Испечати | Затвори го прозорот

Мафини

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Здравје
Име на форумот: Исхрана и кулинарство
Опис на форумот: Еднаш се живее... здраво или нездраво?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=26655
Датум на принтање: 12.Декември.2024 во 00:37
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Мафини
Постирано од: Valerija
Наслов: Мафини
Датум на внесување: 18.Септември.2013 во 17:18
Посни (+ диетални) тропски мафини.

Ако постите или сте перманентно на диета,ова е фантастичен рецепт за вас. Овие мафини се супер вкусни, а сите состојки се здрави и имаат малку калории. Во нив нема ни зејтин, ни путер ни јајца. Дури нема ни шеќер! Најпрактично од се, во овој рецепт ќе најдете едноставна (и посна) замена за јајца која може да ја користите и за други рецепти за печени колачи и мафини, па дури и за палачинки.

Посната замена за јајца се прави едноставно: со мелено ленено семе и вода. Најдобро е лененото семе да го смелете во мелница за кафе (или ако немате мелница за кафе, пробајте во блендер). 1 јајце = 2 лажици мелено ленено семе + 3 лажици вода. Измешајте ги двете состојки и оставете ги да стојат околу 5 - 10 минути. "Јајцето" за тоа време ќе се згусне. Зголемете ги количините на состојки во зависност од бројот на јајца кои ви се потребни.
Слика

за сувиот дел од тестото
3/4 чаша овесно брашно
2/3 чаша интегрално или обично брашно
1 лажиче прашок за печење
1 лажиче сода бикарбона
1 ронка сол
1 чаша кокос

за влажниот дел од тестото
2 лажици мелено ленено семе + 3 лажици вода
1 банана, испасирана
пола чаша мед (или јаворов сируп)
1/4 чаша сок од лимон (1 лимон)
1/4 чаша соино млеко (или оризово млеко, ако имате оризово во прав, измешајте го со вода според инструкциите на пакувањето)

Измешајте ги сите суви состојки во една голема посуда. Во помала посуда измешајте го течниот дел. Додајте го течниот дел во сувото тесто и измешајте ги убаво со лажица (миксер не е потребен). Во тавчето за мафини ставете хартиени чашки за мафини (без нив ќе мора да го измачкате тавчето со масло за да не ви се лепат). Може да користите и силиконски чашки. Ако немате тавче за мафини, можете да го печете тестото како колач, во широко тавче, за да не биде премногу високо колачето. За да не се лепи покријте го тавчето со хартија за печење. Печете ги на 180 степени, околу 25 минути. Уживајте!

Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Коментари:
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 13:28
Кој не ги знае?
Кој не ги сака?
Мафините во последно време се застапени во сечија кујна. Солени, благи, со декорација (како капкејк) или без, тие се дел од нашето секојдневие. 
Но има 1001 начин да се подготват. Чоколадни, со џем, со сирење, со јогурт или без.
Ако не стигнеме до 1001, да стигнеме барем до 101голема насмевка




Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 13:29

МАФИНИ СО ТИКВИЧКИ И ФЕТА СИРЕЊЕ


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

3 јајца

100мл млеко

100мл маслиново масло

60гр фета сирење

2-3 лажичиња црни маслинки

300гр брашно

1 пециво

2 тиквици

Сол

Бибер

Оригано

ПОДГОТОВКА:

Со миксер изматете ги јајцата, млекото, маслото, фета сирењето и крупно исецканите маслинки. Измешајте ги брашното и пецивото, па додадете ги во смесата од јајца. Ставете сол и бибер по вкус. Крупно изрендајте ги тиквичките во садот со тестото. Додадете оригано и повторно се добро измешајте со дрвена лажица. Распоредете ја смесата во калап за мафини обложен со хартиени кошнички, до 2/3 висина од калапот. Печете во загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути.




Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 13:31

МАФИНИ ОД ВАНИЛА СО НУТЕЛА


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 јајце

*2пак. ванила

* 150гр шеќер

* 150мл млеко

*250гр брашно

* 1 лажица прашок за пециво

* 2гр сол

* 140гр стопен путер

ЗА КРЕМОТ:

* 80гр крем сирење

* 120гр крем “Нутела”

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во длабок сад ги мешаме сувите состојки – брашното, пецивото, солта, шеќерот и ванилата.
Во друг длабок сад ги мешаме течните состојки – јајцата, путерот и млекото.
Внимателно ја истураме сувата смеса во течната. Малку мешаме, но не со миксер.
Готовата смеса со лажица ја ставаме во претходно подмачкани форми за мафини.
Ги печеме во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 15-20 минути.
Во меѓувреме го подготвуваме кремот.
Внимателно го мешаме кремот нутела и без да запираме го додаваме и крем сирењето. Мешаме полека до добивање на хомогена смеса.
Готовиот крем го ставаме во шприц и го додаваме врз мафините, откако ќе се оладат.
Украсуваме по желба.





Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 13:41
Побрзо и поедноставно здравје, а и вкусни се среќа




-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 13:45
Овие се навистина добри, а и не мора да се мачиш да мериш, па дали си погодила или не. Стави, измешај и печиголема насмевка
И сочни се!


Постирано од: Schatzii7
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 13:46
Баш така среќа ги има и различни видови,
само ги нема баш во сите маркети.


-------------
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 14:11
Само во поголемите ги имам видено. Инаку и тие што се продаваат во КАМ не се лоши а поефтини сесреќа
Овие ги правев, одма се изедоа.


МАФИНИ “РАФАЕЛО“

Потребни намирници:

80 гр масло за јадење

50 гр млеко од кокос

200 гр млеко

5 јајца

0,5 кафена лажичка сол

10 гр прашок за пециво

150 гр шеќер

350 гр брашно

За филот:

80 гр стругатинки од кокос

150 гр шеќер во прав

70 гр путер

400 гр крем сирење Филаделфија

Начин на подготовка:

  1. Ги мешаме сувите компоненти во голем сад и мешаме добро. Правиме отвор во средината и го тргаме садот на страна.
  2. Во друг сад ги матиме јајцата со маслото и двата вида млеко. Ја исипуваме смесата во садот со сувите компоненти и мешаме 3-4 пати. Со добиената смеса полниме формички за мафини.
  3. Печеме во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути.
  4. За полнежот: Го матиме сирењето и путерот со миксер,  го додаваме шеќерот во прав и мешаме додека се обрзува густ и цврст крем.
  5. Готовиот крем со шприц го нанесуваме врз мафините откако 10 минути ќе се оладат и поросуваме со стругатините од кокос.




Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 14:39
ШУМСКИ МАФИНИ

Потребни состојки:

За мафини:

  • 100гр путер
  • 250гр пире од костен
  • 2 јајца
  • 75гр шеќер во прав
  • 125 брашно
  • 2 лажици прашок за пециво

За крем:

  • 250гр пире од костен
  • 2 лажици млеко
  • 100гр шеќер во прав
  • кесичка ванилин шеќер
  • 2 лажици рум
  • 500мл слатка павлака
  • 12 коцки чоколадо

За декорација:

  • 12 варени костени
  • лажица путер
  • 50гр шеќер

Начин на подготовка:

Растопете го путерот, тргнете од оган, додадете пире од костени, па измиксирајте. Потоа измешајте јајца и шеќер да добиете изедначена смеса. Додадете брашно измешано со прашак за пециво, добро измешајте и со оваа смеса полнете ги калапите за мафини, но до половина. Потоа ставете коцка чоколадо, па наполнете ги калапите до крај. Печете 20 минути на 180 степени. За крем, пирето од костен помешајте го со млеко и испасирајте. Соединете со шеќер, ванилин и рум. Цврсто изматете слатка павлака и соединете со пире од костен. Смесата ставете ја во шприц за колачи и филувајте ги оладените мафини.





Постирано од: brza
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 14:45
...uff...ne mi prai ligi...jas sum po blagoto...


...ili bash zatoa  i pravish?збунетост


-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 14:51
Точен одговор брза! Ајде да те видам на дело лакомост


мафини од јаболка


Состојки

  • 1/2 филџан путер ( Мек да биде) 125 мл
  • 1 филџан шеќер (250мл филџан)
  • 1 1/2 лајца пециво
  • 1/2 мало лајче сол
  • 1 ванила
  • 1/2 мало лајче цимет
  • 2 јајца
  • 200 мл млеко
  • 500 гр брашно
  • 2-3 јабока . ситно и слабо сецено

Подготовка

1. Пуштете ја реланата да се стопли на 180.
2. Со миксерот измешајте го путерот, шеќер, пециво, сол, ванила и цимет околу 2 минути.
3. Се додаваат јајцата и млекото и мешаме со миксерот околку 2 минути.
4. Се додава брашното. Се меша убаво и се додава јабоката.
5. Мафините ги печеме во хартиени корпички за слатки.

Излегуваат 12 муфини ако ги користиме големите хартиени корпички, а појке можите да извајте ако не ги полните до горе…
мене ми земват 40 мин да се испецат а кај вас треба да видите со цеткалица ако се поленти догоре појке ако ги прајте помали околу 30 мин.




Постирано од: brza
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 15:27
.Ev......sheta shto ne se jadat slikive,тага...ama i toa ke napravat eden den .да

-------------
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:14
Мафини со грашок

Слика

Состојки:
- 100 гр. грашок
- 200 гр. пченкарно брашно
- 100 гр. пченично брашно
- 1 кесичка прашок за печиво
- 2 јајца
- 1 дл. масло
- млеко по потреба
- една лажичка сол
- едно гранче зачин
- 50 гр. рендан пармезан

Подготовка:
Грашокот обарете го и оставете го да се исцеди. Измешајте ги двете врсти на брашно со прашокот за печиво, додадете ги сматените јајца, маслото, посолете и сипете толку млеко како би се добило маса со средна густина. Сето ова помешајте го со грашокот и ситно исечканите зачини. Потоа сипете ја во претходно обложените калапи. Одозгора наросете ги со пармезан и печете половина час во претходно загреана рерна на 200 степени.

Слика


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:17
Мафини со маслинки

500 гр брашно
1 прашок за пециво
3 јајца
250 мл јогурт
200 мл масло (маслиново, но и со сончогледово се супер)
100 гр издробено сирење (отприлика му ставам, колку 1 филџан)
200 гр исецкани маслинки
лук во прав

Ги бијам состојките одеднаш со миксер, ја ставам смесата во калапи, претходно измачкани со путер (Првокласен маргарин Кристал).
Ич да не се мачите со хартиените калапи. Можеби навистина е полесно во нив, особено за чистење, ама многупати досега ми се залепиле во нив, зашто составот им бил различен од универзалните. Плус, со маргаринот директно во калап добива многу подобар вкус.

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:18
Мафини со банана


200г брашно
1 прашок за пециво (или лажичка прашок со лажичка сода бикарбона)
пола лажичка сол
3 голами банани, испасирани
150г шеќер
1 јајце
80г растопен путер

Се загрева рерната на 175С. Се мачкаат модлите, или се користат хартиени калапчиња  Се меша брашното, прашокот за пециво и солта.
Бананите, шеќерот, јајцето и растопениот путер се мешаат заедно (најлесно со миксер). Се додава смесата со брашното и се меша додека се добие еднородна смеса. Се става во калапите.
Се пече 25-30 минути во претходно загрената рерна.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:19
Слика


Мафини со цимет и јаболка


2 рендани јаболки
2 ч. брашно
1/2 чаша кафеав шекер
1 л . пециво
1/2 лажица цимет
35 гр. ореви
250 мл. млеко
1/3 чаша масло
2 јајца

Се рендаан двете јаболки. Во еден сад се ставаат брашното , шекерот , циметот и пецивото.Се прави една дупка во средината и се додаваат ситно сецканите ореви. Во друг сад се ставаат млекото , зејтинот , и јајцата и се мати со миксер. Потоа течните состојки се додаваат во другиот сад и се добро се меша со лажица. Се печат во загреана рерна на 180 степени.По желба се поросува со прав шекер

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:20
Мафини со тиква

(за 12 мафини)

1,5 шоља брашно
пола шоља шеќер или мед
1 прашок за пециво
1 лажичка цимет + ако сакате и ѓумбир, каранфилче, пимент, морско оревче
1 јајце
пола шоља млеко или јогурт
1 шоља динстана тиква
1/4 шоља зејтин

Измешајте сé и сипете во подмачкано тавче за мафини или во тавчето ставете хартиени чашки за мафини и печете ги мафините околу 20 мин. на 250°C.

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:21
Мафини од тестенини
Состојки:

- 300 гр макарони
- 150 гр салама
- 150 гр кашкавал
- 120 мл јогурт
- 2 јајца
- сол, оригано, црн бибер

Подготовка:

Сварете ги макароните, исцедете ги и претурете ги во подлабок сад. Изрендајте ја саламата и кашкавалот, додадете ги зачините и промешајте.
Настрана изматете ги јајцата со јогуртот и додадете ги во макароните. Убаво измешајте.
Калапите за мафини намастете ги и со црпакла полнете ги до горе.
Премачкајте ги со јогурт одозгора и нарендајте малку кашкавал. Во средината ставете кругче зелена масликна за декорација.
Печете на 200 степени околу 15на мин. Оставете да оладат доволно за да можи да се извадат од калапите. Декорирајте по желба.

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:23
Чоколадни мафини

чоколадни мафини:
Cocтојќи:
120 гр. чоколадо
100 мл. млеко
1 лажица нес кафе
250 гр брашно
1 пециво
3 јајца
100 гр. шеќер во прав
50 гр. суво грозје
Подготовка:

Во тенџере се ставаат чоколадото и маргаринот и се топат на пареа. потоа се додаваат млекото и нес кафето. Cе трга настрана и се додаваат јајцата претходно убаво изматени се мати се со лажица и се додава сувото грозје и сецканото чоколадо. Cе печат во модлици .


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:23
Мафини со кокос

Потребни состојки:
150гр шеќер
120гр путер
2 јајца
300гр брашно
100гр кокосово брашно
250мл млеко
Кора од еден лимон
2 лажици какао
1 лажица бадемово масло
Прашок за печиво
Ванилин шеќер
50гр кокос

Припрема:
Во посебен сад матете ги путерот и шеќерот со миксер и постепено додавајте ги јајцата едно по едно. Во оваа смеса додајте го прашокот за пециво, брашното, кокосовото брашно, кората од лимон, бадемовото масло, какаото и млекото, па мешајте се додека смесата не се соедини.
Оваа приготвената смеса сипете ја во калап за мафини кој претходно сте го намрсиле со путер. Печете на температура од 180 степени целзиусови околу 30тина минути.
Извадете ги мафините од рерна, послужете ги во чинија за сервирање и врз нив посипете кокос. Добар апетит!

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:25
Мафини со банана, цимет и мед

Порции

12 лица

Состојки

300 гр. брашно саморастечко
1 лажичка прашок за пециво
1/2 лажичка сода бикарбона
1 лажичка цимет
100 гр. кафеав шеќер
сол
75 гр. путер стопен
125 мл. млеко
2 лажици мед
1 лажичка екстракт од ванила
2 јајца
2 банани испасирани

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во тавче за 12 мафини ставете хартии за печење во секое калапче или намрстете ги со путер. Во брашното додадете го прашокот за пециво, сода бикарбона, цимет и прстофат сол. Додадете го и шеќерот и промешајте. Во друг сад измешајте ги растопениот путер, млекото, медот, јајцата, бананата и екстрактот од ванила и мешајте додека не се соедини смесата. Во брашното направете дупка и додадете ја смесата со бананите. Измесете за да се соединат состојките (не месете премногу). Распоредете ја смесата во тавчето за мафини и печете околу 20 минути.

На здравје!

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Септември.2013 во 16:34
Мафини со боровинки

50 гр овесни снегулки
150 гр интегрално пченично брашно
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
60 мл сончогледово масло
100 гр мед
3 лажици вода
1 јајце
Сок од половина лимон или лимета ( околу 30 мл )
300 гр свежи или замрзнати боровинки
Свежо изрендана кора од лимон

Повторно, сувите состојки посебно се мешаат, па јајцата со останатите состојки. Се заедно и на печење :)


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 04:26
Здрави солени мафини

Состојки

  • 2 моркова
  • 1 средна тиквичка
  • 4-5 листа блитва
  • 1 средна главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 100гр. шунка
  • 100-150гр. сирење
  • 4 јајца
  • 1 чаша (од 250мл.) брашно
  • 1 пециво
  • 1/4 чаша јогурт
  • 1/4 чаша зејтин
  • по вкус сол

Подготовка

Рецептче и за најмалите, зеленчук спакуван во шарени мафини, убав начин децата да се привикнат да јадат зеленчук од мали нозе.

