Испечати | Затвори го прозорот

Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26656
Датум на принтање: 19.Април.2024 во 14:16
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови
Постирано од: Mindy
Наслов: Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови
Датум на внесување: 17.Јуни.2007 во 15:57

Насловот кажува сесреќа
Споделете рецепти за Вашите омилени кремови

СУТЛИЈАШ

  • 1 л млеко
  • 1 шоља вода
  • 1 шоља од 150 мл ориз
  • 10-12 лажици шекер
  • 2 ванилин шекер
  • 1 лашица кора од рендан лимон
  • цимет

Го ставаме оризот со водата на тивко да врие.Кога ке испари водата додаваме млеко во повеќе наврати.Продолжуваме со варење на тивок оган.Мешаме често за да не загори.Кога ке го потрошиме цело млеко и кога ке почне да се згуснува го ставаме шекерот ,кората од лимун и ванилиниот шекер.Го празниме во адекватни посуди и го прашиме со цимет.



-------------



Коментари:
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:01


Крем од банани


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 80 грама Шеќер
  • малку   Сол
  • малку   Нишесте
  • 400 милилитри Млеко
  • 3 лажица/ци Лимонов сок
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • малку   Ванила екстракт
  • 10 парче/чиња Бисквити
  • 500 грама Банана
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Банана е име за еден вид на овошје и на тревни растенија од родот Musa кои го произведуваат ова најчесто јадено овошје. Тие потекнуваат од тропските регионот на Југоисточна Азија. Денес тие се одгледуваат во тропски предели.

Овошјето расте во гроздови кои висат со по 20 овошја на редица. Има помеѓу 3-20 редици по грозд. Вкупниот износ може да тежи 30-50 килограми. Овошјето тежи во просек 125 g, од кои околу 75% се вода и 25% сува материја.

Секое поединечно овошје има надворешен слој и внатрешен дел. Двата дела, кожата и внатрешниот дел, може да се јадат сурово или зготвени. Западниот свет го јаде само внатрешниот дел и ја фрла кожата, додека некои азиски култури генерално ја јадат и кожата.

Бананите се вреден извор на витамин Б6, витамин Ц и калиум.

ПОДГОТОВКА:

Измешајте ги млекото, јајцата, шеќерот, нишестето со малку сол и варете на пареа.

Варениот крем тргнете го од садот со вода и додадете ги ванилин шеќер и екстракт од ванила.

Убаво измешајте.

Исечете ги бананите, накапете ги со сок од лимон.

Подгответе осум чаши за пудинг.

Бисквитите искршете ги на долгнавести парчиња, редете ги во секоја од чашите, па додадете го кремот.

На крајот по желба попрскајте со малку цимет.

Послужете.

Крем од чоколадо


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Чоколадо
  • 500 милилитри Млеко
  • малку   Густин
  • 50 грама Вишни


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Старите Ацтеки сметале дека чоколадото е пијалок на боговите, а наназад во историјата чоколадото се конзумирало во облик на топол напиток. А Ацтеките исто така сметале дека чоколадото има дејство на афродизијак, што се покажало точно. Легендата вели дека владителот на Ацтеките од 16 век Монтезума, пиел по 50 шољи чоколадо дневно пред посета на својот харем затоа што сметал дека чоколадото е одличен афродизијак.
Исто така, древните цивилизации на Индијанците имале доста рецепти за подготовка на чоколадо напитокот или попопуларно какао. Тие ги мелеле зрната од какаото и како зачин додавале чили, ванила, разни корени и цвеќиња, кои што го правеле какаото за сечиј вкус.

Чоколадото било пијалок за сите класи и се употребувало на сите настани и ритуали. Сè мисли дека во Никарагва чоколадото се користело како платежно средство, таму значи слободно можеме да кажеме дека парите им “растеле” на дрво!

Кристофер Колумбо е човекот кој што ги запознал европјаните со вкусот на чоколадото. Тој на своето четврто патување во 1502 година во заливот Хондурас наишол на товарен брод, кој меѓу другите работи кои што бродот ги пренесувал биле и зрната какао.

ПОДГОТОВКА:

Чоколадото ситно изрендајте го.

Од млекото одвојте 2 лажици, а остатокот измешајте го со ренданото чоколадо.

Загрејте го млекото со чоколадо, па измешајте една лажичка густин, разматен во 2 лажички ладно млеко.

Сè заедно добро измешајте и варете неколку минути додека кремот не се згусне.

Оладете го кремот и украсете го со овошје по желба.

Послужете.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:02

Парфе од јогурт


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Кокосово брашно
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 100 грама Ананас
  • 80 милилитри Јогурт


  • Време за подготовка: 5 мин.
  • Време за готвење: 0 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Хранливите состојќи во јогуртот настануваат во процесот на ферментација на млекото. Под дејство на микроорганизмите се зголемува нивото на млечна киселина, а умерено се намалува количината на лактоза. Ова го објаснува фактот дека луѓето кои имаат проблеми со дигестија на млекото, многу полесно го поднесуваат јогутот. Во создавањето на јогуртот учествуваат две главни бактерии:
- Lactobacillus bulgaricus
- Streptococcus thermophilus

Една од предностите на јогуртот е што помага во борбата против малигните тумори. Истражувањата на Американскиот институт за рак, покажуваат дека кај луѓето кои секојдневно консумираат јогурт, стапката на заболеност од тумори е меѓу најниските.

ПОДГОТОВКА:

Во десертна чаша најпрво се истура сокот од ананасот, па се додава мешавината од јогурт и кокос, а најодозгора се распоредуваат ситно сецканите парчиња ананас и ореви.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:03

Крем бруле


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 120 грама Шеќер
  • 6   Жолчка/ки
  • 15 милилитри Вода
  • 600 грама Блага павлака


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем бруле

ПОДГОТОВКА:

Рерната загрејте ја на 170 степени.

Изматете ги жолчките со шеќерот, додајте ја слатката павлака, убаво измешајте и истурете во калапи за крем карамел.

По желба можете можете во секој да испржите по 1 лажица шеќер, ниска температура.

Калапите ставете ги во поголема тава во која сте ставиле вода.

На површината на кремот  посипете малку шеќер.

Кремот бруле печете го додека не добие убава златно - кафеава боја.

Оставете го убаво да се олади и оставете го во фрижидер до служењето.

На крајот, одозгора додадете овошје по желба.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:04

Мус крем


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 60 грама Шеќер
  • 250 грама Чоколадо за готвење
  • 30 милилитри Рум
  • 250 грама Блага павлака
  • 3   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Мус крем

ПОДГОТОВКА:

Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја ставаме да се топи на пареа.

Павлаката ја матиме со миксер, додека шлагот не ја добие потребната густина.

Потоа шлагот од садот за матење го претураме во поголем длабок сад.

Во садот за матење со миксер ги матиме јајцата и го додаваме шеќерот.

Откако шеќерот ќе се растопи престануваме со матењето.

Во изматените јајца ја додаваме растопената и оладена чоколада и мешаме со жица за матење.

И оваа смеса ја додаваме во длабокиот сад со шлагот и мешаме со жицата.

Откако смесата ќе се изедначи со лажица полниме во готварски шприц.

Со шприцот наполнет со Мус крем полниме десертна чаша.

Одозгора наросуваме сецкана чоколада.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:05

Крем од праски


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 4   Шекер лажичка/ки
  • 500 грама Праски
  • 4   Ливчиња нане
  • 300 грама Блага павлака
  • 30 милилитри Бело слатко вино (шери)


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем од праски

ПОДГОТОВКА:

Излупете ги праските, исечете ги на парчиња и ставете ги  во еден сад.

Полијте ги со виното и со шеќерот.

Измешајте ги праските и ставете ги да зовријат, па варете ги 2-3 минути, или додека омекнат, тогаш изматете ги праските со својот сос и префрлете ги во фрижидер.

Изматете ја павлаката и додајте ја на пирето од праските, мешајки ја од долу нагоре.

Покријте го садот со фолија и оставете го во ладилник се до моментот на сервирањето.

Добиениот крем поделете го во 4 сада, декорирајте со некоклу листа нане.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:07

Крем од свежи јагоди


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 3   Шекер лажичка/ки
  • 40 грама Ореви
  • 100 грама Блага павлака
  • 1   Белка/ки
  • 100 грама Јагоди


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем од свежи јагоди

ПОДГОТОВКА:

Во сад за матење ја ставаме белката, го додаваме шеќерот и матиме. Ги додаваме и предходно исечканите јагоди.

Во друг подлабок сад ја ставаме благата павлака. Ја матиме.

Малку од благата павлака додаваме во садот со белката и јагодите и промешуваме со лажица.

Вака приготвениот крем го сервираме во соодветни чаши. Поросуваме од мелените ореви и декорираме со преостанатата хопла.

На врвот од чашите ставаме јагоди.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:10

Карамел крем


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Шеќер
  • 20 грама Чоколадо за готвење
  • малку   Нишесте
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 100 грама Блага павлака
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Еден од најдобрите начини за да го подобрите вашето здравје е да станете свесни за тоа каде се наоѓате на патеката од нормалното контролирање на глукозата и инсулинска резистенција, која може да резултира со дијабетес. Со оглед на тоа што примарните причини за проблемот со чувствителноста на организмот на шеќер водат потекло од начинот на исхрана, нејзината промена е појдовна точка за контролирање на евентуалната неурамнотеженост на шеќерот во крвта.

ПОДГОТОВКА:

 Во сад на тивок оган се пржи шеќерот, при што постојано се меша додека добие карамел боја.

Се налева со 1/4 вода и се вари додека карамелот сосема не се стопи.

Течноста се лади.

Во друг сад се матат жолчките со ванилниот шеќер и нишестето, а од белките одделно се мати снег.

Постепено во кремот од жолчките се додава шчагот (слатката павлака или приготвената од кесичка) и оладениот карамел, па сè заедно се варина тивок оган, при што постојано се меша околу една минута.

Кремот се истава од оган и се додава снегот од белките.

Кремот се остава убаво да се олади и со него се полнат чаши или посебни стаклени чиничиња за крем. Се украсуваат со шлаг и со рендана чоколада.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:11

Крем од круши


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 30 лажица/ци Овесни снегулки
  • 500 милилитри Млеко
  • 1 лажица/ци Мед
  • 5 лажица/ци Лимонов сок
  • 200 грама Круши
  • малку   Каранфилчиња
  • 1 лажица/ци Какао
  • 30 грама Интегрално Брашно


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крушата е дрвенеста билка од фамилијата Rosaceae, чии што плодови се користат во исхраната на луѓето. Врстите од овој род растат во умерените предели на Европа, Азија и Африка.

Нивното дрво е со средна висина (10-17 метри), во главно листопадно, со просто и наизменично распоредени листови (со големина од 2-12 см).

Плодот на крушата има надалеку познат и специфичен облик.

Од крушата се прави врвно квалитетна ракија, а освен за ракија крушата се користи и за подготовка и на компоти, џемови, пекмез, слатко, а слузи и како додаток за разни овошни колачи и торти.

ПОДГОТОВКА:

Во млекото измешајте ги интегралното брашно, овесните снегулки и какао.

Варете на тивок оган десетина минути, со непреќинато мешање, за кремот да се згусне.

Потоа оставете го кремот малку да се олади, па додадете му една лажичка мед.

Излупете ги крушите, исецкајте ги на коцкички или по должина, па прелијте ги со лимонов сок и посипете ги со мелени каранфилчиња.

Исецканите круши поделете ги во две чаши, па прелијте ги со подготвениот крем.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:12

Крем со рум


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 250 грама Шеќер
  • 80 милилитри Рум
  • 1   Нишесте
  • 1000 милилитри Млеко
  • 2 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 60 грама Блага павлака
  • 60 грама Џем
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем со рум

ПОДГОТОВКА:

Млекото и дел од шеќерот се варат. Се остава малку да се подолади и се додаваат матените жолчки со нишестето. Се става на тивок оган и со непрекинато мешање се вари крем.

Одделно, 4 белки се матат во цврст снег со остатокот од шеќерот. Во кремот од жолчките, се додава 70 грама рум и белките, и се мешаат. Во чаши се става по една лажица џем, се дополнуваат со кремот.

Се остава кремот добро да се олади. Потоа во средината се капнува малку рум.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:39

Крем од сливи


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 150 милилитри Црвено вино
  • малку   Цимет
  • 800 грама Суви сливи
  • 200 милилитри Сок од Малини
  • 1   Лимон/и
  • 30 милилитри Ликер од портокал
  • 250 грама Блага павлака
  • 100 грама Шеќер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем од сливи

ПОДГОТОВКА:

Измиените сливи исчистете ги од семките и исечете ги.

Шеќерот мешајте го на тивок оган додека не се стопи и не се карамелизира.

Потоа, карамелот прелијте го со сокот и мешајте додека не се стопи.

Сипајте ги во него виното, циметот, ренданата кора од лимонот и сливите. Смесата оставете ја да се олади.

Слатката павлака матете ја додека не се згусне, но не да се претвори во шлаг.

Во неа сипајте го ликерот. 

Распоредете ги сливите со добиениот сок во чаши, па прелијте ги со добиениот сок, па со изматената павлака.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:39

Гриз со сливи


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 2   Шекер лажичка/ки
  • 200 милилитри Црвено вино
  • 1   Цимет
  • малку   Сол
  • 1000 грама Сливи
  • 30 грама Путер
  • 60 грама Ориз
  • малку   Нишесте
  • 500 милилитри Млеко
  • 30 милилитри Ликер од портокал
  • 1   Кора од лимон
  • 100 грама Гриз
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 30 грама Бадеми
  • 1   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Гриз со сливи

ПОДГОТОВКА:

Сварете го млекото со шеќерот и ренданата кора од лимонот, малку сол и путерот.

Потоа, додадете ги бадемите и гризот, па сето тоа варете го на тивок оган додека смесата не се згусне.

Одделете ја жолчката од белката, па жолчката изматете ја со ликерот и додадете ја во гризот.

Белката пенесто изматете ја и измешајте ја со гризот.

Гризот распоредете го во четири помали чинии и оставете да се олади.

Исцедете ги сливите и зачувајте го сокот. Измешајте го нишестето со четири лажици сок, а остатокот од сокот сварете го со виното, ванилин шеќер и циметот.

Додадете го во нив разматеното нишесте и сето тоа варете го со постојано мешање додека не се згусне. На крај ставете ги сливите и сето тоа распоредете го врз гризот.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:41

Парфе од лешник


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 8   Шекер лажичка/ки
  • 100 грама Чоколадо
  • 200 грама Лешник
  • 500 грама Блага павлака
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Парфе од лешник

ПОДГОТОВКА:

Ја матиме павлаката со миксер. Откако шлагот ќе ја добие потребната густина го исклучуваме миксерот.

