IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 13>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2014 во 15:43
                                                                    Направете неодолив брз чоколаден мус
Знаете ли некој што не сака чоколадо? Направете му го овој десерт и засекогаш ќе го промени мислењето.
Потребно:
170 г.чоколадо
1/3 шоља еспресо кафе или 1/2 лажичка инстант кафе
1/3 шоља зовриена вода
4 поголеми јајца
3 лажички шеќер


Подготовка:
Ситно исецкајте ја чоколадата, додајте го еспресото, промешајте и прелијте со топлата вода.

Смесата измиксајте ја, додајте ги жолчките од јајцата и добро изматете.

Во друг сад изматете ги белките од јајцата додека да добиете цврст шлаг. Потоа измешајте го шлагот со смесата од чоколадо и оставете да се излади неколку часа во фрижидер.

Сервирајте во длабоки чаши и декорирајте по желба

На здравје!


Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 13:02

Кремаст сутлијаш

Во подлабок сад се става водата и една чаша млеко да зоврие. Во зовриената течност се додава оризот и се остава да се вари со повремено мешање околу 15 минути.Одкако ќе ја впие течноста се додава и втората чаша млеко и шеќерот и се остава да врие додека се свари(со постојано мешање)
Сварениот сутлијаш се остава да се олади.
Кесичката шлаг крем од ванила се мати по упатството и кон шлагот се додаваат кокосот и изренданата бела чоколада.Кон оваа кремаста смеса се додава половина од оладениот сутлијаш и убаво се мати додека се изедначи.
Кесичката шлаг крем од чоколада се мати истопо упатството и се додаваат оревите,чоколадата и втората половина од сутлијашот.
Во калап се става најлонска фолија и се истура белиот дел од сутлијашот.Се реди еден ред од кекс и над него се истура делот со чоколадниот сутлијаш. Пак се реди еден ред кекс и се затвара калапот со фолијата. Се остава во фрижидер 3-4 часа а потоа се превртува од калапот, се наросува со рендана чоколада и се сече на парчиња.
Преубав и вкусен начин на подготовка на сутлијаш и ќе ги намами и сите оние што не се по сутлијашот.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85179
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 20:44

Чоколаден сутлијаш со портокал

Ставете ја водата на оган да зоврие. Додадете го измиениот ориз и варете додека не испари водата.
Во меѓувреме загрејте го млекото да биде врело. Налејте го млекото во оризот, додате го шеќерот, кората од портокал и ванилиниот шеќер. Варете на тивко и повремено промешувајте. Може да варите и во покриен сад, но внимавајте да не искипи.
Кога оризот е сварен ставете го чоколадото искршено на помали парчиња и промешајте да се растопи.
Распределете го сутлијашот во чинивчиња. Одозгора ставете неколку парчиња кандирани портокали и послужете топло или ладно.

Пријатен апетит

Забелешка
Јас користев кандирани портокали од „Слаткото од портокали“ на Лили. Ги исцедив од сокот, ги исецкав на мали коцкички и ги препелкав во малку кристал шеќер. Имам правено и со исецкани Аранчини по рецептот на Лиле.
Кога е готово може да ставите и 2 лажици ликер од портокали. Јас не ставив зошто требаше и дечиња да ручкаат.




Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2014 во 22:05

ДОМАЌИНКИ СПАС – СУТЛИЈАШ КОЈ НЕ ТРЕБА ДА СЕ МЕША (РЕЦЕПТ )

Овој рецепт е за Сутлијаш кој не треба да се меша и нема да мора да стоите над тенџерото и да се горите кога ќе почне да прска оризот варејќи се. Еве колку е едноставно

recept -823Една чаша од 300 грама ориз,

2 кесички ванилин шеќер,

12 лажицишеќер,

1 литар млеко,

500 милилитри вода и

100 милилитри зејтин

Состојките се ставаат во тенџере заедно и се ставаат на тивок оган ( на 1) да зоврие,откако ќе зоврие се вари уште 40 минути во покриен сад на тивок оган ( на 1).

