IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Мафини
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Мафини

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5678>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2016 во 19:55

Мафини со сирење

Почестете се самите и израдувајте ги најмилите со вкусни, меки и лесни солени мафини. Мафините со сирење се добредојдени во сечија чинија и се идеални за брз и неодолив
 појадок или забава во домашна атмосфера.
Мафини со сирење
Мафини со сирење
Мафини со сирењеМафини со сирење

Еве како со еден рецепт можете да станете експерт за правење мафини, кои ќе ги примамуваат вашите гости да посегнат барем по уште едно парче:

СОСТОЈКИ

3јајца
1 шолјајогурт
½ шолјамасло
2 шолјибрашно
1прашок за пециво
200 грсирење
½ лажичкасол
сусам

ПОДГОТОВКА

  1. Потпечете 4-5 лажици сусам на тивок оган и оставете го настрана.
  2. Во длабок сад ставете ги јајцата и изматете со миксер. Додавајте ги постепено останатите состојки по следниов редослед: јогурт, масло, брашно, пециво, сол. Добро изматете.
  3. Наведената количина сирење изрендајте ја на крупната страна од рендето во претходно приготвената смеса.
  4. Наполнете ги формите за мафини со добиената смеса и поросете со сусам.
  5. Печете на 200°С околу половина час.



Изменето од Valerija - 26.Јануари.2016 во 19:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2016 во 16:05

Интегрални мафини со сирење, зелени маслинки и кашкавал

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 200гр сирење (рендано)

*30 гр путер на коцки

* 10 зелени маслинки

* 500гр интегрално брашно

* 100мл масло

* 1 жолчка

* малку сол

* 3 јајца

* 1 лажиче сода

* 0,5 кофичка кисело млеко

* 20гр мак

* 10гр рендан кашкавал

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Го мешаме киселото млеко со една лажичка сода.
Потоа ги додаваме и јајцата. Додаваме малку сол и масло. Се добро мешаме и ја истураме смесата во садот со интегралното брашно. Мешаме со лажица – ги додаваме маслинките исечени на кругови. Потоа го додаваме и сирењето и кимот.
Со подмачкани раце правиме 12 топки и ги ставаме во подмачкани форми за колачи.
Ги премачкуваме со жолчка.
Печеме на 220 степени, околу 30-35 минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Март.2016 во 08:06

Брзи пилешки мафини на мексикански начин

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

600гр. сецкано варено пилешко бело месо

350гр. чедар сирење

2 јајца

250мл. млеко

130гр. брашно

1 лажичка прашок за пециво

1 луто пиперче (по желба)

свеж магдонос

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Изматете ги јајцата, млекото, брашното и прашокот за пециво.

Во друг сад измешајте ги пилешкото месо, лутото пиперче, сирењето и магдоносот.

Ставете од оваа мешавина во калапите.

Врз нив додадете ја мешавината од млеко и јајца…

Ставете ги да се печат половина час во претходно загреана рерна на 200 степени.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2016 во 08:36

Мафини со лешници


mafini so lesnici naslovna
Дама.мк
Напишано од Дама.мк

Зарем постои некој кој не сака мафини?

Веруваме дека не, па зошто тогаш да не ги подготвите овие вкусни залчиња и да ги израдувате членовите на вашето семејство. Плус одлични се ако чекате гости…

Состојки:

  • 100 грама брашно
  • 100 грама чоколадо во прав
  • ¼ лажица сода бикарбона
  • 1 лажичка прашак за печење
  • 1 јајце
  • 80 грама путер
  • 30 грама шеќер
  • 125 милилитри млеко
  • 50 грама насецкани и пржени лешници плус малку мелени лешници за украсување
  • Прстофат сол

Подготовка:

Прво измешајте ги сувите состојки: брашното, прашакот за печење, чоколадото во прав, сода бикарбоната, шеќерот и прстофатот сол.

Во друг сад измешајте ги јајцето и путерот кој претходно го стопивте или го оставивте на собна температура да омекне.

Потоа, постепено лажица по лажица додавајте ги сувите состојки во смесата од јајце и путер. Лесно додавајте го и млекото и пржените лешници.
Кога сите состојки ќе се спојат, ставете калапи за мафини и смесата внимателно ставајте ја во нив. Тие треба да бидат до половина наполнети.

Печете на загреана рерна од 180 степени околу 20 минути.
Кога ќе се испечат, украсете ги со лешници и по желба растопено чоколадо.

Послужете ги со кафе или чај.

Имајте добар апетит!

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Април.2016 во 08:37

Зелени мафини (фото рецепт)


mafini main
Дама.мк
Напишано од Дама.мк

Зелените мафини, ем се убави ем се здрави. Може да се јадат за појадок и вечера, или да се послужат како додаток на некоја салата.

Состојки:

  • Блитва по желба
  • Рукола
  • Малку копар
  • Свеж босилек
  • Свежо оригано
  • 4 јајца
  • 250 грама јогурт
  • 100 грама бело брашно
  • 50 грама палента
  • Лажичка сода бикарбона
  • Лажичка прашак за печење
  • Лажичка сол
  • Малку бибер
  • Рендано биено сирење или пармезан по желба
  • Малку зејтин

Подготовка:

Единствено правило во овој рецепт е зелените состојки да бидат свежи, па ако нема оригано (бидејќи тешко се наоѓа свежо) тоа може да се замени со да речеме рузмарин. Се друго е произволно.

Свежо оригано

Свежо оригано

 

Свеж босилек

Свеж босилек

 

rukola

Рукола

 

blitva

Блитва

 

Копар

Копар

Подготовката е брза и многу едноставна.

Во солена вода сварете ги блитвата и руколата.

se varat vo solena voda

Овој зелен микс исецкајте го ситно и ставете го во подлабок сад.

seckanje i mesanje

Потоа на нив им додадете ги (прво зелените состојки) ситно исецканиот босилек, ориганото, малку копар а потоа и брашното, палентата, јогуртот, ренданото сирење, зејтинот, прашакот за печење, сода бикарбоната, солта и биберот.

mesanje na sostojki

 

so jajca

Откако добиете фина смеса, наполнете ги калапите за мафини и право во загреана рерна.

za vo rerna

Мафините се готови кога во нив ќе брцнете чепкалка за заби и истата ќе ја извадите чиста. Тоа значи дека се е добро испечено.

pecenje

Мафините се јадат убаво изладени, така најдобро ќе се почувствува убавината на овој микс.

gotovi mafini 02

И тоа е тоа, брзо, здраво и вкусно.
Имајте добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2016 во 08:26

Овошни мафини


Во потрага сте по сладок овошен деликатес? Дозволете си да бидете освоени од слатко задоволство со јагоди во форма на мафини.

Овошни мафини

СОСТОЈКИ

2јајца
2 лажицишеќер (или повеќе ако сакате поблаго)
200 млјогурт
50 млмасло
15 лажицибрашно
1 кесичкаванилин шеќер
1 кесичкапрашок за печиво
рендана кора од лимон
овошје по желба
шеќер во прав

ПОДГОТОВКА

  1. Разделете ги белките од жолчките на јајцата. Прво се матат белките. Потоа полека се додава шеќерот, па јогуртот, маслото, ренданата кора од лимон и ванилиниот шеќер. На крајот, додајте го прашокот за печиво.
  2. Смесата насипете ја во калапи за мафини. Наполнете ги до половина, а одозгора ставете овошје по ваша желба.
  3. Печете во загреана рерна на 180°С.
  4. Откако мафините ќе се испечат, посипете ги со шеќер во прав.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Јули.2016 во 20:11

Рецепт за вкусни мафини со тиквички и пршута


Подгответе брзи и вкусни мафини кои ќе може да ги понесете во парк или на работа. Направете повеќе, затоа што тешко дека некој ќе им одолее.


Потребни состојки:

  • 1 тиквичка
  • 5 парчиња пршута
  • 180гр брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 2 јајца
  • 120мл јогурт
  • 100гр крем сир
  • Малку сол и бибер

Начин на подготовка:

Изрендајте ја тиквата, а пршутата исечкајте ја на ситни парчиња. Брашното измешајте го заедно со печивото, додека јајцата изматете ги со јогуртот, крем сирот и ставете малку сол и бибер. Во смесата додадете ги тиквичките и пршутата. Калапот за мафини обложете го со кошнички за мафини и наполнете ги околу ¾ од висината. Печете на 180° околу 25 минути. Послужете со кисело млеко или јогурт.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јули.2016 во 08:47

Чоколадни мафини


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 гр Екстра бело брашно

2 јајца

125 мл масло за готвење

250 мл млеко

200 гр шеќер

3 супени лажици прашок за печиво

1 супена лажица сол

5 лажици какао во прав или 100 гр растопено чоколадо за готвење

готов шлаг

трошки во боја

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во поголем сад ги матиме јајцата со миксер 1 минута. Потоа ги додаваме маслото и млекото и продолжуваме со матење. За кусо време го додаваме и шеќерот и продолжуваме со матење се додека не добиеме мазна смеса.

Потоа ги додаваме брашното, прашокот за печиво и солта. Матиме уште 2-3 минути. Во смесата го додаваме какаото или чоколадото растопено на пареа.

Смесата ја претураме во калапите за мафини во кои имаме ставено хартиени мали корпи.

Печеме во претходно загреана рерна на температура од 180 степени помеѓу 20 и 25 минути.

Откако ќе се оладат, секој мафин го декорираме со шлаг и трошки во боја.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Септември.2016 во 17:52

Чоко мафини со кафе


Чоколадните мафини се вкусен и декадентен десерт. Тие се одличен избор за појадок кога сте во брзање, но и одличен додаток покрај шолјата кафе. Сепак, ова е рецепт кој во себе веќе содржи доза на кафе.


Чоколадните мафини со кафе се лесни и брзи за подготвување, а гарантираме дека и ќе ви ги разбудат сетилата.

Потребни состојки:

  • 350 грама брашно
  • 30 грама зовриена вода
  • 30 грама свежо сварено нес кафе
  • 60 грама какао
  • 170 грама несолен путер
  • 2 јајца
  • 60 мл млеко
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажичка ванила екстракт



Подготовка: 

Во поголем сад ставете ги водата, кафето, млекото и какаото и тргнете ги на страна. Во друг сад измискајте ги добро шеќерот, путерот и јајцата додека смесата не стане воздушеста. Во првиот сад додадете го ванила екстрактот и комбинирајте го со смесата од вториот. Добро миксајте со миксерот додека смесата не стане хомогена. На крај додадете го брашното и прашокот за пециво и повторно промешајте.



Рерната загрејте ја на 350 степени и калапите за мафини обложете ги со хартиени корпи. Наполнете ги калапите со смесата и печете 20-25 минути. 

Одозгора можете да ги оставите така како што се или да ги премачкате со шлаг или Нутела.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2016 во 14:37

Мафини со сирење готови за 20 минути


Мафините се многу едноставни за подготовка, со кои никако не можете да погрешите, без разлика дали ги послужувате како сладок десерт или како солена закуска. Овие мафини со сирење се готови за само 20 минути.


Потребни состојки:

  • 1 шолја млеко
  • 3 лажици растопен путер
  • 1 јајце
  • малку бибер
  • 250гр брашно
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1 лажица шеќер
  • малку сол
  • 180 гр. сирење

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Во голем сад измешајте го млекото, растопениот путер и биберот. Во друг сад измешајте ги брашното, печивото, шеќерот и солта, а потоа додајте го и сирењето. Смесата ставете ја во калап за мафини. Печете од 20-25 минути и послужете со јогурт или кисело млеко.



Изменето од Valerija - 25.Ноември.2016 во 08:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2016 во 08:19

Dave’s Kitchen: Чоко мафини со кафе

Чоколадо искомбинирано со кафе и сето тоа спакувано во вкусен мафин. А, зошто да не?

Овие мафини се одлични, вкусни и брзи за подготовка.