Ги кршиме јајцата и ги двоиме белките од жолчките.

Во садот со жолчките додаваме 4 лажици шеќер и матиме со миксер додека шеќерот не се растопи.

Со миксер ги матиме белките и додаваме 4 лажички шеќер.

Во садот со изматената павлака ги додаваме изматените белки, а потоа и изматените жолчки.

Потоа додаваме 200 грама мелени лешници.

Мешаме со лажица додека состојките не се соединат. Добиеното парфе го ставаме во готварски шприц.

Со помош на готварскиот шприц парфето од лешник го украсуваме со чоколаден крем.

Одозгора наросуваме мелени лешници.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:42

Крем од вишни


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1   Шекер лажичка/ки
  • 400 грама Сирење
  • 3   Жолчка/ки
  • малку   Желатин
  • 100 грама Бисквити
  • 250 грама Џем од вишни


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 10 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем од вишни

ПОДГОТОВКА:

Изматете го жолчките и шеќерот, па додајте маскарпоне сирење и ликер.

Растопете го желатинот во ладна вода и изматете, па додајте го постепено во кремот.

Бисквитите издробете ги на покрупни парчиња и измешајте ги со кремот од маскарпоне сирење, па ставете ја смесата во една поголема или 4 помали чинии.

Ставете во фрижидер околу 30 минути.

Пред служењето додајте го остатокот од бисквитите, неколку вишни и сок од теглата со слатко.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:43

Крем од тиква


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Шеќер
  • 500 грама Тиква
  • 100 грама Ореви
  • 80 милилитри Млеко


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 10 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем од тиква

ПОДГОТОВКА:

Тиквата се вари, потоа се пасира и се посипува со шеќерот и се додаваат се мелените ореви.

Потоа се додава млекото, па се меша со тиквата.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 08:39

Пудинг од лимон


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 6   Јајца/це
  • 1   Лимон/и
  • 150 грама Путер
  • 150 грама Шеќер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Татковината на лимонот е Азија. Таму се култивирал пред 2.500 години. Во 12 век Арапите го однеле во Шпанија и Африка. Според кажувањата на шпанскиот историчар Лас Казас, Кристофер Колумбо донел семки од лимон од Канарските острови по враќањето од своето долго патување.

Во Новиот Свет (Америка) лимонот дошол благодарение на Шпанците кои го донеле на островот Хаити. Во Америка првиот лимон почнал да се одгледува на Флорида, а таа земја по производството на лимон го заземала првото место во светот до 1825 година, кога големите мразеви ги уништиле плантажите со лимон.

ПОДГОТОВКА:

  Се мати путерот со шеќерот, сокот и кората од лимон се додека масата не

стане воедначена и пенаста. Потоа се додава една по една жолчка и по
секоја се мати, а на крајот снег од белките. Кремот се истура во
подмачкан калап за пудинг и се вари на пареа во рерна околи 40 минути на
180 степени. Кога ќе се подолади се превртува во чинија во која се
служи.

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 08:45

Пудинг од ориз и чоколада


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Блага павлака
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 1   Лимон/и
  • 1000 милилитри Млеко
  • 200 грама Ориз
  • 50 грама Путер
  • 200 грама Чоколадо
  • 3   Шекер лажичка/ки


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пудинг од ориз и чоколада

ПОДГОТОВКА:

Во тенџере се сипа  млекото и шеќерот и кога ќе проврие се додава оризот.

Се вари на тивок оган додека оризот го впие млекото.

Потоа се тргнува од оган и веднаш се додава путерот (се одделува само едно грутче) и рендана кора од лимон и ванилин шеќер.

Кога  оризот ќе се подолади се додава изматениот шлаг( од слатка павлака) или пак приготвена шлаг пена од кесичка.

Калапот за куглов се подмачкува со путер. И во него се става масата со оризот.

Неколку часа се  чува во фрижидер. Ладниот пудинг се превртува на чинија  во која ќе се служи, се прелива со растопена чоколада, се враќа во фрижидер да се стегне чоколадата и се служи.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 08:51

Пудинг од ореви


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 70 грама Шеќер
  • 140 грама Ореви
  • 100 грама Маргарин
  • 7   Жолчка/ки
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 7   Белка/ки


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пудинг од ореви

ПОДГОТОВКА:

Маргаринот и шеќерот изматете го пенасто, додајте ги жолчките, со постојано матење. По десетина минути вмешајте ги мелените ореви. На крај лесно вмешајте го снегот од белките.

Смесата истурете ја во соодветен калап, или повеќе помали, кои предходно сте ги намачкале со маргарин и посипете со шеќер. Пудингот печете го еден час во водена купка.

Пудингот извадете го од калапот, посипете го со шеќер во прав, и послужете.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 08:52

Пудинг од гриз


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 500 милилитри Млеко
  • 60 грама Маргарин
  • 80 грама Гриз
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 5   Јајца/це
  • 100 грама Шеќер


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пудинг од гриз

ПОДГОТОВКА:

Млекото со шеќерот, ванилниот шеќер и малку сол ставете го да зоврие. Потоа мешајќи додајте го гризот и варете го да се олади. Потоа вмешајте ги омекнатиот маргарин, жолчките и снегот од белките.

Калапот намачкајте го со маргарин и посипете со шеќер и истурете ја смесата. Калапот со пудинг ставете го во водена купка (во поголем сад со вода) и печете во рерна загреана на 125 степени 30-40 минути. Пудингот, откако малку ќе се излади, превртете го на чинија за служење и украсете со овошен сос од малини или јагоди, малку разредени во вода, нека зоврие и на тој начин добивате овошен прелив.

Ако немате специјален калап пудингот можете да го направите и во друг сад, огноотпорен или метален.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 08:54

Бразилски пудинг

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 мала лажица Шеќер во прав
  • 125 грама Шеќер
  • 300 грама Чоколадо за готвење
  • 30 грама Путер
  • 450 милилитри Млеко
  • 3 грама Маст
  • 50 милилитри Ликер од кафе
  • 1 грама Какао
  • 4   Жолчка/ки
  • 100 грама Блага павлака
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 25 мин.
  • Време за готвење: 80 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Вреди да се проба

ПОДГОТОВКА:

Ставете го млекото да се загрее на слаб оган, додадете инстант кафе
и почекајте да се растопи. Промешајте и додадете го ликерот од кафе. Во
сад изматете 8 жолчки со шеќер. Во друг сад изматете снег од 4 белки
(со малку сол). Полека додадете го снегот од белки кај жолчките и полека
соединете ги со жица. Наросете со какао и постепено непрестајно
мешајте, додадете го подготвеното млеко со кафе.
Префрлете го кремот во тефлонски куглов калап (од 7 дл.), кој
претходно сте го намачкале со путер. Гответе на пареа во рерна барем 60
минути на 180 степени. Кога ќе се олади префрлете го во фрижидер да се
зацврсти.
Матете ја павлаката со шеќерот во прав додека да добиете густа
смеса. Изрендајте го чоколадото на крупно така што да добиете лушпи.
Ладниот пудинг украсете го со павлаката (претходно ставена во готварски
шприц), лушпите чоколадо и зрна кафе. Послужете веднаш. 


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 08:55

Крем од ананас


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Шеќер
  • 500 милилитри Млеко
  • 1 грама Ванилин шекер
  • 1   Ванила пудинг/а
  • 100 грама Блага павлака
  • 1000 грама Ананас


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем од ананас

ПОДГОТОВКА:

Прашакот за пудинг се меша со шеќерот, со додаваат 6 лажици ладно млеко и се става да проврие и се додабва подингот. Се меша на оган, додека да се свари кремот. Се префрла во стаклена чинија и неколку пати се промешува.

Ананасот се цеди и 3-4 тркалца се сечкаат во ситни коцкички, а неколку се ставаат за украсување. Сечените парчиња ананас се мешаат со ладениот крем и се меша. Со кремот се полнат 4-6 чаши врз секој се става спирално метана слатка павлака (изматена со ванилниот шеќер) и половина тркалце ананас. Може да се украси и со струганици од чоколада, некое зашеќерено црвено овошје, резанка портокал, киви и сл.

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 08:56

Десерт со јагоди и пудинг


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 250 грама Шлаг
  • 12   Шекер лажичка/ки
  • 1 грама Пудинг
  • 1100 милилитри Млеко
  • 1   Ванила пудинг/а
  • 500 грама Јагоди


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Јагодата се развива во ширина , боја , вкус, форма, степен на плодност, сезона на берење,склоноста на болест и според составот на растението.Некои се разликуваат во зеленилото а некои материјално , во однос на развојот на нивните полови органи. Во повеќето случаи ,цветовите се појавуваат како хермафродитски во структурата но функционираат и како машко и како женско. За трговски цели ,овие растенија се одгледуваат како ќилим и воглавно се распоредуваат по чисти корени или мешавини.Одгледувањето се прави на два начина: низ цела година под фолија , или пак повеќегодишен систем со постелени филцови или пак со тумби.Исто така се произведува мала количина на јагоди во стаклени градини и кога не им е сезона.

ПОДГОТОВКА:

 Де­сер­тот се сер­ви­ра во ча­ши од 250 ми­ли­ли­три та­ка што на дно­то од ча­ши­те се ста­ва­ат по два ре­да сеч­ка­ни ја­го­ди. По­тоа се пра­ви пу­дин­гот од ва­ни­ла со 500 ми­ли­ли­три мле­ко и со 3 ла­жи­ци ше­ќер. Ко­га е ола­ден, се ста­ва врз ја­го­ди­те. По­тоа пак се ста­ва еден ред ја­го­ди, па пу­дин­гот од чо­ко­ла­до, а на крај се ста­ва шлаг. Оз­го­ра се де­ко­ри­ра со ја­го­ди.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 17:27

Парфе од лешник


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 8   Шекер лажичка/ки
  • 100 грама Чоколадо
  • 200 грама Лешник
  • 500 грама Блага павлака
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Парфе од лешник

ПОДГОТОВКА:

Ја матиме павлаката со миксер. Откако шлагот ќе ја добие потребната густина го исклучуваме миксерот.

Ги кршиме јајцата и ги двоиме белките од жолчките.

Во садот со жолчките додаваме 4 лажици шеќер и матиме со миксер додека шеќерот не се растопи.

Со миксер ги матиме белките и додаваме 4 лажички шеќер.

Во садот со изматената павлака ги додаваме изматените белки, а потоа и изматените жолчки.

Потоа додаваме 200 грама мелени лешници.

Мешаме со лажица додека состојките не се соединат. Добиеното парфе го ставаме во готварски шприц.

Со помош на готварскиот шприц парфето од лешник го украсуваме со чоколаден крем.

Одозгора наросуваме мелени лешници.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 17:28

Крем со рум


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 250 грама Шеќер
  • 80 милилитри Рум
  • 1   Нишесте
  • 1000 милилитри Млеко
  • 2 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 60 грама Блага павлака
  • 60 грама Џем
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем со рум

ПОДГОТОВКА:

Млекото и дел од шеќерот се варат. Се остава малку да се подолади и се додаваат матените жолчки со нишестето. Се става на тивок оган и со непрекинато мешање се вари крем.

Одделно, 4 белки се матат во цврст снег со остатокот од шеќерот. Во кремот од жолчките, се додава 70 грама рум и белките, и се мешаат. Во чаши се става по една лажица џем, се дополнуваат со кремот.

Се остава кремот добро да се олади. Потоа во средината се капнува малку рум.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 17:35

Сутлијаш со сезонско овошје


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 2   Шекер лажичка/ки
  • 30 грама Суво грозје
  • 250 грама Ориз
  • 200 милилитри Млеко


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Сутлијаш се приготвува со варењето на ориз во млеко со додатоци: шеќер, дарчин, ванилин екстракт или шеќер а може да биде украсен со рендано чоколадо или овошје. Се служи топол или ладен во порции (чинии).

Оваа посластица е редовно јадење на македонската, српската, бугарската и турската кујна.

*Википедиа

ПОДГОТОВКА:

Оризот се мие, се чисти, се става да се вари во млеко на умерена температура со постојано мешање.

Сувото грозје се мие и се остава во млака вода да омекне.

Кога оризот е полусварен, се додава омекнатото суво грозје и се вари уште 5 минути.

Се става шеќерот и се остава малку да се олади.

На крај се додава сечкано сезонско овошје.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 17:36

Посен сутлијаш


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Шеќер
  • 200 грама Ориз
  • малку   Цимет
  • 2   Јаболка


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Посен сутлијаш

ПОДГОТОВКА:

Се вари оризот додека да омекне, потоа се цеди водата, се додава шеќерот и одделно се рендаат јаболките.

Потоа се заедно се соединува и на крај се додава цимет.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Октомври.2013 во 17:07

http://moirecepti.mk/post/%D0%BA%D1%80%D0%B5%D0%BC-%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%B0%D0%BC%D0%B5%D0%BB/" rel="nofollow - Крем карамел со слатка павлака

Крем карамел со слатка павлака

Состојки

  • 1 шоља (200 гр) шеќер
  • 1 1/4 шоља (300 мл) млеко
  • 1 лименка (395 гр) засладено кондензирано млеко
  • 3 јајца
  • 3 жолчки
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 1 лажица (15 гр) густин
  • 1 шоља (235 мл) слатка павлака

Подготовка

Крем карамел е еден од десертите на моето детство. По рецептот на мајка ми поинаку се правеше. Вака јас го правам.

Направете карамел “на суво“ од 100 гр шеќер и распоредете го на дното на 6 рамекини или во еден голем калап.
Загрејте ја рерната на 175 Ц.
Во чашата од блендерот ставете ги 100 гр шеќер, ванилиниот шеќер, млекото, јајцата, жолчките, кондензираното млеко и густинот и блендирајте околу 1 минута на голема брзина додека сосем не се изедначи. Не претерувајте со блендирање, не треба да се створи пена. Додајте ја слатката павлака и со пулсна брзина изблендирајте неколку пати, само да се соедини.
На дното на соодветен сад за печење ставете кујнска крпа во два слоја и наредете ги рамекините.
Смесата од јајца распоредете ја во нив. Ќе ги наполни скоро до крај.
Зовријте вода и сипете ја во тавата покрај рамекините, да достигне најмалку до 1/2 од нивната висина.
Ставете да се печат во загреаната рерна 45 мин, а ако е еден поголем калап 1 час.
Оставете да се оладат на собна температура, па преместете ги во фрижидер да се ладат неколку часа.
Пред послужување, поминете со остар нож по работ на калапчето и превртете го на чинијата за послужување.
Може да стои до една недела во фрижидер. Секогаш послужете ладно, како многу вкусен летен десерт.





