IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Мафини
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мафини

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 8>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2014 во 22:20

Подгответе: Раскошни мафини со крем од кокос


Егзотичен и елегантен десерт за сите кои го обожаваат кремастиот вкус на кокосот. Подготовката можеби ќе ви одземе малку повеќе време и труд, но кога мафините ќе бидат подготвени, ќе откриете дека за такво задоволство вреди да се потрудите.

podgotvete-raskosni-mafini-so-krem-od-kokos-01

Состојки за мафини:

  • 160g брашно
  • 1 ½ лажичка прашок за печиво
  • ¼ лажичка сол
  • ¼ ванила во прав
  • 40g кокосово брашно
  • 50g кокосово масло
  • 225ml кокосово млеко
  • 130g кафеав шеќер

Состојки за крем:

  • 220ml кокосово млеко
  • 130g кафеав шеќер
  • 2 лажици густин
  • Малку сол
  • 80g кокосово брашно

Подготовка:

Во стаклен сад помешајте ги сувите состојки, а потоа додадете ги течните состојки за мафини една по една. На крајот ќе добиете мазна смеса, нешто погуста за онаа од палачинки.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Калапите за мафини обложете ги со хартиени корпи и секоја наполнете ја до половина со тестото кое го подготвивте.

podgotvete-raskosni-mafini-so-krem-od-kokos-02

Печете околу 15 минути, додека тортиците не добијат златеста боја. Оладете ги и извадете ги од калапите.

podgotvete-raskosni-mafini-so-krem-od-kokos-03

Во меѓувреме сварете го кремот. Во еден сад растопете го густинот со малку ладна вода, а во едно големо тенџере измешајте го млекото, шеќерот, солта и кокосот. Оставете ја смесата да зоврие, па постепено додавајте го растопениот густин.

podgotvete-raskosni-mafini-so-krem-od-kokos-04

Разладете го кремот, па потоа додадете го на врвот на секој мафин. По желба додадете уште малку кокосово брашно, сушен кокос или малку рендано чоколадо. Декорацијата останува на вас!

podgotvete-raskosni-mafini-so-krem-od-kokos-05

podgotvete-raskosni-mafini-so-krem-od-kokos-06

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2014 во 00:46
Originally posted by Valerija Valerija напиша:

<div ="naslovi" style="font-family: Arial, Helvetica, sans-serif; font-size: 11px; line-height: normal;"><h1 ="fontNaslov" style="text-align: center; font-size: 2em; font-family: Georgia, 'Times New Roman', Times, serif; color: rgb68, 69, 79; margin-top: 10px;">Без миксер и рерна: Чоколадни тортички готови за минута</h1><div ="share" style="clear: both; margin: 10px 0px 5px; width: 501px; : relative; height: 30px; font-family: Arial, Helvetica, sans-serif; font-size: 11px; line-height: normal;">
<div ="sodrzina" style="clear: both; margin: 0px 0px 20px; overflow: ; width: 501px; font-size: 1.3em; line-height: 1.5em; font-family: Arial, Helvetica, sans-serif;"><p style="margin-top: 0px !imant; padding-top: 0px !imant;">Ви се допаѓаат чоколадните десерти, а немате време или пак знаење како да подготвите нешто вкусно и благо. Тогаш овој рецепт е како создаден за вас. За подготовка на овие чоколадни мафини не ви треба ниту рерна ниту миксер, а готови се само за 60 секунди.

<p align="center">

Потребни состојки:

  • 2 лажици какао во прав
  • 3 лажици брашно
  • 2 лажици шеќер
  • Малку сол
  • ¼ лажица прашок за пециво
  • 2 до 3 лажици масло (растително, маслиново или кокосово)
  • 3 лажици млеко
  • ½ лажица екстракт од ванила

Подготовка:

Сувите состојки (какаото, брашното, прашокот за пециво, шеќерот и солта) истресете ги во сад и добро измешајте ги.

