IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 13>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2018 во 17:56
&amp;amp;#208;&amp;amp;#159;&amp;amp;#209;&amp;amp;#131;&amp;amp;#208;&amp;amp;#180;&amp;amp;#208;&amp;amp;#184;&amp;amp;#208;&amp;amp;#189;&amp;amp;#208;&amp;amp;#179; &amp;amp;#208;&amp;amp;#180;&amp;amp;#208;µ&amp;amp;#209;&amp;amp;#129;&amp;amp;#208;µ&amp;amp;#209;&amp;amp;#128;&amp;amp;#209;&amp;amp;#130; &amp;amp;#209;&amp;amp;#129;&amp;amp;#208;&amp;amp;#190; &amp;amp;#208;&amp;amp;#178;&amp;amp;#208;&amp;amp;#184;&amp;amp;#209;&amp;amp;#136;&amp;amp;#208;&amp;amp;#189;&amp;amp;#208;&amp;amp;#184;

Пудинг десерт со вишни

Состојки
450 мл. млеко
1 ванила пудинг
80 гр. чоколадо
100 гр. вишни
10 лажици шеќер
100 гр. колачи/бисквити

1. Пудингот се раствора во 50 мл. млеко.
2. Остатокот од млекото се меша со шеќерот и се става на оган за зоврие.
3. Кога е зовирено се додава пудингот и се меша додека истиот да згусне.
4. Пудингот се трга од оган, се додава и чоколадото, се меша да се истопи, па се остава 1 час да се излади.
5. Откако малку е подизладен, се полнат чашите, според ваша желба. Во чашата се ставаат по неколку вишни, дел од пудингот и кршени бисквити или колачиња по желба.
6. Брз, лесен и едноставен десерт. На здравје!






Изменето од Valerija - 16.Мај.2018 во 17:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2018 во 17:51
&amp;#208;§&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;° &amp;#208;&amp;#191;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#179; &amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#180; &amp;#208;&amp;#191;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#190;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;°&amp;#208;»

Чиа пудинг со портокал

Состојки
300 мл млеко по ваша желба
4 лажици чиа семе
2 лажици кокосово брашно
2 лажички ванилин шеќер
2 портокали
по потреба овесни снегулки

Оваа доза јас ја разделувам во две теглички и тоа најпрво се става чиа семето, ванилиниот шеќер и млекото. Протресете ги убаво тегличките и оставете ги во фрижидер да преноќат.
Наредниот ден исцедете еден портокал, поделете го сокот во двете теглички, а другиот портокал исецкајте го на ситни парчиња и исто поделете го во двете теглички, наросете една лажица кокосово брашно во секоја тегличка, и уживајте.
Заборавив да додадам, може да се стави и рендана кора од портокал.

Совет 1- Доколку не сакате да ставате шеќер, ставете некој друг засладувач, и 1/2 лажичка екстракт од ванила, бидејќи вкусот могу добро се вклопува во овој пудинг.
Совет 2- Доколку пудингот стане многу течен кога ќе го ставите сокот од портокал, додадете една лажица овесни снегулки.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2018 во 17:49
&amp;#208;&amp;#159;&amp;#209;&amp;#131;&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#189;&amp;#208;&amp;#179; &amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;µ&amp;#209;&amp;#128;&amp;#209;&amp;#130; &amp;#209;&amp;#129;&amp;#208;&amp;#190; &amp;#209;&amp;#130;&amp;#208;&amp;#184;&amp;#208;&amp;#186;&amp;#208;&amp;#178;&amp;#208;° &amp;#208;&amp;#184; &amp;#208;±&amp;#208;°&amp;#208;&amp;#180;&amp;#208;µ&amp;#208;&amp;#188;&amp;#208;&amp;#184;

Пудинг десерт со тиква и бадеми

Состојки
За прв фил
4-5 бисквити
50гр. бадеми
1 портокал
20гр. путер
1 ванила пудинг
млеко (според упатството)
За пире од тиква
200 гр (4-5 резниња) тиква
4 лажици шеќер
4 бисквити
1 ванилин шеќер

Најпрво најправете го пирето/филот од тиква.
Тиквата се вари со малку вода околу 20 мин додека не омекне сосема. Се додава шеќерот и мешајте убаво да се растопи.
Со блендер се мешаат бисквитите и пирето.
Нека се лади додека ги спремате другите работи.

