IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пилешки специјалитети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пилешки специјалитети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 21:07
Пилешко месо со портокал и нане


СОСТОЈКИ

• 2 парчиња пилешки гради (без коска)
• 2 големи лажици маслиново масло
• сок од еден портокал
• 2 големи лажици путер
• 4 ливчиња нане, исечкано
• кора од еден портокал (по избор)


ПОДГОТОВКА

Пилешките гради ставете ги помеѓу две парчиња мрсна хартија или ставете пластична фолија врз нив и цела ваша нервоза исфрлете ја врз нив со дрвен чекан за месо. Парчињата треба да бидат со дебелина од 6 милиметри.
Во тава за пржење ставете маслиново масло и загрејте го. Потоа, ставете ги пилешките гради, налејте сок од портокал и пропржете (внимавајте да не ги препржите). Пржете од секоја страна по 6–7 минути на умерен оган.
На крај, додадете путер, нане и кора од портокал и оставете путерот да се истопи. Сервирајте.
[IMG]
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Септември.2013 во 21:11
ПИЛЕШКА ФАНТАЗИЈА

500 гр. пилешки стек
300 гр. сланина
300 гр. кашкавал
1 мала тегла шампињони
1 крем-супа од печурки
2 чаши павлака
1 чешне лук (по желба)
Мешан зачин и црн бибер по вкус

Приготвување:
1. Пилешкиот стек се сече на коцки, се сечкаат и сланината и печурките, а кашкавалот се ренда.
2. Крем-супата се вари со 500 мл. вода, се лади и се додава павлаката и се мати со миксер за да се добие густ сос.
3. Во тава се става половина од исечканиот пилешки стек, врз него се става половина од сланината, половина од печурките и половина од кашкавалот.
Се распоредуваат, се става половина од сосот и со лажица се размачкува насекаде.
4. Врз првиот ред се става преостанатиот стек, се распоредува, па се ставаат сланината, печурките, кашкавалот и преостанатиот сос.
5. Тавата се покрива со алуминиумска фолија и се пече 1 час на 250 степени, потоа фолијата се вади и се пече додека не зарумени.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:03

Полнето пиле

Полнето пиле

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 30 грама Суво грозје
  • 1 лажица/ци Сол
  • 2000 грама Пилешко
  • 100 грама Ориз
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 100 грама Џигер
  • 1 лажица/ци Дафинка
  • 100 грама Јунешко мелено
  • малку   Црн бибер


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 80 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Голема благодарност до Дијана Герасимовска за рецептот.

ПОДГОТОВКА:

Кромидот се пропржува малку, потоа се додава исецкан пилешкиот џигер, па меленото месо, сол, бибер, вегета, ориз и суво грозје. Пилето се полни со оваа смеса и се затвара со конец. Потоа се вари во солена вода 30 минути, потоа во земјена тава премачкана со масло се пече уште 30 минути.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:35

Пилешка бајадера

Пилешка%20бајадера
 

Потребни состојки:

  • малку   Црн пипер
  • малку   Сол
  • 100 грама Сланина
  • 50 грама Сенф
  • 200 грама Пушено свинско
  • 3 чешниња Лук
  • 500 грама Пилешко
  • 200 грама Кашкавал

 
Подготвување:
 
 Исечете и исчукајте ги пилешките шницли - најдобро преку ќесе за замрзнување за да не се искинат.

Насолете ги, па наросете им црн пипер.

Во долг и тесен калап ставете тенки кришки сланина, парчињата малку да се преклопуваат.

На сланината ставете еден ред пилешки шницли, намачкајте со сенф и нафрлете пасиран лук.

Над тоа нанесете рендан кашкавал, тенки парчиња пушен свински врат и повторно тенок слој сенф.

Повторете ја постапката, од пилешкото месо па натаму, уште еднаш.

Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 30 минути.

По желба бајадерата можете да ја превртите на голема тава, па да ја запечете и сланината.

Испечената пилешка бајадера пред служење оставете малку да се излади за да не се рони при сечењето.