Потребни состојки:

  • 150 гр. омекнат путер на собна температура
  • 200 гр. шеќер
  • 3 јајца на собна температура
  • 120 мл. млеко
  • 130 мл. сварено и изладено инстант кафе
  • 280 гр. брашно прстофат сол
  • 1 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 50 гр. какао

За филот:

  • 250 мл. слатка павлака
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 4 лажици капучино со вкус на чоколадо (или лешник)

Начин на подготовка:

Во длабок сад ставете ги путерот и шеќерот и матете додека не стане пенесто. Додадете ги јајцата, едно по едно, убаво матејќи помеѓу секое додавање. Во сад на страна соединете ги заедно млекото и свареното кафе и додадете ги во садот со изматените јајца, путер и шеќер. Додадете ги сувите состојки сите заедно измешани на два пати матејќи на средна брзина. Со помош на алатка за сладолед ставете од смесата во претходно подготвено тавче со корпи за мафини и наполнете ги корпите 2/3.

Печете на загреана рерна од 180 степени околу 15-20 минути. Оставете комплетно да се изладат. За филот во сад со миксер изматете ја слатката павлака, шеќерот во прав и капучиното заедно додека не добиете цврста структура. Претурете во готварски шприц и декорирајте ги мафините. Добар апетит и забавно готвење!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2017 во 12:18
Богат, вкусен и совршен мафин: Ваквиот оброк не се пропушта!








Сите ние знаеме дека треба да се внимава што се внесува во вечерните часови, а и сите ние токму поради секојдневните обврски, не секогаш имаме доволно голема желба за да подготвиме нешто квалитетно.

За среќа, тука се и ваквите едноставни и вкусни рецепти, со чијашто помош здравите и вкусни оброци се готови буквално додека да трепнете.

А речиси за сè што е потребно за да се подготви овој нутритивно богат оброк се доволни само 20-на минути, после што на трпезата ќе ве пречекаат исклучително вкусни залачиња.

Уште едно одлично нешто во врска со овој оброк е тоа што може и самите да си поиграте со вкусовите. Основата овојпат се јајцата. Нив не можете да ги избегнете бидејќи тие ќе ги сврзат сите состојки во една смеса и ќе направат мафинот да биде цврст, додека сето останато може да биде по ваш избор. Препораката е да не го изоставувате и сирењето, од една страна поради вкусот, но од друга страна и поради фактот дека и тој, исто како и јајцата, ја врзува смесата. Сето останато понатаму може да биде предмет на вашата креативност и афинитети.

Потребни состојки:

5 јајца, сол и бибер по вкус. За овој рецепт употребени се спанаќ, домат, кромид, пиперка, брокула, печурки, пармезан и чедар сирење, но ако изберете поинаква комбинација од зеленчук, секако дека нема да погрешите.

Подготовка:



Матете ги јајцата додека да добиете мазна смеса и оставете ја потоа на страна. Исецкајте го избраниот зеленчук на ситни коцки и потоа додадете го во подмачканите калапи за мафини. Можете во различни калапи да ставате и различни комбинации од зеленчук, па наместо еден, ќе добиете неколку различни вкусови. Исполнете го секој калап до врвот, а потоа додадете сол и бибер по вкус.

Кога ќе ја направите саканата комбинација од зеленчук, секој од калапите прелијте го со сматените јајца. Мафините се печат во загреана рерна на 180 степени Целзиусови, околу 20 минути.


И вашиот вкусен и богат оброк е готов! Уживајте!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2017 во 19:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Март.2017 во 19:18

Nutella мафини од само две состојки


За совршен десерт понекогаш не ни треба многу време или многу состојки. А ова е еден баш таков, совршен, вкусен и едноставен десерт за чија подготовка навистина нема да ви бидат потребни повеќе од неколку минути.


За слатко семејно попладне не ви треба повеќе од 4 јајца, едно пакување Nutella или било кој друг крем со лешници. Може да користите и бела веријанта.

Состојки:

4 јајца

250 грама крем

Подготовка:

Целите јајца добро измешајте ги со миксер (5 до 8 минути би требало да е доволно). За тоа време, малку загрејте го кремот, но не на превисока температура за да не биде врел, истурете го во изматените јајца и добро промешајте.

Печката загрејте ја на 180 степени, а овој колач може да го печете во калапи за торта или калапи за мафини.

Печете околу 20 минути, оставете ги да се оладат и уживајте во десертот кој може да го украсите по желба.




Изменето од Valerija - 07.Март.2017 во 19:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5678>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.