Првиот слој го правите со мелени бисквити, мелени бадеми и путерот кој стоела малку на собна температура.
Додадете сок од портокал да добиете убава смеса.
Изрендајте кора од портокал за да даде преубава арома.
Наредете го филот во чашите во кои ќе послужувате.

Потоа направете го пудингот според упатството. Нека се олади 4-5 минути и ставете врз првиот слој. Во пудингот ставете цели бадеми, таман ќе омекнат и ќе дадат убава структура.
Почекајте да се олади и на крај ставете го пирето од тикви.
Ќе ви шепнам тајна, Јас не чекав и ми пропадна пирето во пудингот. :)) Ама вкусот си го имаше исто.

На крај исцедете уште малку сок од портокал, изрендајте чоколадо, кора од портокал и искршете бадеми.
Почекајте да се олади.
Или не чекајте. )

Земете лажици, викнете си ги најблиските и уживанција.
Малку се заиграв со есенската декорација. Ама ми беше ќеф и убаво фотографирање со вкусен десерт.

На здравје.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2018 во 17:47

Црвено бел крем во чаша

Подгответе вкусен десерт црвено бел крем во чаша

Состојки:

Црвен дел:

300 грама малини

100 грама шеќер

1 кесичка желатин

Бел дел:

500 мл слатка павлака

50 грама шеќер во прав

100 грама ореви

200 грама крем сирење

1 кесичка желатин

Подготовка:

Црвениот дел: Желатинот ставете го во чаша и прелијте го со 4 лажици ладна вода и оставете го така да нарасне. Малините пасирајте ги добро и додадете го шеќерот, ставете  на оган да се вари десет минути. Садот тргнете го од оган и додадете го желатинот, мешајте се додека не се добро растопи. Потоа добиениот сок ставете го во чаши, кои треба малку да ги поставите во коса положба. Така поставените чашите ставете ги во ладилник добро да се изладат.

Бел крем: Желатинот ставете го во чаша и прелијте го со 4 лажици ладна вода и оставете го така да нарасне. Оревите запржете ги малку и потоа смелете ги на крупно. Крем сирењето измешајте го со шеќерот во прав. Слатката павлака ставете ја на оган да се вари, во неа додадете го желатинот и мешајте се додека не ја добиете потребната густина, тргнете го садот од оган и во него додадете го крем сирењето со шеќерот во прав и оревите. Добро измешајте и ставете го кремот во чашите, во кои претходно ги ставивме малините и пак вратете во ладилник за добро да се изладат.



Изменето од Valerija - 15.Мај.2018 во 17:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2017 во 14:04
Пудинг од амарант


Состојки
200 гр Амарант
250 мл чоколадно млеко
2 лажици какао
2 лажици мед или агавин сируп
500 мл вода
1 лажица салеп

Амарантот се става да се вари во 500 мл вода. Се вари околу 15 минути на тивок огин. Се додава чоколадното млеко и се остава да се вари уште 10 минути. Се додава медот, какаото, циметот и 1 лажица салеп се вари со повремено мешање додека смесата не згусне. Се сервира во комбинација со парчиња бадеми сецкани на парчиња.
П.С. За оние што не знаат АМАРАНТ е врста на житарица која потекнува од Азија и Америка. За нас е можеби нова и непозната, но во развиените земји се користи многу оддамна. Богата е со магнезиум, калциум и железо, витамин Б, дава многу енергија бидејќи е богата и со протеини, па може да замени и оброк со месо. Кај нас амарантот го има во продавниците за здрава, за органска храна и подобро снабдените супер маркети. Ви препорачувам ако го начекате да го пробате, за него постојат голем број на благи и солени рецепти, кои многу лесно ни се достапни на интернет. Па еве ви идеа да пробате нешто ново и да воведете нешто здраво во вашето мени. Поздрав !