1. Морковите излупете ги и изрендајте ги на крупната страна од рендето. Исто и тиквичката и послете ја за да се ослободи течноста. Блитвата исечкајте ја ситно и посолете малку за и таа да испушти течност. Во поголем сад ставете го зеленчукот (блитвата и тиквичката убаво исцедени), па додадете го брашното и со рацете благо промешајте за да брашното убаво се распореди на зеленчукот. Потоа додадете ја и ситно сецканата шунка и пецивото и уште еднаш промешајте со рацете.
Во тава со малку зејтин пропржете го ситно сецканиот кромид и протиснатото лукче колку само да фатат боја па тргнете на страна.
2. Со вилушка изматете ги убаво јајцата па додадете во садот со зеленчукот и убаво промешајте со лажица. Додадете го јогуртот и зејтинот и продолжете со мешање додека добиете убава смеса. На крај додадете ги испржениот кромид и лукче и дробеното сирење, промешајте убаво и спремни сме за полнење на калапот.
3. Калапот за мафини намрсете го убаво со маргарин (или директно во хартиени корпици ако сакате) и наполнете го скоро до горе. Ставете да се пече во загреана рерна 180С околу 20-25 мин. Извадете, оставете да се оладат па послужете ги со чашка јогурт.
Од оваа доза излегуваат 12 мафини.




-------------
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 20:51

Шпански мафини

Шпански мафини

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 250 грама Шунка
  • малку   Сол
  • 200 грама Сланина
  • 250 грама Сирење
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 200 милилитри Масло
  • 200 грама Кисели пиперки
  • 200 грама Кисели краставички
  • 400 грама Брашно
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Мафините потекнуваат од Англија и во почетокот биле подготвувани со квасец.

Подоцна започнало нивното подготвување и во Америка, а од таму и во целиот свет.

ПОДГОТОВКА:

Изматете ги јајцата со жица за матење палачинки, па додадете ги маслото и брашното со печивото.

Поврзете ги состојките и вмешајте ги наведените исецкани продукти.

Калапите за мафини намачкајте ги со маргарин и наполнете со подготвената смеса, но само до 2/3 од висина.

Мафините печете ги 20 минути во рерна загреана на 200 степени.

Извадете ги мафините од рерната, оставете неколку минути во калапите да се изладат, извадете ги на чинија и послужете.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 20:52

Пица мафини

Пица мафини

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 20 грама Шеќер
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 150 грама Моцарела
  • 100 милилитри Млеко
  • 70 милилитри Маслиново масло
  • 200 грама Кулен
  • 350 грама Брашно
  • 1   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 25 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пица мафини

ПОДГОТОВКА:

 
*Дополнителни 1 чаша моцарела сирење и 1 чаша на мини кулен за полнење.


Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови. На таа за мафини наредете 12 хартиени облоги.Измешајте 1 1/2 шолја брашно, шеќер, сол и прашок за пециво. Додадете во растително масло, јајце и 1/3 шоља млеко во мешавината од брашно и мешајте додека смесата не се изендачи. Треба да биде леплива. Додадете уште 2 лажици млеко. Бидејќи тестото е лепливо истркалајте ги  за да се залепат сирењето и куленот.
Наполнете ги хартиените облоги околу 2/3.
Се пече околу 18 минути додека мафините да станат златни и кога ќе ги прободете со нож да излегува чист.
Непосредно пред јадење на врвот мафини се додава сирење и околу 5,6 парченца од куленот. 
Се пече уште 4-5 минути на темепратура од 180 степени додека сирењето не се стопи.
Може да послушите веднаш.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Септември.2013 во 20:53

Интегрални мафини

Интегрални мафини

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Шеќер кафеав
  • малку   Сол
  • 2   Прашак за пециво Лажици
  • 50 грама Маргарин
  • 3 лажица/ци Какао
  • 220 грама Интегрално Брашно
  • 1   Банана
  • 100 милилитри Јогурт
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Мафините потекнуваат од Англија, кои во почетокот биле подготвувани со квасец.

Подоцна започнало нивното подготвување и во Америка, а од таму и во целиот свет.

ПОДГОТОВКА:

Јајцата и шеќерот изматете ги пенесто.

Претходно стопениот маргарин и јогурт додадете ги во смесата од јајца и изматете ја смесата за да се соедини.

Во другата чинија ставете брашно, какао, прашок за печиво, сол и лесно сипајте додека мешате со миксер во смесата од јајца.

Добро изматете со миксер.

Во калап за мафини ставете малку смеса, па парче банана, а потоа дополнете ја корп**ката со смесата.

Ставете ги корпичките на плех, во рерна претходно загреана на 180 степени и печете 20 мин.
 


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 17:07

Мафини со тиква

Мафини со тиква

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 600 грама Шеќер
  • малку   Цимет
  • 300 грама Тиква
  • 1 лажица/ци Сол
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 30 грама Ореви
  • 200 милилитри Масло
  • 150 милилитри Вода
  • 750 грама Брашно
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Тиквата својот назив го добила од странскиот израз за празен сад, затоа што некои видови тикви имаат таква намена.


Тиквата е уникатно клубенесто овошје. Во плодот на тиквата (кој може да достигне гигантски димензии од 60 и повеќе килограми) има шеќер, целулоза, калциумови соли, калиум, магнезиум, железо, витамини Ц, Б, Б2, ПП и провитамин А. Семето од тиквата содржи 22 до 41 проценти масло, но и смолести материи и органски киселини. Маслото добиено од семето на тиквата, по својот квалитет не заостанува од другите растителни масла, а за разлика од путерот, не е штетно за луѓе на средни и поодмиати години.

ПОДГОТОВКА:

Изматете ги јајцата, па додадете ги во сваренита и испасирана тиква, маслото и водата, па уште малку измешајте.

Оваа смеса сипајте ја во пртходно направена смеса, која е направена со мешање на брашното, шеќерот, прашокот за печиво, исецкан орев, солта, циметот, па убаво измешајте со жица за метење.

Калапи за мафини намачкајте ги со малку маргарин и посипете ги со брашно, па полнете ги до 2/3 од калапите, бидејќи нараснуваат при печењето.

Мафините печете ги на 200 степени околу 20 минути.

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 17:53

Пица мафини со компири

Пица мафини со компири

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 30 грама Маст
  • 400 грама Компир
  • 5 грама Кечап
  • 1   Квасец
  • 50 грама Кашкавал
  • 150 грама Брашно
  • 2   Јајца/це
  • 50 грама Шунка


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Пица мафини со компири

ПОДГОТОВКА:

Од компирите направете пире.

Потоа од состојките замесете мазно тесто и оставете да стасува.

Кога ќе се удвои волуменот на работната површина наросена со брашно расукајте во плоча која потоа ќе ја исечете на 12 еднакви делови.

На секое парче тесто ставете сецкана шунка, рендан кашкавал и малку кечап.

Затворете ги парчињата тесто и префрлете во калап за мафини намачкани со маргарин.

Ставете во рерна загреана на 200 степени и мафините печете ги околу 15-20 минути.

Проверете со чепкалка дали се готови.

Можете да ги послужите топли или ладни.
 


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 17:56

Мафини со виршли

Мафини со виршли

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 лажица/ци Сол
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 2 лажица/ци Масло
  • 150 грама Кисела павлака
  • 4   Виршла/ли
  • 220 грама Брашно
  • 180 милилитри Јогурт
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Мафините потекнуваат од Англија, кои во почетокот биле подготвувани со квасец.

Подоцна започнало нивното подготвување и во Америка, а од таму и во целиот свет.

ПОДГОТОВКА:

Виршлите обарете ги и исечете ги на покрупни парченца.

Во еден сад, со лажица изматете ги јајцата, па додадете им ја павлаката, јогуртот и маслото.

Брашното помешајте го со прашокот за печиво, па додадете ја масата од јајца.

Потоа додадете ги парчињата виршла, ставајте ја смесата во калапи за мафини и печете околу 30 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. 


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Септември.2013 во 19:40

http://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%BC%D0%B5%D0%B4-%D0%B8-%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%BD%D0%B5%D0%B3%D1%83%D0%BB%D0%BA%D0%B8/" rel="nofollow - Мафини со мед и овесни снегулки

ComplexityМафини со мед и овесни снегулки

Состојки

  • 80 гр овесни снегулки
  • 120 гр мед
  • 1 јајце
  • 200 мл јогурт на собна Т
  • 80 мл масло
  • 100 гр мелени лешници
  • 20 гр кандирани портокали
  • 50 гр суво грозје
  • 1 полна лажица кафеав шеќер
  • 2 лажички прашак за пециво
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 180 гр брашно

Подготовка

Овесните снегулки измешајте ги со јогуртот и оставете ги 10-15 мин да омекнат.
Брашното измешајте го со лешниците, портокалите, грозјето, пецивото и содата.
Со вилушка изматете го јајцето, медот, маслото и шеќерот да се изедначат и додајте ги овесните снегулки со јогуртот и мешавината од брашно.
Смесата убаво измешајте ја да се изедначи и распоредете ја во калап за мафини обложен со хартиени кошнички.
Печете ги во загреана рерна на 180 степени 25 мин.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Септември.2013 во 18:39

Кафе мафини

Кафе мафини

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Шеќер
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 150 милилитри Млеко
  • 2 лажица/ци Мед
  • 60 грама Маргарин
  • 10 грама Кафе
  • 2 лажица/ци Какао
  • 200 милилитри Вода
  • 3 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 230 грама Брашно
  • 1   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Малку кафе, му помага на организмот против мамурлук и главоболка, но од премногу кафе и главоболката и мигрената само се зголемуваат.

Дебелината неможе да се лечи со кафе, затоа и кафето (посебно она со многу шеќер), содржи калории кои во комбинација со останатата храна се зголемуваат и доведуваат до здебелување.

Кофеин, покрај несоница, доведува до анциозност и раздразливост, па може да биде причина за појава на депресија.

ПОДГОТОВКА:

Најпрво се вари сирупот на умерена температура, така што меленото кафе, маргаринот, водата, медот и шеќерот се ставаат во огноотпорен сад со дебело дно.

Кога ќе проврие, намалете го огнот, па варете некои 5-7 минути.

Оставете убаво да се олади, а повремено промешувајте го.

Во меѓувреме просејте го брашното, помешајте го со какаото, додадете го прашокот за пециво и ванилиниот шеќер, па на крајот и изматеното јајце со млекото.

Во ладниот сируп ставете ја смесата ос брашно, па промешајте за се да се спои.

Од смесата полнете ги калапите за мафини.

Печете ги во загреана рерна на 180 степени некои 20-ина минути. 
 


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Септември.2013 во 18:40

Какао мафини

Какао мафини

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Шеќер
  • 50 грама Чоколадо
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 30 грама Ореви
  • 200 милилитри Млеко
  • 100 милилитри Масло
  • 30 грама Лешник
  • 2 лажица/ци Какао
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 400 грама Брашно
  • 1   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Какао мафини

ПОДГОТОВКА:

Јајцето изматете го со шеќерот и ванилниот шеќер, додајте го маслото и млекото. Убаво измешајте ги состојките. Во брашното додајте ги печивото, какаото и сечканите ореви.

Сувите состојки вмешајте ги во смесата од јајце. Сè убаво соединете и полнете калапи за мафини намачкани со маргарин. Посипете со сечкано чоколадо.

Мафините печете ги околу 20 минути на 180 степени.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Септември.2013 во 18:45

Мафини со јагоди и цимет

Мафини со јагоди и цимет

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 50 грама Путер
  • малку   Прашак за пециво
  • 80 милилитри Млеко
  • 1 парче/чиња Ванила
  • 250 грама Брашно
  • 50 милилитри Јогурт
  • 60 грама Јагоди
  • 2   Јајца/це
  • малку   Цимет
  • 60 грама Шеќер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Мафини со јагоди и цимет

ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете хартиени чашки во тавата за мафини.

Во голем сад изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете ги млекото, јогуртот, ванилата и стопениот путер. Измешајте добро.

Во друг сад измешајте ги брашното, печивото, солта и циметот. Додадете ги во смесата со млекото и измешајте добро. Нежно додадете ги јагодите. Наполнете ги чашките за мафини до врв.

Печете 25 минути.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Септември.2013 во 18:45

Мaфини со кокос и чоколадо

Мaфини со кокос и чоколадо

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 300 грама Шеќер
  • 50 грама Чоколадо за готвење
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 150 милилитри Млеко
  • 150 милилитри Масло
  • 6 лажица/ци Крем
  • 200 грама Кокосово брашно
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 300 грама Брашно
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Сè до раниот 20 век, кокосот се сметал за парична единица на Никобарските Острови, кои се наоѓаат северно од Суматра. Во јужниот пацифик, каде парчиња од кокосова лушпа биле обликувани и служени како парички. Во северна Индија кокосот се сметал како симбол на плодноста. Кога жената сакала да зачне, та одела кај свештеник и примала специјален кокос. Исто така, првата цврста маса со која се храни Тајланското бебе се три лажици со свеж кокос, кои им ги дава будистички свештеник. На Бали, на жените им е забрането дури и да го допрат кокосовото дрво, бидејќи и жените и кокосовото дрво имаат способност да се размножуваат, мажите се плашат дека женскиот допир може да ја "исцица" плодноста од кокосовото дрво.

ПОДГОТОВКА:

 Јајцата изматете ги пенесто со шеќерот и ванилиниот шеќер.

Продлжувајќи го матењето на помала брзина напоредно додавајте ги млекото и маслото.

Посебно измешајте ги брашното, печивото и кокосовото брашно.

Додајте ги во самата смеса со јајца. Изедначете ги состојките.

Смесата поделете ја на два дела. Во еден додајте 3 големи кажици нугат крем.

Во калапи за мафини ставете хартиени кошарки, па ставете по 1 лажица од чоколадната смеса.

Печете 5 минути во рерна загреана на 185 степeни.

Извадете го калапот од рерна, па во секој мафин ставете по една лажица од смесата со кокос.

Печете уште 10-15 минути. Извадете го калапот за мафини ид рерната и оставете да се олади.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Октомври.2013 во 17:01

http://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BD%D0%BA%D0%B8/" rel="nofollow - Мафини со боровинки со прелив од путер и цимет

Мафини со боровинки со прелив од путер и цимет

Состојки

  • 1 1/2 шоља (190 гр) сенаменско брашно
  • 3/4 шоља (150 гр) шеќер
  • 1/4 лажичка сол
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 1/3 шоља (80 мл) масло
  • 1 јајце
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1/3 шоља (80 мл) млеко
  • 1 шоља (150 гр) боровинки
  • За посипување
  • 1/2 шоља (100 гр) шеќер
  • 1/3 шоља (40 гр) брашно
  • 1/4 шиља (55 гр) ладен путер
  • 1 1/2 лажичка цимет

Подготовка

Загрејте ја рерната на 190 Ц.
Во отворите на калапот за мафини ставете хартиени кошнички.
Во еден сад измешајте ги брашното, двете врсти шеќер, солта и прашокот за пециво. Во мал сад разматете ги млекото со јајцето и маслото и додајте ги во сувите состојки. Измешајте со жица, сосема лесно, само да се навлажни смесата, додајте ги боровинките и промешајте. Долгото мешање на смесата за мафини ќе ги направи густи по структура. За ровки мафини, мешајте што е можно помалку.
Распоредете ја смесата во калапчината, полнејки ги скоро до горе.
За посипот измешајте ги во мал сад брашното, шеќерот и циметот. Со прсти втријте го ладниот путер, па ронливата смеса распоредете ја врз мафините.
Печете ги 20 - 25 мин. или додека не добијат убава боја,  а површината не стане еластична на допир.





