IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Мафини
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мафини

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 8>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 17:56

Мафини со виршли

Мафини со виршли

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 1 лажица/ци Сол
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 2 лажица/ци Масло
  • 150 грама Кисела павлака
  • 4   Виршла/ли
  • 220 грама Брашно
  • 180 милилитри Јогурт
  • 2   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Мафините потекнуваат од Англија, кои во почетокот биле подготвувани со квасец.

Подоцна започнало нивното подготвување и во Америка, а од таму и во целиот свет.

ПОДГОТОВКА:

Виршлите обарете ги и исечете ги на покрупни парченца.

Во еден сад, со лажица изматете ги јајцата, па додадете им ја павлаката, јогуртот и маслото.

Брашното помешајте го со прашокот за печиво, па додадете ја масата од јајца.

Потоа додадете ги парчињата виршла, ставајте ја смесата во калапи за мафини и печете околу 30 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. 
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 19:40

Мафини со мед и овесни снегулки

ComplexityМафини со мед и овесни снегулки

Состојки

  • 80 гр овесни снегулки
  • 120 гр мед
  • 1 јајце
  • 200 мл јогурт на собна Т
  • 80 мл масло
  • 100 гр мелени лешници
  • 20 гр кандирани портокали
  • 50 гр суво грозје
  • 1 полна лажица кафеав шеќер
  • 2 лажички прашак за пециво
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 180 гр брашно

Подготовка

Овесните снегулки измешајте ги со јогуртот и оставете ги 10-15 мин да омекнат.
Брашното измешајте го со лешниците, портокалите, грозјето, пецивото и содата.
Со вилушка изматете го јајцето, медот, маслото и шеќерот да се изедначат и додајте ги овесните снегулки со јогуртот и мешавината од брашно.
Смесата убаво измешајте ја да се изедначи и распоредете ја во калап за мафини обложен со хартиени кошнички.
Печете ги во загреана рерна на 180 степени 25 мин.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 18:39

Кафе мафини

Кафе мафини

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Шеќер
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 150 милилитри Млеко
  • 2 лажица/ци Мед
  • 60 грама Маргарин
  • 10 грама Кафе
  • 2 лажица/ци Какао
  • 200 милилитри Вода
  • 3 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 230 грама Брашно
  • 1   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Малку кафе, му помага на организмот против мамурлук и главоболка, но од премногу кафе и главоболката и мигрената само се зголемуваат.

Дебелината неможе да се лечи со кафе, затоа и кафето (посебно она со многу шеќер), содржи калории кои во комбинација со останатата храна се зголемуваат и доведуваат до здебелување.

Кофеин, покрај несоница, доведува до анциозност и раздразливост, па може да биде причина за појава на депресија.

ПОДГОТОВКА:

Најпрво се вари сирупот на умерена температура, така што меленото кафе, маргаринот, водата, медот и шеќерот се ставаат во огноотпорен сад со дебело дно.

Кога ќе проврие, намалете го огнот, па варете некои 5-7 минути.

Оставете убаво да се олади, а повремено промешувајте го.

Во меѓувреме просејте го брашното, помешајте го со какаото, додадете го прашокот за пециво и ванилиниот шеќер, па на крајот и изматеното јајце со млекото.

Во ладниот сируп ставете ја смесата ос брашно, па промешајте за се да се спои.

Од смесата полнете ги калапите за мафини.

Печете ги во загреана рерна на 180 степени некои 20-ина минути. 
 
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 18:40

Какао мафини

Какао мафини

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 100 грама Шеќер
  • 50 грама Чоколадо
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 30 грама Ореви
  • 200 милилитри Млеко
  • 100 милилитри Масло
  • 30 грама Лешник
  • 2 лажица/ци Какао
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 400 грама Брашно
  • 1   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 20 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Какао мафини

ПОДГОТОВКА:

Јајцето изматете го со шеќерот и ванилниот шеќер, додајте го маслото и млекото. Убаво измешајте ги состојките. Во брашното додајте ги печивото, какаото и сечканите ореви.

Сувите состојки вмешајте ги во смесата од јајце. Сè убаво соединете и полнете калапи за мафини намачкани со маргарин. Посипете со сечкано чоколадо.

Мафините печете ги околу 20 минути на 180 степени.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 18:45

Мафини со јагоди и цимет

Мафини со јагоди и цимет

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 50 грама Путер
  • малку   Прашак за пециво
  • 80 милилитри Млеко
  • 1 парче/чиња Ванила
  • 250 грама Брашно
  • 50 милилитри Јогурт
  • 60 грама Јагоди
  • 2   Јајца/це
  • малку   Цимет
  • 60 грама Шеќер


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Мафини со јагоди и цимет

ПОДГОТОВКА:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете хартиени чашки во тавата за мафини.

Во голем сад изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете ги млекото, јогуртот, ванилата и стопениот путер. Измешајте добро.

Во друг сад измешајте ги брашното, печивото, солта и циметот. Додадете ги во смесата со млекото и измешајте добро. Нежно додадете ги јагодите. Наполнете ги чашките за мафини до врв.

Печете 25 минути.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Септември.2013 во 18:45

Мaфини со кокос и чоколадо

Мaфини со кокос и чоколадо

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 300 грама Шеќер
  • 50 грама Чоколадо за готвење
  • 1 кесичка/ки Прашак за печиво
  • 150 милилитри Млеко
  • 150 милилитри Масло
  • 6 лажица/ци Крем
  • 200 грама Кокосово брашно
  • 1 кесичка/ки Ванилин Шеќер
  • 300 грама Брашно
  • 4   Јајца/це


  • Време за подготовка: 15 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Сè до раниот 20 век, кокосот се сметал за парична единица на Никобарските Острови, кои се наоѓаат северно од Суматра. Во јужниот пацифик, каде парчиња од кокосова лушпа биле обликувани и служени како парички. Во северна Индија кокосот се сметал како симбол на плодноста. Кога жената сакала да зачне, та одела кај свештеник и примала специјален кокос. Исто така, првата цврста маса со која се храни Тајланското бебе се три лажици со свеж кокос, кои им ги дава будистички свештеник. На Бали, на жените им е забрането дури и да го допрат кокосовото дрво, бидејќи и жените и кокосовото дрво имаат способност да се размножуваат, мажите се плашат дека женскиот допир може да ја "исцица" плодноста од кокосовото дрво.

ПОДГОТОВКА:

 Јајцата изматете ги пенесто со шеќерот и ванилиниот шеќер.

Продлжувајќи го матењето на помала брзина напоредно додавајте ги млекото и маслото.

Посебно измешајте ги брашното, печивото и кокосовото брашно.

Додајте ги во самата смеса со јајца. Изедначете ги состојките.

Смесата поделете ја на два дела. Во еден додајте 3 големи кажици нугат крем.

Во калапи за мафини ставете хартиени кошарки, па ставете по 1 лажица од чоколадната смеса.

Печете 5 минути во рерна загреана на 185 степeни.

Извадете го калапот од рерна, па во секој мафин ставете по една лажица од смесата со кокос.

Печете уште 10-15 минути. Извадете го калапот за мафини ид рерната и оставете да се олади.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 17:01

Мафини со боровинки со прелив од путер и цимет

Мафини со боровинки со прелив од путер и цимет

Состојки

  • 1 1/2 шоља (190 гр) сенаменско брашно
  • 3/4 шоља (150 гр) шеќер
  • 1/4 лажичка сол
  • 2 лажички прашок за пециво
  • 1/3 шоља (80 мл) масло
  • 1 јајце
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1/3 шоља (80 мл) млеко
  • 1 шоља (150 гр) боровинки
  • За посипување
  • 1/2 шоља (100 гр) шеќер
  • 1/3 шоља (40 гр) брашно
  • 1/4 шиља (55 гр) ладен путер
  • 1 1/2 лажичка цимет

Подготовка

Загрејте ја рерната на 190 Ц.
Во отворите на калапот за мафини ставете хартиени кошнички.
Во еден сад измешајте ги брашното, двете врсти шеќер, солта и прашокот за пециво. Во мал сад разматете ги млекото со јајцето и маслото и додајте ги во сувите состојки. Измешајте со жица, сосема лесно, само да се навлажни смесата, додајте ги боровинките и промешајте. Долгото мешање на смесата за мафини ќе ги направи густи по структура. За ровки мафини, мешајте што е можно помалку.
Распоредете ја смесата во калапчината, полнејки ги скоро до горе.
За посипот измешајте ги во мал сад брашното, шеќерот и циметот. Со прсти втријте го ладниот путер, па ронливата смеса распоредете ја врз мафините.
Печете ги 20 - 25 мин. или додека не добијат убава боја,  а површината не стане еластична на допир.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 17:02

Мафини со путер од кикирики

Мафини со путер од кикирики

Состојки

  • 250гр. шеќер
  • 250гр. брашно
  • 130гр. путер од кикирики (со сецкани кикирики)
  • 180мл. млеко
  • 1/2 пециво
  • 1 јајце
  • 1 ванила
  • Домашно слатко од капини

Подготовка

Во сад за матење изматете ги со жица јајцето и шеќерот.
Додајте го путерот од кикирики и ванилата и убаво измешајте.
Додајте го млекото и на крај постепено со мешање додајте го брашното измешано со пецивото.
Секоја вдлабнатина од калапот за мафини премачкајте ја со путер и набрашнете.
Наполнете по 3/4 од секоја вдлабнатина од смесата и печете на 180 степени, 20 минути.