Изменето од Valerija - 25.Декември.2017 во 14:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 20:02
Кремаст десерт со праски

Кремаст десерт со праски


Состојки
  1. 8 парчиња бисквити
  2. 500 грама павлака
  3. 4 праски
  4. 100 г шеќер во прав

Освежителен десерт за во топли денови со сочни праски.

1. Праските се лупат и се сечат на парчиња, а бисквитите се кршат на средни парчиња.
2. Павлаката се промешува заедно со шеќер во прав.
3. Во 4 чаши за десерт се редат половината од бисквитите, потоа се попрскуваат со останатиот сок од праски. Врз бисквитите се редат половина од праските и одозгора се премачкува со павлаката, потоа пак се редат преостанатите бисквити, праските и десертот се покрива со преостанатата павлака.
4. Кремаст десерт се украсува по желба и треба да се отстои ноќта во фрижидер.

По желба може да се додаде во павлаката малку ванилин шеќер.




Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 20:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2017 во 19:44
Вкусен кремаст десерт со чиа семе


Вкусен кремаст десерт со чиа семе


Состојки
За првиот слој
1/2 банана
1 лажица путер од кикирики
20гр. сецкана темна чоколада
За вториот слој
1/2 банана
50гр. цреши
1 лажица путер од кикирики
За третиот слој
50мл. млеко
1 лажица семе од чиа

Уште еден од низата брзи и здрави десерти, готови за неколку минути.

- Се блендираат состојките за првиот слој, смесата се истура во чаша и се става во замрзнувач.
- Се блендираат состојките за вториот слој и добиената смеса се истура врз првата, повторно се враќа во замрзнувач.
- Се меша млекото и семето од чиа и се остава 10 минути да набубри. Потоа се додава врз вториот слој.
- Јас додадов неколку сецкани цреши за декорација.

Напомена
Користев бадемово млеко, но секако може да се користи било кој вид на кравјо, козјо, оризово итн.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Декември.2017 во 15:43

Брзо и вкусно: Крем од бело чоколадо


Одличен период од годината кога можеме да уживаме во вкусот на чоколадото, а да немаме грижа на совеста. 

Лесен рецепт кој со сигурност ќе ги воодушеви гостите и ќе донесе едно големо браво за оној кој го приготвил.


 Потребни состојки:

  • 350 гр. пандишпан
  • 100 мл. лимончело или ликер по ваш вкус
  • 2 парчиња маракуја или 1 киви, ситно исечкано
  • 50 гр. кокос

За кремот со бело чоколадо :

  • 370 мл. млеко
  • 120 мл. слатка павлака
  • 50 гр. кафеав шеќер
  • 350 гр. квалитетно бело чоколадо
  • 7 жолчки

За кремот од ванила:

  • 600 мл. слатка павлака
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • 50 гр. шеќер во прав
  • кора од 2 лимона

Начин на подготовка:

За да го подготвите кремот од бело чоколадо, во тенџере на оган ставете го млекото, слатката павлака и белото чоколадо да се загреат. Промешувајте се додека не се растопи белото чоколадо. Додадете ги жолчките со постојано промешување и тргнете од оган. Додадете го шеќерот и промешајте додека да се растопи.

Целата смеса преминете ја преку сито за да ги тргнете сварените делови од жолчките. Ставете го кремот во чист стаклен сад, покријте го со хартија за свежа храна и оставете да се излади убаво преку ноќ во ладилник.

Следниот ден, искршете го пандишпанот во еден голем длабок сад или во индивидуални чаши за сервирање. 
Врз пандишпанот ставете од кокосот и полејте половина од ликерот, кората од лимон и половина од ситно исечканото киви.