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Октомври.2013 во 17:02

http://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%BF%D1%83%D1%82%D0%B5%D1%80-%D0%BE%D0%B4-%D0%BA%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D1%80%D0%B8%D0%BA%D0%B8/" rel="nofollow - Мафини со путер од кикирики

Мафини со путер од кикирики

Состојки

  • 250гр. шеќер
  • 250гр. брашно
  • 130гр. путер од кикирики (со сецкани кикирики)
  • 180мл. млеко
  • 1/2 пециво
  • 1 јајце
  • 1 ванила
  • Домашно слатко од капини

Подготовка

Во сад за матење изматете ги со жица јајцето и шеќерот.
Додајте го путерот од кикирики и ванилата и убаво измешајте.
Додајте го млекото и на крај постепено со мешање додајте го брашното измешано со пецивото.
Секоја вдлабнатина од калапот за мафини премачкајте ја со путер и набрашнете.
Наполнете по 3/4 од секоја вдлабнатина од смесата и печете на 180 степени, 20 минути.

Послужете ги со слатко од капини.





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Октомври.2013 во 17:15

http://moirecepti.mk/post/%D1%87%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B0/" rel="nofollow - Чоколадни мафини со лешници и мармалад од кајсии


http://moirecepti.mk/post/%D1%87%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BD%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%BB%D0%B5%D1%88%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%BC%D0%B0%D0%BB%D0%B0/#ixzz2hQWnUlvZ" rel="nofollow -
Чоколадни мафини со лешници и мармалад од кајсии


Состојки

  • 1 јајце
  • 1 ½ шолја со средна големина брашно
  • 1 ½ шолја шеќер
  • 1 шолја благо млеко
  • ½ шолја масло
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • ½ кесичка прашок за пециво
  • 200 грама чоколадо за готвење
  • 100 грама сецкани лешници
  • 200 грама мармалад од кајсии

Подготовка

1. Во сад ги ставаме јајцето, брашното, шеќерот, млекото, маслото, ванилиниот шеќер и пецивото сето убаво го мешаме со дрвена лажица додека не се добие хомогена смеса.
2. Потоа додаваме 100 грама сецкано чоколадо и сецканите лешници и сето заедно го мешаме.
3. Калапчината за мафини ги премачкуваме со масло или путер и во секое ставаме од смесата.
4. Печиме најпрвин на температура од 200 степени додека да се поруменат, а потоа намалуваме на 150 степени.
5. Откако ке се изладат мафините ги вадиме од калапите и пред да ги служиме ги премачкуваме со мармалад од кајсии, а потоа ги прелеваме со стопено чоколадо.






-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Декември.2013 во 21:19

http://moirecepti.mk/post/%D0%B1%D0%BE%D0%B6%D0%B8%D1%9C%D0%BD%D0%B8-%D0%BC%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B7%D1%83%D1%80%D0%B0-%D0%BE%D0%B4-%D1%87%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BE/" rel="nofollow - Божиќни мафини со глазура од чоколадо

Божиќни мафини со глазура од чоколадо

Состојки

  • 280гр. брашно
  • 80гр. сецкани ореви
  • 2 лажици какао
  • пола лажичка сол
  • пола лажичка сода
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 2 јајца
  • 150гр. шеќер
  • 75мл. масло за јадење
  • 250мл. млеко
  • За глазурата
  • 70гр. горко чоколадо
  • 4 лажици пресна павлака
  • За укарасување
  • 50гр. капки од чоколадо
  • 100гр. фондан

Подготовка

1. Во поголем сад промешајте ги брашното, какаото, сецканите ореви, прашокот за печиво, содата и солта.
2. Во друг сад за матење со миксер мешајте ги заедно јајцата и шеќерот додека убаво не се растопи шеќерот.
3. Во садот кај јајцата додајте ги и маслото за јадење и млекото и мешајте си жица за матење додека не добиете хомогена смеса.
4. Сувата и течната смеса соединете ги и промешајте со лажица додека смесата не се соедини.
5. Пренесете смесата со лажица во калпите за мафини и печете ги на претходно загреана рерна на 160 степени околу 25 минути.

Подготовка на глазурата
Во сад на оган додадете ја пресната павлака и чоколадото и мешајте додека не се растопи чоколадата и додека глазурата не стане кремаста. Готовата глазура оставете ја да се излади малку. Потоа нанесте ја врз изладените мафини.
Украсете со капките од чоколадо направете цветчиња од фонданот и украсете и со нив.
Излегуваат 12 мафини.

Дополнителни фотографии

  • http://moirecepti.mk/content/uploads/2013/12/100_3919-676785-800x599.jpg" rel="nofollow">
  • http://moirecepti.mk/content/uploads/2013/12/100_3923-af9de3-800x599.jpg" rel="nofollow">
  • http://moirecepti.mk/content/uploads/2013/12/100_3907-f4a215-800x599.jpg" rel="nofollow">
  • http://moirecepti.mk/content/uploads/2013/12/100_3912-5344e5-800x599.jpg" rel="nofollow">




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Декември.2013 во 21:20

http://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D0%B0-%D0%B8-%D1%87%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0%D0%B4%D0%BE/" rel="nofollow - Мафини со банана и чоколадо

Мафини со банана и чоколадо

Состојки

  • 1 јајце
  • 130 гр шеќер
  • 1/2 лажиче ванила екстракт
  • 2 банани
  • 100 мл млеко
  • 100 гр стопен маргарин
  • 190 гр брашно
  • 1/2 прашок за печење
  • прстофат сол
  • 125 гр чоколадо

Подготовка

Испасирајте ги бананите, додајте го шеќерот и јајцето и убаво промешајте. Додајте ги течните состојки, па потоа сувите. Не е потребен миксер. Мешајте со вилушка или жица за матење. На крај додајте го чоколадото исечкано на ситни коцкички.
Смесата истурете ја во калапите за мафини и печете на 180 степени околу 20на мин. Проверете со чепкалка или благ стисок дали се готови.
Украсете ги со шлаг одозгора и чоколадни трошки или чоко-прелив.

Дополнителни фотографии

  • http://moirecepti.mk/content/uploads/2013/02/kolazz-800x800.jpg" rel="nofollow">




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Декември.2013 во 21:21

http://moirecepti.mk/post/%D0%BC%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%B1%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BD%D0%B0-%D0%B8-%D0%BC%D0%B5%D0%B4/" rel="nofollow - Мафини со банана и мед

Мафини со банана и мед

Состојки

  • тесто
  • 1 банана
  • 50гр маргарин
  • 125мл мед
  • 2 јајца
  • 125мл млеко
  • 1 пециво,какао,морско оревче(по потреба)
  • 300гр брашно
  • 12парчиња орев или лешник
  • Глазура
  • 100гр чоколада и шлаг пена

Подготовка

Количината е за 12 мирисни мафини.

Најпрво се гмечи бананата, се додава стопениот маргарин, медот, матените јајца, млекото, пецивото, оревчето и на крај брашното измешано со какаото. Се полнат хартиените кошнички кои се во модли од мафини.Се печат на 180-25мин. Кога ќе оладат се филува со шлаг и стопена чоколада.Пријатно!





-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Декември.2013 во 17:28

Мафини со боровинки

Мафини со боровинки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 200 грама Шеќер
  • малку   Сол
  • 1   Сода бикарбона
  • 100 грама Путер
  • малку   Прашак за пециво
  • 1   Кора од лимон
  • 600 грама Брашно
  • 200 грама Боровинки
  • 200 милилитри Јогурт
  • 3   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Боровницата (Vaccinium myrtillus) е билка од семејството Vaccinium.

Некои примероци можат да опстанат и до 15 години. Растат од 10-60 см. , додека пак, иако ретко, достигнуваат и до 90 см.

Листовите се долги од 1-3 см. Боровинката е листопадно билка, новите листови растат од крајот на април до почеток на мај, а паѓаат од крајот на септември до октомври.

Плодовите на боровинките се многу хранливи, бидејќи се богати со железо и витамини. Најчесто се користи за правење на чаеви и сокови.

Лековитите делови на билката се листовите, кои се собираат пред созревањето на плодовите и се сушат на суво и сончево место. Плодовите се собираат на лето, веднаш по созревањето.

ПОДГОТОВКА:

Во еден сад измешајте го брашното, прашокот за пециво, сода бикарбоната и солта, па оставете на страна.

Рерната вклучете ја да се загрева на средна тмпература.

Во друг и поголем сад, пенесто изматете ги јајцата, шеќерот и омекнатиот путер, а на крајот додадете ја ренданата кора од лимон.

Во ова сипете го брашното и лесно изматете, а на крајот додадете јогурт и боровинки, па промешајте.

Во подмачкан плех наредете ги во пекарски хартиени корпички и со кутлача или лажичка налејте од смесата малку повеќе од половина во секоја корп**ка.

Рерната вклучете ја најјака температура, ставете ги мафините и печете 25 минути на 220 степени.

Проверете со чепкалка после 25 минути дали се печени по средина.

Кога убаво ќе се испечат, извадете ги од корпите и малку оладете ги. Служете ги топли.
 


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 18.Декември.2013 во 16:03

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/18744-podgotvete-desert-so-miris-na-esenta-mafin-so-kruski" rel="nofollow - Подгответе десерт со мирис на есента: Мафин со крушки

Ако сега не го испробате овој есенски десерт со зрели крушки, верувајте дека многу ќе пропуштите. Посебно ако сте љубител на ова сочно есенско овошје...

podgotvete-desert-so-miris-na-esenta-mafin-so-kruski-01

Идеални се за појадок, но и за слатка ужина по ручекот или кафето. Во секој случај, ќе бидете воодушевени од едноставноста, а воедно и неодоливиот вкус.

За подготовка потребни ви се:

  • 2 крушки
  • 3 јајца
  • 150g маргарин
  • 100g шеќер
  • Ванилин шеќер
  • 150g брашно
  • Прашок за печиво
  • Лажица цимет
  • 120g ореви или бадеми
  • 100g чоколадо за готвење

За глазура:

  • 100g чоколада по желба
  • 70ml слатка павлака


Подготовка:

Подмачкајте ги калапите за мафини со масло или путер и оставете ги во ладилник.

Матете ги јајцата со шеќерот, ванилиниот шеќер и маргаринот. Додајте го брашното помешано со прашокот за печиво и цимет. Мешајте со миксер додека смесата не добие густина и сите грутки исчезнат.

Измешајте ги сецканите бадеми или ореви и искршената чоколада, додека не се соединат со тестото.

Наполнете ги калапите, а во секој мафин додадете една кришка излупена круша. Можете да ја ставите на самото дно, во средина или пак на самиот врв на колачето. Печете 25 минути на 200 степени.

Откако ќе се испечат, премачкајте ги со глазурата која ќе ја подготвите така што слатката павлака и чоколадото ќе ги растопите на висока температура. Декорирајте со уште некое парче чоколадо или крушка, по желба.

podgotvete-desert-so-miris-na-esenta-mafin-so-kruski-02



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Декември.2013 во 16:15

Домашни чоколадни мафини со банана и лешник

Мафините во последно време станаа едни од најомилените домашни колачи. Тие се богати со разни вкусови, па поради тоа со право се толку многу омилени.

За денеска ви нудиме интересен рецепт за домашни мафини со банана, чоколадо и лешник, со што овие колачиња се совршен енергетски залак.

Потребни состојки:

  • 2 банани
  • 125 гр. чоколадо
  • 1 јајце
  • 130 гр. шеќер
  • 1/2 лажиче ванила екстракт
  • 100 мл. млеко
  • 100 гр. стопен путер
  • 190 гр. брашно
  • 1/2 прашок за печење
  • Малку сол и сода бикарбона
  • Цимет

Подготовка: 40 минути

Во сад со вилушка или блендер згмечете ги бананите, додадете го јајцето, шеќерот и стопениот путер.

Во друг голем сад измешајте го брашното, солта, сода бикарбоната и прашокот за печење.

Пополека мешајте со додавање на смесата од првиот сад во кој се бананите

Ставете ги парчињата чоколадо и крупно исецканите лешници (може да користите ореви или бадеми).

Во друг сад измешајте го брашното, шеќерот, циметот со малку путер додека не добиете смеса со грутки.

Смесата со  бананите истурете ја во калапите за мафини

Калапите треба да ги наполните ¾ со првата смеса, а потоа во нив додадете ја и втората смеса и печете на 190 степени околу 20 мин. Проверете со чепкалка или благ стисок дали се готови.

Мафините можете да ги украсите со чоколадни трошки или шлаг.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Јануари.2014 во 14:41

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/20720-cokoladno-zadovolstvo-mafini-polneti-so-nutela" rel="nofollow - Чоколадно задоволство: Мафини полнети со Нутела

Потребен ви е само половина час за да можете да уживате во вашиот омилен чоколаден вкус.

cokoladno-zadovolstvo-mafini-polneti-so-nutela-01

Нутелата е најобожаваниот крем, а посебно ако го искомбинирате со чоколадни, сочни колачиња?

Со денови ќе уживате во мирисот и вкусот на овој десерт.

Состојки:

  • 220g брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 200ml млеко
  • 80g какао прав
  • 100g шеќер
  • 2 јајца
  • 2 лажици ванилин шеќер
  • 90g растопен путер
  • Рум
  • Нутела

Подготовка:

Во голема чинија помешајте го брашното, прашокот за печиво, ванилин шеќер, обичниот шеќер и какаото.

Во друг сад измешајте ги јајцата, растопениот путер и млекото. Исто така, ако сакате уникатна арома, додадете рум.

Промешајте ги смесите од двете чинии и подгответе ги калапите во кои ќе ги печете мафините. Постапката е многу едноставна.

cokoladno-zadovolstvo-mafini-polneti-so-nutela-02

Прво наполнете го калапот до половина, а потоа ставете лажица Нутела. Внимавајте калапите да не ги наполните повеќе од 2/3, доколку сакате да го избегнете преливањето.

Колачите печете ги 20 минути на 180 степени. Кога ќе се оладат може да ги послужите со брашно од кокос или шеќер во прав.

cokoladno-zadovolstvo-mafini-polneti-so-nutela-03



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Февруари.2014 во 09:10

Неодоливи шумски мафини

Неодоливи шумски мафини

Лесни за подготвување и слатки за јадење.

Состојки:

За мафините:100 г. путер, 250 г. пире од костен, 2 јајца, 75 г. шеќер во прав, 125 г. брашно, 2 лажички прашок за пециво

За кремот: 250 г. пире од костен, 2 лажици млеко, 100 г. шеќер во прав, една ќесичка ванилин шеќер, 2 лажички рум, 500 мл. слатка павлака, 12 коцки чоколадо

Подготовка: Стопете го путерот, тргнете го од оган и додадете го пирето од костени. Смесата сматете ја со миксер. Потоа додадете ги јајцата и шеќерот за да добиете изедначена смеса. Додадете го брашното заедно со прашокот за пециво, добро измешајте и со оваа смеса полнете ги калапите за мафини, но до половина. Потоа ставете коцка чоколадо и дополнете ги калапите до крај. Печете 20 минути на 180 степени.

За кремот измешајте го пирето од костен со млекото и испасирајте го. Во друг сад спојте ги шеќерот, ванилиниот шеќер и румот. Сматете ја павлаката да стане цврста и спојте ја со пирето од костен и останатата мешавина. Смесата ставете ја во шприц за колачи и филувајте ги изладените мафини.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Февруари.2014 во 09:35
                                                                                                                                                                                                                     Мафини со банана                                                                   
                                                                                                                               







Мафините се еден од омилените десерти и поради вкусот, но и поради тоа што се прават многу лесно.
За овој рецепт ќе ви треба само малку време и трпение.

Потребно:
ЗА МАФИНИ:

100 г.овесни снегулки
100 мл.слатка павлака
100 мл.вода
150 г.брашно
1/2 лажичка сол
1/2 лажичка цимет
2 лажички прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона
50 г. кафеав шеќер
2 големи зрели банани
75 мл.масло

ЗА ПОСИПУВАЊЕ:
30 г.путер
40 г.сецкани ореви
30 г.кафеав шеќер
20 г.овесни снегулки
2 лажици брашно
1/4 лажичка сол


Подготовка:
Измешајте ги овесните снегулки со водата и павлаката и оставете да набабрат. Во друг сад помешајте ги брашното, циметот, прашокот за печиво и содата бикарбона. Во овесните снегулки додајте го шеќерот, бананите згмечени со виљушка и маслото.

