IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пилешки специјалитети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пилешки специјалитети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 22:14

Пилешки батаци со лимон


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1   Рузмарин
  • 50 грама Путер
  • 500 грама Пилешки батаци
  • 50 грама Мед
  • 2 чешниња Лук
  • 3   Лимон/и


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пилешки батаци со лимон

ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 200 степени.

Дното на огноотпорна тава намачкајте го со половина путер.

Наредете ги посолените батаци.

Ставете го рузмаринот, грубо исецканиот лук и прелијте со сокот од два лимона.

Третиот лимон исечете го на осмини и ставете го во тавата.

Посипете ги батаците со мед.

Потоа прелијте ги со остатокот путер.

Ставете во рерна и печете околу еден час.

Послужете.


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 22:15

Пилешко со моцарела и песто од рукола


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 600 грама Пилешко
  • 300 грама Песто
  • 150 грама Моцарела


  • Време за подготовка: 90 мин.
  • Време за готвење: 45 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Слаткиот оцетот дава посебен вкус како маринада за овој пилешки рецепт.

ПОДГОТОВКА:

 
Ставете го пилешкото и една чаша оцет во голема пластична кеса. Запечатете ја кесата цврсто и сместете ја во фрижидер да се маринираат еден час. (Не маринирајте во текот на ноќта)

Ставете ја другата чаша оцет во мало тенџере на шпоретот и зовријте го. Продолжете да крчкате околу 15 минути додека оцетот се намали и загусти како сируп. Тргнете го од шпоретот да олади додека ги приготвувате пилешките гради. Откак ќе го измаринирате пилешкото загрејте ја скарата или тава на шпоретот. Печете ги на скара на секоја страна по околу осум минути. Отстранете го пилешкото место во чинија. Ставете по едно парче од моцарелата на секое пилешко. Оставете ги да отсојат покриени со фолија  3, 4 минути додека сирењето да се стопи. Над секое парче пилешко место ставете по една лажичка пестото од тукола и прелијте го со „сирупестиот“ оцет.

  
*Песто со рукола се прави со: Рукола, 2 лукчиња, сол, црнпипер, пармезан и ореви или кикирики не солени и маслиново масло. Се на куп зе блендира додека не се добие зелената смеса.


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 22:16

Пилешки бургери

.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 30 грама Презла
  • 500 грама Пилешко
  • 100 милилитри Масло
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 1 лажица/ци Дафинка
  • 1   Јајца/це


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пилешки бургери

ПОДГОТОВКА:

Пилешкото бело месо се меле на машина за месо, се додава зачинот, сецкан кромид, јајце и презла.

Убаво се меша за смесата да се изедначи и се остава да отстои 1 час.

Потоа од смесата се формираат ќофтиња и се пржат од двете страни по 5 минути.

Се служат веднаш топли.


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 22:18

Пилешка шницла во бешамел-сос


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Путер
  • 200 грама Пилешко
  • 50 грама Ориз
  • малку   Морско оревче
  • 150 милилитри Млеко
  • 100 милилитри Масло
  • малку   Магдонос
  • малку   Дафинка
  • 30 грама Брашно


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 70 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пилешка шницла во бешамел-сос

ПОДГОТОВКА:

Пилешката шницла ја исукуваме.
Ја зачинуваме со зачин (вегета) и ја ставаме да се пржи во тава со загреано масло. Ја пржиме од двете страни. Кога шницлата ќе се испржи, ја вадиме од тавата и ја чуваме на топло.

Путерот го додаваме во тавата. Го додаваме и брашното малку пропржуваме. Го додаваме млекото и постојано мешаме за да не загори брашното. Зачинуваме со зачин и со морско оревче.
Во сосот ја додаваме и пилешката шницла.
Оставаме се заедно да прокрчка.
Кога ќе прокрчка јадењето ја вадиме шницлата од тавата и ја сервираме во чинија. Гарнираме со ориз и со мешано вариво (по желба).

На крајот наросуваме исечкан магдонос.


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 22:18

Пилешко на ловечки начин


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Шампињони
  • малку мала лажица Црн пипер
  • 1 лажица/ци Сол
  • 60 грама Путер
  • 120 грама Пиперки
  • 1000 грама Пилешко
  • 2 лажица/ци Маслиново масло
  • 2 чешниња Лук
  • 1 главица/и Кромид/а
  • 1   Коцка за супа
  • 250 грама Домат
  • малку   Босилок


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пилешко месо е едно од најконзумираните меса во сите светски кујни, готвено на речиси илјадници начини.

ПОДГОТОВКА:

Во голема тава, се запржува пилешкото месо со маслиново масло и путер додека не се добие златно кафена боја.

Додадете го кромидот, пиперката, лукот, босилекот, солта и биберот по вкус.

Континуирано мешајте.

Гответе додека кромидот не омекне, но не предолго за да не потемне (околу 5 минути).

Додадете цели свежи домати и промешајте добро.

Поклопете го огнотпорниот сад и оставете го да се динста 20 минути на умерена температура и повремено мешајте.

Додадете го сосот од домати и коцката пилешка супа и оставете го 10 минути за смесата да се соедини.

Поставете ги пилешките парчиња во чинија и одозгора полејте ја со смесата од огноотпорниот сад.

Декорирајте со ситно исецкани печурки.
 


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 22:19

Ароматично пиле со рузмарин и лимон


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Рузмарин
  • 1500 грама Пилешко
  • 1   Лимон/и
  • малку   Сол


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Ароматично пиле со рузмарин и лимон

ПОДГОТОВКА:

Пилето се сече на стомакот и се посолува.

Внатре исцедете го сокот од лимон. Се попрскува со рузмарин.

Се врти со стомакот надоле се попрскува со масло и се витка во алуминиумска фолија.

Се пече на умерена температура околу 1 час.

На крајот од печењето се одмотува од фолијата и се пече до зацрвенување.

Се послужува со печени компири.


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:15

Варено пилешко во сос од соја и мед


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 мала лажица Ѓумбир во прав
  • 2 лажица/ци Лимонов сок
  • 1 чешниња Лук
  • 2 лажица/ци Мед
  • 500 милилитри Пилешка супа
  • 400 грама Пилешки гради
  • 75 милилитри Сос од соја
  • 200 милилитри Топла Вода
  • малку   Чили во прав


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Варено пилешко во сос од соја и мед

ПОДГОТОВКА:

 Во средно голема тава додадете ги сите состојки освен пилешкото. Почекајте се да почне да врие, па намалете ја температурата. Оставете го да врие 10тина минути. Исклучете го оганот и оставете го пилешкото да поприми од течноста уште 10 минути. 
Извадете го пилешкото и исечете го на еднакви парчиња.  
Сервирајте го со обарен бел ориз.


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:16

Пилешко во сланина


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1   Црвен пипер
  • малку   Сол
  • 100 грама Сланина
  • 400 грама Пилешки батаци
  • 100 милилитри Масло


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пилешко во сланина

ПОДГОТОВКА:

Исчистените копани се посолуваат и се тријат со црвен пипер.

Потоа секој се витка со парчињата сланина кои се зацврстуваат со чепкалка и се пржат во врело масло.

Веднаш послужете.



Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2013 во 08:18

Пиле со Тарана


1 пиле во тежина oд 1 кгр.
1 мала главица кромид
250 гр. путер или масло
1,1/4 л. вода
1 зелена пиперка
црвен пипер
сол

Пилето исечете го на парчиња, ставете го во сад, налејте го со вода, посолете го и варете го, само внимавајте да не се превари. Вареното месо тргнете го од оган. Во тенџере ставете 200 гр.путер или масло (во зависност со што ќе го готвите) и пропржете го сецканиот кромид, додајте сецкана пиперка и тараната, и се заедно малку пропржете, а потоа налејте со водата во која се варело пилето. Сега тараната сипајте ја во тава од огноотпорно стакло, а преку неа наредете го месото. Во 50 гр.загреано масло или путер ставете малку црвен пипер и прелејте го месото. Печете го во рерна додека тарната не ја упие целата супа.

(Emil)
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 08:36

Слатко-кисело пилешко


Слатко-кисело пилешко

Кинеската кујна е многу интересна, затоа што често спојува различни ароми и зачини. Ако сте љубител на кинеската храна, сигурно сте пробале пилешко месо во слатко-кисел сос. Невообичаената егзотична комбинација не е прифатлива за секого, но многумина уживаат во миксот на вкусови.

Ако и вие го обожавате ова јадење или едноставно сакате да пробате нешто ново, еве како да го приготвите.

Состојки

Пилешко:

1kgпилешки гради (без кожа и коски)
1шолја брашно
½шолја млеко
2јајца

зачини: црн пипер, ѓумбир, лук во прав (по вкус)

Зеленчуци и ананас:

1зелена пиперка
1црвена пиперка
1глава кромид
2моркова
500gананас (од конзерва)

Слатко-кисел сос:

½ шолјасок од ананас (од конзервата)
¼ шолјашеќер
¼ шолјацрвен вински оцет
3 с.л.сок од лимон
2 с.л.пченкарно брашно

Подготовка на пилешкото

Исечкајте го пилешкото месо на коцки (не премногу ситни).

Во длабок сад ставете ги јајцата и млекото. Матете додека не се добие хомогена смеса. Во друг плиток сад промешајте ги брашното и зачините.

Во тавче ставете околу 1cm масло. Загрејте го. Земете дел од парчињата пилешко и потопете ги во садот со јајцата и млекото. Потоа извадете ги и валкајте ги во садот со брашното. Ставете ги во загреаното масло и пржете додека не добијат златна боја. Превртувајте ги парчињата за да бидат испржени подеднакво од сите страни. Откако ќе се испржат, ставете ги во сад со хартија за да се исцеди маслото. Повторете ја постапката неколку пати, додека не го приготвите целото месо. Оставете го настрана.

Подготовка на сосот

Во мал длабок сад, промешајте го пченкарното брашно со малку вода, додека не добиете течна хомогена смеса.

Во тенџере ставете го сокот од ананас и додајте 1 шолја вода. Загрејте го на тивок оган. Полека додавајте од шеќерот, постојано мешајќи. Откако ќе се раствори шеќерот, полека додајте го винскиот оцет, па сокот од лимон, без да престанувате со мешање.

Додајте ја смесата од пченкарно брашно и вода. Продолжете постојано да мешате. Сосот ќе зоврие, па ќе почне да се згуснува. Тргнете го од огнот откако ќе ја постигнете посакуваната густина (треба да изгледа како сируп). Оставете го настрана.

Подготовка на зеленчуците и спојување на деловите

Измијте ги пиперките, извадете ги семките и исечкајте ги на квадратни парчиња од 1-2cm. Излупете го кромидот и исечкајте го на мали парчиња од 1-2cm. Исчистете ги морковите и исечкајте ги дијагонално на тенки парчиња.

Ставете малку масло во големо тавче (ако имате вок, искористете го). Загрејте го на средна температура. Додајте ги сите зеленчуци (без ананасот) во тавчето и гответе додека кромидот не добие златна боја, притоа често промешувајќи.

Додајте го претходно приготвениот сос и продолжете да мешате додека не се соедини сосот со зеленчуците.

Ако парчињата ананас се во форма на круг, исечкајте ги на коцки. Додајте ги во тавчето заедно со приготвените парчиња пилешко. Мешајте на тивок оган, додека не се затоплат.

Можете да го сервирате јадењето со ориз со кари. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 17:18

Печени копанчиња во сос од лук


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 3 лажица/ци Сол
  • малку   Рузмарин
  • 4 лажица/ци Презла
  • 2 килограм/и Пилешки копани
  • 100 грама Пармезан
  • малку   Оригано
  • 3 лажица/ци Маслиново масло
  • малку   Магдонос
  • 1 ливче/чиња Ловоров лист
  • 1   Главица лук
  • 2000 милилитри Вода
  • 10 грама Буковец
  • 80 милилитри Балсамико Оцет
  • малку   Црвен пипер
  • 2 мала лажица Црн пипер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Навидум изгледаат како поховани копанчиња и пржени во фритеза, меѓутоа не е така. Малку проварени, па печени во рерна, овие копанчиња се вистински избор за вашиот ручек или вечера со фамилијата или пријателите. Уживајте!

ПОДГОТОВКА:


 
Во тенџере со ладна вода ставаме сол, балсамиран оцет, ловоров лист, сушен магдонос, сушено оригано и сушен рузмарин. Доведете ја водата до вриење и кога ќе почне да врие ставете ги копаните. Ќе биде потребно уште 4-5 минути за водата да почне повторно да врие и кога ќе се случи тоа оставете ги копаните да се сварат 15 минути. Ова го правиме заради неколку причини, ќе им дадеме малку „залет“ во печењето и со самото варење ќе примат вкусови и ќе крцкаат повеќе откако ќе бидат испечени. 
Откако ќе се сврата 15 минути, извадете ги и оставете да се оладат, односно да се исушат колку што е можно повеќе. 
Во меѓувреме може да го подготвите сосот. 
Меѓувремено загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови.
Во аван ставете го лукот, ставете сол и полека истолчете ги додека не добиете  убава кремаста смеса. Ставете го лукот во голем сад, додадете маслиново масло, малку црвен пипер, црн бибер, буковец и сето тоа убаво промешајте го. По потреба додадете уште малку маслиново масло. Ставете ги копанчињата во садот и наросете ги со неколку лажици презла. Сето тоа убаво промешајте го неколку пати и изрендајте малку пармезан. Промешајте и уште еднаш додадете малку пармезан.
Откако сето ова е готово, во тавче за печење ставете најдолу малку маслиново масло и распоредете ги копанчињата низ целата тава. Пред да ги ставите да се печат врз секое копанче ставете уште по малку пармезан за да се добие екстра крцкавост. 
Ставете ги во рерната која што е предходно загреана и печете 25 минути. Извадете ги оставете ги малку да се оладат и вкусете ги. 
Уживајте!
  


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 17:19

Пилешки крилца со кока кола и сос од соја


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 милилитри Сос од соја
  • 500 грама Пилешки крилца
  • 200 милилитри Кока Кола


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пилешки крилца со кока кола и сос од соја

ПОДГОТОВКА:

Пилешки крилца ги оставаме да отстојат 2-3 часа во соја сосот и кока колата.

Потоа се ставаат во тавче за печење и се печат 35-40 минути во многу загреана рерна.


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 17:20

Полнето пилешко "Амброзија"


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 30 грама Шунка
  • 30 грама Сусам
  • 20 грама Пиперки
  • 180 грама Пилешко
  • 20 грама Печурки
  • 70 грама Ориз
  • малку   Магдонос
  • 30 грама Краставица
  • 20 грама Кисели краставички
  • 1   Жолчка/ки
  • малку   Афион


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Полнето пилешко

ПОДГОТОВКА:

 Шунката и печурките треба да ги исечеме на коцки, па ги ставаме да се пржат во тава на загреано масло. Се разбира, мешаме кога е потребно. Потоа ги додаваме киселите краставички, кои исто така сме ги исекле на коцки, а веднаш потоа и исецканата пиперката
По додавањето на пиперката мешаме и оставаме смесата да се пржи уште 2-3 минути. Испржената смеса ја тргаме од огнот и оставаме малку да е олади.

Пилешкото филе го сечеме на половина и го исчукуваме, потоа го зачинуваме со сол и црн пипер и врз него ја ставаме испржената смеса.

Убаво ја размачкуваме и месото го виткаме во ролат. Со изматената жолчка, го премачкуваме месото, а потоа поросуваме со сусам и со афион.

Вака подготвеното полнето пилешко месо го ставаме во рерна загреана на 220 Ц степени, па го печеме 25 минути.


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2013 во 17:22

Пилешко на шпански начин


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 400 грама Шампињони
  • малку   Црн бибер
  • малку   Сол
  • 50 грама Путер
  • 700 грама Пилешко
  • 500 милилитри Млеко
  • малку   Мешан зачин
  • 200 грама Кисела павлака
  • 150 грама Кашкавал
  • 50 грама Брашно


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Кокошката, одамна е распространета во целиот свет. Се претпоставува дека денешната домашна кокошка потекнува од кокошката Gallus Bankive, која пак потекнува од Малезија, Индија и Кина, но денес тој вид на кокошки живеат во природа.

Прво се распространиле во Азија, Африка и Европа, а денес е распространета во целиот свет.

Покрај употребата на месото, кокошката несе јајца, кои исто така се потребни во кујната, а има и меко и вкусно месо. Поради овие одлични особини е употребувана скоро во секоја кујна.

ПОДГОТОВКА:

 На малку масло испржете ги шницлите од пилешкото бело месо, кое од двете страни сте го зачиниле по вкус.

Кога ќе ги испржите шницлите ставете ги на еден тањир.

Кога е целото месо шечено, во истото масло испржете ги и сецканите шампињони.

Побиберете, посолете и оставете на страна.

Направете бешамел сос: стопете го путерот, додадете брашно, па во сето тоа додадете ладно млеко и со стално мешање сварете средно густ бешамел сос.

Кога малку ќе се олади во него додадете ја киселата павлака ренданиот кашкавал.

Добро промешајте.

На дното во садот во кој ќе го печете ова јадење ставете малку бешамел сос, па ставете ги пржените шницли колку да го покријат дното, па сипете ги пржените шампињони, па пак бешамел сос.

Треба да имате повеќе редови, но последниот ред треба да биде бешамел сосот.

Ставете во загреана рерна на 200 степени само додека не фати кора на бешамелот.


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,281 секунди.