   Магдонос
  • 1 ливче/чиња Ловоров лист
  • 1   Главица лук
  • 2000 милилитри Вода
  • 10 грама Буковец
  • 80 милилитри Балсамико Оцет
  • малку   Црвен пипер
  • 2 мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Навидум изгледаат како поховани копанчиња и пржени во фритеза, меѓутоа не е така. Малку проварени, па печени во рерна, овие копанчиња се вистински избор за вашиот ручек или вечера со фамилијата или пријателите. Уживајте!

ПОДГОТОВКА:


 
Во тенџере со ладна вода ставаме сол, балсамиран оцет, ловоров лист, сушен магдонос, сушено оригано и сушен рузмарин. Доведете ја водата до вриење и кога ќе почне да врие ставете ги копаните. Ќе биде потребно уште 4-5 минути за водата да почне повторно да врие и кога ќе се случи тоа оставете ги копаните да се сварат 15 минути. Ова го правиме заради неколку причини, ќе им дадеме малку „залет“ во печењето и со самото варење ќе примат вкусови и ќе крцкаат повеќе откако ќе бидат испечени. 
Откако ќе се сврата 15 минути, извадете ги и оставете да се оладат, односно да се исушат колку што е можно повеќе. 
Во меѓувреме може да го подготвите сосот. 
Меѓувремено загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови.
Во аван ставете го лукот, ставете сол и полека истолчете ги додека не добиете  убава кремаста смеса. Ставете го лукот во голем сад, додадете маслиново масло, малку црвен пипер, црн бибер, буковец и сето тоа убаво промешајте го. По потреба додадете уште малку маслиново масло. Ставете ги копанчињата во садот и наросете ги со неколку лажици презла. Сето тоа убаво промешајте го неколку пати и изрендајте малку пармезан. Промешајте и уште еднаш додадете малку пармезан.
Откако сето ова е готово, во тавче за печење ставете најдолу малку маслиново масло и распоредете ги копанчињата низ целата тава. Пред да ги ставите да се печат врз секое копанче ставете уште по малку пармезан за да се добие екстра крцкавост. 
Ставете ги во рерната која што е предходно загреана и печете 25 минути. Извадете ги оставете ги малку да се оладат и вкусете ги. 
Уживајте!
  


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 17:19

Пилешки крилца со кока кола и сос од соја


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 милилитри Сос од соја
  • 500 грама Пилешки крилца
  • 200 милилитри Кока Кола


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пилешки крилца со кока кола и сос од соја

ПОДГОТОВКА:

Пилешки крилца ги оставаме да отстојат 2-3 часа во соја сосот и кока колата.

Потоа се ставаат во тавче за печење и се печат 35-40 минути во многу загреана рерна.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 17:20

Полнето пилешко "Амброзија"


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 30 грама Шунка
  • 30 грама Сусам
  • 20 грама Пиперки
  • 180 грама Пилешко
  • 20 грама Печурки
  • 70 грама Ориз
  • малку   Магдонос
  • 30 грама Краставица
  • 20 грама Кисели краставички
  • 1   Жолчка/ки
  • малку   Афион


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Полнето пилешко

ПОДГОТОВКА:

 Шунката и печурките треба да ги исечеме на коцки, па ги ставаме да се пржат во тава на загреано масло. Се разбира, мешаме кога е потребно. Потоа ги додаваме киселите краставички, кои исто така сме ги исекле на коцки, а веднаш потоа и исецканата пиперката
По додавањето на пиперката мешаме и оставаме смесата да се пржи уште 2-3 минути. Испржената смеса ја тргаме од огнот и оставаме малку да е олади.

Пилешкото филе го сечеме на половина и го исчукуваме, потоа го зачинуваме со сол и црн пипер и врз него ја ставаме испржената смеса.

Убаво ја размачкуваме и месото го виткаме во ролат. Со изматената жолчка, го премачкуваме месото, а потоа поросуваме со сусам и со афион.

Вака подготвеното полнето пилешко месо го ставаме во рерна загреана на 220 Ц степени, па го печеме 25 минути.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 17:22

Пилешко на шпански начин


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 400 грама Шампињони
  • малку   Црн бибер
  • малку   Сол
  • 50 грама Путер
  • 700 грама Пилешко
  • 500 милилитри Млеко
  • малку   Мешан зачин
  • 200 грама Кисела павлака
  • 150 грама Кашкавал
  • 50 грама Брашно


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Кокошката, одамна е распространета во целиот свет. Се претпоставува дека денешната домашна кокошка потекнува од кокошката Gallus Bankive, која пак потекнува од Малезија, Индија и Кина, но денес тој вид на кокошки живеат во природа.

Прво се распространиле во Азија, Африка и Европа, а денес е распространета во целиот свет.

Покрај употребата на месото, кокошката несе јајца, кои исто така се потребни во кујната, а има и меко и вкусно месо. Поради овие одлични особини е употребувана скоро во секоја кујна.

ПОДГОТОВКА:

 На малку масло испржете ги шницлите од пилешкото бело месо, кое од двете страни сте го зачиниле по вкус.

Кога ќе ги испржите шницлите ставете ги на еден тањир.

Кога е целото месо шечено, во истото масло испржете ги и сецканите шампињони.

Побиберете, посолете и оставете на страна.

Направете бешамел сос: стопете го путерот, додадете брашно, па во сето тоа додадете ладно млеко и со стално мешање сварете средно густ бешамел сос.

Кога малку ќе се олади во него додадете ја киселата павлака ренданиот кашкавал.

Добро промешајте.

На дното во садот во кој ќе го печете ова јадење ставете малку бешамел сос, па ставете ги пржените шницли колку да го покријат дното, па сипете ги пржените шампињони, па пак бешамел сос.

Треба да имате повеќе редови, но последниот ред треба да биде бешамел сосот.

Ставете во загреана рерна на 200 степени само додека не фати кора на бешамелот.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Септември.2013 во 21:07
Пилешко месо со портокал и нане


СОСТОЈКИ

• 2 парчиња пилешки гради (без коска)
• 2 големи лажици маслиново масло
• сок од еден портокал
• 2 големи лажици путер
• 4 ливчиња нане, исечкано
• кора од еден портокал (по избор)


ПОДГОТОВКА

Пилешките гради ставете ги помеѓу две парчиња мрсна хартија или ставете пластична фолија врз нив и цела ваша нервоза исфрлете ја врз нив со дрвен чекан за месо. Парчињата треба да бидат со дебелина од 6 милиметри.
Во тава за пржење ставете маслиново масло и загрејте го. Потоа, ставете ги пилешките гради, налејте сок од портокал и пропржете (внимавајте да не ги препржите). Пржете од секоја страна по 6–7 минути на умерен оган.
На крај, додадете путер, нане и кора од портокал и оставете путерот да се истопи. Сервирајте.
[IMG]


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Септември.2013 во 21:11
ПИЛЕШКА ФАНТАЗИЈА

500 гр. пилешки стек
300 гр. сланина
300 гр. кашкавал
1 мала тегла шампињони
1 крем-супа од печурки
2 чаши павлака
1 чешне лук (по желба)
Мешан зачин и црн бибер по вкус

Приготвување:
1. Пилешкиот стек се сече на коцки, се сечкаат и сланината и печурките, а кашкавалот се ренда.
2. Крем-супата се вари со 500 мл. вода, се лади и се додава павлаката и се мати со миксер за да се добие густ сос.
3. Во тава се става половина од исечканиот пилешки стек, врз него се става половина од сланината, половина од печурките и половина од кашкавалот.
Се распоредуваат, се става половина од сосот и со лажица се размачкува насекаде.
4. Врз првиот ред се става преостанатиот стек, се распоредува, па се ставаат сланината, печурките, кашкавалот и преостанатиот сос.
5. Тавата се покрива со алуминиумска фолија и се пече 1 час на 250 степени, потоа фолијата се вади и се пече додека не зарумени.

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 17:03

Полнето пиле

Полнето пиле

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 30 грама Суво грозје
  • 1 лажица/ци Сол
  • 2000 грама Пилешко
  • 100 грама Ориз
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 100 грама Џигер
  • 1 лажица/ци Дафинка
  • 100 грама Јунешко мелено
  • малку   Црн бибер


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 80 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Голема благодарност до Дијана Герасимовска за рецептот.

ПОДГОТОВКА:

Кромидот се пропржува малку, потоа се додава исецкан пилешкиот џигер, па меленото месо, сол, бибер, вегета, ориз и суво грозје. Пилето се полни со оваа смеса и се затвара со конец. Потоа се вари во солена вода 30 минути, потоа во земјена тава премачкана со масло се пече уште 30 минути.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 17:35

Пилешка бајадера

Пилешка%20бајадера
 

Потребни состојки:

  • малку   Црн пипер
  • малку   Сол
  • 100 грама Сланина
  • 50 грама Сенф
  • 200 грама Пушено свинско
  • 3 чешниња Лук
  • 500 грама Пилешко
  • 200 грама Кашкавал

 
Подготвување:
 
 Исечете и исчукајте ги пилешките шницли - најдобро преку ќесе за замрзнување за да не се искинат.

Насолете ги, па наросете им црн пипер.

Во долг и тесен калап ставете тенки кришки сланина, парчињата малку да се преклопуваат.

На сланината ставете еден ред пилешки шницли, намачкајте со сенф и нафрлете пасиран лук.

Над тоа нанесете рендан кашкавал, тенки парчиња пушен свински врат и повторно тенок слој сенф.

Повторете ја постапката, од пилешкото месо па натаму, уште еднаш.

Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 30 минути.

По желба бајадерата можете да ја превртите на голема тава, па да ја запечете и сланината.

Испечената пилешка бајадера пред служење оставете малку да се излади за да не се рони при сечењето.

(Emil)


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 17:37

АРГЕНТИНСКО ПИЛЕШКО СО ПЧЕНКА

 

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 1 пиле, исечкано на парчиња
• бибер
• 1 голема лажица маслиново масло
• 2 домати
• 1 ловоров лист
• ¼ мала лажица мајоран
• 1 пакување смрзната пченка
• 2 чешниња лук, издробени

ПОДГОТОВКА
Остранете ја кожата од пилето, посолете го и додадете мелен црн бибер по вкус. Во голема тефлонска тава загрејте масло и пржете го пилешкото месо околу 15 до 20 минути. Притоа, вртете го месото за да се испржи рамномерно од двете страни.

Кога ќе биде готово, извадете го месото од тава и ставете го во друг сад кој ќе стои на топло.

Во маслото во кое го пржевте месото, издинстајте го лукот, потоа додадете ги доматите (сечкани), ловоровиот лист и мајоранот. По 10-тина минути, додадете ги и претходно сварената пченка и пилешкото месо. Измешајте го месото со сосот и сервирајте.

(Emil)



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 17:40

Пилешко со праз

Потребно:

* 600 г пилешко месо
* 1 лажичка мелен црвен пипер
* 40 г путер
* 700 г праз
* 150 мл бело вино
* 100 г кисела павлака
* 1 лажица зачинал

Приготвување: исечете го пилешкото месо на парчиња. Добро измијте го празот и исечете го на тркалца. Испржете ги месото и празот во загреаниот путер. Додајте го мелениот црвен пипер во нив и веднаш прелијте го сето тоа со 100 мл топла вода. Измешајте ја смесата, додајте го зачиналот и продолжете со динстањето на тивок оган постепено сипувајќи го виното, се додека месото не омекне. На крај измешајте ја киселата павлака во јадењето.

(Emil)



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 17:52

Пилешки раженчиња

Потребно:

* 600 г пилешко бело месо
* 100 г чадена сланина
* 100 г кромид
* 100 г пиперки
* 100 г шампињони
* 2 лажици зачинал
* масло за премачкување

Приготвување: исечете ги пилешкото месо и сланината на коцки, кромидот и пиперката на поголеми парчиња, а шампињоните преполовете ги. Сето тоа посипете го со зачинал и оставете го да отстои 30 минути. На стапчиња наизменично боцкајте ги сите состојки, премачкајте ги со маслото и испечете ги на скара или во тефлон тава.

(Emil)



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 19:44

http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%B3%D0%BE%D1%82%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%BB%D0%B0/" rel="nofollow - Пилешко готвено во тегла

Complexity
Пилешко готвено во тегла

Состојки

  • по желба пилешки батаци или копани
  • 3 чешчиња лук
  • 2 ливчиња ловор
  • по потреба сол и бибер

Подготовка

Месото го посокуваме со сол и бибер. Земаме чиста и сува тегла, големината на теглата ја одредуваме од количината на месото.
Ги редиме парчињата месо ги додаваме ловорот и исецканиот лук. Земаме алуминска фолија ја поклопуваме неколку пати и покриваме теглата. Треба да внимавае во полнењетоте да не биде теглата полна повеќе од 3/4.
Теглата ставете ја во исклучена рерна и вклучете на 180 или 200 степени печете околу 1,5 до 2 часа. По желба можете да додадете и друг зачин, а и зеленчук.

Дополнителни фотографии

  • http://moirecepti.mk/content/uploads/2013/09/Picture-4062-fd6f79-800x600.jpg" rel="nofollow">




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Октомври.2013 во 17:00

Брзо и највкусно:Пилешко во кари сос со зеленчук

Вкусен и едноставен ручек кој многу потсетува на индиската храна, убаво зачинет и со прекрасна арома на кари.  Ова е за сите оние кои сакаат да пробаат нешто ново и несекојдневно и со сигурност нема да згрешат доколку потрошат 1 час во подготовка.

Уживајте во прекрасните мириси на домашно зготвениот специјалитет кои ќе го исполнат вашиот дом.

Да започнеме!

Намирници кои ќе ви бидат потребни:

  • 1 главица кромид
  • 4 чешчиња лук
  • 2 исечкани свежи пиперки
  • Маслиново масло
  • ½ лажичка чили зачин во прав (по вкус)
  • 1 лажичка кари зачин
  • ½ лажичка мешани зачини (по вкус)
  • ½ зеленчукова коцка за супа
  • ½ лажица брашно
  • 3 големи парчиња пилешко (немаринирано)

Еден час пред да започнете, парчињата пилешко исечкајте ги на коцки, насолете ги и попрскајте ги со маслиново масло. На овој начин месото ќе биде меко и вкусно откако ќе го зготвите.

Начин на подоготовка:

  1. Исечкајте ја едната половина од главицата кромид, лукот и пиперката, па така исечканите намирници ставете ги во блендер. Додајте го карито, чилито и малку сол. Додадете маслиново масло за да добиете нешто што ќе наликува на паста, вклучете го блендерот и оставете состојките убаво да се спојат. Додадете уште малку маслиново масло доколку сметате дека смесата е премногу сува.
  2. Во загреаниот длабок сад кој го наменивте за готвење и во кој претходно ставивте масло, истурете ја претходно подготвената кари паста и другата половина од крупно исечканиот кромид и на тивок оган пржете околу 4 минути.
  3. Претходно посолените парчиња месо ставете ги да се пржат заедно со смесата од кари, зеленчук и зачини. Во 50 мл врела вода ставете ја едната половина од коцката за супа и ½ лажица брашно и сето тоа убаво промешајте го за да не останат грутки.
  4. Оваа смеса ставете ја во садот во кој се пржат сосот од кари и пилешкото и убаво промешајте до соединување. Доколку сакате целата оваа смеса да биде погуста, само додадете брашно размешано во вода.
  5. Гответе уште 20 минути, а повремено проверувајте дали месото е сварено и секако промешувајте. Откако сето ова ќе биде готово послужете со дополнително зготвен ориз од другата страна на чинијата.

Уживајте!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Декември.2013 во 21:48

Кокошка во вино со сланина и печурки


Приготвување:

Пропржете ја сланината во голема тава на средно ниска температура додека мастите да се стопат. Со лажица-решетка извадете ја сланината од тавата и оставете ја настрана. Зголемете ја температурата на средна.

Исечете ја кокошката на парчиња, посолете ги и ставете ги во тавата да се пржат на маста од сланината, додека убаво да поруменат од двете страни. Извадете ги од тавата и префрлете ги во тава за печење, со кожата нагоре.

Динстајте ги кромидот, морковите и лукот во маста од сланината додека кромидот да стане стаклест, околу 3 минути. Извадете ги од маста со лажица-решетка и оставете ги настрана.
Во посебна тава издинстајте ги печурките на 2 лажици путер додека да потемнат, околу 3 минути. Оставете ги настрана.

Врз пилешкото во тавата наредете половина од парчињата сланина, па смесата од моркови/ кромид и на крај печурките.

Исцедете ја маста од големата тава, а потоа ставете ја тавата на средна температура. Истурете го виното, со дрвена лажица гребејќи по дното за остатоците од прженото да се измешаат со виното. Малку посолете ја течноста и оставете да крчка 3 минути. Прелејте ја преку пилешкото и зеленчукот. Покријте ја тавата, ставете ја во рерна и печете на 180 степени 1 час и 15 минути до час и пол.

Сварете ги тестенините. Исцедете ги и промешајте 2 лажици путер во нив.

Послужете го пилешкото во комбинација со тестенините, додавајќи му сечкан магдонос одозгора. Врз сето тоа со лажица прелејте од сосот.

Состојки:
4 кришки сланина, сечени на мали ленти

1 цела кокошка

1/2 среден кромид, ситно сечкан

4 моркови, измиени, излупени и грубо исечкани

5 чешниња лук, здробени

2 лажици путер

500 г шампињони, исечени

500 мл црвено вино

500 г тестенини

2 лажици путер

свеж магдонос, сечкан

сол и црн пипер по вку



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Декември.2013 во 15:38

Новогодишна трпеза: Печено пиле во сланина

Откако изминативе неколку дена ви претставивме вкусни јадења со http://www.idividi.com.mk/stil/ishrana/893628/index.html" rel="nofollow -

Потребни состојки:

  • Едно поголемо пиле
  • ¼ килограм сува сланина
  • ¼ литар кисел кајмак
  • еден шолја млеко
  • сол и сок од лимон

Подготовка:

Добро измијте го пилето и посолете го, додека ¼ килограм сувата сланина исечете ја на тенки листови и целото пиле завиткајте го со сланината, а потоа врзете го со бел конец. Вака приготвеното пиле ставете го во подлабок сад, а потоа во рерна. Долевајте по малку вода за да во пилето има повеќе сок. Кога ќе биде пилето испечено ќе го извадите и ќе го премачкате со кајмакот, а потоа ќе го прелиете со млекото. На крај додадете малку сол и ломон и вратете го на некоја минута назад во рерната. Месото можете да го послужите со салата.