Врз овошјето ставете од кремот од бело чоколадо, а врз него кремот од ванила кој ќе го подготвите така што слатката павлака ќе изматите заедно со ванилата и шеќерот во прав. Декорирајте со преостанатата кора од лимон и исечкано киви.



Изменето од Valerija - 04.Септември.2018 во 15:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Август.2017 во 11:44

Готов за момент: Чоколаден мус кој нема да се “залепи” за Вашите колкови


За овој префинет чоколаден десерт не Ви е потребна рерната за печење, а истиот е готов за само неколку минути. Може ли подобро од ова?

Доколку сте во потрага по фин чоколаден десерт во кој можете секојдневно да уживате без размислување за килограмите, тогаш морате да го испробате чоколадниот мус кој го пронајдовме на блогот Like Chocolate. Освен што е вкусен, овој мус е и здрав, бидејќи неговата главна состојка е авокадото, кое е полно со здрави маснотии и не содржи лоши калории. 

Потребни состојки (за 2 поголеми или 3 помали порции):

• 2 помали авокада (околу 180 гр. исчистено авокадо)

• 50-60 гр. мед

• 20 гр. какао (без додатни шеќери)

• 1 лажичка кокосово масло

• прстофат сол

• за послужување: свежо овошје, кокосово брашно, семки, бадеми…

Подготовка:

1. Пресечете го авокадото на половина, а потоа со помош на лажица исчистете го од кората како на видеото.

2. Ставете го во блендер заедно со останатите состојки и добро изблендирајте сè додека не добиете кремаста смеса како пудинг.

3. Префрлете ја смесата во високи чаши и послужете со свежо овошје, овошен компот, сецкани бадеми или нешто по Ваша желба. Вака приготвениот мус можете да го чувате во фрижидер, но изедете го во рок од најмногу 48 часа.

Совети:

- Изберете засладувач по желба, а најдобро е количината да ја одредите сами, бидејќи различни засладувачи имаат различна слаткост.

- Внимавајте авокадото да биде зрело, со тоа што ќе проверите дали е доволно меко при допир кога ќе го купувате.




Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2017 во 18:08

Домашен (посен) крем со какао и лешници


Кому му треба Нутела кога го имате овој рецепт? Плус, намазот е посен.

Потребни состојки:

 1 шолја исчистени лешници

 2 лажици какао 

 5 лажици мед

 1 лажица екстракт од ванила

 1 лажица масло (маслиново, кокосово, ореово)

 малку сол


Подготовка:

1. Ставете ги лешниците во тава и печете на загреана рерна на 180 степени околу десетина минути, додека не фатат боја. Извадете ги, оставете да се изладат а потоа исечкајте ги на крупни парчиња.

2. Вака исечканите лешници ставете ги во блендер и миксирајте, сè додека не добиете хомогена смеса.

3. Потоа, додајте ги и останатите состојки и повторно миксирајте. На крај можете да додадете и крупно исечкани лешници, за крцкава текстура.

4. Префрлете го кремот во тегла и чувајте го во фрижидер, добро затворен.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 19:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2017 во 21:15

МАСКАРПОНЕ КРЕМ СО МАЛИНИ

 ng-non-bindable="" border="0" ="0" marginheight="0" marginwidth="0" scrolling="no" ="0" ="0" width="100%" id="I0_1490728457354" name="I0_1490728457354" ="https://apis.google.com/se/0/_/+1/fast?usegapi=1&size=medium&count=true&origin=https%3A%2F%2Fpopara.mk&=https%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2017%2Frecepti%2Fmaskarpone-krem-so-malini-2%2F&g=3p&ic=1&jsh=m%3B%2F_%2Fscs%2Fapps-static%2F_%2Fjs%2Fk%3Doz.gapi.bg.6wJ3yJKOsO4.O%2Fm%3D__features__%2Fam%3DAQ%2Frt%3Dj%2Fd%3D1%2Frs%3DAGLTcCMIuPngud_gRj-t9XU1AYQl8TsFIg#_methods=onPlusOne%2C_ready%2C_%2C_%2C_resizeMe%2C_renderstart%2Concircled%2Cd%2Ce%2C&id=I0_1490728457354&parent=https%3A%2F%2Fpopara.mk&pfname=&rpctoken=36645482" -gapiattached="true" title="+1" style="margin: 0px; padding: 0px; border-width: 0px; border-style: none; outline: 0px; vertical-align: line; : transparent; max-width: 100%; : static; top: 0px; width: 90px; left: 0px; visibility: ; height: 20px;">

Десерт за 4 лица

Потребни состојки:

250гр сирење маскарпоне

2дл билна павлака

50гр шеќер

Цимет

300гр малини

40гр сецкани бадеми

Начин на подготвка:

Шеќерот и циметот измешајте го со сирењето, изматете ја павлаката и соединете. Потоа поделете на 4 порции, додадете малини и посипете со сецкани бадеми.

Напомена:

За послено да ги изматите шеќерот и сирењето со маскарпоне сирење, пожелно е сирењето да го оставите на собна температура, а можете да користите и шеќер во прав.



Изменето од Valerija - 04.Септември.2018 во 15:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Февруари.2017 во 08:13


Неверојатно кремаст, богат и полн со чоколадо – овој пудинг е сè она што ви треба после напорниот работен ден.

najkremastiot-cokoladen-puding-koj-ste-go-probale-1.jpg

Дури и да не сте голем љубител на благите работи ова е нешто кое навистина морате да го пробате...

Состојки

  • 1 1/2 чаша слатка павлака
  • 1/2 чаша млеко
  • 150 g темно чоколадо (60 или 70% какао), сечкано
  • 4 жолчки од јајце
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • малку сол
  • топла вода
  • шлаг за декорација

Начин на подготовка

Загрејте ја рерната на 150 °C. Овој крем се препорачува да се пече во огноотпорен сад.

На среден оган загрејте ги млекото и слатката павлака, така што ќе ги тргнете пред да почнат да вријат.

Со постојано мешање додавајте го чоколадото и мешајте додека не се стопи.

Во поголем сад изматете ги жолчките, шеќерот, ванилата и солта. Со постојано мешање додавајте ја смесата со чоколадо.

Смесата претурете ја во подмачкан калап за печење кој ќе го ставите во поголем сад наполнет до половина со вода. Прекријте со алуминиумска фолија и печете 30 минути.

Кога кремот ќе биде готов би требало во средината уште да е течен.

Оставете да се излади околу еден час и послужете со декорација од шлаг или шеќер во прав.

najkremastiot-cokoladen-puding-koj-ste-go-probale-3.jpeg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2017 во 18:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Февруари.2017 во 15:26

Чоколаден мус

За 6 лица потребно е:

Подготовка:

Во чинија го кршите чоколадото на коцки и чинијата ја додавате врз пареа. Чоколадото треба да се истопи само од себе без да го мешате. Одвојте ги жолчките од белките. Штом се стопи чоколадото почнете да додавате една по една жолчка и мешајте.

Добро изматете ја секоја жолчка без да ја тргате чинијата од пареата.

На крајот додадете го путерот, тргнете ја чинијата од пареата. Добро измешајте, додадете го коњакот и повторно добро измешајте.

Белките изматете ги во цврст снег и една лажица од снегот додадете во чоколадниот крем.

Измешајте, а потоа додадете ја целата содржина од белките. Смесата треба да стане совршено хомогена.

Добиениот мус префрлете го во чаши и оставете го во фрижидер да се лади барем 4 часа.

Не посредно пред сервирањето украсете го со исецкани бадеми, фстаци, рендано чоколадо, чоколадни или разнобојни зрнца и уживајте во вкусот!



Изменето од Valerija - 04.Септември.2018 во 15:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,265 секунди.