Калапот за мафини подмачкајте го со масло и посипете го со брашно, или пак ставете по една хатриена корп**ка за мафини, и полнете ја секоја со оваа смеса, да биде полна 2/3.

Сите состојки од смесата за посипување помешајте ги во чинија и со рака направете ронлива смеса. Со неа посипете ги мафините. Ставете да се печат во заграна рерна на 180 степени околу 15-20 минути.

Добар апетит!


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: емил
Датум на внесување: 27.Февруари.2014 во 14:41

http://moirecepti.mk/post/%D0%BA%D0%B0%D1%84%D0%B5-%D0%BC%D0%B0%D1%84%D0%B8%D0%BD%D0%B8-2/" rel="nofollow - Кафе мафини

Најпрво се вари сирупот на умерена температура, така што меленото кафе, маргаринот, водата, медот и шеќерот се ставаат во огноотпорен сад со дебело дно.

Кога ќе проврие, намалете го огнот, па варете некои 5-7 минути.
Оставете убаво да се олади, а повремено промешувајте го.

Во меѓувреме просејте го брашното, помешајте го со какаото, додадете го прашокот за пециво и ванилиниот шеќер, па на крајот и изматеното јајце со млекото.
Во ладниот сируп ставете ја смесата ос брашно, па промешајте за се да се спои.

Од смесата полнете ги калапите за мафини.
Печете ги во загреана рерна на 180 степени некои 20-ина минути.






-------------


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 10.Март.2014 во 14:00

Прекрасен рецепт: Сникерс мафини


Овие мафини ќе ги воодупшеват сите, па и вас самите. Ова е прекрасен десерт за било кој дел од денот. 

Потребни состојки за четири сникерса: 

За тестото:

  • 50 гр. брашно
  • 20 гр. шеќер
  • 1 лажица какао
  • 1/2 кесичка на прашок за пециво
  • 1 јајце
  • 30 мл. млеко
  • 30 мл. масло

За фил:

  • 80 гр. шеќер
  • 60 мл. млеко
  • малку вода
  • 30g печени, солени, малку искршени кикирики

Подготовка: 2 часа 

Од шеќерот и млекото подгответе карамел.

За почетниците 80 гр. шеќер се става во мал сад со подебело дно и на силен оган и се остава да се стопи до светло кафена боја. Кога поголемиот дел од шеќерот ќе биде стопен, убаво измешајте го и додадете една до две лажици вода, почекајте да пројде првата бурна реакција. Точката на топење на шеќерот е некаде околу 180 степени и секоја течност која ќе биде во допир со него моментално започнува да врие и прска. Поради тоа намерно прво сипавме малку вода, бидејќи млекото би можело да истече или пак да загори. Нека не ве заморува тоа што карамелот најпрвин ќе се претвори во леплива маса, но повремено сето тоа ќе се стопи. Процедете го карамелот низ цедалка за чај.

Оставете го карамелот малку да се излади, па ставете ги 30-те грама печени кикирики. Додека карамелот се лади, подгответе го тестото. Во чинија сипете брашно, шеќер, какао и прашок за пециво, измешајте го сетоа тоа со вилушка. Додадете едно цело јајце, 30 мл. млеко и 30 мл. масло, и сето тоа измешајте го сето тоа со цел да добиете една глатка смеса без грутки. Со добиената смеса наполнете четири до половина керамички шолји (на пр. до 100 мл.) и ставете ги во микробранова на 3 минути и 750 W. Доколку немате микробранова дома, тогаш смесата сипете ја во тавче за мафини и печете во рерна.

Кога тестото малку ќе се излади, со мал остар нож направете мала дупка во средината, па во неа сипете го карамелот со кикириките. Останатото го оставаме на вашата фантазија, можете мафините да ги декорирате со шлаг и малку карамел над него, течно чоколадо, некое овошје...

Послужете веднаш. Пријатен апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Март.2014 во 08:34

Мафини со вишни

http://ubavinaizdravje.mk/wp-content/uploads/2013/07/mafini-so-cresi.jpg" rel="nofollow">mafini so cresi

СОСТОЈКИ:

2 јајца

100 г шеќер

10 лажици млеко

250 г брашно

125 г маргарин

1 пакетче за печиво

1 чоколадо за готвење

маринирани вишни

1 лажица „вишновка“

ПРИГОТВУВАЊЕ:

1. Во еден подлабок сад јајцата се матат со шеќерот, потоа се додава претходно растопениот маргарин и се промешува.

2. Во смесата се додаваат млекото и брашното, во кое е измешан прашокот за печиво.

3. Чоколадото се сечка на ситни коцкички и се додава во претходната смеса. По желба се додава и малку „вишновка“, со што се добива многу убав вкус. Сè заедно добро се промешува.

4. Калапите за мафини се премачкуваат со маргарин, потоа со лажица се става од смесата до половина на калапот, бидејќи при печењето ќе нарасте и ќе го исполни калапот.

5. Калапот со тесто се става во загреана рерна, и мафините се печат на 180 степени, околу 20 минути.

6. Откако ќе се испечат мафините, се оставаат да се изладат, па се вадат од калапите. Одозгора се декорираат со маринирани вишни.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Март.2014 во 19:02
ЧОКОЛАДНИ МАФИНИ СО ШУМСКО ОВОШЈЕ
http://karmin.tocka.com.mk/56/105644/cokoladni-mafini-so-sumsko-ovosje#" rel="nofollow - http://karmin.tocka.com.mk/56/105644/cokoladni-mafini-so-sumsko-ovosje#" rel="nofollow -

Овој рецепт е идеален за сите кои сакаат чоколадни десерти, бидејќи комбинацијата чоколадо и шумско овошје е една од најдобрите.

Потребно:
 300 г брашно
 300 г шеќер
 4 јајца
 100 г чоколадо за готвење
 70 г какао
 180 мл млеко
 150 г путер
 2 кесички ванилин шеќер
 ½ прашок за печиво
 2 г сода бикарбона
 1 гр сол
 Замрзнато шумско овошје


Подготовака:
 Путерот растопете го и во него додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер. Во оваа смеса додавајте ги јајцата, едно по едно, со постојано мешање. 

 Во друг сад измешајте ги брашното, какаото, изренданата чоколада, прашокот за печиво, солта и содата бикарбона. И оваа смеса полека додавајте ја во претходната.

 Кога смесата ќе се соедини ставете ја во калапи за мафини и печете 30 минути на температура од 160 степени.

 За да го направите сосот од шумско овошје, во тенџере на оган варете го шумското овошје на тивок оган, со додаток од шеќер и ванилин шеќер, а по 10-15 минути измиксајте го, и сосот е готов.

 Готовите мафини можете да ги декорирате и со шлаг врз кој ќе ставите од сосот од шумско овошје. 

Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Април.2014 во 21:55

Мафини со ванила и лаванда

mafini-lavanda-vanila1

Мафините се едни од најпопуларните тортички кај американците, но сè се повеќе застапени и кај нас. Нашиот денешен предлог десерт се мафини со ванила и лаванда.

Состојки:

за тестото

- чаша и пол брашно

- 1 лажичка прашок за пециво

- пола лажичка сол

- 150 гр. омекнат маргарин

- 3/4 чаша шеќер

- 2 јајца

- 1 лажичка екстракт од ванила

- 1 чаша млеко

за филот

- 1 чаша млеко

- 1 лажица екстракт од лаванда

- 5 лажици брашно

- 100 гр. омекнат маргарин

- 1 чаша гранулиран шеќер

- 1 чаша шеќер во прав

- виолетова боја за храна (опционално)

Подготовка:

Во еден сад измешајте ги заедно омекнатиот маргарин и шеќер, се додека смесата не почне да изгледа како шлаг. Додадете ги јајцата, едно по едно, со мешање. Потоа додадете го екстрактот од ванила.

Во друг сад измешајте го убаво брашното со прашокот за пециво и солта. Потоа доадете го и млекото и повторно измешајте убаво.

Со смесата што ја добивте наполнете го калапот за мафини, околу 2/3Печете ги на 150°околу 15 – 18 минути или додека рабовите не почнат да добиваат кафеава боја.

mafinia-lavanda-vanila3

Додека се печат мафините, направете го филот. Во тенџере на средна топлина ставете го млекото и екстрактот од лаванда. Оставете го така околу 4-5 минути и повремено промешувајте. Потоа додадете го брашното и мешајте на ниска топлина, се додека смесатане почне да наликува на густ сок или паста, па тргнете ја настрана.

Измешајте ги заедно маргаринот и гранулираниот шеќер. Потоа соединете ги двете смеси и добро измешајте. Ако сакате да ставите боја за храна, направете го тоа сеа. Додадете го и шеќерот во прав и измешајте.

Откако мафините се изладиле, одозгора ставете малку од филот со лаванда.

mafinia-lavanda-vanila4



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Април.2014 во 21:56

Мафини со малини и чоколадо

mafini-2

Нашиот денешен предлог за десерт е мафини со малини и чоколадо. Вкусни колачи, а сепак не премногу благи.

Овие мафини се лесни за правење и не ви треба многу време. Па ако ви треба итно десерт за вашите ненајавени гости, тогаш знаете што треба да направите.

Состојки:

300 гр. брашно

- 100 гр. шеќер

- 2 јајца

- 100 маргарин

200 мл. млеко

-  1/5 лажичка прашок за пециво

- 1/3 лажичка сол

- 200 гр. свежи малини

- 150 гр. чоколадо

Подготовка:

Во еден сад изматете ги јајцата со шеќерот, а потоа додадете растопен маргарин и млеко. Добро измешајте.

Во истата смеса додадете брашно во кое е измешано прашок за пециво и сол. Изматете со миксер.

Додадете го чоколадото кое претходно сте го исецкале и малините. Мешајте внимателно за да не се распаднат малините.

Калапите за мафини премачкајте ги со маргарин и сипете тесто до 2/3 висина на калап. Печете во претходно загреана рерна на 180° околу 20 минути.

mafini-3

mafini

mafini-4



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Април.2014 во 22:14

МАФИНИ ОД КОКОС

kokos

Потребни состојки:

150 гр. шеќер

120 гр. путер

2 јајца

300 гр. брашно

100 гр. кокосово брашно

250 мл. млеко

Кора од еден лимон

2 лажици какао

1 лажица бадемово масло

Прашок за печиво

Ванилин шеќер

50 гр. кокос

Припрема:

Во посебен сад матете ги путерот и шеќерот со миксер и постепено додавајте ги јајцата едно по едно. Во оваа смеса додајте го прашокот за пециво, брашното, кокосовото брашно, кората од лимон, бадемовото масло, какаото и млекото, па мешајте се додека смесата не се соедини.

Ваа приготвената смеса сипете ја во калап за мафини кој претходно сте го намрсиле со путер. Печете на температура од 180 степени целзиусови околу 30тина минути.

Извадете ги мафините од рерна, послужете ги во чинија за сервирање и врз нив посипете кокос. Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Април.2014 во 22:17

МАФИНИ СО ОРЕВИ И ЈАБОЛКИ

mafini

Потребни состојки:

100 гр. маргарин

2 јајца

2 дл. павлака

6 лажици млеко

2 ќесички ванилин шеќер

200 гр. шеќер

250 гр. брашно

1 прашок за пециво

3 јаболки

100 гр. ореви

Припрема:

Во посебен сад изматете го маргаринот со ванилиниот шеќер и обичнот шеќер. Матете со миксер и постепено додавајте ги јајцата, павлаката и млекото. Изрендајте ги јаболката и додадете ги во смесата. Измешајте го прашокот за пециво со брашното и оваа смеса, една по една лажица со постојано мешање, додајте ја во смесата со маргарин. На крај додајте ги ситно сецканите ореви и промешајте.

Во калап за мафини ставете хартиени корпи за печење, па додајте ја смесата. Печете 20тина минути на температура од 200 степени целзиусови.

Откако ќе се испечат мафините, послужете ги на чинија за сервирање и попрскајте ги со шеќер во прав по желба. Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Април.2014 во 22:22

МАФИНИ СО СПАНАЌ И ОРЕВИ

SpinachBananaMuffins

Потребни состојки:

250 гр. спанаќ

2 дл. Јогурт

50 мл. Масло за јадење

2 јајца

5 лажици брашно

4 лажици пченкарно брашно

½ прашок за пециво

100 гр. сирење

100 гр. сецкани ореви

 

Припрема:

Измијте го спанаќот и обарете го во солена вода, па исцедете го и ситно исецкајте го.

Изматете ги белките се додека не добиете цврста смеса. Посебно изматете го јогуртот со жолчките, прашокот за пециво, двата вида брашно, ренданото сирење и спанаќот, па додадете сол по желба. Во смесата додадете ги и изматените белки и промешајте за да добиете хомогена смеса.

Калапите за мафини намрсете ги со масло за јадење, па посипете ги во брашно и додадете од претходно приготвената смеса.

Печете во загреана рерна на температура од 200 степени 30тина минути, се додека мафините не добијат златно румена боја.

Откако ќе ги извадите од рерна, врз мафините наросете сецкани ореви. Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Април.2014 во 22:33

МАФИНИ СО ПОРТОКАЛ

orange-muffin2

Потребни состојки:

100 гр. шеќер

100 гр. масло за јадење

2 јајца

150 мл. сок од портокал

300 гр. брашно

1 прашок за печиво

Малку сол

3 портокали

Припрема:

Изматете ги посебно јајцата и шеќерпт, па додадете го маслото за јадење и сокот од портокал.

Во посебен сад сипајте го брашното, прашокот за печиво, солта, па додајте ја изматената смеса и промешајте.

Сипете ја смесата за мафини во калапите за мафини врз кои претходно сте ставиле хартиени корпи. Исечете ги потрокалите на кругови и по едно круг ставете врз мафините. Печете на температура од 180 степени околу 20 минути. Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 09.Мај.2014 во 22:20

http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/18571-podgotvete-raskosni-mafini-so-krem-od-kokos" rel="nofollow - Подгответе: Раскошни мафини со крем од кокос


Егзотичен и елегантен десерт за сите кои го обожаваат кремастиот вкус на кокосот. Подготовката можеби ќе ви одземе малку повеќе време и труд, но кога мафините ќе бидат подготвени, ќе откриете дека за такво задоволство вреди да се потрудите.

podgotvete-raskosni-mafini-so-krem-od-kokos-01

Состојки за мафини:

  • 160g брашно
  • 1 ½ лажичка прашок за печиво
  • ¼ лажичка сол
  • ¼ ванила во прав
  • 40g кокосово брашно
  • 50g кокосово масло
  • 225ml кокосово млеко
  • 130g кафеав шеќер

Состојки за крем:

  • 220ml кокосово млеко
  • 130g кафеав шеќер
  • 2 лажици густин
  • Малку сол
  • 80g кокосово брашно

Подготовка:

Во стаклен сад помешајте ги сувите состојки, а потоа додадете ги течните состојки за мафини една по една. На крајот ќе добиете мазна смеса, нешто погуста за онаа од палачинки.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Калапите за мафини обложете ги со хартиени корпи и секоја наполнете ја до половина со тестото кое го подготвивте.

podgotvete-raskosni-mafini-so-krem-od-kokos-02

Печете околу 15 минути, додека тортиците не добијат златеста боја. Оладете ги и извадете ги од калапите.

podgotvete-raskosni-mafini-so-krem-od-kokos-03

Во меѓувреме сварете го кремот. Во еден сад растопете го густинот со малку ладна вода, а во едно големо тенџере измешајте го млекото, шеќерот, солта и кокосот. Оставете ја смесата да зоврие, па постепено додавајте го растопениот густин.

podgotvete-raskosni-mafini-so-krem-od-kokos-04

Разладете го кремот, па потоа додадете го на врвот на секој мафин. По желба додадете уште малку кокосово брашно, сушен кокос или малку рендано чоколадо. Декорацијата останува на вас!

podgotvete-raskosni-mafini-so-krem-od-kokos-05

podgotvete-raskosni-mafini-so-krem-od-kokos-06



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: mrzla
Датум на внесување: 10.Мај.2014 во 00:46
Originally posted by Valerija Valerija напиша:

<div ="naslovi" style="font-family: Arial, Helvetica, sans-serif; font-size: 11px; line-height: normal;"><h1 ="fontNaslov" style="text-align: center; font-size: 2em; font-family: Georgia, 'Times New Roman', Times, serif; color: rgb68, 69, 79; margin-top: 10px;">Без миксер и рерна: Чоколадни тортички готови за минута</h1><div ="share" style="clear: both; margin: 10px 0px 5px; width: 501px; : relative; height: 30px; font-family: Arial, Helvetica, sans-serif; font-size: 11px; line-height: normal;">
<div ="sodrzina" style="clear: both; margin: 0px 0px 20px; overflow: ; width: 501px; font-size: 1.3em; line-height: 1.5em; font-family: Arial, Helvetica, sans-serif;"><p style="margin-top: 0px !imant; padding-top: 0px !imant;">Ви се допаѓаат чоколадните десерти, а немате време или пак знаење како да подготвите нешто вкусно и благо. Тогаш овој рецепт е како создаден за вас. За подготовка на овие чоколадни мафини не ви треба ниту рерна ниту миксер, а готови се само за 60 секунди.