Пријатен апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Radmila Rada
Датум на внесување: 16.Јануари.2014 во 16:15
Пилешко во павлака
Нешто....прсти да излижеш! (по што можи да се макне од сосот)
*пола кило стек (можи саламурен) се сечи на коцкички и се пржи
*печурки- 300гр. се додаваат во тавата каде се пржи стекот пред да биде готов
* се се претура во тава за печење и се полива со пола литар павлака за готвење ДУКАТ (исклучиво, по што пробано ми е со секаква и не испаѓа
)
*одозгора се става рендан кашкавал и оригано на пр. за да фати кора

Се печи во загреана рерна некои 30тина мин. додека не згусне павлаката.
Пробајте- нема да згрешите (до сега немало некој што кај нас дома не го бендисал)


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Јануари.2014 во 12:48
Маринирани пилешки ражничи
Ви предлагаме еден турски рецепт за ражничи, кои најчесто се служат со ориз, јогурт, и намаз од кромид и зеленчук.
Подготовката на рецептот ќе ви одземе 15-20 минути, а за четири порции ви се потребни следниве намирници:

Потребно:
6 парчиња пилешки гради
3 чешниња лук
1/4 лажица маслиново масло
1 лажица црвена пиперка
конзерва пелати
1 шоља јогурт
сол, бибер
кора и сок од лимон


Подготовка:
Исечете ги пилешките гради на коцки со соодветна големина за ражничи. Сите останати состојки заедно измешајте ги за да добите маринада.

Месото потопете го во маринадата, заклопете го садот и оставете да отстои во фрижидер, меѓу 2 и 8 часа.

Пилешкото извадете го од маринадата, набодете го на стапчиња за ражнич и испечете на скара.

Добар апетит!


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Февруари.2014 во 14:23

Прсти да излижеш: Пиле со палачинки

Пилешкото месо е едно од најомилените јадења на луѓето ширум светот. Тоа можеме да го комбинираме буквално на илјадници начини, но за денеска се одлучивме да ви понудиме еден интересен и вкусен рецепт.

Потребни состојки:

  • едно средно пиле
  • една главица кромид
  • една лажица маст или масло
  • 3 јајца
  • 4 лажици кисел кајмак
  • млеко според потреба
  • малку супа
  • брашно
  • црн пипер

Подготовка:

Во подлабока тава се става една лажица маст, една главица ситно исечен кромид за да се испржи. Кога кромидот ќе добие жолтеникава боја, се додава пилето кое претходно убаво ќе го исечете и заедно се пржи. Додадете малку супа додека месото не почне да паѓа од коските. Тогаш месото се вади на штица, се вадат коските, ситно треба да се исечe и повторно да се врати во тавата со кромидот, која во тоа време била на огнот.

Од трите јајца, брашното и млекото ќе направите 10 палачинки. Две ќе оставите на страна, а 8-те палачинки треба да ги исечете на ситни резанки и да ги ставите во месото и кромидот. Потоа додадете 4 лажици кисел кајмак, малку црн пипер, сол и сето тоа заедно уште малку се пропржува.

Потоа се зема друг сад со капак кој ќе го намачкате со масло или со путер, ќе обложите една цела палачинка, во неа се става сета маса, а со другата палачинка ќе го поклопите месото и ќе го затворите капакот. Се вари на пара 45-на минути во поклопениот сад.

На крај оставете малку јадењето да се излади, ставете го на чинија и исечете го како торта. Можете да ставите печурки или пак некој вид на зеленчук и кашкавал. Се сервира со разни салати како главно јадење.

Пријатен апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Февруари.2014 во 22:13

http://www.mojatakujna.mk/recipe/archives/%d0%bf%d0%be%d0%bb%d0%bd%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%bf%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d1%88%d0%ba%d0%b8-%d0%b3%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%b8" rel="nofollow -

ПОЛНЕТИ ПИЛЕШКИ ГРАДИ


  • Време на подготовка :
    20 min
  • Време на готвење :
    55 min
  • Вкупно време :
    1 h, 15 min

Порции

4 лице/а

Состојки

  • 4 парчиња пилешки гради
  • 1 јајце
  • 1 кромид црвен
  • 2 моркови
  • 100 гр. сирење
  • 100 гр. кашкавал
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажичка сенф
  • 2-3 домати
  • магдонос

Упатство

Во едно мало тенџере наполнете вода и сварете ги морковите. Внимавајте да не ги преварите, за да не омекнат премногу.
Во тава со масло загреана на среден оган динстајте го кромидот, ситно исецкан. Кога ќе омекне додадете го исецканиот лук и ситно сецкан магдонос. Пропржете ги неколку минути и тргнете ги од оган.
По две минути додадете во тавата сенф, малку сол и бибер и едно јајце. Добро измешајте ја смесата и додадете изрендано сирење и изрендан кашкавал.
Во пилешките гради со остар нож направете подлабок засек и формирајте џеб. Со мала лажичка наполнете од смесата во пилешкото. Во средината ставете половина варен морков. Процепот во месото затворете го со чепкалка. Одкако ќе ги наполните сите парчиња пилешко, ако ви остане од смесата не ја фрлајте, туку намачкајте го со неа месото. Исецкајте ги доматите и наредете ги во огноотпорен сад. Врз нив поставете го пилешкото месо и печете го во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути, покриено со фолија. По 40 минути извадете ја фолијата и печете уште 15 минути.
Сервирајте го пилешкото топло, пресечено на половинки, со прилог по желба.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Февруари.2014 во 15:52
Пилешко со кари сос

http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE-%D1%81%D0%BE-%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D1%81%D0%BE%D1%81/" rel="nofollow -

Пилешкиот стек посолете го и пржете го од двете страни додека да зарумени. Кромидот ситно исецкајте го и испржете го заедно со печурките.
За сосот, во едно мало тенџере ставете малку масло и 1 полна лажица брашно. Пржете го брашното и пред да поцрвени тргнете го тенџерето на страна. Додадете го кари зачинот и соја сосот. Промешајте убаво и додадете го млекото. Вратете го тенџерето на оган и мешајте со жица за матење додека да се згусне. Ако е многу густо, додадете уште малку млеко. Ставете ги претходно испржените печурки, мешаниот зачин, побиберете и по вкус посолете.
Пилешкиот стек исечете го косо на парчиња со дебелина од 2см. и прелијте со сосот. Послужете со варен басмати ориз.
За оние кои сакаат поегзотичен вкус, може дел од млекото да се замени со сок од порокал.
Добар апетит!





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Февруари.2014 во 05:28



http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE-%D1%81%D0%BE-%D1%81%D0%B5%D0%BD%D1%84-%D0%B8-%D1%81%D1%83%D1%81%D0%B0%D0%BC/" rel="nofollow - Пилешко со сенф и сусам

Од моите брзи рецепти за работен ден.....
Во поширока плитка тава со капак на силен оган загрејте неколку лажици маслиново масло. Додајте ги коцките месо, па пржете додека не заруменат од сите страни. Додајте го сусамот, кратко пропржете и додајте го виното. Варете додека скоро сосем не испари, додајте го сенфот, промешајте, посолете и побиберете, додајте го и лукот. Наронете ја коцката супа и додајте ја водата. Намалете го огнот, додајте го ориганото и шеќерот. 
Во павлаката добро измешајте го густинот, па додајте во тавата со месо. Намалете ја температурата на готвење на тивко, добро измешајте се да се соедини, ако ви изгледа прегусто додајте уште малку вода , покријте со капак и варете околу 30 - 40 мин. или додека месото не се зготви.
Дотерајте го вкусот и сервирајте жешко со прилог по ваша желба. На мојата слика со конфети ориз за кој ќе ви проследам рецепт....
Еднакво добро е и подгреано другиот ден.






-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Февруари.2014 во 06:00

http://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%B8%D0%BD%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%BE-%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE-%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%BB%D0%B5%D1%87%D0%B5%D0%BD-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D0%B2/" rel="nofollow - Маринирано пилешко со маринада од цитрон и млечен прелив

Пилешките гради исечете ги на коцки.
Цитронот исцедете го и сокот претурете го во подлабок сад.
Додајте го соја сосот, карито, малку сол и црн бибер.
Измешајте ја смесата и додајте ги коцките пилешки гради.
Измешајте и покријте го садот со најлонска фолија.
Ставете го садот во фрижидер да отстои 6-7 часа.
Откако месото ке отстои во маринадата ставете го во тава со малку масло да се запржи, а потоа додајте го остатокот од маринадата.
Оставете да крчка на тивок оган додека испари маринадата.

Сос
Во тенџере на оган ставете го млекото да се загрее, а потоа додајте го кашкавалот исечен на мали коцки, горгонзолата и пармезанот.
Со жица континуирано мешајте додека малку се згусти.

Подготвеното месо послужете го топло прелиено со млечниот сос.






-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Февруари.2014 во 04:57

http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B5%D1%82%D0%BE-%D0%BF%D0%B5%D1%87%D0%B5%D0%BD%D0%BE-%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5-2/" rel="nofollow - Полнето печено пиле

1. Гравчето треба да ви биде убаво сварено. Во тава на оган ставете го ситно сецканиот кромид и протиснатото лукче да се пржат. Кога ќе омекнат и добијат боја додадете ги парчињата исецкани колбаси малку да се пропржат и ослободат дел од мрснотијата. Потоа додадете го и вареното гравче и убаво промешајте. На крај доадете ги маринираните домати, зачинете по вкус со сол и бибер, додадете ја мајчината душичка и убаво промешајте за да се соединат вкусовите.
2. Во отворот од пилето ставете сол и бибер и потоа наполнете го убаво, притискајте за што е можно повеќе да се наполни. На крај ставете цел лимон на отворот, прицврстете со чепкалки за да не паѓа и ставете го во тава за печење. Од горе повторно зачинете со сол и бибер, ставете малку зејтин и црвен пипер и убаво измачкајте го со рацете.
3. Во тавата во која ќе се пече ставете ги водата и виното, сол, бибер, мајчина душичка,ловоров лист (по желба) и 2-3 чешниња лукче, поклопете со капак или алу фолија и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180С 1 час. По 1 час тргнете го капакот/фолијата и оставете уште 20-30 мин. за да зарумени од горе.
4. Потоа извадете го пилето, отворете го отворот и во посебен сад извадете го полнењето. Пилето исечето го на парчиња, ставете на чинија и спремни сме за служење.
За ептен оригинално ... лимонот треба да се истиска во сокот од тавата, да се процеди и да се послужи како сос. Го направив тоа меѓутоа за наш вкус беше киселкасто па го одбегнавме.




