IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Мафини
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мафини

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678>
Автор
Порака
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 12:16

Мафини на англиски начин


Ако се одлучите да појадувате на англиски начин, тогаш подгответе се за калориска бомба која ќе ви експлодира во устата при првиот залак.

mafini-na-angliski-nacin-pojadok-za-poinakov-pocetok-na-denot-1-

Овој појадок е направен од: пржена сланина, пржени јајца, тост леб, препречен грав, пржени колбаси и печурки, домат, компир и задолжителна чаша сок од портокал.

Заради обилност, во Англија овој појадок не се консумира често, туку обично за викендите кога луѓето имаат повеќе слободно време за да го подготват.

Ако сте обожаватели на пржени јајца и крцкава сланина, тогаш задолжително пробајте го овој англиски рецепт:

Потребни состојки (за 9 мафини):

  • 9 јајца
  • 15 тенки парчиња тост леб
  • 9 парчиња тенка сланина
  • 100 грама стопен путер
  • Калап за мафини


Подготовка:

1. Секое парче тост добро протапкајте го со помош на рацете, со цел да не се распука додека го ставете во калапот за мафини. Исечкајте го со помош на чаша или калап во облик на круг, па потоа секој дел пресечете го уште на два дела за да добиете полумесечина. Пресечете уште неколку парчиња на уште помали делови, бидејќи ќе ги требаат за дното на калапот.

P9200001


2. 
Сланината пропржете ја кратко на тавче, а потоа калапот за мафини премачкајте го со дебел слој од претходно стопениот путер. Потоа, во секоја дупка во калапот ставете по две или по три парчиња тост, зависи колку се големи дупките, свртени кон врвот. Добро притиснете со рацете, со цел тостот да се залепи за калапот, а на дното од секоја дупка ставете од малите исечкани парчиња тост.

P9200002


3. 
Над секоја дупка сега ставете од пржената сланина, а над неа скршете по едно јајце и малку посолете.Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, од прилика 20-тина минути, односно мафините ќе бидат готови штом се испечат јајцата.

mafini-na-angliski-nacin-pojadok-za-poinakov-pocetok-na-denot-2jpg


Внимателно извадете ги мафините од рерна и послужете ги додека се топли заедно со сечкан домат или пиперка. 

mafini-na-angliski-nacin-pojadok-za-poinakov-pocetok-na-denot-3jpg

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2015 во 17:17

Неодоливи мафини со лимон кои се топат во уста


Меко тесто и неодолив фил со лимон кој ќе ги освежи сите ваши сетила.

Потребни состојки:

  • 3 шолји брашно
  • Кесичка прашок за пециво
  • Пола лажичка сол
  • 1 шолја несолен путер
  • 2 шолји бел шеќер
  • 4 јајца
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 2 лажици лимонова кора
  • 1 шолја полномасно млеко
  • 4 лажици свеж сок од лимон
  • 2 шолји слатка павлака
  • ¾ шолја шеќер

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 190 степени. Во калапот за мафини ставете книжни корпички.

2. Измешајте го брашното со прашакот за пециво. Во друг сад, измиксајте го несолениот путер и шеќерот, се додека смесата не стане соединета. Потоа едно по едно додадете ги јајцата и цело време мешајте ги состојките. Сега во смесата сипете го екстрактот од ванила и лимонова кора.

3. Брашното (од првиот сад) сипете го во смесата со путерот (во вториот сад). Во смесата наизменично додавајте млеко, лимонов сок и брашно. Цело време со миксер миксајте ги состојките.

4. Кога тестото е готово, сипете го во подготвените корпички за капкејк, притоа полнете ¾ од корп**ката. Во загреаната рерна печете ги колачите околу 17 минути. Кога ќе бидат готови, оставете ги добро да се изладат.