<p align="center">

Потребни состојки:

  • 2 лажици какао во прав
  • 3 лажици брашно
  • 2 лажици шеќер
  • Малку сол
  • ¼ лажица прашок за пециво
  • 2 до 3 лажици масло (растително, маслиново или кокосово)
  • 3 лажици млеко
  • ½ лажица екстракт од ванила

Подготовка:

Сувите состојки (какаото, брашното, прашокот за пециво, шеќерот и солта) истресете ги во сад и добро измешајте ги.

Додадете ги останатите состојки (маслото, млекото и екстрактот од ванила) и сетоа тоа заедно добро измешајте го додека состојките не се поврзат во воедначена смеса. 

Со смесата наполнете ги калапите за печење или чашите за кафе, ставете ги во микробранова печка и печете 40 до 60 секунди.

Чоколадните тортички извадете ги од калапите, ставете ги на чинија и послужете ги со шлаг, овошје или чоколаден прелив. 

Совети:

  • Колачите во средината мораат да останат меки
  • Ако немате микробранова, колачите можете да ги подготвите и во рерна. Загрејте ја рерната на 180 степени, а печете од 3 до 5 минути, во зависност од големите на калапите.
  • Најдобра проверка за тоа дали десертот е готов е секоја минута со прст да ја допирате површината на колачот. Штом смесата повеќе не е леплива и не останува на прстот извадете ја од рерната.





Gi napraviv ednash mnogu odamna i mi izlegoa ko za po glava

-------------
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв


Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 10.Мај.2014 во 16:33
Originally posted by Valerija Valerija напиша:

Прекрасен рецепт: Сникерс мафини


Овие мафини ќе ги воодупшеват сите, па и вас самите. Ова е прекрасен десерт за било кој дел од денот. 

Потребни состојки за четири сникерса: 

За тестото:

  • 50 гр. брашно
  • 20 гр. шеќер
  • 1 лажица какао
  • 1/2 кесичка на прашок за пециво
  • 1 јајце
  • 30 мл. млеко
  • 30 мл. масло

За фил:

  • 80 гр. шеќер
  • 60 мл. млеко
  • малку вода
  • 30g печени, солени, малку искршени кикирики

Подготовка: 2 часа 

Од шеќерот и млекото подгответе карамел.

За почетниците 80 гр. шеќер се става во мал сад со подебело дно и на силен оган и се остава да се стопи до светло кафена боја. Кога поголемиот дел од шеќерот ќе биде стопен, убаво измешајте го и додадете една до две лажици вода, почекајте да пројде првата бурна реакција. Точката на топење на шеќерот е некаде околу 180 степени и секоја течност која ќе биде во допир со него моментално започнува да врие и прска. Поради тоа намерно прво сипавме малку вода, бидејќи млекото би можело да истече или пак да загори. Нека не ве заморува тоа што карамелот најпрвин ќе се претвори во леплива маса, но повремено сето тоа ќе се стопи. Процедете го карамелот низ цедалка за чај.

Оставете го карамелот малку да се излади, па ставете ги 30-те грама печени кикирики. Додека карамелот се лади, подгответе го тестото. Во чинија сипете брашно, шеќер, какао и прашок за пециво, измешајте го сетоа тоа со вилушка. Додадете едно цело јајце, 30 мл. млеко и 30 мл. масло, и сето тоа измешајте го сето тоа со цел да добиете една глатка смеса без грутки. Со добиената смеса наполнете четири до половина керамички шолји (на пр. до 100 мл.) и ставете ги во микробранова на 3 минути и 750 W. Доколку немате микробранова дома, тогаш смесата сипете ја во тавче за мафини и печете во рерна.

Кога тестото малку ќе се излади, со мал остар нож направете мала дупка во средината, па во неа сипете го карамелот со кикириките. Останатото го оставаме на вашата фантазија, можете мафините да ги декорирате со шлаг и малку карамел над него, течно чоколадо, некое овошје...

Послужете веднаш. Пријатен апетит!


Овие ги модифицирав затоа што уште од прва рецептот ми беше сомнителен ... замисленост
Дозата за 12 мафини е нели х3 од горенаведените мерки освен кај шеќерот за тестото (кој е многу малку за таа доза) па наместо 60 гр. јас ставив 100 гр.
И делот со кремот ми беше нелогичен, па откако го подготвив карамелот во него додадов 1 пудинг од ванила и одлично излезе голема насмевка.
Освен што ставивод смесата внатре во мафините, со истиот крем ги премачкав и одозгора и финиширав со растопена чоколада. Модификациите беа успешни затоа што ги снема за 15 минути голема насмевка ... 
И наместо кикирики, користев ореви (немав кикирики во моментот, а ми се излегуваше плазење)


-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Јули.2014 во 21:58
karamel mafini
    Карамел мафини

Потребни состојки:

  • 10 меки карамел бонбони (60гр)
  • 130гр мелено чоколадо
  • 150гр шеќер
  • малку сол
  • кесичка ванилин шеќер
  • 6 лажици масло
  • 2 лажици јогурт
  • 2 јајца
  • 2 лажици рум
  • 200гр брашно
  • 2 лажички прашок за пециво

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени, обложете ги калапите за мафини со хартиени кошнички. Исецкајте карамел бомбони.
  2. Икршете го чоколадото и истопете го на пареа. Иматете шеќер, сол, ванилин шеќер, масло и јогурт, па додадете го растопеното чоколадо, а потоа јајца и рум.
  3. Помешајте го брашното и прашокот за пециво, па полека промешајте во смесата, само колку да се содинат сувите и влажни состојки. Помешајте и 2/3 парчиња карамела и истурете го тестото во хартиените кошнички. Посипете со останатите карамали. Печете околу 30 минути. Исклучте ја рерната, оставете ги мафините да се “одморат” околу 5 минути, па извадете ги од рерна да се изладат целосно.
  4. Украсете по желба

Совет: Ако немате плех за мафини, може да ги печете и само во хартиени кошнички. Мафините може да ги испечете и замрзнете. Кога ќе се одмрзнат, исто се вкусни како кога се свежи.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Август.2014 во 19:02
1

Мафини со нутела


Нутелата е најобожаваниот крем, а посебно ако го искомбинирате со чоколадни, сочни колачиња? Со денови ќе уживате во мирисот и вкусот на овој десерт.

Состојки:

  • 220g брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 200ml млеко
  • 80g какао прав
  • 100g шеќер
  • 2 јајца
  • 2 лажици ванилин шеќер
  • 90g растопен путер
  • Рум
  • Нутела

Подготовка:

Во голема чинија помешајте го брашното, прашокот за печиво, ванилин шеќер, обичниот шеќер и какаото.

Во друг сад измешајте ги јајцата, растопениот путер и млекото. Исто така, ако сакате уникатна арома, додадете рум.

Промешајте ги смесите од двете чинии и подгответе ги калапите во кои ќе ги печете мафините. Постапката е многу едноставна.

Прво наполнете го калапот до половина, а потоа ставете лажица Нутела. Внимавајте калапите да не ги наполните повеќе од 2/3, доколку сакате да го избегнете преливањето.

Колачите печете ги 20 минути на 180 степени. Кога ќе се оладат може да ги послужите со брашно од кокос или шеќер во прав.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Август.2014 во 21:40

МАФИНИ СО СПАНАЌ И ОРЕВИ

SpinachBananaMuffins

Потребни состојки:

250 гр. спанаќ

2 дл. Јогурт

50 мл. Масло за јадење

2 јајца

5 лажици брашно

4 лажици пченкарно брашно

½ прашок за пециво

100 гр. сирење

100 гр. сецкани ореви

 

Припрема:

Измијте го спанаќот и обарете го во солена вода, па исцедете го и ситно исецкајте го.

Изматете ги белките се додека не добиете цврста смеса. Посебно изматете го јогуртот со жолчките, прашокот за пециво, двата вида брашно, ренданото сирење и спанаќот, па додадете сол по желба. Во смесата додадете ги и изматените белки и промешајте за да добиете хомогена смеса.

Калапите за мафини намрсете ги со масло за јадење, па посипете ги во брашно и додадете од претходно приготвената смеса.

Печете во загреана рерна на температура од 200 степени 30тина минути, се додека мафините не добијат златно румена боја.

Откако ќе ги извадите од рерна, врз мафините наросете сецкани ореви. Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 19.Август.2014 во 21:42

МАФИНИ СО ПОРТОКАЛ

orange-muffin2

Потребни состојки:

100 гр. шеќер

100 гр. масло за јадење

2 јајца

150 мл. сок од портокал

300 гр. брашно

1 прашок за печиво

Малку сол

3 портокали

Припрема:

Изматете ги посебно јајцата и шеќерпт, па додадете го маслото за јадење и сокот од портокал.

Во посебен сад сипајте го брашното, прашокот за печиво, солта, па додајте ја изматената смеса и промешајте.

Сипете ја смесата за мафини во калапите за мафини врз кои претходно сте ставиле хартиени корпи. Исечете ги потрокалите на кругови и по едно круг ставете врз мафините. Печете на температура од 180 степени околу 20 минути. Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 01.Октомври.2014 во 22:30

http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/20720-cokoladno-zadovolstvo-mafini-polneti-so-nutela" rel="nofollow -

Потребен ви е само половина час за да можете да уживате во вашиот омилен чоколаден вкус.

cokoladno-zadovolstvo-mafini-polneti-so-nutela-01

Нутелата е најобожаваниот крем, а посебно ако го искомбинирате со чоколадни, сочни колачиња? Со денови ќе уживате во мирисот и вкусот на овој десерт.

Состојки:

  • 220g брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 200ml млеко
  • 80g какао прав
  • 100g шеќер
  • 2 јајца
  • 2 лажици ванилин шеќер
  • 90g растопен путер
  • Рум
  • Нутела

Подготовка:

Во голема чинија помешајте го брашното, прашокот за печиво, ванилин шеќер, обичниот шеќер и какаото.

Во друг сад измешајте ги јајцата, растопениот путер и млекото. Исто така, ако сакате уникатна арома, додадете рум.

Промешајте ги смесите од двете чинии и подгответе ги калапите во кои ќе ги печете мафините. Постапката е многу едноставна.

cokoladno-zadovolstvo-mafini-polneti-so-nutela-02

Прво наполнете го калапот до половина, а потоа ставете лажица Нутела. Внимавајте калапите да не ги наполните повеќе од 2/3, доколку сакате да го избегнете преливањето.

Колачите печете ги 20 минути на 180 степени. Кога ќе се оладат може да ги послужите со брашно од кокос или шеќер во прав.

cokoladno-zadovolstvo-mafini-polneti-so-nutela-03



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 23.Октомври.2014 во 21:22
4

Мафини од компири со пармезан


Состојки

* 2 чешниња лук

* 1 црвен кромид

* 200 мл. хопла

* 200 мл. млеко

* 300 гр. пармезан

* ½ лажичка сол

* ¼ лажичка бибер

* 1 лажица мајчина душица

* 3-4 компири

* путер

Постапка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Подмачкајте со путер 12 калапи за мафини.

Ситно исецкајте ги лукот и кромидот. Измешајте ги во длабок сад заедно со хоплата и млекото. Додадете 200 гр. рендан пармезан. Зачинете ја смесата со сол, бибер и мајчина душица и добро промешајте. Излупете ги компирите и исечете ги на потенки кругови. Наполнете ги калапите за мафини со кругчињата од компири, но внимавајте да не се повисоки од калапот. Потоа во секој од калапите рамномерно истурете од смесата со пармезан. Лесно покријте ги калапите со фолија и печете ги во загреаната рерна 35 минути. Потоа тргнете ја фолијата и рамномерно додадете врз секој калап од преостанатиот пармезан. Вратете ги во рерна и печете ги уште 15 минути додека пармезанот да добие златна боја.

Оставете ги да се изладат околу 5 минути и потоа внимателно со помош на нож остранете ги компирите од калапите.

Декорирајте ги со мајчина душица и послужете ги веднаш.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 11.Декември.2014 во 09:45

http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/27699-lesni-cokoladni-mafini-bez-brasno" rel="nofollow -

Незаборавно уживање кое се подготвува лесно, брзо и едноставно, а го обожаваат сите - од најстари до најмали.

lesni-cokoladni-mafini-bez-brasno-01.jpg

Идеални за со кафе, чај или како десерт по ручекот, рецептот за овие лесни мафини ќе ви се најде во секој дел од денот.

Состојки:

  • 150g чоколадо за готвење
  • 125g путер и уште неколку лажички за премачкување доколку не користите хартиени корпи
  • 3 јајца
  • 90g шеќер + 2 лажици за шлагот
  • 100g бадемово брашно


Подготовка:

1. Рерната загрејте ја на 170 степени. Калапите намачкајте ги со путер или обложете ги со хартиени корпи.

2. На пареа растопете го путерот и чоколадото. Додајте ги жолчките, шеќерот и бадемовото брашно. Добро промешајте.

3. Изматете цврст снег од белки и додадете ги двете лажици шеќер. Постепено додавајте го шлагот во смесата со чоколадо и внимателно мешајте.

4. Печете ги мафините околу 30-35 минути.

lesni-cokoladni-mafini-bez-brasno-02.jpg



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 28.Декември.2014 во 10:23

Празнични мафини

Замесете тесто за вашите омилени http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/18681-podgotvete-kolacinja-od-nutela-i-keksi-za-15-minuti" rel="nofollow -  слатки мафини  и испечете ги. За да изгледаат попразнично ставете ги во црвени хартиени корпи. На страна изматете белки од јајце со малку шеќер и неколку капки лимонов сок за да добиете снежно бел шлаг. Нанесете го со шприц за готвење и украсете го со прехранбени украсни детали. Доколку сакате да добиете зелен шлаг, по матењето додајте прехранбена зелена боја.

napravete-gi-5-te-najvkusni-novogodisni-elki-2.jpg




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 24.Јануари.2015 во 16:30

http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/28720-probajte-super-brzi-cokoladni-mafini" rel="nofollow -

Рецепт за сите љубители на мафини и лава колаче кое никако не можат да го погодат дома.

probajte-super-brzi-cokoladni-mafini-01.jpg

Овие брзи мафини имаат мека средина, па голема е веројатноста дека ќе ве освојат на првото залче.

За нивна подготовка потребно ви е:

  • 250g темно чоколадо
  • 250g путер
  • 300g шеќер
  • 130g брашно
  • 6 јајца
  • 1 ванилин шеќер

1. Путерот оставете го да омекне на собна температура, а потоа изматете го со шеќерот.

2. Јајцата додавајте ги едно по едно, а потоа измешајте го и брашното.

3. Чоколадото стопете го на пареа и додадете го во смесата.