-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 21.Февруари.2014 во 23:53

http://moirecepti.mk/post/%D1%80%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE-%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE-%D1%81%D0%BE-%D1%84%D0%B8%D0%BB/" rel="nofollow - Роловано пилешко со фил

Убаво измијте ги и исцедете ги парчињата стек и засечете на половина во дебелина, така што ќе добиете 4 парчиња со иста димензија само потенки. Секако, ако сакате ролните да ви се поголеми (како на пример за пречек како предјадење за гости, па сакате да ги исечите на парчиња и така да ги сервирате) тогаш не ги засекувајте стековите воопшто, ами такви и поголеми убаво исчукајте ги и направете си поголем ролат. Нам ни беа за ручек и секој си доби по едно парче во чинија =)

Најпрво јајцата со малку сол испржете ги малку . При тоа, цело време мешајте за убаво да се измешаат жолчките од белките.
Чајната колбасица и кашкавалот засебно исечете ги на поситни коцки. Стино исецкајте го и магдоносот.

Со помош на чук/чеканче за месо, убаво истенчете/исчукајте ги парчињата стек. Секое парче посолете го и премачкајте го со половина лажиче сенф (по желба и повеќе), врз него во линија скоро на средина на стекот распоредете од пржените јајца, а врз нив ставете од чајната колбасица и кашкавалот на коцки. Над сето тоа распоредете од магдоносот.

Почнете со ролање на месото, при што дел од страниците ке свиткате на внатре за да не истекува филот. Ролованото месо со фил одозгора измотајте го со тенки парчиња сланина.

Ставете го во огноотпорен сад со капак кој сте го премачкале со малку масло, попрскајте ги и нив одозгора со маслото и печете во рерна додека убаво не порумени слојот од сланината. Освен во рерна, можи исто така и на рингла да ги испржите без поклопување со капак.
Јас ги правев во Фестиво-то.

Ах, ќе изумев... па вие, можите слободно и по некое печурче да си насецкате во филот хехе...






-------------


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Февруари.2014 во 09:09

Пилешко со мед и бадеми

Рецепт за неделен ручек, кој не одзема многу време за подготовка. Овој рецепт за пилешко месо, маринирано во сок од портокал и мед и бадеми, е пример како со едноставни продукти, можете да бидете креативни во приготвувањето на неделниот ручек.

За да го приготвите овој рецепт ќе ви бидат потребни:

300 гр. пилешко филе
3 лажици мед
2 лажици сок од портокал
2 лажици маслиново масло
60 гр. излупени сурови бадеми
малку црвен пипер
сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

Се мешаат медот,сокот од портокал, маслото и црвениот пипер и во оваа смеса ги потопувате убаво пилешките филеа.
Така натопени во сосот, ставете ги во тава која предходно ќе ја покриете со алуминиумска фолија.

Дотурете го сосот што ќе ви остане, и додадете ги бадемите сечени на покрупни парчиња. Покрите ја тавата со   алуминиумска фолија. Пилешкото се пече 30-40 минути на 200°C. После тоа горната фолија се отстранува и печете уште 10 минути, додека  бадемите  заруменеат.
Можете да го послужите со едноставен бел ориз, или салата по вкус.


http://365.com.mk/index.php/tag/ruchek" rel="nofollow -


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Февруари.2014 во 09:15

Кој е најдобриот начин за приготвување пилешко?


За пилешкото не е потребен некој посебен вовед. Еден од најупотребуваните продукти и сигурно еден од најпопуларните поради цената, но и нутритивната вредност. Се консумира на сите континенти, а во светот во 2003-тата година имало дури 24 милијарди пилиња.

Најупотребувано е од домашните животни, што поради месото, но и поради јајцата. Приказната за пилешкото почнува многу, многу чудно. На почетокот се одгледувале индијски видови, и тоа исклучиво заради борба со петли. Малку внимание се обрнувало на месото и јајцата, речиси воопшто. Тие живееле од пет до десет години, во зависност од видот.

Најстарата кокошка која умрела имала 16 години, и тоа од срцев удар. Интересно е тоа што имаат т.н. „ред на петлите“, многу јасна хиерархиска поделба во внатрешноста на заедницата. КуК*рикањето на петлите е територијален знак за другиот петел, а кокошките се гласни кога лежат јајца, ги повикуваат пилињата, но и кога чувствуваат опасност.

Денеска има се помалку кокошки од органско производство, а се повеќе се одгледуваат во фабрички услови, и вакумирани се праќаат на полиците во супермаркетите. Постојат се помалку кокошки кои се исхранувани со пченка, а органско одгледнуваната живина се подготвува различно од неорганската за да биде сочна. Со пилешко се комбинира речиси се – печурки, зеленчук, тестенини, ориз, безброј видови на билки, сосови, зачини, па дури и, во Турција, слатко пилешко.

Пилешкото може да се полни, пече, вари, да се динстува, похова. Експериментирајте, обидете се со соја сос и мед, со коријандер, кокосово млеко во црвен сос од кари. Истражувајте, со пилешкото можете се!

Рецепт за вкусно и едноставно пилешко

Потребни состојки:

  • 1 пиле
  • 1 главица кромид
  • сланина
  • сол
  • бибер
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица сенф
  • сок од еден портокал

Пилето го подврзувате со коноп, така што крилцата ќе се завртат на внатрешната страна и батаците ќе се приближат до градите. Потоа оставете го на собна температура, посолете го, и по неколку минути ставете го да се пече на 200 степени без масло. Доколку имате мајчина душица, наросете малку одозгора.

Пропржете го кромидот со сланината, додајте малку ловоров лист и зачинете. На крајот додадете малку путер за вкус и густина. Во сад ставете го медот, сенфот и сокот од портокал, зачинете со сол и бибер и посипете го врз испеченото пиле со гарнир од кромид и сланина.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Февруари.2014 во 14:33

Пилешко во сос од крем сирење


Пилешкото речиси сите го обожаваат, а кога е дополнет со сос никој не може да му одолее. За денеска ви предлагаме да го подготвите со сос од крем сирење.

Состојки:

500г пилешки шницли
100г солени крекери
2 лажици пармезан
100 мл супа
200г крем сирење
3 чешниња лук
1 лажичка сецкан магдонос
сол
бибер

Подготовка:

Во кеса за замрзнување ставете ги крекерите и скршете ги на ситни парчиња. Измештајте со пармезанот. Пилешкото посолете го, наросете бибер, па извалкајте го во крекерите и пармезанот. Испржете ги во мешавина од зејтин и путер, извадете ги и држете ги на топло. Во истата маснотија додајте ја супата, крем сирењето, истолчениот лук и магдоносот, гответе неколку минути додека сосот згусне, а потоа со него прелијте го месото.

Совет:

Може да користите и готово крем сирење со разни зачини.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Февруари.2014 во 14:34

Пилешко со јогурт


Иако можеби звучи како необична комбинација, спојот на пилешкото и јогуртот е вистински празник за стомакот.

Прочитајте како да подготвите вкусно јадење од овие продукти

Состојки:4 парчиња пилешки батак-карабатак, 500мл јогурт, 70г кашкавал, 2 лажици бело вино, 2 лажици соја сос, една лажичка кари, зејтин, сол, бибер

Подготовка: Сипете го јогуртот во поширок сад, додајде ги виното, зачините и соја сосот. Пилешкото посолете го и ставете го во јогуртот, поклопете и оставете да отстои во фрижидер цела ноќ. Месото ставете го во плех за печење, одозгора сипете го преливот од јогурт, прекријте со фолија и печете 60 минути на 180 степени. Потоа тргнете ја фолијата, врз месото изрендајте го кашкавалот, вратете во рерна и печете уште 10 минути.

Сервирајте со печени компири и свеж зеленчук.

Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Февруари.2014 во 15:03

http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BA-%D0%B2%D0%BE-%D1%82%D0%B0%D0%B2%D0%B0/" rel="nofollow - Пилешки стек во тава

Пилешкиот стек го чукаме од двете страни.Врз парчињата месо ставаме мешан зачин и босилек.Потоа ги пржиме во загреано масло.Стекот го пржиме од двете страни додека не зарумени.Пржените парчиња ги редиме во тава за печење.Во меѓувреме,во загреан путер додаваме брашно.Со постојано мешање додаваме вода.Кога смесата ќе се изедначи,ги додаваме печурките и сечканите маслинки.Динстаме околу 5 мин.Со оваа смеса го полеваме стекот.Одозгора ставаме кашкавал и павлака.Печеме во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути.