5. За подготовка на кремастиот фил, сипете ја слатката павлака во сад и матете со миксер, се додека таа не започне да се згуснува. Постепено додавајте шеќер и сок од лимон, цело време миксајќи ги состојките. Кога филот ќе биде готов, украсете ги капкејковите со крем од лимон, кој ќе се топи во уста!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2015 во 22:10

МАФИНИ СО ЈАЈЦА И СЛАНИНА

mafini so jajca i slanina

Потребни состојки:

400 гр. брашно

1 лажичка сол

1 прашок за пециво

½ лажичка шеќер

200 гр. сланина

200 гр. кашкавал

7 јајца

50 гр. путер

2 лажици ситно сецкан власец

250 мл. млеко

Припрема:

Исецкајте ја сланината и испржете ја во масло на оган се додека не стане крцкава.

Изматете го брашното, солта, прашокот за печиво, кашкавалот, власецот и сланината. Во посебен сад изматете го млекото со едно јајце и додадете го во смесата со брашно, заедно со растопениот путер. Мешајте се додека смесата не се изедначи.

Калапите за мафини намрсете ги со путер. Во секој калап ставете од смесата до половина, па скршете по едно јајце. Потоа додадете уште неколку лажици од смесата, така да го покриете јајцето.

Печете во загреана рерна 20тина минути на температура од 190 степени целзиусови се додека мафините не добијат златно румена боја. Оставете ги да се изладат 5 минути пред послужување. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2015 во 08:40

ПОРТОКАЛОВ МАФИН

мафин
:
  • 1 портокал
  • 200мл сок од портокал
  • 1 јајце
  • 125гр путер
  • 150гр брашно
  • лажица прашок за пециво
  • лажица сода бикарбона
  • малку сол
  • 80гр шеќер
  • кесичка шлаг
  • изрендана кора од портокал

Начин на подготовка:

Потокалот исечете го на парчиња, извадете ги смеките и изблендајте заедно со сокот. Во тоа измешајте јајца и путер, а потоа и брашно со сода бикарбона, прашок за пециво, сол и шеќер. Смесата ставете ја во корпици за мафини, украсете со шлаг и кора од портокал.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2015 во 09:12

МАФИНИ СО МУС ОД КОСТЕНИ

kolac od kosteni
Потребни состојки:

  • 600гр пасирани костени
  • 240гр шеќер во прав
  • 240гр слатка павлака
  • лажица рум
  • 20гр бисквити

За чоколаден мус:

  • 5 белки од јајца
  • 600гр чоколадо
  • 1л слатка павлака

Начин на подготовка:

Соединете ги костените, румот и шеќерот во прав и додадете изматена слатка павлака. За мус растопете чоколадо и изматете слатка павлака. Изматете ги белките и во нив додадете стопено чоколадо, а потоа и изматена слатка павлака. На дното на калапите ставете бисквит, додадете мус, а преку него смеса од костени.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 16:04

МАФИНИ СО МАК

мафини

Потребни состојки:

  • 70гр путер или маргарин
  • 140гр шеќер
  • кесичка ванилин шеќер
  • 2 јајца
  • 140гр мелен афион
  • лажица цимет
  • сок од половина лимон
  • 140гр брашно
  • кесичка прашок за пециво
  • 170мл млеко

За декорација:

  • слатко од слива
  • шлаг
  • мак

Начин на подготовка:

Изматете путер или маргарин со шеќер и ванилин шеќер. Посебно изматете ги жолчките, циметот, сок од лимон, па соединете со изматен путер. Истурете го млекото и брашното помешано со прашок за пециво, со постојано мешање. На крајот додадете ги пенасто изматените белки. Смесата разлијте ја во подмачканите модли за мафини. Печете околу 40 минути на 180 степени. Изладените мафини премачкајте ги со тенок слој на шлаг, посипете по краевите со мак, а во средина ставете една лажица слатко од слива.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2015 во 09:24

ЕКСПРЕС МАФИНИ ВО ФИЛЏАН

26

Состојки:

4 лажици брашно

4 лажици шеќер

2 лажици какао

1 јајце

3 лажици масло

3 лажици млеко

Подготовка:

Се мешаат брашното, шеќерот и какаото во чаша за чај.

