IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 11>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Пудинг,сутлијаш и разни чоколадни и овошни кремови
    Испратена: 19.Септември.2013 во 16:01
Насловот кажува сесреќа
Споделете рецепти за Вашите омилени кремови

Крем од банани


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 80 грама Шеќер
  • малку   Сол
  • малку   Нишесте
  • 400 милилитри Млеко
  • 3 лажица/ци Лимонов сок
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • малку   Ванила екстракт
  • 10 парче/чиња Бисквити
  • 500 грама Банана
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Банана е име за еден вид на овошје и на тревни растенија од родот Musa кои го произведуваат ова најчесто јадено овошје. Тие потекнуваат од тропските регионот на Југоисточна Азија. Денес тие се одгледуваат во тропски предели.

Овошјето расте во гроздови кои висат со по 20 овошја на редица. Има помеѓу 3-20 редици по грозд. Вкупниот износ може да тежи 30-50 килограми. Овошјето тежи во просек 125 g, од кои околу 75% се вода и 25% сува материја.

Секое поединечно овошје има надворешен слој и внатрешен дел. Двата дела, кожата и внатрешниот дел, може да се јадат сурово или зготвени. Западниот свет го јаде само внатрешниот дел и ја фрла кожата, додека некои азиски култури генерално ја јадат и кожата.

Бананите се вреден извор на витамин Б6, витамин Ц и калиум.

ПОДГОТОВКА:

Измешајте ги млекото, јајцата, шеќерот, нишестето со малку сол и варете на пареа.

Варениот крем тргнете го од садот со вода и додадете ги ванилин шеќер и екстракт од ванила.

Убаво измешајте.

Исечете ги бананите, накапете ги со сок од лимон.

Подгответе осум чаши за пудинг.

Бисквитите искршете ги на долгнавести парчиња, редете ги во секоја од чашите, па додадете го кремот.

На крајот по желба попрскајте со малку цимет.

Послужете.

Крем од чоколадо


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Чоколадо
  • 500 милилитри Млеко
  • малку   Густин
  • 50 грама Вишни


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Старите Ацтеки сметале дека чоколадото е пијалок на боговите, а наназад во историјата чоколадото се конзумирало во облик на топол напиток. А Ацтеките исто така сметале дека чоколадото има дејство на афродизијак, што се покажало точно. Легендата вели дека владителот на Ацтеките од 16 век Монтезума, пиел по 50 шољи чоколадо дневно пред посета на својот харем затоа што сметал дека чоколадото е одличен афродизијак.
Исто така, древните цивилизации на Индијанците имале доста рецепти за подготовка на чоколадо напитокот или попопуларно какао. Тие ги мелеле зрната од какаото и како зачин додавале чили, ванила, разни корени и цвеќиња, кои што го правеле какаото за сечиј вкус.

Чоколадото било пијалок за сите класи и се употребувало на сите настани и ритуали. Сè мисли дека во Никарагва чоколадото се користело како платежно средство, таму значи слободно можеме да кажеме дека парите им “растеле” на дрво!

Кристофер Колумбо е човекот кој што ги запознал европјаните со вкусот на чоколадото. Тој на своето четврто патување во 1502 година во заливот Хондурас наишол на товарен брод, кој меѓу другите работи кои што бродот ги пренесувал биле и зрната какао.

ПОДГОТОВКА:

Чоколадото ситно изрендајте го.

Од млекото одвојте 2 лажици, а остатокот измешајте го со ренданото чоколадо.

Загрејте го млекото со чоколадо, па измешајте една лажичка густин, разматен во 2 лажички ладно млеко.

Сè заедно добро измешајте и варете неколку минути додека кремот не се згусне.

Оладете го кремот и украсете го со овошје по желба.

Послужете.




Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 16:02

Парфе од јогурт


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Кокосово брашно
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 100 грама Ананас
  • 80 милилитри Јогурт


  • Време за подготовка: 5 мин.
  • Време за готвење: 0 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Хранливите состојќи во јогуртот настануваат во процесот на ферментација на млекото. Под дејство на микроорганизмите се зголемува нивото на млечна киселина, а умерено се намалува количината на лактоза. Ова го објаснува фактот дека луѓето кои имаат проблеми со дигестија на млекото, многу полесно го поднесуваат јогутот. Во создавањето на јогуртот учествуваат две главни бактерии:
- Lactobacillus bulgaricus
- Streptococcus thermophilus

Една од предностите на јогуртот е што помага во борбата против малигните тумори. Истражувањата на Американскиот институт за рак, покажуваат дека кај луѓето кои секојдневно консумираат јогурт, стапката на заболеност од тумори е меѓу најниските.

ПОДГОТОВКА:

Во десертна чаша најпрво се истура сокот од ананасот, па се додава мешавината од јогурт и кокос, а најодозгора се распоредуваат ситно сецканите парчиња ананас и ореви.


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 16:03

Крем бруле


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 120 грама Шеќер
  • 6   Жолчка/ки
  • 15 милилитри Вода
  • 600 грама Блага павлака


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем бруле

ПОДГОТОВКА:

Рерната загрејте ја на 170 степени.

Изматете ги жолчките со шеќерот, додајте ја слатката павлака, убаво измешајте и истурете во калапи за крем карамел.

По желба можете можете во секој да испржите по 1 лажица шеќер, ниска температура.

Калапите ставете ги во поголема тава во која сте ставиле вода.

На површината на кремот  посипете малку шеќер.

Кремот бруле печете го додека не добие убава златно - кафеава боја.

Оставете го убаво да се олади и оставете го во фрижидер до служењето.

На крајот, одозгора додадете овошје по желба.


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 16:04

Мус крем


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 60 грама Шеќер
  • 250 грама Чоколадо за готвење
  • 30 милилитри Рум
  • 250 грама Блага павлака
  • 3   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Мус крем

ПОДГОТОВКА:

Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја ставаме да се топи на пареа.

Павлаката ја матиме со миксер, додека шлагот не ја добие потребната густина.

Потоа шлагот од садот за матење го претураме во поголем длабок сад.

Во садот за матење со миксер ги матиме јајцата и го додаваме шеќерот.

Откако шеќерот ќе се растопи престануваме со матењето.

Во изматените јајца ја додаваме растопената и оладена чоколада и мешаме со жица за матење.

И оваа смеса ја додаваме во длабокиот сад со шлагот и мешаме со жицата.

Откако смесата ќе се изедначи со лажица полниме во готварски шприц.

Со шприцот наполнет со Мус крем полниме десертна чаша.

Одозгора наросуваме сецкана чоколада.


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 16:05

Крем од праски


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 4   Шекер лажичка/ки
  • 500 грама Праски
  • 4   Ливчиња нане
  • 300 грама Блага павлака
  • 30 милилитри Бело слатко вино (шери)


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем од праски

ПОДГОТОВКА:

Излупете ги праските, исечете ги на парчиња и ставете ги  во еден сад.

Полијте ги со виното и со шеќерот.

Измешајте ги праските и ставете ги да зовријат, па варете ги 2-3 минути, или додека омекнат, тогаш изматете ги праските со својот сос и префрлете ги во фрижидер.

Изматете ја павлаката и додајте ја на пирето од праските, мешајки ја од долу нагоре.

Покријте го садот со фолија и оставете го во ладилник се до моментот на сервирањето.

Добиениот крем поделете го во 4 сада, декорирајте со некоклу листа нане.


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 16:07

Крем од свежи јагоди


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 3   Шекер лажичка/ки
  • 40 грама Ореви
  • 100 грама Блага павлака
  • 1   Белка/ки
  • 100 грама Јагоди


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем од свежи јагоди

ПОДГОТОВКА:

Во сад за матење ја ставаме белката, го додаваме шеќерот и матиме. Ги додаваме и предходно исечканите јагоди.

Во друг подлабок сад ја ставаме благата павлака. Ја матиме.

Малку од благата павлака додаваме во садот со белката и јагодите и промешуваме со лажица.

Вака приготвениот крем го сервираме во соодветни чаши. Поросуваме од мелените ореви и декорираме со преостанатата хопла.