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 11.Октомври.2013 во 17:13

Мус од бела чоколада и црвено овошје

Потребни состојки:

  • 300г бела чоколада
  • 6 јајца (одвојте ги жолчките од белките)
  • 500-600г микс од црвено овошје (јагоди, малини, капини, вишни…)

Начин на приготвување:

  1. Растопете ја белата чоколада и оставете ја да се олади.
  2. Изматете ги белките.
  3. Додајте ги жолчките во растопената бела чоколада, а потоа и изматените белки, мешајќи ја смесата додека целосно не се соедини.
  4. Во еден поголем стаклен сад или во неколку помали стаклени садови, на дното ставете од миксот од црвено овошје, а потоа и од смесата од бела чоколада.
  5. Оставете го десертот извесно време во фрижидер (4 часа доколку користите голем сад) и потоа послужете го.



-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Ноември.2013 во 15:51

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/19638-podgotvete-brz-i-lesen-krem-od-limon" rel="nofollow - Подгответе брз и лесен крем од лимон

Крем во кој ќе се заљубите на прв залак. Можете да го користите како фил за торти и колачи, како намаз за штрудли и лиснато тесто, а може и да го послужите како крем сервиран во чаши со слоеви на овошје, јаткасти плодови и слатка павлака.

podgotvete-brz-i-lesen-krem-od-limon-01

Состојки:

  • 4 лимони
  • 4 жолчки
  • 450g шеќер
  • 110g путер

Подготовка:

Изрендајте ја кората од лимоните и исцедете го сокот.

Во длабок сад истурете ги жолчките со шеќер, сокот и кората од лимонот и сечканиот путер. Варете на пареа и постојано мешајте.

podgotvete-brz-i-lesen-krem-od-limon-02

Кремот е готов кога ќе започне да се задржува на лажицата и да заличува на пудинг од ванила. Прецедете го во тегла и оставете го да се олади.

Можете да го користите нешто помалку од 1 месец за која намена и да посакате.

Ова се неколку наши идеи и предлози:

podgotvete-brz-i-lesen-krem-od-limon-03

podgotvete-brz-i-lesen-krem-od-limon-04

podgotvete-brz-i-lesen-krem-od-limon-05

podgotvete-brz-i-lesen-krem-od-limon-06



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Декември.2013 во 23:05

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/16149-polneti-portokali-krem-desert-za-ljubiteli-na-pudingot" rel="nofollow -

Иако портокалот е овошје достапно во текот на целата година, неговата улога во слатките наскоро ќе ја замени сезонското овошје како јагодите и малините.

polneti-portokali-krem-desert-za-ljubiteli-na-pudingot-1

Но, не би било праведно зимата да се испрати, а да не се проба овој вкусен десерт за кој не ви треба рерна и за чија подготовка ви се потребни само десетина минути, таман во паузата од ручекот до кафето.

Состојки:

  • 400 ml сок од свежи портокали (обично 4 портокали, зависно од големината)
  • 50 gr шеќер
  • 1 ванила
  • малку рум или ликер од портокал
  • 1 пудинг од ванила
  • блага павлака за украсување

polneti-portokali-krem-desert-za-ljubiteli-na-pudingot-2

Подготовка:

1. Портокалите пресечете ги на половина. Издлабете ги и извадете ја внатрешноста (како на сликата).

2. Корите од портокалите оставете ги на страна, тие ќе послужат како калапи за сервирање на кремот.

3. Испасирајте ги пулпите од портокалот и исцедете ги за да добиете бистар сок.

4. Во 400 ml сок сварете го пудингот од ванила, измешајте го шеќерот, ванилин шеќерот и додадете малку рум.

polneti-portokali-krem-desert-za-ljubiteli-na-pudingot-3

Добиената крема оставете ја малку да се излади, па со неа наполнете ги половините од портокалите. Изладете и украсете со блага павлака и чоколадни трошки.

Кремот можете да го сервирате и во високи чаши.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Декември.2013 во 17:36

Сабајон


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 80 грама Шеќер
  • 6   Жолчка/ки
  • малку   Желатин
  • 200 грама Блага павлака
  • 250 милилитри Бело слатко вино (шери)


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 10 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Сабајонот потекнува од италијанската кујна, а денес е популарен и во Аргентин и Уругвај каде го нарекуваат sambayón. Во Кулумбија тој е наречен sabajón, а додека пак во Венецуела sambayón.

ПОДГОТОВКА:

Жолчките и шеќерот  изматете ги пенасто и сварете на пареа.

Полека додавајте го виното и матете одека смесата не се запени.

Потоа додајте го изладениот желатин кој предходно сте го натопиле со ладна вода, повторно добро измешајте,па во напола изладениот ладен крем вмешајте матена слатка павлака.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Декември.2013 во 21:43

http://moirecepti.mk/post/%D1%87%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D1%83%D1%82%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%88-%D1%81%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BB/" rel="nofollow -
Чоколаден сутлијаш со портокал

Состојки

  • 1 шоља ориз
  • 1 шоља вода
  • 3 шољи млеко
  • 5 лажици шеќер
  • изрендана кора од 1 портокал
  • 1 ванилин шеќер
  • 60 гр темно чоколадо
  • неколку парчиња кандирани портокали
  • Шољата е од 200 мл

Подготовка

Ставете ја водата на оган да зоврие. Додадете го измиениот ориз и варете додека не испари водата.
Во меѓувреме загрејте го млекото да биде врело. Налејте го млекото во оризот, додате го шеќерот, кората од портокал и ванилиниот шеќер. Варете на тивко и повремено промешувајте. Може да варите и во покриен сад, но внимавајте да не искипи.
Кога оризот е сварен ставете го чоколадото искршено на помали парчиња и промешајте да се растопи.
Распределете го сутлијашот во чинивчиња. Одозгора ставете неколку парчиња кандирани портокали и послужете топло или ладно.

Пријатен апетит

Забелешка
Јас користев кандирани портокали од „Слаткото од портокали“ на Лили. Ги исцедив од сокот, ги исецкав на мали коцкички и ги препелкав во малку кристал шеќер. Имам правено и со исецкани Аранчини по рецептот на Лиле.
Кога е готово може да ставите и 2 лажици ликер од портокали. Јас не ставив зошто требаше и дечиња да ручкаат.

Дополнителни фотографии

  • http://moirecepti.mk/content/uploads/2013/11/52_Sutlijash_choko_orange_2-1e6137-800x599.jpg" rel="nofollow">
http://moirecepti.mk/post/%D1%87%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D1%83%D1%82%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%88-%D1%81%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BB/" rel="nofollow - -



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Декември.2013 во 21:44

http://moirecepti.mk/post/%D1%81%D1%83%D1%82%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%88/" rel="nofollow -
Сутлијаш

Состојки

  • 1 чаша ориз
  • 3 чаши вода
  • 3 чаши млеко
  • 1 ванилин шеќер
  • 8 (до 10) големи лажици шеќер

Подготовка

Во тенџере се сипа чашата вода и се става на огин. Кога водата ќе зоврие, огинот се намалува и се додава оризот. Се промешува од време на време за да не се залепи на дното. Кога водата ќе испари и смесата ќе се подзгусне, се додава една чаша млеко и повремено се меша додека пак не згусне.Постапката се повторува се додека не се сипе и третата чаша млеко. По третата чаша млеко, убаво се промешува и се додаваат 8 (до 10) големи лажици шеќер и ванилин шеќер.

Се сипа во садовите во кои сакаме да го послужиме, се запрашува со цимет по желба и/или се декорира со рендано чоколадо или прелив.
Ако сакате ваште деца да јадат сутлијаш, тогаш добар начин е да се додаде еден ред кое било чоколадо и со тоа целиот сутлијаш ќе добие чоколадна боја и вкус, па децата нема шанси да му одолеат.

Чашата која ќе служи како мерка не е толку важно колкава е (од 150 до 250мл), туку важно е да се користи истата чаша за сите состојки





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Декември.2013 во 21:45

http://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%BA%D1%83-%D0%BF%D0%BE%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%B2-%D1%81%D1%83%D1%82%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%88/" rel="nofollow -
Mалку поинаков сутлијаш

Состојки

  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 15 лажици шеќер
  • 2 шољи ориз
  • 3 шољи млеко
  • 6 шољи за млеко вода
  • 1 кесичка пудинг од ванила

Подготовка

Прво се става водата да зоврие,кога ќе зоврие се додава измиениот ориз и се меша да не загори.Кога ќе биде скоро готов се додава шеќерот ванилата и млекото.
Кога ке биде сварен оризот а целиот сутлијаш сеуште редок се додава пудингот растворен во малку млеко.
Се вари уште многу малку колку само да зоврие и готово е.
Врелиот сутлијаш ставете го во мокри здели и послужете по желба со цимет или рендано чоколадо.
Пробајте го преубав е
Шољата од мерката е од 300 мл




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Декември.2013 во 21:46

http://moirecepti.mk/post/%D0%BE%D1%80%D0%B8%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D1%83%D1%82%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%88/" rel="nofollow -
Ориентален Сутлијаш

Состојки

  • 5 чаши вода
  • 2 чаши ориз
  • 4 чаши млеко
  • 12 лажици шекер
  • 2 ванили
  • 40 гр. пудинг од ванила
  • по вкус цимет

Подготовка

На овој начин спреман сутлијаш - тогаш имате сутлијаш како што се спрема во турската кујна, кој во основата е ист, само во некоја регија се додава и сок од лимон или портокал - а не изостанува ниту ренданата кора од истите. Но јас вака најповеке го сакам.
ПРИПРЕМА
1. Во зовриената вода ставете да се вари оризот.
2. Кога е веке згуснат и водата впиена во оризот (сварен малку повеке од она што го нарекуваме Ал денте), се додаваат 3 чаши од загреаното млеко и продолжува да се вари, се додава шекерот и ванилата. Во останатата 1 чаша млеко се раствара пудингот и се додава на оризот кога веке е сварен. За кратко уште се вари, се трга од огнот, врел се распоредува во модлите.
Посипте со цимет.
1 чаша = 200 мл.
Напомена
Бидејки секој ориз не се вари во иста количина на вода или млеко, сами прилагодете ја количината на водата и млекото за да добиете средна густина на самиот сутлијаш- кога тој се олади ке си ја добие потребната густина. Користам наш Винички ориз - нашето бело злато, за кого е потребно поголема количина на течност. За нашата традиционална ориз тава за да биди оризник на кој што зрното му се брои односот е 1 према 3, а овде оди повеке. Количината на шекерот исто така зависи од тоа колку сакате да е благо- намалете или зголемете. При сервирањето можете да додадете и слатко кое во моментот го имате. Можете да го посипете и со мешавина на цимет и ореви или бадеми... тоа останува на вас.





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Декември.2013 во 17:23

Крем од портокал


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 7   Јајца/це
  • 1   Лимон/и
  • 700 грама Портокал
  • 160 грама Пченкарно брашно


  • Време за подготовка: 60 мин.
  • Време за готвење: 120 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем од портокал

ПОДГОТОВКА:

Исцедете сок од портокалите и помешајте ги со сокот и ренданата кора од лимун.

Додадете вода за да добиете најмногу половина литар течност. Загревајте и додадете го шеќерот.

Брашото измешајте го со една супена лажичка вода, но внимавајте да не останат грутчиња.

Додадете ја смесата со брачшното во загреаниот овошен сок.

Нека врие една минута, а потоа тргнете го кремот на страна за малку да се олади.

Изматете ги јајцата и внимателно измешајте ги во топлиот (не врел) сок.

Садот вратете го на рингла, на средна температура и непрестајно мешајте додека кремот не се згусне.

Внимавајте кремот да не почне да врие, бидејќи така ќе се направат грутчиња.

Кога ќе се олади, кремот послужете го во стаклени садови, за подобар изглед.
Крем од портокал




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Декември.2013 во 17:24

Чоколаден крем со јагоди и лешници


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 150 грама Шеќер
  • 60 грама Чоколадо
  • малку   Сол
  • 250 милилитри Млеко
  • 50 грама Лешник
  • 250 грама Блага павлака
  • 200 грама Јагоди
  • 5   Јајца/це


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Чоколаден крем со јагоди и Фстаци.

ПОДГОТОВКА:

Павлаката и млекото оставете ги да зовријат, па тргнете ги од оган. Изматете ги жолчките со 50 грама шеќер и додавајте малку по малку од топлата течност, без да престанете со матење.

Вратете ја смесата на оган, варете ја на тивок оган и повторно мешајте ја да не зоврие. Кога ќе започне да се згуснува, тргнете го кремот од оганм додајте го изренданото чоколадо и мешајте сè додека не се растопи. Оставете го да се олади кремот. Лешниците исечкајте ги, а јагодите исчистете ги.

Белките изматете ги во снег со малку сол, а на крајот додајте го и останатиот шеќер. Во еден сад ставете да зоврие вода, намалете ја температурата и од снегот ставајте по една лажица во водата, па варете ги топчињата 1 минута. Вадете ги со лажица-цедалка и префрлете ги во чашки во кои сте го распоредиле кремод од чоколадо. Посипете ги со лешници и јагоди и сервирајте ги.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Декември.2013 во 17:25

Сутлијаш со кајсии


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 130 грама Ориз
  • 750 милилитри Млеко
  • 80 грама Кајсии од компот
  • 2 кесичка/ки Ванилин Шеќер


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Сутлијаш со кајсии

ПОДГОТОВКА:

Од млекото, шеќерот, оризот, ванилниот шеќер се вари сулијаш. По варењето половината се распоредува во подлабока чинија и врз него се редат исцедените кајсии од сокот и се покриваат во остатокот од сутлијашот. Потоа се става во фрижидер добро да се олади.

Пред служењето се пелива со сокот од компотот.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Декември.2013 во 17:26

Домашен чоколаден пудинг


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 250 грама Шеќер
  • 100 грама Чоколадо
  • 250 грама Путер
  • 250 грама Брашно
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 60 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Чоколадото е исклучително богато со фосфор и магнезиум а содржи и поголеми количества на железо, цинк и калиум. Во 100 гр. квалитетно чоколадо со голем дел на какао има 400 мг. калиум, 300 мк магнезиум, 280 мг фосфор, 100 мг калциум, 12 мг натриум, 3 мг железо, бакар во трагови, 500 мг. теотромбин, 68 мг кофеин, 54 гр. јагленихидрати, 30 гр, масти, 9 гр, диетни влакна и 6 гр. протеини

ПОДГОТОВКА:

Добро изматете ги јајцата и шеќерот, а потоа додадете го брашното и растопената чоколада со путерот.