Додадете ги останатите состојки (маслото, млекото и екстрактот од ванила) и сетоа тоа заедно добро измешајте го додека состојките не се поврзат во воедначена смеса. 

Со смесата наполнете ги калапите за печење или чашите за кафе, ставете ги во микробранова печка и печете 40 до 60 секунди.

Чоколадните тортички извадете ги од калапите, ставете ги на чинија и послужете ги со шлаг, овошје или чоколаден прелив. 

Совети:

  • Колачите во средината мораат да останат меки
  • Ако немате микробранова, колачите можете да ги подготвите и во рерна. Загрејте ја рерната на 180 степени, а печете од 3 до 5 минути, во зависност од големите на калапите.
  • Најдобра проверка за тоа дали десертот е готов е секоја минута со прст да ја допирате површината на колачот. Штом смесата повеќе не е леплива и не останува на прстот извадете ја од рерната.





Gi napraviv ednash mnogu odamna i mi izlegoa ko za po glava
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Мај.2014 во 16:33
Originally posted by Valerija Valerija напиша:

Прекрасен рецепт: Сникерс мафини


Овие мафини ќе ги воодупшеват сите, па и вас самите. Ова е прекрасен десерт за било кој дел од денот. 

Потребни состојки за четири сникерса: 

За тестото:

  • 50 гр. брашно
  • 20 гр. шеќер
  • 1 лажица какао
  • 1/2 кесичка на прашок за пециво
  • 1 јајце
  • 30 мл. млеко
  • 30 мл. масло

За фил:

  • 80 гр. шеќер
  • 60 мл. млеко
  • малку вода
  • 30g печени, солени, малку искршени кикирики

Подготовка: 2 часа 

Од шеќерот и млекото подгответе карамел.

За почетниците 80 гр. шеќер се става во мал сад со подебело дно и на силен оган и се остава да се стопи до светло кафена боја. Кога поголемиот дел од шеќерот ќе биде стопен, убаво измешајте го и додадете една до две лажици вода, почекајте да пројде првата бурна реакција. Точката на топење на шеќерот е некаде околу 180 степени и секоја течност која ќе биде во допир со него моментално започнува да врие и прска. Поради тоа намерно прво сипавме малку вода, бидејќи млекото би можело да истече или пак да загори. Нека не ве заморува тоа што карамелот најпрвин ќе се претвори во леплива маса, но повремено сето тоа ќе се стопи. Процедете го карамелот низ цедалка за чај.

Оставете го карамелот малку да се излади, па ставете ги 30-те грама печени кикирики. Додека карамелот се лади, подгответе го тестото. Во чинија сипете брашно, шеќер, какао и прашок за пециво, измешајте го сетоа тоа со вилушка. Додадете едно цело јајце, 30 мл. млеко и 30 мл. масло, и сето тоа измешајте го сето тоа со цел да добиете една глатка смеса без грутки. Со добиената смеса наполнете четири до половина керамички шолји (на пр. до 100 мл.) и ставете ги во микробранова на 3 минути и 750 W. Доколку немате микробранова дома, тогаш смесата сипете ја во тавче за мафини и печете во рерна.

Кога тестото малку ќе се излади, со мал остар нож направете мала дупка во средината, па во неа сипете го карамелот со кикириките. Останатото го оставаме на вашата фантазија, можете мафините да ги декорирате со шлаг и малку карамел над него, течно чоколадо, некое овошје...

Послужете веднаш. Пријатен апетит!


Овие ги модифицирав затоа што уште од прва рецептот ми беше сомнителен ... замисленост
Дозата за 12 мафини е нели х3 од горенаведените мерки освен кај шеќерот за тестото (кој е многу малку за таа доза) па наместо 60 гр. јас ставив 100 гр.
И делот со кремот ми беше нелогичен, па откако го подготвив карамелот во него додадов 1 пудинг од ванила и одлично излезе голема насмевка.
Освен што ставивод смесата внатре во мафините, со истиот крем ги премачкав и одозгора и финиширав со растопена чоколада. Модификациите беа успешни затоа што ги снема за 15 минути голема насмевка ... 
И наместо кикирики, користев ореви (немав кикирики во моментот, а ми се излегуваше плазење)
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јули.2014 во 21:58
karamel mafini
    Карамел мафини

Потребни состојки:

  • 10 меки карамел бонбони (60гр)
  • 130гр мелено чоколадо
  • 150гр шеќер
  • малку сол
  • кесичка ванилин шеќер
  • 6 лажици масло
  • 2 лажици јогурт
  • 2 јајца
  • 2 лажици рум
  • 200гр брашно
  • 2 лажички прашок за пециво

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени, обложете ги калапите за мафини со хартиени кошнички. Исецкајте карамел бомбони.
  2. Икршете го чоколадото и истопете го на пареа. Иматете шеќер, сол, ванилин шеќер, масло и јогурт, па додадете го растопеното чоколадо, а потоа јајца и рум.
  3. Помешајте го брашното и прашокот за пециво, па полека промешајте во смесата, само колку да се содинат сувите и влажни состојки. Помешајте и 2/3 парчиња карамела и истурете го тестото во хартиените кошнички. Посипете со останатите карамали. Печете околу 30 минути. Исклучте ја рерната, оставете ги мафините да се “одморат” околу 5 минути, па извадете ги од рерна да се изладат целосно.
  4. Украсете по желба

Совет: Ако немате плех за мафини, може да ги печете и само во хартиени кошнички. Мафините може да ги испечете и замрзнете. Кога ќе се одмрзнат, исто се вкусни како кога се свежи.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Август.2014 во 19:02
1

Мафини со нутела


Нутелата е најобожаваниот крем, а посебно ако го искомбинирате со чоколадни, сочни колачиња? Со денови ќе уживате во мирисот и вкусот на овој десерт.

Состојки:

  • 220g брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 200ml млеко
  • 80g какао прав
  • 100g шеќер
  • 2 јајца
  • 2 лажици ванилин шеќер
  • 90g растопен путер
  • Рум
  • Нутела

Подготовка:

Во голема чинија помешајте го брашното, прашокот за печиво, ванилин шеќер, обичниот шеќер и какаото.

Во друг сад измешајте ги јајцата, растопениот путер и млекото. Исто така, ако сакате уникатна арома, додадете рум.

Промешајте ги смесите од двете чинии и подгответе ги калапите во кои ќе ги печете мафините. Постапката е многу едноставна.

Прво наполнете го калапот до половина, а потоа ставете лажица Нутела. Внимавајте калапите да не ги наполните повеќе од 2/3, доколку сакате да го избегнете преливањето.

Колачите печете ги 20 минути на 180 степени. Кога ќе се оладат може да ги послужите со брашно од кокос или шеќер во прав.



Изменето од Valerija - 17.Август.2014 во 19:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2014 во 21:40

МАФИНИ СО СПАНАЌ И ОРЕВИ

SpinachBananaMuffins

Потребни состојки:

250 гр. спанаќ

2 дл. Јогурт

50 мл. Масло за јадење

2 јајца

5 лажици брашно

4 лажици пченкарно брашно

½ прашок за пециво

100 гр. сирење

100 гр. сецкани ореви

 

Припрема:

Измијте го спанаќот и обарете го во солена вода, па исцедете го и ситно исецкајте го.

Изматете ги белките се додека не добиете цврста смеса. Посебно изматете го јогуртот со жолчките, прашокот за пециво, двата вида брашно, ренданото сирење и спанаќот, па додадете сол по желба. Во смесата додадете ги и изматените белки и промешајте за да добиете хомогена смеса.

Калапите за мафини намрсете ги со масло за јадење, па посипете ги во брашно и додадете од претходно приготвената смеса.

Печете во загреана рерна на температура од 200 степени 30тина минути, се додека мафините не добијат златно румена боја.