Добар апетит :)






-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Февруари.2014 во 15:09

http://moirecepti.mk/post/%D1%81%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BA%D0%BE-%D0%BA%D0%B8%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%BE-%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE/" rel="nofollow - Слатко кисело пилешко

прв чекор : го сецкате пилешкото на еднакви коцки, го мешате со 64 грама пченкарно брашно
втор чекор:се загрева вок тава со масло за пржење на 200 Ц и потоа се ставаат коцките пилешко да се запржат ( не подолго од 1 мин ) Откако ке добијат румена боја се вадат на цедилка или на салфетка за да се исцеди маслото од нив .
трет чекор :пиперката , кромидот и ананасот се сечат на коцки со слична големина како и пелешкото .
четврт чекор :во вок тавата каде претходно се пржеше пилешкото се истура пополека пиперката , кромидот и ананасот ( се препржува околу 30-60 секунди ) , потоа се прелива со сос кој се приготвува (оцет+шекер+кечап и масло од сусам )
Се промешува се заедно околу 1 мин , потоа се додава пилешкото и се заедно се пржи неколку минути (3-4)
една минута пред да завршите додавате претходно спремено ( вода 5 лажилки со две лажички пленкарно брашно) .
Се заедно мешате уште една минута , и потоа е спремно за служење .






-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 26.Февруари.2014 во 17:16

http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE-%D0%B2%D0%BE-%D1%81%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BA%D0%BE-%D0%BA%D0%B8%D1%81%D0%B5%D0%BB-%D1%81%D0%BE%D1%81/" rel="nofollow - Пилешко во слатко-кисел сос

Исечкајте го пилешкиот стек на мали коцки и зачинете го. Најдобро е да го ставите од претходниот ден да отстои во фрижидер. Потоа, извалкајте ги коцките во брашно (за да бидат крцкави и сочни внатре)и пржете ги барем 3,4 минути во тенџере со загреано масло (или во фритеза).

Штом се готови, пилешките парченца ставете ги на хартиена салфетка која од нив ќе го упие вишокот масло.

Исечкајте ги кромидот, морковот, бабурите на поситни коцки (1 см.), а јаболкото (излупено) на уште поситни.

Загрејте ја вок тавата, потоа додадете малку масло и оставете го убаво да се загрее. Прв додадете го кромидот, пржете 2 минути (постојано промешувајте со дрвена лажица), па додадете го морковот, пржете 2 минути, па додадете ги бабурите, пржете 3 минути, па додадете го јаболкото, пржете минута, па додадете оцет, шеќер и кечап. Убаво промешајте и додадете ги пилешките коцки. Пропржете уште 3 минути и готово!

Послужете со ориз или зеленчук на кинески начин...ќе ги напишам и тие рецепто!

Пријатно! :)






-------------


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Февруари.2014 во 21:23
                                                   Пилешко со печурки и јаболка

Изненадете го семејството или партнерот и згответе необично јадење, кое ќе направи да заблескате во полн кулинарски сјај.
Дадените сосотјки се доволно за подготовка на четири порции, а времетраењето на подготовката трае околу час и половина.

Потребно:
4 поголеми пилешки батаци, околу 1 кг. пилешко
50 г. сланина
2 средно слатки јаболка
400 г.печурки
1 поголем праз
1 црвена пиперка
1 лута пиперка (по желба)
1 лимон
2 лажички сол (една за маринадата, една за зеленчукот)
2 лажички кафеав шеќер
магдонос
масло за јадење


Подготовка:

Процедете го сокот од лимонот, додајте една лажичка сол и два лажички кафеав шеќер. Батаците одвојте ги од коските и исечете ги на парчиња со големина на еден залак, па прелијте ги со подготвената маринада и оставете ги околу половина час

Печурките измијте ги, дршките исечете ги на ситно, а горниот дел нека остане цел или на половинки. Празот исечете го на кругови, а јаболките и пиперките на коцки.

Истовремено пржете го месото во една тава, додека го готвите зеленчукот во друга. На околу 50 мл.масло за јадење кратко запржете го празот, пиперката, исецканите дршки од печурките и јаболката, и додајте лажичка сол.

Потоа додајте ги остнатите печурки и динстајте додека печурките да бидат готови. Во друг сад на 2-3 лажици массло пржете го месото на силен оган. Кога ќе биде половина испржено, додајте ја сланината исецкана на коцки.

Целата течност треба да испари, а месото да добие златна коричка. Тргнете го од огнот и соединете со зеленчукот, додајте го и сецканиот магдонос и промешајте. Послужете топло.

Добар апетит!


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Февруари.2014 во 21:25
                             
Без разлика кој дел од пилешкото ќе го подготвувате, дали градите, копаните или крилцата, ви предлагаме два нови рецепи кои ќе му дадат нов шмек на јадењето.
Батаци во сос

Потребно:
4 пилешки батаци, 150 г.моркови, 20 г.кромид, 100 г.грашок, 2 црвени пиперки, 1 лажица црвена пиперка во прав, 300 г.пелати, магдонос, масло, сол, бибер.


Подготовка:
Посолете ги батаците, па запржете ги на малку масло, а потоа тргнете ги на страна. На истото масло динстајте го исецканиот кромид, а кога ќе добие убава боја додајте го морковот, пелатите, магдоносот и свежата пиперка, сето тоа исечено на кругови. Зачинете со црвен пипер, па сипете малку вода и гответе на тивок оган дваесетина минути. На крај посипете со сецкан магдонос и послужете со ориз или компир.

Пилешки крилца во мед

Потребно:
3 лажици масло, лук, 1 лажица ѓумбир, 16 пилешки крилца, 3 лажици мед, ¼ шолја ворчестер сос, 3 лажици соја сос, 3 лажици сусам.


Подготовка:
Смелениот лук и ѓумбир продинстајте ги во тава со масло, а потоа додајте ги крилцата и динстајте уште три минути. Потоа додајте мед, ворчестер и соја сос, па пржете додека да се згусне и пилешките крилца додека бидат готови. На крај додајте го сусамот, измешајте и послужете.

Добар апетит!


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Февруари.2014 во 21:39
                                                       Пилешко на кинески начин
Ако сте љубители на кинеската кујна и на пилешкото, ова јадење богато со зеленчук, овошје и зачини сигурно ќе ве воодушеви.
Потребно:
500 г.пилешко филе
3 пиперки: црвена, жолта и зелена
1 морков
1 тиквица
соја сос
ананас
сок од ананас
сос од домати
ѓумбир
мускатно оревче
сусамово масло
оризов оцет
црвен кромид
лук
сол, бибер
табаско
оризови резанци


Подготовка:
Пилешкото филе и пиперките исечете ги на лентички, а морковот и тиквиците нарендајте ги. 

Во вок тава на малку сусамово масло запржете го кромидот исецкан на месечинки и ситно исецканиот лук. Кога кромидот и лукот ќе се запржат, додајте го пилешкото, па одозгора залијте со соја сос. По неколку минути додајте ги пиперките, потоа и морковот и тиквицата и 3 лажици сос од домати, а по потреба и соја сос. 

Гответе околу 10 минути, а потоа додајте нарендан ѓумбир, ананасот кој претходно сте го исекле на коцки и 3 лажици сок од ананас. Посолете, зачинете со бибер, додајте лажица оцет од ориз, малку табаско и мускатно оревче. 

Во посебно тенџере сварете ги резанците од ориз, помешајте ги со пилешкото и зеленчукот и послужете топло.

Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 06.Март.2014 во 04:45
Најпрво пилешкиот стек го подваруваме малку. Потоа го сецкаме на мали парченца, а истото го правиме и со печурките
и киселите краставички. На загреано масло го пржиме стекот, па ги додаваме печурките и киселите краставички, и се така заедно пржиме уште некоја минута. Најпосле ги додаваме павлаката и кари зачинот, и на крај се така измешано добива специфична жолто-зелена боја и прекрасен вкус!




-------------


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Март.2014 во 15:56

Пилешко Cordon Bleu


Името звучи како да станува збор за специјалитет од некој фенси скап ресторан. Но, пилешкото Cordon Bleu е едноставно и може да си го направите дома. Ве интересира како?

Состојки: 4 парчиња пилешко филе, 3 лажици вегета, 200мл вода, лебни трошки, 2 лажици стопен путер, лук по желба, 1/2 лажица оригано, 100г шунка, 2 лажици мелен црвен пипер, 2 лажици рендан пармезан, кашкавал или сирење

Подготовка: Истолчете го месото на тенки парчиња. Одозгора зачинете го со вегета.

Течна смеса: Во сад ставете ја водата, 2 лажици вегета, путерот, лукот и ориганото. Загрејте додека водата не почне да врие и гответе неколку минути.

Смеса за поховање: Измешајте ги лебните трошки, црвениот мелен пипер и пармезанот.

На секое парче месо ставете парче шунка, преку него сирење или кашкавал, свиткајте и зацврстете со чепкалки. Подготвеното месо извалкајте го во течната смеса, па во смесата за поховање. Похованите шницли наредете ги во тепсија, одозгора налејте ги со остатокот од течната смеса и печете во рерна на 200 степени околу 40 минути.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 07.Март.2014 во 07:07

http://moirecepti.mk/post/%D0%B7%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D1%82%D0%B0%D0%BD-%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BA/" rel="nofollow - Замотан стек

1. Компирот излупен сварете го во млеко во кое ке
додадете малку сол.
2. Стековите истолчете ги за да се истенчат.
премачкајте ги со мaлку зејтин, посолете и
зачинете ги со вегета и мелен бибер.
3. Секој стек засебно ставете го на намрснета
алу-фолија и ставете врз него по еден сварен
компир и замотајте го компирот со стекот,
заврзете или затворете со чачкалица, а ако е
доволно голем може само да го преклопите.
Затворете ги во фолијата.
4. Наредете ги во
подлaбок сад, налејте вода до половина од
стековите
Кога водата веке испарила отворете ги
стековите за да се подпечат одозгора.
Напомена- можете да додадете врз компирот
морков (како што гледате на сликата), по
некое зрно гашок… останува вие да изберете
– пресекот е декоративен, а истовемено и
вкусно.
Секоја исечена половина од вака приготвениот стек мислам дека е доволно за еден сметајки дека ке има и друго прилог.
Да ви е слатко!