4. Ставете ја густата смеса во калапи за мафини и печете 10 минути на 200 степени.

probajte-super-brzi-cokoladni-mafini-02.jpg



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 20.Март.2015 во 21:49
Мафини со рибизли или овошје по желба

1

Потребно е :

2 јајца

2 чаши (1,5 дл) масло

3 чаши млеко или јогурт

3 чаши шеќер

7 чаши брашно

1 кесичка ванилин шеќер

1 прашок за пециво

300 гр рибизли или друг вид на овошје по желба

Измешајте ги јајцата и шеќерот, додадете масло, млеко, па додадете брашно и измешајте го со прашокот за пециво и ванилин шеќер. Истурете во корпиците за мафини по една лажица од смесата. Над смесата ставете ги рибизлите. Потоа на остатокот од смесата ставете ги рибизлите повторно. Мафините печете ги 30 минути на 200 ° С, додека не се добие убава боја.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 08.Април.2015 во 21:05

МНОГУ СОЧНИ МАФИНИ

Многу сочни мафини


  • 85 г  http://migusto.mk/ingredient/%d0%b1%d1%80%d0%b0%d1%88%d0%bd%d0%be/" rel="nofollow - брашно
  • 40 г  http://migusto.mk/ingredient/%d0%ba%d0%b0%d0%ba%d0%b0%d0%be/" rel="nofollow - какао
  • 150 г  http://migusto.mk/ingredient/%d0%ba%d0%b0%d1%84%d0%b5%d0%b0%d0%b2-%d1%88%d0%b5%d1%9c%d0%b5%d1%80/" rel="nofollow - кафеав шеќер
  • 1/2 лажичка  http://migusto.mk/ingredient/%d0%bf%d1%80%d0%b0%d1%88%d0%be%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%b5%d1%86%d0%b8%d0%b2%d0%be/" rel="nofollow - прашок за пециво
  • 1/2 лажичка  http://migusto.mk/ingredient/%d1%81%d0%be%d0%b4%d0%b0-%d0%b1%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d1%80%d0%b1%d0%be%d0%bd%d0%b0/" rel="nofollow - сода бикарбона
  • прстофат  http://migusto.mk/ingredient/%d1%81%d0%be%d0%bb/" rel="nofollow - сол
  • 100 мл  http://migusto.mk/ingredient/%d1%81%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%b0-%d0%bf%d0%b0%d0%b2%d0%bb%d0%b0%d0%ba%d0%b0/" rel="nofollow - слатка павлака
  • 1/2 лажичка  http://migusto.mk/ingredient/%d1%82%d0%b5%d1%87%d0%bd%d0%b0-%d0%b0%d1%80%d0%be%d0%bc%d0%b0-%d0%be%d0%b4-%d0%b2%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d0%bb%d0%b0/" rel="nofollow - течна арома од ванила
  • 50 г  http://migusto.mk/ingredient/%d0%bf%d1%83%d1%82%d0%b5%d1%80/" rel="nofollow - путер
  • http://migusto.mk/ingredient/%d1%98%d0%b0%d1%98%d1%86%d0%b5/" rel="nofollow - јајце
  • 50 мл  http://migusto.mk/ingredient/%d1%98%d0%be%d0%b3%d1%83%d1%80%d1%82/" rel="nofollow - јогурт
  • 12 парченца  http://migusto.mk/ingredient/%d1%81%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%be-%d0%be%d0%b4-%d1%82%d0%b8%d0%ba%d0%b2%d0%b0-%d0%bb%d1%83%d0%b1%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b0-%d0%b8%d0%bb%d0%b8-12-%d0%ba%d0%be%d1%86%d0%ba%d0%b8-%d1%87%d0%be/" rel="nofollow - слатко од тиква, лубеница, или 12 коцки чоколадо или малку Нутела  (по желба)


  1. http://migusto.mk/mnogu-socni-mafini/" rel="nofollow - 1.Се вклучува рерната на 180 степени.
  2. http://migusto.mk/mnogu-socni-mafini/" rel="nofollow - 2.Во длабок сад се матат сите состојки. Во калап за 12 мафини се поставуваат хартиени кошнички, во секоја се става до пола од смесата па калапот се става во рерната.
  3. http://migusto.mk/mnogu-socni-mafini/" rel="nofollow - 3.По десетина минути се вади калапот, се става од парченцата од слатко, чоколадо или по малку Нутела, се прелива остатокот од смесата и се пече уште околу 20-тина минути.
  4. http://migusto.mk/mnogu-socni-mafini/" rel="nofollow - 4.Одозгора се посипуваат со шеќер во прав или цимет.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Omar
Датум на внесување: 19.Април.2015 во 12:16

http://www.crnobelo.com/hrana/recepti/26063-probajte-mafini-na-angliski-nacin" rel="nofollow - Мафини на англиски начин


Ако се одлучите да појадувате на англиски начин, тогаш подгответе се за калориска бомба која ќе ви експлодира во устата при првиот залак.

mafini-na-angliski-nacin-pojadok-za-poinakov-pocetok-na-denot-1-

Овој појадок е направен од: пржена сланина, пржени јајца, тост леб, препречен грав, пржени колбаси и печурки, домат, компир и задолжителна чаша сок од портокал.

Заради обилност, во Англија овој појадок не се консумира често, туку обично за викендите кога луѓето имаат повеќе слободно време за да го подготват.

Ако сте обожаватели на пржени јајца и крцкава сланина, тогаш задолжително пробајте го овој англиски рецепт:

Потребни состојки (за 9 мафини):

  • 9 јајца
  • 15 тенки парчиња тост леб
  • 9 парчиња тенка сланина
  • 100 грама стопен путер
  • Калап за мафини


Подготовка:

1. Секое парче тост добро протапкајте го со помош на рацете, со цел да не се распука додека го ставете во калапот за мафини. Исечкајте го со помош на чаша или калап во облик на круг, па потоа секој дел пресечете го уште на два дела за да добиете полумесечина. Пресечете уште неколку парчиња на уште помали делови, бидејќи ќе ги требаат за дното на калапот.

http://recipeci.com/wp-content/uploads/2014/09/P9200001.jpg" rel="nofollow - P9200001


2. 
Сланината пропржете ја кратко на тавче, а потоа калапот за мафини премачкајте го со дебел слој од претходно стопениот путер. Потоа, во секоја дупка во калапот ставете по две или по три парчиња тост, зависи колку се големи дупките, свртени кон врвот. Добро притиснете со рацете, со цел тостот да се залепи за калапот, а на дното од секоја дупка ставете од малите исечкани парчиња тост.

P9200002


3. 
Над секоја дупка сега ставете од пржената сланина, а над неа скршете по едно јајце и малку посолете.Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, од прилика 20-тина минути, односно мафините ќе бидат готови штом се испечат јајцата.

http://recipeci.com/wp-content/uploads/2014/09/P9200004.jpg" rel="nofollow -

http://recipeci.com/wp-content/uploads/2014/09/P9200004.jpg" rel="nofollow - - http://recipeci.com/wp-content/uploads/2014/09/P9200004.jpg" rel="nofollow - mafini-na-angliski-nacin-pojadok-za-poinakov-pocetok-na-denot-3jpg



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Мај.2015 во 17:17

Неодоливи мафини со лимон кои се топат во уста


Меко тесто и неодолив фил со лимон кој ќе ги освежи сите ваши сетила.

Потребни состојки:

  • 3 шолји брашно
  • Кесичка прашок за пециво
  • Пола лажичка сол
  • 1 шолја несолен путер
  • 2 шолји бел шеќер
  • 4 јајца
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 2 лажици лимонова кора
  • 1 шолја полномасно млеко
  • 4 лажици свеж сок од лимон
  • 2 шолји слатка павлака
  • ¾ шолја шеќер

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 190 степени. Во калапот за мафини ставете книжни корпички.

2. Измешајте го брашното со прашакот за пециво. Во друг сад, измиксајте го несолениот путер и шеќерот, се додека смесата не стане соединета. Потоа едно по едно додадете ги јајцата и цело време мешајте ги состојките. Сега во смесата сипете го екстрактот од ванила и лимонова кора.

3. Брашното (од првиот сад) сипете го во смесата со путерот (во вториот сад). Во смесата наизменично додавајте млеко, лимонов сок и брашно. Цело време со миксер миксајте ги состојките.

4. Кога тестото е готово, сипете го во подготвените корпички за капкејк, притоа полнете ¾ од корп**ката. Во загреаната рерна печете ги колачите околу 17 минути. Кога ќе бидат готови, оставете ги добро да се изладат.

5. За подготовка на кремастиот фил, сипете ја слатката павлака во сад и матете со миксер, се додека таа не започне да се згуснува. Постепено додавајте шеќер и сок од лимон, цело време миксајќи ги состојките. Кога филот ќе биде готов, украсете ги капкејковите со крем од лимон, кој ќе се топи во уста!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Август.2015 во 22:10

МАФИНИ СО ЈАЈЦА И СЛАНИНА

mafini so jajca i slanina

Потребни состојки:

400 гр. брашно

1 лажичка сол

1 прашок за пециво

½ лажичка шеќер

200 гр. сланина

200 гр. кашкавал

7 јајца

50 гр. путер

2 лажици ситно сецкан власец

250 мл. млеко

Припрема:

Исецкајте ја сланината и испржете ја во масло на оган се додека не стане крцкава.

Изматете го брашното, солта, прашокот за печиво, кашкавалот, власецот и сланината. Во посебен сад изматете го млекото со едно јајце и додадете го во смесата со брашно, заедно со растопениот путер. Мешајте се додека смесата не се изедначи.

Калапите за мафини намрсете ги со путер. Во секој калап ставете од смесата до половина, па скршете по едно јајце. Потоа додадете уште неколку лажици од смесата, така да го покриете јајцето.

Печете во загреана рерна 20тина минути на температура од 190 степени целзиусови се додека мафините не добијат златно румена боја. Оставете ги да се изладат 5 минути пред послужување. Добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Август.2015 во 08:40

ПОРТОКАЛОВ МАФИН

мафин
:
  • 1 портокал
  • 200мл сок од портокал
  • 1 јајце
  • 125гр путер
  • 150гр брашно
  • лажица прашок за пециво
  • лажица сода бикарбона
  • малку сол
  • 80гр шеќер
  • кесичка шлаг
  • изрендана кора од портокал

Начин на подготовка:

Потокалот исечете го на парчиња, извадете ги смеките и изблендајте заедно со сокот. Во тоа измешајте јајца и путер, а потоа и брашно со сода бикарбона, прашок за пециво, сол и шеќер. Смесата ставете ја во корпици за мафини, украсете со шлаг и кора од портокал.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 13.Август.2015 во 09:12

МАФИНИ СО МУС ОД КОСТЕНИ

kolac od kosteni
Потребни состојки:

  • 600гр пасирани костени
  • 240гр шеќер во прав
  • 240гр слатка павлака
  • лажица рум
  • 20гр бисквити

За чоколаден мус:

  • 5 белки од јајца
  • 600гр чоколадо
  • 1л слатка павлака

Начин на подготовка:

Соединете ги костените, румот и шеќерот во прав и додадете изматена слатка павлака. За мус растопете чоколадо и изматете слатка павлака. Изматете ги белките и во нив додадете стопено чоколадо, а потоа и изматена слатка павлака. На дното на калапите ставете бисквит, додадете мус, а преку него смеса од костени.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Август.2015 во 16:04

МАФИНИ СО МАК

мафини

Потребни состојки:

  • 70гр путер или маргарин
  • 140гр шеќер
  • кесичка ванилин шеќер
  • 2 јајца
  • 140гр мелен афион
  • лажица цимет
  • сок од половина лимон
  • 140гр брашно
  • кесичка прашок за пециво
  • 170мл млеко

За декорација:

  • слатко од слива
  • шлаг
  • мак

Начин на подготовка:

Изматете путер или маргарин со шеќер и ванилин шеќер. Посебно изматете ги жолчките, циметот, сок од лимон, па соединете со изматен путер. Истурете го млекото и брашното помешано со прашок за пециво, со постојано мешање. На крајот додадете ги пенасто изматените белки. Смесата разлијте ја во подмачканите модли за мафини. Печете околу 40 минути на 180 степени. Изладените мафини премачкајте ги со тенок слој на шлаг, посипете по краевите со мак, а во средина ставете една лажица слатко од слива.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Август.2015 во 09:24

ЕКСПРЕС МАФИНИ ВО ФИЛЏАН

26

Состојки:

4 лажици брашно

4 лажици шеќер

2 лажици какао

1 јајце

3 лажици масло

3 лажици млеко

Подготовка:

Се мешаат брашното, шеќерот и какаото во чаша за чај.

Се додава едно јајце и треба добро да се измати.

Додадете млеко и масло и уште еднаш добро измешајте.

Се пече во микробранова на највисока температура 3 минути.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 12.Октомври.2015 во 19:40

Омилен десерт: Мини чоколадни мафини


Меки мафини со вкус кој воодушевува!

Потребни состојки:

  • 1 јајце
  • 2 лажици шеќер
  • Пола лажичка ванилин жеќер
  • Пола лажичка прашок зз пециво
  • 125 гр. брашно
  • 125 гр. јогурт
  • 35 мл. масло
  • Пола лажичка какао
  • 50 гр. млечно чоколадо
  • Пола лажичка цимет

Подготовка:

Вклучете ја рерната да се загрее на 220 степени. Искршете го чоколадото на ситни парчиња. Доколку сакате појак вкус наместо млечно чоколадо користете и чоколадо за готвење

Со миксер изматете ги прво јајцето, шеќерот и ванилиниот шеќер, потоа додадете јогурт, масло, прашок за пециво, какао и цимет. Кога сето тоа добро ќе се соедини додадете брашно. Матете додека масата не се соедини. Додадете чоколадо и измешајте.

Подготвената смеса рамномерно распоредете ја во подмачканите калапите и ставете да се пече. Смесата е доволна за еден плех со мини мафини. Доколку сакате повеќе тогаш удвојте ги состојките.

Пријатен апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Октомври.2015 во 21:36


 Вкусот на есента: Мафини со тиква
http://www.femina.mk/рецепти/популарни-јадења/вкусот-на-есента-мафини-со-тиква" rel="nofollow - http://www.femina.mk/рецепти/популарни-јадења/вкусот-на-есента-мафини-со-тиква" rel="nofollow - Поканете ја есента во вашата кујна со превкусни мафини со печена тиква. Слатки, меки и со примамлива арома на цимет и морско оревче, овие неодоливи мафини брзо ќе „летнат“ од чиниите.

http://www.femina.mk/images/articles/8835/large/01.jpg" rel="nofollow - http://www.femina.mk/images/articles/8835/large/01.jpg" rel="nofollow - http://www.femina.mk/images/articles/8835/large/01.jpg" rel="nofollow">Мафини со тиква

http://www.femina.mk/images/articles/8835/large/02.jpg" rel="nofollow">Мафини со тиква
http://www.femina.mk/images/articles/8835/large/02.jpg" rel="nofollow -
http://www.femina.mk/images/articles/8835/large/03.jpg" rel="nofollow">Мафини со тиква
Мафини со тиква

СОСТОЈКИ

450 грпире од печена тиква
1 ¾ шолјибрашно
1 шолјабел шеќер
½ шолјакафеав шеќер
2 лажичкицимет
¼ лажичкамелено каранфилче
¼ лажичкаморско оревче
1 лажичкасода бикарбона
½ лажичкасол
1 лажичкаекстракт од ванила
2јајца
½ шолјамасло

ПОДГОТОВКА

  1. Исечете ја тиквата и отстранете ги семките. Покријте ја со алуминиумска фолија и печете ја околу еден час во загреана рерна на 200°С. Откако ќе се олади, со лажица извадете ја внатрешноста. Ставете ја во блендер или убаво испасирајте, за да добите пире.
  2. Премачкајте ги формите за мафини со малку путер или маргарин и оставете ги настрана.
  3. Во длабок сад ставете ги сите суви состојки, односно брашното, белиот и кафеавиот шеќер, солта, содата,  http://www.femina.mk/%D1%80%D0%B5%D1%86%D0%B5%D0%BF%D1%82%D0%B8/%D0%BD%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8/%D1%86%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D1%82-%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BE%D0%BD%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE-%D0%B2%D0%BA%D1%83%D1%81%D0%B5%D0%BD-%D0%B8-%D0%B7%D0%B4%D1%80%D0%B0%D0%B2-%D0%B7%D0%B0%D1%87%D0%B8%D0%BD" rel="nofollow - циметот , каранфилчето и морското оревче. Промешајте.
  4. Во друг сад ставете ги јајцата, пирето од тиква, маслото и екстрактот од ванила. Промешајте со маталка, но не премногу и така добиената смеса турете ја во садот со сувите состојки. Добро промешајте со лажица.
  5. Ставете од смесата во формите за мафини и печете на 190°С околу 20 минути.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 21.Октомври.2015 во 19:56

Есенски вкусно: Мафини со јаболки


Јаболкото е можеби најфантастичното овошје. Особено на есен, тоа е пристуно во секој дом, а со него може да се направат најдобрите и највкусните десерти. Мафините со јаболки се само дел од тие превкусни десерти, а ние ви нудиме еден таков со кој ќе ги затоплите ладните и дождливи есенски денови.