Се додава едно јајце и треба добро да се измати.

Додадете млеко и масло и уште еднаш добро измешајте.

Се пече во микробранова на највисока температура 3 минути.




Изменето од Valerija - 31.Август.2015 во 09:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2015 во 19:40

Омилен десерт: Мини чоколадни мафини


Меки мафини со вкус кој воодушевува!

Потребни состојки:

  • 1 јајце
  • 2 лажици шеќер
  • Пола лажичка ванилин жеќер
  • Пола лажичка прашок зз пециво
  • 125 гр. брашно
  • 125 гр. јогурт
  • 35 мл. масло
  • Пола лажичка какао
  • 50 гр. млечно чоколадо
  • Пола лажичка цимет

Подготовка:

Вклучете ја рерната да се загрее на 220 степени. Искршете го чоколадото на ситни парчиња. Доколку сакате појак вкус наместо млечно чоколадо користете и чоколадо за готвење

Со миксер изматете ги прво јајцето, шеќерот и ванилиниот шеќер, потоа додадете јогурт, масло, прашок за пециво, какао и цимет. Кога сето тоа добро ќе се соедини додадете брашно. Матете додека масата не се соедини. Додадете чоколадо и измешајте.

Подготвената смеса рамномерно распоредете ја во подмачканите калапите и ставете да се пече. Смесата е доволна за еден плех со мини мафини. Доколку сакате повеќе тогаш удвојте ги состојките.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Октомври.2015 во 21:36


Мафини со тиква
Мафини со тиква
Мафини со тиква

СОСТОЈКИ

450 грпире од печена тиква
1 ¾ шолјибрашно
1 шолјабел шеќер
½ шолјакафеав шеќер
2 лажичкицимет
¼ лажичкамелено каранфилче
¼ лажичкаморско оревче
1 лажичкасода бикарбона
½ лажичкасол
1 лажичкаекстракт од ванила
2јајца
½ шолјамасло

ПОДГОТОВКА

  1. Исечете ја тиквата и отстранете ги семките. Покријте ја со алуминиумска фолија и печете ја околу еден час во загреана рерна на 200°С. Откако ќе се олади, со лажица извадете ја внатрешноста. Ставете ја во блендер или убаво испасирајте, за да добите пире.
  2. Премачкајте ги формите за мафини со малку путер или маргарин и оставете ги настрана.
  3. Во длабок сад ставете ги сите суви состојки, односно брашното, белиот и кафеавиот шеќер, солта, содата, циметот, каранфилчето и морското оревче. Промешајте.
  4. Во друг сад ставете ги јајцата, пирето од тиква, маслото и екстрактот од ванила. Промешајте со маталка, но не премногу и така добиената смеса турете ја во садот со сувите состојки. Добро промешајте со лажица.
  5. Ставете од смесата во формите за мафини и печете на 190°С околу 20 минути.


Изменето од Valerija - 15.Октомври.2015 во 21:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Октомври.2015 во 19:56

Есенски вкусно: Мафини со јаболки


Јаболкото е можеби најфантастичното овошје. Особено на есен, тоа е пристуно во секој дом, а со него може да се направат најдобрите и највкусните десерти. Мафините со јаболки се само дел од тие превкусни десерти, а ние ви нудиме еден таков со кој ќе ги затоплите ладните и дождливи есенски денови.



Потребни состојки

  • 250 грама брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 1/2 лажица сол
  • 2 лажица цимет + ½ за прелив
  • 3 покрупни јаболки излупени и исечени на ситни коцки
  • 100 грама путер (на собна температура)
  • 200 грама шеќер
  • 2 големи јајца
  • 2 лажички ванила екстракт
  • 120 грама млеко

Плус:

  • 120 грама стопен путер
  • 50 грама шеќер
  • 50 грама цимет


Подготовка:

Загрејте ја претходно рерната на 180 степени Целзиусови. Во еден подлабок сад ставете го брашното, прашокот за пециво, циметот и солта и добро промешајте ги. Во друг сад ставете ги исецканите јаболка и посипете ги со 2 лажици брашно и промешајте ги добро сите исечкани делчиња да се обложат со брашното.