Послужете ги со слатко од капини.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Октомври.2013 во 17:15

Чоколадни мафини со лешници и мармалад од кајсии



Чоколадни мафини со лешници и мармалад од кајсии


Состојки

  • 1 јајце
  • 1 ½ шолја со средна големина брашно
  • 1 ½ шолја шеќер
  • 1 шолја благо млеко
  • ½ шолја масло
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • ½ кесичка прашок за пециво
  • 200 грама чоколадо за готвење
  • 100 грама сецкани лешници
  • 200 грама мармалад од кајсии

Подготовка

1. Во сад ги ставаме јајцето, брашното, шеќерот, млекото, маслото, ванилиниот шеќер и пецивото сето убаво го мешаме со дрвена лажица додека не се добие хомогена смеса.
2. Потоа додаваме 100 грама сецкано чоколадо и сецканите лешници и сето заедно го мешаме.
3. Калапчината за мафини ги премачкуваме со масло или путер и во секое ставаме од смесата.
4. Печиме најпрвин на температура од 200 степени додека да се поруменат, а потоа намалуваме на 150 степени.
5. Откако ке се изладат мафините ги вадиме од калапите и пред да ги служиме ги премачкуваме со мармалад од кајсии, а потоа ги прелеваме со стопено чоколадо.






Изменето од Valerija - 11.Октомври.2013 во 17:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:19

Божиќни мафини со глазура од чоколадо

Божиќни мафини со глазура од чоколадо

Состојки

  • 280гр. брашно
  • 80гр. сецкани ореви
  • 2 лажици какао
  • пола лажичка сол
  • пола лажичка сода
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 2 јајца
  • 150гр. шеќер
  • 75мл. масло за јадење
  • 250мл. млеко
  • За глазурата
  • 70гр. горко чоколадо
  • 4 лажици пресна павлака
  • За укарасување
  • 50гр. капки од чоколадо
  • 100гр. фондан

Подготовка

1. Во поголем сад промешајте ги брашното, какаото, сецканите ореви, прашокот за печиво, содата и солта.
2. Во друг сад за матење со миксер мешајте ги заедно јајцата и шеќерот додека убаво не се растопи шеќерот.
3. Во садот кај јајцата додајте ги и маслото за јадење и млекото и мешајте си жица за матење додека не добиете хомогена смеса.
4. Сувата и течната смеса соединете ги и промешајте со лажица додека смесата не се соедини.
5. Пренесете смесата со лажица во калпите за мафини и печете ги на претходно загреана рерна на 160 степени околу 25 минути.

Подготовка на глазурата
Во сад на оган додадете ја пресната павлака и чоколадото и мешајте додека не се растопи чоколадата и додека глазурата не стане кремаста. Готовата глазура оставете ја да се излади малку. Потоа нанесте ја врз изладените мафини.
Украсете со капките од чоколадо направете цветчиња од фонданот и украсете и со нив.
Излегуваат 12 мафини.

Дополнителни фотографии



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:20

Мафини со банана и чоколадо

Мафини со банана и чоколадо

Состојки

  • 1 јајце
  • 130 гр шеќер
  • 1/2 лажиче ванила екстракт
  • 2 банани
  • 100 мл млеко
  • 100 гр стопен маргарин
  • 190 гр брашно
  • 1/2 прашок за печење
  • прстофат сол
  • 125 гр чоколадо

Подготовка

Испасирајте ги бананите, додајте го шеќерот и јајцето и убаво промешајте. Додајте ги течните состојки, па потоа сувите. Не е потребен миксер. Мешајте со вилушка или жица за матење. На крај додајте го чоколадото исечкано на ситни коцкички.
Смесата истурете ја во калапите за мафини и печете на 180 степени околу 20на мин. Проверете со чепкалка или благ стисок дали се готови.
Украсете ги со шлаг одозгора и чоколадни трошки или чоко-прелив.

Дополнителни фотографии



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2013 во 21:21

Мафини со банана и мед

Мафини со банана и мед

Состојки

  • тесто
  • 1 банана
  • 50гр маргарин
  • 125мл мед
  • 2 јајца
  • 125мл млеко
  • 1 пециво,какао,морско оревче(по потреба)
  • 300гр брашно
  • 12парчиња орев или лешник
  • Глазура
  • 100гр чоколада и шлаг пена

Подготовка

Количината е за 12 мирисни мафини.

Најпрво се гмечи бананата, се додава стопениот маргарин, медот, матените јајца, млекото, пецивото, оревчето и на крај брашното измешано со какаото. Се полнат хартиените кошнички кои се во модли од мафини.Се печат на 180-25мин. Кога ќе оладат се филува со шлаг и стопена чоколада.Пријатно!



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2013 во 17:28

Мафини со боровинки

Мафини со боровинки

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 200 грама Шеќер
  • малку   Сол
  • 1   Сода бикарбона
  • 100 грама Путер
  • малку   Прашак за пециво
  • 1   Кора од лимон
  • 600 грама Брашно
  • 200 грама Боровинки
  • 200 милилитри Јогурт
  • 3   Јајца/це


  • Време за подготовка: 20 мин.
  • Време за готвење: 40 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Боровницата (Vaccinium myrtillus) е билка од семејството Vaccinium.

Некои примероци можат да опстанат и до 15 години. Растат од 10-60 см. , додека пак, иако ретко, достигнуваат и до 90 см.

Листовите се долги од 1-3 см. Боровинката е листопадно билка, новите листови растат од крајот на април до почеток на мај, а паѓаат од крајот на септември до октомври.

Плодовите на боровинките се многу хранливи, бидејќи се богати со железо и витамини. Најчесто се користи за правење на чаеви и сокови.

Лековитите делови на билката се листовите, кои се собираат пред созревањето на плодовите и се сушат на суво и сончево место. Плодовите се собираат на лето, веднаш по созревањето.

ПОДГОТОВКА:

Во еден сад измешајте го брашното, прашокот за пециво, сода бикарбоната и солта, па оставете на страна.

Рерната вклучете ја да се загрева на средна тмпература.

Во друг и поголем сад, пенесто изматете ги јајцата, шеќерот и омекнатиот путер, а на крајот додадете ја ренданата кора од лимон.

Во ова сипете го брашното и лесно изматете, а на крајот додадете јогурт и боровинки, па промешајте.

Во подмачкан плех наредете ги во пекарски хартиени корпички и со кутлача или лажичка налејте од смесата малку повеќе од половина во секоја корп**ка.

Рерната вклучете ја најјака температура, ставете ги мафините и печете 25 минути на 220 степени.

Проверете со чепкалка после 25 минути дали се печени по средина.

Кога убаво ќе се испечат, извадете ги од корпите и малку оладете ги. Служете ги топли.
 
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2013 во 16:03

Ако сега не го испробате овој есенски десерт со зрели крушки, верувајте дека многу ќе пропуштите. Посебно ако сте љубител на ова сочно есенско овошје...

podgotvete-desert-so-miris-na-esenta-mafin-so-kruski-01

Идеални се за појадок, но и за слатка ужина по ручекот или кафето. Во секој случај, ќе бидете воодушевени од едноставноста, а воедно и неодоливиот вкус.

За подготовка потребни ви се:

  • 2 крушки
  • 3 јајца
  • 150g маргарин
  • 100g шеќер
  • Ванилин шеќер
  • 150g брашно
  • Прашок за печиво
  • Лажица цимет
  • 120g ореви или бадеми
  • 100g чоколадо за готвење

За глазура:

  • 100g чоколада по желба
  • 70ml слатка павлака


Подготовка:

Подмачкајте ги калапите за мафини со масло или путер и оставете ги во ладилник.

Матете ги јајцата со шеќерот, ванилиниот шеќер и маргаринот. Додајте го брашното помешано со прашокот за печиво и цимет. Мешајте со миксер додека смесата не добие густина и сите грутки исчезнат.

Измешајте ги сецканите бадеми или ореви и искршената чоколада, додека не се соединат со тестото.

Наполнете ги калапите, а во секој мафин додадете една кришка излупена круша. Можете да ја ставите на самото дно, во средина или пак на самиот врв на колачето. Печете 25 минути на 200 степени.

Откако ќе се испечат, премачкајте ги со глазурата која ќе ја подготвите така што слатката павлака и чоколадото ќе ги растопите на висока температура. Декорирајте со уште некое парче чоколадо или крушка, по желба.

podgotvete-desert-so-miris-na-esenta-mafin-so-kruski-02

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.