Потребни состојки

  • 250 грама брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 1/2 лажица сол
  • 2 лажица цимет + ½ за прелив
  • 3 покрупни јаболки излупени и исечени на ситни коцки
  • 100 грама путер (на собна температура)
  • 200 грама шеќер
  • 2 големи јајца
  • 2 лажички ванила екстракт
  • 120 грама млеко

Плус:

  • 120 грама стопен путер
  • 50 грама шеќер
  • 50 грама цимет


Подготовка:

Загрејте ја претходно рерната на 180 степени Целзиусови. Во еден подлабок сад ставете го брашното, прашокот за пециво, циметот и солта и добро промешајте ги. Во друг сад ставете ги исецканите јаболка и посипете ги со 2 лажици брашно и промешајте ги добро сите исечкани делчиња да се обложат со брашното.

Во трет сад пак со мискерот измиксајте ги путерот и шеќерот додека не омекне и смесата не стане хомогена. Додајте ги јајцата едно по едно, млекото и ванила екстрактот, а потоа и јаболката и на крајот и смесата со брашното од првиот сад.



Добиената смеса ставете ја во калапи за мафини обложени со хартиени молди за мафини и печете ги на 180 степени околу 20-25 минути или додека не ставите чепкалка во тестото и не излезе чепкалката без трошки.

Кога ќе ги извадите од рерната ставете ги мафините од горната страна во стопениот путер, а потоа и во микс од шеќер и цимет. 



Сервирајте топло.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 02.Ноември.2015 во 13:36

Совршен есенски десерт: Банана мафини


Оваа недела ви претставивме повеќе десерти со јаболки, но на ред дојде уште едно овошје кое е совршено за есенски десерти. Бананата. 

Десертите, а особено мафин десертите со банана се превкусни и здрави, а особено овој ќе ги задоволи дури и најпребирливите вкусови.



Состојки:

  • 3 зрели банани
  • 200 гр. шеќер
  • 2 јајца на собна температура
  • 170 мл зејтин
  • 260 грама брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 3 лажици млеко



Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.

Испасирајте ги бананите додека не добиете пире, а потоа во садот со бананите додадете го шеќерот и добро измиксирајте додека смесата не стане хомогена и шеќерот не се стопи. 

Откако ќе стане смесата хомогена во садот полека доадете едно по едно од јајцата и повторно миксајте. Додадете го зејтинот и млекото и на крајот брашното и прашокот за пециво.



Миксајте ја смесата уште 1-2 минути, а потоа од неа ставете во калапите за мафини. 

Печете на 180 степени Целзиусови 20-25 минути. 

Кога целосно ќе се оладат посипете ги мафините со шеќер во прав или шеќер во кристали.

Добар апетит.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Ноември.2015 во 08:16

Dave’s Kitchen: Мафини со кафе за совршен почеток на денот


Утро...Додека се расоните и да се подготвите за одење на работа сигурно го започнувате денот и со топла шолја кафе. Од утре вашиот утринските ритуал збогатете го со мафини со неодолив мирис и вкус на кафе.

Потребни состојки:

1 смеса

  • 4 јајца
  • 180 мл масло за јадење
  • 100 гр растопен путер
  • 150 гр. шеќер
  • 120 мл. вода
  • 240 гр. брашно
  • 2 и пол лажички пециво
  • прстофат сол

2 смеса со кафе

  • 1 лажица инстант кафе
  • 2 лажици какао
  • 1 лажица шеќер

Ронливо тесто

  • 80 гр. брашно
  • 4 лажици шеќер
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/2 лажичка пециво
  • 4 лажици растопен путер

Начин на подготовка:

Во длабок сад измешајте ги влажните состојки (јајцата, маслото за јадење, путерот, шеќерот, водата) Оставете на страна. Во друг длабок сад измешајте ги сувите состојки (брашното, пецивото прстофат сол). Потоа спојте ги влажните со сувите состојки.

За смесата со кафе најпрвин во сад измешајте ги кафето, какаото и шеќерот и оставете ги на страна. 

Во друг длабок сад измешајте го брашното, шеќерот, циметот, пецивото и растопениот путер. Треба да добиете ронливо тесто кое ќе го ставите одозгора врз мафините. 

Калапот за мафини премачкајте го со растопен путер и нанесете 2 лажички од првата смеса, потоа нанесете една лажичка од смесата со кафето и какаото и повторно нанесете од смесата за мафини. Со помош на чепкалка направете нежни кружни движења во секој од мафините за да се направи шара. Одозгора нанесете од ронливото тесто. Печете на 200 степени од 18-20 минути. 

Повеќе рецепти од кујната на  https://www.facebook.com/davor.pancevski.54" rel="nofollow - - Dave’s Kitchen.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Декември.2015 во 19:21

Мафини со спанаќ и сирење


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

– 1 чаша бело брашно

– 1 чаша пченкарно брашно

– 1 мала павлака

– 300 гр фета сирење

– 200 гр крупно исечен спанаќ

– 1 кесичка прашок за пециво

– 1/2 чаша масло

– 3 јајца

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изматете ги јајцата, павлаката и маслото. Во одделен сад, помешајте ги брашното, прашокот за пециво и на крајот додадете ја и мешавината од јајца. Додадете сирење и спанаќ. Загрејте ја рерната на 200 степени. Во калап за мафини прелиете го тестото и печете додека мафините не нараснат и не поруменат.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 22.Декември.2015 во 17:04

http://www.kafepauza.mk/zivot/praznichni-mafini-magija-za-sechija-trpeza/" rel="nofollow -

    Како што ни се доближуваат новогодишните празници, така и љубителите на декорациите почнуваат со својата потрага за оригинални декоративни идеи и десерти. За да ви олесниме во потрагата, решивме да ги споделиме овие одлични колачи во облик на снежни кугли кои без сомнение ќе бидат најоригиналниот и најкреативниот украс на вашата трпеза…

(1) Празнични мафини: Магија за сечија трпеза

Потребни состојки:
  • Готови мафини
  • 12 листови желатин
  • Ледена вода
  • 8 балони
  • 8 дрвени стапчиња
  • Леплива трака
  • Парче стиропор
  • Спреј за десерти (можете да го направите сами: во чиста боца со распрскувач поставете малку растително масло и течен лецитин во ист размер)
Начин на подготовка:

(2) Празнични мафини: Магија за сечија трпеза

Во чинија со ледена вода ставете ги желатините, еден по еден, и оставете ги да отстојат 10 минути. Откако ќе омекнат, извадете ги од водата и нежно истиснете го вишокот вода од нив, па префрлете ги во мало тенџере. Додадете им 3 лажици вода и загревајте ги на тивок оган сè додека не се растопат. Оставете ги малку да се оладат, но внимавајте да не претерате и тие целосно да се стврднат. Во тој случај, загрејте ги повторно.

Додека желатинот се лади, надувајте 8 балони со големина на калапот за мафини кој го имате и залепете ги со лентата на стапчињата. Испрскајте од спрејот на вашите дланки и потоа нежно премачкајте ги балоните сè додека маслото не се впие целосно. Балоните не смеат да бидат сјајни и масни. Оладениот желатин ставете го во шолја со ширина на балонот и доволна длабочина да може тој целосно да се потопи. Откако ќе го потопите балонот во желатин, оставете го да отстои 10-тина минути. Балоните се подготвени тогаш кога веќе нема да бидат лепливи на допир.

Повторете го потопувањето во желатин, но овој пат поставете ги балоните на стиропорот и оставете ги да отстојат 24 часа на собна температура. Откако желатинот на балоните ќе стане цврст, вие сте спремни за следниот чекор. Со цел да ги одвоите куглите желатин од балонот, исечете го онаму каде се спојува со стапчето. Балонот ќе се издува, па потоа лесно ќе можете да го извлечете. Доколку не се одвои веднаш, дадете му време да отстои (од 5 до 45 минути).

Отворот на секоја од куглите обликувајте го со ножици, така да што да одговора на секој мафин. Пред да ги нанесете куглите на мафините, секој од колачите премачкајте ги со бел крем по избор и посипете ги со кокос, со цел да изгледаат снежно. На секој мафин поставете и шеќерна декорација во празничен дух, како Дедо Мраз, Снешко, ирваси, елки… И за крај затворете ги со куглата од желатин. Сите ваши роднини и пријатели ќе бидат воодушевени.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Јануари.2016 во 19:55

Мафини со сирење

Почестете се самите и израдувајте ги најмилите со вкусни, меки и лесни солени мафини. Мафините со сирење се добредојдени во сечија чинија и се идеални за брз и неодолив
 појадок или забава во домашна атмосфера.
http://www.femina.mk/images/articles/8978/large/01.jpg" rel="nofollow">Мафини со сирење
http://www.femina.mk/images/articles/8978/large/02.jpg" rel="nofollow">Мафини со сирење
Мафини со сирење http://www.femina.mk/images/articles/8978/large/04.jpg" rel="nofollow">Мафини со сирење

Еве како со еден рецепт можете да станете експерт за правење мафини, кои ќе ги примамуваат вашите гости да посегнат барем по уште едно парче:

СОСТОЈКИ

3јајца
1 шолјајогурт
½ шолјамасло
2 шолјибрашно
1прашок за пециво
200 грсирење
½ лажичкасол
сусам

ПОДГОТОВКА

  1. Потпечете 4-5 лажици сусам на тивок оган и оставете го настрана.
  2. Во длабок сад ставете ги јајцата и изматете со миксер. Додавајте ги постепено останатите состојки по следниов редослед: јогурт, масло, брашно, пециво, сол. Добро изматете.
  3. Наведената количина сирење изрендајте ја на крупната страна од рендето во претходно приготвената смеса.
  4. Наполнете ги формите за мафини со добиената смеса и поросете со сусам.
  5. Печете на 200°С околу половина час.

http://www.femina.mk/рецепти/популарни-јадења/мафини-со-сирење" rel="nofollow -


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 27.Февруари.2016 во 16:05

Интегрални мафини со сирење, зелени маслинки и кашкавал

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 200гр сирење (рендано)

*30 гр путер на коцки

* 10 зелени маслинки

* 500гр интегрално брашно

* 100мл масло

* 1 жолчка

* малку сол

* 3 јајца

* 1 лажиче сода

* 0,5 кофичка кисело млеко

* 20гр мак

* 10гр рендан кашкавал

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Го мешаме киселото млеко со една лажичка сода.
Потоа ги додаваме и јајцата. Додаваме малку сол и масло. Се добро мешаме и ја истураме смесата во садот со интегралното брашно. Мешаме со лажица – ги додаваме маслинките исечени на кругови. Потоа го додаваме и сирењето и кимот.
Со подмачкани раце правиме 12 топки и ги ставаме во подмачкани форми за колачи.
Ги премачкуваме со жолчка.
Печеме на 220 степени, околу 30-35 минути.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 15.Март.2016 во 08:06

Брзи пилешки мафини на мексикански начин

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

600гр. сецкано варено пилешко бело месо

350гр. чедар сирење

2 јајца

250мл. млеко

130гр. брашно

1 лажичка прашок за пециво

1 луто пиперче (по желба)

свеж магдонос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изматете ги јајцата, млекото, брашното и прашокот за пециво.

Во друг сад измешајте ги пилешкото месо, лутото пиперче, сирењето и магдоносот.

Ставете од оваа мешавина во калапите.

Врз нив додадете ја мешавината од млеко и јајца…

Ставете ги да се печат половина час во претходно загреана рерна на 200 степени.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Април.2016 во 08:36

Мафини со лешници


mafini so lesnici naslovna
Дама.мк
Напишано од  http://dama.mk/author/admin/" rel="nofollow - Дама.мк

Зарем постои некој кој не сака мафини?

Веруваме дека не, па зошто тогаш да не ги подготвите овие вкусни залчиња и да ги израдувате членовите на вашето семејство. Плус одлични се ако чекате гости…

Состојки:

  • 100 грама брашно
  • 100 грама чоколадо во прав
  • ¼ лажица сода бикарбона
  • 1 лажичка прашак за печење
  • 1 јајце
  • 80 грама путер
  • 30 грама шеќер
  • 125 милилитри млеко
  • 50 грама насецкани и пржени лешници плус малку мелени лешници за украсување
  • Прстофат сол

Подготовка:

Прво измешајте ги сувите состојки: брашното, прашакот за печење, чоколадото во прав, сода бикарбоната, шеќерот и прстофатот сол.

Во друг сад измешајте ги јајцето и путерот кој претходно го стопивте или го оставивте на собна температура да омекне.

Потоа, постепено лажица по лажица додавајте ги сувите состојки во смесата од јајце и путер. Лесно додавајте го и млекото и пржените лешници.
Кога сите состојки ќе се спојат, ставете калапи за мафини и смесата внимателно ставајте ја во нив. Тие треба да бидат до половина наполнети.

Печете на загреана рерна од 180 степени околу 20 минути.
Кога ќе се испечат, украсете ги со лешници и по желба растопено чоколадо.

Послужете ги со кафе или чај.

Имајте добар апетит!

 



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Април.2016 во 08:37

Зелени мафини (фото рецепт)


mafini main
Дама.мк
Напишано од  http://dama.mk/author/admin/" rel="nofollow - Дама.мк

Зелените мафини, ем се убави ем се здрави. Може да се јадат за појадок и вечера, или да се послужат како додаток на некоја салата.

Состојки:

  • Блитва по желба
  • Рукола
  • Малку копар
  • Свеж босилек
  • Свежо оригано
  • 4 јајца
  • 250 грама јогурт
  • 100 грама бело брашно
  • 50 грама палента
  • Лажичка сода бикарбона
  • Лажичка прашак за печење
  • Лажичка сол
  • Малку бибер
  • Рендано биено сирење или пармезан по желба
  • Малку зејтин

Подготовка:

Единствено правило во овој рецепт е зелените состојки да бидат свежи, па ако нема оригано (бидејќи тешко се наоѓа свежо) тоа може да се замени со да речеме рузмарин. Се друго е произволно.

http://dama.mk/wp-content/uploads/2015/10/svezo-origano.jpg" rel="nofollow">Свежо оригано

Свежо оригано

 

http://dama.mk/wp-content/uploads/2015/10/svez-siten-bosilek.jpg" rel="nofollow">Свеж босилек

Свеж босилек

 

http://dama.mk/wp-content/uploads/2015/10/rukola.jpg" rel="nofollow">rukola

Рукола

 

http://dama.mk/wp-content/uploads/2015/10/blitva.jpg" rel="nofollow">blitva

Блитва

 

http://dama.mk/wp-content/uploads/2015/10/kopar.jpg" rel="nofollow">Копар

Копар

Подготовката е брза и многу едноставна.

