IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пилешки специјалитети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пилешки специјалитети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2014 во 22:13

Полнети пилешки гради


ПОЛНЕТИ ПИЛЕШКИ ГРАДИ


  • Време на подготовка :
    20 min
  • Време на готвење :
    55 min
  • Вкупно време :
    1 h, 15 min

Порции

4 лице/а

Состојки

  • 4 парчиња пилешки гради
  • 1 јајце
  • 1 кромид црвен
  • 2 моркови
  • 100 гр. сирење
  • 100 гр. кашкавал
  • 3 чешниња лук
  • 1 лажичка сенф
  • 2-3 домати
  • магдонос

Упатство

Во едно мало тенџере наполнете вода и сварете ги морковите. Внимавајте да не ги преварите, за да не омекнат премногу.
Во тава со масло загреана на среден оган динстајте го кромидот, ситно исецкан. Кога ќе омекне додадете го исецканиот лук и ситно сецкан магдонос. Пропржете ги неколку минути и тргнете ги од оган.
По две минути додадете во тавата сенф, малку сол и бибер и едно јајце. Добро измешајте ја смесата и додадете изрендано сирење и изрендан кашкавал.
Во пилешките гради со остар нож направете подлабок засек и формирајте џеб. Со мала лажичка наполнете од смесата во пилешкото. Во средината ставете половина варен морков. Процепот во месото затворете го со чепкалка. Одкако ќе ги наполните сите парчиња пилешко, ако ви остане од смесата не ја фрлајте, туку намачкајте го со неа месото. Исецкајте ги доматите и наредете ги во огноотпорен сад. Врз нив поставете го пилешкото месо и печете го во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути, покриено со фолија. По 40 минути извадете ја фолијата и печете уште 15 минути.
Сервирајте го пилешкото топло, пресечено на половинки, со прилог по желба.



Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 15:52
Пилешко со кари сос

Пилешко со кари сос

Пилешкиот стек посолете го и пржете го од двете страни додека да зарумени. Кромидот ситно исецкајте го и испржете го заедно со печурките.
За сосот, во едно мало тенџере ставете малку масло и 1 полна лажица брашно. Пржете го брашното и пред да поцрвени тргнете го тенџерето на страна. Додадете го кари зачинот и соја сосот. Промешајте убаво и додадете го млекото. Вратете го тенџерето на оган и мешајте со жица за матење додека да се згусне. Ако е многу густо, додадете уште малку млеко. Ставете ги претходно испржените печурки, мешаниот зачин, побиберете и по вкус посолете.
Пилешкиот стек исечете го косо на парчиња со дебелина од 2см. и прелијте со сосот. Послужете со варен басмати ориз.
За оние кои сакаат поегзотичен вкус, може дел од млекото да се замени со сок од порокал.
Добар апетит!





Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2014 во 05:28



Пилешко со сенф и сусам

Од моите брзи рецепти за работен ден.....
Во поширока плитка тава со капак на силен оган загрејте неколку лажици маслиново масло. Додајте ги коцките месо, па пржете додека не заруменат од сите страни. Додајте го сусамот, кратко пропржете и додајте го виното. Варете додека скоро сосем не испари, додајте го сенфот, промешајте, посолете и побиберете, додајте го и лукот. Наронете ја коцката супа и додајте ја водата. Намалете го огнот, додајте го ориганото и шеќерот. 
Во павлаката добро измешајте го густинот, па додајте во тавата со месо. Намалете ја температурата на готвење на тивко, добро измешајте се да се соедини, ако ви изгледа прегусто додајте уште малку вода , покријте со капак и варете околу 30 - 40 мин. или додека месото не се зготви.
Дотерајте го вкусот и сервирајте жешко со прилог по ваша желба. На мојата слика со конфети ориз за кој ќе ви проследам рецепт....
Еднакво добро е и подгреано другиот ден.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2014 во 06:00

Маринирано пилешко со маринада од цитрон и млечен прелив

Пилешките гради исечете ги на коцки.
Цитронот исцедете го и сокот претурете го во подлабок сад.
Додајте го соја сосот, карито, малку сол и црн бибер.
Измешајте ја смесата и додајте ги коцките пилешки гради.
Измешајте и покријте го садот со најлонска фолија.
Ставете го садот во фрижидер да отстои 6-7 часа.
Откако месото ке отстои во маринадата ставете го во тава со малку масло да се запржи, а потоа додајте го остатокот од маринадата.
Оставете да крчка на тивок оган додека испари маринадата.

Сос
Во тенџере на оган ставете го млекото да се загрее, а потоа додајте го кашкавалот исечен на мали коцки, горгонзолата и пармезанот.
Со жица континуирано мешајте додека малку се згусти.

Подготвеното месо послужете го топло прелиено со млечниот сос.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 04:57
1. Гравчето треба да ви биде убаво сварено. Во тава на оган ставете го ситно сецканиот кромид и протиснатото лукче да се пржат. Кога ќе омекнат и добијат боја додадете ги парчињата исецкани колбаси малку да се пропржат и ослободат дел од мрснотијата. Потоа додадете го и вареното гравче и убаво промешајте. На крај доадете ги маринираните домати, зачинете по вкус со сол и бибер, додадете ја мајчината душичка и убаво промешајте за да се соединат вкусовите.
2. Во отворот од пилето ставете сол и бибер и потоа наполнете го убаво, притискајте за што е можно повеќе да се наполни. На крај ставете цел лимон на отворот, прицврстете со чепкалки за да не паѓа и ставете го во тава за печење. Од горе повторно зачинете со сол и бибер, ставете малку зејтин и црвен пипер и убаво измачкајте го со рацете.
3. Во тавата во која ќе се пече ставете ги водата и виното, сол, бибер, мајчина душичка,ловоров лист (по желба) и 2-3 чешниња лукче, поклопете со капак или алу фолија и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180С 1 час. По 1 час тргнете го капакот/фолијата и оставете уште 20-30 мин. за да зарумени од горе.
4. Потоа извадете го пилето, отворете го отворот и во посебен сад извадете го полнењето. Пилето исечето го на парчиња, ставете на чинија и спремни сме за служење.
За ептен оригинално ... лимонот треба да се истиска во сокот од тавата, да се процеди и да се послужи како сос. Го направив тоа меѓутоа за наш вкус беше киселкасто па го одбегнавме.


Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 23:53

Роловано пилешко со фил

Убаво измијте ги и исцедете ги парчињата стек и засечете на половина во дебелина, така што ќе добиете 4 парчиња со иста димензија само потенки. Секако, ако сакате ролните да ви се поголеми (како на пример за пречек како предјадење за гости, па сакате да ги исечите на парчиња и така да ги сервирате) тогаш не ги засекувајте стековите воопшто, ами такви и поголеми убаво исчукајте ги и направете си поголем ролат. Нам ни беа за ручек и секој си доби по едно парче во чинија =)

Најпрво јајцата со малку сол испржете ги малку . При тоа, цело време мешајте за убаво да се измешаат жолчките од белките.
Чајната колбасица и кашкавалот засебно исечете ги на поситни коцки. Стино исецкајте го и магдоносот.

Со помош на чук/чеканче за месо, убаво истенчете/исчукајте ги парчињата стек. Секое парче посолете го и премачкајте го со половина лажиче сенф (по желба и повеќе), врз него во линија скоро на средина на стекот распоредете од пржените јајца, а врз нив ставете од чајната колбасица и кашкавалот на коцки. Над сето тоа распоредете од магдоносот.

Почнете со ролање на месото, при што дел од страниците ке свиткате на внатре за да не истекува филот. Ролованото месо со фил одозгора измотајте го со тенки парчиња сланина.

Ставете го во огноотпорен сад со капак кој сте го премачкале со малку масло, попрскајте ги и нив одозгора со маслото и печете во рерна додека убаво не порумени слојот од сланината. Освен во рерна, можи исто така и на рингла да ги испржите без поклопување со капак.
Јас ги правев во Фестиво-то.

Ах, ќе изумев... па вие, можите слободно и по некое печурче да си насецкате во филот хехе...




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 09:09

Пилешко со мед и бадеми

Рецепт за неделен ручек, кој не одзема многу време за подготовка. Овој рецепт за пилешко месо, маринирано во сок од портокал и мед и бадеми, е пример како со едноставни продукти, можете да бидете креативни во приготвувањето на неделниот ручек.

За да го приготвите овој рецепт ќе ви бидат потребни:

300 гр. пилешко филе
3 лажици мед
2 лажици сок од портокал
2 лажици маслиново масло
60 гр. излупени сурови бадеми
малку црвен пипер
сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

Се мешаат медот,сокот од портокал, маслото и црвениот пипер и во оваа смеса ги потопувате убаво пилешките филеа.
Така натопени во сосот, ставете ги во тава која предходно ќе ја покриете со алуминиумска фолија.

Дотурете го сосот што ќе ви остане, и додадете ги бадемите сечени на покрупни парчиња. Покрите ја тавата со   алуминиумска фолија. Пилешкото се пече 30-40 минути на 200°C. После тоа горната фолија се отстранува и печете уште 10 минути, додека  бадемите  заруменеат.
Можете да го послужите со едноставен бел ориз, или салата по вкус.




Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 09:15

Кој е најдобриот начин за приготвување пилешко?


За пилешкото не е потребен некој посебен вовед. Еден од најупотребуваните продукти и сигурно еден од најпопуларните поради цената, но и нутритивната вредност. Се консумира на сите континенти, а во светот во 2003-тата година имало дури 24 милијарди пилиња.

Најупотребувано е од домашните животни, што поради месото, но и поради јајцата. Приказната за пилешкото почнува многу, многу чудно. На почетокот се одгледувале индијски видови, и тоа исклучиво заради борба со петли. Малку внимание се обрнувало на месото и јајцата, речиси воопшто. Тие живееле од пет до десет години, во зависност од видот.

Најстарата кокошка која умрела имала 16 години, и тоа од срцев удар. Интересно е тоа што имаат т.н. „ред на петлите“, многу јасна хиерархиска поделба во внатрешноста на заедницата. КуК*рикањето на петлите е територијален знак за другиот петел, а кокошките се гласни кога лежат јајца, ги повикуваат пилињата, но и кога чувствуваат опасност.

Денеска има се помалку кокошки од органско производство, а се повеќе се одгледуваат во фабрички услови, и вакумирани се праќаат на полиците во супермаркетите. Постојат се помалку кокошки кои се исхранувани со пченка, а органско одгледнуваната живина се подготвува различно од неорганската за да биде сочна. Со пилешко се комбинира речиси се – печурки, зеленчук, тестенини, ориз, безброј видови на билки, сосови, зачини, па дури и, во Турција, слатко пилешко.

Пилешкото може да се полни, пече, вари, да се динстува, похова. Експериментирајте, обидете се со соја сос и мед, со коријандер, кокосово млеко во црвен сос од кари. Истражувајте, со пилешкото можете се!

Рецепт за вкусно и едноставно пилешко

Потребни состојки:

  • 1 пиле
  • 1 главица кромид
  • сланина
  • сол
  • бибер
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица сенф
  • сок од еден портокал

Пилето го подврзувате со коноп, така што крилцата ќе се завртат на внатрешната страна и батаците ќе се приближат до градите. Потоа оставете го на собна температура, посолете го, и по неколку минути ставете го да се пече на 200 степени без масло. Доколку имате мајчина душица, наросете малку одозгора.

Пропржете го кромидот со сланината, додајте малку ловоров лист и зачинете. На крајот додадете малку путер за вкус и густина. Во сад ставете го медот, сенфот и сокот од портокал, зачинете со сол и бибер и посипете го врз испеченото пиле со гарнир од кромид и сланина.



Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 14:33

Пилешко во сос од крем сирење


Пилешкото речиси сите го обожаваат, а кога е дополнет со сос никој не може да му одолее. За денеска ви предлагаме да го подготвите со сос од крем сирење.

Состојки:

500г пилешки шницли
100г солени крекери
2 лажици пармезан
100 мл супа
200г крем сирење
3 чешниња лук
1 лажичка сецкан магдонос
сол
бибер

Подготовка:

Во кеса за замрзнување ставете ги крекерите и скршете ги на ситни парчиња. Измештајте со пармезанот. Пилешкото посолете го, наросете бибер, па извалкајте го во крекерите и пармезанот. Испржете ги во мешавина од зејтин и путер, извадете ги и држете ги на топло. Во истата маснотија додајте ја супата, крем сирењето, истолчениот лук и магдоносот, гответе неколку минути додека сосот згусне, а потоа со него прелијте го месото.

Совет:

Може да користите и готово крем сирење со разни зачини.



Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 14:34

Пилешко со јогурт


Иако можеби звучи како необична комбинација, спојот на пилешкото и јогуртот е вистински празник за стомакот.

Прочитајте како да подготвите вкусно јадење од овие продукти

Состојки:4 парчиња пилешки батак-карабатак, 500мл јогурт, 70г кашкавал, 2 лажици бело вино, 2 лажици соја сос, една лажичка кари, зејтин, сол, бибер

Подготовка: Сипете го јогуртот во поширок сад, додајде ги виното, зачините и соја сосот. Пилешкото посолете го и ставете го во јогуртот, поклопете и оставете да отстои во фрижидер цела ноќ. Месото ставете го во плех за печење, одозгора сипете го преливот од јогурт, прекријте со фолија и печете 60 минути на 180 степени. Потоа тргнете ја фолијата, врз месото изрендајте го кашкавалот, вратете во рерна и печете уште 10 минути.

Сервирајте со печени компири и свеж зеленчук.

Добар апетит!