На врвот од чашите ставаме јагоди.


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 16:10

Карамел крем


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Шеќер
  • 20 грама Чоколадо за готвење
  • малку   Нишесте
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 100 грама Блага павлака
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Еден од најдобрите начини за да го подобрите вашето здравје е да станете свесни за тоа каде се наоѓате на патеката од нормалното контролирање на глукозата и инсулинска резистенција, која може да резултира со дијабетес. Со оглед на тоа што примарните причини за проблемот со чувствителноста на организмот на шеќер водат потекло од начинот на исхрана, нејзината промена е појдовна точка за контролирање на евентуалната неурамнотеженост на шеќерот во крвта.

ПОДГОТОВКА:

 Во сад на тивок оган се пржи шеќерот, при што постојано се меша додека добие карамел боја.

Се налева со 1/4 вода и се вари додека карамелот сосема не се стопи.

Течноста се лади.

Во друг сад се матат жолчките со ванилниот шеќер и нишестето, а од белките одделно се мати снег.

Постепено во кремот од жолчките се додава шчагот (слатката павлака или приготвената од кесичка) и оладениот карамел, па сè заедно се варина тивок оган, при што постојано се меша околу една минута.

Кремот се истава од оган и се додава снегот од белките.

Кремот се остава убаво да се олади и со него се полнат чаши или посебни стаклени чиничиња за крем. Се украсуваат со шлаг и со рендана чоколада.


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 16:11

Крем од круши


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 30 лажица/ци Овесни снегулки
  • 500 милилитри Млеко
  • 1 лажица/ци Мед
  • 5 лажица/ци Лимонов сок
  • 200 грама Круши
  • малку   Каранфилчиња
  • 1 лажица/ци Какао
  • 30 грама Интегрално Брашно


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крушата е дрвенеста билка од фамилијата Rosaceae, чии што плодови се користат во исхраната на луѓето. Врстите од овој род растат во умерените предели на Европа, Азија и Африка.

Нивното дрво е со средна висина (10-17 метри), во главно листопадно, со просто и наизменично распоредени листови (со големина од 2-12 см).

Плодот на крушата има надалеку познат и специфичен облик.

Од крушата се прави врвно квалитетна ракија, а освен за ракија крушата се користи и за подготовка и на компоти, џемови, пекмез, слатко, а слузи и како додаток за разни овошни колачи и торти.

ПОДГОТОВКА:

Во млекото измешајте ги интегралното брашно, овесните снегулки и какао.

Варете на тивок оган десетина минути, со непреќинато мешање, за кремот да се згусне.

Потоа оставете го кремот малку да се олади, па додадете му една лажичка мед.

Излупете ги крушите, исецкајте ги на коцкички или по должина, па прелијте ги со лимонов сок и посипете ги со мелени каранфилчиња.

Исецканите круши поделете ги во две чаши, па прелијте ги со подготвениот крем.


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 16:12

Крем со рум


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 250 грама Шеќер
  • 80 милилитри Рум
  • 1   Нишесте
  • 1000 милилитри Млеко
  • 2 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 60 грама Блага павлака
  • 60 грама Џем
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем со рум

ПОДГОТОВКА:

Млекото и дел од шеќерот се варат. Се остава малку да се подолади и се додаваат матените жолчки со нишестето. Се става на тивок оган и со непрекинато мешање се вари крем.

Одделно, 4 белки се матат во цврст снег со остатокот од шеќерот. Во кремот од жолчките, се додава 70 грама рум и белките, и се мешаат. Во чаши се става по една лажица џем, се дополнуваат со кремот.

Се остава кремот добро да се олади. Потоа во средината се капнува малку рум.


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 16:39

Крем од сливи


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 150 милилитри Црвено вино
  • малку   Цимет
  • 800 грама Суви сливи
  • 200 милилитри Сок од Малини
  • 1   Лимон/и
  • 30 милилитри Ликер од портокал
  • 250 грама Блага павлака
  • 100 грама Шеќер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем од сливи

ПОДГОТОВКА:

Измиените сливи исчистете ги од семките и исечете ги.

Шеќерот мешајте го на тивок оган додека не се стопи и не се карамелизира.