Во солена вода сварете ги блитвата и руколата.

http://dama.mk/wp-content/uploads/2015/10/se-varat-vo-solena-voda.jpg" rel="nofollow">se varat vo solena voda

Овој зелен микс исецкајте го ситно и ставете го во подлабок сад.

http://dama.mk/wp-content/uploads/2015/10/seckanje-i-mesanje.jpg" rel="nofollow">seckanje i mesanje

Потоа на нив им додадете ги (прво зелените состојки) ситно исецканиот босилек, ориганото, малку копар а потоа и брашното, палентата, јогуртот, ренданото сирење, зејтинот, прашакот за печење, сода бикарбоната, солта и биберот.

http://dama.mk/wp-content/uploads/2015/10/mesanje-na-sostojki.jpg" rel="nofollow">mesanje na sostojki

 

http://dama.mk/wp-content/uploads/2015/10/so-jajca.jpg" rel="nofollow">so jajca

Откако добиете фина смеса, наполнете ги калапите за мафини и право во загреана рерна.

http://dama.mk/wp-content/uploads/2015/10/za-vo-rerna.jpg" rel="nofollow">za vo rerna

Мафините се готови кога во нив ќе брцнете чепкалка за заби и истата ќе ја извадите чиста. Тоа значи дека се е добро испечено.

http://dama.mk/wp-content/uploads/2015/10/pecenje.jpg" rel="nofollow">pecenje

Мафините се јадат убаво изладени, така најдобро ќе се почувствува убавината на овој микс.

http://dama.mk/wp-content/uploads/2015/10/gotovi-mafini-02.jpg" rel="nofollow">gotovi mafini 02

И тоа е тоа, брзо, здраво и вкусно.
Имајте добар апетит!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Мај.2016 во 08:26

Овошни мафини


Во потрага сте по сладок овошен деликатес? Дозволете си да бидете освоени од слатко задоволство со јагоди во форма на мафини.

http://www.femina.mk/images/articles/10398/large/01.jpg" rel="nofollow">Овошни мафини

СОСТОЈКИ

2јајца
2 лажицишеќер (или повеќе ако сакате поблаго)
200 млјогурт
50 млмасло
15 лажицибрашно
1 кесичкаванилин шеќер
1 кесичкапрашок за печиво
рендана кора од лимон
овошје по желба
шеќер во прав

ПОДГОТОВКА

  1. Разделете ги белките од жолчките на јајцата. Прво се матат белките. Потоа полека се додава шеќерот, па јогуртот, маслото, ренданата кора од лимон и ванилиниот шеќер. На крајот, додајте го прашокот за печиво.
  2. Смесата насипете ја во калапи за мафини. Наполнете ги до половина, а одозгора ставете овошје по ваша желба.
  3. Печете во загреана рерна на 180°С.
  4. Откако мафините ќе се испечат, посипете ги со шеќер во прав.


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 04.Јули.2016 во 20:11

Рецепт за вкусни мафини со тиквички и пршута


Подгответе брзи и вкусни мафини кои ќе може да ги понесете во парк или на работа. Направете повеќе, затоа што тешко дека некој ќе им одолее.


Потребни состојки:

  • 1 тиквичка
  • 5 парчиња пршута
  • 180гр брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 2 јајца
  • 120мл јогурт
  • 100гр крем сир
  • Малку сол и бибер

Начин на подготовка:

Изрендајте ја тиквата, а пршутата исечкајте ја на ситни парчиња. Брашното измешајте го заедно со печивото, додека јајцата изматете ги со јогуртот, крем сирот и ставете малку сол и бибер. Во смесата додадете ги тиквичките и пршутата. Калапот за мафини обложете го со кошнички за мафини и наполнете ги околу ¾ од висината. Печете на 180° околу 25 минути. Послужете со кисело млеко или јогурт.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Јули.2016 во 08:47

Чоколадни мафини


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 гр Екстра бело брашно

2 јајца

125 мл масло за готвење

250 мл млеко

200 гр шеќер

3 супени лажици прашок за печиво

1 супена лажица сол

5 лажици какао во прав или 100 гр растопено чоколадо за готвење

готов шлаг

трошки во боја

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во поголем сад ги матиме јајцата со миксер 1 минута. Потоа ги додаваме маслото и млекото и продолжуваме со матење. За кусо време го додаваме и шеќерот и продолжуваме со матење се додека не добиеме мазна смеса.

Потоа ги додаваме брашното, прашокот за печиво и солта. Матиме уште 2-3 минути. Во смесата го додаваме какаото или чоколадото растопено на пареа.

Смесата ја претураме во калапите за мафини во кои имаме ставено хартиени мали корпи.

Печеме во претходно загреана рерна на температура од 180 степени помеѓу 20 и 25 минути.

Откако ќе се оладат, секој мафин го декорираме со шлаг и трошки во боја.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 17.Септември.2016 во 17:52

Чоко мафини со кафе


Чоколадните мафини се вкусен и декадентен десерт. Тие се одличен избор за појадок кога сте во брзање, но и одличен додаток покрај шолјата кафе. Сепак, ова е рецепт кој во себе веќе содржи доза на кафе.


Чоколадните мафини со кафе се лесни и брзи за подготвување, а гарантираме дека и ќе ви ги разбудат сетилата.

Потребни состојки:

  • 350 грама брашно
  • 30 грама зовриена вода
  • 30 грама свежо сварено нес кафе
  • 60 грама какао
  • 170 грама несолен путер
  • 2 јајца
  • 60 мл млеко
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажичка ванила екстракт



Подготовка: 

Во поголем сад ставете ги водата, кафето, млекото и какаото и тргнете ги на страна. Во друг сад измискајте ги добро шеќерот, путерот и јајцата додека смесата не стане воздушеста. Во првиот сад додадете го ванила екстрактот и комбинирајте го со смесата од вториот. Добро миксајте со миксерот додека смесата не стане хомогена. На крај додадете го брашното и прашокот за пециво и повторно промешајте.



Рерната загрејте ја на 350 степени и калапите за мафини обложете ги со хартиени корпи. Наполнете ги калапите со смесата и печете 20-25 минути. 

Одозгора можете да ги оставите така како што се или да ги премачкате со шлаг или Нутела.




-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 06.Ноември.2016 во 14:37

Мафини со сирење готови за 20 минути


Мафините се многу едноставни за подготовка, со кои никако не можете да погрешите, без разлика дали ги послужувате како сладок десерт или како солена закуска. Овие мафини со сирење се готови за само 20 минути.


Потребни состојки:

  • 1 шолја млеко
  • 3 лажици растопен путер
  • 1 јајце
  • малку бибер
  • 250гр брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 лажица шеќер
  • малку сол
  • 180 гр. сирење

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во голем сад измешајте го млекото, растопениот путер и биберот. Во друг сад измешајте ги брашното, печивото, шеќерот и солта, а потоа додајте го и сирењето. Смесата ставете ја во калап за мафини. Печете од 20-25 минути и послужете со јогурт или кисело млеко.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Ноември.2016 во 08:19

Dave’s Kitchen: Чоко мафини со кафе

Чоколадо искомбинирано со кафе и сето тоа спакувано во вкусен мафин. А, зошто да не?

Овие мафини се одлични, вкусни и брзи за подготовка.

Потребни состојки:

  • 150 гр. омекнат путер на собна температура
  • 200 гр. шеќер
  • 3 јајца на собна температура
  • 120 мл. млеко
  • 130 мл. сварено и изладено инстант кафе
  • 280 гр. брашно прстофат сол
  • 1 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 50 гр. какао

За филот:

  • 250 мл. слатка павлака
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 4 лажици капучино со вкус на чоколадо (или лешник)

Начин на подготовка:

Во длабок сад ставете ги путерот и шеќерот и матете додека не стане пенесто. Додадете ги јајцата, едно по едно, убаво матејќи помеѓу секое додавање. Во сад на страна соединете ги заедно млекото и свареното кафе и додадете ги во садот со изматените јајца, путер и шеќер. Додадете ги сувите состојки сите заедно измешани на два пати матејќи на средна брзина. Со помош на алатка за сладолед ставете од смесата во претходно подготвено тавче со корпи за мафини и наполнете ги корпите 2/3.

Печете на загреана рерна од 180 степени околу 15-20 минути. Оставете комплетно да се изладат. За филот во сад со миксер изматете ја слатката павлака, шеќерот во прав и капучиното заедно додека не добиете цврста структура. Претурете во готварски шприц и декорирајте ги мафините. Добар апетит и забавно готвење!

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 26.Јануари.2017 во 12:18
Богат, вкусен и совршен мафин: Ваквиот оброк не се пропушта!

http://karmin.tocka.com.mk/56/220349/bogat-vkusen-i-sovrsen-mafin-vakviot-obrok-ne-se-propusta#" rel="nofollow - http://karmin.tocka.com.mk/56/220349/bogat-vkusen-i-sovrsen-mafin-vakviot-obrok-ne-se-propusta#" rel="nofollow -







Сите ние знаеме дека треба да се внимава што се внесува во вечерните часови, а и сите ние токму поради секојдневните обврски, не секогаш имаме доволно голема желба за да подготвиме нешто квалитетно.

За среќа, тука се и ваквите едноставни и вкусни рецепти, со чијашто помош здравите и вкусни оброци се готови буквално додека да трепнете.

А речиси за сè што е потребно за да се подготви овој нутритивно богат оброк се доволни само 20-на минути, после што на трпезата ќе ве пречекаат исклучително вкусни залачиња.

Уште едно одлично нешто во врска со овој оброк е тоа што може и самите да си поиграте со вкусовите. Основата овојпат се јајцата. Нив не можете да ги избегнете бидејќи тие ќе ги сврзат сите состојки во една смеса и ќе направат мафинот да биде цврст, додека сето останато може да биде по ваш избор. Препораката е да не го изоставувате и сирењето, од една страна поради вкусот, но од друга страна и поради фактот дека и тој, исто како и јајцата, ја врзува смесата. Сето останато понатаму може да биде предмет на вашата креативност и афинитети.

Потребни состојки:

5 јајца, сол и бибер по вкус. За овој рецепт употребени се спанаќ, домат, кромид, пиперка, брокула, печурки, пармезан и чедар сирење, но ако изберете поинаква комбинација од зеленчук, секако дека нема да погрешите.

Подготовка:



Матете ги јајцата додека да добиете мазна смеса и оставете ја потоа на страна. Исецкајте го избраниот зеленчук на ситни коцки и потоа додадете го во подмачканите калапи за мафини. Можете во различни калапи да ставате и различни комбинации од зеленчук, па наместо еден, ќе добиете неколку различни вкусови. Исполнете го секој калап до врвот, а потоа додадете сол и бибер по вкус.

Кога ќе ја направите саканата комбинација од зеленчук, секој од калапите прелијте го со сматените јајца. Мафините се печат во загреана рерна на 180 степени Целзиусови, околу 20 минути.


И вашиот вкусен и богат оброк е готов! Уживајте!


-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Март.2017 во 19:14

Брз рецепт: Мафини од парчиња леб


http://kajgana.com/brz-recept-mafini-od-parchinja-leb" rel="nofollow -

http://kajgana.com/brz-recept-mafini-od-parchinja-leb" rel="nofollow - Состојки:

http://kajgana.com/brz-recept-mafini-od-parchinja-leb" rel="nofollow - 4 јајца

http://kajgana.com/brz-recept-mafini-od-parchinja-leb" rel="nofollow - 1 шолја бадемово млеко

http://kajgana.com/brz-recept-mafini-od-parchinja-leb" rel="nofollow - 1 кафена лажичка ванила

http://kajgana.com/brz-recept-mafini-od-parchinja-leb" rel="nofollow - 2 кафени лажички цимет

http://kajgana.com/brz-recept-mafini-od-parchinja-leb" rel="nofollow - 12 парчиња леб (интегрален, микс од зрна)

http://kajgana.com/brz-recept-mafini-od-parchinja-leb" rel="nofollow - ½ шолја јагоди

http://kajgana.com/brz-recept-mafini-od-parchinja-leb" rel="nofollow - ½ шолја боровинки

http://kajgana.com/brz-recept-mafini-od-parchinja-leb" rel="nofollow - ½ шолја малини

http://kajgana.com/brz-recept-mafini-od-parchinja-leb" rel="nofollow - ½ шолја капини

http://kajgana.com/brz-recept-mafini-od-parchinja-leb" rel="nofollow - Фил:

http://kajgana.com/brz-recept-mafini-od-parchinja-leb" rel="nofollow - 2 шолји павлака

http://kajgana.com/brz-recept-mafini-od-parchinja-leb" rel="nofollow - ¼ шолја јаворов сируп

http://kajgana.com/brz-recept-mafini-od-parchinja-leb" rel="nofollow - ½ кафена лажичка цимет

http://kajgana.com/brz-recept-mafini-od-parchinja-leb" rel="nofollow -

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 07.Март.2017 во 19:18

Nutella мафини од само две состојки


http://kajgana.com/nutella-mafini-od-samo-dve-sostojki" rel="nofollow -

http://kajgana.com/nutella-mafini-od-samo-dve-sostojki" rel="nofollow - За совршен десерт понекогаш не ни треба многу време или многу состојки. А ова е еден баш таков, совршен, вкусен и едноставен десерт за чија подготовка навистина нема да ви бидат потребни повеќе од неколку минути.


http://kajgana.com/nutella-mafini-od-samo-dve-sostojki" rel="nofollow - За слатко семејно попладне не ви треба повеќе од 4 јајца, едно пакување Nutella или било кој друг крем со лешници. Може да користите и бела веријанта.

http://kajgana.com/nutella-mafini-od-samo-dve-sostojki" rel="nofollow - Состојки:

http://kajgana.com/nutella-mafini-od-samo-dve-sostojki" rel="nofollow - 4 јајца

http://kajgana.com/nutella-mafini-od-samo-dve-sostojki" rel="nofollow - 250 грама крем

http://kajgana.com/nutella-mafini-od-samo-dve-sostojki" rel="nofollow - Подготовка:

http://kajgana.com/nutella-mafini-od-samo-dve-sostojki" rel="nofollow - Целите јајца добро измешајте ги со миксер (5 до 8 минути би требало да е доволно). За тоа време, малку загрејте го кремот, но не на превисока температура за да не биде врел, истурете го во изматените јајца и добро промешајте.

http://kajgana.com/nutella-mafini-od-samo-dve-sostojki" rel="nofollow - Печката загрејте ја на 180 степени, а овој колач може да го печете во калапи за торта или калапи за мафини.

http://kajgana.com/nutella-mafini-od-samo-dve-sostojki" rel="nofollow - Печете околу 20 минути, оставете ги да се оладат и уживајте во десертот кој може да го украсите по желба.


http://kajgana.com/nutella-mafini-od-samo-dve-sostojki" rel="nofollow -

-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Јуни.2017 во 21:43

Вкусни мафини со карфиол и сирење


Понекогаш за да подготвите вкусни јадења не се потребни многу состојки, туку и со наједноставните може да подготвите закуски кои откако еднаш ќе ги направите, ќе посакате да ги јадете постојано.

Токму таков рецепт е и следниот за кој ви се потребни само три состојки.


Потребни состојки:

  • 400гр карфиол
  • 200гр сирење
  • 1 јајце
  • зачини по желба (наша препорака: лук во прав и оригано)
  • сол и бибер

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 190°С. Сварете го карфиолот во врела вода, а потоа изблендајте го во блендер. Исцедете го вишокот вода и додадете ги јајцето, сирењето и зачините. 

Наполнете ја смесата во калап за мафини и печете од 12-15 минути додека не се заруменат на врвот.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 30.Јули.2017 во 13:04

Рецепт: Мафини од рогач


Рогачот е дрво чиј плод служи како засладувач, брашно за колачи и кремови и за штрудли.

Истиот може да се користи и како замена за чоколадо, а денеска Ви откриваме рецепт за совршено меки и вкусни мафини. 

Потребни состојки:

• 2 шолји брашно

• ¾ шолји шеќер во прав

• 1 шолја млеко

• 2 шолји изгмечени банани

• 2 јајца

• 3 лажички рогач во прав

• 1 лажичка јогурт

• 1 лажичка екстракт од ванила

• ½ лажичка цимет

• ½ лажичка сода бикарбона

• 150 гр. путер, стопен и малку изладен

• малку сол

Припрема:

Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови и намастете ги калапите за мафините. Измешајте ги сувите состојки: брашното, шеќерот, солта, рогачот, содата и циметот. Потоа, во средината додадете ги јајцата, млекото, стопениот путер, јогуртот, екстрактот од ванила и бананите. Мешајте сè додека состојките не се соединат. Наполнете 3/4 од калапите со смесата, а потоа печете околу 20 минути. Извадете ги мафините од рерна, оставете малку да се излади и послужете.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk