IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пилешки специјалитети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пилешки специјалитети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2015 во 08:32

Рецепт на денот: Половина час, 3 состојки и највкусниот ручек е готов


Ви досадија комплицираните ручеци кои ви земаат по најмалку 2 часа во кујната? Ова потпечено пилешко веројатно ќе биде супер замена за која сите ќе мислат дека сте потрошиле часови подготвувајќи го.

recept-na-denot-polovina-cas-3-sostojki-i-najvkusniot-rucek-e-gotov-01.jpg

Вкусниот ручек никогаш не бил поедноставен!

Потребни состојки:

  • 500g пилешки стек
  • 1l павлака за готвење
  • 2 кесички инстант супа од печурки

Подготовка:

Во сад за печење ставете го исечканиот стек, а потоа истурете ги супите од печурки.

Добро измешајте со раце и распоредете рамномерно. Потоа прелијте ја павлаката за готвење.

Ставете ја тавата во рерна на 200 степени околу половина час, додека горниот слој не порумени.

recept-na-denot-polovina-cas-3-sostojki-i-najvkusniot-rucek-e-gotov-02.jpg

Можете да комбинирате со печени компири или салата.

На здравје!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2015 во 18:31
2

Пилешки прсти во сос од лимон


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 пилешки стекови (поголеми)

* 1 јајце

* 2 кафени лажички соја сос

* 2 кафени лажички коњак

* 1 супена лажица маслиново масло

* 2 лимони (изрендана кора+сок)

* 100 г густин

* 150 мл супа од кокошка (коцка)

* 30 г шеќер

* сол (по вкус)

* масло за пржење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1.Во подлабок сад, измешајте го јајцето, соја сосот, коњакот, маслиновото масло и изренданата кора од 1 лимон за да добиете маринада за месото.

2.Исечкајте ги стековите на подолги парчиња, додадете ги во садот со маринадата, добро измешајте и оставете ги во фрижидер да отстојат најмалку 1 час.

3.Ставете го густинот во плитка чинија и добро посолете го. Секое парче месо убаво измачкајте го во смесата за да го подготвите за пржење.

4.Пржете ги прстите во добро загреано масло на умерена температура, а потоа оставете ги врз кујнска хартија за да се упие вишокот од маснотии.

5.За да го направите сосот, изрендајте ја кората од вториот лимон и измешајте ја со сокот од двата лимони, супата од кокошка и шеќерот.

6.Ставете го сосот во тенџерче на умерен оган и мешајте додека не почне да врие, а потоа додадете уште 1/2 лажичка густин растворен во 1 лажичка вода и мешајте постојано.

7.Пред да ги послужите прстите, во тавче без масло, на умерен оган ставете ги прстите и истурете одозгора од сосот (правете го ова во неколку тури).

8.Испрскајте ги приготвените прсти со малку сусам испечен во микро печка или запржен во тавче без масло и со ситно исечкано младо кромидче. Ммммм!



Изменето од Valerija - 11.Јули.2015 во 18:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2015 во 13:36

Топ за со пиво: Маринирани пилешки крилца со ѓумбир


Нема потреба да нарачувате кинески специјалитети кога можете лесно да ги направите дома на многу вкусен начин.

Потребни состојки:

  • 16 пилешки крилца
  • 2 лажици мед
  • 1 згмечена лута пиперка со сок од лимон
  • 1 лажица ситно изрендан исчистен ѓумбир
  • 6 лажици соја сос
  • Масло
  • 2 кесички смрзнат зеленчук

Подготовка:

1. Медот спојте го со лутата пиперка, додадете сол, сок од лимон, изрендан ѓумбир, лажичка соја сос и малку масло и добро измешајте. Во маринадата ставете ги пилешките крилца, поклопете и оставете ги да отстојат три часа во фрижидер.

3. На преостанатото масло во тавата испржете го зеленчукот, па додадете го преостанатиот соја-сос. Зеленчукот распоредете го на чинија, додадете ги маринираните печени пилешки крилца и по желба послужете ги со тестенини. Секако отворете си едно пиво.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2015 во 10:01

Идеален викенд избор: Пилешко во бел сос



Споделете го овој рецепт и подгответе вистински неделен ручек! Вкусното пилешко во бел сос ќе ве воодушеви вас и вашите блиски.

Потребни состојки:

  • 1 гранче магдонос
  • 1 гранче млад кромид (или главица стар кромид)
  • 250 гр. јогурт
  • 1 лажица млеко
  • 1 лажица оцет
  • шеќер
  • 2 јајца
  • 300 гр. пилешки гради
  • 4 лажици брашно
  • 150 гр. презли
  • 4 лажици путер

Подготовка:

1. За сосот прво искинете ги ливчињата магдонос и исечкајте го кромидот. Потоа измешајте ги со 50 гр. јогурт и млеко, а на крај додадете го преостанатиот јогурт, зачинете со сол, бибер, оцет и шеќер.

2. Разматете ги јајцата. Исечете го пилешкото на танки парчиња, измешајте го во брашно, јајца и презла. Испржете ги на путер.

3.Сервирајте го местото и прелијте го со сос.

Пријатен апетит!



Изменето од Valerija - 23.Август.2015 во 10:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2015 во 12:02

Рецепт на денот: Сочно пилешко во сос од рендан компир


Речиси и да нема човек кој не ужива во вкусно зготвено пилешко, посебно ако е приготвено во сос кој ги надополнува вкусот и аромата на пилешкото.

recept-na-denot-socno-pileshko-vo-sos-od-rendan-kompir-01.jpg

Овој рецепт претставува одлична идеја за брз и едноставен ручек кој на сите ќе им се допадне.

Потребни состојки:

  • 1kg пилешко месо по желба
  • 100g лук
  • 700g компири
  • 3 јајца
  • 200ml млеко
  • 250g брашно
  • 200g павлака
  • 10ml масло
  • Вегета, бибер и црвен пипер по желба


Подготовка:

Пилешкото зачинете го со вегета и црвен пипер по желба и кратко испржете го на масло од двете страни.

Компирот изрендајте го и на него додадете ги јајцата, млекото, павлаката, брашното, ситно исечканиот лук, маслото и добро измешајте ги сите состојки. Зачинете ги со вегета, бибер и додадете уште малку од црвениот пипер.

Во голем сад ставете ја смесата и на неа наредете ги парчињата пилешко.

Состојките ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени, 35 – 40 минути.

recept-na-denot-socno-pileshko-vo-sos-od-rendan-kompir-1.jpg

Послужете додека е топло.

recept-na-denot-socno-pileshko-vo-sos-od-rendan-kompir-2.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2015 во 21:09

Пилешки копани во сос од павлака


Специфичен вкус



Подготовка

Во сад измешајте ја киселата павлака, сенф, малку масло, сол, бибер и рендан лук и добро измешајте. Копаните и подкопаните ставете ги во смесата и потоа ставете ги во намрсена тава. По желба додадете и компири исечени на парчиња. Тавата покријте ја со фолија и печете околу 50 минути на 200 степени. Потоа извадете ја фолијата и вратете ја тавата во рерна уште 10 минути. Пријатно!

Време на подготовка од: 80
Време на подготовка до: 100
Kомплицираност: 3

Состав

4 пилешки копани со подкопани
450 гр. кисела павлака
4-5 лици сенф
малку лук
масло
сол 
3-4 компири по желба

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2015 во 21:19

Пилешко со печурки


Се прашувате ли што да зготвите денес? Ви го предлагаме овој рецепт



Подготовка

Измешајте го брашното со солта и црниот пипер. Пилешките гради истолчете ги и откако ќе ги извалкате во смесата со брашно, пржете на загреан зејтин додека не поруменат. Откако се готови извадете ги од тавата на страна. Во тавата каде го пржевте пилешкото, додадете го сосот од домати и мешајте додека да се загрее. Потоа додадете ги исечканите печурки и оставете да се вари на тивок оган околу 10 тина минути. Потоа вратете ги и пилешките гради во сосот и прелијте ги со него. Оставете така покриено на тивок оган уште 10 минути. Пред крај додадете свежо исецкан магданос и сервирајте.

Време на подготовка од: 45
Време на подготовка до: 60
Број на лица: 5
Kомплицираност: 3

Состав

1. 4 пилешки гради
2. 100гр брашно
3. 1 лажичка сол
4. црн пипер пола лажичка
5. околу 300 гр печурки
6. маслиново масло
7. 200 гр сос од домати
8. свежо сецкан магдонос

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Ноември.2015 во 17:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Февруари.2016 во 16:01

Панирани пилешки медаљони


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 500гр. пилешко бело месо (исецкано на коцки)

* 2 јајца

* 150гр. презла

* 100гр. пармезан

* сол и бибер

* 100гр. пченкарно брашно

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Исецканите коцкички пилешко тркалајте ги во пченкарно брашно, потоа презла, јајце, па сол и бибер. На крајот тркалајте ги во рендан пармезан. Ставете хартија за печење на една тава и загрејте ја рерната на 200 степени. Наредете ги коцките пилешко и печете ги во рерна половина час или додека не добијат убава златна боја.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2016 во 12:05

Пилешки стек на нов начин - полнет со спанаќ и кашкавал


Ако сте љубители на пилешко месо, но веќе ви е здосадено класичното подготвување на ова месо, ви нудиме интересен рецепт кој сигурно ќе ви се допадне.

pileshki-stek-na-nov-nacin-polnet-so-spanakj-i-kashkaval-001.jpg

Вкусен, здрав, лесен и брз со еден збор идеален за брз ручек кога ќе се вратите од работа и сакате да го изненадите партнерот со нешто убаво и здраво.

Потребни состојки:

  • Масло
  • 50g свеж спанаќ
  • 50g сирење рикота
  • 2 парчиња пилешки гради
  • 20g кашкавал чедар
  • Црвен пипер
  • Сол
  • Бибер


Подготовка:

Пропржете го спанаќот на малку масло околу 2-3 минути додека целосно не омекне. Додадете ја рикотата и гответе уште 30-60 секунди. Тргнете го настрана и оставете да се олади.

Направете засеци на пилешките гради на растојание од околу 1cm. Наполнете ги засеците со смесата од спанаќ и рикота. Зачинете го пилешкото со сол и бибер.

Изрендајте го чедарот и ставете го врз пилешките гради. Наросете со црвена пипер за да добие боја и посебен вкус.

Печете во претходно загреана рерна околу 25-30 минути на температура од 200 степени. Јадењето е готово кога кашкавалот ќе се стопи, а течностите ќе испарат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2016 во 18:01

ТЕРИЈАКИ ПИЛЕШКО


Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
25 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 500гр. пилешко бело месо, исецкано на коцки од околу 3см.
  • 1 лажица масло
  • 300гр. ориз
  • 2 чили пиперчиња, исецкани без семе
  • 1 морков, изрендан
  • 100гр. зелка, ситно исецкана

Теријаки маринада

  • 20мл. соја сос
  • 20мл. вода
  • 10гр. шеќер
  • 1 лажица Ворчестер сос
  • 1 лажичка оцет
  • 1 лажица масло
  • 1/4 лажичка лук (зачин)
  • 1/4 лажичка ѓумбир

Подготовка

За да ја приготвите маринадата сите состојки добро измешајте ги до длабок сад. Потребно е да мешате додека да се растопи шеќерот.
Потоа во еден сад измешајте го пилешкото со маринадата во стаклен или керамички сад. Покријте го садот и оставете го во фрижидер 30 минути.
Загрејте масло во голема тава на силен оган. Извадете го пилешкото од садот но зачувајте ја маринадата. Пржете го пилешкото околу 3 минути за да добие златно жолта боја. Потоа префрлете го во чинија.
Во тавата додадете го оризот. Додадете ја останатата маринада и 2 1/2 чаши вода. Оставете го да зоврие. Потоа намалете ја јачината на ринглата и додадете го во оризот пилешкото и чили пиперчето. Гответе го 15 минути со покриен капак додека да се зготви месото. Потоа додадете го морковот и зелката. Гответе го оризот со месо уште 2-3 минути додека да омекне зеленчукот.
Послужете го веднаш. На здравје!



Изменето од Valerija - 22.Февруари.2016 во 18:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2016 во 15:46

Лесно и во едно тавче: Пилешко со сусам


Лесно, брзо за подготвување, здраво и вкусно. Јадење полно со протеини и витамини, а сето тоа во едно тавче. За подготвувањето ви е потребно  едно поголемо тавче (ако немате вок тава), а остатокот од состојките можете да ги погледнете подолу.

Состојки:

  • 1 килограм пилешки гради
  • ½ лажица сол
  • ½ лажица црн пипер
  • 3 лажици брашно
  • 2 лажици масло од сусам
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 чешниња лук (ситно сечкан)

  • 1 лажица соја сос
  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 1 лажица оцет
  • 60 грама пилешка супа (само течноста)
  • 2-3 лажици сусам
  • 100 грама обарена зелена боранија

    Подготовка:



Во подлабок сад измешајте ја супата, шеќерот, маслото од сусам, лукот, сојата и оцетот и оставете ја смесата на страна. На рингла загрејте го добро тавчето, а пилешкото исечено на коцки со големина од околу 2 сантиметри посипете го со брашно. Добро промешајте за сите парчиња да се обвитаат со брашно па посолете ги и ставете им црн пипер. Печете на масло додека не добијат златна боја од сите страни. Во тавчето додадете ја смесата која ја зачувавте и ја ставивте на страна.

Промешајте и намалете ја троплината на ринглата, па покријте го тавчето со капак и оставете 5 минути да се издинса. По 5 минути вклучете ја рерната на 180 степени целзиусови и ставете ја смесата во тавчето да се испече околу 20 минути, додека не испари речиси целата течност. 

На крајот додадете обарена боранија и печете уште додатни 5 минути. Послужете топло.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2016 во 08:52

Вкусно пилешко со прелив од фета сирење

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 4 пилешки гради исчистени од кожата и коските

* маслиново масло

* сол

* бибер

* 1 лажица путер

* 4 лажици сенаменско брашно

* 1 конзерва кондензирано млеко

* 1 чаша фета сирење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја тавата на умерен оган. Намачкајте ги пилешките гради со маслиново масло. Ставете сол и бибер. Додадете го место во тавата кога ќе биде врела. Печете 4-5 минути од двете страни, додека добро не поцрвенат. Отстранете ги од огнот и одржувајте го месото топло. Истопете го путерот на умерен оган. Додадете го брашното и постојано мешајте 1 минута. Постепено додавајте го млекото. Крчакјте 5-7 минути додека не се згусне, повремено мешајќи. Додадете го сирењето и мешајте додека не се стопи. Со лажица полиете го пилешкото со подготвениот сос.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Март.2016 во 08:53

Печено пилешко со домати, маслинки и фета

  • Време на подготовка: 1 час / ќе послужите: 4 
  • 8 пилешки батачиња
  • 3 супени лажички маслиново масло
  • 1 грст шери домати, пресечени на половина
  • ½ чаша маслинк
  • 6 кромитчиња средна големина, излупени и исечени на половина
  • 3 ливчиња мајчина душица
  • сол и бибер
  • свежи ливчиња од нане
  • изгмечено фета сирење

Чекор 1

Загрејте ја рерната на 200 степени. Искомбинирајте ги пилешките батаци, маслиновото масло, доматите, кромотчињата и мајчината душица во голем сад.Попрскајте ги со сол и бибер. Префрлете ја смесата на пекарска хартија во садот за печење, во еден слој. Печете на 165 степени, 35 до 40 минути.

Чекор 2

Извадете ги пилешките батаци, ставете ги во сад за сервирање и покријте ги со фолија. Вратете го зеленчукот во рерната и печете го додека не добие златна боја, што значи печете ги уште 10-тина минути. Со сосот и зеленчукот од садот за печење прелијте го пилешкото, додадете сол и бибер. Гарнирајте со фета сирење.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.