-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 12.Март.2014 во 04:52

http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B5%D0%BA%D1%81%D0%B8%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D1%87%D0%B8%D0%BD/" rel="nofollow - Пиле на мексикански начин

1. Огноотпорно тавче се намастува и се редат парчиња од пиле предходно зачинети со вегета и црвен пипер. Се додаваат пиперките исечени на траки, доматите на коцкички и пченката.
2. Се реди компирот исецен на кришки, се посипува со малку зејтин, се посолува и побиберува.
3. Се прекрива со алу фолија и се пече околу 60 мин на 200 ст.С. Отприлика на пола време се вади фолијата, се промешува и се остава да се пече 15 мин. Пак се промешува и се остава да се запече.






-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 14.Март.2014 во 07:05

http://moirecepti.mk/post/%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%BE-%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5/" rel="nofollow - Кинато пиле

Го ставаме пилето да се вари. Кромидот и морковите ги рендаме и ги ставаме во тавче со загреано масло да се пржат. Кога ќе се испржат ги додаваме доматно пире и печурките. Кога пилето убаво ќе се свари го чистиме убаво од коските, го киниме на ситни парчиња, го додаваме во тавата на оган и го пржиме. Ја тргаме тавата од оган и ја претураме во тава за печење. Одгоре рендаме пола од кашкавалот и тураме 3 црпалки од водата што се вареше пилето. Павлаката ја разматуваме со малку вода и го прекриваме месото. Најгоре го рендаме преостанатиот кашкавал и го ставаме пилето да се печи. Сервираме со претходно варени компири.






-------------


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Март.2014 во 08:13

Пилешко во сос од крем сирење

илешкото речиси сите го обожаваат, а кога е дополнет со сос никој не може да му одолее. За денеска ви предлагаме да го подготвите со сос од крем сирење.

Состојки:

500г пилешки шницли
100г солени крекери
2 лажици пармезан
100 мл супа
200г крем сирење
3 чешниња лук
1 лажичка сецкан магдонос
сол
бибер

Подготовка:

Во кеса за замрзнување ставете ги крекерите и скршете ги на ситни парчиња. Измештајте со пармезанот. Пилешкото посолете го, наросете бибер, па извалкајте го во крекерите и пармезанот. Испржете ги во мешавина од зејтин и путер, извадете ги и држете ги на топло. Во истата маснотија додајте ја супата, крем сирењето, истолчениот лук и магдоносот, гответе неколку минути додека сосот згусне, а потоа со него прелијте го месото.

Совет:

Може да користите и готово крем сирење со разни зачини.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Март.2014 во 08:18

Роловано бело месо


Секогаш со нетрпение очекувате да видите што има во ролатот од месо на трпезата? А, кога во чинијата ќе се растече сочниот фил сите сетила се будат уживаат. Пробајте го овој ролат од бело пилешко месо и нема да погрешите.

Состојки: поголемо парче пилешко месо, 100г ориз, 1 главица лук, 50г сланина, сол, бибер, мускатно оревче, сенф, брашно, зејтин

Подготовка: Исчистете го месото и истенчете го со чекан за месо така што ќе може да обликувате ролат. Посолете го месото, а одвнатре премачајте го со сенф, наросете бибер и мускатно оревче.

На загреан зејтин испржете ги ситно исечканите лук и сланината исчена на коцки. Додајте го оризот и пржете со постојано мешање. Кога течноста ќе се впие, налевајте по малку вода додека оризот не омекне.

Готовата смеса нанесете ја на едната половина на месото, поклопете и добро притиснете од двете страни за да не истече филот. Врзете го месото со кујнски конец, извалкајте го во брашно и пржете додека не зарумени. Намалете го оганот и пржете уште 15 минути.

Може да го послужите со пире од компир.

Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Март.2014 во 05:23

http://moirecepti.mk/post/%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%BE-%D0%BF%D0%B8%D1%88%D0%B5%D1%81%D0%BA%D0%BE-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D0%BE/" rel="nofollow - Динстано пилешко месо

Пилешкиот стек ситно го сецкаме, го свалкуваме во крем супата и го пржиме. Откако ќе се испржи ги додаваме печурките, пржиме и го додаваме виното. Го оставаме стекот настана на шпоретот да се динста. Кога убаво ќе извари виното го претураме стекот во тавче за печење и одгоре го рендаме кашкавалот и печиме






-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 04:41

http://moirecepti.mk/post/%D1%82%D0%B5%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B8-%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%BB%D1%86%D0%B0/" rel="nofollow - Теријаки пилешки крилца

Се мешаат сите состојки за маринадата. Се додаваат крилцата од кои претходно се отстранети крајните делови. Се меша добро и се остава да отстои во фрижидер најмалку 1 час.
Се загрева рерната на 175 Ц.
Во плиток сад за печење се става хартија за печење. Се редат крилцата во еден ред со кожата надолу. Се покрива со фолија и се печи 30 мин.
За тоа време маринадата се проврива малку да се згусти, скоро како мед. .
Се вади фолијата, се превртуваат крилцата, се печат уште 30 - 45 мин два пати премачкувајки ги со згустената маринада на секои 15 мин.
На крај треба да бидат карамелизирани, лепливи, неодоливи....
Сервирајте ги жешки, со ладно пиво, нормално!






-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 17.Март.2014 во 04:43

http://moirecepti.mk/post/%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%B5%D1%87%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BA-%D1%81%D0%BE-%D0%BF%D0%B0%D1%82%D0%BB%D0%B8%D1%9F%D0%B0%D0%BD-%D0%B8-%D0%B7%D0%B0%D1%87%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B1%D0%B8/" rel="nofollow - Запечен стек со патлиџан и зачински билки

1. Модриот патлиџан се сече на дебели 4 кришки,со салфета се подсушува, се посолува, побиберува, му се става од зачинската билка (јас користам оригано и грчка детелина)/
2.Црвениот патлиџан се сече на кругови и се реди врз модриот патлиџан.
3. Стекот се посолува со сол и вегета, се побиберува и се става врз црвениот патлицан.
4.Се премачкува со маслинов зејтин.
5. Се става во загреана рерна да се пече околу 15 минути, се вади од рерната и обилно се посипува со ренданиот кашкавал или се преклопува со тенко исечени парчиња кашкавал. Се врака назад во рерната да се пече додека да се испече добро стекот и не порумени.
Уживајте во ручекот додека е топло, а ладно ништо не му фали.
Совет- доколку стекот е голем, исечете го на парчиња колку што е големината и на кришката од модриот патлиџан. Кога пишувам за еден модар патлиџан се подразбира ако е поголем, ако е помал тогаш сигурно ке ви требаат повеке - сигурни два патлиџана. Бидејки го обозавам растопениот и подпечен кашкавал, јас ставам повеке внимавајки притоа на осолувањето, да не се пресоли стекот.






-------------


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Март.2014 во 19:02


ДИНСТАНИ КОПАНИ

Потребно:

н 4 копани
н сол
н бибер
н 2 моркова
н 1 страк праз
н 250 г шампињони
н 1 главица кромид
н 2 лажици масло
н 2 лажици путер
н 4 гранчиња мајчина душица
н 2 лажички брашно
н 500 мл инстант супа (од коцка)
н 125 мл слатка павлака

Приготвување: месото убаво зачинете го со сол и бибер. Морковите излупете ги и исечете ги на коцкички. Празот исечете го на тркалца, печурките на ливчиња, а кромидот на мали коцкички.

Месото пропржете го во загреаните мало и путер, па додадете го исечканиот зеленчук и сето тоа пржете го уште малку. Измијте ја мајчината душица, ливчињата ситно исечкајте ги и додадете ги во јадењето. Сето тоа посипете го со брашно, прелијте го со супата и динстајте го 40-тина минути. Извадете го месото, а во зеленчукот додадете ја павлаката, па сето тоа зачинете го со сол и бибер. Сервирајте го месото со зеленчукот во сос.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 29.Март.2014 во 04:44

http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%BE-%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D1%85%D0%BE%D0%BF%D0%BB%D0%B0-%D0%B8-%D0%B4%D0%BE%D0%BC%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D0%BE%D1%81/" rel="nofollow - Пилешко кари со хопла и доматен сос

Кромидот се пропжува во маслиново масло. Се додава лукот и зелените пиперки, предходно насечкани на мали коцки. Се додава стекот, исто така насечкан на коцки со средна големина. Се наросува карито и уште малку се продолжува со пржење. Се додава и половина лажичка црвена пипер. Во меѓувреме коцката за супа се раствора во половина филџан топла вода и се додава. Се прелива со неутралната хопла и убаво се промешува. Се додава и доматниот сос и на крај се зачинува. Се остава на тивок оган околу половина час, со повремено промешување.
На маслиново масло убаво се пропржува предходно измиениот и исцеден ориз. Се прелива со топла вода и се додава коцката за супа. Се покрива со капак и се остава на тивко да врие.