Оваа смеса варете ја на пареа околу 1 час.

Потоа ставете на умерено загреана рерна и печете дваесетина минути.

Готовиот пудинг оставете го да се олади, па послужете.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Декември.2013 во 19:06

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/20033-najcokoladniot-puding-koj-nekogas-ste-go-probale" rel="nofollow - Најчоколадниот пудинг кој некогаш сте го пробале

Сочен, вкусен, богат вкус и многу, многу чоколаден би бил краткиот опис на овој домашен пудинг кој ќе го засакате уште од првиот залак.

najcokoladniot-puding-koj-nekogas-ste-go-probale-01

Овој пудинг ќе ги разнежни вашите непца и ќе го расположи секој кој ќе го проба. Затоа, заборавете на купувањето обичен прав од продавница и почнете со подготовка на овој домашен, брз и лесен рецепт.

Состојки:

  • 2/3 шолји шеќер
  • 1/3 шолји пченкарно брашно
  • 1/4 лажичка сол
  • 3-4 лажички какао
  • 2,5 шолји млеко со поголем процент масленост
  • 2 лажици масло
  • 1 лажица екстаркт од ванила
  • 1 чоколадо со поголем процент какао

Подготовка:

Во лонче помешајте ги шеќерот, какаото, брашното и солта и додајте млеко полека налевајќи го додека мешате, дури не добиете хомогена смеса без грутчиња.

Садот ставете го на средно силен оган и константно мешајте 8 минути, односно, додека не се појават првите меурчиња на вриење. Тргнете го садот од шпоретот, намалете го огнот на најниска температура и повторно ставете го садот уште една минута и продолжете да мешате.

Кога ќе го тргнете садот од оган веднаш сипете го во друг сад каде ќе ги додадете маслото, екстрактот од ванила, парчиња чоколада и ќе мешате додека не добиете едноличен кремаст пудинг.

Пудингот претурете го во ладни влажни садови и покријте ги со фолија.

Ставете ги во фрижидер и оставете ги да се ладат барем 3 часа, препорачливо е да ги оставите навечер.

Кога ќе се изладат најдобро е да ги послужите со додадена изрендана чоколада и да уживате во најчоколадното задоволство.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Декември.2013 во 16:15

http://www.idividi.com.mk/stil/ishrana/" rel="nofollow -

Зимски вкусен десерт: Крем од малини

Зимата е идеално годишно време за експериментирање во кујната. Бидејќи порано се стемнува и поголем дел од денот сме дома, па од досада често посегнуваме по благото. За денеска се одлучивме да ви понудме нешто ново, нешто поинакво, вкусно и освежувачко.

Потребни состојки:

  • 250 гр. малини (може замрзнати)

  • 150 гр. шеќер во прав

  • 1 ванилин шеќер

  • 2 чаши кисела павлака

Подготовка:

Малините се мијат и цедат. Имешајте ги со шеќер и ванилин шеќер, изгмечете ги. Додајте ја павлаката и матете со миксер додека се не се соедини. Добро оладете го кремот и послужете.

Пријатен апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Јануари.2014 во 15:33

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/20873-vkusen-puding-jabolki-vo-krem" rel="nofollow -
http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/20873-vkusen-puding-jabolki-vo-krem" rel="nofollow -

Јаболките се едно од овошјата кои сè уште може да се најдат на пазарите или во подрумот на вашата баба. За да не мора да ги јадете само нив, може да си подготвите интересни и вкусни рецепти во кои ќе ги искористите. Еден таков сочен рецепт е овој пудинг со јаболка во крем.

vkusen-puding-jabolki-vo-krem-01

Потребни состојки

За чоколадниот крем:

  • 4 жолчки
  • 2 лажички шеќер
  • 50 гр чоколадо
  • 1 лажичка какао
  • ½ лажичка цимет
  • 250 мл млеко
  • 4 тенки парчиња желатин
  • 250 мл изматена слатка павлака
  • 1 ванилин шеќер

За кремот од јаболка

  • ½ кг јаболка
  • ½ чаша шеќер
  • 4 белки
  • ½ лимон
  • 1 кесичка желатин

За преливот

  • 200 гр темна чоколада
  • 50 гр путер
  • 3 лажички млеко

Подготовка

Жолчките изматете ги со шеќерот, додајте ги чоколадото, какаото, циметот и топлото млеко. Мешајте на пареа 3 минути. Во жешкиот крем додадете го желатинот, претходно потопен во ладна вода. Оставете го кремот да се излади и пред да се желатира додајте ја изматената павлака засладена со ванилин шеќер. Чоколадниот крем сипете го до половина чаша и оставете го да се излади.

Јаболката испечете ги во рерна, изладете ги и испасирајте ги. Цврсто изматете ги белките со шеќерот, додајте кора од лимон, сок од лимон, кесичка желатин растопена во малку млака вода и сето тоа измешајте го. Оваа смеса сипете ја преку чоколадниот пудинг и ставете го во фрижидер добро да се излади.

На пареа стопете ја чоколадата, додајте го путерот и млекото, па пред да го послужите добро измешајте и обилно нанесете го преку пудингот.

Може да украсите дополнително со шлаг.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Јануари.2014 во 15:43
                                                                    Направете неодолив брз чоколаден мус
Знаете ли некој што не сака чоколадо? Направете му го овој десерт и засекогаш ќе го промени мислењето.
Потребно:
170 г.чоколадо
1/3 шоља еспресо кафе или 1/2 лажичка инстант кафе
1/3 шоља зовриена вода
4 поголеми јајца
3 лажички шеќер


Подготовка:
Ситно исецкајте ја чоколадата, додајте го еспресото, промешајте и прелијте со топлата вода.

Смесата измиксајте ја, додајте ги жолчките од јајцата и добро изматете.

Во друг сад изматете ги белките од јајцата додека да добиете цврст шлаг. Потоа измешајте го шлагот со смесата од чоколадо и оставете да се излади неколку часа во фрижидер.

Сервирајте во длабоки чаши и декорирајте по желба

На здравје!


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Февруари.2014 во 13:02

http://moirecepti.mk/post/%D0%BA%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B0%D1%81%D1%82-%D1%81%D1%83%D1%82%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%88/" rel="nofollow - Кремаст сутлијаш

Во подлабок сад се става водата и една чаша млеко да зоврие. Во зовриената течност се додава оризот и се остава да се вари со повремено мешање околу 15 минути.Одкако ќе ја впие течноста се додава и втората чаша млеко и шеќерот и се остава да врие додека се свари(со постојано мешање)
Сварениот сутлијаш се остава да се олади.
Кесичката шлаг крем од ванила се мати по упатството и кон шлагот се додаваат кокосот и изренданата бела чоколада.Кон оваа кремаста смеса се додава половина од оладениот сутлијаш и убаво се мати додека се изедначи.
Кесичката шлаг крем од чоколада се мати истопо упатството и се додаваат оревите,чоколадата и втората половина од сутлијашот.
Во калап се става најлонска фолија и се истура белиот дел од сутлијашот.Се реди еден ред од кекс и над него се истура делот со чоколадниот сутлијаш. Пак се реди еден ред кекс и се затвара калапот со фолијата. Се остава во фрижидер 3-4 часа а потоа се превртува од калапот, се наросува со рендана чоколада и се сече на парчиња.
Преубав и вкусен начин на подготовка на сутлијаш и ќе ги намами и сите оние што не се по сутлијашот.






-------------


Постирано од: емил
Датум на внесување: 15.Февруари.2014 во 20:44

http://moirecepti.mk/post/%D1%87%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D1%81%D1%83%D1%82%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%88-%D1%81%D0%BE-%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%BE%D0%BA%D0%B0%D0%BB/" rel="nofollow - Чоколаден сутлијаш со портокал

Ставете ја водата на оган да зоврие. Додадете го измиениот ориз и варете додека не испари водата.
Во меѓувреме загрејте го млекото да биде врело. Налејте го млекото во оризот, додате го шеќерот, кората од портокал и ванилиниот шеќер. Варете на тивко и повремено промешувајте. Може да варите и во покриен сад, но внимавајте да не искипи.
Кога оризот е сварен ставете го чоколадото искршено на помали парчиња и промешајте да се растопи.
Распределете го сутлијашот во чинивчиња. Одозгора ставете неколку парчиња кандирани портокали и послужете топло или ладно.

Пријатен апетит

Забелешка
Јас користев кандирани портокали од „Слаткото од портокали“ на Лили. Ги исцедив од сокот, ги исецкав на мали коцкички и ги препелкав во малку кристал шеќер. Имам правено и со исецкани Аранчини по рецептот на Лиле.
Кога е готово може да ставите и 2 лажици ликер од портокали. Јас не ставив зошто требаше и дечиња да ручкаат.






-------------


Постирано од: Kastro
Датум на внесување: 17.Февруари.2014 во 22:05

http://mkd-news.com/domakinki-spas-sutlijash-koj-ne-treba-da-se-mesha-retsept/" rel="nofollow - ДОМАЌИНКИ СПАС – СУТЛИЈАШ КОЈ НЕ ТРЕБА ДА СЕ МЕША (РЕЦЕПТ )

Овој рецепт е за Сутлијаш кој не треба да се меша и нема да мора да стоите над тенџерото и да се горите кога ќе почне да прска оризот варејќи се. Еве колку е едноставно

http://mkd-news.com/wp-content/uploads/2013/05/recept-823.jpg" rel="nofollow">recept -823 Една чаша од 300 грама ориз,

2 кесички ванилин шеќер,

12 лажицишеќер,

1 литар млеко,

500 милилитри вода и

100 милилитри зејтин

Состојките се ставаат во тенџере заедно и се ставаат на тивок оган ( на 1) да зоврие,откако ќе зоврие се вари уште 40 минути во покриен сад на тивок оган ( на 1).

Откако ќе се свари сутлијашот се става во мали садови и се украсува по желба со цимет или какао.  Исто така по желба во смесат пред да се вари може да се стави и изрендана кора од 1 лимон.



-------------
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Февруари.2014 во 22:19
Сутлијаш

http://moirecepti.mk/post/%D1%81%D1%83%D1%82%D0%BB%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%88/" rel="nofollow - - Сутлијаш


Состојки
  1. 1 чаша ориз
  2. 3 чаши вода
  3. 3 чаши млеко
  4. 1 ванилин шеќер
  5. 8 (до 10) големи лажици шеќер

Во тенџере се сипа чашата вода и се става на огин. Кога водата ќе зоврие, огинот се намалува и се додава оризот. Се промешува од време на време за да не се залепи на дното. Кога водата ќе испари и смесата ќе се подзгусне, се додава една чаша млеко и повремено се меша додека пак не згусне.Постапката се повторува се додека не се сипе и третата чаша млеко. По третата чаша млеко, убаво се промешува и се додаваат 8 (до 10) големи лажици шеќер и ванилин шеќер.

Се сипа во садовите во кои сакаме да го послужиме, се запрашува со цимет по желба и/или се декорира со рендано чоколадо или прелив.
Ако сакате ваште деца да јадат сутлијаш, тогаш добар начин е да се додаде еден ред кое било чоколадо и со тоа целиот сутлијаш ќе добие чоколадна боја и вкус, па децата нема шанси да му одолеат.

Чашата која ќе служи како мерка не е толку важно колкава е (од 150 до 250мл), туку важно е да се користи истата чаша за сите состојки




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Февруари.2014 во 21:38
                                                        Направете Нутела суфле за пет минути
Има многу рецепти што можат да се подготват за 5 минути, а овој прекрасен десерт е еден од нив.
Доколку имате микробранова, Нутела и уште неколку состојки, можете многу брзо да си подготвите вкусен десерт. Еве како да го направите.

Потребно:
4 лажици брашно
3 лажици шеќер
1 лажица еспресо во прав или инстант кафе
1 јајце
3 лажици какао
3 лажици нутела
3 лажици млеко
2 лажици масло за јадење
1 прстофат сол
шлаг
свежо овошје


Подготовка:
Во шоља за чај скршете го јајцете и изматете го со виљушка. Додајте ги млекото, солта, прашокот за кафе, шеќерот, какаото и маслото и добро изматете.

Додајте ја Нутелата и повторно добро изматете.

Внимателно додавајте го и брашното додека истовремено матите со виљушката. Внимавајте да не матите премногу, треба да добиете изедначена воздушеста смеса.

Ставете ја шољата во микробранова околу 3 минути.

Извадете ја шољата од микробрановата, оставете малку да се излади и одозгора ставете шлаг и овошје.

Добар апетит!
   









-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Март.2014 во 08:13

ВЕЛ­НЕС ПУ­ДИНГ

Пот­реб­но:

20 г нис­ко­ка­ло­ри­чен пу­динг во прав
1 ли­тар мле­ко (0,5 % мас­ле­ност)
30 г ја­бол­ка
20 г ман­да­ри­ни
20 г ди­е­тал­на чо­ко­ла­да

Под­го­тов­ка:

Из­ва­де­те три ла­жи­ци од мле­ко­то и из­ме­шај­те ги со пу­дин­гот во прав. Дру­го­то мле­ко не­ка зов­рие и по­по­ле­ка си­пе­те го из­ме­ша­ни­от пу­динг. Ста­ве­те го во ча­ши прет­ход­но по­ми­на­ти со лад­на во­да. До­де­ка е то­пол, исеч­кај­те овош­је­то и чо­ко­ла­да врз не­го. Ос­та­ве­те да се из­ла­ди.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Март.2014 во 08:14

КРЕМ СО ЖИТАРКИ

Потребно:

н 12 г путер
н 100 г зобни снегулки
н 1 лажица шеќер
н 300 мл слатка павлака
н 3 лажици мед
н 4 лажици мараскино
н ситно овошје
н 1 непрскан лимон со зелена кора

Приготвување: стопете го путерот на тивок оган, па мешајќи пржете ги снегулките со додека не пожолтат.