Откако ќе ги извадите од рерна, врз мафините наросете сецкани ореви. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Август.2014 во 21:42

МАФИНИ СО ПОРТОКАЛ

orange-muffin2

Потребни состојки:

100 гр. шеќер

100 гр. масло за јадење

2 јајца

150 мл. сок од портокал

300 гр. брашно

1 прашок за печиво

Малку сол

3 портокали

Припрема:

Изматете ги посебно јајцата и шеќерпт, па додадете го маслото за јадење и сокот од портокал.

Во посебен сад сипајте го брашното, прашокот за печиво, солта, па додајте ја изматената смеса и промешајте.

Сипете ја смесата за мафини во калапите за мафини врз кои претходно сте ставиле хартиени корпи. Исечете ги потрокалите на кругови и по едно круг ставете врз мафините. Печете на температура од 180 степени околу 20 минути. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2014 во 22:30

Чоколадно задоволство: Мафини полнети со Нутела


Потребен ви е само половина час за да можете да уживате во вашиот омилен чоколаден вкус.

cokoladno-zadovolstvo-mafini-polneti-so-nutela-01

Нутелата е најобожаваниот крем, а посебно ако го искомбинирате со чоколадни, сочни колачиња? Со денови ќе уживате во мирисот и вкусот на овој десерт.

Состојки:

  • 220g брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 200ml млеко
  • 80g какао прав
  • 100g шеќер
  • 2 јајца
  • 2 лажици ванилин шеќер
  • 90g растопен путер
  • Рум
  • Нутела

Подготовка:

Во голема чинија помешајте го брашното, прашокот за печиво, ванилин шеќер, обичниот шеќер и какаото.

Во друг сад измешајте ги јајцата, растопениот путер и млекото. Исто така, ако сакате уникатна арома, додадете рум.

Промешајте ги смесите од двете чинии и подгответе ги калапите во кои ќе ги печете мафините. Постапката е многу едноставна.

cokoladno-zadovolstvo-mafini-polneti-so-nutela-02

Прво наполнете го калапот до половина, а потоа ставете лажица Нутела. Внимавајте калапите да не ги наполните повеќе од 2/3, доколку сакате да го избегнете преливањето.

Колачите печете ги 20 минути на 180 степени. Кога ќе се оладат може да ги послужите со брашно од кокос или шеќер во прав.

cokoladno-zadovolstvo-mafini-polneti-so-nutela-03

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2014 во 21:22
4

Мафини од компири со пармезан


Состојки

* 2 чешниња лук

* 1 црвен кромид

* 200 мл. хопла

* 200 мл. млеко

* 300 гр. пармезан

* ½ лажичка сол

* ¼ лажичка бибер

* 1 лажица мајчина душица

* 3-4 компири

* путер

Постапка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Подмачкајте со путер 12 калапи за мафини.

Ситно исецкајте ги лукот и кромидот. Измешајте ги во длабок сад заедно со хоплата и млекото. Додадете 200 гр. рендан пармезан. Зачинете ја смесата со сол, бибер и мајчина душица и добро промешајте. Излупете ги компирите и исечете ги на потенки кругови. Наполнете ги калапите за мафини со кругчињата од компири, но внимавајте да не се повисоки од калапот. Потоа во секој од калапите рамномерно истурете од смесата со пармезан. Лесно покријте ги калапите со фолија и печете ги во загреаната рерна 35 минути. Потоа тргнете ја фолијата и рамномерно додадете врз секој калап од преостанатиот пармезан. Вратете ги во рерна и печете ги уште 15 минути додека пармезанот да добие златна боја.

Оставете ги да се изладат околу 5 минути и потоа внимателно со помош на нож остранете ги компирите од калапите.

Декорирајте ги со мајчина душица и послужете ги веднаш.



Изменето од Valerija - 23.Октомври.2014 во 21:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2014 во 09:45

Лесни чоколадни мафини без брашно


Незаборавно уживање кое се подготвува лесно, брзо и едноставно, а го обожаваат сите - од најстари до најмали.

lesni-cokoladni-mafini-bez-brasno-01.jpg

Идеални за со кафе, чај или како десерт по ручекот, рецептот за овие лесни мафини ќе ви се најде во секој дел од денот.

Состојки:

  • 150g чоколадо за готвење
  • 125g путер и уште неколку лажички за премачкување доколку не користите хартиени корпи
  • 3 јајца
  • 90g шеќер + 2 лажици за шлагот
  • 100g бадемово брашно


Подготовка:

1. Рерната загрејте ја на 170 степени. Калапите намачкајте ги со путер или обложете ги со хартиени корпи.

2. На пареа растопете го путерот и чоколадото. Додајте ги жолчките, шеќерот и бадемовото брашно. Добро промешајте.

3. Изматете цврст снег од белки и додадете ги двете лажици шеќер. Постепено додавајте го шлагот во смесата со чоколадо и внимателно мешајте.

4. Печете ги мафините околу 30-35 минути.

lesni-cokoladni-mafini-bez-brasno-02.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2014 во 10:23

Празнични мафини

Замесете тесто за вашите омилени слатки мафини и испечете ги. За да изгледаат попразнично ставете ги во црвени хартиени корпи. На страна изматете белки од јајце со малку шеќер и неколку капки лимонов сок за да добиете снежно бел шлаг. Нанесете го со шприц за готвење и украсете го со прехранбени украсни детали. Доколку сакате да добиете зелен шлаг, по матењето додајте прехранбена зелена боја.

napravete-gi-5-te-najvkusni-novogodisni-elki-2.jpg




Изменето од Valerija - 28.Декември.2014 во 10:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2015 во 16:30

Пробајте: Супер брзи чоколадни мафини


Рецепт за сите љубители на мафини и лава колаче кое никако не можат да го погодат дома.

probajte-super-brzi-cokoladni-mafini-01.jpg

Овие брзи мафини имаат мека средина, па голема е веројатноста дека ќе ве освојат на првото залче.

За нивна подготовка потребно ви е:

  • 250g темно чоколадо
  • 250g путер
  • 300g шеќер
  • 130g брашно
  • 6 јајца
  • 1 ванилин шеќер

1. Путерот оставете го да омекне на собна температура, а потоа изматете го со шеќерот.

2. Јајцата додавајте ги едно по едно, а потоа измешајте го и брашното.

3. Чоколадото стопете го на пареа и додадете го во смесата.

4. Ставете ја густата смеса во калапи за мафини и печете 10 минути на 200 степени.

probajte-super-brzi-cokoladni-mafini-02.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2015 во 21:49
Мафини со рибизли или овошје по желба

1

Потребно е :

2 јајца

2 чаши (1,5 дл) масло

3 чаши млеко или јогурт

3 чаши шеќер

7 чаши брашно

1 кесичка ванилин шеќер

1 прашок за пециво

300 гр рибизли или друг вид на овошје по желба

Измешајте ги јајцата и шеќерот, додадете масло, млеко, па додадете брашно и измешајте го со прашокот за пециво и ванилин шеќер. Истурете во корпиците за мафини по една лажица од смесата. Над смесата ставете ги рибизлите. Потоа на остатокот од смесата ставете ги рибизлите повторно. Мафините печете ги 30 минути на 200 ° С, додека не се добие убава боја.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 21:05

МНОГУ СОЧНИ МАФИНИ

Многу сочни мафини



  1. 1.Се вклучува рерната на 180 степени.
  2. 2.Во длабок сад се матат сите состојки. Во калап за 12 мафини се поставуваат хартиени кошнички, во секоја се става до пола од смесата па калапот се става во рерната.
  3. 3.По десетина минути се вади калапот, се става од парченцата од слатко, чоколадо или по малку Нутела, се прелива остатокот од смесата и се пече уште околу 20-тина минути.
  4. 4.Одозгора се посипуваат со шеќер во прав или цимет.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 34567 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.