-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 29.Март.2014 во 04:45

http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%B0%D1%88%D1%82%D0%B5%D1%82%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B8-%D1%9F%D0%B8%D0%B3%D0%B5%D1%80%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0/" rel="nofollow - Паштета од пилешки џигерчина

Џигерчињата се чистат од жиличките.
Во едно помало тавче се загрева 40 гр путер и се пржат џигерчињата од сите страни, но да не се пресушат, да бидат сеуште малку розови во средината. Се вадат на страна. Во тавчето се додаваат двете лажици коњак и се загрева мешајки да се растопи тоа што се залепило за дното. Се истура врз џигерчината, се додава 100 гр омекнат путер и се блендира со рачен блендер да стане мазно. Се додава сол и бибер по вкус, протиснатото чешне лук, жалфијата и павлаката за готвење, па уште кратко се блендира да се измеша добро.
Се распоредува паштетата во мали теглички или во други погодни садови. Одозгора украсно по желба се ставаат по 1 - 2 ливчина ловор. Се топат преостанатите 30 гр путер и се прелева преку паштетата. Се остава во фрижидер да се стврдни.






-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 03.Април.2014 во 18:18

http://moirecepti.mk/post/%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D1%82%D0%B5%D0%BA-%D1%81%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D0%B8%D1%80%D0%B8-%D0%B8-%D1%82%D0%BE%D0%BF%D1%87%D0%B8%D1%9A%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D1%81%D0%BE/" rel="nofollow - Пилешки стек со компири и топчиња од соја

Најпрвин го сечеме стекот на колку парчиња ни одговара,и ги премачкуваме со сенф од двете страни.Компирите и кромидот ги сецкаме на кругчиња.Топчињата соја ги вариме 15 до 20 минути со сол и вегета додека да омекнат.Ги цедиме во цедилка. Диеталниот сад го загреваме.и го додаваме зејтинот . Спремените намирници ги ставаме во диеталниот сад ,посолуваме, додаваме од зачините.Полеваме со водата.Повремено промешуваме.Ми беа потребни околу 40 минути, на послаба температура уклучен шпоретот и ручекот беше готов. Пријатен ручек.






-------------


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Април.2014 во 08:45

КЕНТАКИ ПИЛЕШКО

b3f7ac7f55442778a60ee98172492634_view_l

Подготовка:

Излупете го компирот, исечете го на коцки и почекајте да се спреми месото.

Во еден сад помешајте ја презлата, изренданиот кашкавал, сусам и една лажичка мешавина од зачини. Маргаринот целосно да се стопи. Парче месо да се натопи во растопениот маргарин, а потоа ставете го во со смесата со презла. Месото го редите во средината на плехот за печење и кога тоа ке го завршите околу него ставете го компирот. Преостанатата смеса со презлата рамномерно истурете ја врз компирот и прелијтеја со маргаринот.

Ставете го плехот во загреана рерна на 200 степени и печете околу 40-45 минути. Не го вртете месото за време на печењето. Подготовката трае околу 30 минути.

Состојки:

  • 4 парчиња пилешко бело месо
  • 1 маргарин
  • 100гр презла
  • Сусам по желба
  • 250гр кашкавал (може и пармезан)
  • 500гр компир
  • Мешавина од зачини


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 12.Април.2014 во 15:56
,,,od blago pominaa na soleno,,,смеење

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Април.2014 во 19:33

Варено пилешко во сос од соја и мед




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 мала лажица Ѓумбир во прав
  • 2 лажица/ци Лимонов сок
  • 1 чешниња Лук
  • 2 лажица/ци Мед
  • 500 милилитри Пилешка супа
  • 400 грама Пилешки гради
  • 75 милилитри Сос од соја
  • 200 милилитри Топла Вода
  • малку   Чили во прав


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Варено пилешко во сос од соја и мед

ПОДГОТОВКА:

 Во средно голема тава додадете ги сите состојки освен пилешкото. Почекајте се да почне да врие, па намалете ја температурата. Оставете го да врие 10тина минути. Исклучете го оганот и оставете го пилешкото да поприми од течноста уште 10 минути. 
Извадете го пилешкото и исечете го на еднакви парчиња.  
Сервирајте го со обарен бел ориз.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Април.2014 во 19:39

Пилешки копани со пиво




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку мала лажица Црн пипер
  • 30 милилитри Сос од соја
  • малку   Сол
  • 100 грама Сирење
  • 70 грама Путер
  • 100 милилитри Масло
  • 500 грама Пилешко
  • 300 милилитри Пиво


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пилешки копани со пиво

ПОДГОТОВКА:

На копаните им го отсекуваме долниот дел од коската, ги наросуваме со мелен црн пипер и сол. 

Зачинетите копани ги ставаме во тавата, па ги преливаме со соја сосот. 

Во друг сад го ставаме медот и пиво и промешуваме. Потоа со размешаниот мед ги преливаме копаните во тавата. 

Сирењето го сецкаме на коцки и го додаваме во тавата. Преливајте со преостанатото пиво. 

Путерот го сечкаме на парчиња, кои ги распоредуваме во тавата. 

Тавата ја ставаме во рерна и печеме 30 минути на температура од 200 степени.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Април.2014 во 19:41

Тава со пилешки стек




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 300 грама Шампињони
  • малку   Сол
  • 500 грама Сланина
  • 1000 грама Пилешко
  • 200 грама Моркови
  • 150 милилитри Масло
  • малку   Магдонос
  • 1 чешниња Лук
  • 3 главица/и Кромид/а
  • 150 грама Компир
  • 300 грама Кашкавал
  • малку мала лажица Бибер


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 80 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

На пазарот може да се најдат пилиња со тежина од 700 до 1200 г. 

Додека пак кастрираните петли и кокошки кои достигнуваат од 2,5 до 3 кг. тешко може да се најдат, посебно петлите, затоа што во некои земји кастрирањето на животни е забрането со закон.

Кај купувачите не постои поголем интерес за оние пилиња кои се предвидени за супа. Кокошките кога ке престанат со несење јајца се преработуваат во индустриски супи или производи од кокошкино месо.

ПОДГОТОВКА:

Стекот се сече на парчиња и се става во сад со вода да се вари. 

Во тава со масло се пржат парчињата кромид,лук, компири,моркови шампињони, сланина зачинети со сол и црн пипер, потоа се додава магдоносот и сварениот пилешки стек.

Смесата се става во намрсената тава и се полева со 400мл вода.

Се става да се пече во загреана рерна на 220Ц се пече 30 мин. се вади од рерна и се полева со 200мл. кисела павлака измешана со 2 лажици вода и се додава ренданиот кашкавал, се враќа во рерна уште 20 мин.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Април.2014 во 19:42

Пилешко со ѓумбир




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Сусам
  • 50 милилитри Сос од соја
  • 50 грама Сецкан свеж ѓумбир
  • 700 грама Пилешко
  • 1 лажица/ци Мед
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 20 грама Зејтин


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 45 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пилешко со ѓумбир. Сладок моќен вкус со ѓумбир, еден од омилените Јапонски јадења.

ПОДГОТОВКА:

  Исечете го пилешкото на парчиња во големина на залак. Во сад ставете ги соја сосот, мед и ѓумбир и потоа додадете го и пилешкото. 
Оставете го да се маринираaт 30 минути.
Загрејте тава за пржење на средна топлина. 
Треба да пржите на серии.
Ставете масло да се загрее и испржете го пилешкото додека да добие убава кафена кора. 
Бидејќи има шеќер во маринадата ако вашата тава е премногу жешка тој ќе изгори, а доколку е премногу ладна ќе истече водата од пилешкото и нема да има кафена кора. Прилагодувајте ја топлината соодветно.
Кога пилешкото ќе е кафено на едната страна превртете го на другата страна за да ја добиете истата боја и на другата страна. 
Ставете го пилешкото на чинија. Откако ќе го испржите целото пилешко користете хартиени крпи да ги отстраните екстра маснотиите. Остатокот од маринадата плус две лажици вода ставете го во тава и провријте го средна топлина и на тоа додадете го пилешкото. Сетоа тоа заедно провријте го додека не се намали течноста и додека пилешкото не добие сјај од сосот.
Гарнирајте со младо кромидче и сусам и сервирајте го врз ориз.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Април.2014 во 19:43

Полнето пиле со зеленчук




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Пченка
  • 50 грама Праз
  • 1000 грама Пилешко
  • 1   Пикантно пиперче/ња
  • 60 милилитри Млеко
  • малку   Магдонос
  • малку   Мајчина душица
  • 2 чешниња Лук
  • 500 грама Компир
  • 2 главица/и Кромид/а
  • 1 лажица/ци Кари
  • 1   Јајца/це


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Полнето пиле со зеленчук

ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 220 степени. 

Ставете го млекото во еден сад и сварете го, па со него прелијте ги зрната пченка и оставете ги да ја впијат целата течност. 

Измијте го и исчистете го празот, па исецкајте го на ситни парчиња. 

Во една тава загрејте малку масло, па на него пржете го празот додека не зарумени. Додајте му ги магдоносот и зрната пченка и заедно пржете ги неколку минути. 

Посолете ги, попиперете ги и додадете им една лажичка мајчина душица. Додајте го јајцето, па смесата добро измешајте ја. 

Измијте го и исчистете го пилето, истријте го со сол и црн пипер, наполнете го со подготвената смеса и заврзете го со конец. 

Полијте го со останатиот путер и печете го 20 минути во загреана рерна. Излупете ги и измијте ги компирите, кромидот и лукот и ситно исецкајте ги. 

Свртете го пилето на другата страна, па во тавата додадете го исецканиот зеленчук. 

Зачините ги со сол и црн пипер и печете ги уште 30 минути. 

Посипете го пилето со кари и сервирајте.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Април.2014 во 19:45

Пилешка бонбона


.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 20 грама Путер
  • 60 грама Пршута
  • 1   Пиперка/ки
  • 500 грама Пилешко
  • 1 чешниња Лук
  • 10 грама Жалфија
  • 10 милилитри Балсамико Оцет
  • 10 грама Аспарагус
  • 50 грама Фета сирење


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пилешка бонбона

ПОДГОТОВКА:

 *Сирењето и пиперките ги сечете на ленти
 
Пилешкото месо ставете го помеѓу две најлонски фолии и исчукајте ги. Доколку можете израмнете ги да бидат иста големина. 
Ставете две парчиња од пршутата едно врз друго со малку поголем преклоп.
Ставете го пилешкото на врвот на пршутата со мазната страна надолу (онаа што се мазнеше во фолијата).
Измешајте го лукот и путерот заедно и поставете го во вид на лента централно на пилешкото.
Зачинете со жалфија и ставете сирење, пиперки и аспарагус.
Завиткајте ги така спремните парчиња во фолија за печење, извртувајќи го секој крај како бонбона. 
Ставете ги во тава и печете на 200 степени целзиусови околу 40 минути.
Одвретете го секое парче и пресечете за да го послужите. Посипете го послуженото месо со сокот каде што се печел и ставете малку од балсамираниот оцет.
Ова ви го препорачуваме да го гарнирате со салата од млади варени компири и кромид.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Април.2014 во 19:46

Пилешки ролат со маслинки


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
  • 2   Јајца/це
  • 1 мала лажица Босилек
  • 300 грама Домат
  • 1   Китка магдонос
  • 2 чешниња Лук
  • 50 грама Маслинки
  • 3 лажица/ци Маслиново масло
  • 600 грама Пилешко
  • 80 грама Презла


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 50 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пилешки ролат со маслинки

ПОДГОТОВКА:

Пи­ле­шко­то фи­ле ста­ве­те го во ќе­се и по­тоа уба­во ис­чу­кај­те го. До­ма­ти­те исеч­кај­те ги на ма­ли коц­ки, до­дај­те го бо­си­ле­кот, исеч­кај­те ги мас­лин­ки­те, маг­до­но­сот и лук­че­то и це­ла­та сме­са до­бро из­ме­шај­те ја и уба­во рас­по­ре­де­те ја на ис­чу­ка­но­то фи­ле. За­ви­ткај­те во ро­лат и ста­ве­те чеп­кал­ки. По­тоа ро­ла­тот ста­ве­те го во браш­но, во јај­ца и на крај во леб­ни тро­шки. Пр­же­те на за­гре­а­но мас­ло.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Април.2014 во 19:48

Триаголници со пилешко




Потребни состојки

  • малку мала лажица Црн пипер
  • 250 грама Тесто
  • малку   Сол
  • 30 грама Путер
  • 400 грама Пилешки гради
  • 4   Кришка/ки леб
  • 500 милилитри Пилешка супа
  • 1 главица/и Кромид/а


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

Краток опис

Денес имаме голема побарувачка за пилешко месо, а тоа е едно од најупотребуваните меса во нашата секојдневна исхрана.

Исто така, денес одгледувачите ги осовременија начините и брзината на одгледување.

Врз квалитетот на пилешкото месо можат да влијаат многу фактори, како што се расата, условите за одгледување и исхраната. Исто така и обработувањето на месото многу влијае врз квалитетот.

Пилешките гради се многу сочно и меко месо.
Може да се пржи цело, или да се исече на помали парчиња.

Подготовка

Извадете ја коричката од кришките леб, па исечете го на коцки и натопете во супата. 

Кромидот излупете го и исечете го на ситни коцки. 

Истопете го путерот и пржете го кромидот додека не пожолти и замириса. 

Додајте го пилешкото месо исечено на ситни коцки и пржете додека не омекне и не прими мирис. 

Насолете и наросете со црн пипер, по вкус. Исцедете го лебот и додајте го пилешкото. 

Сè заедно измиксајте во блендер. 

Тестото расукајте го дебелина од 5 мм и исечете на осум делови. 

На средина на секој ставете од филот, краевите намачкајте ги со изматено јајце и преклопете да добиете триаголник. 

Потоа секој триаголник премачкајте го со изматено јајце.

Наредете ги во плех покриен со хартија за печење. 

Рерната загрејте ја на 200 степени и триаголниците печете ги околу 30 минути. 

Односно, додека не добијат златно - црвена боја.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Април.2014 во 19:49

Пилешки стек со печурки




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Мешан зачин
  • 50 грама Кечап
  • 200 грама Кисела павлака
  • 40 милилитри Суво бело вино
  • 30 грама Сенф
  • 300 грама Пармезан
  • 500 грама Пилешко
  • 300 грама Печурки
  • 2 главица/и Кромид/а


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Денес имаме голема побарувачка за пилешко месо, и пилешкото месо е едно од најупотребуваните меса во нашата секојдневна исхрана. Исто така одгледувачите ги осовременија начините и брзината на одгледување. 

Врз квалитетот од пилешкото месо можат да влијаат многу фактори, како што се расата, условите за одгледување и исхраната. А и обработувањето на месото исто така многу влиае врз квалитетот на пилешкото месо. 

Пилешките гради се многу сочно и меко месо. 
Може да се пржи цело, или да се исече на помали парчиња и така да се пржи.

ПОДГОТОВКА:

Стекот се сецка на поситни парчиња, се додава зачинот и се вари околу половина час. 2-те глави кромид се дробат ситно и се пропржуваат во масло за јадење.

Откако ќе се пропржи кромидот се додаваат ситно сецканите печурки и заедно кратко се пропржува. 
Потоа, во истото тавче се додава исцедениот стек, кечапот, сенфот, киселата павлака, белото вино и малку од водата во која се вареше стекот. 

Сето ова заедно добро измешано се става во огноотпорен сад се зачинува по желба, се потпекува околу половина час.

Пред крајот се вади и се наросува со изрендан кашкавал, потоа повторно назад на печење уште 10 минути. 
Можете да го украсите со магданос, а за гарнир се додава лесно вариво или пире.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Април.2014 во 15:44

Совршени пржени пилешки крилца на Карипски начин


За денеска решивме да ви споделиме прекрасен рецепт за пржени крилца кои вообиачено се јадат на плажата Maracas на Тринидат и Тобако. Иако не знаеме точно на чија земја припаѓа овој специјалитет, бидејќи скоро цела Средна Америка ужива во него, сепак знаеме дека можете да го подготвите и дома во вашата кујна.

Можеби ќе недостасуваат сончевите и топли Кариби, но уживањето во овие прекрасни крцкави крилца нема да ви биде недостижно. 

Зачинети со зеленчукова мaрината, валкани во брашно и крцкава смеса за пржење, вака подготвените крилца се вистинска конК*ренција на вкусните популарни американски Buffalo крилца. 

Нам пак егзотичните зачини не влечат кон една убава и ароматична вечера, која ќе ја зачиниме со некое шише вино или пак пиво. Единствено, не ли е ова промалку месо за еден просечен граѓанин на Македонија?

Сеедно, пријатен апетит!


Што вам ви е потребно:

  • 4 пилешки крилца
  • 1/2 лажичка сол
  • малку црн пипер
  • 1 лажица кечап
  • 1 лажица Caribbean Green зачин
  • ½ лажица кари во прав
  • 2 јајца
  • ¼ шолја пченкарен скроб
  • 1 чаша брашно
  • масло за пржење


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Април.2014 во 19:01

ПИЛЕШКО ВО СОС ОД ДОМАТИ И ПЕЧУРКИ

chicken-mushroom-tomato-04

Подготовка:

Измијте го пилето, исечете го на парчиња и сварете го. Доматите исечете ги на парчиња, ставете ги во тенџере со малку вода. Во доматите ставете ги печурките, кромидот, црниот пипер, ситно исецкан магданос. Откако ќе се свари, испасирајте го. На маст запржете го брашното и полијте го со сосот од домати и додајте ја супата во која се варело пилето на многу тивок оган. Половина час пред јадење во сосот од домати ставете го пилето и зачинете по вкус.

Состојки:

* 1 пиле

* 500гр домати

*100гр печурки

* 1 лажица масло

* 2 лажици брашно

* 1 бабура

* 1 главица кромид

*  магдонос

*  сол и бибер



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Април.2014 во 17:46

ПИЛЕШКИ ШНИЦЛИ СО МОДАР ПАТЛИЏАН

news_5484

Подготовка:

Модриот патлиџан исечете го на четири листови по должина, од двете страни посолете и оставете ги некое време.

Загрејте малку масло во тава и додадете ги листовите од модриот патлиџан. Испржените домати ставете ги на хартија за да се исцеди маслото.

Истолчете ги шницлите, посолете и додадете црн пипер. Премачкајте ги со ајвар, а фета сирењето исечете го на дебели листови и наредете ги врз месото, на карј прекријте со листовите од модриот патлиџан. Затегнете ги краевите со чепкалка, а потоа пржете во врело масло по 4 минути од двете страни.

Изрендана краставица и истолчен лук додадете во кисело млеко помешано со павлака и помешајте. Додадете сол, црн пипер и малку шеќер и ќе добиете вкусен сос кој ќе го сервирате со месото.

Состојки:

  • 4 шницли
  • 1 модар патлиџан
  • 2 лажици ајвар
  • 100гр фета сирење
  • ½ краставица
  • 1 чаша кисело млеко
  • 100гр кисела павлака
  • Сол, црн пипер
  • 1 чешне лук

 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk