IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 13>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2014 во 17:46

ЧОКОЛАДЕН СУТЛИЈАШ

9

Состојки:

  • 60 грама чоколадо
  • 2 лажици цимет
  • 3 лажици шеќер
  • 30 грама маргарин
  • 100 грама ориз
  • 500 милилитри млеко

Подготовка:

Стопете го маргаринот и додајте го оризот. На тивок оган варете го млекото додека не зоврие. Во садот со маргарин и ориз се додава 1/3 од млекото и повторно се остава да зоврие. Остатокот од млекото се додава постепено, така што оризот убаво ќе го впие. Се меша околу 15 минути.

Смесата се тргнува од ринглата и во неа се додаваат шеќерот, чоколадото и циметот. Се остава да отстои и откако ќе се олади, се сервира во сад.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2014 во 21:32

001
 

Вкусно  крем бруле

Потребни состојки:

• 6 жолчки

• 75 гр бел шеќер

• 3 мл екстракт од ванила

• 600 мл слатка павлака

• 25 гр кафен шеќер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на температура од 150℃. Изматете ги жолчките од јајцата, додадете 4 големи лажици бел шеќер и ванила и потоа матете сѐ додека не добиете густа и кремаста текстура.

Ставете ја слатката павлака во сад за готвење и потоа загрејте ја на тивок оган. Пред да започне да врие, отстранете ја од шпоретот и помешајте ја со смесата со жолчки. Таа смеса ставете ја во помал сад , а тој во поголем сад во кој има вода која врие. Варете околу три минути и потоа отстранете од оган.

Смесата потоа ставете ја во огнотпорен сад и печете околу 30 минути. Оставете да се излади до собна температура и потоа ставете ја во фрижидер (1 час најмалку).

Во мал сад, измешајте 2 големи лажици бел шеќер и 2 кафен шеќер. Посипајте ја смесата по рабовите на тестото. Потоа, ставете ја во двоен сад, во кој долниот има вода која врие, за да се стопи шеќерот. Треба да бидете внимателни да не прегори шеќерот, затоа држете го околу 2 минути. Поедноставна варијанта би била да го стопите шеќерот и потоа да го прелиете.

Оставете да се излади во фрижидер и потоа сервирајте.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 23:00
ПУДИНГ СО КАРАМЕЛ СОС

Овој карамел пудинг е вистинско совршенство за сите љубители на слатките. Со богатиот вкус на карамелата и вкусната пудинг основа, овој десерт, за чие правење се потребни само три состојки, е лесен за приготвување и неверојатно вкусен.

Состојки

• 4 јајца
• 125 гр. шеќер
• 1 дл. вода
• 1дл. млеко
• ванила

Подготовка

Додајте 100 гр. шеќер во вода на оган и мешајте ја смесата додека не се растопи. Откако ќе се растопи дајте време на смесата да се карамелизира, по што ќе ја префрлите карамелата во длабок сад по завршената карамелизација. 

Потоа изработете ги јајцата со остатокот од шеќерот. Загрејте млеко со ванила, по што ќе ги додадете изработените јајца. Мешајте додека смесата не се соедини.

Во мали калапи ставете карамел, а врз нив ставете од смесата со јајца. Малите калапи ставете ги во поголем плех во кој ќе ставите вода која би требало да биде до половина на калапите со карамела и крем.

Испечете ги на 170 степени Целзиусови 45 минути. Оставете добро да се оладат и внимавајте при вадењето од калапите. Уживајте!



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 23:12
СУТЛИЈАШ СО БАНАНИ

Ви предлагаме уште еден премногу вкусен но и здрав и лесен десерт .

Ако одамна не сте јаделе сутлијаш, сега е вистинско време, и тоа овој пат со еден нов рецепт.

Потребно:

 200 г ориз
 2 лажици шеќер
 5 дл млеко
 2 банани
 50 г чоколадо


Подготовка:

 Во помало тенџере на оган сипете ги млекото и шеќерот и варете додека не проврие.

 Во зовриеното млеко додајте го измиениот ориз и варете со повремено мешање додека оризот да се свари.

 Сварениот ориз оставете го уште малку да постои во млекото за да набабри и да го впие остатокот млеко.

 Бананите излупете ги, исечете ги на кругови, па додајте ги во подготвениот сутлијаш.

 Чоколадата изрендајте ја или стопете ја, па додајте ја врз сутлијашот.

Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2014 во 19:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2014 во 15:39

Вкусете го мирисот на летото – панакота со капини

Потребно е: 1/2 шолја слатка павлака, 1/2 шолја полномасно млеко, 1 пакување желатин, 1/2 шолја шеќер, 350 мл грчки јогурт, 1 1/3 шолја капини, 1/4 шолја вода, 3 лажици мед, прстофат сол, 1/2 лажички кора од портокал.

Подготовка: Прво промешајте го млекото и слатката павлака во една поголема шолја. Во средна чинија измешајте 1/4 од оваа мешавина со една лажичка желатин. Добро промешајте и оставете да отстои барем 5 минути. Во одвоена чинија, соединете јогурт и шеќер. Останатата мешавина од млеко и слатка павлака загрејте ја до вриење, а потоа врелата течност налејте ја во чинија со желатин. Енергично мешајте додека сите грутки не се растопат. На крајот оваа мешавина налијте ја во чинијата со јогурт и шеќер, и добро изматете со мискер. Од оваа смеса ќе добиете четири средни колачи. Ставете го кремот во шолји или чаши во кои ќе ги служите. Ставете ги во ладилник, најмалку два часа.

За преливот од капини, преостанатиот желатин измешајте го со три лажици ладна вода, и оставете да отстои околу 5 минути. Капините, медот, водата, солта и кората од портокал измешајте ги и ставете да се готви околу 10 минути. На крајот додадете желатин и мешајте додека сè не се стопи. Со ова прелијте ги колачите, оставете сè да се олади.



Изменето од Valerija - 26.Јули.2014 во 15:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2014 во 15:42
Мус со малини


Состојки:

400 гр свежи малини, 2,5 дл слатка павлака, 250 гр сирење маскарпоне, 6 лажици шеќер во прав,

рендана кора од еден лимон, 50 гр чоколадо

Подготовка:

1. Во соодветен сад соединете слатка павлака, две лажици шеќер во прав и матете со миксер додека не се добие цврст крем.

2. Додадете сирење маскарпоне, рендано чоколадо и полека измешајте со лажица.

3. Во помал сад соединете ги малините, остатокот од шеќерот и ренданата кора од лимон, и гответе на умерена температура мешајќи сè додека не се добие компактна маса.

4. Во стаклени садови за сервирање ставете малку смеса од слатката павлака, прелијте со фил од малини, и истата постапка повторете ја уште еднаш.

5. По желба декорирајте.



Изменето од Valerija - 26.Јули.2014 во 15:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2014 во 21:45

СУТЛИЈАШ СО БЕЛО ЧОКОЛАДО


Потребни состојки:

50 гр. путер

1 стапче ванила

3 шољи ориз

150 мл. бело вино

600 мл. млеко

100 гр. бела чоколада

Шеќер по желба

Припрема:

Растопете го путерот во тавче, пресечете го стапчето ванила по должина и истругајте ги семките одвнатре, па ставете ги во тавата и пропржете ги за путерот да добие убава арома. Може да додадете и малку цимет.

Додадете го оризот, виното и млекото и гответе на умерена температура со често мешање. Кога течноста ќе испари додавајте по малку млеко се додека оризот целосно не се свари. Потоа додадете шеќер по желба и оставете го да се растопи.

Додадете го белото чоколадо искршено на коцки, промешајте и сипете во чинии за сервирање. Одозгора може да изрендате и црна чоколада. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Септември.2014 во 08:35

Рецепт за оригинални шненокли - баш онакви какви треба да бидат


Австралискиот специјалитет кој полека но сигурно се одомаќини на нашите простори, сега можете да го подготвите по оригиналниот, кремаст рецепт.

recept-za-originalni-snenokli-bas-onakvi-kakvi-treba-da-bidat-01.jpg

Тука не влегува пудингот, вметнатите засладувачи, ниту пак кексите како подлога.

Шненоклите се совршени со својата едноставност и баш такви вреди да ги пробате.

Потребни состојки:

  • 700ml млеко
  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 2 лажици бело брашно

Подготовка:

Во 600ml млеко ставете ги кесичките ванилин шеќер и оставете да проврие. Во меѓувреме изматете цврст снег од 4 белки и прстофат сол.

Кога млекото ќе проврие, со лажица спуштајте мали делчиња од белката во млекото. Проварете ги неколку минути, па превртете ги на другата страна.

Не треба да ги варите долго, околу 30тина секунди. Кога ќе забележите дека нивната големина нараснала извадете ги со лажица со дупчиња на голема длабока чинија или длабок сад.

Кога сите шненокли ќе бидат подготвени, направете крем од 4-те жолчки, 100ml млеко и 2 лажици бело брашно. Полека, малку по малку мешајте ги сите состојки додека ги греете на оган. Откако смесата ќе се згусне, тргнете ја од оган.

Во садот во кој ги ставивте шненоклите прелијте го жолтиот крем. Оставете го десертот да се олади на собна температура, па потоа ставете ги во ладилник.

По неколку часа проросете ги со ситно рендано чоколадо и послужете.

recept-za-originalni-snenokli-bas-onakvi-kakvi-treba-da-bidat-02.jpg

Пробајте и споделете ги резултатите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Септември.2014 во 20:27

ЧОКО МУС ГОТОВ ЗА 5 МИНУТИ

5

Состојки:

  • 5 јајца
  • 200 g чоколадо за готвење
  • 150 g шеќер
  • 125 ml слатка павлака
  • 2 лажички ванилин шеќер

Подготовка:

Одвојте ги жолчките од белките. Матете ги одвоено, во еден сад белките со 100 g шеќер, а во друг сад, слатката павлака. Во трет сад матете ги жолчките со 50 g шеќер и 1 лажичка ванилин шеќер.

Искршете го чоколадото и стопете го на тивок оган, па измешајте го во кремот кај жолчките.  Добиената смеса измешајте ја со изматената слатка павлака и изматениот шлаг од белки. Вака добиениот чоколаден мус ставете го во сад, нарендајте му чоколадо и оставете го во фрижидер за да се излади.

Не правете голема количина, бидејќи цела ќе ја изедете, а сигурно не сакате да се поправите. Но, никако не избегнувајте да го пробате ова вкусно чоколадно задоволство кое ќе ви се стопи во устата.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2014 во 20:11

Направете домашен пудинг од банани

Ќе уживате во секое залече од овој кремаст десерт со вкус на банана и арома од ванила.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 3 јајца

* 1 филџан шеќер

* 1 филџан млеко

* 3 банани

* 1 лажиче есенција од ванила

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изматете ги јајцата, додадете шеќер, млеко и есенција од ванила и матете додека не добиете изедначена смеса. Додадете ситно исецкани банани. Врете на пареа половина час додека пудингот не се згусне.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2014 во 22:50

ГОТОВО ЗА 5 МИНУТИ: Најубавиот кремаст чоколаден мус кој се топи во уста



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 5 јајца

* 200гр црно чоколадо

* 150гр шеќер

* 125мл слатка павлака

* 2 пакетчиња ванилин шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Одвоете ги белките од жолчките. Изматете ги одвоено, во една чинија белките со 100гр шеќер, а во друга слатката павлака. Во третата чинија изматете ги жолчките, 50гр шеќер и ванилин шеќер.

Изкршете го чоколадото и истопете го во тенџере, па измешајте го со кремот од жолчки. Во добиената смеса измешајте ја изматената слатка павлака и изматените белки. Врз мусот натрошете рендано чоколадо и ставете го во фрижидер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2014 во 14:48

Кој би одолеал: Домашен пудинг од банана и ванила


Израдувајте ги домашните и пријателите со неодолив кремаст десерт кој се прави брзо и лесно.

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 200 гр. шеќер
  • 240 мл. млеко
  • 3 банани
  • 1 лажица есенција ванила

Подготовка:

Изматете ги јајцата, додадете шеќер, млеко и есенција од ванила и матете додека не добиете воедначена смеса.

Додадете ги ситно сецканите банани. Варете на пареа околу половина час додека пудингот не се згусне и мешајте повремено со цел на површината да не се формира кора.

Сипете во садови за служење, а по желба украсете со парчиња банана и листови нане.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2014 во 21:03
4


Мус од бело чоколадо со фстаци

Состојки:

½ шолја фстаци

100 гр бело чоколадо

180 мл слатка павлака

180 мл јогурт

4 белки

1 лажичка ванила

1-2 лажици шеќер во прав

Подготовка:

1.Во блендер пола доза од фстаците добро измелете ги.

На пареа или во микробранова печка растопете го белото чоколадо. Со миксер изматете ја слатката павлаката заедно со ванилата, а потоа додадете го јогуртот. Матете се додека не добиете фина смеса.

2.Во друг сад изматете ги белките заедно со шеќерот во прав. Смесата од слатка павлака помешајте ја со белото чоколадо, а потоа додадете ги изматените белки.

3.Распоредете го мусот во шест чаши На дното ставете фстаци, па пота лажичка мус, па потоа повторно слој фстаци и слој мус. Одозгора декорирајте со мелените фстаци. Оставете го мусот добро да се олади (најмалку два часа во фрижидер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.