Потоа, карамелот прелијте го со сокот и мешајте додека не се стопи.

Сипајте ги во него виното, циметот, ренданата кора од лимонот и сливите. Смесата оставете ја да се олади.

Слатката павлака матете ја додека не се згусне, но не да се претвори во шлаг.

Во неа сипајте го ликерот. 

Распоредете ги сливите со добиениот сок во чаши, па прелијте ги со добиениот сок, па со изматената павлака.


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 16:39

Гриз со сливи


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 2   Шекер лажичка/ки
  • 200 милилитри Црвено вино
  • 1   Цимет
  • малку   Сол
  • 1000 грама Сливи
  • 30 грама Путер
  • 60 грама Ориз
  • малку   Нишесте
  • 500 милилитри Млеко
  • 30 милилитри Ликер од портокал
  • 1   Кора од лимон
  • 100 грама Гриз
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 30 грама Бадеми
  • 1   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Гриз со сливи

ПОДГОТОВКА:

Сварете го млекото со шеќерот и ренданата кора од лимонот, малку сол и путерот.

Потоа, додадете ги бадемите и гризот, па сето тоа варете го на тивок оган додека смесата не се згусне.

Одделете ја жолчката од белката, па жолчката изматете ја со ликерот и додадете ја во гризот.

Белката пенесто изматете ја и измешајте ја со гризот.

Гризот распоредете го во четири помали чинии и оставете да се олади.

Исцедете ги сливите и зачувајте го сокот. Измешајте го нишестето со четири лажици сок, а остатокот од сокот сварете го со виното, ванилин шеќер и циметот.

Додадете го во нив разматеното нишесте и сето тоа варете го со постојано мешање додека не се згусне. На крај ставете ги сливите и сето тоа распоредете го врз гризот.


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 16:41

Парфе од лешник


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 8   Шекер лажичка/ки
  • 100 грама Чоколадо
  • 200 грама Лешник
  • 500 грама Блага павлака
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 15 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Парфе од лешник

ПОДГОТОВКА:

Ја матиме павлаката со миксер. Откако шлагот ќе ја добие потребната густина го исклучуваме миксерот.

Ги кршиме јајцата и ги двоиме белките од жолчките.

Во садот со жолчките додаваме 4 лажици шеќер и матиме со миксер додека шеќерот не се растопи.

Со миксер ги матиме белките и додаваме 4 лажички шеќер.

Во садот со изматената павлака ги додаваме изматените белки, а потоа и изматените жолчки.

Потоа додаваме 200 грама мелени лешници.

Мешаме со лажица додека состојките не се соединат. Добиеното парфе го ставаме во готварски шприц.

Со помош на готварскиот шприц парфето од лешник го украсуваме со чоколаден крем.

Одозгора наросуваме мелени лешници.


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 16:42

Крем од вишни


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1   Шекер лажичка/ки
  • 400 грама Сирење
  • 3   Жолчка/ки
  • малку   Желатин
  • 100 грама Бисквити
  • 250 грама Џем од вишни


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 10 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем од вишни

ПОДГОТОВКА:

Изматете го жолчките и шеќерот, па додајте маскарпоне сирење и ликер.

Растопете го желатинот во ладна вода и изматете, па додајте го постепено во кремот.

Бисквитите издробете ги на покрупни парчиња и измешајте ги со кремот од маскарпоне сирење, па ставете ја смесата во една поголема или 4 помали чинии.

Ставете во фрижидер околу 30 минути.

Пред служењето додајте го остатокот од бисквитите, неколку вишни и сок од теглата со слатко.


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 89376
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Септември.2013 во 16:43

Крем од тиква


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 50 грама Шеќер
  • 500 грама Тиква
  • 100 грама Ореви
  • 80 милилитри Млеко


  • Време за подготовка: 10 мин.
  • Време за готвење: 10 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Крем од тиква

ПОДГОТОВКА:

Тиквата се вари, потоа се пасира и се посипува со шеќерот и се додаваат се мелените ореви.

Потоа се додава млекото, па се меша со тиквата.


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2015 во 14:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.