Во трет сад пак со мискерот измиксајте ги путерот и шеќерот додека не омекне и смесата не стане хомогена. Додајте ги јајцата едно по едно, млекото и ванила екстрактот, а потоа и јаболката и на крајот и смесата со брашното од првиот сад.



Добиената смеса ставете ја во калапи за мафини обложени со хартиени молди за мафини и печете ги на 180 степени околу 20-25 минути или додека не ставите чепкалка во тестото и не излезе чепкалката без трошки.

Кога ќе ги извадите од рерната ставете ги мафините од горната страна во стопениот путер, а потоа и во микс од шеќер и цимет. 



Сервирајте топло.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2015 во 13:36

Совршен есенски десерт: Банана мафини


Оваа недела ви претставивме повеќе десерти со јаболки, но на ред дојде уште едно овошје кое е совршено за есенски десерти. Бананата. 

Десертите, а особено мафин десертите со банана се превкусни и здрави, а особено овој ќе ги задоволи дури и најпребирливите вкусови.



Состојки:

  • 3 зрели банани
  • 200 гр. шеќер
  • 2 јајца на собна температура
  • 170 мл зејтин
  • 260 грама брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 3 лажици млеко



Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.

Испасирајте ги бананите додека не добиете пире, а потоа во садот со бананите додадете го шеќерот и добро измиксирајте додека смесата не стане хомогена и шеќерот не се стопи. 

Откако ќе стане смесата хомогена во садот полека доадете едно по едно од јајцата и повторно миксајте. Додадете го зејтинот и млекото и на крајот брашното и прашокот за пециво.



Миксајте ја смесата уште 1-2 минути, а потоа од неа ставете во калапите за мафини. 

Печете на 180 степени Целзиусови 20-25 минути. 

Кога целосно ќе се оладат посипете ги мафините со шеќер во прав или шеќер во кристали.

Добар апетит.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Ноември.2015 во 08:16

Dave’s Kitchen: Мафини со кафе за совршен почеток на денот


Утро...Додека се расоните и да се подготвите за одење на работа сигурно го започнувате денот и со топла шолја кафе. Од утре вашиот утринските ритуал збогатете го со мафини со неодолив мирис и вкус на кафе.

Потребни состојки:

1 смеса

  • 4 јајца
  • 180 мл масло за јадење
  • 100 гр растопен путер
  • 150 гр. шеќер
  • 120 мл. вода
  • 240 гр. брашно
  • 2 и пол лажички пециво
  • прстофат сол

2 смеса со кафе

  • 1 лажица инстант кафе
  • 2 лажици какао
  • 1 лажица шеќер

Ронливо тесто

  • 80 гр. брашно
  • 4 лажици шеќер
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка пециво
  • 4 лажици растопен путер

Начин на подготовка:

Во длабок сад измешајте ги влажните состојки (јајцата, маслото за јадење, путерот, шеќерот, водата) Оставете на страна. Во друг длабок сад измешајте ги сувите состојки (брашното, пецивото прстофат сол). Потоа спојте ги влажните со сувите состојки.

За смесата со кафе најпрвин во сад измешајте ги кафето, какаото и шеќерот и оставете ги на страна. 

Во друг длабок сад измешајте го брашното, шеќерот, циметот, пецивото и растопениот путер. Треба да добиете ронливо тесто кое ќе го ставите одозгора врз мафините. 

Калапот за мафини премачкајте го со растопен путер и нанесете 2 лажички од првата смеса, потоа нанесете една лажичка од смесата со кафето и какаото и повторно нанесете од смесата за мафини. Со помош на чепкалка направете нежни кружни движења во секој од мафините за да се направи шара. Одозгора нанесете од ронливото тесто. Печете на 200 степени од 18-20 минути. 