Потоа, во снегулките додадете ги шеќерот и медот, па и понатаму мешајте додека шеќерот малку не се карамелизира. Сето тоа прелијте го со мараскиното и лимоновиот сок. Смесата добро измешајте ја. Половина од смесата поделете во шест чаши, па додадете дел од измиеното и исушено овошје. Покријте со дел од изматената слатка павлака. Врз павлаката ставете го остатокот од снегулките, па додадете го остатокот од павлаката. На крај, чашите украсете ги со ситно овошје (грозје, малини...), снегулките и исечениот лимон.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Март.2014 во 19:00

ГРИЗ СО СЛИВИ

Потребно:

н 500 мл млеко
н 2 лажици шеќер
н рендана кора од 1 лимон
н малку сол
н 1 лажица путер
н 30 г сечкани бадеми
н 60 г гриз
н 1 јајце
н 2 лажици ликер
н 2 лажици нишесте
н 1 тегла компот од сливи
н 200 мл црно вино
н 1 стапче цимет
н 1 ќесичка ванилин шеќер

Приготвување: сварете го млекото со шеќерот и ренданата кора од лимонот, малку сол и путерот. Додадете ги бадемите и измешајте го гризот во нив. Сето тоа варете го на тивок оган додека смесата не се згусне. Одделете ја жолчката од белката. Жолчката измешајте ја со ликерот и сипајте ја во гризот. Белката пенесто изматете ја и измешајте ја со гризот. Гризот распоредете го во четири чинивчиња и оставете го да се излади. Исцедете ги сливите, а сокот зачувајте го. Измешајте го нишестето со околу четири лажици сок. Остатокот од сокот сварете го со виното, ванилин шеќерот и стапчето цимет. Додадете го разматеното нишесте и сето тоа варете го, со постојано мешање, додека не се згусне. На крај ставете ги сливите. Сервирајте ги сливите врз гризот и украсете ги по желба.

                 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2014 во 08:39

Мус со малини

http://ubavinaizdravje.mk/wp-content/uploads/2013/12/mus-s-malinama.jpg" rel="nofollow">mus-s-malinama

Состојки:

  • 5 дл слатка павлака
  • 1 ванилин шеќер
  • 100 г слатко крем-сирење
  • 5 г црвен желатин во прав
  • 100 г малини

За прелив:

  • 2 лажици мед
  • 1/2 лимон
  • 300 г малини
  • 1 дл вода
  • 1 лажица густин

Приготвување:
1. Во помало тенџере се налива 4 дл слатка павлака и се остава да зоврие. Потоа се трга од оган.  
2. Црвениот желатин се прелива со 2 лажици ладна вода и се остава да набабри. Потоа, се соединува со топлата слатка павлака и добро се меша.
3. Се додаваат крем-сирење, ванилин шеќер и 100 г пасирани малини, па се мати со миксер и се остава да се излади.

Прелив:
Малините се миксираат, па се соединуваат со вода, мед, густин, сок и рендана кора од лимон и добиената смеса кратко се вари.

Финална постапка:
1. Филот со слатка павлака се налива во стаклени чаши и се остава да се стегне.  
2. Преку него се истура преливот од малини и се остава во фрижидер да се излади.
3. Преостанатата слатка павлака се мати во шлаг и со него се декорира мусот.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2014 во 08:40

Тирамису мус


 

Tiramisu-mus

Состојки:

  • 16 пишкоти
  • 2,5 дл млеко
  • 1/2 лажичка Нес кафе
  • 2 жолчки
  • 150 гр маскарпоне сирење
  • 4 лажици чоколаден ликер
  • 120 гр шеќер во прав
  • 50 гр чоколадо во прав
  • рендана кора од 1/2 лимон
  • 2 дл слатка павлака
  • 1 шлаг
  • 3 банани

Приготвување:

1. Жолчките се мешаат со шеќерот во прав и се варат на пареа со постојано мешање додека не се добие фина кремава смеса.
2. Слатката павлака се мати со шлагот.
3. Во изладената смеса од жолчки се додава маскарпонето сирење и шлагот од слатка павлака, се промешуваат и се дели на два дела. Во едниот дел се додава рендана кора од лимон, а во другата чоколадо во прав и чоколаден ликер.
4. Се вмешуваат млекото и нес кафето.
5. Подгответе четири стаклени чаши. Пишкотите натопете ги во приготвената смеса од млеко и ставете по две во секоја чаша. Прелијте ги со малку крем од лимон и со тркалца банана. Потоа нанесете ред пишкоти. прелијте со крем од чоколадо и наредете тркалца банани. Одозгора нанесете малку од преостанатата крема и украсете по желба.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2014 во 09:20

Сутлијаш со банани



 

Sutlijas-sa-bananama

Состојки:

  • 200 гр ориз
  • 4 лажици шеќер
  • 5 дл млеко
  • 2 банани
  • 50 гр чоколадо

Приготвување:

1. Во помал сад да се стави млеко, да се додаде шеќер и да се стави да се вари додека не проврие.
2. Во зовриеното млеко да се додаде оризот и да се продолжи со варење, со повремено мешање, додека оризот не се свари.
3. Сварениот ориз да се остави да отстои во млекото за да набабри и да го впие остатокот од млекото.
4. Бананите да се исчистат, да се исечат на кругови и да се соединат со приготвениот сутлијаш.
5. Чоколадото да се изренда на крупно ренде и да се нароси врз сутлијашот.

Извор:  http://www.dobrahrana.rs/" rel="nofollow - Dobra hrana



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2014 во 09:22

Крем со ванила и вишни


 

Clipboard014

Состојки:

  • 8 јајца
  • 350 гр шеќер
  • 1 л млеко
  • 2,5 дл слатка павлака
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 200 гр вишни без семки
  • 1 дл сок од вишни
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 1 лажица густин

Приготвување:

1. Белките се одвојуваат од жолчките и се матат во цврст снег. Потоа постепено се додаваат 250 гр шеќер матејќи додека не се стопи шеќерот.
2. Во соодветен сад се става млекото да проврие.
3. Се зема лажица за сладолед, се натопува во вода и со неа се вадат топчиња од белки и се спуштаат во зовриеното млеко. Се варат по една минута од двете страни, а потоа се вадат со решеткаста лажица и се оставаат да се исцедат.
4. Посебно на тареа се варат жолчките со 100 гр шеќер и ванилин шеќер за да се добие густа крема.
5. Слатката павлака се мати во шлаг и се додава во изладениот крем од жолчки па полека се промешува.
6. Одвоено се мешаат вишните со шеќер во прав, сок од вишни и густин и  кратко се проварува.
7. Во стаклени чаши се распоредуваат топките од белки, се прелеваат со крем од жолчки и на крај се нанесуваат неколку лажици пире од вишни.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2014 во 09:23

Мус со праски


25-mus-sa-breskvama

Состојки:

  • 500 гр праски од компот
  • 10 гр желатин
  • 2 јајца
  • 2 лажици шеќер
  • малку свежо нане
  • 2 дл слатка павлака
  • 1 прелив за колачи

Приготвување:

1. Во блендер се мешаат 300 гр праски, а останатите се сечат на тенки тркалца и се оставаат на страна.
2. Желатинот се прелева со 4 лажици вода и се остава да набабри. Слатката павлака се мати во цврст шлаг.
3. Посебно се мешаат јајцата и шеќерот па се варат на пареа со постојано мешање додека не се згусне.
4. Во кашата од праски се додава 1 дл сок од компот, набабрениот желатин и смесата од јајца, па добро се меша и се остава да се стегне.
5. Кога смесата ќе почне да се желира, се додава шлаг од слатка павлака, нането и полека се меша.
6. Приготвената смеса се става во стаклени чаши и се остава да се стегне.
7. Преливот за колачи се приготвува според упатството од кесичката.
8. Кога кремот ќе се стегне, одозгора се редат парчињата праски и се прелива со прелив за колачи.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2014 во 09:24

Мус со малини



http://ubavinaizdravje.mk/wp-content/uploads/2013/12/mus-s-malinama.jpg" rel="nofollow">mus-s-malinama

Состојки:

  • 5 дл слатка павлака
  • 1 ванилин шеќер
  • 100 г слатко крем-сирење
  • 5 г црвен желатин во прав
  • 100 г малини

За прелив:

  • 2 лажици мед
  • 1/2 лимон
  • 300 г малини
  • 1 дл вода
  • 1 лажица густин

Приготвување:
1. Во помало тенџере се налива 4 дл слатка павлака и се остава да зоврие. Потоа се трга од оган.  
2. Црвениот желатин се прелива со 2 лажици ладна вода и се остава да набабри. Потоа, се соединува со топлата слатка павлака и добро се меша.
3. Се додаваат крем-сирење, ванилин шеќер и 100 г пасирани малини, па се мати со миксер и се остава да се излади.

Прелив:
Малините се миксираат, па се соединуваат со вода, мед, густин, сок и рендана кора од лимон и добиената смеса кратко се вари.

Финална постапка:
1. Филот со слатка павлака се налива во стаклени чаши и се остава да се стегне.  
2. Преку него се истура преливот од малини и се остава во фрижидер да се излади.
3. Преостанатата слатка павлака се мати во шлаг и со него се декорира мусот.

 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Март.2014 во 16:15
Крцкав мус од банани

Направете вкусен десерт од банана кој покрај тоа што е вкусен, изгледа многу убаво доколку се сервира во стаклени чаши.

Дадените намирници се однесуваат на подготовка на мали 6 порции.

Потребно: 
 ЗА КРЕМ:
2 банани
40 г.шеќер
30 г.густин
730 мл.млеко
2 јајца
30 г.путер
лажичка екстракт од ванила

 ЗА КРЦКАВ СЛОЈ:
10 мелени бисквити
80 г. путер 
лажица шеќер


Подготовка: 
 Во сад помешајте ги шеќерот и густинот, постепено додавајте го млекото и варете на средна температура, додека смесата да се згусне.

 Со виљушка изматете две јајца, па неколку лажици од топлата смеса со густинот додајте во јајцата, добро промешајте и додајте ги јајцата во смесата со густин. Варете уште малку па тргнете од шпоретот, додајте го путерот и екстрактот од ванила па оставете смесата да се излади во фрижидер.

 Во меѓувреме смелените бисквити помешајте ги со шеќерот и растопениот путер, сипете ја смесата во огноотпорен сад и печете на 180 степени околу 10 минути.

 Во стаклен сад или чаша ставете две лажици од смесата со бисквити, малку крем од ванила, па наредете неколку кришки банана. Врз нив ставете уште малку крем од ванила, шлаг и декорирајте по желба.

Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Април.2014 во 16:22

ДОМАШЕН ЧОКОЛАДЕН ПУДИНГ

26

Потребни состојки:
  • 130 г шеќер
  • 40 г пченкарен скроб
  • ¼ лажиче сол
  • 650 мл млеко со поголема масленост
  • 3 лажици какао
  • 4 жолчки
  • 2 лажици путер
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 1 чоколада со поголем процент какао
Начин на подготовка:

1. Во тенџере помешајте ги шеќерот, скробот и солта, а потоа почнете постепено да го додавате млекото. Мешајте додека не добиете смеса без грутки, а потоа додадете ги и жолчките.

2. Тенџерето ставете го на средна температура и постојано мешајте околу 8 минути, односно додека не се појават меурчиња од варењето. Тргнете го тенџерето до оган, смалете ја температурата на минимум, па вратете го тенџерето и мешајте уште некоја минута.

3. Тргнете го тенџерето од оган и прецедете ја смесата низ сито. Ставете ја во сад за матење со миксер.

4. Во садот додадете ги путерот, екстрактот од ванила и парчињата чоколадо и со миксер матете додека не добиете уедначен крем.

5. Пудингот сипете го во стаклени садови за сервирање и покријте ги со фолија за да се спречи создавањето на корупка при ладењето.

6. Оставете го пудингот да се лади барем 3 часа, а најдобро е да го оставите да преноќи. Кога ќе се олади, послужете го со рендано чоколадо на врвот.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Април.2014 во 16:54

ЧОКОЛАДНА КРЕМ-ПЕНА

19

Состојки:
  • 265 г чоколадо со 70% какао маса
  • 240 мл вода
  • 4 дополнителни лажички вода (во случај ако чоколадото ви е многу горчливо)
Подготовка:

Земете два длабоки сада, еден голем и еден помал. Помалиот наполнете го со мраз и врз него ставете го поголемиот. Во тенџерче на оган со средна температура, ставете го чоколадото, претходно искршено на коцки, да се стопи заедно со водата. Мешајте повремено додека чоколадото сосема не се растопи и поврзе со водата. Стопеното чоколадо ставете го во големиот сад и со миксер или жица за мешање почнете да ја матите смесата додека не стане густа. Мешајќи, чоколадото ќе се згусне затоа што топлината од чоколадната смеса ќе почне да се поврзува со мразот врз кој матите. Ако во смесата со текот на матењето почнат да се појавуваат грутки, не грижете се – додадете уште малку вода и мешајте додека не добиете густа чоколадна смеса. Сервирајте во омилените десертни чаши. Забелешка: Оваа чоколадна крем-пена освен како десерт, може да ви послужи и како убав и богат фил за во некоја торта



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Април.2014 во 20:05

МУС ОД ЧОКОЛАДА

moussechocolat

Исецкајте ја чоколадата на ситни коцки, па ставете ја да се топи на пареа. Одвојте ги белките од жолчките, изматете ги белките со 100 гр шеќер, правејќи цврст снег. Слатката павлака истурете ја во шлагот. На пареа измиксирајте ги жолчките, две лажици вода, и 50 гр шеќер додека не се добие цврста смеса. Потоа во неа се додава растопената чоколада, потоа шлагот ( измешан со слатка павлака) и на крајот изматените белки. Потоа мусот оставете го да отстои 4-5 часа во фрижидер. На крајот послужете го во чаши, декориран со црно и бело чоколадо. Се препорачува за подготовката на овој рецепт да користите чоколадо кое има поголема содржина на какао.
Потребни состојки
200 гр чоколадо (со најмалку 70% какао)
5 јајца
150 гр шеќер
125 мл слатка павлака
1 кесичка шлаг



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Април.2014 во 15:46

МУС ОД БАНАНА

3

Состојки:
 ЗА КРЕМ:
2 банани
40 г.шеќер
30 г.густин
730 мл.млеко
2 јајца
30 г.путер
лажичка екстракт од ванила

 ЗА КРЦКАВ СЛОЈ:
10 мелени бисквити
80 г. путер
лажица шеќер

Подготовка:
 Во сад помешајте ги шеќерот и густинот, постепено додавајте го млекото и варете на средна температура, додека смесата да се згусне.

 Со виљушка изматете две јајца, па неколку лажици од топлата смеса со густинот додајте во јајцата, добро промешајте и додајте ги јајцата во смесата со густин. Варете уште малку па тргнете од шпоретот, додајте го путерот и екстрактот од ванила па оставете смесата да се излади во фрижидер.