(Emil)
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:37

АРГЕНТИНСКО ПИЛЕШКО СО ПЧЕНКА

 

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 1 пиле, исечкано на парчиња
• бибер
• 1 голема лажица маслиново масло
• 2 домати
• 1 ловоров лист
• ¼ мала лажица мајоран
• 1 пакување смрзната пченка
• 2 чешниња лук, издробени

ПОДГОТОВКА
Остранете ја кожата од пилето, посолете го и додадете мелен црн бибер по вкус. Во голема тефлонска тава загрејте масло и пржете го пилешкото месо околу 15 до 20 минути. Притоа, вртете го месото за да се испржи рамномерно од двете страни.

Кога ќе биде готово, извадете го месото од тава и ставете го во друг сад кој ќе стои на топло.

Во маслото во кое го пржевте месото, издинстајте го лукот, потоа додадете ги доматите (сечкани), ловоровиот лист и мајоранот. По 10-тина минути, додадете ги и претходно сварената пченка и пилешкото месо. Измешајте го месото со сосот и сервирајте.

(Emil)

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:40

Пилешко со праз

Потребно:

* 600 г пилешко месо
* 1 лажичка мелен црвен пипер
* 40 г путер
* 700 г праз
* 150 мл бело вино
* 100 г кисела павлака
* 1 лажица зачинал

Приготвување: исечете го пилешкото месо на парчиња. Добро измијте го празот и исечете го на тркалца. Испржете ги месото и празот во загреаниот путер. Додајте го мелениот црвен пипер во нив и веднаш прелијте го сето тоа со 100 мл топла вода. Измешајте ја смесата, додајте го зачиналот и продолжете со динстањето на тивок оган постепено сипувајќи го виното, се додека месото не омекне. На крај измешајте ја киселата павлака во јадењето.

(Emil)



Изменето од Valerija - 24.Септември.2013 во 17:41
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:52

Пилешки раженчиња

Потребно:

* 600 г пилешко бело месо
* 100 г чадена сланина
* 100 г кромид
* 100 г пиперки
* 100 г шампињони
* 2 лажици зачинал
* масло за премачкување

Приготвување: исечете ги пилешкото месо и сланината на коцки, кромидот и пиперката на поголеми парчиња, а шампињоните преполовете ги. Сето тоа посипете го со зачинал и оставете го да отстои 30 минути. На стапчиња наизменично боцкајте ги сите состојки, премачкајте ги со маслото и испечете ги на скара или во тефлон тава.

(Emil)



Изменето од Valerija - 24.Септември.2013 во 17:52
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 19:44

Пилешко готвено во тегла

Complexity
Пилешко готвено во тегла

Состојки

  • по желба пилешки батаци или копани
  • 3 чешчиња лук
  • 2 ливчиња ловор
  • по потреба сол и бибер

Подготовка

Месото го посокуваме со сол и бибер. Земаме чиста и сува тегла, големината на теглата ја одредуваме од количината на месото.
Ги редиме парчињата месо ги додаваме ловорот и исецканиот лук. Земаме алуминска фолија ја поклопуваме неколку пати и покриваме теглата. Треба да внимавае во полнењетоте да не биде теглата полна повеќе од 3/4.
Теглата ставете ја во исклучена рерна и вклучете на 180 или 200 степени печете околу 1,5 до 2 часа. По желба можете да додадете и друг зачин, а и зеленчук.

Дополнителни фотографии



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2013 во 17:00

Брзо и највкусно:Пилешко во кари сос со зеленчук

Вкусен и едноставен ручек кој многу потсетува на индиската храна, убаво зачинет и со прекрасна арома на кари.  Ова е за сите оние кои сакаат да пробаат нешто ново и несекојдневно и со сигурност нема да згрешат доколку потрошат 1 час во подготовка.

Уживајте во прекрасните мириси на домашно зготвениот специјалитет кои ќе го исполнат вашиот дом.

Да започнеме!

Намирници кои ќе ви бидат потребни:

  • 1 главица кромид
  • 4 чешчиња лук
  • 2 исечкани свежи пиперки
  • Маслиново масло
  • ½ лажичка чили зачин во прав (по вкус)
  • 1 лажичка кари зачин
  • ½ лажичка мешани зачини (по вкус)
  • ½ зеленчукова коцка за супа
  • ½ лажица брашно
  • 3 големи парчиња пилешко (немаринирано)

Еден час пред да започнете, парчињата пилешко исечкајте ги на коцки, насолете ги и попрскајте ги со маслиново масло. На овој начин месото ќе биде меко и вкусно откако ќе го зготвите.