Откако ќе се свари сутлијашот се става во мали садови и се украсува по желба со цимет или какао.  Исто така по желба во смесат пред да се вари може да се стави и изрендана кора од 1 лимон.

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 22:19
Сутлијаш

Сутлијаш


Состојки
  1. 1 чаша ориз
  2. 3 чаши вода
  3. 3 чаши млеко
  4. 1 ванилин шеќер
  5. 8 (до 10) големи лажици шеќер

Во тенџере се сипа чашата вода и се става на огин. Кога водата ќе зоврие, огинот се намалува и се додава оризот. Се промешува од време на време за да не се залепи на дното. Кога водата ќе испари и смесата ќе се подзгусне, се додава една чаша млеко и повремено се меша додека пак не згусне.Постапката се повторува се додека не се сипе и третата чаша млеко. По третата чаша млеко, убаво се промешува и се додаваат 8 (до 10) големи лажици шеќер и ванилин шеќер.

Се сипа во садовите во кои сакаме да го послужиме, се запрашува со цимет по желба и/или се декорира со рендано чоколадо или прелив.
Ако сакате ваште деца да јадат сутлијаш, тогаш добар начин е да се додаде еден ред кое било чоколадо и со тоа целиот сутлијаш ќе добие чоколадна боја и вкус, па децата нема шанси да му одолеат.

Чашата која ќе служи како мерка не е толку важно колкава е (од 150 до 250мл), туку важно е да се користи истата чаша за сите состојки




Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Февруари.2014 во 21:38
                                                        Направете Нутела суфле за пет минути
Има многу рецепти што можат да се подготват за 5 минути, а овој прекрасен десерт е еден од нив.
Доколку имате микробранова, Нутела и уште неколку состојки, можете многу брзо да си подготвите вкусен десерт. Еве како да го направите.

Потребно:
4 лажици брашно
3 лажици шеќер
1 лажица еспресо во прав или инстант кафе
1 јајце
3 лажици какао
3 лажици нутела
3 лажици млеко
2 лажици масло за јадење
1 прстофат сол
шлаг
свежо овошје


Подготовка:
Во шоља за чај скршете го јајцете и изматете го со виљушка. Додајте ги млекото, солта, прашокот за кафе, шеќерот, какаото и маслото и добро изматете.

Додајте ја Нутелата и повторно добро изматете.

Внимателно додавајте го и брашното додека истовремено матите со виљушката. Внимавајте да не матите премногу, треба да добиете изедначена воздушеста смеса.

Ставете ја шољата во микробранова околу 3 минути.

Извадете ја шољата од микробрановата, оставете малку да се излади и одозгора ставете шлаг и овошје.

Добар апетит!
   









Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:51
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2014 во 08:13

ВЕЛ­НЕС ПУ­ДИНГ

Пот­реб­но:

20 г нис­ко­ка­ло­ри­чен пу­динг во прав
1 ли­тар мле­ко (0,5 % мас­ле­ност)
30 г ја­бол­ка
20 г ман­да­ри­ни
20 г ди­е­тал­на чо­ко­ла­да

Под­го­тов­ка:

Из­ва­де­те три ла­жи­ци од мле­ко­то и из­ме­шај­те ги со пу­дин­гот во прав. Дру­го­то мле­ко не­ка зов­рие и по­по­ле­ка си­пе­те го из­ме­ша­ни­от пу­динг. Ста­ве­те го во ча­ши прет­ход­но по­ми­на­ти со лад­на во­да. До­де­ка е то­пол, исеч­кај­те овош­је­то и чо­ко­ла­да врз не­го. Ос­та­ве­те да се из­ла­ди.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2014 во 08:14

КРЕМ СО ЖИТАРКИ

Потребно:

н 12 г путер
н 100 г зобни снегулки
н 1 лажица шеќер
н 300 мл слатка павлака
н 3 лажици мед
н 4 лажици мараскино
н ситно овошје
н 1 непрскан лимон со зелена кора

Приготвување: стопете го путерот на тивок оган, па мешајќи пржете ги снегулките со додека не пожолтат.

Потоа, во снегулките додадете ги шеќерот и медот, па и понатаму мешајте додека шеќерот малку не се карамелизира. Сето тоа прелијте го со мараскиното и лимоновиот сок. Смесата добро измешајте ја. Половина од смесата поделете во шест чаши, па додадете дел од измиеното и исушено овошје. Покријте со дел од изматената слатка павлака. Врз павлаката ставете го остатокот од снегулките, па додадете го остатокот од павлаката. На крај, чашите украсете ги со ситно овошје (грозје, малини...), снегулките и исечениот лимон.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2014 во 19:00

ГРИЗ СО СЛИВИ

Потребно:

н 500 мл млеко
н 2 лажици шеќер
н рендана кора од 1 лимон
н малку сол
н 1 лажица путер
н 30 г сечкани бадеми
н 60 г гриз
н 1 јајце
н 2 лажици ликер
н 2 лажици нишесте
н 1 тегла компот од сливи
н 200 мл црно вино
н 1 стапче цимет
н 1 ќесичка ванилин шеќер

Приготвување: сварете го млекото со шеќерот и ренданата кора од лимонот, малку сол и путерот. Додадете ги бадемите и измешајте го гризот во нив. Сето тоа варете го на тивок оган додека смесата не се згусне. Одделете ја жолчката од белката. Жолчката измешајте ја со ликерот и сипајте ја во гризот. Белката пенесто изматете ја и измешајте ја со гризот. Гризот распоредете го во четири чинивчиња и оставете го да се излади. Исцедете ги сливите, а сокот зачувајте го. Измешајте го нишестето со околу четири лажици сок. Остатокот од сокот сварете го со виното, ванилин шеќерот и стапчето цимет. Додадете го разматеното нишесте и сето тоа варете го, со постојано мешање, додека не се згусне. На крај ставете ги сливите. Сервирајте ги сливите врз гризот и украсете ги по желба.

                 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 08:39

Мус со малини

mus-s-malinama

Состојки:

  • 5 дл слатка павлака
  • 1 ванилин шеќер
  • 100 г слатко крем-сирење
  • 5 г црвен желатин во прав
  • 100 г малини

За прелив:

  • 2 лажици мед
  • 1/2 лимон
  • 300 г малини
  • 1 дл вода
  • 1 лажица густин

Приготвување:
1. Во помало тенџере се налива 4 дл слатка павлака и се остава да зоврие. Потоа се трга од оган.  
2. Црвениот желатин се прелива со 2 лажици ладна вода и се остава да набабри. Потоа, се соединува со топлата слатка павлака и добро се меша.
3. Се додаваат крем-сирење, ванилин шеќер и 100 г пасирани малини, па се мати со миксер и се остава да се излади.

Прелив:
Малините се миксираат, па се соединуваат со вода, мед, густин, сок и рендана кора од лимон и добиената смеса кратко се вари.

Финална постапка:
1. Филот со слатка павлака се налива во стаклени чаши и се остава да се стегне.  
2. Преку него се истура преливот од малини и се остава во фрижидер да се излади.
3. Преостанатата слатка павлака се мати во шлаг и со него се декорира мусот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 08:40

Тирамису мус


 

Tiramisu-mus

Состојки:

  • 16 пишкоти
  • 2,5 дл млеко
  • 1/2 лажичка Нес кафе
  • 2 жолчки
  • 150 гр маскарпоне сирење
  • 4 лажици чоколаден ликер
  • 120 гр шеќер во прав
  • 50 гр чоколадо во прав
  • рендана кора од 1/2 лимон
  • 2 дл слатка павлака
  • 1 шлаг
  • 3 банани

Приготвување:

1. Жолчките се мешаат со шеќерот во прав и се варат на пареа со постојано мешање додека не се добие фина кремава смеса.
2. Слатката павлака се мати со шлагот.
3. Во изладената смеса од жолчки се додава маскарпонето сирење и шлагот од слатка павлака, се промешуваат и се дели на два дела. Во едниот дел се додава рендана кора од лимон, а во другата чоколадо во прав и чоколаден ликер.
4. Се вмешуваат млекото и нес кафето.
5. Подгответе четири стаклени чаши. Пишкотите натопете ги во приготвената смеса од млеко и ставете по две во секоја чаша. Прелијте ги со малку крем од лимон и со тркалца банана. Потоа нанесете ред пишкоти. прелијте со крем од чоколадо и наредете тркалца банани. Одозгора нанесете малку од преостанатата крема и украсете по желба.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 09:20

Сутлијаш со банани



 

Sutlijas-sa-bananama

Состојки:

  • 200 гр ориз
  • 4 лажици шеќер
  • 5 дл млеко
  • 2 банани
  • 50 гр чоколадо

Приготвување:

1. Во помал сад да се стави млеко, да се додаде шеќер и да се стави да се вари додека не проврие.
2. Во зовриеното млеко да се додаде оризот и да се продолжи со варење, со повремено мешање, додека оризот не се свари.
3. Сварениот ориз да се остави да отстои во млекото за да набабри и да го впие остатокот од млекото.
4. Бананите да се исчистат, да се исечат на кругови и да се соединат со приготвениот сутлијаш.
5. Чоколадото да се изренда на крупно ренде и да се нароси врз сутлијашот.

Извор: Dobra hrana

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 09:22

Крем со ванила и вишни


 

Clipboard014

Состојки:

  • 8 јајца
  • 350 гр шеќер
  • 1 л млеко
  • 2,5 дл слатка павлака
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 200 гр вишни без семки
  • 1 дл сок од вишни
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 1 лажица густин

Приготвување:

1. Белките се одвојуваат од жолчките и се матат во цврст снег. Потоа постепено се додаваат 250 гр шеќер матејќи додека не се стопи шеќерот.
2. Во соодветен сад се става млекото да проврие.
3. Се зема лажица за сладолед, се натопува во вода и со неа се вадат топчиња од белки и се спуштаат во зовриеното млеко. Се варат по една минута од двете страни, а потоа се вадат со решеткаста лажица и се оставаат да се исцедат.
4. Посебно на тареа се варат жолчките со 100 гр шеќер и ванилин шеќер за да се добие густа крема.
5. Слатката павлака се мати во шлаг и се додава во изладениот крем од жолчки па полека се промешува.
6. Одвоено се мешаат вишните со шеќер во прав, сок од вишни и густин и  кратко се проварува.
7. Во стаклени чаши се распоредуваат топките од белки, се прелеваат со крем од жолчки и на крај се нанесуваат неколку лажици пире од вишни.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 09:23

Мус со праски


25-mus-sa-breskvama

Состојки:

  • 500 гр праски од компот
  • 10 гр желатин
  • 2 јајца
  • 2 лажици шеќер
  • малку свежо нане
  • 2 дл слатка павлака
  • 1 прелив за колачи

Приготвување:

1. Во блендер се мешаат 300 гр праски, а останатите се сечат на тенки тркалца и се оставаат на страна.
2. Желатинот се прелева со 4 лажици вода и се остава да набабри. Слатката павлака се мати во цврст шлаг.
3. Посебно се мешаат јајцата и шеќерот па се варат на пареа со постојано мешање додека не се згусне.
4. Во кашата од праски се додава 1 дл сок од компот, набабрениот желатин и смесата од јајца, па добро се меша и се остава да се стегне.
5. Кога смесата ќе почне да се желира, се додава шлаг од слатка павлака, нането и полека се меша.
6. Приготвената смеса се става во стаклени чаши и се остава да се стегне.
7. Преливот за колачи се приготвува според упатството од кесичката.
8. Кога кремот ќе се стегне, одозгора се редат парчињата праски и се прелива со прелив за колачи.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,469 секунди.