 Во меѓувреме смелените бисквити помешајте ги со шеќерот и растопениот путер, сипете ја смесата во огноотпорен сад и печете на 180 степени околу 10 минути.

 Во стаклен сад или чаша ставете две лажици од смесата со бисквити, малку крем од ванила, па наредете неколку кришки банана. Врз нив ставете уште малку крем од ванила, шлаг и декорирајте по желба.

 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Април.2014 во 15:47

ОРГИНАЛЕН РЕЦЕПТ ЗА КРЕМ БРУЛЕ

8

Состојки:

  • 6 жолчки
  • 75 гр бел шеќер
  • 3 мл екстракт од ванила
  • 600 мл слатка павлака
  • 25 гр кафеав шеќер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на температура од 150℃. Изматете ги жолчките од јајцата, додадете 4 големи лажици бел шеќер и ванила и потоа матете сѐ додека не добиете густа и кремаста смеса.
Ставете ја слатката павлака во сад за готвење и потоа загрејте ја на тивок оган. Пред да започне да врие, отстранете ја од шпоретот и помешајте ја со смесата со жолчки. Таа смеса ставете ја во помал сад , а тој во поголем сад во кој има вода која врие. Варете околу три минути и потоа отстранете од оган.
Смесата потоа ставете ја во огнотпорен сад и печете околу 30 минути. Оставете да се излади до собна температура и потоа ставете ја во фрижидер (1 час најмалку).
Во мал сад, измешајте 2 големи лажици бел шеќер и 2 кафен шеќер. Посипајте ја смесата по рабовите на тестото. Потоа, ставете ја во двоен сад, во кој долниот има вода која врие, за да се стопи шеќерот. Треба да бидете внимателни да не прегори шеќерот, затоа држете го околу 2 минути. Поедноставна варијанта би била да го стопите шеќерот и потоа да го прелиете.
Оставете да се излади во фрижидер и потоа сервирајте.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Април.2014 во 22:29

КРЕМ БРУЛЕ

Потребни состојки:

6 жолчки од јајца

100 гр. бел шеќер

3 мл. екстракт од ванила

600 мл. слатка павлака

30 гр. кафеав шеќер

Припрема:

Загрејте ја рерната на температура од 150℃. Изматете ги жолчките, додадете го белиот шеќер и ванилата и потоа матете сѐ додека не добиете густ крем.

Ставете ја слатката павлака во тенџере и загрејте ја на тивок оган. Пред да започне да врие, тргнете ја од шпоретот и помешајте ја со смесата со жолчки. Смесата ставете ја во помал сад , а тој сад ставете го во поголем сад во кој има вода која врие. Варете околу три минути и потоа тргнете го садот од оган.

Смесата ставете ја во огнотпорен сад и печете околу 30 минути на температура од 50 степени. Оставете го крем брулето да се излади најмалку еден час.

Во посебен сад измешајте 2 големи лажици бел шеќер и кафеавиот шеќер. Смесата ставете ја на оган да се стопи, а потоа со таа смеса прелијте го крем брулето. Украсете со капини. Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Мај.2014 во 21:52


http://trn.mk/desert-so-jagodi-i-puding/" rel="nofollow -

http://trn.mk/?attachment_id=11733" rel="nofollow">desert so jagodi

Потребни состојки:

  • 250 гр. шлаг
  • 12 лажици шеќер
  • 1 кесичка прашок за пудинг од ванила
  • 1 кесичка прашок за пудинг од чоколадо
  • 1 л. и 100 мл. млеко
  • 500 гр. јагоди

Подготовка:

Де­сер­тот се сер­ви­ра во ча­ши од 250 мл. та­ка што на дно­то од ча­ши­те се ста­ва­ат по два ре­да сеч­ка­ни ја­го­ди. По­тоа се пра­ви пу­дин­гот од ва­ни­ла со 500 м­л. мле­ко и со 3 ла­жи­ци ше­ќер. Ко­га е ола­ден, се ста­ва врз ја­го­ди­те. По­тоа пак се ста­ва еден ред ја­го­ди, па пу­дин­гот од чо­ко­ла­до, а на крај се ста­ва шлаг. Одоз­го­ра се де­ко­ри­ра со ја­го­ди.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Мај.2014 во 17:12

Мус од лимон и бадеми


Што велите овој пат да ги заобиколите вашите добро познати рецепти за десерти и да се обидете со малку поинаков? Celebrity MasterCheff ни претставува рецепт за мус од лимони и бадеми, за сите љубители на специфичниот вкус.


Состојки:

База од мак

- 1 белка од јајце
- 70 гр шеќер
- 1 лажица мак (афион)
- 1 лажица запечени иситнети бадеми

Мус

- 1 лимон
- 160 гр шеќер
- 3 јајца
- 120 мл слатка павлака
- 4 листови желатин

Декорација

- една рака бланширани бадеми
- круша

Подготовка

Основа од мак

Изматете ја белката со лажица шеќер додека не добиете цврста пена. Додајте го сирупот од шеќер (60 гр. шеќер растопен во 2 лажици вода). Направете цврста основа, додадете го макот, бадемите и внимателно месете. На хартија за печење обликувајте мали кругови (малку поголеми од калапот) и печете околу 60 минути на 100 степени.

Мус

Во меѓувреме одвојте ги жолчките од белките. Помешајте ги жолчките, 100 гр шеќер, лимонов сок и изрендана кора од лимон, и со лесно матење мешајте ги на пареа. Наводенете ги листовите желатин. Кога ќе почне смесата со жолчки да се згуснува, тргнете ја од пареа и додадете ги добро исцедените листови желатин, а потоа мешајте со миксер се додека кремата не се олади на собна температура. Од слатката павлака изматете шлаг и додадете го во смесата. Изматете ги белките и остатокот од шеќерот во цврста пена и внимателно додавајте го во кремот, лажица по лажица, со постојано мешање со миксерот на бавна брзина. Добиениот мус ставете го во калапи и оставете ги во фрижидер 2 часа за да се стврднат. Потоа, внимателно ставете го мусот врз оладената основа од маг.

Декорација

Потпечете ги бадемите, додадете 3 лажици шеќер и 3 лажици вода и оставете ги да се варат подолго време. Префрлете ги на хартија за печење и оставете ги да се оладат. Ставете ги во крпа и изгмечете ги да се иситнат. Крушата проварете ја со шеќер и сок од лимон. Прелијте го мусот со сирупот од крушата и попрскајте го со зашеќерените бадеми.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Мај.2014 во 08:02

Мус од јагоди

Состојки: 10g црвен желатин, 100g шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 300g јагоди, 500ml јогурт

Подготовка:

Направете пире од јагодите и помешајте со обичниот и ванилин шеќер. Додадете го и јогуртот.

Растопете го желатинот според упатството на самата кесичка. Постепено промешајте го со слаткото пире во јогурт.

Густата смеса истурете ја во чашки, декорирајте со цели јагоди, шлаг или рендано чоколадо. Оставете да се стврдне најмалку 2 часа.

zavodlivi-proletni-deserti-so-slatki-jagodi-04



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Мај.2014 во 10:51

ДИЕТАЛЕН ЧОКОЛАДЕН МУС

11

Без калорична храна и забранети слатки! Ова главно е законот за лицата кои боледуваат од шеќерна болест. Сеедно, постојат комбинации на намирници од кои можете да направите сладок десерт, кој и лицата со дијабетес би можеле да го конзумираат. Еве еден предлог за тоа како лесно да го засладите денот:

Диетаниот чоколаден мус, е многу сличен на класичниот, но со значително помалку маснотии и калории. Така, овој рецепт ќе им биде од корист и на оние кои се обидуваат да ги намалат килограмите, а еднотавно не можат да издржат без десерт.

Состојки:

260 г. павлака за готвење (незасладена хопла)
6 лажици незасладен сируп од чоколадо
2 лажици какао
1 кесичка желатин
240 мл. ладна вода

Подготовка:

Ставете вода во помал лонец и сипете го желатино. Оставете да отстои минута. Ставете го на тивок оган три минути, постојано мешајќи додека желатинот не се стопи. Потоа оставете да се олади и додадете какао и сируп од чоколадо. Измешајте ја хоплата и додадте ја во какао смесата. Распоредете ја добиената крема во шест чашки, прекријте ги и оставете ги во фрижидер најмалку два часа. Уживајте!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Јуни.2014 во 15:49

ЛЕДЕН КРЕМ СО ЈАБОЛКА

6

Состојки:

 

  • 150 грама шеќер
  • 50 грама цреши
  • малку   сол
  • 1 лажица мед
  • 1   Кора од лимон
  • 2   Белки
  • 5   Јаболка

Подготовка:

Јаболката се лупат, се сечат на коцкички и се варат во што посолена вода.

Кога ќе се подоладат се пасираат да се добие каша.

Од шеќерот со малку вода се вари густ сируп.

Белките се матат со сосем малку сол во цврст снег па постепено им се додаваат мед и врелиот сируп, при што силсно се мати.

Кога ќе стане доволно густ се додава кора од лимон, кашата од јаболката и ситно сечените зашеќерени цреши (или цреши од слатко, но исцедени).

Кремот се става во замрзнувач да замрзне.

Пред служење се става во разладени чаши, се украсува со шлаг и по една цреша (зашеќерена или од слатко).



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Јуни.2014 во 21:33

ВАНИЛА КРЕМ СО ПОРТОКАЛ И КАРАМЕЛ

11

Состојки

за крем од ванила
• 2 јајца
• 50 гр шеќер
• 1 пудинг од ванила
• 2 дл шлаг
• 2 листа жела­тин (околу 33 гр)
• 1 пор­то­кал (изрен­дана кора и исце­ден сок)

Подготовка
Ста­вете го жела­ти­нот во вода за да наба­бри. Изма­тете ги жолч­ките со шеќе­рот на пареа. Садот трег­нете го од оган. Изма­тете го шла­гот и дода­дете кора од пор­то­кал. Пудин­гот од ванила про­ва­рете го на оган заедно со сокот од пор­то­кал. Спојте ги сите состојки и кре­мот од ванила е готов.

за кара­мел крем
● 60 гр шеќер
● 1 дл слатка павлака
● малку вода

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: ста­вете го шеќе­рот во тава и загре­вајте со посто­јано мешање, сè додека не почне да се топи. Пре­ста­нете со мешање и оста­вете да се истопи целиот шеќер. Шеќе­рот треба да добие златно-жолта боја. Вни­ма­вајте да не се пре­пржи, затоа што во тој слу­чај ќе биде гор­члив. Налејте ја слат­ката павлака (да биде на собна темпе­ра­тура) во кара­ме­ли­зи­ра­ниот шеќер.

Чекор 2: варете на уме­рен оган и дода­дете малку млака вода со посто­јано мешање. Целиот кара­ме­ли­зи­ран шеќер треба да се истопи во павла­ката и полека да добива густина и кре­ма­ста струк­тура. Трг­нете го од оган и оста­вете малку да се излади.

Чекор 3: во високи чаши ста­вете ред крем од ванила, па ред крем од кара­мел. Со мало лажиче малку про­ме­шајте за да се испре­пле­тат кремовите.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Јуни.2014 во 17:46

ЧОКОЛАДЕН СУТЛИЈАШ

9

Состојки:

  • 60 грама чоколадо
  • 2 лажици цимет
  • 3 лажици шеќер
  • 30 грама маргарин
  • 100 грама ориз
  • 500 милилитри млеко

Подготовка:

Стопете го маргаринот и додајте го оризот. На тивок оган варете го млекото додека не зоврие. Во садот со маргарин и ориз се додава 1/3 од млекото и повторно се остава да зоврие. Остатокот од млекото се додава постепено, така што оризот убаво ќе го впие. Се меша околу 15 минути.

Смесата се тргнува од ринглата и во неа се додаваат шеќерот, чоколадото и циметот. Се остава да отстои и откако ќе се олади, се сервира во сад.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Јуни.2014 во 21:32

001
 

Вкусно  крем бруле

Потребни состојки:

• 6 жолчки

• 75 гр бел шеќер

• 3 мл екстракт од ванила

• 600 мл слатка павлака

• 25 гр кафен шеќер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на температура од 150℃. Изматете ги жолчките од јајцата, додадете 4 големи лажици бел шеќер и ванила и потоа матете сѐ додека не добиете густа и кремаста текстура.

Ставете ја слатката павлака во сад за готвење и потоа загрејте ја на тивок оган. Пред да започне да врие, отстранете ја од шпоретот и помешајте ја со смесата со жолчки. Таа смеса ставете ја во помал сад , а тој во поголем сад во кој има вода која врие. Варете околу три минути и потоа отстранете од оган.

Смесата потоа ставете ја во огнотпорен сад и печете околу 30 минути. Оставете да се излади до собна температура и потоа ставете ја во фрижидер (1 час најмалку).

Во мал сад, измешајте 2 големи лажици бел шеќер и 2 кафен шеќер. Посипајте ја смесата по рабовите на тестото. Потоа, ставете ја во двоен сад, во кој долниот има вода која врие, за да се стопи шеќерот. Треба да бидете внимателни да не прегори шеќерот, затоа држете го околу 2 минути. Поедноставна варијанта би била да го стопите шеќерот и потоа да го прелиете.

Оставете да се излади во фрижидер и потоа сервирајте.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Јули.2014 во 23:00
ПУДИНГ СО КАРАМЕЛ СОС

Овој карамел пудинг е вистинско совршенство за сите љубители на слатките. Со богатиот вкус на карамелата и вкусната пудинг основа, овој десерт, за чие правење се потребни само три состојки, е лесен за приготвување и неверојатно вкусен.

Состојки

• 4 јајца
• 125 гр. шеќер
• 1 дл. вода
• 1дл. млеко
• ванила

Подготовка

Додајте 100 гр. шеќер во вода на оган и мешајте ја смесата додека не се растопи. Откако ќе се растопи дајте време на смесата да се карамелизира, по што ќе ја префрлите карамелата во длабок сад по завршената карамелизација. 

Потоа изработете ги јајцата со остатокот од шеќерот. Загрејте млеко со ванила, по што ќе ги додадете изработените јајца. Мешајте додека смесата не се соедини.

Во мали калапи ставете карамел, а врз нив ставете од смесата со јајца. Малите калапи ставете ги во поголем плех во кој ќе ставите вода која би требало да биде до половина на калапите со карамела и крем.