Начин на подоготовка:

  1. Исечкајте ја едната половина од главицата кромид, лукот и пиперката, па така исечканите намирници ставете ги во блендер. Додајте го карито, чилито и малку сол. Додадете маслиново масло за да добиете нешто што ќе наликува на паста, вклучете го блендерот и оставете состојките убаво да се спојат. Додадете уште малку маслиново масло доколку сметате дека смесата е премногу сува.
  2. Во загреаниот длабок сад кој го наменивте за готвење и во кој претходно ставивте масло, истурете ја претходно подготвената кари паста и другата половина од крупно исечканиот кромид и на тивок оган пржете околу 4 минути.
  3. Претходно посолените парчиња месо ставете ги да се пржат заедно со смесата од кари, зеленчук и зачини. Во 50 мл врела вода ставете ја едната половина од коцката за супа и ½ лажица брашно и сето тоа убаво промешајте го за да не останат грутки.
  4. Оваа смеса ставете ја во садот во кој се пржат сосот од кари и пилешкото и убаво промешајте до соединување. Доколку сакате целата оваа смеса да биде погуста, само додадете брашно размешано во вода.
  5. Гответе уште 20 минути, а повремено проверувајте дали месото е сварено и секако промешувајте. Откако сето ова ќе биде готово послужете со дополнително зготвен ориз од другата страна на чинијата.

Уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2013 во 21:48

Кокошка во вино со сланина и печурки


Приготвување:

Пропржете ја сланината во голема тава на средно ниска температура додека мастите да се стопат. Со лажица-решетка извадете ја сланината од тавата и оставете ја настрана. Зголемете ја температурата на средна.

Исечете ја кокошката на парчиња, посолете ги и ставете ги во тавата да се пржат на маста од сланината, додека убаво да поруменат од двете страни. Извадете ги од тавата и префрлете ги во тава за печење, со кожата нагоре.

Динстајте ги кромидот, морковите и лукот во маста од сланината додека кромидот да стане стаклест, околу 3 минути. Извадете ги од маста со лажица-решетка и оставете ги настрана.
Во посебна тава издинстајте ги печурките на 2 лажици путер додека да потемнат, околу 3 минути. Оставете ги настрана.

Врз пилешкото во тавата наредете половина од парчињата сланина, па смесата од моркови/ кромид и на крај печурките.

Исцедете ја маста од големата тава, а потоа ставете ја тавата на средна температура. Истурете го виното, со дрвена лажица гребејќи по дното за остатоците од прженото да се измешаат со виното. Малку посолете ја течноста и оставете да крчка 3 минути. Прелејте ја преку пилешкото и зеленчукот. Покријте ја тавата, ставете ја во рерна и печете на 180 степени 1 час и 15 минути до час и пол.

Сварете ги тестенините. Исцедете ги и промешајте 2 лажици путер во нив.

Послужете го пилешкото во комбинација со тестенините, додавајќи му сечкан магдонос одозгора. Врз сето тоа со лажица прелејте од сосот.

Состојки:
4 кришки сланина, сечени на мали ленти

1 цела кокошка

1/2 среден кромид, ситно сечкан

4 моркови, измиени, излупени и грубо исечкани

5 чешниња лук, здробени

2 лажици путер

500 г шампињони, исечени

500 мл црвено вино

500 г тестенини

2 лажици путер

свеж магдонос, сечкан

сол и црн пипер по вку



Изменето од Valerija - 27.Декември.2013 во 21:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2013 во 15:38

Новогодишна трпеза: Печено пиле во сланина

Откако изминативе неколку дена ви претставивме вкусни јадења со свинско месо, за денеска се решивме да малку да смениме и да ја збогатиме новогодишната и божиќната трпеза со малку пилешко. Сепак, да не биде „наеднаш преминувањето“, решивме во овој рецепт да вклучиме малку и свинска сланина.

Потребни состојки:

  • Едно поголемо пиле
  • ¼ килограм сува сланина
  • ¼ литар кисел кајмак
  • еден шолја млеко
  • сол и сок од лимон

Подготовка:

Добро измијте го пилето и посолете го, додека ¼ килограм сувата сланина исечете ја на тенки листови и целото пиле завиткајте го со сланината, а потоа врзете го со бел конец. Вака приготвеното пиле ставете го во подлабок сад, а потоа во рерна. Долевајте по малку вода за да во пилето има повеќе сок. Кога ќе биде пилето испечено ќе го извадите и ќе го премачкате со кајмакот, а потоа ќе го прелиете со млекото. На крај додадете малку сол и ломон и вратете го на некоја минута назад во рерната. Месото можете да го послужите со салата.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Radmila Rada Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 12.Декември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 38
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Radmila Rada Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јануари.2014 во 16:15
Пилешко во павлака
Нешто....прсти да излижеш! (по што можи да се макне од сосот)
*пола кило стек (можи саламурен) се сечи на коцкички и се пржи
*печурки- 300гр. се додаваат во тавата каде се пржи стекот пред да биде готов
* се се претура во тава за печење и се полива со пола литар павлака за готвење ДУКАТ (исклучиво, по што пробано ми е со секаква и не испаѓа
)
*одозгора се става рендан кашкавал и оригано на пр. за да фати кора

Се печи во загреана рерна некои 30тина мин. додека не згусне павлаката.
Пробајте- нема да згрешите (до сега немало некој што кај нас дома не го бендисал)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2014 во 12:48
Маринирани пилешки ражничи
Ви предлагаме еден турски рецепт за ражничи, кои најчесто се служат со ориз, јогурт, и намаз од кромид и зеленчук.
Подготовката на рецептот ќе ви одземе 15-20 минути, а за четири порции ви се потребни следниве намирници:

Потребно:
6 парчиња пилешки гради
3 чешниња лук
1/4 лажица маслиново масло
1 лажица црвена пиперка
конзерва пелати
1 шоља јогурт
сол, бибер
кора и сок од лимон


Подготовка:
Исечете ги пилешките гради на коцки со соодветна големина за ражничи. Сите останати состојки заедно измешајте ги за да добите маринада.

Месото потопете го во маринадата, заклопете го садот и оставете да отстои во фрижидер, меѓу 2 и 8 часа.

Пилешкото извадете го од маринадата, набодете го на стапчиња за ражнич и испечете на скара.

Добар апетит!


Изменето од Valerija - 05.Мај.2018 во 18:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2014 во 14:23

Прсти да излижеш: Пиле со палачинки

Пилешкото месо е едно од најомилените јадења на луѓето ширум светот. Тоа можеме да го комбинираме буквално на илјадници начини, но за денеска се одлучивме да ви понудиме еден интересен и вкусен рецепт.

Потребни состојки:

  • едно средно пиле
  • една главица кромид
  • една лажица маст или масло
  • 3 јајца
  • 4 лажици кисел кајмак
  • млеко според потреба
  • малку супа
  • брашно
  • црн пипер

Подготовка:

Во подлабока тава се става една лажица маст, една главица ситно исечен кромид за да се испржи. Кога кромидот ќе добие жолтеникава боја, се додава пилето кое претходно убаво ќе го исечете и заедно се пржи. Додадете малку супа додека месото не почне да паѓа од коските. Тогаш месото се вади на штица, се вадат коските, ситно треба да се исечe и повторно да се врати во тавата со кромидот, која во тоа време била на огнот.

Од трите јајца, брашното и млекото ќе направите 10 палачинки. Две ќе оставите на страна, а 8-те палачинки треба да ги исечете на ситни резанки и да ги ставите во месото и кромидот. Потоа додадете 4 лажици кисел кајмак, малку црн пипер, сол и сето тоа заедно уште малку се пропржува.

Потоа се зема друг сад со капак кој ќе го намачкате со масло или со путер, ќе обложите една цела палачинка, во неа се става сета маса, а со другата палачинка ќе го поклопите месото и ќе го затворите капакот. Се вари на пара 45-на минути во поклопениот сад.

На крај оставете малку јадењето да се излади, ставете го на чинија и исечете го како торта. Можете да ставите печурки или пак некој вид на зеленчук и кашкавал. Се сервира со разни салати како главно јадење.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.