Повеќе рецепти од кујната на Давор пронајдете на неговата FB странаDave’s Kitchen.



Изменето од Valerija - 22.Декември.2015 во 17:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2015 во 19:21

Мафини со спанаќ и сирење


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

– 1 чаша бело брашно

– 1 чаша пченкарно брашно

– 1 мала павлака

– 300 гр фета сирење

– 200 гр крупно исечен спанаќ

– 1 кесичка прашок за пециво

– 1/2 чаша масло

– 3 јајца

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изматете ги јајцата, павлаката и маслото. Во одделен сад, помешајте ги брашното, прашокот за пециво и на крајот додадете ја и мешавината од јајца. Додадете сирење и спанаќ. Загрејте ја рерната на 200 степени. Во калап за мафини прелиете го тестото и печете додека мафините не нараснат и не поруменат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2015 во 17:04

Празнични мафини: Магија за сечија трпеза


    Како што ни се доближуваат новогодишните празници, така и љубителите на декорациите почнуваат со својата потрага за оригинални декоративни идеи и десерти. За да ви олесниме во потрагата, решивме да ги споделиме овие одлични колачи во облик на снежни кугли кои без сомнение ќе бидат најоригиналниот и најкреативниот украс на вашата трпеза…

(1) Празнични мафини: Магија за сечија трпеза

Потребни состојки:
  • Готови мафини
  • 12 листови желатин
  • Ледена вода
  • 8 балони
  • 8 дрвени стапчиња
  • Леплива трака
  • Парче стиропор
  • Спреј за десерти (можете да го направите сами: во чиста боца со распрскувач поставете малку растително масло и течен лецитин во ист размер)
Начин на подготовка:

(2) Празнични мафини: Магија за сечија трпеза

Во чинија со ледена вода ставете ги желатините, еден по еден, и оставете ги да отстојат 10 минути. Откако ќе омекнат, извадете ги од водата и нежно истиснете го вишокот вода од нив, па префрлете ги во мало тенџере. Додадете им 3 лажици вода и загревајте ги на тивок оган сè додека не се растопат. Оставете ги малку да се оладат, но внимавајте да не претерате и тие целосно да се стврднат. Во тој случај, загрејте ги повторно.

Додека желатинот се лади, надувајте 8 балони со големина на калапот за мафини кој го имате и залепете ги со лентата на стапчињата. Испрскајте од спрејот на вашите дланки и потоа нежно премачкајте ги балоните сè додека маслото не се впие целосно. Балоните не смеат да бидат сјајни и масни. Оладениот желатин ставете го во шолја со ширина на балонот и доволна длабочина да може тој целосно да се потопи. Откако ќе го потопите балонот во желатин, оставете го да отстои 10-тина минути. Балоните се подготвени тогаш кога веќе нема да бидат лепливи на допир.

Повторете го потопувањето во желатин, но овој пат поставете ги балоните на стиропорот и оставете ги да отстојат 24 часа на собна температура. Откако желатинот на балоните ќе стане цврст, вие сте спремни за следниот чекор. Со цел да ги одвоите куглите желатин од балонот, исечете го онаму каде се спојува со стапчето. Балонот ќе се издува, па потоа лесно ќе можете да го извлечете. Доколку не се одвои веднаш, дадете му време да отстои (од 5 до 45 минути).

Отворот на секоја од куглите обликувајте го со ножици, така да што да одговора на секој мафин. Пред да ги нанесете куглите на мафините, секој од колачите премачкајте ги со бел крем по избор и посипете ги со кокос, со цел да изгледаат снежно. На секој мафин поставете и шеќерна декорација во празничен дух, како Дедо Мраз, Снешко, ирваси, елки… И за крај затворете ги со куглата од желатин. Сите ваши роднини и пријатели ќе бидат воодушевени.




Изменето од Valerija - 22.Декември.2015 во 17:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.