Испечете ги на 170 степени Целзиусови 45 минути. Оставете добро да се оладат и внимавајте при вадењето од калапите. Уживајте!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Јули.2014 во 23:12
СУТЛИЈАШ СО БАНАНИ
http://karmin.tocka.com.mk/56/105463/sutlijas-so-banani#" rel="nofollow - http://karmin.tocka.com.mk/56/105463/sutlijas-so-banani#" rel="nofollow -

Ви предлагаме уште еден премногу вкусен но и здрав и лесен десерт .

Ако одамна не сте јаделе сутлијаш, сега е вистинско време, и тоа овој пат со еден нов рецепт.

Потребно:

 200 г ориз
 2 лажици шеќер
 5 дл млеко
 2 банани
 50 г чоколадо


Подготовка:

 Во помало тенџере на оган сипете ги млекото и шеќерот и варете додека не проврие.

 Во зовриеното млеко додајте го измиениот ориз и варете со повремено мешање додека оризот да се свари.

 Сварениот ориз оставете го уште малку да постои во млекото за да набабри и да го впие остатокот млеко.

 Бананите излупете ги, исечете ги на кругови, па додајте ги во подготвениот сутлијаш.

 Чоколадата изрендајте ја или стопете ја, па додајте ја врз сутлијашот.

Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Јули.2014 во 19:33

НАТИАС – ШПАНСКИ МЛЕЧЕН КРЕМ



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Јули.2014 во 15:39

Вкусете го мирисот на летото – панакота со капини

Потребно е: 1/2 шолја слатка павлака, 1/2 шолја полномасно млеко, 1 пакување желатин, 1/2 шолја шеќер, 350 мл грчки јогурт, 1 1/3 шолја капини, 1/4 шолја вода, 3 лажици мед, прстофат сол, 1/2 лажички кора од портокал.

Подготовка: Прво промешајте го млекото и слатката павлака во една поголема шолја. Во средна чинија измешајте 1/4 од оваа мешавина со една лажичка желатин. Добро промешајте и оставете да отстои барем 5 минути. Во одвоена чинија, соединете јогурт и шеќер. Останатата мешавина од млеко и слатка павлака загрејте ја до вриење, а потоа врелата течност налејте ја во чинија со желатин. Енергично мешајте додека сите грутки не се растопат. На крајот оваа мешавина налијте ја во чинијата со јогурт и шеќер, и добро изматете со мискер. Од оваа смеса ќе добиете четири средни колачи. Ставете го кремот во шолји или чаши во кои ќе ги служите. Ставете ги во ладилник, најмалку два часа.

За преливот од капини, преостанатиот желатин измешајте го со три лажици ладна вода, и оставете да отстои околу 5 минути. Капините, медот, водата, солта и кората од портокал измешајте ги и ставете да се готви околу 10 минути. На крајот додадете желатин и мешајте додека сè не се стопи. Со ова прелијте ги колачите, оставете сè да се олади.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Јули.2014 во 15:42
Мус со малини


Состојки:

400 гр свежи малини, 2,5 дл слатка павлака, 250 гр сирење маскарпоне, 6 лажици шеќер во прав,

рендана кора од еден лимон, 50 гр чоколадо

Подготовка:

1. Во соодветен сад соединете слатка павлака, две лажици шеќер во прав и матете со миксер додека не се добие цврст крем.

2. Додадете сирење маскарпоне, рендано чоколадо и полека измешајте со лажица.

3. Во помал сад соединете ги малините, остатокот од шеќерот и ренданата кора од лимон, и гответе на умерена температура мешајќи сè додека не се добие компактна маса.

4. Во стаклени садови за сервирање ставете малку смеса од слатката павлака, прелијте со фил од малини, и истата постапка повторете ја уште еднаш.

5. По желба декорирајте.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Август.2014 во 21:45

СУТЛИЈАШ СО БЕЛО ЧОКОЛАДО


Потребни состојки:

50 гр. путер

1 стапче ванила

3 шољи ориз

150 мл. бело вино

600 мл. млеко

100 гр. бела чоколада

Шеќер по желба

Припрема:

Растопете го путерот во тавче, пресечете го стапчето ванила по должина и истругајте ги семките одвнатре, па ставете ги во тавата и пропржете ги за путерот да добие убава арома. Може да додадете и малку цимет.

Додадете го оризот, виното и млекото и гответе на умерена температура со често мешање. Кога течноста ќе испари додавајте по малку млеко се додека оризот целосно не се свари. Потоа додадете шеќер по желба и оставете го да се растопи.

Додадете го белото чоколадо искршено на коцки, промешајте и сипете во чинии за сервирање. Одозгора може да изрендате и црна чоколада. Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Септември.2014 во 08:35

http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/25499-recept-za-originalni-snenokli-bas-onakvi-kakvi-treba-da-bidat" rel="nofollow - Рецепт за оригинални шненокли - баш онакви какви треба да бидат


Австралискиот специјалитет кој полека но сигурно се одомаќини на нашите простори, сега можете да го подготвите по оригиналниот, кремаст рецепт.

recept-za-originalni-snenokli-bas-onakvi-kakvi-treba-da-bidat-01.jpg

Тука не влегува пудингот, вметнатите засладувачи, ниту пак кексите како подлога.

Шненоклите се совршени со својата едноставност и баш такви вреди да ги пробате.

Потребни состојки:

  • 700ml млеко
  • 4 јајца
  • 4 лажици шеќер
  • 2 пакетчиња ванилин шеќер
  • 2 лажици бело брашно

Подготовка:

Во 600ml млеко ставете ги кесичките ванилин шеќер и оставете да проврие. Во меѓувреме изматете цврст снег од 4 белки и прстофат сол.

Кога млекото ќе проврие, со лажица спуштајте мали делчиња од белката во млекото. Проварете ги неколку минути, па превртете ги на другата страна.

Не треба да ги варите долго, околу 30тина секунди. Кога ќе забележите дека нивната големина нараснала извадете ги со лажица со дупчиња на голема длабока чинија или длабок сад.

Кога сите шненокли ќе бидат подготвени, направете крем од 4-те жолчки, 100ml млеко и 2 лажици бело брашно. Полека, малку по малку мешајте ги сите состојки додека ги греете на оган. Откако смесата ќе се згусне, тргнете ја од оган.

Во садот во кој ги ставивте шненоклите прелијте го жолтиот крем. Оставете го десертот да се олади на собна температура, па потоа ставете ги во ладилник.

По неколку часа проросете ги со ситно рендано чоколадо и послужете.

recept-za-originalni-snenokli-bas-onakvi-kakvi-treba-da-bidat-02.jpg

Пробајте и споделете ги резултатите.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Септември.2014 во 20:27

ЧОКО МУС ГОТОВ ЗА 5 МИНУТИ

5

Состојки:

  • 5 јајца
  • 200 g чоколадо за готвење
  • 150 g шеќер
  • 125 ml слатка павлака
  • 2 лажички ванилин шеќер

Подготовка:

Одвојте ги жолчките од белките. Матете ги одвоено, во еден сад белките со 100 g шеќер, а во друг сад, слатката павлака. Во трет сад матете ги жолчките со 50 g шеќер и 1 лажичка ванилин шеќер.

Искршете го чоколадото и стопете го на тивок оган, па измешајте го во кремот кај жолчките.  Добиената смеса измешајте ја со изматената слатка павлака и изматениот шлаг од белки. Вака добиениот чоколаден мус ставете го во сад, нарендајте му чоколадо и оставете го во фрижидер за да се излади.

Не правете голема количина, бидејќи цела ќе ја изедете, а сигурно не сакате да се поправите. Но, никако не избегнувајте да го пробате ова вкусно чоколадно задоволство кое ќе ви се стопи во устата.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Октомври.2014 во 20:11

Направете домашен пудинг од банани

Ќе уживате во секое залече од овој кремаст десерт со вкус на банана и арома од ванила.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 3 јајца

* 1 филџан шеќер

* 1 филџан млеко

* 3 банани

* 1 лажиче есенција од ванила

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изматете ги јајцата, додадете шеќер, млеко и есенција од ванила и матете додека не добиете изедначена смеса. Додадете ситно исецкани банани. Врете на пареа половина час додека пудингот не се згусне.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Октомври.2014 во 22:50

ГОТОВО ЗА 5 МИНУТИ: Најубавиот кремаст чоколаден мус кој се топи во уста



ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 5 јајца

* 200гр црно чоколадо

* 150гр шеќер

* 125мл слатка павлака

* 2 пакетчиња ванилин шеќер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Одвоете ги белките од жолчките. Изматете ги одвоено, во една чинија белките со 100гр шеќер, а во друга слатката павлака. Во третата чинија изматете ги жолчките, 50гр шеќер и ванилин шеќер.

Изкршете го чоколадото и истопете го во тенџере, па измешајте го со кремот од жолчки. Во добиената смеса измешајте ја изматената слатка павлака и изматените белки. Врз мусот натрошете рендано чоколадо и ставете го во фрижидер.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Октомври.2014 во 14:48

Кој би одолеал: Домашен пудинг од банана и ванила


Израдувајте ги домашните и пријателите со неодолив кремаст десерт кој се прави брзо и лесно.

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 200 гр. шеќер
  • 240 мл. млеко
  • 3 банани
  • 1 лажица есенција ванила

Подготовка:

Изматете ги јајцата, додадете шеќер, млеко и есенција од ванила и матете додека не добиете воедначена смеса.

Додадете ги ситно сецканите банани. Варете на пареа околу половина час додека пудингот не се згусне и мешајте повремено со цел на површината да не се формира кора.

Сипете во садови за служење, а по желба украсете со парчиња банана и листови нане.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 14.Ноември.2014 во 21:03
4


Мус од бело чоколадо со фстаци

Состојки:

½ шолја фстаци

100 гр бело чоколадо

180 мл слатка павлака

180 мл јогурт

4 белки

1 лажичка ванила

1-2 лажици шеќер во прав

Подготовка:

1.Во блендер пола доза од фстаците добро измелете ги.

На пареа или во микробранова печка растопете го белото чоколадо. Со миксер изматете ја слатката павлаката заедно со ванилата, а потоа додадете го јогуртот. Матете се додека не добиете фина смеса.

2.Во друг сад изматете ги белките заедно со шеќерот во прав. Смесата од слатка павлака помешајте ја со белото чоколадо, а потоа додадете ги изматените белки.

3.Распоредете го мусот во шест чаши На дното ставете фстаци, па пота лажичка мус, па потоа повторно слој фстаци и слој мус. Одозгора декорирајте со мелените фстаци. Оставете го мусот добро да се олади (најмалку два часа во фрижидер.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Февруари.2015 во 13:37

http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/29170-napravete-cokoladen-sutlijas" rel="nofollow -

Феноменална комбинација на сладок ориз и чоколадо која ќе ве врати во детството.

probajte-cokoladen-sutlijas-01.JPG

Може да го послужите како здрава ужина за најмалите или пак, како десерт после ручекот. Во секој случај, никој нема да го одбие.

Состојки:

  • 1 литар млеко
  • 150 g ориз
  • 1 ванилин шеќер
  • 6 лажици шеќер
  • 150 g млечно или темно чоколадо
  • 50 g путер или маргарин

Подготовка:

Оставете го млекото да зоврие заедно со обичниот шеќер и ванилиниот шеќер, па додајте го маргаринот. Мешајте додека не се стопи.

Додајте го оризот и варете го околу 20-25 минути.

Додајте го чоколадото и варете уште 15 минути на тивка температура со често мешање.

Чоколадниот сутлијаш е готов кога оризот убаво ќе омекне и ќе стане кашест.

Ако случајно ви излезе малку поредок, секогаш можете да додадете 1 лажица густин или чоколаден пудинг.

Топлиот сутлијаш ставете го во чинии, оставете го да се олади, а потоа декорирајте со коцки чоколадо.

probajte-cokoladen-sutlijas-02.jpg



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 03.Март.2015 во 21:34

Рецепт за сутлијаш што не треба да се меша

Рецепт за сутлијаш што не треба да се меша

Овој сутлијаш не треба да се меша и нема да мора да стоите над тенџерото и да се горите кога ќе почне да прска оризот додека се вари. Со помош на овој рецепт, приготвувањето на сутлијашот ќе ви прерасне во вистинско задоволство.

Состојки:

Една чаша од 300 грама ориз

2 кесички ванилин шеќер,

12 лажици шеќер,

1 литар млеко,

500 милилитри вода

100 милилитри зејтин

Подготовка:

Состојките се ставаат во тенџере заеднона тивок оган ( на 1) да зоврие.

Откако ќе зоврие се вари уште 40 минути во покриен сад на тивок оган ( на 1).

Откако ќе се свари сутлијашот се става во мали садови и се украсува по желба со цимет или какао.

Исто така по желба во смесата пред да се вари може да се стави и изрендана кора од 1 лимон.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Март.2015 во 08:37

http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/30207-recept-na-denot-crno-bel-puding-gotov-za-15-minuti" rel="nofollow -

Ако сакате кремаста торта без многу филови и пандишпани, земете го омилениот пудинг во рака и испробајте го следниов рецепт.

recept-na-denot-crno-bel-puding-gotov-za-15-minuti-1.jpg

Состојки:

Бел пудинг

  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 4 лажици шеќер
  • Капаче рум
  • 600ml млеко

Црн пудинг

  • 1 кесичка пудинг од чоколадо
  • 3 лажици шеќер
  • 1 лажица какао прав
  • 300ml млеко

Подготовка:

Сварете ги пудинзите од ванила со рум, а потоа и пудингот од чоколадо.

Обложете еден подлабок сад или калап за торта со проѕирна фолија и додека пудинзите се топли наизменично со лажица ставајте ги во садот.

Почнете со лажица темен пудинг во средина, па потоа 2-3 лажици бел пудинг околу. Така направете неколку наизменични концентрични кругови, обложете со фолија и оставете да се стегне во фрижидер.

Превртете ја тортата од пудинг на плитка чинија, исечете парчиња и послужете.

recept-na-denot-crno-bel-puding-gotov-za-15-minuti-2.jpg

Секогаш може да додадете кршени бисквити, јаготки, рендано чоколадо, шлаг...



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Април.2015 во 08:44

http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/30876-se-topi-vo-usta-nutela-sufle-od-2-sostojki" rel="nofollow -

Иако суфле десертите ви звучат како нешто неверојатно комплицирано, за овој десерт ви се потребни само 2 состојки, од кои едната е Нутела крем.

se-topi-vo-usta-nutela-sufle-od-2-sostojki-01.jpg

Нема да ви требаат повеќе од 10 минути за да го подготвите и уште 15 за да го испечете.