Изменето од Valerija - 14.Март.2018 во 08:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 15:03

Пилешки стек во тава

Пилешкиот стек го чукаме од двете страни.Врз парчињата месо ставаме мешан зачин и босилек.Потоа ги пржиме во загреано масло.Стекот го пржиме од двете страни додека не зарумени.Пржените парчиња ги редиме во тава за печење.Во меѓувреме,во загреан путер додаваме брашно.Со постојано мешање додаваме вода.Кога смесата ќе се изедначи,ги додаваме печурките и сечканите маслинки.Динстаме околу 5 мин.Со оваа смеса го полеваме стекот.Одозгора ставаме кашкавал и павлака.Печеме во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути.

Добар апетит :)




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 15:09

Слатко кисело пилешко

прв чекор : го сецкате пилешкото на еднакви коцки, го мешате со 64 грама пченкарно брашно
втор чекор:се загрева вок тава со масло за пржење на 200 Ц и потоа се ставаат коцките пилешко да се запржат ( не подолго од 1 мин ) Откако ке добијат румена боја се вадат на цедилка или на салфетка за да се исцеди маслото од нив .
трет чекор :пиперката , кромидот и ананасот се сечат на коцки со слична големина како и пелешкото .
четврт чекор :во вок тавата каде претходно се пржеше пилешкото се истура пополека пиперката , кромидот и ананасот ( се препржува околу 30-60 секунди ) , потоа се прелива со сос кој се приготвува (оцет+шекер+кечап и масло од сусам )
Се промешува се заедно околу 1 мин , потоа се додава пилешкото и се заедно се пржи неколку минути (3-4)
една минута пред да завршите додавате претходно спремено ( вода 5 лажилки со две лажички пленкарно брашно) .
Се заедно мешате уште една минута , и потоа е спремно за служење .




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 17:16

Пилешко во слатко-кисел сос

Исечкајте го пилешкиот стек на мали коцки и зачинете го. Најдобро е да го ставите од претходниот ден да отстои во фрижидер. Потоа, извалкајте ги коцките во брашно (за да бидат крцкави и сочни внатре)и пржете ги барем 3,4 минути во тенџере со загреано масло (или во фритеза).

Штом се готови, пилешките парченца ставете ги на хартиена салфетка која од нив ќе го упие вишокот масло.

Исечкајте ги кромидот, морковот, бабурите на поситни коцки (1 см.), а јаболкото (излупено) на уште поситни.

Загрејте ја вок тавата, потоа додадете малку масло и оставете го убаво да се загрее. Прв додадете го кромидот, пржете 2 минути (постојано промешувајте со дрвена лажица), па додадете го морковот, пржете 2 минути, па додадете ги бабурите, пржете 3 минути, па додадете го јаболкото, пржете минута, па додадете оцет, шеќер и кечап. Убаво промешајте и додадете ги пилешките коцки. Пропржете уште 3 минути и готово!

Послужете со ориз или зеленчук на кинески начин...ќе ги напишам и тие рецепто!

Пријатно! :)




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2014 во 21:23
                                                   Пилешко со печурки и јаболка

Изненадете го семејството или партнерот и згответе необично јадење, кое ќе направи да заблескате во полн кулинарски сјај.
Дадените сосотјки се доволно за подготовка на четири порции, а времетраењето на подготовката трае околу час и половина.

Потребно:
4 поголеми пилешки батаци, околу 1 кг. пилешко
50 г. сланина
2 средно слатки јаболка
400 г.печурки
1 поголем праз
1 црвена пиперка
1 лута пиперка (по желба)
1 лимон
2 лажички сол (една за маринадата, една за зеленчукот)
2 лажички кафеав шеќер
магдонос
масло за јадење


Подготовка:

Процедете го сокот од лимонот, додајте една лажичка сол и два лажички кафеав шеќер. Батаците одвојте ги од коските и исечете ги на парчиња со големина на еден залак, па прелијте ги со подготвената маринада и оставете ги околу половина час

Печурките измијте ги, дршките исечете ги на ситно, а горниот дел нека остане цел или на половинки. Празот исечете го на кругови, а јаболките и пиперките на коцки.

Истовремено пржете го месото во една тава, додека го готвите зеленчукот во друга. На околу 50 мл.масло за јадење кратко запржете го празот, пиперката, исецканите дршки од печурките и јаболката, и додајте лажичка сол.

Потоа додајте ги остнатите печурки и динстајте додека печурките да бидат готови. Во друг сад на 2-3 лажици массло пржете го месото на силен оган. Кога ќе биде половина испржено, додајте ја сланината исецкана на коцки.

Целата течност треба да испари, а месото да добие златна коричка. Тргнете го од огнот и соединете со зеленчукот, додајте го и сецканиот магдонос и промешајте. Послужете топло.

Добар апетит!


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,207 секунди.