Можете да го подготвите после ручекот или кога ќе ви дојдат ненајавени гости на кафе. Во секој случај, ќе бидете воодушевени.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • ½ шолја Нутела (не мора да бидете многу прецизни, може да додадете повеќе)

se-topi-vo-usta-nutela-sufle-od-2-sostojki-02.jpg

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на највисока температура.

2. Одвојте ги јајцата и жолчките ставете ги во садот со Нутела. Мешајте неколку минути.

se-topi-vo-usta-nutela-sufle-od-2-sostojki-03.jpg

se-topi-vo-usta-nutela-sufle-od-2-sostojki-04.jpg

3. Белките изматете ги во пластичен сад рачно или со миксер додека не добиете крем.

se-topi-vo-usta-nutela-sufle-od-2-sostojki-05.jpg

se-topi-vo-usta-nutela-sufle-od-2-sostojki-06.jpg

4. Измешајте 1/3 од белките во Нутелата со жолчки. Потоа додадете го преостанатиот дел и мешајте 2-3 минути додека не добиете кремаста смеса.

se-topi-vo-usta-nutela-sufle-od-2-sostojki-07.jpg

se-topi-vo-usta-nutela-sufle-od-2-sostojki-08.jpg

5. Ставете ја смесата во огноотпорна шолја или сад и печете 15 минути.

6. Декорирајте со шлаг или сладолед.

se-topi-vo-usta-nutela-sufle-od-2-sostojki-09.jpg



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Април.2015 во 08:06


Пудинг од ориз и вишни

Пудинг од ориз и вишни

Овој рецепт е за оние моменти кога ви се јаде нешто слатко набр­зина, а тоа да не биде некое чоко­ладо или колаче од про­дав­ница. За овој десерт ќе ви бидат потребни само три­е­се­тина минути. А, секако, ако ве изне­на­дат гости, со овој десерт ќе можете бргу да ја „изва­дите“ ситуацијата.

СОСТОЈКИ (за 4 пор­ции)
• 2 шолји ориз
• 1 2/3 шолји млеко
• ½ мала лажица ванила
• малку сол
• 2/3 шолја бело чоко­ладо, рен­дано
• ½ шолја вишни

ПРИГОТВУВАЊЕ
Во сад за варење ста­вете го прет­ходно сва­ре­ниот ориз, мле­кото, вани­лата и малку сол. Варете на средна темпе­ра­тура 6–8 минути со повре­мено мешање. По 8 минути, садот трг­нете го од оган и дода­дете го белото чоко­ладо. Оста­вете да отстои неко­лку минути. Пре­лијте преку ½ шолја вишни.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Април.2015 во 08:08


Карамелизиран пудинг



Овој рецепт е убав начин да ги изне­на­дите вашите гости со вку­сен десерт. Му дава една нова димен­зија на пудин­гот и го прави токму она­ков каков што треба да е кра­јот на обро­кот — посебен.

СОСТОЈКИ (за 4 лица)
• 2 шолји слатка павлака
• ½ шолја шеќер
• 3 жолчки од јајца
• малку мор­ска сол
• малку ванила

ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте ја рер­ната на темпе­ра­тура од 150℃. Налејте ја слат­ката павлака во сад за готвење. Дода­дете ванила. варете ја павла­ката на слаб оган.

Чекор 2: во друг сад ста­вете 2 големи лажици шеќер и 1.5 голема лажица вода. Мешајте на уме­рен оган, додека не се рас­топи шеќе­рот. Заси­лете го огнот и оста­вете малку да проврие.

Чекор 3: полека нале­вајте ја топлата павлака во кара­ме­ли­зи­ра­ниот шеќер и тоа пра­вете го при уме­рен оган. Кога ќе почне да врие, отстра­не­тео го садот од шпо­рет. Оста­вете да се излади 10-тина минути.

Чекор 4: во меѓу­време, изма­тете ги жолч­ките со пре­о­ста­на­тиот шеќер и малку сол. Дода­дете и малку од пудин­гот и добро про­ме­шајте. Полека дода­вајте ги оста­то­кот од сме­сата, сѐ додека не се поврзе цело­сно. Налејте го пудин­гот во 4 огно­от­порни садови и печете на теме­ра­тура од 150℃, 1–1,5 час. Изла­дете го пудин­гот нај­ма­лку 3 часа во фри­жи­дер пред сервирање.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Мај.2015 во 19:03
ЧОКОЛАДЕН МУС КОЈ МОЖЕ ДА ГО ЈАДЕТЕ И КОГА СТЕ НА ДИЕТА
http://karmin.tocka.com.mk/56/159083/cokoladen-mus-koj-moze-da-go-jadete-i-koga-ste-na-dieta#" rel="nofollow - http://karmin.tocka.com.mk/56/159083/cokoladen-mus-koj-moze-da-go-jadete-i-koga-ste-na-dieta#" rel="nofollow -

Еднаш кога ќе го пробате овој неодолив десерт кој се подготвува буквално за две минути, тој веднаш ќе се најде на листата на вашите омилени десерти за топлите денови кои се пред нас.

Овој освежувачки чоколаден мус изобилува со белковини и здрави маснотии во кои може да уживате дури и кога сте на диета.

Консумирајте го без грижа на совест дури и во вечерните часови кога ќе добиете желба за нешто благо со многу малку калории – во случајов сè на сè 254 калории.

Состојки:

 2дл незасладено бадемово млеко (може да користите и млеко од ванила или обично кравјо млеко)
 3 до 4 коцки мраз
 половина зрело авокадо
 1 лажица незасладено какао
 малку цимет

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки со миксер (или во блендер) матејќи две минути, односно додека да добиете изедначена крема. Послужете веднаш во висока чаша или повисок сад.


Добар апетит!

Совет: Ако сакате вашиот мус да биде уште повеќе хранлив збогатете со уште една лажица протеинско чоколадо во прав.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Јуни.2015 во 08:55

Чоколаден мус - готов за 15 минути

Истопете 70g чоколадо на пареа, а 500ml неутрална павлака изматете со миксер. Рачно соединете ги состојките. Ставете во стаклени чаши и оставете да се оладат во фрижидер. Послужете со овошје или бисквити.

lesno-i-kremasto-3-slatki-fantazii-gotovi-dodeka-trepnete-03.jpg



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Јули.2015 во 13:34

Заборавете на сладоледот - ова е совршениот леден десерт!


Температурата надвор е висока, вас ви се јаде нешто слатко, но не сакате да ја уклучувате рерната бидејќи и онака ви треба нешто освежитено, а не сакате ниту да губите време во кујната? Не морате. Со четири состојки и неколку минути, највкусниот десерт ќе биде пред вас!


Потребни состојки:

  • ½ замрзнато овошје по желба (боровинки, капини, малини, јагоди, праски, кајсии...)
  • 200 мл јогурт
  • 100 гр шеќер во прав
  • свеж сок од еден лимон

Подготовка:

Во блендер иситнете го замрзнатото овошје по желба. За овој десерт можете да го одберете било кое овошје кое го сакате. Идеално би било тоа да се капини или боровикни, но можете да ставите и праски, кајсии или јаболки. Би требало да ја избегнувате лубеницата бидејќи содржи премногу вода, па кога јогуртот ќе се растопи, крајниот резултат нема да биде она што сте сакале.

Потоа, во блендерот додадете ги јогуртот, шеќерот и сокот од лимон. Доколку користите поблаго овошје, зголемете ја количината на лимоновиот сок и намалете ја количината на шеќер во прав.

Содржината истурете ја во стаклени чаши и ставете ги да постојат во замрзнувачот барем 30 минути. Послужете ги со парчиња свежо овошје или со рендано темно чоколадо.

Покрај лесната подготовка, причината заради која ќе го обожувате овој десерт е тоа што ледениот јогурт има помалку калории отколку сладоледот!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Август.2015 во 14:45

Рајски вкус: Парфе од бело чоколадо со вишни и алкохол


Ова е превкусен ладен десерт со освежувачки вкус на вишни кој ќе ве „размрда“ овој жежок викенд.

Потребни состојки:

  • 100 гр. бело чоколадо
  • 300 мл. шлаг
  • 3 жолчки
  • 30 гр. шеќер во прав
  • Пола лажичка цимет
  • 4 дл. вишновка (доколку сте во можност да ја купите, во спротивно можете да капнете малку рум)
  • 500 гр. замрзнати вишни
  • 100 гр. шеќер
  • 100 мл. црвено вино
  • Стапче цимет
  • 2 полни лажици густин

Подготовка:

1. Белото чоколадо исецкајте го и растопете го на пареа. Шлагот изматете го за да добиете цврста смеса. Во друг сад изматете ги жолчките, шеќерот во прав, циметот и вишновката или румот. Потоа додадете го белото чоколадо и оставете да се олади смесата. Шлагот потоа додадете го во добро изладениот крем.

2. Смесата за парфето сипете ја во четири претходно навлажени помали садови и оставете ги најмалку осум часа во замрзнувач.

3. Вишните, стапчето цимет, црвеното вино и шеќерот ставете ги во подлабок сад. Додадете го густинот со две лажици ладна вода, така што ќе добиете смеса и оставете сето тоа заедно да зоврие. Тргнете го потоа од оган и оставете да се излади.

4. Модлите со замрзнатото парфе извадете ги од фрижидерот и прелијте ги со сосот од вишни.

Пријатен апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:41

КАРАМЕЛА- КРЕМ ОД ПОРТОКАЛ

Состојки:

  • ½ чаша од жолт шеќер.
  • ¼ чаша вода.
  • 3 чаши млеко.
  • 2 кафени лажички ситно рендана кора од помаранџа
  • 1/3 чаша шеќер
  • 4 јајца
  • Јаготки

Начин на подготовка:

Се загрева рерната на 160 C, се става масло. На страна се меша шекерот со водата на оган додека не се карамелизира, додека не порумени. Да се остави да се олади. Се става млеко во кората од портокал, да проврие. Се матат јајца и шеќер се дотура врелото млеко и се мати постојано. Да се остави 5 минути. Потоа да се процеди смесата со портокалот. Наместо во рерна да се стави на пареа да проврие . Потоа се пече 35 мин. За да се послужат ги ставате во сад и ги превртувате, Се сревира со парчиња од јагоди.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:49

ЧОКОЛАДЕН ПУДИНГ СО МЕНТОЛ

Потребни состојки:

  • ¼ шољички плус 1 лажичкa шеќер
  • 3лаж. скробно брашно
  • 1лаж. плус 1 ½ лажичка какао во прав , шеќер , сол
  • 1 ¼ шоља павлака за готвење
  • 1 ¼ шољичка млеко
  • ½ лажичка екстракт од ванила
  • 170г полуслатка чоколада
  • ½ лажички екстра мента
  • 1 лажица плус 1 ½ лажичка оладен путер исечен на мали парчиња
  • 10 чоколадни кекси
  • Се украсува со листови од мента.

 

Начин на подготовка:

Во средна тава да се замеша шеќер, скроб, какао и 1/8 лажички сол. Во мераче измешајте ја павлаката, млекото и ванилата.

Долијте 1 шољичка мешавина од павлака и мешавина од шеќер и мешајте се додека скробот не се стопи. Додадете го остатокот од кремата со павлака и мешајте се додека не се соедини. Ставете го да се свари, со постојано мешање, па варете додека да се згусне околу 5 мин. Смалете го оганот на слабо, и додадете ја чоколадата. Мешајте додека да се стопи околу 1 мин.Тргнете ја од оганот. Додадете екстракт од  минта и путер, па мешајте, се додека путерот не се стопи. Бро разделете го пудингот на 8 тањирчиња,. Се лади додека не се згусне.

Малку пред послужување, издробете кекс, во прав. Посипете го пудингот со по 1 лаж. кекс во прав , па украсете со ливчиња ментол.

Послужете го добро оладен…



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:50

МЛЕЧЕН КАРАМЕЛ

Ова е рецепта за фантастичен крем од карамела, кој(покрај тоа што може да се јаде сам)може да се користи како намаз за палачинки, полнење на тесто, премаз за тортa, прелив за сладолед и т.н.

Потребни состојки:

  • 1л- Полномасно млеко
  • 400гр – путер
  • 300гр – шеќер
  • Лажичка екстракт од ванила
  • Пола лажичка сода бикарбона
  • Малку сол

 

Подготовка:

1.Се остава млекото да проврие, потоа додадете му ги останатите состојки.

2. Намалете го оганот и оставете ја мешавината да се вари околу 2 часа(зависи сепак од јачината на оганот и од состојките, но подобар резултат се добива со подолго готвење на слаб оган).

Мешајте повремено.

3. Кога мешавината ќе почне да се згуснува, мешајте непрестано и трегнете ја од оганот кога ќе има конзистенција на течна карамела(со ладењето ќе има тенденција уште да се згуснува).

4. Претурете во стерилизирана тегла и затворете. Кога ќе се олади, ставете во фрижидер. Рокот на траење 1 месец.

 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 23:02

ОВОШЕН КУП ОД АНАНАС И ЧОКОЛАДО

Потребни состојки:

  • 1 конзерва компот
  • 300 гр сладолед од чоколадо
  • Шлаг за декорација

Подготовка:

Во чаши ставете по 2-3 топки сладолед. Додадете прстени од ананас.

Прелијте со лажица сируп од компотот, декорирајте со шлаг.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 23:14

КРЕМ СО ШУМСКО ОВОШЈЕ

Потребни состојки:

  • 250гр мешани зрнести плодови(капини, малини)
  • Портокал
  • 100мл слатка павлака
  • 150гр сирење
  • Кесичка ванилин шеќер

Начин на подготовка:

Сирењето соединете го со изматена слатка павлака и ванилин шеќер и матете додека не добиете изедначена смеса. Во чаши ставете најизменично неколку лажици крем и овошје. Пред служење оладете во фрижидер.

desert



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Август.2015 во 09:08

БАВАРСКИ ЧОКОЛАДЕН КРЕМ

Потребни состојки:

  • 500мл млеко
  • 100гр кокос
  • 150гр чоколадо
  • 2 жолчки
  • 200гр шеќер
  • 2 кесички желатин
  • 200мл павлака

Време на подготовка: 40 минути

Желатинот разматете го со малку млако и оставете да отстои 15 минути. Изматете жолчки со шеќер, додадете го останатиот дел од млекото, добро помешајте и ставете да се вари. Во загреано млеко  разматете желатин, кратко варете и оставете да се олади. Павлаката изматете ја во сад, додадете ја смесата со желатин и добро измешајте. Поделете ја смесата на два дела, во еден ставете кокос, а во друг растопено чоколадо. Во чши распоредете прво чоколадна смеса, па потоа дел со кокос. Украсете по желба.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk